build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Вандализам и примитивизам
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Вандализам и примитивизам

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2526272829 40>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #521 Posted: 16-Jul-2014 at 11:55
Колку „шверцери“ се фатени во автобусите на ЈСП?

Расте бројот на граѓани што го користат јавниот превоз, но исто така расте и бројот на „шверцерите“ во автобусите на ЈСП. Како што пишува Дневник, во последните три години службата за контрола на билети лани извршила 156.540 контроли, при што без платени карти биле фатени 15.635 лица. Во таков случај на самото место се наплатува казнен билет од 300 денари, а ако лицето одбие, има рок од осум дена да ја плати казната. Ако не плати, ЈСП поднесува пријава до МВР, по што се поведува прекршочна постапка и се наплатуваат 50 евра, плус 25 за трошоци.



http://www.skopjeinfo.mk/gradot/2145880608/kolku-sverceri-se-fateni-vo-avtobusite-na-jsp
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7252
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #522 Posted: 16-Jul-2014 at 17:41
а од кога се направи бесплатниот превоз за пензионерите, контролите се тродуплираа, затоа што ЈСП немаше веќе промет и од тогаш, ... исто така контролата на линии кои идат кон „сомнителни населби“ е укината, таму ако контрола извади тикет за 300 денари, се знае кај ќе му го напикаат...
а услугите на ЈСП сеуште остануваат заглавени во 13-ти век... битно имаат онакви батки кои изигруваат шерифи, дури и кога во еден автобус се возат 200 луѓе, нешто за што ни индиец не би платил

понекогаш ми иде да се шверцам чисто од инает
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12897
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #523 Posted: 22-Jul-2014 at 22:11
Новите контејнери на Партизанска:



Ќе го додадам само ова - познавајќи го менталитетот на нашиот народ, со кој памет се купија пластични контејнери кога секогаш, ама секогаш го палат ѓубрето во нив? И што сега - ќе трошиме пари за нови? Некој дебело заработува на ова.

Edited by Џоле - 22-Jul-2014 at 22:11
За сè има вторпат
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7252
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #524 Posted: 23-Jul-2014 at 03:26
абе види, технички гледано и алуминиум се топи... значи не е до материјалот, туку до начинот и до луѓето
кога човек успеа да се пикне во подземните контејнери, тогаш како очекувате нешто во тој проблем да тргне на арно? се уништија сите контејнери за рециклирање, а останатите постојано се палат, превртуваат и преместуваат на несоодветни места, пола од корпите за отпадоци во градов се уништени или ги нема
ако може некој да казнува за еден пикавец (кој патем немаш ни кај да го изгасиш), може да казнува и за вакви дела... и не ме интересира какви загрозени видови на животни биле тие кои го прават тоа... мора да се има ред
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Dzeksi View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Apr-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 389
  Quote Dzeksi Quote  Post ReplyReply #525 Posted: 23-Jul-2014 at 08:54
Ako se analizira sliakta se gleda deka nisto ne raboti vo drzavava ! Stopen e do zemja be Big%20smile nikoj ni da prijavi pa pozarnikarai da dojdat ( aj ok neke nikoj da se zamara ) a se raboti za PARTIZANSKA bulevar  ne nekoja sporedna ulicka sto zanci nemalo ni policija da pomine minimum 1 saat sto zanci kakov narod takva drzavaaaaa BananaDump
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #526 Posted: 23-Jul-2014 at 16:40
Каменуван автобус на ЈСП

На булеварот „Македонско Косовска Бригада“ во Скопје, од страна на засега непознат сторител извршено е оштетување на автобус на ЈСП кој сообраќал на релација Карпош – Шуто Оризари.



На автобусот му е оштетено левото странично стакло. За среќа, повредени лица нема, а предизвикана е само материјална штета.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

http://www.skopjeinfo.mk/gradot/958587865/kamenuvan-avtobus-na-jsp-
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #527 Posted: 23-Jul-2014 at 17:23
Контењерите се доказ дека сме банана држава. Без разлика дали се цел на вандали, дали у ситуација коа ѓубре некаде не се собира со денови па мора контејнерите со оган да ги празнат, дали има недоволен број контејнери па народот е принуден да фрла од страна, или најлошото, стотици луѓе да буричкаат по контејнери, а такви се почесто има и Македонци и Албанци, а не само Роми, дали и натаму сме ужасно прљав град, колку мачки и кучиња скитници ги расфрлаат преполните контејнери... Оној што не е испран многу лесно може да види до каде сме само кога ќе го види локалниот контејнер.
23ka.wordpress.com
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #528 Posted: 23-Jul-2014 at 17:43
Бидејќи не пишува дека темава се однесува само на вандализмот и примитивизмот во Скопје и во Македонија, одлучив тука да ја објавам сликава.
 
Имено, како што спомнав во темата за јавен превоз Од светот, во пост #48, јавниот превоз во Буенос Аирес - главниот град на Аргентина, се поднови со нови трамвајски возила во понеделникот, 21 јули 2014.
 
Штотуку сефтосани, новите возови веќе во вторникот, 22 јули 2014, беа предмет на вандализам од страна на градските уличарски уметници, кои веќе накитија еден од возовите со своите графити.
 
За среќа, возовите биле направени така што би биле потребни 48 часа за да се исушат графитите и за да биде отежнато нивното отстранување.
 
Но бидејќи графитите се откриени порано, лесно било нивното отстранување, а виновникот е снимен од безбедносните камери.
 
Се на се, изгледа и Аргентинците имаат сличен менталитет како и ние Македонците кога станува збор за имот кој е од јавна сопственост.
 
http://www.infonews.com/2014/07/22/sociedad-154625-ya-aparecieron-graffitis-en-el-sarmiento-a-un-dia-de-la-inauguracion-linea-sarmiento-trenes.php
 



Edited by Dexter26 - 23-Jul-2014 at 17:46
Back to Top
one1 View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 13-Mar-2013
Online Status: Offline
Posts: 416
  Quote one1 Quote  Post ReplyReply #529 Posted: 23-Jul-2014 at 21:38
Верувајте тешко е да се опише колку заостанат народ крепи на овие простори. Да тргнеме од новите контејнери за селектирање на отпад жолти по боја. На нив со дебели букви е означено дека се спремни да примат соодветен отпад односно ПЛАСТИКА И ЛИМЕНКИ. Меѓутоа истите тие се пребукирани со шут. Бидејќи на 90% од граѓаните т.е сељаците на Град Скопје им е тешко да си ги менуваат навиките и исто така им е тешко дома да го селектираат отпадот. Да потсетам во овие контејнери ќеси не се фрлаат туку се истура само пластиката и лименките и кесите си ги земате. Секако збоуваме за платика најчесто од храна и пијалаци но не и индусриска пластика. Имајќи предвид оти овие контејнери се само почеток за еден ден да имаме и селекција на сакло и други видови на отпад назад сме веројатно околу 40 години.
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2446
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #530 Posted: 24-Jul-2014 at 00:25
Originally posted by jyvation

Колку „шверцери“ се фатени во автобусите на ЈСП?

Расте бројот на граѓани што го користат јавниот превоз, но исто така расте и бројот на „шверцерите“ во автобусите на ЈСП. Како што пишува Дневник, во последните три години службата за контрола на билети лани извршила 156.540 контроли, при што без платени карти биле фатени 15.635 лица. Во таков случај на самото место се наплатува казнен билет од 300 денари, а ако лицето одбие, има рок од осум дена да ја плати казната. Ако не плати, ЈСП поднесува пријава до МВР, по што се поведува прекршочна постапка и се наплатуваат 50 евра, плус 25 за трошоци.


Минатава недела се возев со ЈСП неколку пати. Тонери немат сменето од Гутенберг наваму.. билет отчукан - печат нема.. што правиме ако во таква ситуација те начека контрола?
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4665
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #531 Posted: 24-Jul-2014 at 11:41
Ако не работи печатачот во валидаторот за билети, треба да одиш до кај мајсторот за да ти го скине рачно.

Ако влезе контрола, си имаат едно картонче со кое прво проверуваат дали печатачот има мастило или не, па ако не, тогаш океј си со скинато билетче.

Наравоучение: носи си еден празен скинат билет, и картонче да проверуваш дали работи печатачот. Ако не работи, вози си се со истиот билет на сите автобуси.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7252
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #532 Posted: 24-Jul-2014 at 16:47
Originally posted by гитардемон

Ако не работи печатачот во валидаторот за билети, треба да одиш до кај мајсторот за да ти го скине рачно.

Ако влезе контрола, си имаат едно картонче со кое прво проверуваат дали печатачот има мастило или не, па ако не, тогаш океј си со скинато билетче.

Наравоучение: носи си еден празен скинат билет, и картонче да проверуваш дали работи печатачот. Ако не работи, вози си се со истиот билет на сите автобуси.
најстариот трик за шверцање што постои LOL
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #533 Posted: 29-Jul-2014 at 23:51
„ГРАДСKИ ПАРKИНГ“ АПЕЛИРА ДО ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ИМ ЈА KРАДАТ ОПРЕМАТА

ЗА ДА НЕ ПЛАТАТ КАЗНА, ТРКАЛОТО СО БЛОКАТОР ГО МЕНУВААТ СО РЕЗЕРВНО



Несовесни граѓани на јавното претпријатие „Градски паркинг“ му украле 12 блокатори во изминативе седум месеци, односно 121 за четири години, информираа надлежните. Станува збор за возачи кои се паркирале на паркинг, но не платиле за паркирањето, а на кои вработените им поставиле блокатор на едно тркало.

- Од досегашното петгодишно искуство на „Градски паркинг“ е утврдено дека некои граѓани, сакајќи да ја избегнат казната, го заменуваат тркалото на кое е поставен блокаторот со резервно и го напуштаат паркиралиштето. Откако службите ќе утврдат дека блокаторот е украден, т.е. одземен, случајот во рок од осум часа се пријавува во полиција, која потоа трага по сторителите, а се спроведува и соодветна постапка за наплата на казната и нанесената штета. Во одредени ситуации се спроведува и судска постапка - информираат од претпријатието.

Одговорните апелираат до граѓаните да ја чуваат и да не ја оштетуваат опремата на јавното претпријатие и да ги почитуваат правилата за паркирање на зонските паркиралишта, кои подразбираат плаќање на паркинг-услугите или со греб-карта или со испраќање на СМС преку мобилен телефон.

Блокатор на тркало се поставува доколку не се изврши навремено плаќање за паркирањето. За негово отстранување сопственикот на возилото е потребно претходно да плати казна за непрописно и несовесно паркирање.

http://www.dnevnik.mk/?ItemID=61702166246F494385408CBAD988CB54
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1711
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #534 Posted: 30-Jul-2014 at 00:01
A od kade toa pravo da ti ja blokiraat kolata!? Vakvi zakoni mozat da se vidat samo vo ludi drzavi kako nasata. Neplakanjeto na zonski parking e najobicen prekrsok koj treba da se resi so pisuvanje kazna. Ako nekoj ja ignorira kaznata sleduva opomena, pa zgolemuvanje na sumata koja treba da se plati itn...
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #535 Posted: 30-Jul-2014 at 02:57
Previous
 
А тоа што можеби возачот се брза да ја однесе сопругата на породување, или не дај Боже, некој од неговото семејство има потреба од итна медицинска помош, поради што возачот паркирал без да плати, односно без да испрати СМС порака со регистрацијата на возилото до јавното претпријатие за паркинг простор, и не е толку важно.
 
Тоа што човечки животи може да се во прашање и не е толку важно, поважен е профитот од паркирањето.


Edited by Dexter26 - 30-Jul-2014 at 02:57
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #536 Posted: 30-Jul-2014 at 12:15
Originally posted by Dexter26


Previous  А тоа што можеби возачот се брза да ја однесе сопругата на породување, или не дај Боже, некој од неговото семејство има потреба од итна медицинска помош, поради што возачот паркирал без да плати, односно без да испрати СМС порака со регистрацијата на возилото до јавното претпријатие за паркинг простор, и не е толку важно.  Тоа што човечки животи може да се во прашање и не е толку важно, поважен е профитот од паркирањето.




Кој би знаел??
Ако има на лице место контролор би требало да се најде решение, ама ако е преку СМС тешко.
Ама сега ни тие не ги ставаат барем јас не сум видел.Ќе ти викнат пајак и чао пријатно.
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Online
Posts: 2391
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #537 Posted: 30-Jul-2014 at 13:24
Во случај на вакво нешто кај нас, дали Пајак-службата ќе плати отштета?



Edited by phenomenon - 30-Jul-2014 at 13:25
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #538 Posted: 30-Jul-2014 at 17:30
Да се плаќа оштетата.
Досега сум сретнал лично неколку случаеви кој добиле нови возила и плус оштета за нанесена штета на возило кое не се поправа.
Плус мој познаник работи во Градски паркинг па истото ми го кажа. Ама најчесто казните паѓаат на товар на вработените.
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #539 Posted: 31-Jul-2014 at 12:27
Лоша слика и реа: Мостовите покрај кејот станаа јавен тоалет

Кејот на Вардар е преполн со спортисти, рекреативци, родители, кои со своите деца излегле да прошетаат и да се опуштат во вечерната ладовина. Патеките се чисти и без некој проблем секој го наоѓа своето место на потегот од Аеродром преку плоштадот „Македонија“ до хотелот „Александар палас“ или, пак, до мостот во Карпош 4.



Спротивно на ова граѓаните со години реагираат дека во овој дел од градот нема доволно јавни тоалети, што предизвикува дополнителни проблеми. Од една страна, граѓаните мора да се снаоѓаат кога е во прашање вршењето физиолошка потреба, а од друга страна, за тоа најчесто се користат местата под мостовите низ кои сите минуваат. Поради топлите временски услови лошата миризба што оттаму се шири е речиси неподнослива, пишува Нова Македонија.
Не е нормално ниту хигиенски оправдано некој да уринира на јавно место. Срамно е кога ќе поминам со моето дете под мостот и кога таму ќе забележиме како некој уринира. Ова се случило двапати само изминатава недела. Реата е неподнослива - реагира Љубица Трпчевска од Скопје.
Не е проблем само тоа што речиси секојдневно може да се види некој како си се „олеснува“, уште полоша е смрдеата што се шири поради топлото време.
- Јас возам велосипед по патеката покрај кејот затоа што тоа е многу побрз начин да стигнам на работа. Возам од Карпош до Аеродром. Но кога ќе поминам под мостовите, ми се лоши. Уште неколку метри пред мостот се чувствува реата, а кога ќе поминам под него се гледаат трагите на лошите навики. Смрди многу лошо. Оваа состојба е лош имиџ за градот. И казни воведоа за уринирањето, но сѐ е залудно - вели Владимир Стојановски, редовен посетител на велосипедските патеки на кејот.
Тој додава дека треба да се влијае и на свеста кај граѓаните за подобрување на однесувањето и навиките за живеење во урбана средина.

http://www.skopjeinfo.mk/gradot/995998466/losa-slika-i-rea-mostovite-pokraj-kejot-stanaa-javen-toalet


Не ги разбирам луѓево со овие навики, но од друга страна нема ни еден функционален јавен тоалет во градов.

Edited by jyvation - 31-Jul-2014 at 12:28
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #540 Posted: 31-Jul-2014 at 13:37
Previous
 
Еднаш пред нецела година, ми се погоди да одам пешки низ Автокоманда и поминував низ подземниот премин кој се наоѓа под надвозникот од каде што се врти или кон Автокоманда или кон булевар Киро Глигоров/Војводина.
 
Настрана неподносливата реа од урина, но истата е и исушена, па патиките буквално ми се залепуваа за подот.
 
А кога сме кај мостовите над Вардар, од мостот кај Александар Палас веќе 2 години, ако не и повеќе, тече вода врз велосипедската патека под мостот. За неподнослива реа од урина не знам, бидејќи никогаш не застанувам таму кога поминувам со велосипедот.
 
Но затоа можам да потврдам дека неподносливата реа од урина ја има под мостот Гоце Делчев и под мостот кај Скопски саем кој поминува паралелно со железничкиот мост кај Железничка Станица Скопје.


Edited by Dexter26 - 31-Jul-2014 at 13:39
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2526272829 40>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.186 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.