build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Expo 2010 Shanghai China

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <123>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
алек View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 23-Mar-2009
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote алек Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 06-Sep-2009 at 22:31



Edited by алек - 06-Sep-2009 at 22:32
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 09-Sep-2009 at 15:09
НА САМО ОСУМ МЕСЕЦИ ПРЕД ГОЛЕМАТА САЕМСКА МАНИФЕСТАЦИЈА
На ЕКСПО одиме, но немаме концепт

На само осум месеци пред почетокот на најголемата светска саемска манифестација „Експо 2010“ што ќе се одржи во Шангај, македонските власти немаат никаков концепт, ниту, пак, знаат со што ќе се претстави нашата државата на оваа грандиозна манифестација. Традиционално, стотици земји од целиот свет на овој саем ги изложуваат своите достигнувања. Повеќето од нив веќе го имаат детализирано својот концепт и наголемо се подготвуваат за учеството. Кај нас, единствено што се знае е дека Македонија се пријавила за учество и избрала идејно решение за павилјонот во кој треба да се претставиме, но неговата изработка се уште не ни е почната. Избрана е само прва награда за идејното решение, а главниот проект уште не е направен. Манифестацијата почнува во мај, в година во Кина. На интернет-страницата на „Експо 2010“ стои општа информација дека нашата земја, регистрирана под референцата ФИРОМ, е учесник на изложбата меѓу вкупно 192 држави. Од страницата на Министерството за економија се дознава само дека се наградени десетина автори, но не е наведено кој за која награда е избран. Во мај годинава е завршен конкурсот за избор на идејно решение за павилјон, за презентација на Македонија на светската изложба. Изминатава недела никој во Министерството за економија немаше информации до каде е подготовката за нашето учество на саемот. - Побарајте ги заменик-министерот Методија Хаџи Васков, кој е генерален секретар на одборот за учество на Македонија, државниот секретар во Министерството Катерина Костеска или Виктор Мизо, директорот на Агенцијата за странски инвестиции. Јас не учествувам на нивните состаноци и немам информации до каде се работите и“ни рече Исмаил Ебипи, портпаролот на Министерството. За неделава средба со новинарите вети заменик-министерот Хаџи Васков. Според учесниците на конкурсот, од нив се барало да изработат лого, слоган и павилјон со дадени локациски услови. Била дадена површината на просторот на кој Македонија треба да се претстави, а нејзината презентација требало да вклучи повеќе медиуми, меѓу кои видео, музика и изложба. - Македонскиот павилјон ја претставува идејата за постигнување хармонија меѓу индивидуата, урбаниот развој и природата при што фокусот е даден токму на граѓанинот. Во контекст на источната мисла, градот, поединецот и природата се поставени во хармонична целина и“за своето решение вели првонаградената Андријана Савиќ, која, исто така, не знаеше до каде е подготовката за нашето учество на саемот. За разлика од Македонија, некои од земјите учесници веќе имаат објавено слики од своите павилјони на интернет страницата на „Експо 2010“. Во медиумите се известуваше дека во Шангај каде што се одржува настанот, на земјава бесплатно и е отстапен простор од 350 квадратни метри за павилјон. На светската изложба која во 2000 година се одржуваше во Германија, се претставивме под мотото „Македонија, колепка на културата и“земја на природата“, но многумина настапот го оценија како сиромашен. Годинешнава тема на „Експо“ е „Поубав град за подобар живот“.



http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1808&ArticleID=121375
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 09-Sep-2009 at 20:39
срамота Wallbash, целта за „унапредување на туризмот и културата“ на владата се повеќе се дебилизира и без потреба досега се направија многу работи, но на местата каде највеќе треба да се претставиме, или не нема или киксираме до даска
Back to Top
алек View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 23-Mar-2009
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote алек Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 17-Mar-2010 at 21:46
по интернетов ми налетаа фотографии од Британскиот павиљон на уште само неколку месеци пред отварањето
импресивно !!!









Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 17-Mar-2010 at 22:00
Ефектот на фасадата е навистина неверојатен. За каков материјал се работи?
Back to Top
алек View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 23-Mar-2009
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote алек Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 17-Mar-2010 at 22:12
тоа се акрилни прачки [acrylic rods]

http://www.boston.com/bigpicture/2010/03/shanghai_prepares_for_expo_201.html

еве и линк и за некои од останатите павиљони до кај се стигнати
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 25-Apr-2010 at 17:09
На „Експо Шангај“ со „Урбан континуитет“
 
„Урбан континуитет“ е темата со која Република Македонија ќе се претстави на светската изложба „Експо Кина“ во Шангај, која ќе се одржи од 1 мај до 31 октомври 2010 година  
 
%20  
Изложбата е посветена на темата „Подобар град, подобар живот“, а изложбениот простор на Македонија ќе биде поставен во рамките на Заедничкиот европски павилјон. Официјално претставување на изгледот и активностите на македонскиот павилјон ќе биде направено на 26 април во Скопје, на кое ќе присуствуваат и официјални претставници на Министерството за економија и на кинеската амбасада во земјата.

- Со нашата тема „Урбан континуитет“ сакаме да ги претставиме урбаното живеење и планирање низ подолг период на наше опстојување на овие простори. Ќе се претставиме со повеќе активности, кои ќе го прикажат нашите економски потенцијали, земјоделското производство и можностите за инвестирање. Дел од презентацијата ќе се однесува на културниот идентитет низ милениумите, како и на различностите на урбаните заедници во земјата - ни изјави Методиј Хаџи-Васков, заменик-министер за економија.

„Експо Кина 2010“ е најголемиот саем на светот, на кој традиционално секоја земја ги изложува своите достигнувања во областа на технологијата, архитектурата, заштитата на животната средина. Кинеските власти многу вложија во организирање на оваа најзначајна манифестација во светот во оваа година и најавуваат дека тој ќе биде „уникатен“ по многу работи. Изложбениот простор ќе зафати пет квадратни километри, односно 250 хектари атрактивно земјиште во центарот на Шангај.

Светската изложба, која првпат се одржа во 1851 година, претставува најголем настан од ваков вид, како и предизвик за сите земји од светот за презентирањето на достигнувањата во економијата, технологијата, науката, културата, архитектурата и другите области. Од светскиот саем Експо 1992 одржан во Севилја, Шпанија, државите сé повеќе и повеќе почнаа да го користат светскиот саем како платформа за презентирање на нивниот национален бренд. Финска, Јапонија, Канада, Франција и Шпанија беа добар пример за ова.

Студијата „Експо 2000 Хановер низ бројки“ покажува дека промовирањето и зајакнувањето на националниот бренд бил главниот мотив за учество на 73 проценти од земјите-учеснички на „Експо 2000“. Изложбата е добар начин за брендирање на нацијата. Покрај презентација на културните причини, земјите организатори (градовите и регионите домаќини) исто така го користат моментот за нивно брендирање.
 
   
Автор: М.Р.Ј.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=42410102596&id=10&prilog=0&setIzdanie=21967

Edited by Cloverstack - 25-Apr-2010 at 17:12
Back to Top
VirginAtlantic View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jun-2009
Location: Софиjа
Online Status: Offline
Posts: 254
  Quote VirginAtlantic Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 25-Apr-2010 at 18:36
Британците са луди!!!
Фантастично!Applause
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 27-Apr-2010 at 11:08

Македонскиот павилјон во „пчелино“ гнездо


Стилизирано пчелино гнездо со препознатливи домашни мотиви и спотот „Македонија вечна“ од режисерот Милчо Манчевски ќе бидат препознатливото обележје на Македонија на светската изложба „Шангај ЕКСПО“, која ќе се одржи од 1 мај до 31 октомври во Кина

 

 
%20  
Македонскиот павилјон, дело на архитектот Андријана Савиќ, ќе биде сместен во квадрат со страни од 18 метри. Основната тема на презентацијата е урбаниот континуитет.

На саемот се планирани презентации за традиционалните македонски јадења и здравата храна, традиционалните занаети, руралниот развој и модерната економија, локалниот развој, животната средина и природните ресурси, со кои располага државата, културните различности, писменоста, образованието и иновациите.

Централната манифестација ќе се одржи во пресрет на 8 септември – Денот на независноста на Македонија.

Претставувањето на „Шангај ЕКСПО“ Македонија ќе ја чини 650 илјади американски долари, обезбедени преку Бирото за координација на активностите за оваа манифестација.

- Нашата цел е да се претставиме достоинствено и скромно во рамките на нашите можности и да направиме колку што е можно порационална презентација - изјави заменик-министерот за економија и национален координатор на Светската изложба во Шангај, Методиј Хаџи Васков.
 
 

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=427101029123&id=10&prilog=0&setIzdanie=21969
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 01-May-2010 at 20:54

Oтворен македонскиот павилјон на Шангај Експо 2010

01.05.2010 - 12:32 |

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и заменик-министерот за економија Методија Хаџи Васков денеска свечено го отворија павилјонот на Република Македонија на светската изложба Шангај Експо 2010.

На отворањето присуствуваа и членовите на парламентарната група за македонско - кинеска соработка, Силвана Бонева, Цветанка Иванова и Џеват Адеми.
 
Националниот комесар на Република Македонија за Шангај Експо Хаџи Васков на членовите на делегацијата им го претстави просторот во македонскиот павиљон, дизајниран во форма на пчелино саќе испреплетено со мотиви од урбани средини и пејсажи од Република Македонија, што во целост се вклопува со мотото на Експо 2010 „Подобар град, подобар живот“.
 
Претседателот Вељаноски во Шангај се сретна со потпретседателот на Народна Република Кина, Ши Џинпинг. На средбата Џинпинг искажа задоволство од постигнатото мошне високо ниво на вкупните односи меѓу двете земји, што ги карактеризира висок степен на пријателство и меѓусебно разбирање.
 
- Убеден сум дека соработката меѓу нашите две земји на различни полиња уште повеќе ќе се продлабочува и ние сме подготвени да ги засилиме нашите активности. При тоа се надевам дека ваквите добри односи на сите останати полиња ќе придонесат за интензивирање особено на економската соработка, истакна претседателот на Собранието Вељаноски.
 
Потпретседателот Џинпинг истакна дека учеството на Република Македонија на Шангај Експо 2010 ја покажува почитта кон Кина, како домаќин на овој извонредно голем и значаен настан.
 
- Се надевам дека вашиот павиљон ќе постигне целосен успех и ќе ги покаже шармот и убавините на РМ пред светската јовност, рече Ши. Воедно тој нагласи дека кинескиот и македонскиот народ ги врзува традиционално пријателство, а односите меѓу двете земји се развиваат во различни области од заенички интерес, што се потврдува и со интензивирањето на меѓусебните средби на различни нивоа.
 
Претседателот на Собранието Вељаноски, како што соопшти неговиот Кабинет, беше гостин на свечената вечера што по повод отворањето на Експо 2010 ја приреди претседателот на Кина Ху Џинтао, а на која присуствуваа педесетина шефови на држави, претседатели на парламенти и влади.
 
Високите гости заедно ја проследија и спектакуларната програма, по што светската изложба Експо 2010 беше официјално отворена.
 
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 03-May-2010 at 13:16
Многу добра црвенава лента....и фино Трајко што го сликнале, ама не видов барем екстериер во некоја минимална резолуција од павиљонот...имате ли претстава за што се работи?
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 03-May-2010 at 13:34
Колку знам е во облик на саќе и во секој потоаголник е развојот ...
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 03-May-2010 at 13:47
Па тоа го сфатив од написот на сител, ама мислев на визуелна претстава - рендер ако ништо друго...

http://www.csmonitor.com/World/Asia-Pacific/2010/0430/As-Shanghai-Expo-opens-construction-workers-still-pounding-nails-and-paving-plazas - овде вика дека нашите не стигнале натпис да постават пред павиљонот...
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 03-May-2010 at 13:51
Е, каде е Кина, док стигне има време
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 03-May-2010 at 13:57

во постот на Ску Боу се гледа рефлексија на стаклото на соседниот објект, мислам дека е како оној првичен рендер што го имавме.....ај видете....  

онаа вест од Сител што ја постави....



Edited by FoSsiL - 03-May-2010 at 13:57
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 03-May-2010 at 17:24
  оној со знамето....или пак само е знаме......а тоа со гнездото незнам....не сум слушнал...... и што е чудно....што не го покажуваат...како да не се сака....  

Edited by FoSsiL - 03-May-2010 at 17:27
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 03-May-2010 at 20:04

Штом не стигнале да го довршат, да не фатиле ова да го склопат случајно!?! А сител да ни кажува приказни за пчели и саќе


MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 06-May-2010 at 18:20

Една слика не кажува какви сме на „Шангај ЕКСПО“

На сајтот на Министерството за економија, надлежно за организацијата на македонскиот павилјон, нема доволно информации за програмата со која ќе се претставиме во наредните шест месеци, колку што трае светската изложба во Шангај

                                               

 
Свечено сечење на црвените панделки од претседателот на македонскиот парламент, неколку широки кадри од разнобојното „пчелино гнездо“ и неколку слики од Македонија. Толку може да се види од отворањето на македонскиот павилјон на светската изложба „ЕКСПО Шангај 2010 година“ на веб-страницата на Министерството за економија.

Помина една недела од почетокот на отворањето на најголемата и најскапа манифестација, која годинава се одржува во Кина, а во домашната јавност недостигаат информации за начинот на кој Македонија ќе се претстави пред светот.

На сајтот на Министерството за економија, надлежно за организацијата на македонскиот павилјон, нема повеќе информации за програмата со која ќе се претставиме во наредните шест месеци, колку што трае изложбата во Шангај. Наместо тоа, сајтот нуди само една „бајата“ информација од 26 април, од одржаната презентација за македонското учество на изложбата посветена на темата „Подобар град, подобар живот“. Информацијата, иронично сместена во rubrikaта „новости“, ја содржи изјавата на националниот комесар за „ЕКСПО 2010“ и заменик-министерот за економија Методиј Хаџи-Васков, кој во општи „црти“ објаснува дека за шест месеци ќе има шест посебни целини: за традиционалната и здрава храна и вино, занаетчиство, рурален туризам и модерна економија, локални специфики и локален развој, природни реткости и екологија, културна ризница, писменост, образование и иновации.
 
Учесниците на парламентарната делегација во Кина, кои имаа различни впечатоци од изгледот и отворањето на македонското пчелино гнездо во Шангај, имаат различни впечатоци. Пратеничката од СДСМ Цветанка Иванова беше затечена од нашето прашање за изгледот и содржината на македонскиот павилјон и не сакаше да даде поширока информација за случувањата на изложбата.

- Ние бевме во посета на парламентот на Народна Република Кина. На изложбата присуствувавме како гости. На павилјонот имаше слики од македонскиот културен идентитет. Дали успешно се претставуваме ќе видиме откако ќе поднесат отчет за одржувањето на изложбата - изјави кратко Иванова, без да даде појасна слика за павилјонот.
 
Ваквиот „неодреден“ став на пратеничката во парламентарните кругови се толкува како обид да се „забошоти“ учеството на СДСМ во делегацијата за Кина, која беше предводена од Трајко Вељановски, а за кој постои партиски став „за бојкотирање на пратеничките координации што ги води“ првиот парламентарец.

За разлика од Иванова, пратеникот од ДУИ Џевад Адеми имаше позитивно мислење за начинот на кој Македонија е претставена на „ЕКСПО Шангај“.

- Прекрасно, со вкус, атрактивно. На македонскиот павилјон можат да се видат слики од културните вредности на земјата. Има цркви, џамии, слики од македонското копаничарство, од Кокино и Радика... Нашиот павилјон не може да се споредува со другите големи земји. Го посетив павилјонот на Кина и малку е да се каже дека е „фантазија“ - изјави Адеми.

За учеството на Македонија на саемот во Кина беа одобрени 600.000 евра, а сите трошоци околу изградбата на „пчелиното“ гнездо ги покри домаќинот. Од Министерството за економија најавија дека секој прв понеделник во месецот ќе биде претставена македонската програма за тековниот месец. За мај не беше одржана презентација на случувањата на саемот.
 


Edited by SkyBoy - 06-May-2010 at 18:28
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 22-Jun-2010 at 18:54

МАКЕДОНИЈА НА ШАНГАЈ ЕКСПО 2010


Половина милион лица го посетиле македонското саќе

Според заменик-министерот за економија, Методија Хаџи-Васков, реално Шангај Експо 2010 е голема можност Македонија во Кина да се презентира пред светската јавност, особено на посетителите од земјите на азискиот континент


Половина милион лица го посетиле македонскиот павилјон на саемската манифестација Шангај Експо 2010, што од први мај годинава се одржува во Кина. Во просек дневно павилјонот го посетувале околу 8.000 лица, додека дневниот рекорд достигнал 22.500 посетители. Според Методија Хаџи-Васков, заменик-министер за економија, реално ова е голема можност Македонија во Кина да се презентира пред светската јавност, особено на посетителите од земјите на азискиот континент.
- Презентацијата на земјава ја започнавме преку претставување и дегустација на квалитетното македонско вино и еколошката храна. Кинескиот пазар е заинтересиран за македонското вино - укажа Хаџи-Васков, кој истовремено е и национален комесар на Шангај Експо 2010.
Според него преку оваа светска изложба Македонија се презентираа под слоганот "Македонија вечна" и темата: Урбаниот континуитет на земјава.

Тој потсети дека павилјонот е во форма на пчелно гнездо и зафаќа површина 324 квадратни метри. Во овој простор секојдневно се презентираат убавините на земјава.
Хаџи-Васков информира дека плановите за следниот месец се насочени кон презентацијата на туристичките можности на земјава, руралниот туризам и архиолошките локалитети и техничките достигнувања во енергетиката од аспект на обновливите извори на енергија.

Шнагај Експо 2010 година ќе трае до 31 октомври годинава, а главната манифестација за нашата земја ќе се одржи на 7 септември и ќе биде во чест на Денот на независноста на државата - 8 Септември.
- Во третиот дел од саемската манифестација ќе бидат претставени автентични занаетчиски творби, како што се филиграните, охридскиот бисер, опинците и чергите - вели Хаџи-Васков.
Министерот објасни дека на општо задоволство на посетителите на самото место ќе има изработка на филигран од страна на врвни занаетчии, а тоа се очекува да побуди поголема љубопитност кај посетителите на Саемот. Пред саемските гости ќе биде презентирана и карактеристичната македонска стара архитектура.

Инаку, на влезот од македонскиот павилјон е претствена куќата на Робевци во Охрид, а за време на викендите посетителите чекаат во редици и по еден час.
- За посетителите е особено интересно на саемскиот пасош да добијат печат од земјата што ја посетиле. Тие буквално се натпреваруваат кој од нив ќе собере повеќе печати, оти тоа покажува дека посетиле повеќе павилјони, односно држави - објаснува Хаџи-Васков.

Back to Top
FT View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Jun-2010
Location: Kocani
Online Status: Offline
Posts: 567
  Quote FT Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 25-Jun-2010 at 01:03
Македонскиот претставник е ист со оној на Данска потполно ИСТ.
Само што на нашиот е обоено како знамето на Македонија...
ц.ц.ц
Да се нема толку креативност..тоа го споменав и во темата за хотел Илинден во Крушево..
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <123>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.188 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.