build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Урбано дивјаштво

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12345 12>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11829
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 25-Feb-2008 at 21:34
Мислев на кремасти, али зелени се уште погадни... Big%20smile
Back to Top
blejdsk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 320
  Quote blejdsk Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 26-Feb-2008 at 12:57
Ma ako im mava mnogu sonce u natre neka si stavat naocari...))
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8789
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 10-Mar-2008 at 00:16
Ohno

Тажна слика на кејот „13 Ноември“

Ѓубре, искршени плочки и остатоци од огниште деновиве е тажна слика на кејот „13 Ноември“. Не само што хигиената на еден од најрепрезентативните делови на Скопје не е на завидно ниво туку во последно време надлежните толерираат и вандализам, уништување на урбаната опрема и палење смет и други остатоци. Како да станува збор за депонија, а не за срцето на една метропола.



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=71C0D872AA88AB41B142D9F31499DC2C
Back to Top
ProMKD View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 244
  Quote ProMKD Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 10-Mar-2008 at 00:43
Абе едно не сваќам... пример Македонија е на некаде 2ро, 3-то место во светот по бројот на полицајци по глава на жител. Значи имаме полицајци доволно би се рекло..

Толку лесно може да се спречи ваков вандализам, барем во главниот дел на Скопје! Скопје е главниот град, а кејот 13 ноември е главниот дел на Скопје (може да се каже). Значи до некаде - средината на државата. Ако тука не можат да постават три џандари да патролираат на 3 смени....

Секако проблемот лежи во самите луѓе - кој мижи пред вандалите, а кој самите ги прават овие бељи. Но кога веќе имаме средства на располагање за пробивање на криминалот...
Back to Top
ProMKD View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 244
  Quote ProMKD Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 10-Mar-2008 at 00:45
Ок еве сега според понова статистика гледам сме 6-то место, ама пред 3 години бевме #1...

#6   Macedonia 4.7868 per 1,000 people
http://www.nationmaster.com/graph/cri_pol_percap-crime-police-per-capita/AFR

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11829
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 10-Mar-2008 at 02:30


Ме изненади со овој податок. Ако нема некоја финта со статистикава, навистина е жално што ни е толку „ефикасна“ полицијата...
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11829
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 17-Mar-2008 at 11:01
Ги тргнале фолиите и хартиите на Гема Banana


Не знам како се викаат тие стварите што ги имаат ставено, ќе мора да поминете за да видите... Али у секој случај добро изгледаат Yes
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8789
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 17-Mar-2008 at 11:03
Originally posted by Cloverstack

Ги тргнале фолиите и хартиите на Гема Banana


Не знам како се викаат тие стварите што ги имаат ставено, ќе мора да поминете за да видите... Али у секој случај добро изгледаат Yes


венецијанери?

иначе да добро изгледа. Thumbs%20Up
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11829
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 17-Mar-2008 at 11:06



венецијанери?




Ја колку што знам венецијанер се оние тенките хоризонтални ролетни, али може и да грешам. Иначе овие се вертикални, подебели и сто посто од некоја ткаенина. Вака кажано можда не звучи добро, ама мене стварно ми се свиѓа како изгледаат.


Edited by Cloverstack - 17-Mar-2008 at 11:06
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8789
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 17-Mar-2008 at 11:09
Originally posted by Cloverstack


Ја колку што знам венецијанер се оние тенките хоризонтални ролетни, али може и да грешам. Иначе овие се вертикални, подебели и сто посто од некоја ткаенина. Вака кажано можда не звучи добро, ама мене стварно ми се свиѓа како изгледаат.


Епа ако се вертикални тогаш се вариолајт и јас не бев сигурен што имав видено Crazy
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 19-Mar-2008 at 11:02
Вчера поминав- дефинитвно се вертикални завеси, од оние што може да се ротираат за да влезе повеќе светлина и целосно да повлечат на крајот со едно синџирче - . онакви, платнени  (леле како објаснив)..
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8789
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 19-Mar-2008 at 11:04


абе вариолајт LOL


Back to Top
ProMKD View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 244
  Quote ProMKD Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 19-Mar-2008 at 19:35
Овие се добри - ги имам дома. Имам и венецијанери и тие се добри, ама за поголеми прозори вариолајт! 
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11829
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 24-Mar-2008 at 20:07
Типична македонска каша, човек не знае од каде да почне да размрсува... Roll%20eyes

Во секој случај зачудува ставот на Паско Кузман кој во случајов (можеби оправдано, не навлегувам во тоа) зазема прилично конзервативна позиција, но од друга страна е на чело кога треба да се интервенира на други места и да се прават многу порадикални работи од ова. Каков лицемер!

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=0792C383827B5F4BB460905C2BF753DD

ПРОДОЛЖУВА САМОВОЛИЕТО НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЧАИР

Незаконска порта ќе ја затвори Чаршијата

Објектот, кој сосе покривот е висок 6,7 метри, во следниот месец свечено ќе биде пуштен во употреба

Општина Чаир и покрај забраната од надлежните институции, продолжи да ја гради портата во Старата чаршија од страната на Бит-пазар. Објектот е речиси готов и за еден месец од Општината најавуваат дека свечено ќе го пуштат во употреба.Градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, не се осврна на реакцијата на надлежните од Управата за културно наследство дека изградбата на портата е незаконска, поради тоа што Чаршијата е споменик на културата, каде што не смеат да се прават такви интервенции. Тој и лани имаше обид да го изгради објектот, но по реакцијата на Управата се повлече. Сепак, годинава работата ја истера докрај.Работите се при крај, а за еден месец портата ќе биде завршена и свечено ќе биде пуштена во функција - вели градоначалникот Меџити.Директорот на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман, потенцираше дека досега тие направиле се' што е во нивна моќ и надлежност за да ја спречат изградбата.

- Ние не сме МВР. Како Управа за заштита на културното наследство, испративме инспекција на самото место која состави записник. Тој им беше предаден на општинската градежна инспекција од Чаир, но и на другите надлежни институции што треба да преземат мерки. Но, тоа очигледно не вроди со плод. Портата се наоѓа на границата на заштитената зона и тие го искористија тоа за да добијат одобрение за градба. Додека се расправавме, тие издејствуваа одобрение - истакна Кузман.Инаку, одобрението за градба го издава самата Општина Чаир. Портата се гради според проект што го изработи Националниот конзерваторски центар, но Управата не го одобри поради тоа што во Старата чаршија не е дозволено да се прават такви измени. Градоначалникот Меџити сепак тврди дека проектот е валиден, дека има дозвола за градба, а со тоа портата не е дивоградба.

- Изградбата на портата е во наша надлежност, а не е на Паско Кузман. Тоа е единствено решение за да се забрани влезот на возила во Чаршијата. Само така таа ќе може да биде претворена во пешачка зона - вели Меџити.Од Општината велат дека за изградбата имаат поддршка од еснафот на Чаршијата. Таа ќе биде висока 6,70 метри, сосе покривот. Столбовите се изработени од бел и розеникав мермер, полукругот одозгора е изведен од мазен камен „пешчара“, а покривот е од бакар. Од Општината велат дека се гради со најквалитетен материјал, кој соодветствува на материјалот од кој се изведени многу други објекти во Чаршијата. Портата ќе има и електронска рампа со код, а ќе се отвора само по потреба на дуќанџиите за дотур на стока. Изградбата ја финансира фирмата „Скопски пазар“, а дел од парите ги обезбеди Општина Чаир.

Анела Петрова

Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 24-Mar-2008 at 20:21
Previous Јас сум за изградба на оваа порта, се додека има некаков автентичен изглед што би се вклопил со изгледот на чаршијата. Само не сум сигурен дали беше потребна 6.7 метарска порта кога столбчиња од 1 метар ќе ја вршеа истата функција додека не се решеше прашањето околу легалноста на портата.


Edited by La Linea - 24-Mar-2008 at 20:22
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 31-Mar-2008 at 13:28
До кога само вака, озбилно прашувам....толку ли е тешко сите овие јавни/градски служби да се координираат малце....да се знае од први до први се прави реконструкција на улица и ако треба замена/нови..цевки/жици итн.... да се направи тогаш а не два дена после асфалтирање  Wallbash  Треба екстремно со овие гадови....нов закон.....доколку некој чепне тазе асфалтирана улица во првите 3 години...
казна: треба одново да ја асфалтира улицата...па не може вака мајкаму....па уште и двете служби се прават наудрени.....не не бев јас  Suicide
 

Пропадна асфалтот на реновираната улица Козара

Асфалтот на улицата Козара е пропаднат и на него се појавија дупки, иако лани општина Центар ја реконструира сообраќајницата, се жалат жителите. Ним не им е јасно како е можно да се дозволи една улица да се асфалтира, а потоа на неа да се прават нови прекопи. Разочарани се што меракот за возење по нова улица траел прекратко.Од општина Центар за пропаднатиот асфалт ги обвинуваат јавното претпријатие „Водовод и канализација“ и АД „Топлификација“, кои ланиинтервенирале, а потоа несоодветно ја санирале улицата.Штом ќе почнат со работа асфалтните бази, ќе ја санираме улицата. И самите граѓани знаат дека улицата не е оштетена по вина на општина Центар, оти лани таму интервенираа „Водовод“ и „Топлификација“, и тоа без наша дозвола. По зафатот не ја вратија улицата во првобитната состојба. Ако не го направат тоа доброволно, ќе бидат принудени присилно да ја извршат санацијата - вели Лидија Неделковска, шефица на кабинетот на градоначалникот на општина Центар. Од јавното претпријатие „Водовод и канализација“ негираат дека минатата година правеле зафати на оваа улица, а вината ја отфрлаат и од АД „Топлификација“.

 
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11829
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 31-Mar-2008 at 13:49
Пред 2 недели гадно акнав на еден ров (буквално ров) на Ул. Васил Ѓоргов. Некој ископал и немал доволно одговорност ни совест барем да ја натапка земјата со која ја затрупал дупката. Длабочината беше доволна за сериозни оштетувања

Bash Bash Bash
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 31-Mar-2008 at 23:36
Toa tie vo ova so rovot voopshto ne me cudi, samo ako slucajno nekoj ja osteti kolata probaj posle da tuzish nekogo...firmata sto kopala ke se prai naudrena, gradot ...ne e nasa nadleznost....ke ispadne treba da vozis 20 km/h za da ne ti se osteti kolata  Wallbash
Back to Top
ProMKD View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 244
  Quote ProMKD Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 31-Mar-2008 at 23:43
Со дупките што ги има и со 1км/ч има да ја уништиш колата! Венјамин мачуковски во аеродром е ископана/прекопана 300 пати... се разбира градоначалникот ветува нов асфалт сто години.. 
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11829
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 17-Apr-2008 at 03:49
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=66199EE1AFE9BB42889D8B8C5E63DC11


Градот ќе воведува ред во користењето на јавните површини

Површините ќе се користат со дозволи и строго пропишани стандарди

Снежана Калабакова

Градот ја изготви Предлог-одлуката за користење на јавните површини со чие усвојување се очекува да биде ставен крај на бесправното узурпирање на јавните површини. Тоа значи дека дуќанџиите на т.н. пластичарска улица, колонијалните дуќани кои најчесто ги имаат распослано своите производи на тротоарите, како и кафеанџиите чии маси и столови се на јавна површина, ќе мораат најнапред да обезбедат дозволи за нивно поставување и притоа да се придржуваат до одредени стандарди. Одобренијата за користење јавна површина ќе се обезбедуваат според одредена постапка и со конкретен елаборат, односно проект.

Одлуката пропишува како ќе се користат јавните површини за хуманитарни, културни, забавни, спортски и изложбени активности и време на користење. Одобренија ќе мора да обезбедат и градилиштата, доколку за времетраење на градежните работи користат јавна површина. На непочитувачите на пропишаните норми, покрај тоа што ќе бидат казнувани, ќе им биде одземена и опремата. Притоа ќе им се наплатуваат трошоците за транспорт и лежарина и за ангажираните полицајци. Градот ќе треба да го има последниот збор при давањето одобрение, а со општините допрва ќе се договара дали средствата ќе се делат по половина, или во зависност од тоа кој е надлежен - Градот или општината. Висината на закупот ќе зависи од зоната, од големината на површината и од времетраењето на користење. Градските власти тврдат дека средствата од закупнината ќе се користат наменски и со нив ќе се финансира изградбата, реконструкцијата и одржувањето на патиштата.

„Надзор на примената на оваа одлука ќе вршат надлежните сектори на Градот и општините, односно комуналните инспектори. При користење на јавните површини мора да биде запазен слободниот простор за движење на пешаците, кој на тротоарите во општините тој не смее да биде помал од 1,5 метри, а во централното градско подрачје од 2,5 метри. Задолжително ќе мора да се плаќа пропишаната комуналната такса и закуп за користењето на јавната површина и не станува збор за двојна давачка“, вели Нада Митреска, помошник-раководител на Секторот за планирање и уредување на просторот.

Оваа одлука ќе овозможи заемно функционирање на Градот и општините во сферата на користењето на јавните површини, а не како досега, кога најмногу за нив одлучуваше Општина Центар.

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12345 12>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.