build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Вандализам и примитивизам
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Вандализам и примитивизам

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 363738
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2308
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #741 Posted: 22-Apr-2017 at 01:36
Мислам дека планови и макети од на Танге проектот има во Музејот на град Ск. Сега дали овие биле некои други... сепак зошто воопшто се чуваат предмети од важност во запуштена барака на фирма во стечај, во која според некои медиуми навраќале и бездомници?
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1031
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #742 Posted: 22-Apr-2017 at 14:34
Еден соросоид, платеник на СДСМ, Сорос и БЕСА за да ја уништи, разнебити, двојазичира, кантонизира и федерализира Македонија, кој пред 30тина години работел во овој завод, вели дека и во останатите бараки има архивски материјали.
Мислам дека треба веднаш да се дислоцираат за ордата да не дојде до нив, а доколку нешто започне да се гради таму, физички да го спречиме.
Истиот соросоид вели дека пред 37 години се работело на плански развој на Скопје што ќе ги задоволи сите барања на неговите граѓани, нешто сосема обратно од сега - развојот на Скопје се темели на барањата на бедни транзициони криминалци, кои најверојатно остатокот од животот ќе го поминат во некоја институција. Казнено-поправна, психијатриска или избегличка (тропски остров, Аргентина, Русија), останува да видиме.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1031
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #743 Posted: 23-Apr-2017 at 21:25
Не верувам дека некој очекуваше разум, почит кон историјата и културата на градот Скопје, почит кон планската работа и огромниот вложен труд (како од Македонија/Југославија, така и од странство) во постземјотресната обнова на Скопје и почит кон сите луѓе кои биле дел од овој процес од овие псевдофашистички варвари.

Никој не е заинтересиран за „остатоците“ од Заводот за урбанизам и архитектура / Фотогалерија

Два дена после трагичниот пожар, кој го пеплоса поранешниот Завод за урбанизам и архитектура на град Скопје сликата станува се повеќе очајна. За тоа што остана апсолутно никој не е заинтересиран, па денешниот ветер ги разнесува остатоците на сите страни. Во нив покрај богатството од документација за постземјотресната обнова може да забележиме урбанистички и сообраќајни студии за се она што е работено во втората половина на XX век, огромна библиотека со стручни наслови, списанија од полињата на интерес од регионот и што ли уште не.

Она што е навистина сомнително а што беше забележано деновиве низ медиумите, е информацијата дека водоводната и електричната инсталација биле исклучени, што наведува на сомнеж за подметнат пожар. Потоа како е возможно од институција – Завод за урбанизам на град Скопје, истата да премине во акционерско друштво и целото наследство да остане таму, кое пак сега е во стечај?! Најтажното е тоа што никој нема на терен, да се обиде да провери што е останато и со желба да го подигне од таму.


Повеќе на marh.mk
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2176
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #744 Posted: 23-Apr-2017 at 23:09
Originally posted by Staro Skopje

Еден соросоид, платеник на СДСМ, Сорос и БЕСА за да ја уништи, разнебити, двојазичира, кантонизира и федерализира Македонија, кој пред 30тина години работел во овој завод, вели дека и во останатите бараки има архивски материјали.
Мислам дека треба веднаш да се дислоцираат за ордата да не дојде до нив, а доколку нешто започне да се гради таму, физички да го спречиме.
Истиот соросоид вели дека пред 37 години се работело на плански развој на Скопје што ќе ги задоволи сите барања на неговите граѓани, нешто сосема обратно од сега - развојот на Скопје се темели на барањата на бедни транзициони криминалци, кои најверојатно остатокот од животот ќе го поминат во некоја институција. Казнено-поправна, психијатриска или избегличка (тропски остров, Аргентина, Русија), останува да видиме.


Плански развој на Скопје во кој Цементарница е сместена безмалку во урбана старана, во кој Клинички Центар е сместен на осојна страна и до кој води еден преоптоварен булевар и каде нема место за паркирање и булевари исток-запад и север-југ кои неизбежно го водат сообраќајот низ најтесното градско подрачје, без притоа да има кружни обиколници како секој нормално испланиран град, како и недостатокот од мостови кои подоцна се направија како оној кај Хром и помеѓу Скопскиот Саем и Транспортниот Центар, или само по две ленти на булеварот помеѓу Автокоманда и Маџари, никако, ама баш никако не може да се смета за плански развој на Скопје.
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1031
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #745 Posted: 23-Apr-2017 at 23:54
Усје и државна се направени пред земјотресот, а останатите се недовршени елементи од постземјотресната изградба. Затоа требаше да ги довршиме нив наместо да градиме панорамски тркала од 18 милиони евра и распаднати стиропорни завеси од 2 милиони евра.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10401
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #746 Posted: 24-Apr-2017 at 08:49
И скопската железарница своевремено била надвор од градот, но со ширењето на Скопје сега е дел од него. Како и да е, сега има доволно празни и недовршени простори што треба да се пополнат пред да се размислува за ново ширење (Саем, Керамидница, Маџир Маало, Крњево, делот пред Холидеј Ин итн.)
За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 363738

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.