build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Булевар Борис Трајковски (Првомајска)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Булевар Борис Трајковски (Првомајска)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1920212223>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1754
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #401 Posted: 19-Apr-2013 at 13:01
Незнам зашто ама од сликите ми изгледа како со 2 ленти а не 4 ...
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1428
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #402 Posted: 19-Apr-2013 at 13:47
Па технички кај бензинската се 3 ленти, па се преминува во 2 затоа така изгледа дека таму е сликано.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1428
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #403 Posted: 21-Apr-2013 at 21:26
Буквално цел ден се работеше денес на улицата (19:00+) значи за многу кратко време конечно ќе ја завршат.

Дали некој знае што би било следна фаза (без оглед на тоа за кога ја планираат)? Дали тоа би било до првиот влез на Охис или пак до семафорите кај Пинтија?
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
vlatko.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 17-Sep-2010
Online Status: Offline
Posts: 255
  Quote vlatko.mk Quote  Post ReplyReply #404 Posted: 22-Apr-2013 at 01:13
Во третата фаза (ако бидат 3 како што се најавуваше) би требало да се продолжи се до Драчево (макар што мислам дека ова нема да се случи во блиска иднина ...)

Edited by vlatko.mk - 22-Apr-2013 at 01:13
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 611
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #405 Posted: 22-Apr-2013 at 13:09
Технички гледано, мислам дека од одредена точка булеварот повеќе не се води како таков, бидејќи излегува од ГУП и се води како регионален пат, па тука треба да помогне и Агенцијата за државни патишта. Инаку, тие повеќе си сакаат на поситни делчиња, само погледнете ја Илинденска.
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1428
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #406 Posted: 22-Apr-2013 at 14:26
Не, нема теорија да оди цела фаза комплет до Драчево, тоа се околу 3.800 метри, премногу е.

Една фаза во речникот на градоначалникот е околу 600-1300 метри, барем според досегашното искуство (изминатите 4 години).

Па затоа гледам дека најлогично за следната фаза (пролет 2014 претпоставувам) би можела да биде оваа точка до самата улица десно која е на околу 960 метри, што е прифатлива должина.

Или пак до семафорите кај Пинтија кои се на 1.800 метри (сепак мислам дека ова е премногу)

Првата опција можеби е и подобра со оглед на тоа што сметам дека има далеку поприоритетни делници во Скопје одколку булевар до Драчево.

Edited by alexsend - 22-Apr-2013 at 14:29
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
vlatko.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 17-Sep-2010
Online Status: Offline
Posts: 255
  Quote vlatko.mk Quote  Post ReplyReply #407 Posted: 22-Apr-2013 at 23:02
Мислам дека во следниов период вниманието на оваа улица треба да се насочи кон 2 работи:
1. Решавање на тесното грло кај Лукоил
2. Подобрување на проточноста во шпицот - решавање на проблемот со паркирани возила долж трасата и ревизија на крстосниците односно семафорите

Делот кој е сеуште со 2-3 ленти


Edited by vlatko.mk - 22-Apr-2013 at 23:04
Back to Top
tonikostov View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Oct-2009
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 127
  Quote tonikostov Quote  Post ReplyReply #408 Posted: 25-Apr-2013 at 08:55
На неколку места на булеварот има некои решенија што мислам дека се релативно небезбедни.

На пример, во насока од Центар кон Драчево сртување во лево (исклучување од булеварот) кон улицата Петар Дељан. Семафорот покажува црвено светло. Дополнително зелено светло е вклучено за право. Не е ли небезбедно тоа што во левата лента возилата се застанати на семафорот, додека од десна страна (!) се претекнати од возила кои се движат со голема брзина во насока кон Драчево?



Идентична ситуација е и на семафорите кај поранешната фабрика Цветан Димов, во насока од Драчево кон Центар.

Ако има некој сообраќаен инженер, го молам да пише мислење за ваквите сообраќајни решенија. Нели треба (мора?) да има посебна лента за исклучување/вртење во лево, наместо да се собираат возила на лентата која води право? Проблематично е што на проточен/фреквентен булевар, во лента за право одеднаш има колона возила која не се движи.

Edited by tonikostov - 25-Apr-2013 at 09:18
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11798
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #409 Posted: 26-Apr-2013 at 00:10


Исто вакво решение има и на Илинденска, на само едно место (крстосницата кај бараките на Град Скопје, во правец кон центар).

Иако решението е практично и всушност многупати сум имал полза од него поминувајќи по Илинденска, и јас се прашувам околу безбедносниот аспект. Доколку е по некој интернационални стандарди, тогаш океј. Но не ми текнува да сум го видел применето некаде претходно или во друга држава, па оставам простор дека е нов  „изум“ на некој наш нестручен дебелоглавец, или можеби воопшто ненадлежен „сезнајко“ со власт. Во тој случај значи дека решението не е поткрепено со никаква суштинска анализа за безбедноста, па колку и да е практично, би било најдобро да се укине.

И јас би сакал да чујам мислење од компетентен сообраќаен инженер кој би ја расчистил дилемава.
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1754
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #410 Posted: 26-Apr-2013 at 00:50
Ако добро разбрав ,тогаш истото решение го има и на Теодосиј Гологанов.
Back to Top
tonikostov View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Oct-2009
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 127
  Quote tonikostov Quote  Post ReplyReply #411 Posted: 26-Apr-2013 at 08:28
Точно, го има и на Теодосиј Гологанов кога се исклучуваш кон цветен пазар.


Но, исклучувањето кон Капиштец (Гологанов-Рузвелтова) е добро решено, семафоризирана раскрсница со посебна сообраќајна лента:


Исклучувањето кон McDonald's е исто така добро решено со посебна сообраќајна лента (и повторно семафоризирана раскрсница):


Но, во близина на поранешна Алумина, повторно истото релативно небезбедно решение (особено поради тоа што се наоѓа на некои 150 метри по семафор...)


Како што можам да приметам, на Теодосиј Гологанов воглавно онаму каде што има семафор (освен првата ситуација), ставена е посебна лента за вртење кон лево. Онаму каде што нема семафор, од истата лента што води право е дозволено свртување во лево.

За разлика од ова решение, на Првомајска (Борис Трајковски) и онаму каде има поставено семафор (за жал, секаде има семафори кои за уште поголема жал не се синхронизирани во зелен бран) нема посебна лента за исклучување/вртење во лево. Според мене, ова е пропуст - едноставно не ми изгледа правилно.

Edited by tonikostov - 26-Apr-2013 at 08:29
Back to Top
vlatko.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 17-Sep-2010
Online Status: Offline
Posts: 255
  Quote vlatko.mk Quote  Post ReplyReply #412 Posted: 28-Apr-2013 at 02:26
Семафорите - оние новите кои се поставени при проширувањето се комплетно промашување - она што се доби со проширувањето се изгуби со нив и со паркираните возила по трасата.
Не разбирам која е логиката целиот булевар да биде сопиран и да се прават колони од неколку стотици метри (во штицот) за улички од кои излегуваат максумиум 2-3 автомобили или најчесто ниту еден. Од овој тип се семафорите кај фабриката Цвентан Димов и оние кај коњаникот.
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #413 Posted: 28-Apr-2013 at 11:14
Откако го пуштија во употреба, по булеварот имам возено десетици пати и тоа со вклучување преку бул. Србија, ул. Сава Ковачевиќ и ул. Народни Херои. Од каде и колку и брзо да возам, 3/4 од семафорите задолжително ги фаќам на црвено. Иако возењето по булеварот за мојата најчеста рута претставува најкраткиот пат, повеќе не возам по него, туку по ул. Димо Хаџи Димов. Кога се возам со такси, самите шофери ми предлагаат да одиме по оваа улица, а разговорот за нелогичноста на семафорите на бул. Првомајска е неизбежен и најчесто покренат од таксистите. Се потрошија 3,5 милиони евра за да се обезбеди подобар проток, а добивме дополнителен застој и фрустрации.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8765
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #414 Posted: 28-Apr-2013 at 11:48
Originally posted by OCB

Откако го пуштија во употреба, по булеварот имам возено десетици пати и тоа со вклучување преку бул. Србија, ул. Сава Ковачевиќ и ул. Народни Херои. Од каде и колку и брзо да возам, 3/4 од семафорите задолжително ги фаќам на црвено. Иако возењето по булеварот за мојата најчеста рута претставува најкраткиот пат, повеќе не возам по него, туку по ул. Димо Хаџи Димов. Кога се возам со такси, самите шофери ми предлагаат да одиме по оваа улица, а разговорот за нелогичноста на семафорите на бул. Првомајска е неизбежен и најчесто покренат од таксистите. Се потрошија 3,5 милиони евра за да се обезбеди подобар проток, а добивме дополнителен застој и фрустрации.


Го имам увидено овој проблем и сум размислувал како да се реши, но ако зелениот бран е наштелуван за возилата што се движат по Првомајска, тогаш природно се налетува на црвено ако човек се вклучува од Сава Ковачевиќ на пример. Конкретно секогаш се заглавува на семафорот кај „војводата на коњ“. Семафотор после него најчесто се проаѓа бидејќи десната летна е проточна.

Иако е проблем и иритира, не гледам како би се решил тука проблемот за сите да се задоволни.
Back to Top
tonikostov View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Oct-2009
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 127
  Quote tonikostov Quote  Post ReplyReply #415 Posted: 28-Apr-2013 at 20:14
од семафорот кај општината до семафорот кај коњаникот треба да возиш со максимум 40км на час за да избегнеш црвено светло на семафорот кај коњаникот.

обратно, тргнуваш на зелено од кај коњаникот и возиш 40 и нешто за да го фатиш семафорот кај општината на зелено.

ова по мене не е зален бран.

да не ја спомнувам глупата програма на семафорите кај коњаникот. Или е проточно во едната насока или во другата. Никогаш не се проточни двете насоки истовремено. Зошто? Па затоа што можеби ќе се погоди една или две коли што ќе свртат во лево кон Есенинова. Трагедии! Проекѕот е правен во канцеларија без било какво снимање на ситуацијата на терен.
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 611
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #416 Posted: 28-Apr-2013 at 20:20
За семафорите кај Алфа банка навистина немам коментар. Во уличката дали влегуваат/излегуваат 20 коли дневно, а времетраењето е мислиш се работи за проточна улица, на која има врвулица од сообраќај.
Back to Top
vlatko.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 17-Sep-2010
Online Status: Offline
Posts: 255
  Quote vlatko.mk Quote  Post ReplyReply #417 Posted: 29-Apr-2013 at 00:51
токму на тоа место можеби состојбата најубаво ќе се решеше со кружен тек наместо крстосница - и што е најважно пак ќе имаа простор каде да го постават коњаникот
Back to Top
vlatko.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 17-Sep-2010
Online Status: Offline
Posts: 255
  Quote vlatko.mk Quote  Post ReplyReply #418 Posted: 01-May-2013 at 19:28
Денес имав прилика да поминам и можам да кажам дека на прв поглед добро е завршена работата


01.05.2013, 15:09
Пуштена во употреба втората делница од „Борис Трајковски“

Завршија зафатите за реконструкцијата на втората фаза од булеварот „Борис Трајковски“ (бивша „Првомајска“) во општина Кисела Вода. Од денеска и официјално беше пуштен потегот од крстосницата со булеварот „Србија“ до влезот во поранешната фабрика „Стакларница“. Делницата е долга 1.126 метри, а проширувањето и реконструкцијата значеше и поставување нова атмосферска канализација, осветлување и тротоари.

„На новиот булевар од десната страна на коловозот е изграден тротоар покриен со бекатон плочки во ширина од 2 метри, а од левата страна на коловозот е изграден тротоар со велосипедска патека со ширина од 4 метри“, изјави градоначалникот Коце Трајановски на денешното пуштање на делот од „Борис Трајковски“.

Градските власти во ланскиот октомври официјално ја отвори за сообраќај првата дел, кој се градеше на потегот од Рампа до крстосницата со улицата „Народни херои“ во должина од 1.380 метри. Со проширувањето постојната тесна улица се трансформираше во булевар со четири коловозни ленти, широки по 3,5 метри. (Б.Ш.)
http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=2770A9DD7B1DE9438615E1994FEF68B7
Back to Top
Macedonicus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Google Maps: Regional Expert

Joined: 29-May-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 331
  Quote Macedonicus Quote  Post ReplyReply #419 Posted: 01-May-2013 at 22:17
Супер е направено, единствената забелешка ми е за семафорите.
ಠ_ಠ
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6555
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #420 Posted: 01-May-2013 at 22:18
????????????


Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1920212223>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.