build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Булевар Борис Трајковски (Првомајска)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Булевар Борис Трајковски (Првомајска)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 222324
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3910
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #461 Posted: 30-Nov-2017 at 20:55
Гледајте го знакот во последната слика хаха. Немам коментар, FAIL
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 886
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #462 Posted: 21-May-2020 at 20:07
Да потсетиме само дека на Првомајска не е изведен во полн профил делот помеѓу Gulf бензинската и раскрницата со булевар Србија непосредно пред стариот влез за цементарница Усје. Ама затоа од кога се правеше тој дел пред 15тина години до денес, за среќа земјиштето е експропреирано и нема потреба повеќе перални и вулканизери да го узурпираат државното земјиште на кое треба да има 4та лента. Шилегов исправија глупоста што уште од времето Пенов/Трифун навака се провлекува.






Edited by user8642 - 21-May-2020 at 20:08
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2495
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #463 Posted: 21-May-2020 at 20:19
Го откупиле тој дел? Одлично.
Преклани отворија и себе-перална таму, ама физички има простор за една уште лента. За годинава е најавено проширување на последниот сегмент, се надевам ќе им текне и на ова, ако не ќе се потрудам да ги потсетам...
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8878
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #464 Posted: 23-Feb-2021 at 13:39
ГРАД СКОПЈЕ ЌЕ ГО ПРОДОЛЖИ БУЛЕВАРОТ БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДО ДРАЧЕВО

Советот на Град Скопје денеска донесе Одлука за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на град Скопје за 2021 година, со која се предвидува продолжување со изградбата на булеварот Борис Трајковски до Драчево.
Станува збор за капитален инфраструктурен проект со кој ќе се продолжи булеварското решение на потег од влезот во населбата Пинтија до Драчево, во должина од над 2 километри. На овој потег оваа сообраќајница ќе се реконструира и прошири и ќе прерасне во модерен булевар со 4 сообраќајни ленти, пешачки и велосипедски патеки, модерно и енергетски-ефикасно јавно осветлување, како и дополнителна комунална инфраструктура.
Со изградбата на оваа фаза од булеварот Борис Трајковски, Скопје ќе добие уште една нова, модерна сообраќајница, што значително ќе ја зголеми безбедноста на сите учесници со сообраќајот, ќе се намали загадувањето и ќе се зголеми проточноста на сообраќајот во овој дел на градот.
Овој капитален проект особено ќе биде значаен за околу 70.000 граѓани од Кисела Вода, Драчево, Пинтија, Лисиче, Студеничани и околните населени места кои ќе можат побезбедно и полесно да патуваат, а голем бенефит ќе има и индустриската зона лоцирана во овој дел на градот.





https://www.facebook.com/CityofSkopje
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13428
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #465 Posted: 23-Feb-2021 at 13:57
Одлична вест, само како ќе се изведе тоа? И од фотографиите се гледа дека булеварот би стигнал до оградата на фирмите што се сместени во индустриската зона, што значи, ќе има ли место за тротоари за пешаци и за велопатека? Некако, се чини дека фирмите ќе си ги скратат дворовите „доброволно“ или со откуп на земјиштето од страна на градот.
За сè има вторпат
Back to Top
Macedonicus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Google Maps: Regional Expert

Joined: 29-May-2011
Location: Czech Republic
Online Status: Offline
Posts: 372
  Quote Macedonicus Quote  Post ReplyReply #466 Posted: 23-Feb-2021 at 14:47
Најверојатно ќе го стеснат коловозот, нека излезе документацијата па ќе видиме.
ಠ_ಠ
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4980
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #467 Posted: 23-Feb-2021 at 15:59
А има потреба од тротоари на патот? Колку што сфаќам, делот кој води до Драчево е пат, не е ни улица ни булевар.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13428
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #468 Posted: 23-Feb-2021 at 18:27
Па, штом овој проект го нарекуваат „продолжување“ на Бул. Б. Трајковски, тогаш мене логично ми е да исполнува барем минимум услови за булевар, што би значело и тротоари (во случајов, поради немање простор, веројатно ќе биде комбиниран за пешаци и за велосипеди).
За сè има вторпат
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1135
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #469 Posted: 23-Feb-2021 at 19:37
Да, делницата од раскрсницата со булевар Србија до Драчево е регионален пат 2134, но на таа делница веќе постојат булевари, така што тоа не е проблем. Проблем е тоа што го кажа Џоле, јасно се гледа дека место за тоа што го најавиле.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2495
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #470 Posted: 23-Feb-2021 at 20:30
Има доволно место за ширина од 20м (како веќе постоечкиот дел кај Охис), само 2-3 мали објекти ќе треба да се срушат на почетокот на трасата и по некое метро да се откупи.

Од тротоар и велосипедска има потреба и профилот кај Охис е доволен за тука, освен ако не урбанизира бившата фабрика.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7468
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #471 Posted: 23-Feb-2021 at 22:36
Originally posted by гитардемон

А има потреба од тротоари на патот? Колку што сфаќам, делот кој води до Драчево е пат, не е ни улица ни булевар.
од тротоари има потреба, ама дали има потреба од булевар?
делницава никогаш не сум ја видел да има гужви
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 222324

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.297 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.