build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Урбано дивјаштво

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 12>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8788
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Урбано дивјаштво
    Posted: 15-Oct-2007 at 22:20

Бидејќи ова не спаѓа во урбана мафија а не ми текнува соодветно име нека иде вака за сега

 
 
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8788
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 15-Oct-2007 at 22:20

СТАНАРИТЕ НА "ДАМЕ ГРУЕВ" СЕ ЖАЛАТ:


Дивоградби никнуваат пред очите на Аларова


Во строгиот центар на градов, во зграда 7 спроти ТЦЦ Плаза, пред 15-тина дена почнало бесправно заѕидување на вертикалата од блокот што гледа кон влез број 5, а никој од надлежните не презел никакви мерки


Станарите од зградата со број "7" на улицата Даме Груев во строгиот центар на градов, до кафулето "Фејс" се жалат дека на нивната зграда е изградена дивоградба, а никој од надлежните не презел никакви мерки. Нивниот сосед од станот број 15, на третиот кат пред 15-тина дена почнал бесправно да ја заѕидува вертикалата на блокот што гледа кон влез број 5, и покрај тоа што не добил нивна согласност. Стравуваат дека со затворањето на вертикалата, ќе се затворат и цевките за внатрешно проветрување. Истиот стан, има и дивоизграден балкон што гледа кон ТЦ Плаза.

- Куќниот совет веднаш реагираше. Пријавивме во Општина Центар, а потоа испративме и писмени барања за стопирање на изградбата. Но, колку што ми е мене познато, досега никој не дојде. Се сомневам и дека ќе дојдат. Кога толкави згради никнуваат пред очите на службите на градоначалничката Виолета Аларова, ова е ништо - се пожали еден од станарите во зградата.

Главниот градежен инспектор во Општина Центар, Милан Пижула, ги отфрли поплаките за неекспедитивност и неажурност упатени на нивна адреса. Тој тврдеше дека лично, неколкупати излегол на увид на посочената адреса, но не можел да констатира никакво прекршување на законот.

- Ние немаме ингеренции да стопираме изградба во внатрешноста на објектите. Ќе извршиме увид и денеска, па ако утврдиме дека навистина има нелегално доградување или се извршени некакви интервенции без наша дозвола, се разбира дека ќе донесеме решение за стопирање на градбата, а потоа и за уривање - тврди Пижула.
Центарот на градов е пребукиран со вакви или слични градби. Летово, потпокривот на Ристиќева палата на диво беше изграден стан од 50-тина квадрати за кој градежната инспекција на Општина Центар донела решение за уривање, но се уште не го спровела.

 
Извор: Вечер


Edited by pbanks - 15-Oct-2007 at 22:21
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11829
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 15-Oct-2007 at 23:20


Слични појави се веќе долго наша реалност, а многу малце се збори за тоа. Дури има и полошо од диви доградби. Кај мене во зградава во неколку станови се срушени носечки ѕидови (таква е зградава, без столбови, има неколку „носечки ѕидови“). Нормално после ослабување на зградите обавезно е доизградба на уште еден кат врз кровот Nuts

Не дај боже да удри некој посилен земјотрес, 90% од Скопје ќе се сруши, што од лоша градба (во поново време), а што од вакви „интервенции“. Кога ќе размислам подобро, треба да сме среќни што не се урнала некоја зграда и сама од себе Ohno





Edited by Cloverstack - 15-Oct-2007 at 23:21
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11829
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 31-Oct-2007 at 19:25
Еве уште нешто слично, повторно од интернет порталот на град Скопје. Текстот зборува и за диви тезги во центарот и за дивиот пазар на јужен булевар, а не само за блокатори и рампи како што пишува во насловот.

Ама овие акции не треба да се ретки и периодични. Во тој случај се најобичен пи-ар и театар. Нека се оди оштро додека не се се искоренат овие појави, после тоа  со поединечни инциденти полесно ке се справуваме. А треба да се оди и со парични казни кои не само што ќе делуваат превентивно, туку ќе обезбедат каков-таков прилив на средства.

http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=1409&mid=24&tabId=1&tabindex=0


ЌЕ СЕ ОТСТРАНУВААТ ДИВОПОСТАВЕНИТЕ БЛОКАТОРИ И РАМПИ

Градската комунална инспекција, во четврток /01.11.2007 година/, со почеток во 10 часот, ќе спроведе акција за отстранување на дивопоставени блокатори, столпчиња и рампи во централното градско подрачје.

Акцијата ќе започне на просторот во близина на Домот на културата “Кочо Рацин“, а ќе се одвива на улиците Мито Хаџивасилев Јасмин, Димитрие Чуповски и Тетовска. На овие локации, комунална инспекција на Град Скопје евидентирала околу 30 дивопоставени блокатори, две рампи и 16 столпчиња.

Оваа акција Градската комунална инспекција ќе ја спроведе во соработка со ЈП“Улици и патишта“ и МВР.

Во текот на утрешниот ден /31.10.2007 год./, комуналните инспектори на Град Скопје, во соработка со државната пазарна инспекција, повторно ќе спроведат акција за отстранување на евентуални импровизирани тезгиња од плоштадот Македонија и од Камениот мост.
Во петок /02.11.2007 год./, комуналната инспекција на Град Скопје и Државниот пазарен инспекторат повторно ќе спроведат акција за отстранување на дивиот пазар за овошје и зеленчук од просторот покрај Јужниот булевар.


Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8788
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 31-Oct-2007 at 20:00

Прееска се помислив да го постирам ова но лично сум голем скептик за овие "акции" и мислам дека добро го квалификува како ефтин ПР. Појавата на диви тезгаџии и пазарџии е толку развиена во последниве години што неколку вакви упади нема ништо да решат. Ако сакаат да го решат проблемот нека вработат редовно некои инспектори кои секојдневно ќе патролираат ако треба и во две смени. Немора цел град да се среди од еднаш но доколку почнат од плоштадот и камени мост ќе направат многу.

А такви подолготрајни акции даваат плод, пример е Партизанска каде има многу помалку паркирани коли во трета лента од порано, како резултат на онаа акција што се случи пред неколку месеци.

Деновиве приметив дека слична кампања има на Бит пазар каде нонстоп крстарат два пајака. Во моментов додуше прават поголема гужва пошто ја блокираат средната лента за да подигнат кола. Но да се надеваме дека таа акција ќе вроди плод па и таму третата лента ќе им се врати на возачите.

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8788
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 20-Nov-2007 at 00:19
како им паѓаат на памет воопшто вакви идеи Bash


Се урива дивиот потпокрив на Ристиќева палата

Никола Цвитановски подигнал покривна конструкција од околу 1,8 метри од страната на плоштадот и три метри од внатрешната страна на зградата

Градежната инспекција на Општина Центар вчера почна да го урива дивоизградениот потпокрив на Ристиќева палата, што беше изграден летово. Петмина работници од „Трансмед“, во присуство на урбаната полиција, од изутрината почнаа со санкционирање на потпокривот и, според процените, се очекува денеска тој целосно да биде урнат.

Милан Пижула, главен градежен инспектор во Општина Центар, рече дека сопственик на дивоградбата е извесен Никола Цвитановски, кој без одобрение во јули подигнал покривна конструкција од околу 1,8 метри од страната на плоштадот и три метри од внатрешната страна на зградата. Иако Општината ја регистрирала нелегалната градба уште летово и во август на сопственикот му издала решение за уривање, тоа почна да се спроведува со задоцнување од три месеци поради финансиски причини.

„Оваа и уште неколку дивоградби останаа неурнати, бидејќи парите предвидени за уривање за годинава се потрошија во пролетната акција кога дел од дивоградбите се уриваа со динамит. Со оглед на неодамнешниот ребаланс на буџетот, повторно се одвоија средства за уривање, па еве сега продолжуваме со планираните активности“, објасни Пижула, кој не сакаше да прецизира колку и кои дивоградби Општината ќе ги санкционира во наредниот период.

Со оглед на тоа дека Ристиќева палата е заштитена како културна целина, летово за дивоградбата реагираа и од Управата за заштита на културното наследство. (Дс.Т.)



Извор: Утрински весник
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8788
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 27-Nov-2007 at 00:11
по стилот на пишување ова е очигледно лична пресметко меѓу Вечер и А1. Како и да е Вечер има комплетно право за случајов. Со кој памет монтираа шупа на плоштад???


ПОРАДИ НЕЗАКОНСКИ ПОСТАВЕНАТА ШУПА СРЕДЕ ПЛОШТАДОТ ВО СКОПЈЕ, ГРАДОТ ПОДНЕСЕ:


Кривични за општина Центар и А1 ТВ


- Нашите сознанија се дека одобрението на кое се повикува телевизијата, нема ниту увод, диспозитив и правна поука, како и напомена врз основа на кој Закон се издава одобрението. Од друга страна плоштадот е јавна површина во надлежност на Градот, а до нас воопшто не било поднесено барање за поставување на ваков објект, вели Александар Бошковиќ од секторот за комунална инспекција на Град Скопје


Кривични пријави за злопупотреба на службена положба заработија секретарот на Општина Центар Ратко Савовски, како и директорот на А1 телевизија Дарко Петрушевски, за незаконското и нелегално поставување на дрвената барака среде плоштадот во Скопје. Кривичните пријави се од Секторот за комунална инспекција на Град Скопје. Александар Бошковиќ, раководител на секторот, вели дека во Општина Центар е направена злоупотреба на должноста, а издаденото одобрение за поставување на бараката, не е валидно.

Иако на 22 ноември Градот и наложи на приватната телевизија да ја отстрани бараката, тоа до денес не е направено. Затоа, Градот најави дека истата ќе биде срушена, што требаше да се случи вчера.

- Нашите сознанија се дека одобрението на кое се повикува телевизијата, а кое патем, не е правно валидно, е издадено по усмен налог на Аларова, а потпишано е од Савовски. Овој документ кој е издаден на 10 јуни нема ниту увод, диспозитив и правна поука, како и напомена врз основа на кој Закон се издава одобрението. Од друга страна плоштадот е јавна површина во надлежност на Градот, а до нас воопшто не било поднесено барање за поставување на ваков објект. Сепак, го толериравме неговото постоење бидејќи ни беше кажано дека се работи за привремен објект, кој ќе функционира само два до три месеци и ќе се користи за информирање на граѓаните, додава Бошковиќ, кој напомена дека ниту од А1 ниту од фирмата Хот-хот во Градот во меѓувреме не биле подмирени трошоци за користење на јавна површина.

Тој потенцира дека поставувањето на објектот било злоупотребено и за комерцијални цели, бидејќи фирмата Хот-хот се рекламирала, а за тоа исто така не било поднесено барање за дозвола до надлежните служби во Градот.

-Имаме сознанија дека фирмата Хот-Хот имала формален договор со А1 телевизија за откуп на овој објект за кој дознаваме дека чинел 10.000 евра, но во меѓувреме не им била исплатена ниту една рата. Во текот на вчерашниот ден А1 телевизија се огради од објектот, а ни беше кажано дека од него е отстранет целиот мебел, додаде Бошковиќ кој вчера ги очекуваше надлежните од фирмата да го отстранат објектот. Тој додаде дека ако тоа не го сторат, отстранувањето ќе го извршат екипите на ЈП "Улици и патишта", а трошоците за уривање ќе бидат упатени на сметка на А1 телевизија.

Даниела Трајковска


Извор: Вечер
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8788
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 27-Nov-2007 at 00:12


...и тука за жал не завршува се. Виолета Аларова со сета сила и понатаму ќе ја брани демократијата Crazy. Ако треба цел плоштад ќе го начичка со шупи како основно средство за ширење демократија. Wallbash


ОПШТИНА ЦЕНТАР ЗА ШУПАТА НА ВЕЛИЈА:


Аларова е против Законот, а за демократијата!


Градоначалничката на Општина Центар Виолета Аларова не се чувствува одговорна заради тоа што нејзините служби издале невалидно решение за поставување на монтажната куќичка на градскиот Плоштад иако тоа не е во нивна надлежност. Таа не сакаше да даде било каква изјава во врска со овој објект во строгиот центар на градот. Се повика на правната служба, а за целиот случај реши да информира преку соопштение. Во него се вели дека решението за времено поставување на објектот е извршено согласно Законот за град Скопје, односно на член 15 став 1 точка 1 алинеа 5, во кој се вели дека општината е надлежна, меѓу другото, да издава и одобренија за поставување времени објекти !

- Имајќи предвид дека целите и намената за поставување на споменатиот времен објект е развивање на демократијата директно меѓу граѓаните, Општината Центар го оцени како основано барањето на А1 Телевизија за поставување на времено студио. Доколку во иднина има барања и од други телевизиски куќи, Општината ќе ги разгледува со цел и натаму да се развиваат демократските процеси преку гласот на граѓаните. Во овој контекст Општината смета дека ваквите намени на користење на просторот се покорисни отколку одобрување поставување урбана опрема за комерцијални цели. На крајот потенцираме дека станува збор за времено решение и дека просторот ќе биде доведен во првобитна состојба од сегашниот корисник- се вели во писменото соопштение од Општина Центар.



Извор: Вечер
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11829
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 27-Nov-2007 at 00:18
Suicide



А за Аларова... Ако толку многу го слуша гласот на граѓаните, веднаш нека се повлече од функцијата.
Back to Top
gotsomekicks View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 305
  Quote gotsomekicks Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 27-Nov-2007 at 17:14
Ве замолив да не постирате слики од Аларова... идам ја да повраќам Puke
Патем сеа само што пројдов низ плоштад и А1 имаат напишано со големи букви на тоа барачето „ТРУФИН ЌЕ ГО РУШИ И ПАРЛАМЕНТОТ„ или нешто слично. Значи цареви се за драми правење. Ohno
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8788
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 29-Nov-2007 at 16:28
хехе баш ми е мило
 

Костовски го урна ТВ-Парламентот на А1

Билјана Стефковска  
29.11.2007 16:19
 
 

Трифун Костовски го урна ТВ-Парламентот на А1 Телевизија. Заканата на градоначалникот дека ќе го урне студиото, произлезе само ден откако пред две недели се проговори за неговата одговорност и произлезе иницијативата за негова смена.

„После повеќе месеци дејствување, во првата прилика кога беше спомнат градоначалникот на град Скопје, неговата реакција уште истиот ден, истото попладне беше да се издаде налог за уривање на објектот, односно за спречување на граѓаните да го кажат своето мислење, а тоа на прес-конференцијата што ја одржа го побара самиот“, изјави Славко Нинов.

„Побара и рече, ако граѓаните сакаат тој да си замине, тој ќе си замине. Кога граѓаните почнаа да го искажуваат своето мислење, тој се обидува на најнедоличен начин да го спречи тоа“, додаде Нинов.

Според граѓаните, ваквиот чин на уривање на монтажниот објект е реваншизам на градоначалникот Костовски, затоа што токму од овде јавно се проговори за ветувањата кои не ги исполни.

„Парламентот, бараката не требаше да се руши, затоа што изворно граѓаните се информираа, а сега? Каква демократија е ова, јас сакам нешто лошо да кажам за тебе - а ти со тоа по глава. Се гледа дека е реваншизам и не знам зошто да го руши ова, ова е убава работа, фино се информира народот. Откако се искритикува некоја личност, сега одма да се руши, значи ова е реваншизам“, велат граѓаните.

А1 Телевизија за емитување на ТВ-Парламентот од плоштадот „Пела“ има одобрение од општина Центар, издадено на 10 септември годинава.

Сепак, инспекторите на Костовски кои го надгледуваа уривањето на монтажниот објект велат дека е поставен без одобрение на градот, најавуваат кривични пријави.

„Кривични пријави против секретарот на општина Центар и по можност и градоначалникот на општина Центар, а прекршочна постапка ќе поведеме против правниот субјект А1 Телевизија и одговорното лице во А1 Велија Рамковски“, рече Александар Бошковиќ, инспектор на град Скопје.

ТВ-Парламентот на А1 Телевизија се отвори пред четири месеци. Со овој проект на граѓаните им се овозможи да проговорат за најразличните теми.

Се отворија прашања од областа на здравството, спортот, образованието, градските проблеми, но само еден ден откако градоначалникот Костовски беше повикан на одговорност, за ветените работи, а неисполнети, донесе решение да се урне студиото.

Сепак ТВ-Парламентот и понатаму ќе биде отворен за граѓаните, а иницијативата градоначалникот Костовски да си оди, останува.

 
Back to Top
gotsomekicks View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 305
  Quote gotsomekicks Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 29-Nov-2007 at 19:13
Дај ако веќе постираме на темава, да не ставаме ствари од А1, Време и Шпиц. Вчера вечер видов на секоја насловна по нешто за Трифун...
Инаку се разбира, и мене ми е мило што им го урнаа ова срањево што го лупнаа сред центар Big%20smile


Edited by gotsomekicks - 29-Nov-2007 at 19:13
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8788
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 29-Nov-2007 at 22:01
Originally posted by gotsomekicks

Дај ако веќе постираме на темава, да не ставаме ствари од А1, Време и Шпиц. Вчера вечер видов на секоја насловна по нешто за Трифун...
Инаку се разбира, и мене ми е мило што им го урнаа ова срањево што го лупнаа сред центар Big%20smile


zatoa i ja staviv vesta. Cisto da go evidentirame toj sepak ubav moment. Da stavav se od Velija media grupa, do sea threadov kje imase 500 posta.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11829
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 30-Nov-2007 at 01:24
Не дека не ми е мило што ја срушија шупата на Велија, ама стварно е индикативно што никој не ја чепкаше додека А1 не ја почна кампањата против градоначалникот ни.

Bash


Edited by Cloverstack - 30-Nov-2007 at 01:27
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8788
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 07-Dec-2007 at 23:56
Оваа тема веќе ви е позната на некои од вас но.... мора да ја документирам и тука бидејќи страшно ми боде очи...

Незнам кој точно се наоѓа во оваа зграда (Телеком, Пошти, МЕПСО???) но ова е една од најлошите форми на урбано дивјаштво спрема мене. Деловен објект во центарот на Скопје, гледа на главниот плоштадот и сакале или нејкеле објект кој е еден од симболите на Скопје и кој го привлекува вниманието на секој посетител на градот. Сепак тоа не е препрека некои директорчиња да направат вакво сквернавење. Барем да се држеле до некаква заедничка логика но тука се гледа дека се работело месарски, на кој како му дошло.

Да знаев дека таму е сместена канцеларија на некоја неозбилна човек фирма па да сфатам ваква бахатост но не ми е јасно како големи компании кај кои изгледот на седиштето е битен дел од имиџот си дозволуваат да прават вакви глупости.




Edited by pbanks - 07-Dec-2007 at 23:57
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11829
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 08-Dec-2007 at 00:11


Да, имаме продискутирано на оваа тема   Puke

Мислам дека тоа е Телеком Bash
Ни мене не ми е јасно како една компанија со таков обрт и толкав профит си дозволува вакви работи.



Или тој просторот што гледа спрема Вардар. Колку години им треба за да згрижат еден тревник од 3-4 декари? Nuts

Дури и да не е во нивна надлежност, барем една од тие огромни фирми да имаше до толку осет да превземе нешто околу тоа.  Исушена трева со правливи патеки направени од пешаци не е слика за пред нивното седиште.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8788
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 08-Dec-2007 at 00:20
Јас се надевам дека новиве поголеми фирми што влегуваат во Скопје и кои веројатно наскоро ќе изградат свои седишта (VIP, Triglav, NLB, Hypo......) како и инвеститорите во недвижнини (Соравиа, Equest итн.) ќе воведат нови стандарди по ова прашање па можеби и ќе ги принудат бубрезиве во лој малку да мрднат од мртва точка.

Но не се криви само тие. У нормален свет надлежните институции санкционираат вакви работи.

А најпоразителниот момент е што ова го приметуваме ете ние неколку луѓе на форумот. Медиумите кои без проблем прават инквизиција за легитимни проекти не им е ни на крај памет да го стават ова на тапет. Незнам дали ти текнува но пред 8-9 месеци кога го дискутиравме ова им пишав на Скопските редакции на неколку весници дневни весници но немаше никаква реакција.
 
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11829
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 08-Dec-2007 at 00:28
Originally posted by pbanks


Но не се криви само тие. У нормален свет надлежните институции санкционираат вакви работи.

А најпоразителниот момент е што ова го приметуваме ете ние неколку луѓе на форумот. Медиумите кои без проблем прават инквизиција за легитимни проекти не им е ни на крај памет да го стават ова на тапет. Незнам дали ти текнува но пред 8-9 месеци кога го дискутиравме ова им пишав на Скопските редакции на неколку весници дневни весници но немаше никаква реакција.



Да, за жал потполно си во право. Ама сега имаме место каде да ги дискутираме и изнесеме овие работи Cheers

Да се надеваме дека форумов (а и сајтот што го спремаш) ќе порасне и ќе влијае на вакви работи и на свеста воопшто... Тенк гад фор д интернет Big%20smile Иначе ако чекаме некои таму пуноглавци да еволуираат сами од себе, се лажеме самите...


Edited by Cloverstack - 08-Dec-2007 at 00:29
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 08-Dec-2007 at 00:39
А кој е воопшто надлежен за зелените површини во Скопје, макар било мало тревниче пред седиштето на најаката компанија во Македонија? Паркови и зеленила?

На тие тревници ни кактуси не растат...

А ако очекувате нашиве новинари да читнат нешто пред да истрескаат зелени...
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 05-Jan-2008 at 11:43

    Не ли треба за ваква работа да следи сериозна парична казна? Се работи за какво-такво културно наследство - калдрмите кај што ги има низ Европа, сеуште се зачувани такви какви што биле пред 200 години. Им се дава големо значење зошто навистина создаваат староградски , пријатен амбиент. Не знам како може да сме толку прост и нецивилизиран народ, да не почитуваме ништо вредно. MadGunz Wallbash



ИСЧЕЗНУВА СТАРАТА ТУРСКА КОЦКА ОД БИТОЛСКИТЕ УЛИЦИ

Калдрмата се сели во приватни дворови

Граѓаните тврдат дека ископаната коцка завршува кај некои градски имоќници и во странство, а градежниците велат дека ја крадат граѓаните за украсување на дворовите

Без контрола исчезнува искорнатата турска коцка од битолските улици, која како амбиентален градежен материјал за реконструкција на стари градби и плоштади достигнува висока цена на европските пазари. Во Битола, еден од последните градови на Балканот што во наследство се уште ја има турската калдрма, таа е мета на крадци и се користи за украсување на приватни дворови.Пред околу еден месец исчезна голем дел од коцката од улицата Индустриска. Ископан беше половина километар, а голем дел од извадената коцка не стигна во стопанскиот двор на Јавното претпријатие „Никсоградба“, каде што требало да биде складирана. Жителите од улицата обвинуваат дека коцката ја зеле оние што ја раскопале улицата, а од градежното претпријатие „Бетон“ го вперуваат прстот во локалното население.

- Доаѓаа камиони и товараа. Пред нас ги правеа математиките за овој директор толку, за оној уште толку. Слушнавме дека дел ќе носат во Виена за поплочување на плоштад. Коцката не беше мала, со должина и ширина од 30 сантиметри. Имаше и случаи кога таа се товараше во вечерните часови - тврди Милка Стојановска, жителка од населбата Боримечка во Битола.

Улицата беше раскопана во минатиот месец од градежното претпријатие „Бетон“ за да се асфалтира. Но, поради лошите временски улови остана само тампонирана. Директорот Томислав Стевковски обвинува дека дел од коцката украло локалното население за средување на дворовите, а во никој случај немало извоз за Австрија.

- Кога се вадеше таа коцка бев на службен пат во Германија, а дел од локалното население ја зело. Потоа со службите од фирмата ја вративме во „Нискоградба“, каде што ја складираме ископаната коцка. Има голема побарувачка за овој материјал, особено во Западна Македонија, но ја исклучувам можноста за нејзин транспорт до Австрија - рече Стевковски.

Мал е бројот на дворовите на улицата Индустриска во Битола од кои не ѕиркаат купови наредени коцки. Од претпријатието „Нискоградба“, кои се задолжени да се грижат за ископаната коцка, признаваат дека кај нив не била растоварена сета количина од извадената коцка.

- Не знаеме дали останала во градот, во државата или надвор - рече техничкиот директор Венцо Шишкин.

Тој додава дека и' јавиле на полицијата оти коцката се носи наваму-натаму.Во општината, која стопанисува со овој турски „асфалт“, си ја префрлуваат вината. Од Одделението за урбанизам велат дека на терен излегла општинската инспекција, а од инспекторатот дека досега официјално никој не ги известил.

Градежниците потврдуваат дека турската коцка е останата само уште во неколку градови на Балканот, а поради нејзиниот квалитет и автентичен изглед е барана на пазарите. Најчесто се користи за изградба на црковни храмови, но и на плоштади, каде што во комбинација со павер-елементи дава уникатен староградски амбиентален изглед.


Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 12>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.