build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Вандализам и примитивизам

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 38>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
iGi_PoP View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 156
  Quote iGi_PoP Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Вандализам и примитивизам
    Posted: 21-Jun-2017 at 17:04
Stoka znae li podobro...
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1148
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 21-Jun-2017 at 14:41
Таксистот треба да биде избркан од работа, да плати казна во висина од 10000% од вредноста на столпчето, а такси компанијата да биде казнета за да си ги воспита возачите.

На овие од велопатеката да им се конфискуваат автомобилите.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10875
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 21-Jun-2017 at 14:13
Таксист откорнува метално заштитно столпче за да си се паркира пред Веро Центар, Скопје

видеото на линкот подолу

https://twitter.com/darkhour_seeker/status/877460313800667137/video/1

Бонус слика од велопатеката на бул. Климент Охридски



Edited by Џоле - 21-Jun-2017 at 14:14
За сè има вторпат
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1148
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 19-Jun-2017 at 16:12
Уште едно ѓубре, да видиме дали ќе го сруши општината:

И покрај поништената одлука за градба, се крева хотелот во Лагадин



Инвеститорот Толевски ја воскресна изградбата на хотелот во Лагадин со кој се прекршуваат 13 закони, еден подзаконски акт и Уставот на Македонија. Овојпат незаконскиот хотел се гради без никакво одобрение за градба, зашто на истакнатата табла стои број на решение поништено од Општина Охрид уште на 15 март 2017 година, тврди Иницијативата Охрид ЅОЅ.

„Согласно податоците кои ги имате доставено до Инспекцискиот совет градбата на објектот е повторно отпочната без никакво одобрение за градба“, гласи одговорот на Инспекцискиот совет на РМ по претставката која Охрид ЅОЅ ја поднел на 15 јуни 2017 година.


Edited by Staro Skopje - 19-Jun-2017 at 16:12
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
iGi_PoP View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 156
  Quote iGi_PoP Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 12-Jun-2017 at 13:48
Dobredojdovte vo noviot poredok na vandalizam in primitivizam.
Eh Makedoncinja moi... vo rikverc idete veke mnogu godini i izgleda nisto ne naucivte..
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7004
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 11-Jun-2017 at 23:38

некогаш ептен се нервирам колку се форсира велосипедизмот и онаму каде што реално никој не е виновен и каде што нема потреба велосипедизмот да се става на пиедестал... во сообраќајот постојат и пешаци и моторни возила, deal with it
на 90% од пешачките патеки на кејот не може да се разминат луѓе, а не па да се користат за спорт, а ако трчаш на дивиот дел до патеката нозе ќе искршиш

иронично, видеово почнува токму од единствената делница каде што никаде нема пешачка патека, од Вучко до Маџир маало

и реално, и велоипедистите редовно си користат пешачки патеки, често со неприлагодена брзина, па не гледам никој да покренал акција за тој проблем

разберете дека во сообраќај најбитно е да имаш осет и внимание за останатите учесници, без разлика со какво средство се користиш... не е толку проблем мешањето на видови сообраќај колку што е проблем невниманието и себичноста
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2369
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 10-Jun-2017 at 17:07
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4675
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 06-Jun-2017 at 14:56
Градилиште е, во никој случај не е во ред. Што ако се десеше некоја незгода, ништо нема да може да ја оправда.
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 1899
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 06-Jun-2017 at 14:00
Previous
 
На мене ми делува сосема во ред, си нашле луѓето место под сенка на скопскиве горештини, и тоа со одличен поглед кон плоштадот.
 
И најверојатно нема да се повтори ваков настан, поради што оправдлив е денешниот исклучок.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1148
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 06-Jun-2017 at 13:18
Вандализирање вандализам не е вандализам, но сепак ова е недозволиво.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
gorazd View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 29-Oct-2011
Online Status: Offline
Posts: 253
  Quote gorazd Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 06-Jun-2017 at 12:59
Ohno


Back to Top
macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Feb-2008
Location: Lerinsko
Online Status: Offline
Posts: 674
  Quote macedonia Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 29-May-2017 at 00:31
Atina, Grcija

Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10875
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 24-Apr-2017 at 08:49
И скопската железарница своевремено била надвор од градот, но со ширењето на Скопје сега е дел од него. Како и да е, сега има доволно празни и недовршени простори што треба да се пополнат пред да се размислува за ново ширење (Саем, Керамидница, Маџир Маало, Крњево, делот пред Холидеј Ин итн.)
За сè има вторпат
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1148
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 23-Apr-2017 at 23:54
Усје и државна се направени пред земјотресот, а останатите се недовршени елементи од постземјотресната изградба. Затоа требаше да ги довршиме нив наместо да градиме панорамски тркала од 18 милиони евра и распаднати стиропорни завеси од 2 милиони евра.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2262
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 23-Apr-2017 at 23:09
Originally posted by Staro Skopje

Еден соросоид, платеник на СДСМ, Сорос и БЕСА за да ја уништи, разнебити, двојазичира, кантонизира и федерализира Македонија, кој пред 30тина години работел во овој завод, вели дека и во останатите бараки има архивски материјали.
Мислам дека треба веднаш да се дислоцираат за ордата да не дојде до нив, а доколку нешто започне да се гради таму, физички да го спречиме.
Истиот соросоид вели дека пред 37 години се работело на плански развој на Скопје што ќе ги задоволи сите барања на неговите граѓани, нешто сосема обратно од сега - развојот на Скопје се темели на барањата на бедни транзициони криминалци, кои најверојатно остатокот од животот ќе го поминат во некоја институција. Казнено-поправна, психијатриска или избегличка (тропски остров, Аргентина, Русија), останува да видиме.


Плански развој на Скопје во кој Цементарница е сместена безмалку во урбана старана, во кој Клинички Центар е сместен на осојна страна и до кој води еден преоптоварен булевар и каде нема место за паркирање и булевари исток-запад и север-југ кои неизбежно го водат сообраќајот низ најтесното градско подрачје, без притоа да има кружни обиколници како секој нормално испланиран град, како и недостатокот од мостови кои подоцна се направија како оној кај Хром и помеѓу Скопскиот Саем и Транспортниот Центар, или само по две ленти на булеварот помеѓу Автокоманда и Маџари, никако, ама баш никако не може да се смета за плански развој на Скопје.
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1148
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 23-Apr-2017 at 21:25
Не верувам дека некој очекуваше разум, почит кон историјата и културата на градот Скопје, почит кон планската работа и огромниот вложен труд (како од Македонија/Југославија, така и од странство) во постземјотресната обнова на Скопје и почит кон сите луѓе кои биле дел од овој процес од овие псевдофашистички варвари.

Никој не е заинтересиран за „остатоците“ од Заводот за урбанизам и архитектура / Фотогалерија

Два дена после трагичниот пожар, кој го пеплоса поранешниот Завод за урбанизам и архитектура на град Скопје сликата станува се повеќе очајна. За тоа што остана апсолутно никој не е заинтересиран, па денешниот ветер ги разнесува остатоците на сите страни. Во нив покрај богатството од документација за постземјотресната обнова може да забележиме урбанистички и сообраќајни студии за се она што е работено во втората половина на XX век, огромна библиотека со стручни наслови, списанија од полињата на интерес од регионот и што ли уште не.

Она што е навистина сомнително а што беше забележано деновиве низ медиумите, е информацијата дека водоводната и електричната инсталација биле исклучени, што наведува на сомнеж за подметнат пожар. Потоа како е возможно од институција – Завод за урбанизам на град Скопје, истата да премине во акционерско друштво и целото наследство да остане таму, кое пак сега е во стечај?! Најтажното е тоа што никој нема на терен, да се обиде да провери што е останато и со желба да го подигне од таму.


Повеќе на marh.mk
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1148
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 22-Apr-2017 at 14:34
Еден соросоид, платеник на СДСМ, Сорос и БЕСА за да ја уништи, разнебити, двојазичира, кантонизира и федерализира Македонија, кој пред 30тина години работел во овој завод, вели дека и во останатите бараки има архивски материјали.
Мислам дека треба веднаш да се дислоцираат за ордата да не дојде до нив, а доколку нешто започне да се гради таму, физички да го спречиме.
Истиот соросоид вели дека пред 37 години се работело на плански развој на Скопје што ќе ги задоволи сите барања на неговите граѓани, нешто сосема обратно од сега - развојот на Скопје се темели на барањата на бедни транзициони криминалци, кои најверојатно остатокот од животот ќе го поминат во некоја институција. Казнено-поправна, психијатриска или избегличка (тропски остров, Аргентина, Русија), останува да видиме.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2369
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 22-Apr-2017 at 01:36
Мислам дека планови и макети од на Танге проектот има во Музејот на град Ск. Сега дали овие биле некои други... сепак зошто воопшто се чуваат предмети од важност во запуштена барака на фирма во стечај, во која според некои медиуми навраќале и бездомници?
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1148
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 21-Apr-2017 at 14:11
Со оглед на тоа што актуелната владеачка структура составена од две групации на буквата Д не се ништо повеќе од вандали на кои местото им е во Бардовци, а нивните подджрувачи се примитивци кои уживаат да бидат крадени и малтретирани, ова ќе го објавам тука.
Доколку се испостави дека е вистина, сите членови на овие две партии (претпоставувам дека се над 100.000) ќе треба со свои раце да го рушат Скопје 2014, без да им се плати за тоа.

Изгореа оригиналните модели за Скопје од Кензо Танге?

о пожарот кој избувна денеска во бараките во кои се сместени Заводот за Урбанизам како и Институтот за социолошки и политички истражувања доведена е во прашање исклучително значајна документација за Градот Скопје но и земјата.

Се уште е рано да се испита дали нешто од оваа документација ќе го преживее големиот пожар, со кој противпожарните екипи се уште се борат, но познавачите веќе изразија загриженост за уништување на последните документациски траги од модерно Скопје.

Според урбанистот Леонора Грчева, во Заводот за урбанизам и архитектура Скопје (ЗУАС) се’ уште се наоѓаа(т) оригиналните модели за централно Скопје од познатиот светски архитект Кензо Танге, како и најголемата колекција и материјална меморија за обновата на пост-земјотресно Скопје.

„Заводот за урбанизам во периодот по земјотресот 1963 го координира, заедно со Обединетите Нации, Doxiadis Associates (светски познати урбанисти од Грција) и тим на полски планери, проектот за обнова на градот. Во ова спаѓа, меѓу останатото, изработката на нов мастер план (генерален урбанистички план) за цело Скопје, развивање на сценарија за развој на градот, градење на нови привремени и стални населби, и конечно конкурсот за централно Скопје на кој победуваат Кензо Танге и хрватите Мишевиќ и Вензлер. Изработката на финалниот план за централно Скопје го води ЗУАС. Ова значи дека во просториите на ЗУАС се’ уште се наоѓаа(т) оригиналните модели за централно Скопје од Танге, конкурсните материјали, архивите и студиите поврзани со генералниот план за градот, купишта оригинални цртежи и скици, практично најголемата колекција и материјална меморија за обновата на пост-земјотресно Скопје“, вели таа за Фокус.

Професорката Мирјана Најчевска од Инститот за социолошки и политички истражувања за Фокус вели дека од општина Карпош и градоначалникот Стевчо Јакимовски, за нивните бараки им било кажано дека се куп даски кои ништо не вредат.

„Ние сме дел од универзитетот, имаме многу богата библиотека и уште од 1968-ма наваму сме таму. Во пожарот може да биде уништена голема документација, се она што се однесува на постдипломски истражувања архиви и друга значајна документација. Со години се бориме да ни се признаат имотно правните односи, тој простор државата го дала на универзитетот, но еве сега не знаеме што ќе се случи, веднаш до нас се гради, така што не знаеме“, вели Најчевска.

Овие бараки неодамна биле избришани од урбанистичкиот план во Карпош, но потоа повторно вратени. Со оглед на градежната експанзија која се случува во општина Карпош, на социјалните мрежи веднаш се раширија шпекулации и сомневања за можно подметнување на пожарот заради бизнис интереси.


fokus.mk
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7004
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 22-Dec-2016 at 13:23

ставаат нови, додека има, се цица... овие новиве побарокни им се
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 38>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.