build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Урбано дивјаштво

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 13>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19684
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Урбано дивјаштво
    Posted: 05-Mar-2024 at 18:08
Во Мичурин,зградата на Глиц некој пред извесно време си направил прозор на 6-тиот кат односно поткровјето





Carpe diem
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2019
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 13-May-2021 at 11:15
Ја искористив сликава од еден друг пост на КириОК (http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=52&PID=254653#254653).

Што праиме со гаражава што си ја направил некој своеволно на сред паркинг и тоа лепенка на трасформатор? И ова ли ќе го легализираме.

Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 08-May-2021 at 23:44
Originally posted by user8642


Ова наметнува едно друго прашање. Дали за објекти во кои урбаниситчки е предвидено да има пасажи, дали градот добива имотен лист за тој пасаж како посебна стамбена единица за да може утре у вакви ситуации да се повика на тој сопствен имот. Или и овој пат поради законски непредвидени кривини, сега всушност пасажот е имотна сопственост на сопственикот на зградата и реално институциите ништо не му можат??

немаше да имаш вакво прашање доколку на некој не му текна во минатото да го прошири пасажот со столбови поради новата фасада... упорно крпиме поради хирови на минати власти од кои излегуваат нови проблеми

инаку, да ти одговорам на прашањето, не сопственикот на локалот нема сопственост врз тој простор (исто како и со сите летни тераси на локали), не е тоа кривина и дупка во законот, туку игнорирање на истиот од страна на тие што треба да го спроведуваат тоа... тоа е исто ко на нечија куќа дворот да го прошират на улица
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2019
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 08-May-2021 at 12:18
Урбано дивјаштво во центар на Скопје, на плоштад! Мајмунот си го преградил пасажот кој е урбаниситчки предвиден, испроектиран, и изведен.

Ова наметнува едно друго прашање. Дали за објекти во кои урбаниситчки е предвидено да има пасажи, дали градот добива имотен лист за тој пасаж како посебна стамбена единица за да може утре у вакви ситуации да се повика на тој сопствен имот. Или и овој пат поради законски непредвидени кривини, сега всушност пасажот е имотна сопственост на сопственикот на зградата и реално институциите ништо не му можат??





Сликите се од твитер:
https://twitter.com/StariotSoSpirit/status/1390673873977454593
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19684
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 16-Jun-2020 at 11:11
Во Мичурин,клима уредите доста го нагрдуваат објектов кој патем нема паркинг се сведува на паркирање на партер

Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 25-May-2020 at 21:43
како да го смениме менталитетот на народот?
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 25-May-2020 at 21:38
Надополнувајќи и модификувајќи ја договорната теорија, мислам дека можеме да разликуваме четири вида држави:

1. Држави кои со договор се стремат кон општ развој на индивидуата, а со тоа и колективитетот (пр. Австралија) - прогресивно индивидуалистички тип;
2. Држави кои со договор се стремат кон општ развој на колективитетот, а со тоа и индивидуата (пр. Јапонија) - прогресивно колективистички тип;
3. Држави кои без договор се стремат кон ситна корист за индивидуата, а на штета на општиот развој на индивидуата и колективитетот (пр. Македонија) - регресивно индивидуалистички тип;
4. Држави кои без договор се стремат кон ситна корист за колективитетот, а на штета на општиот развој на колективитетот и индивидуата (пр. Кина) - регресивно колективистички тип.

Македонија, како држава со функционално неписмено население и отсуство на долгорочни стратегии, веќе 30 години оди надолу, со ретки светли моменти. Мнозинството жители се заинтересирани само за остварување мала и краткотрајна лична корист, а на огромна штета на заедницата, но и на самите себеси. Нема размислување за причинско-последични врски, за другиот, нема грижа за иднината и идните поколенија. Само што побрзо да се извлече некоја бедна корист. Такви ни се и најголемиот број политичари.

Мора од корен да се промени менталитетот и да се стремиме кон градење држава која се стреми кон општ развој на индивидуата, како супериорен метод на прогрес.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 25-May-2020 at 21:21
мислам дека во контекст на протестите, главни причинитиели се следните:
- населението не е доволно информирано за градежните активности низ градот, а кога е, тогаш информацијата е напукана со политичка пропаганда
- населението нема увид во тоа кој е инвеститор и што се гради на локацијата, дури и при локални и владини инвестиции и проекти, е крајно збунето и дезинформирано (не ме сфаќајте погрешно, ама оваа каша-попара најмногу настан при владеењеето на претходната партија, каде се изгуби осет за институции и нивна надлежност и се беше под капа на една група
- менталитетот на населението е крајно индивидуален и не се мисли на општото добро, не се мисли ни на идните генерации, а приосечниот граѓанин сеуште нема општа урбана култура
- навикнати сме да живееме во хаос и да го заобиколуваме, долгогодишна традиција на безредие и мозокот ни е испран од негирање на урбано дивеење
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 25-May-2020 at 14:42
Како успеавме да стигнеме до овде и како да се ослободиме од непријателот?
Кога тогаш ќе пукне хаосов и ќе мора нешто да се стори. Ваква ситуација е неодржлива на долг рок.
Градов три децении систематски е уништуван за профит, а што е најстрашно нема масовни протести против тоа. Досега требаше 100 институции да паднат.














Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2019
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 22-May-2020 at 22:51


Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2019
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 22-May-2020 at 22:14

Свежо бетонираниот крак на улицата „Стамен Манов“ – моментално уништен

May 22, 2020









Кракот од улицата „Стамен Манов“ во Ромското Маало во Кочани, кој денеска беше бетониран, моментално е уништен. Жители на улицата, додека бил свеж бетонот, си земале од него и го распоредувале по сопствена волја. Очевидци го пријавиле делото кај надлежните служби, а претставници на Одделението за внатрешни работи и на компанијата изведувач веќе биле на увид.

– И покрај сите заложби да обезбедиме пристојна инфраструктура, неодговорни граѓани го уништуваат направеното. Навистина жалиме што со вакви пречки во реализацијата на проектите често се соочуваме. Уништувањето на патната инфраструктура значи уништување на јавното добро и е казниво со закон – соопшто Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.

Општина Кочани преку шемата за мали грантови финансирана од Европска Унија и Советот на Европа – РОМАКТЕД програмата „Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво“ обезбеди грант за реализација на проектот Реконструкција на два крака на улицата „Стамен Манов“, со кој е предвидено бетонирање на два крака коишто ги поврзуваат улицата „Стамен Манов“ со м.в. Колерски гробишта, во вкупна должина од 255 м и ширина од 3,5 м. За имплементација на овој проект се потпиша договор помеѓу Советот на Европа и Општина Кочани, а Советот на Општина Кочани донесе одлука за сопствено учество – кофинансирање на проектот.


http://kocani.gov.mk/%D1%81%D0%B2%D0%B5%D0%B6%D0%BE-%D0%B1%D0%B5%D1%82%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D0%BA%D1%80%D0%B0%D0%BA-%D0%BD%D0%B0-%D1%83%D0%BB%D0%B8%D1%86%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D1%81/
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 21-May-2018 at 18:19
Во градов владее лудило! Искомплексирани политичарчиња и новопечени богаташчиња непрестано го уништуваат градов, го окупираат секој слободен простор за да издигнат грдосии кои служат само за нивен профит, а луѓето кои живеат во градов го третираат како депонија - од 1991 до денес, а особено за време на режимот #Жин, кој дефинитивно го мразеше Скопје.
Скопје низ историјата преживеало многу поголеми катастрофи, па така ќе ја преживее и транзицијата. Се надевам дека на истите тие непријатели кои во моментов го уништуваат, ќе им врати. Скопјани треба да се погрижат што поскоро лудилото да запре, а последиците од истото да се санираат.

За рушењето на „Беко“ – од авторот арх. Мимоза Томиќ Несторова

„Пред се би сакала да се заблагодарам на МАРХ за интересот да го чујат мојот коментар и став.

Повод не е изградба, достигнување во архитектурата, туку рушење. Имено, за оваа информација не се зборува ниту во печатот, ниту во медиумите, не се јавија со коментар ниту Сојузот на архитекти, Комора на архитекти, Архитектонски факултет, Министерство за култура, Завод за заштита на споменици, општината, туку индиректно следам тажни фотографии, реакции, коментари од колеги и граѓани за постепеното но макотрпно рушење на објектот Стоковна куќа “Скопјанка”, (поранешно БЕКО). Не сум член на Фејсбук, а тоа стана единствениот начин за изразување став и коментар.

Заводот за заштита на споменици заштити објекти кои е прашање дали го заслужуваат тоа, а не заштити други вредни објекти или им ја симна заштита. Поготово не заштити ниеден објект од архитектурата на Модерната. Министерството за култура мора да постави стручни комисии кои сериозно треба да го сватат проблемот, одговорноста е секако и нејзина. Архитектурата е комплексна уметност и наука. Вклучува познавања од естетиката, математиката, физиката, философијата, но секој архитект проектирајќи, вклучува голем дел од своите емоции, дел од себе си. Во последните 15 тина години се случија многу повреди на авторските права на архитектите, се скрнавеа објекти, се преоблекуваа и се рушат. Се прашував разочарано дали има смисол воопшто да реагирам. Тажно е: -Дали само протест би бил начин на решавање на овие проблеми во една добро организирана држава со правила и поставени прописи?

Првите купци на поранешната Стоковна куќа Беко, го почитуваа правилото, стручна консултација со главниот проектант за евентуалните измени. Понатаму, другите власници, ниту ги знам ниту е моја обврска да ги знам, но секако е нивна обврска да бараат дозвола за преправки во авторски архитектонски проект, а секако и дозвола за рушење.

Читам деновиве дека во Америка, Германија се рушат објекти за да се градат нови. Па ете и ние го следиме трендот?? Но, големо прашање на една земја (поготово Македонија која нема висок стандард) е: – Колку чини рушењето на една наследена, солидно градена, адаптабилна конструкција како основно средство, која може да се искористи креативно?

Богати финансиски моќници си дозволуваат луксуз на рушење, а воопшто патриотски не делува деструктивниот став кој ни стана начин на размислување. Исплатливоста на рушење на ваков габарит како овој објект, веројатно е утростручување на површината и габаритот. Тоа е навистина непознато. Но каде ова води? Каков град сакаме?

Скапо не чини немањето слух за почитување на претходните вредности. Сето тоа е историја на еден град. Цивилизациски е да ги почитуваме, сочуваме и да ги негуваме наследените вредности на градот.

п.с. Не е јасно, а ме интересира мене како архитект а и пошироката јавност, што е испланирано да се гради на ова место? По кој урбанистички план се гради, имено на местото нема информација ниту табла, а се знае дека Општина Центар најави мораториум за градба, но по се изгледа се почитува и спроведува селективно.

http://marh.mk/za-rushenjeto-na-beko-mimoza-tomikj/
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 01-Mar-2018 at 19:54
Уште едно ѓубре изградено сред зеленило, овој пат во Кисела Вода.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 01-Mar-2018 at 19:53
Нека се множат!
Кога-тогаш, градот ќе се ослободи од гнасотиите насобрани во последниве 27 години.

Стопирана изградба на два објекта на Ѕинго во Карпош

Општина Карпош донесе одлука за времен прекин на постапката за издавање на одобрение за градба за локација во населбата Тафталиџе 1. Станува збор за објектот на стариот дом на култура кој се наоѓа во непосредна близана на ОУ „Јан Амос Коменски“.


Како што објаснија општинските власти, сопственик на овој простор е Социјалистичка партија на Македонија која се јавува и како инвеститор заедно со фирмата „Гренадер ДООЕЛ Скопје“. На овој простор, според ДУП-от донесен на Бадник 2016 година, е предвидено да се гради станбен објект со седум ката со висина од 21,7 метри и лепенка хотел приземје и пет ката.

Пред промена на Деталниот план, тука требало да се гради објект со намена култура, со вкупна висина од 12 метри. За оваа парцела инвеститорот веќе уплатил комуналии, но Јавното обвинителство почнало предистражна постапка и побарало од општината да му ја достави комплетната документација.

– Конечно, денеска Општината ја донела одлуката за запирање на одобрението за градба, согласно член 95 од Законот за општа управна постапка – рече градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев.

Тој објасни дека одобрението за градба мора да биде стопирано затоа што се води предистражна постапка за таа локација. Богоев рече дека нема никакви информации околу тоа што точно испитува ЈО.

Општина Карпош на 22.02.2018 доставила барање до инвеститоритите и побарале жиро сметка за да им ги вратат парите за уплатените комуналии, но инвеститорот не се согласил со тоа, туку барал да продолжи постапката за издавање на одобрение за градење.

Анета Стојковска

http://plusinfo.mk/%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%BF%D0%B8%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B0-%D0%B8%D0%B7%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%B1%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%B4%D0%B2%D0%B0-%D0%BE%D0%B1%D1%98%D0%B5%D0%BA%D1%82%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D1%95/


Ќе ја реши ли Уставен суд големата ујдурма на Стевчо Јакимовски за ДУП -от на Тафталиџе 1 ?

Поранешниот градоначалник Стевчо Јакимовски кога го кроеше Деталниот урбанистички план за Тафталиџе 1 и Карпош 4 им ветуваше на скопјани дека ниту една педа зеленило нема да им биде одземена. Јакимовски ветуваше и ги прелажа скопјани. Во ДУП – от има само бетон, измами и манипулации – револтирани се граѓаните кои тврдат дека поранешниот градоначалник им сокрил што велат експертите за влијанието на Деталниот урбанистички план на животната средина во Тафталиџе 1, а планот заврши на Уставен суд. Скопјани во скоро очекуваат правилна и праведна одлука од уставните судии.

Бетон, измами и манипулации

Кога Советот на општина Карпош пред две години по директива на поранешниот градоначалник Стевчо Јакимовски и во отсуство на советниците од опозицијата, ден пред Бадник, ги донесе деталните урбанистички планови за скопските населби Карпош 3 и Тафталиџе 1, јасно беше дека во позадина е скроена голема ујдурма. И тоа против граѓаните кои водеа битка за животната средина и за зачувување на зелениот појас кој беше под закана на огромните зданија планирани во скришно донесениот ДУП. После Бадник пукна бруката дека советниците од тогашното владејачко мнозинство диригирани од Јакимовски, кренале два прста за деталните урбанистички планови за Карпош 3 и Тафталиџе 1, а револтираните граѓани рекоа дека ќе ја истуркаат вистината и правдата на виделина. Граѓанските иницијативи „Ние сме Карпош 4“ и „Зелено Тафталиџе“ по ваквата одлука неколкупати организираа протести и маршеви во општината и бараа да престане „бетонизацијата“ на Карпош, а неодамна добија и нова надеж од Уставниот суд кој прифати да расправа за законитоста на ДУП – от за Тафталиџе 1, иницијатива поттикната токму од граѓаните.

Градежните моќници одамна ја меркаа „Градска четврт З 06“

Владимир Кировски, советник во Општината Карпош, за Плусинфо сведочи како, советниците од тогашното мнозинство го донеле Деталниот урбанистички план кој сега е во фиоките на Уставниот суд. Тој како член на Комисијата за урбанизам изразува сомневање дека тајмингот на донесување на двата ДУП-а, ден пред Бадник, без медиумска покриеност бил специјално одбран за да се избегне реакцијата на засегнатите граѓани. Тој тврди дека двата исклучително важни урбанистички планови биле ставени на дневен ред во последен момент, непосредно пред седницата на Советот. Тој и неговите колеги неможеле да ги разгледаат приложените материјали, ниту да дозволат да одлучуваат спротивно на интересите на граѓаните, па донеле одлука да ја напуштат седницата на Советот.

– Како советници од советничката група на опозицијата, тогаш бевме оневозможени да ги разгледаме материјалите, ниту после тоа, согласно разгледаните материјали да реагираме, да разговараме со засегнатите граѓани кои изразија забелешки во анкетните листови, а со тоа и да навлеземе во материјална расправа во рамки на дискусијата што би се отворила на самата седница – вели Кировски и се присетува дека тогашното мнозинство ги игнорирало забелешките на советниците дека материјалите требало да им ги достават најмалку една недела пред одржувањето на седницата.

Откако си заминала опозицијата, поранешниот градоначалник Стевчо Јакимовски и неговите советници во брзањето пред празникот Бадник да го донесат ДУП – от за Тафталиџе 1, додека жителите на Карпош славеле на бадникарските огнови, направиле превид, или намерно за да спречат реакција на засегнатите граѓани јавно не ја објавиле Стратегиската оцена за влијанието на спорниот ДУП – от на животната средина. Тоа подоцна било откриено од жители на општината Тафталиџе кои поднесоа иницијатива до Уставниот суд со која побараа уставните судии да ја оценат законитоста на ДУП – от за Градска четврт „ З 06“. Овој план го опфаќа просторот помеѓу булеварот „Партизански одреди“, улицата „Московска“, булеварот „Македонија“ и булеварот „8 септември“. За овој простор уште во времето голем интерес покажуваа градежни моќници кои подоцна успеаја, како што тврдат граѓаните, заедно со Стевчо Јакимовски да скројат градежни маркици, кои ниту една локална власт што води сметка за урбанистичкиот простор, но и за барањето на жителите не би ги дозволила. На овој простор, како што е познато според ДУП-от донесен на Бадник пред две години, е предвидено да се гради станбен објект со седум ката со висина од 21,7 метри и лепенка хотел приземје и пет ката. Во кројката на оваа градежна маркица учествувал и Љубисав Иванов Ѕинго.

Како што објавивме претходно, општина Карпош донесе одлука за времен прекин на постапката за издавање на одобрение за градба за локација во населбата Тафталиџе 1. Станува збор за објектот на стариот дом на култура кој се наоѓа во непосредна близана на ОУ „Јан Амос Коменски“. Според општинските власти, сопственик на овој простор е Социјалистичка партија на Македонија која се јавува и како инвеститор заедно со фирмата „Гренадер ДООЕЛ Скопје“. Тука, според ДУП-от е предвидено да се гради седумкатница и хотел.

Се крои ли уште една ујдурма?

Дека Уставниот суд донел решение за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за донесување Детален урбанистички план за Градска четврт „3 06“ потврдува Оливера Филиповска, портпаролка на Уставниот суд и додава дека таа иницијатива ќе биде ставена на разгледување на некоја од наредните седници. На сајтот на Уставниот суд оваа одлука стои во форма на Нацрт. На седницата на судот на која се расправало за други одлуки што биле во истата фаза во која е и одлуката за спорниот урбанистички план, не било поведено расправа, што, кај граѓаните од Тафталиџе и од Карпош буди сомнеж дека можеби и Уставниот суд се токми за некаква ујдурма и за одолковлекување на постапката за оценување на граѓанската иницијатива.

-Кога за еден предмет има донесено нацрт – одлука, тоа значи дека предметот се наоѓа во втора фаза и секако дека ќе биде ставен на дневен ред пред уставните судии. Штом еден предмет ќе влезе во судот и ќе дојде до фазата во која сега е граѓанската инцијатива за оценување на уставноста и законитоста на ДУП за Градска четврт З 06 , Општина Карпош, тогаш е јасно дека ќе има исход за предметот – уверува Филиповска.

Во образложението на Уставниот суд стои дека Општина Карпош, при изготвувањето на оспорениот детален урбанистички план не ги почитувала наведените уставни и законски одредби. Направен бил пропуст во постапката за донесување на наведениот ДУП, вели Уставниот суд, на начин што Одлуката за неспроведување на Стратегиска оцена за влијание на животната средина и формуларот не била објавена на веб-страната на Општина Карпош, што била обврска предвидена со Законот за животната средина.

-Со необјавувањето на Одлуката за неспроведување на Стратегиска оцена за влијание на животната средина, на подносителите им било оневозможено правото на жалба по таа одлука кое им припаѓало според член 65 став 11 од Законот за животната средина. Поради наведеното, се предлага Уставниот суд да поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на оспорената одлука и истата да ја поништи – се вели во образложението на Уставниот суд.

Уставниот суд, претходно на 20 декември 2017 година побарал од Општината Карпош дополнителни информации во врска со иницијативата на граѓаните од каде што им биле образложени сите детали за постапката според која бил донесен спорниот урбанистички план. Во Општината Карпош велат дека на Уставниот суд му одговориле на 29 јануари и дека после два дена на 31 јануари по седница на Уставниот суд на сајтот на оваа институција излегла информација дека има Нацрт одлука на Уставниот суд за иницијативата на граѓаните. После тоа општинските власти не добиле информации кога ќе се разгледува иницијативата, иако на 16 февруари побарале од Уставниот суд, информација во која фаза е предметот за спорниот ДУП.

Локалните власти велат дека во Општината Карпош граѓани секојдневно поднесуваат барања за одобрение за градење, како и други постапки кои не трпат одложувања, а се поврзани со ДУП – от за кој Уставниот суд ја прифати граѓанската иницијатива да ја оценува неговата закониотост.

Неизвесност ги мачи и инвеститорите – никој не знае што ќе биде ако на Уставен суд падне ДУП – от за Тафталиџе 1 , но и што ќе се случува и со Деталниот урбанистички план за Карпош 3 кој исто така беше донесен преку ноќ пред две години на Бадник.

Скопјани, пак, ќе се кренат

Долга и неуморна беше битката на скопјани против уништувањето на зеленилото во Тафталиџе 1. Жителите на Карпош 4 совреме му доставија и петиција на тогашниот градоначалник Стевчо Јакимовски. И тогаш бараа измени на Деталниот урбанистички план. Од Заедницата на станари Вич 24 порачуваа и преку протести и преку социјалните мрежи:

„Сите до еден сме против измените на ДУП-от, и нема да ви дозволиме да ни го уништите зеленилото и дрвјата, во замена за паркинзи, станбени згради и деловни простори“…..

Граѓаните добиваа подршка и од зелените. Партијата ДОМ се приклучи на барањето за повлекување на ДУП – от.

„Граѓаните се со право револтирани од објавениот предлог за ДУП. Секој лаик може да види дека е предвидено уништување на сите, ама буквално на сите паркови и игралишта“, апелираа од Демократската обнова на Македонија.

После сиот гнев и револт граѓаните го натераа Јакимовски да изјави дека нема да се градат паркинзи и објекти во зеленилото во населбата Карпош 4.

„Нема да биде ниту една педа зеленило одземено на граѓаните од овој дел на општината. Планот е законски и прописно направен според стандардите, и нема да има никаков проблем за граѓаните“, ветуваше Јакимовски, а од граѓаните ја сокри Стратегијата за влијанието на бетонските зданија на животот во Тафталиџе 1.

Јакимовски вети и ги прелажа скопјани. Во ДУП – от има само бетон, измами и манипулации – револтирани се граѓаните кои очекуваат правилна и праведна одлука на Уставниот суд.

http://plusinfo.mk/%D1%9C%D0%B5-%D1%98%D0%B0-%D1%80%D0%B5%D1%88%D0%B8-%D0%BB%D0%B8-%D1%83%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%B5%D0%BD-%D1%81%D1%83%D0%B4-%D0%B3%D0%BE%D0%BB%D0%B5%D0%BC%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D1%83%D1%98%D0%B4%D1%83/
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
pablo View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 26-Feb-2018
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote pablo Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 26-Feb-2018 at 15:39
Дали треба да се побараат дозволи (и од која институција) доколку сакам да поставам стакло на оградата како не би летнало кучето низ решетките од оградата на терасата?

Или уште подобро, да поставам лизгачко стакло од доле до горе како би можел по потреба да го затворам и спречам врнежи од дожд, снег итн? Не мислам на класични алу/пласт профили, туку буквално само стаклени лизгачки крила кои практично и нема да го нарушат изгледот на зградата.

Ви благодарам за информациите однапред.
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2599
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 05-May-2017 at 01:51
Сигурно и за ова не е надлежен Жерновски, иначе ќе видеа они убаво.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15039
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 04-May-2017 at 16:18
Скопје, плоштад Јадран, надградба на зграда

За сè има вторпат
Back to Top
kliment View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 18-Sep-2012
Online Status: Offline
Posts: 55
  Quote kliment Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 11-May-2016 at 14:49
Да знаете само колку вакви староградски куќи со убави дворови се упропастени во западна Македонија. Никнаа ужасни згради без паркинг и без двор. Но очигледно не било случај само во западна Македонија.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 11-May-2016 at 14:15
Абе спречете ги луѓево, кажете им дека е ова ко да си играат со неексплодирана бомба од Втора светска војна.
Back to Top
JovanOdGjorche View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 512
  Quote JovanOdGjorche Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 11-May-2016 at 12:00
Хаха, знаете во Куманово ваквите објекти ги чекаат сами да паднат за да можат да градат згради на тоа место, овие изгледа им се брзало. Сега фали уште класично црвено-лимско поткровје и бомбона ќе биде објектов.
And something, somewhere was lost in 1938...
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 13>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.191 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.