build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Фото/Видео
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Куќи во Дримкол

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
medo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Dec-2007
Online Status: Offline
Posts: 217
  Quote medo Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Куќи во Дримкол
    Posted: 17-Aug-2009 at 11:10
Дримколци граделе познати зданија во светот, но и дома, нивните куќи се редок спој на мајсторство и убавина.
Куќата на вевчанското семејство Китановци се градела осум години, од 1898 до 1906 година. Во неа се вградени 2.500 метри кубни камен и специјални костенови греди. Тулите ги порачале од Белгија, а мебелот од Солун. Таа е најголемата и најпретставителната куќа од многуте домови што ги граделе познатите дримколски печалбари во 18 и почетокот на 19 век. Меѓутоа, малкумина од нивните потомци денес се грижат за делата што им ги оставиле нивните претци.


Семејството Китановци со неизмерна љубов се грижи за прекрасната куќа која во наследство им ја оставија нивните претци

„Дримколските неимари граделе познати зданија по белиот свет, но и за себе. Тие куќи се редок спој на мајсторство и убавина. Но, времето си го чини своето. Овие вредности за жал почнаа постепено да се губат, да исчезнуваат. Дел е тоа на преселбите од овие простори, дел е на новото време, новите начини на градба, но и на забот на времето“, вели Анастас Ќушкоски кој се обидува овие споменици на тешкиот печалбарски живот да ги овековечи со својот фотоапарат.


Куќата на вевчанското семејство Китановци се градела осум години, од 1898 до 1906 година. Во неа се вградени 2.500 кубни метри камен, тулите ги порачале од Белгија, а мебелот од Солун. Куќата на Китановци во Вевчани е иста како и пред сто години

„Во Дримкол имало два вида печалбари - едни биле каменоресци, фасадери и ѕидари, а другите угостители. Истовремено во Вевчани имало два начина на живеење. Сите мажи не оделе на печалба. Едни биле таканаречени домашари, останувале дома и работеле на сопствената и на земјата на тие што заминувале по светот. Кога печалбарите ќе дојделе наесен им плаќале за сите работи што им ги вршеле на нивите. Мојот прадедо Андре Китаноски бил угостител, а печалбарскиот живот го започнал во Солун, заедно со неговиот татко Јован. Подоцна се обиделе да пронајдат подобра печалба во Галац, Романија каде го создале целиот капитал“, раскажува Мишо Китаноски, потомок на познатото вевчанско семејство чија стара куќа ги восхитува сите оние што ќе ја посетат.


Куќата на вевчанското семејство Китановци се градела осум години, од 1898 до 1906 година. Во неа се вградени 2.500 кубни метри камен, тулите ги порачале од Белгија, а мебелот од Солун. Куќата на Китановци во Вевчани е иста како и пред сто години

Анастас Ќушкоски за старата архитектура на Дримкол започнал да се интересира уште во 1978 година кога била урната куќата на неговата фамилија по 249 години опстојување. Ја фотографирал за никогаш да не ја заборави, за да знаат идните генерации во какви услови живееле нивните претци.

„Таа денес е жива во мојата свест и во мојата фототека. Во 1980 година презедов поголема акција за регистрирање на сите постари интересни објекти со специфична архитектура во Вевчани, кога нагло почна интензивна градба на нови и уривање на некои стари куќи кои имаат големи вредности и кои говорат за големата градежна традиција на овој крај. Половината од нив веќе ги снема. Во 2002 година подготвив и видео материјал за старата архитектура на Дримкол, а сето она што со мојот фотоапарат го снимив во изминатите триесетина години во мај и го претставив преку изложба на струшката јавност. Во неа е опфатена старата архитектурата на целиот дримколски регион, на десетина села под планината Јабланица - на Модрич, Горно и Долно Луково, Боровец, Јабланица, Безево, Пискупштина, Лабуништа, Подгорци, Октиси, Вевчани и на други места“, вели вевчанскиот ентузијаст.

Според него, многу значајни куќи во селото Боровец се оставени на забот на времето. Меѓу првите ја споменува куќата на семејството Шуменковиќ изградена во времето на Кралска Југославија која вели дека претставува своевиден замок. „Јас лично немав можност да влезам во неа, бидејќи сопствениците не живеат тука и таа е постојано заклучена, но според она што го знам од други, во неа имало и фонтана, дури и црква“, објаснува вевчанскиот хроничар на печалбарскиот живот.

Ова боровечко семејство во тоа време било многу моќно и можело да изгради таков објект. Ја поддржувало просрпската политика а власта му овозможувала повеќе привелегии. На пример, Илија Шуменковиќ бил амбасадор на кралска Југославија во Цариград. По создавањето на Титова Југославија му било понудено да продолжи и натаму да ја врши истата дипломатска функција, но не прифатил. Негов братучед бил пратеник во собранието во Белград.

И една друга монументална куќа во Боровец е оставена на забот на времето. Кога Ќушкоски отишол да ја фотографира бил изненаден од глетката што ја видел . Прекрасното здание кое пленувало со специфичната архитектура и кое очигледно неговите некогашни стопани го граделе со голема љубов и во него вложиле многу пари, било опкружено со стадо овци и претворено во штала. На влезот од вратата стоел натпис: ’Се продава’.

„Една друга куќа која припаѓа на вевчанец кој бил преселен во Боровец и која е градена во 1890 година, исто така, пропаѓа. Таа е огромно здание од делкан камен со многу орнаменти од антиката. На друга, која веќе е во распаѓање и е на самиот влез во селото, забележав змија издлабена во камен. Кога ги прашав соседите за симболот ми рекоа дека човекот што ја изградил бил лекар. Сите тие куќи си имаат свои посебни истории. Секоја од нив одделно може да биде голема приказна затоа што со неа се поврзани многу судбини, и среќни и трагични, во нив е поминат животот на многу генерации на семејствата чии мажи печалбареле по светот и никогаш не го заборавале сопственото огниште. Секогаш се враќале дома вложувајќи го она што го спечалиле“, со нескриена носталгија говори Ќушкоски.

Тој со својот фотоапарат има овековечено и мали поземечки куќички со по една одаја во кои живееле најсиромашните семејства, но и огромни ќуќи кои ги нарекува кули и кои ги граделе побогатите печалбари. Посебно е импресиониран од една куќа во Горно Луково, во која денес никој не живее, но која се уште му одолева на забот на времето. Дека тие што ја граделе имале и пари и желба да им остават нешто трајно на нивните потомци говорат и трите камини вградени во неа. Ја изградил Вељо Мурџоски со синот Божин во 1910 година. Постарите раскажуваат дека на мајсторите има платиле 9 ока злато.

“Кај сите овие куќи ме интересираше и уметничкиот аспект. Успеав да направам преку 2000 снимки на сочувани објекти во Дримкол, кои се богато наследство, не само за македонската архитектура, туку и пошироко, зашто такви стилови на градба можат да се забележат и во други места на Балканот. Со моето ангажирање сакав да поведам иницијатива тоа богатство да се спаси од забот на времето. Дел од тие ќуќи можат да се користат за живеење, но и за развој на селски туризам. Сите тие се интересни и како архитектонски решенија, но и како приказни на семејствата кои што живееле во нив. На некои од нив се сочувани белези на разни обреди што се негувале во минатото. На повеќето може да се забележат вдлабени во камен или во дрво китка босилок или рогови на овни, а на една куќа во Вевчани имаше седум симболи. Таа е урната, но нејзините сопственици во новата градба ги вградија. Меѓу симболите се наоѓа шестолисна розета, симбол од антиката, на еден камен се исклесани алатите на самите мајстори, а на два камења има симболи кои асоцираат на денешното македонско знаме. На еден камен е името на сопственикот на куќата, а на друг годината кога е градена – 1892 и името на Насто Спасев, мајсторот што ја ѕидал.

Необична е приказната што ни ја раскажува Мишко Китаноски за тоа како неговите претци ја изградиле куќата во Вевчани и како го создале богатството и угледот во романскиот град Галац. “Прадедо ми и дедо ми во тогашно Влашко спечалиле многу пари. Дел од тоа богатство денес е уништено, а дел е национализирано. Првата куќа која во Вевчани ја изградиле во 1872 година, што може да се прочита и на каменот што го вградиле во новата, не можела да ја собере сета фамилија, па решил да ја изградат оваа. Со собирање на камен и носење на специјални костенови греди почнале уште во 1898 година. Гредите ги носеле од повеќе места во Македонија, но и од Албанија. Според кажувањето на моите баби во просек дневно на куќата работеле 25 луѓе. Градбата почнала дел по дел. Како што се дигала куќата, така внатре ја уредувале - ги изработувале долапите, ормарите, ја поставувале дограмата на прозорците и го изѕидале каминот кој и денес го користиме. Тогаш пресметале дека во изградбата на двата дела на куќата, авлиите околу неа, плевната, во ѕидовите на бавчата и во куличето, во кое живеел сејменот што ја чувал фамилијата од качаци, биле вградени околу 2.500 метри кубни камен. Куќата на првиот и на вториот кат имала капаци на прозорците и кога ќе се затвореле навечер и да имало светлост не можело да се забележи однадвор“, раскажува Китановски.


Балкон на печалбарска куќа во селото Лабуништа

На поставувањето на камен темелникот прадедо му Андре го поканил и охридскиот валија и триесетина турски војници стационирани во Вевчани. Се одржала голема свеченост, биле заклани неколку јунци и десетина јагниња.

„Таа е ѕидана во романски стил. Од стреата два и пол метра на покривот беше покриена со ламарина, а останатиот дел со керамиди. Каменот вграден во неа го делкале нерешки, дримколски мајстори, а прадедо ми ги плаќал во злато. Секој камен на ќошињата го чинел една златна лира. Циглите биле носени од Белгија. Во камената ограда биле вградени дулци од кои дотекувала вода од јазот, а за секоја евентуалност куќата да не биде нападната од арамии и фамилијата да не остане без вода во неа бил ископан бунар. Куќата била завршена во 1906 година. Само за време на Илинденското востание, не се работело на неа“, објаснува потомокот на познатото вевчанско семејство.

Во 1908 година зимата бил донесен специјален мебел. Од Солун биле порачани канабиња и фотелји, огледало и мал пиштол со дрвена футрола која можела да се употреби како кундак. До Битола ги донеле со воз, а оттаму во Вевчани ги пренеле кираџии со коли. Кога го носеле мебелот фатиле големи студови, а еден од кираџиите замрзнал во Кажани. По трагедијата Китановци ги издржувале неговата жена и деца се до почетокот на Балканските војни. Во 1906 од Одеса била купена и икона на света Богородица која стои на истото место каде ја поставиле пред повеќе од сто години за да го чува семејството.

За време на италијанската окупација албанските власти во репрезентативната куќа на Китановци сакале да го сместат претседателот на општината. Истовремено во неа престојувале партиски и политички раководители на НОБ и ја користеле сокриена партизанската радиостаница. Пред ослободувањето на Струга таму бил конституиран и првиот Народноослободителен одбор за Струшка околија и избрана целокупната власт. Во ова импозантно здание, кое говори за некогаш огромната моќ и богатство на познатото вевчанско семејство, можело да се влезе од три страни. Така, на илегалците секогаш им останувал барем еден слободен излез ако евентуално биле откриени. По ослободувањето новата власт сакала да ја претвори во дом за старци.


Куќата на семејството Шиковци во селото Октиси, изградена во 1850 година

„Нашата куќа беше богата, мажите се облекувале модерно. Се сеќавам ние како деца скокавме од старите фотелји на цилиндри шешири и се натпреварувавме кој повеќе ќе ги набие. Мојот прадедо бил спонзор и на книгата “Народни песни од Кочанско“, издадени во Видин во 1909 година. Во нашата куќа е напишан и првиот криминалистички роман од македонски автор. Во неа живееше под кирија учителот Ристо Веруш кој го напиша тој роман, со кого победи на конкурсот на издавачката куќа “Џебна книга“ од Белград во 1967 година. Објавен е наредната година и јас и него го чувам„, раскажува Китаноски.

Тој се жали дека тешко се одржува толку голема куќа. Но сепак, ветува дека се ќе сторат сите од семејството за да ја зачуваат онаква каква што ја замислиле и изградиле неговите предци пред сто години. „Тоа е наш долг кон нашите дедовци и прадедовци кои во неа вложиле огромно богатство и ја граделе со неизмерна љубов не штедејќи пари“, вели Китаноски, кој во осумдесеттите години го посети Галац, за да запали свеќа на гробот на неговоиот дедо и да му се заблагодари на она што тој го направил за семејството.

Во Вевчани ја реализирал романската желба

Во Дримкол можат да се забележат разни стилови на куќи. Многумина печалбари настојувале своите домови да ги градат слично како и куќите во земјите каде што ѕидале. „Градејќи по светот имале желби да изградат нешто слично во родните места. Има еден интересен случај кој најилустративно зборува за тие нивни мераци. Тоа е куќата на Коруновци од Вечани која навидум изгледа доста сочувана и се добива впечаток дека е од поново време. Нејзиниот сопственик работел во Влашко, денешна Романија и на градоначалникот на гратчето во кое ѕидал му предложил план за новата градска куќа. Но, неговата идеа не се реализирала. А тој својот мерак да соѕида куќа каква што замислувал го реализирал во Вевчани. Таа куќа постои и денес. Има и една друга куќа изградена во 1912 година која има слична историја. Илија Пешиноски седум години бил претприемач во Измир, Турција и кога се вратил во Вевчани си изградил куќа во ориентален стил, онаква какви што ѕидал таму“, раскажува Ќушкоски.

Спомените на претците најголема светиња


Куќата на Никола Ѓонески, изградена од неговиот прадедо кон крајот на 18 век

Во куќата на Китановци се е наредено онака како што било пред сто години. Како во ниедна друга стара куќа тука може да се почувствува патината на некогашното време, кога мажите ги оставале жените и заминувале на гурбет за подобар живот. Тука се старите канабиња и фотелји кои се користат и ден денес и скапиот порцелан. Мишо Китаноски ни објаснува дека во неа во 1926 година за потребите на неговата баба бил напишан првиот импровизиран македонско – романски речник. Бил составен од 182 збора. Дедо му Ѓорѓи ненадејно починал во Галац, каде бил погребан со сите почести. Тогаш романската администрација испратила писмо во кое побарала неговата сопруга да дојде лично за да и го препишат имот што го имал таму. Бидејќи не знаела романски дома и напишале речник со најважните зборови кои сметале дека ќе и користат по патот и кога ќе пристигне таму. На левата страна и ги напишале зборовите на вевчански дијалект, а на десната на романски. Го ставила во пазувите на забунот и тргнала на долгиот пат. Кога ќе и затребало да праша нешто го вадела и читала од него. Во Галац останала шест месеци додека и го префрлиле имотот. Речникот, еден пасош издаден од отоманските власти во 1897 година, како и писмата што мажите им ги испраќале од Галац на жените во Вевчани, Мишо Китановски ги чува дома како најголема светиња.

Позајмено од Магазин Глобус
(www.www.globusmagazin.com.m)
Back to Top
medo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Dec-2007
Online Status: Offline
Posts: 217
  Quote medo Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 17-Aug-2009 at 11:18
Многу ми се допаѓа изгледот на оваа тула што е вградена во овие куќи, тоа е полна тула 25x12.5x6.5 cm, но бојата е фантастична. Ја викаат шатирана тула. Ја има и на некои куќи после с. Зајас, но таа по се изгледа е увезена од Австрија или Германија.
Дали некој случајно налетал на ваква тула на нашиов пазар или кај нашиве соседи?
Back to Top
medo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Dec-2007
Online Status: Offline
Posts: 217
  Quote medo Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 17-Aug-2009 at 18:44
Одлични написи за македонските куќи, мислам дека се 6.
http://my.opera.com/macedonians/archive/monthly/?month=200807
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12035
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 18-Aug-2009 at 12:54
Медо, еве да дополнам со фотки кои беа неодамна постирани во нишката за Вевчани, но добро е да ги имаме и тука.

1


2


3


4


5


6


7


8





9
Патем, да искористам прилика да прашам, бидејќи куќава отскокнува од доминантниот стил во Вевчани (а има уште по некоја слична), дали и како може да се класифицира оваа архитектура.
Исто така, делува премногу педантно направено, па дали е можно тоа да е добиено само со површни интервенции на стар објект, или куќава е „нова“, евентуално реконструкција врз темелите на некоја стара?

Back to Top
medo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Dec-2007
Online Status: Offline
Posts: 217
  Quote medo Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 18-Aug-2009 at 14:10
Одлични фотки. Знае ли некој каде може да се најде нијанса на полна тула како на сликата бр. 5 и 8? Или популарно наречена шатирана тула.
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 18-Aug-2009 at 15:20

Интересна тема, ова треба да оди во културно наследство, но не е лошо да се почне и нова општа тема за Македонска Куќа...

Медо за тули прашај во Малмакс БМ http://www.zlatnakniga.com.mk/preview.aspx?FirmaID=46646 стовариштето им е во Лисиче, но еве гледам во ЗК има и специјализирани фирми http://www.zlatnakniga.com.mk/Details.aspx?zaglavje=2405
Back to Top
medo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Dec-2007
Online Status: Offline
Posts: 217
  Quote medo Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 18-Aug-2009 at 15:35
Немаат. Веќе прашав. Обиколив 10 стоваришта околу Скопје, но никаде нема. Сите прво се чудат која шара ја сакам и после викаат "Дечко, тешко".
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 18-Aug-2009 at 15:57
 
Најблиску можеби е ова, прашај кај словенциве може го немаат тој тип на лагер но сигурно можат да нарачаат http://www.lesnina.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=175&Itemid=245
 
А зошто не отидеш кај некој грнчар, така најефтино ќе поминеш, ем ќе знаеш од која земја се замесени и каде се испечени тулите.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 18-Aug-2009 at 17:35
Max не зафркавај, кој денеска пече тули кај грнчар?! Оно може е изводливо, ама далеку од тоа дека некој грнчар ќе се нафати на таков подвиг за цена која би била подолна од онаа на било која тулана!
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 18-Aug-2009 at 19:27
и тоа нели обично рачната изработка е поскапа Question
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 19-Aug-2009 at 06:00

1.       Тулите не се ефтини за набавка од надвор, особено не ако сакаш да обезбедиш квалитетни (природни) а не петпарачки http://www.dreadnought-tiles.co.uk/100-natural.htm

2.       Одењето кај Грнчар не е исто со одење кај Скулптор. Јас невикам да отиде Медо по атељеата во с.Бардовци, туку кај некој Грнчар од селата низ Македонија. Претежно луѓе одат во Вранештица http://www.vranestica-grncar.org/vranestica.htm но секаде каде има печка со кубик дрва и некоја 100ка човек може да испече 3 кубика глина,  £100ката за марифетот на грнчарот http://sr.wikipedia.org/wiki/Опека

3.       Може да се оди и на уште поуникатни техники како бисквит керамика http://www.ceramics-directory.com/about-bisque-ceramics.php која се пече на 800-1200c истата потоа може и немора да се глазира, но по глазирањето бара повторно печење

4.       Оригиналноста е загарантирана, може човек да си направи секаков калап по избор: брановиден, искршен(геометриска керамопластика), заоблен, цевкаст, мозаичен...  вакво нешто не се наоѓа лесно во продавница, а и да се најде, сигурно нема да биде исплатливо за рационално инвестирање.

5.       Глината е жива материја, битно е дали и како може човек да ги искористи нејзините својства, пред се биолошко-еколошката вредност, која по индустриските тулани е заобиколена со вештачките бои и останати хемиски процеси. Нашите предци оделе и потаму, па и со пијан керпич ѕидале Wink http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=FF75ACB45D014C4EB4AB40E1706CAE5E&arc=1

Back to Top
medo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Dec-2007
Online Status: Offline
Posts: 217
  Quote medo Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 19-Aug-2009 at 07:56
Max, одличен пост. Многу добри идеи ми даде. Најпрво ќе се обидам со Вранештица. Некако најреално ми стои.
Особено ми се допадна текстот од Дневник. Алал нека ти е што го најде.
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 19-Aug-2009 at 22:50
Алал да му е на Дедо ми, Бог да го прости, што ме учеше грнчар да бидам првото нешто што го направив беше, тролисно чинивче... покасно и до атење ја затерав, само ме пресекоа од општина кога не ми дозволија во близина печка да изѕидам. Но не е страшно еднаш чим го научиш занаетот, колку и да си го баталил, рефлексите и волјата за моделирањето и калапењето си остануваат, само треба прикладен момент и одредени услови за традицијата да продолжи.  Размислував за некоја електрична http://www.electrickilns.co.uk/ но со нив можеш да печиш само ситнурии, и малку по малку, па така сеуште сум недореализиран на овој план. Затоа пак на ВР моделирање ја свртев, па еден од по експлоатираните програми ми е zbrush. 
 
Инаку за идеи, можам да посочам нешто по специфично а во однос на комбинацијата на материјали, имај во предвид доколку ти треба некаде некое вметнување на стакло, метал или камен во фасадата, а тоа да биде фин претоп во истата, дека најдобро е за тој сегмент да искористиш комбинација од polymer clay, тоа е глинен пластелин кој се соединува со останатите материјали на рекативно ниски температури на термичка обработка (а притоа не стануива порозен), процесот може да се изведе или со варење или со печење, а по термичката обработка пластелинов станува ултра лесна керамика која речиси и да не се разликува од вистинската глина. Заради ваквите својства обично ја користат истата за накит или украси, но воедно добро се вклопува и комбинира и во нешто како керамички екстериер или ентериер, еве еден пример, но тука цела површина е од фимо  http://www.flickr.com/photos/craftygoat/831545095/ можеби техникава ретко некој би ја употребил за архитектонско-естетска потреба, но сакам да потенцирам дека како опција постои, пример како би вметнал стаклени парчиња во сред ѕид со тули, а тоа да е фин претоп.
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 19-Aug-2009 at 23:01
Ова се од седмиот пост навака мислам треба да оди во Градежни материјали во Изградба подфорумот, единствено некако да се линкува со тукашните фотки кои се провокација за потрагата по крвавите цигли, или може да се отвори нова тема за керамички матерјали? 
Back to Top
medo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Dec-2007
Online Status: Offline
Posts: 217
  Quote medo Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 20-Aug-2009 at 10:40
Маx, супер информации. Доколку имам некои деликатни ситуации за решавање, ќе те барам.
Веќе договорив посета на Вранештица, наводно можело да се произведе тоа што го сакам, па најверојатно деновиве ќе одам до таму. Ќе известам што било.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12035
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 31-Aug-2009 at 02:17
Уште нешто од Вевчани. Во селото има туристички мапи за тамошната традиционална архитектура, чија содржина е таман ко за нишкава Smile

Извинете за големата резолуција, во случајов е потребна




Edited by Cloverstack - 31-Aug-2009 at 02:18
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.