build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

[Р-418] Струга - Дебар

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12018
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1 Topic: [Р-418] Струга - Дебар
    Posted: 25-Aug-2008 at 08:00
Патниот правец Р-418 се протега од Струга до Дебар, движејќи се од левата страна на Црн Дрим и уз двете вештачки езера - Глобочица и Дебарско Езеро.
Должината е 52km

Во Струшкиот регион воглавно поминува низ густо населени и изградени предели, така да неговото значење е особено големо за овој регион.



Edited by Cloverstack - 09-Aug-2009 at 21:43
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12018
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 31-Aug-2008 at 08:00
Патов е предвиден за реконструкција како дел од проектот за реконструкција на регионални и локални патишта, кредитиран од светската банка:

http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=22&PID=13108#13108

http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=22&PID=15241#15241






Edited by Cloverstack - 09-Aug-2009 at 19:55
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 26-May-2009 at 07:52
Реконструкција на регионалниот пат Струга – Дебар

Премиерот Никола Груевски денеска ќе присуствува на свеченоста по повод почетокот на реконструкцијата на регионалниот пат Струга – Дебар.

Свеченоста по повод почетокот на реконструкцијата на регионалниот пат Струга – Дебар кој е предвидена да започне во 11.30 часот, ќе се одржи во село Луково, информираа од владината прес служба.


http://netpress.com.mk/vest.asp?id=56394&kategorija=1
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 09-Aug-2009 at 15:34
Продолжение на оваа репортажа:
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=697&PID=44679#44679

Проблемите настануваат по Дебар, односно на патот Дебар-Струга. Имено добро е што патот е под тешка реконструкција. Навистина се работи (е сега незнам дали се работи за целосна реконструкција како претходно на патот Дебар-Маврово) или само пополнување на дупките. Како и да е, сигнализацијата е ужасна, односно ја нема! Освен тоа налетавме и на минирање па моравме да вртиме по некој заобиколен селски пат, по теренско возило на ЕВН. Јас стварно неможам да разберам како на влезовите на патот Маврово-Дебар и Дебар- Струга нема барем една табла која би информирала дека патот се затвара по неколку саати секој ден, од толку до толку часот. Целосната реконструкција на асфалтот е веќе завршена на некои делови, но останува да се смени/инсталира хоризонтална и вертикална сигнализација.










Edited by Cloverstack - 09-Aug-2009 at 19:50
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 09-Aug-2009 at 15:47
За да пристигнеме во Струшко Поле, каде што е како на друга планета. Владее неверојатен хаос. Особено во означувањето на патиштата. Државните знаци се несменети од кога се поставени. Општинските пак се нови, генерално безлични и не содржат никаква друга информација освен  името на населеното место и се двојазични, но прво на албански па после на македонски. Тоа е против уставно, неетички и казниво, доколку државата беше нормална. АРХИТЕКТУРАТА ПАК Е...Оценете сами:


















Edited by Andrej_LJ - 09-Aug-2009 at 15:48
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12018
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 19-Aug-2009 at 05:15
Од Велешта кон Дебар, кон крајот на Јули:


1


2


3


4
Во овој дел се редеа рабници, а понатака се менуваше и асфалтот


5
Глобочичко Езеро


6


7


8


9


10


11
После оваа фотка имаше работи на патот и имаше избор да се чека 2-3 саати по најголемата жештина или да се кружи по локални патчиња што ги поврзуваат планинските селца. Го избрав второто. Сигнализацијата може да претпоставите дека е непостоечка, па мора да се прашува кога ќе се наиде на некого. Кружењето беше околу пола час.


12
Еве го спуштањето од Луково и повторно приклучување на Р-418


13


14


15


16


17


18


19


20


21


22


23


24


25
Дебар и Дебарско Езеро


26



Edited by Cloverstack - 19-Aug-2009 at 05:17
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 08-Sep-2010 at 17:58
Денеска беше пуштен во употреба реконструираниот пат Струга-Дебар Р-418.


МИА фото
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12018
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 18-Sep-2010 at 15:16

Еве ја и владината објава од тогаш:

Премиерот Груевски ја предаде во употреба реконструираната делница на регионалниот пат Струга-Дебар

Охрид, 8 септември


Премиерот Никола Груевски денеска во струшкото село Луково ја предаде во употреба реконструираната регионална патна делница Струга - Дебар, во должина од 24,2 километри.


- За реконструкција на овој пат Владата инвестираше четири милиони евра. Се работи за негова темелна реконструкција, оттаму што патот беше целосно руиниран и со проблематичен статус од аспект на безбедноста. Она што го започнавме на почетокот на 2009 година, кога многумина се сомневаа дали го правиме колку да покажеме нешто пред изборите, денеска со задоволство го завршуваме во зацртаните рокови, рече премиерот Груевски.

 

Тој најави дека следната пролет ќе почне реконструкцијата на преостанатите 26 километри од оваа патна делница, за што ќе бидат издвоени средства во износ од повеќе од четири милиони евра.


Директорката на Агенцијата за државни патишта, Наташа Валкановска, посочувајќи ја квалитетната патна инфраструктура како важен сегмент во развојот на економијата, во насока на олеснување на транспортната комуникација, но и за подобрување на безбедноста во одвивањето на сообраќајот, истакна дека преку владиниот Проект за реконструкција и рехабилитација на регионални и локални патишта се обезбедени дополнителни 25 милиони евра за реконструкција на регионални патишта, активности што ќе почнат во наредната градежна сезона.


Таа додаде дека за развој на локалната патна инфраструктура во општините Дебар и Струга Владата има издвоено 300 илјади односно 900 илјади евра соодветно, за подобрување на вкупно девет патни правци, и тоа два во рамки на општина Дебар и седум на територија на општина Струга. 

http://vlada.mk/?q=node/5821


Edited by Cloverstack - 18-Sep-2010 at 15:17
Back to Top
Supreme View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 06-Dec-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Supreme Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 06-Dec-2011 at 13:29
Струга Дебар е 56км, а реконстрирани беа едвај 20. Нека не лажат дека Струга Дебар е реконструиран, уште ти се потребни 60мин за да поминеш толку мала релација
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1072
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 06-Dec-2011 at 13:51
Originally posted by Supreme

Струга Дебар е 56км, а реконстрирани беа едвај 20. Нека не лажат дека Струга Дебар е реконструиран, уште ти се потребни 60мин за да поминеш толку мала релација


Во 2010 имало информација дека останатиот дел од патот ќе бил реконструиран следната пролет, значи пролетта 2011.Ама ништо од таа работа, пред некој ден го поминав патов и само тие 20-тина км се останати со нов асфалт.Делот накај Струга е уште катастрофа.Стариот мој неколку месеци е на работа во Дебар (патување скоро секој ден) и веќе менувавме нешто на колата   
Back to Top
MGS View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 10-May-2011
Location: Охрид,МКД
Online Status: Offline
Posts: 296
  Quote MGS Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 06-Dec-2011 at 15:30
Не го разбирам ова половично завршување на работите.
Back to Top
Supreme View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 06-Dec-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Supreme Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 06-Dec-2011 at 18:23
Originally posted by Тркало

Originally posted by Supreme

Струга Дебар е 56км, а реконстрирани беа едвај 20. Нека не лажат дека Струга Дебар е реконструиран, уште ти се потребни 60мин за да поминеш толку мала релација


Во 2010 имало информација дека останатиот дел од патот ќе бил реконструиран следната пролет, значи пролетта 2011.Ама ништо од таа работа, пред некој ден го поминав патов и само тие 20-тина км се останати со нов асфалт.Делот накај Струга е уште катастрофа.Стариот мој неколку месеци е на работа во Дебар (патување скоро секој ден) и веќе менувавме нешто на колата   


Мене ми кажуваш? Скинав гума лани летото пред луково од Дебар накај Струга кога одев
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1072
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 06-Dec-2011 at 20:13
Originally posted by Supreme

Originally posted by Тркало

Originally posted by Supreme

Струга Дебар е 56км, а реконстрирани беа едвај 20. Нека не лажат дека Струга Дебар е реконструиран, уште ти се потребни 60мин за да поминеш толку мала релација


Во 2010 имало информација дека останатиот дел од патот ќе бил реконструиран следната пролет, значи пролетта 2011.Ама ништо од таа работа, пред некој ден го поминав патов и само тие 20-тина км се останати со нов асфалт.Делот накај Струга е уште катастрофа.Стариот мој неколку месеци е на работа во Дебар (патување скоро секој ден) и веќе менувавме нешто на колата   


Мене ми кажуваш? Скинав гума лани летото пред луково од Дебар накај Струга кога одев

Се разбираме...
Предните амортизери и двата зглоба.Од одбиен камен предниот фар...Добра реконструкција
А дупната гума на Охрид - Св. Наум ко го ископаја мај - јуни годинава.

Само се мислам каква е опцијата за тужба на Македонија Пат или не знам точно кого?И од друга страна, ако почнат сите така кај ќе им е крајот ...
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1072
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 19-Feb-2012 at 16:55
Ова е редовен случај на делот Струга - Дебар, имаше веќе 2 помали лавини зимава


Лавина затрупа дел од патот Дебар – Струга
    
Лаавина затрупа дел од патот Струга - Дебар кај месноста Три Чешми, три километри пред централата Глобочица, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување. Лавината затрупала десетина метри од патот Дебар – Струга, поради што сообраќајот на овој патен правец е во прекинат.

За рсчистување на лавината ќе се ангажира градежна машина која работи на патниот правец село Модрич-село Дренок.

Како што информираат од АМСМ, на сите магистрални и регионални патни правци низ државата сообраќајот се одвива тековно во зимски услови. На повисоките места и планинските премини наместа со остатоци од снег. Забрани за тешки товарни возила покрај напатниот правец Дебар - Струга има и на патниот правец Тетово – Попова Шапка.

OhridNews

19.02.2012 15:53 Прочитана е : 196 пати

© 2012 Ohridnews.com
Back to Top
Aleksf View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 30-May-2012
Location: Helsinki
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Aleksf Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 09-Jun-2012 at 11:13
Slusam deka sega povtorno pocnala nekoja rekonstrukcija na patot Struga-Debar.
Сите пчели да носеа мед, медот ќе беше бадијала
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 15-Jul-2012 at 09:39
Има ли некој свежи фотографии од реконструкцијата на овој патен правец?

Последното владино ветување е дека ќе биде финиширан до ноември, што би значело дека во моментов се работи на него.
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1072
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 15-Jul-2012 at 12:16
Originally posted by BOJAN

Има ли некој свежи фотографии од реконструкцијата на овој патен правец? Последното владино ветување е дека ќе биде финиширан до ноември, што би значело дека во моментов се работи на него.




Ништо не работат.Пред десетина дена барем не работеа.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 18-Jul-2012 at 11:09
Originally posted by Тркало

Originally posted by BOJAN

Има ли некој свежи фотографии од реконструкцијата на овој патен правец? Последното владино ветување е дека ќе биде финиширан до ноември, што би значело дека во моментов се работи на него.




Ништо не работат.Пред десетина дена барем не работеа.


Тркало, можеш ли да опишеш отприлика до каде е стигната реконструкцијата на патот? Колку километри треба уште да се дозавршат, се разбира како неофицијална бројка.
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1072
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 18-Jul-2012 at 17:33
Originally posted by BOJAN


Originally posted by Тркало

Originally posted by BOJAN

Има ли некој свежи фотографии од реконструкцијата на овој патен правец? Последното владино ветување е дека ќе биде финиширан до ноември, што би значело дека во моментов се работи на него.




Ништо не работат.Пред десетина дена барем не работеа.
Тркало, можеш ли да опишеш отприлика до каде е стигната реконструкцијата на патот? Колку километри треба уште да се дозавршат, се разбира како неофицијална бројка.


Од страната на Струга буквално ништо не е чепнато, барем до браната Глобочица т.е. делот кој си беше нереконструиран.Значи зборувам за пред 10-15 дена информации.
Back to Top
MGS View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 10-May-2011
Location: Охрид,МКД
Online Status: Offline
Posts: 296
  Quote MGS Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 24-Sep-2012 at 10:59
Само да известам дека патниот правец Струга(од кај семафорите на влезот)-Вевчани(до свртувањето) е со нов асфалт.Дали е продолжено со асфалтирање и за патот накај Дебар не знам.Патот беше во многу лоша состојба.
Убаво што им текна да го средат.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.