build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Вандализам и примитивизам

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 35363738>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2351
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #721 Posted: 17-May-2016 at 06:48

Луѓето треба да сфатат и трошоците за паркинг да ги вкалкулираат во трошоците за гориво, па сетне да направат есап што повеќе им се исплати.  

Газдите би требало/морало да исплаќаат трошоци за превоз и храна на работниците, во некаков просек.  


Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3801
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #722 Posted: 07-Jun-2016 at 22:20
Neznam samo sto e pogolem vandalizam. Vakvo bez idejno postavuvanje na evtini saksii ili nivnoto krsenje.



P.S. Da ne bidam loso razbran na strumickiot plostat mu treba zelenilo i sodrzini no ne vakvi mizerii. No kakvi i da se tie smesni saksii go osuduvam sekoj vandalski cin. Za zal vandalizmot stana sekojdnevie....
Back to Top
CenterCityKid View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Aug-2011
Online Status: Offline
Posts: 132
  Quote CenterCityKid Quote  Post ReplyReply #723 Posted: 10-Jul-2016 at 02:01
http://vest.mk/?ItemID=EFC06E45CE75534895D164C077C6F933



06.07.2016, 11:35
ПО НЕВРЕМЕТО ВО САБОТАТА

КРУЖНИОТ ТЕК КАЈ "КОНТИНЕНТАЛ" ПОПЛАВЕН ОД ДУШЕК ВО КАНАЛИЗАЦИЈАТА

Екипите на Градот при интервенцијата по невремето при чистењето на шахтите најдоа креветски душек кој го блокираше протокот на атмосферските води и предизвика затнување на атмосферската канализација, велат од Град Скопје

По кој знае кој пат град Скопје во понеделникот апелираше до граѓаните да не ги користат шахтите за атмосферска канализација како контејнери и да не фрлаат во нив цврсти и неразградливи предмети. Апелот дојде откако по невремето во саботата кружниот тек кај хотелот "Континетал" за миг се се наполни со вода па сообраќајницата сосе подвозникот личеше на езеро иако градските власти со години инвестуираат во атмосферска канализација во овој дел.
"Екипите на Градот Скопје по силното невремето кое го зафати Скопје во саботата попладне на 2 јули, излегоа на терен и извршија повеќе интервенции за да ги санираат последиците од обилните врнежи, односно да се отстранат водите од подвозниците коишто го попречуваа нормалното одвивање на сообраќајот. Загрижува фактот што некој се обидува да го попречи функционирањето на канализацијата, бидејќи екипите на Градот при интервенцијата по невремето при чистењето на шахтите најдоа креветски душек кој го блокираше протокот на атмосферските води и предизвика затнување на атмосферската канализација и поплавување на кружниот тек", велат од Град Скопје.
Кружниот тек кај "Континентал" има традиција на поплавување. Откако беше изграден, за време на градоначалничкиот мандат на Трифун Костовски , кружниот тек се поплавуваше и при најмал дожд. Тоа ги натера градските власти да направат анализа која покажа дека имало технички недостатоци во изведбата на проектот па затоа на атмосферската канализација се интеревенираше по налог на градоначалникот Коце Трајановски за да се отстранат недостатоците. По поправките кружниот тек не се поплавуваше дури и при поголеми дождови, се до саботата кога со часови не беше возможно да се вози од водата која на места надминуваше и еден метар длабочина. (М.И.П.)



You can't make this shit up.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6987
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #724 Posted: 10-Jul-2016 at 18:05
како успеале да фрлат душек во канализација?



и ова „власта апелира до граѓаните“ ми е пресмешно уште од поодамна
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3551
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #725 Posted: 13-Aug-2016 at 10:25

за греота

12.08.2016 - КРВАВА ТЕПАЧКА ПОМЕЃУ ВОЛОНТЕРИТЕ:

Работници кои расчистувале од поплавите се истепале!

Вчера околу 11.30 часот на ул. „Роман Каскаљиевиќ“, од работниците кои биле ангажирани за расчистување на поплавените куќи, дошло до нарушување на Јавниот ред и мир со тепачка, соопшти МВР.

Лицата А.С., Б.С. и З.С. од едната страна и М.A. од друга страна си размениле по неколку удари по лицето и телото со што се здобиле со видливи повреди главата и телото.

Поднесени се четири записници за констатиран прекршок по член 11 од ЗППЈРМ.

http://infomax.mk/wp/крвав-тепачка-помеѓу-волонтерите-раб/


12.08.2016 - НЕРВОЗИ И ТЕПАЧКИ КАЈ СТАЈКОВЦИ…

На 11.08.2016 година во 08.35 часот на обиколницата на клучка Арачиново застанало моторно возило „Мицубиши Пајеро“ управувано од Н.Г. (43) од Скопје, кој сакал со возилото да се движи кон населба Ченто. Откако му било кажано дека не може да се движи бидејќи сообраќајот е времено затворен, Н.Г. почнал да ги навредува и омаловажува полициските службеници, притоа непочитувајќи ја издадената наредба да не се задржува и да го напушти просторот. По ова од страна на полициските службеници се превземени мерки за лишување од слобода, по што Н.Г. со голема брзина го напуштил местото и се упатил кон клучка Хиподром. Лицето набргу било пронајдено и лишено од слобода за сторени прекршоци по член 13 и 14 од ЗППЈРМ.

На 11.08.2016 година околу 11.30 часот на ул. „Роман Каскаљиевиќ“, од работниците кои биле ангажирани за расчистување на поплавените куќи, дошло до нарушување на Јавниот ред и мир со тепачка. Лицата А.С., Б.С. и З.С. од едната страна и М.A. од друга страна си размениле по неколку удари по лицето и телото со што се здобиле со видливи поверди главата и телото. Поднесени се четири записници за констатиран прекршок по член 11 од ЗППЈРМ.

http://lokalno.mk/nervozi-i-tepachki-kaj-stajkovtsi/
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 1893
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #726 Posted: 13-Aug-2016 at 11:17
Originally posted by zabegan

како успеале да фрлат душек во канализација?



и ова „власта апелира до граѓаните“ ми е пресмешно уште од поодамна  

 
Па да, и на мене ми е смешно, со оглед на тоа колку пати граѓаните имаат апелирано до власта за безброј работи, па сепак нивните апели стигнуваат до глуви уши и до слепи очи, им се извинувам на луѓето со оштетен вид или без вид, како и на луѓето со оштетен слух или без слух, воопшто не ми е целта да ги навредам или потценам.
 
Но ова со душекот лично не ме изненадува мене, минатава пролет 2016 кај мој пријател ја чистеа канализацијата во бањата, и кадата мораа да ја извадат за да откријат дека канализацијата е затната од пешкир, како стигнал пешкирот до таму само Бог знае.


Edited by Dexter26 - 13-Aug-2016 at 11:30
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3551
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #727 Posted: 13-Aug-2016 at 16:56


ајде разбирам тоа тепачката погоре, сигурно партиски се закачиле, нема друго, но ова е навистина без преседан

дефинитивно имаме проблем со поука на граѓаните што и како смејат службите, грото не разбираат нит дека со држава нема мајтап и секојдневно, а не пак при катастрофа

12.08.2016 - Драма во Илинден – деца користени како жив штит?

Вистинска драма се случувала во населбата Илинден во најкритичниот момент. Со жив штит еден од жителите не дозволувал багерот да пристапи до каналот кој се излеал и поплавил дваесетина куќи.

По неколкучасовна расправија и со помош од полицијата, граѓаните успеале да ја турнат оградата и да му направат простор на багерот. Поплавените жители велат дека биле особено вознемирени кога соседот ги поставил двете малолетни деца како жив штит.

Жителот кој го навлече бесот на своите поплавени соседи вели дека тоа е негов имот, а за да им дозволи на багерите да чистат бара записник и обесштетување од општината.



Инспекторка од општина Илинден која во моментот била на терен го потврди настанот и вели дека била нужна интервенција на полицијата. Од водостопанство велат дека тие имаат право да работат 10 метри околу каналот и тоа не е упад во сопственоста.

Поповски вели дека 180 километарската каналска мрежа е функционална и нема простор за загриженост, но нивото на вода во каналот се уште е високо и во случај на нови дождови повторно ќе се прелее.

Според Поповски, Илинден е индиректна жртва бидејќи целата вода од Арачиново, Стајковци и останатите села се слеала во оваа општина. Жителите кои имаат полни дворови вода и се изложени на ужасна реа стравуваат од заразни болести.

Градоначалникот на Илинден, Жика Стојановски за 24 Вести вели дека екипите веќе почнале со дезинфекција, но чекаат да се извади целата вода за хемикалиите да имаат поголем ефект. Шести ден по невремето пумпите се уште вадат вода од дворовите.

http://24vesti.mk/drama-vo-ilinden-deca-koristeni-kako-zhiv-shtit


Edited by beTon - 13-Aug-2016 at 16:57
Back to Top
SkopjeZaVardar View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 13-Dec-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 66
  Quote SkopjeZaVardar Quote  Post ReplyReply #728 Posted: 26-Aug-2016 at 13:08
Сум го дошол со џип од швицарска, 200 иљади евра кошта. Ако сакам и на кров ќе го возам.

http://www.mkd.mk/sport/fudbal/navivachite-na-shkendija-gazat-se-pred-sebe-pa-i-treva-video
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 449
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #729 Posted: 26-Aug-2016 at 13:55


Дека чкембари, комити, и слични недоразвиени алфа мажјаци со потреба на припадност во стадо, се врв на културата и пацифизмот.
Back to Top
SkopjeZaVardar View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 13-Dec-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 66
  Quote SkopjeZaVardar Quote  Post ReplyReply #730 Posted: 26-Aug-2016 at 18:52
Па сигурно се по културни од диво племе што не знае на кружен тек да заврти, па и од развиени исфеминизирани фаци полни со комплекси.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6987
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #731 Posted: 26-Aug-2016 at 23:53
Originally posted by SkopjeZaVardar

Па сигурно се по културни од диво племе што не знае на кружен тек да заврти, па и од развиени исфеминизирани фаци полни со комплекси.
дефинитивно си имате натпревар во култура и едните и другите   
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6987
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #732 Posted: 26-Sep-2016 at 02:30
позади Капитол (сега веќе е исправено и исчистено)
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
SkopjeZaVardar View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 13-Dec-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 66
  Quote SkopjeZaVardar Quote  Post ReplyReply #733 Posted: 25-Nov-2016 at 16:52
Значи викаш туристи да се сликаат пред прекрасните споменици и фасади ама им ги зимаш камерите на влегување. Убаво ве учи лидерот.

https://vimeo.com/191724569
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10678
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #734 Posted: 26-Nov-2016 at 00:02


Ова е специфичен случај, не би избрзувал со заклучоци, иако за корумпираноста на државните службеници можат да се напишат цели томови.

Тврдењата на овој американски граѓанин се крајно потценувачки, дури и навредливи. Добил брошура (најверојатно застарена) за тоа што треба да се декларира при влез во државава, и потоа, кога му наоѓаат два непријавени дрона (редовно ги следам медиумите и знам дека регулативата за дронови е заострена поради одредени инциденти со странски граѓани) и му ги одземаат, се жали и ја грди државава на видео канали.

Две работи (со мало истражување) ми го привлекоа вниманието. Првата: цариниците ја пријавиле заплената на дроновите во медиумите (тој тврди дека му ги одзеле за да ги препродадат). Ако некој цариник прави криминал, не би пријавил заплена на стока во медиуми, зашто тоа е веќе доказ за сторен прекршок. Втората: истиот ден запленет е дрон кај грчки државјанин што е исто така пријавен во медиумите што ја следат криминалната хроника. Мое мислење е дека типот е огорчен поради тоа што му се случило и сега ја напаѓа Македонија без силни аргументи. Најголемиот пропуст во случајов е тоа што брошурата што му била дадена не ги содржи најновите измени во правилата за декларирање стоки на гранични премини. Тука ние сме потфрлиле како држава. И заслужуваме прекор и казна.
За сè има вторпат
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 449
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #735 Posted: 26-Nov-2016 at 01:08
Јас со батево многу се сложувам во една работа. Не се работи за неапдејтирана брошура или нешто слично. Јебига, контролите се чести, а се поготово збунувачки кога ти се случуваат во туѓа земја. Сум бил тресен и на граница, и на улица. Најмногу пример имам се разбира од МК, од Скопје. И иако е многу непријатна ситуација некој да има „од бога дадено“ право да те испрашува, проверува лични работи и сл., најиритирачкиот дел е односот на официјалните лица. Во други земји кајшто ми се случило е секогаш смирен тон, добарден, добровечер, господина, фала, пријатно. Кај нас - полуразвиени волиња, без грам осет, со пренапумпано его, кое се напумпало од значката која им е доделена, се дерат и понашаат ко да те фатиле на дело со 10 кг хероин и зоља на рамо, а ти само си бегаш дома од кафич. Е сега истото да ти се случи на непознат јазик во непозната земја - ефектот ќе биде погорниот.
Сепак, во никој случај не треба да се изгенерализира цела нација ради грст дебили.

п.с. не е вистина дека нема што да се прави на преминто меџитлија. Можи во фришоп да оди
п.п.с. дали некој забележа дека на сликата од судската чекалница боки 13ка чека на ред? хахахха    Типов ја запозна апсурдноста на Македонија во 24 часа, а нам ни требат години да се снајдеме

Edited by hcitrS - 26-Nov-2016 at 01:28
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6987
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #736 Posted: 26-Nov-2016 at 01:27

и токму поради ова даваме лоша слика, странците ја напуштаат државава збунети и револтирани дури и ако не се во право, затоа што некоја полуписмена стока не знае да им објасни со убаво во што е проблемот и да не ги казнува доколку прекршокот е минорен или воопшто немало прекршок, затоа што со или без брошура, нема шанси некој да ги знае сите можни закони во една држава, па макар и да седнел недела дена да ги пролистува

секаде низ светов полицијата се изживува врз странци, за жал честа појава е, само на балканов тоа навлегува во претеризам

Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 449
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #737 Posted: 26-Nov-2016 at 01:28
Update, samo shto gi dogledav i poslednite minuti:

Mn dobri citati (ne deka se od nego smisleni, ama dobro gi vklopil vo storijava):

"...how faceless and nameless people are in a bureaucratic system which exploits them strictly for it's own benefit.."

Za centarot na Skopje: "..it's got that feeling of soviet authority over you by the government...you just get that feeling they are spending a lot of money on things that don't matter except to send a message of authoritarianism.."

Vo 24 chasa razbra neshto shto na golem broj nashi sogragjani ne im e jasno i po 24 godini.

I na kraj zavrshuva "and I will be in happier countries soon".
Dushata me boli da slusham vakvi izjavi. A go vika iskreno.

Kolku samo od se srce se nadevam deka kje mrdnime vekje ednash upm.

Edited by hcitrS - 26-Nov-2016 at 01:31
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10678
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #738 Posted: 21-Dec-2016 at 09:34
Ги снема канделабрите на мостот Мајка Тереза...



https://twitter.com/firerot_/status/811451888289873920/photo/1
За сè има вторпат
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6987
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #739 Posted: 22-Dec-2016 at 13:23

ставаат нови, додека има, се цица... овие новиве побарокни им се
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1137
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #740 Posted: 21-Apr-2017 at 14:11
Со оглед на тоа што актуелната владеачка структура составена од две групации на буквата Д не се ништо повеќе од вандали на кои местото им е во Бардовци, а нивните подджрувачи се примитивци кои уживаат да бидат крадени и малтретирани, ова ќе го објавам тука.
Доколку се испостави дека е вистина, сите членови на овие две партии (претпоставувам дека се над 100.000) ќе треба со свои раце да го рушат Скопје 2014, без да им се плати за тоа.

Изгореа оригиналните модели за Скопје од Кензо Танге?

о пожарот кој избувна денеска во бараките во кои се сместени Заводот за Урбанизам како и Институтот за социолошки и политички истражувања доведена е во прашање исклучително значајна документација за Градот Скопје но и земјата.

Се уште е рано да се испита дали нешто од оваа документација ќе го преживее големиот пожар, со кој противпожарните екипи се уште се борат, но познавачите веќе изразија загриженост за уништување на последните документациски траги од модерно Скопје.

Според урбанистот Леонора Грчева, во Заводот за урбанизам и архитектура Скопје (ЗУАС) се’ уште се наоѓаа(т) оригиналните модели за централно Скопје од познатиот светски архитект Кензо Танге, како и најголемата колекција и материјална меморија за обновата на пост-земјотресно Скопје.

„Заводот за урбанизам во периодот по земјотресот 1963 го координира, заедно со Обединетите Нации, Doxiadis Associates (светски познати урбанисти од Грција) и тим на полски планери, проектот за обнова на градот. Во ова спаѓа, меѓу останатото, изработката на нов мастер план (генерален урбанистички план) за цело Скопје, развивање на сценарија за развој на градот, градење на нови привремени и стални населби, и конечно конкурсот за централно Скопје на кој победуваат Кензо Танге и хрватите Мишевиќ и Вензлер. Изработката на финалниот план за централно Скопје го води ЗУАС. Ова значи дека во просториите на ЗУАС се’ уште се наоѓаа(т) оригиналните модели за централно Скопје од Танге, конкурсните материјали, архивите и студиите поврзани со генералниот план за градот, купишта оригинални цртежи и скици, практично најголемата колекција и материјална меморија за обновата на пост-земјотресно Скопје“, вели таа за Фокус.

Професорката Мирјана Најчевска од Инститот за социолошки и политички истражувања за Фокус вели дека од општина Карпош и градоначалникот Стевчо Јакимовски, за нивните бараки им било кажано дека се куп даски кои ништо не вредат.

„Ние сме дел од универзитетот, имаме многу богата библиотека и уште од 1968-ма наваму сме таму. Во пожарот може да биде уништена голема документација, се она што се однесува на постдипломски истражувања архиви и друга значајна документација. Со години се бориме да ни се признаат имотно правните односи, тој простор државата го дала на универзитетот, но еве сега не знаеме што ќе се случи, веднаш до нас се гради, така што не знаеме“, вели Најчевска.

Овие бараки неодамна биле избришани од урбанистичкиот план во Карпош, но потоа повторно вратени. Со оглед на градежната експанзија која се случува во општина Карпош, на социјалните мрежи веднаш се раширија шпекулации и сомневања за можно подметнување на пожарот заради бизнис интереси.


fokus.mk
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 35363738>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.234 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.