build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Паркинзи и гаражи
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Зонско паркирање во Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 141516
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
badi View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 25-Oct-2012
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote badi Quote  Post ReplyReply #301 Posted: 25-Oct-2012 at 21:29
Сте се запрашале ли некогаш драги граѓани, зошто нашите предци биле 500 години под турско робство? Еве еден пример зошто. Затоа што од 19.10.2012 откога започна оваа петиција од страна на Блаже Јосифовски, еве поминува седмиот ден, а жителите на Скопје инаку според пописот во 2002 на број 506 926 успеаа да кликнат 2200 пати или пресметано во проценти 0.43% (СРАМОТА). Ако направиме попис годинава оваа бројка ќе биде уште помала. Е сега драги македонци дали ви е јасно зашто сме биле 500 години под турско робство?
Неколку пати бев до канцеларијата во Центар на ПОЦ, секој што излегува од таму само пцуе и ништо повеќе од тоа. Не е доволно да се пцуе и да се збори наоколу како ова или она нечини. Треба да се превземе нешто. И сега сите ќе прашате е што да се превземе. Многу едноставно, за да успее оваа петиција треба да се соберат 10.000 потписи. Епа драги 2200 потписници на сите кои се чуствуваат незадоволни, измалтретирани, ограбени, понижени, навредени... кажете им за линкот и неговата цел. Кажете им дека неможе површините кои до вчера беа јавни сега да ги присвои претпријатие во кое не секој знае што работи. Дека неможе со парите на народот, они да си прават инфраструктура и да си бележат паркинг места, за да народот повторно им плаќа. Наместо да изградат катни гаражи во сопственост на народот и во нив народот да ги паркира своите возила без надоместок.
Драги 2200 потписници и сите следни, кажете им за оваа петиција на уште 5 незадоволни граѓани и ќе се постигне целта од 10.000 гласови. Па да може Блаже Јосифовски да ги спроведе понатаму.

Линк до петицијата http://www.peticije24.com/ukinuvanje_na_zonskoto_parkiranje


Edited by badi - 25-Oct-2012 at 21:30
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1477
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #302 Posted: 25-Oct-2012 at 21:52
Originally posted by badi


Дека неможе со парите на народот, они да си прават инфраструктура и да си бележат паркинг места, за да народот повторно им плаќа. Наместо да изградат катни гаражи во сопственост на народот и во нив народот да ги паркира своите возила без надоместок.

Druze, ova go ima samo komunisticko-socijalisticki opstestva. Iako ne sum bas najsiguren deka katnite garazi se karakteristika na edno takvo opstestveno ureduvanje!?
Back to Top
Oxygen View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 24-Jun-2012
Online Status: Offline
Posts: 16
  Quote Oxygen Quote  Post ReplyReply #303 Posted: 02-Nov-2012 at 14:51
Градски паркинг во минатото кога не постоеше зонско паркиранње беше со жиро сметка во Плус. Од кога почна да собира пари како фабрика и да вработува и машини за перење работи со Загуба и тоа ако добро се сеќавам од 2милиони евра која на крајот ќе треба граѓаните да ја покрија. Со тоа плаќаат цена дупла од онаа за паркирање. Е тоа го немаш ни во комунизмот ни во капитализмот. Тоа го имаш само во умовите на болни луѓе во Македонија.
Back to Top
Oxygen View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 24-Jun-2012
Online Status: Offline
Posts: 16
  Quote Oxygen Quote  Post ReplyReply #304 Posted: 28-Nov-2012 at 10:10
,,FREE,, ПАРКИНГ ВО АЕРОДРОМ ДО МАРТ

Нема да се воведе зонско паркирање, туку паркинзите ќе се бесплатни. Вака ќе биде до март, следната година, а после тоа ќе видиме“ – рече Коневски во изјавата што ја пренсе Вест.

Тој најави дека во следните 2 години општината планира да инвестира околу 340 илјади евра во паркинг простор, што ќе треба да го реши паркирањето за околу 4.000 возила.

Во последниве неколку години во Аеродром се изгради паркинг простор за околу 2.000 возила. Со дел од нив на барање на општината стопанисува Град Скопје и на нив е воведен зонски паркинг. Станува збор за просторот околу трговскиот центар Бисер и зад Скопјанка, за кои жителите на околината побараа да се наплаќа паркингот.

http://mkd-news.com/free-parking-vo-aerodrom-do-mart/

Vo oci ni kazuvaat deka do izbori ke bide free. Veke ni sram nemaat.

Edited by Oxygen - 28-Nov-2012 at 10:12
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8777
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #305 Posted: 15-Mar-2013 at 10:16
Секој ден измислуваат по нешто овие од Центар, му треба на човек посебен курс за да разбере како да се паркира во центар.

Викенд билет во Центар - 10 денари од час

Викенд-паркирање на локации на јавното претпријатие „Паркинзи“ на Општина Центар, од вчера, чини 10 денари од час, информираат раководните лица од оваа компанија. Важи само за сабота и за недела. 

Овој вид билет е уште една поволност што ја воведува центарската фирма и може да се купи на паркомат за 500 денари и да се користи с` додека не се потрошат парите. За тие што сакаат да заштедат, услугата може да ја активираат со „М-карта“ за 400 денари на телефонот 072- 251- 251. Kартата мора да се искористи во еден месец.



http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=12FA2872E9833A45BC323C12B8472351
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3225
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #306 Posted: 15-Mar-2013 at 16:32
Мене овие поевтинувања на билетите за паркирање ми личат на предизборен маркетинг. Чуму постои платено паркирање, мене не ми е јасно! Или нека определат паркинзи во централното градско подрачје, онаму каде што има најголем гужва и проблеми во сообраќајот, и таму нека стават висока цена, а на другите локации нека биде бесплатно или симболична цена или нека ги укинат билетите.

Зошто постои Паркинзи на Општина Центар ако наплаќа 10 денари за паркирање? За јас како граѓанин на општината да ја плаќам партиската администрација во фирмата? Мене не ми е јасно.
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1444
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #307 Posted: 15-Mar-2013 at 20:37
Смешни се со потезиве стварно. Дај ве молам 10 денари?? Ова не е реална бројка што значи не им е ниту намерата искрена.
Па ако е во Центар 10 во другите нетреба да се наплаќа
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8777
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #308 Posted: 15-Mar-2013 at 21:31
Јасно е дека се предизборни ама сите тие бирократски обрасци ќе останат и понатаму на овој или оној начин. Посебна картица за гости, посебна за роднини до второ колено, посебна за комшии од бившо маало.

Бирократи си играат фирма, ниту знаат зошто постои зонско паркирање, ниту зошто треба да служи, ниту како да функционира.
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3807
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #309 Posted: 15-Mar-2013 at 21:47
Во Европа , барем таму каде што сум бил паркирањето во недела е бесплатно. 
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8777
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #310 Posted: 03-Apr-2013 at 21:31
Немав нерви да ги следам сите глупости на Зонски паркинг Центар низ кампањава... Но конечно се помрднаа во вистински правец...

Сепак, не е доволно добро! Логиката на регистрација е различна од онаа на градски паркинзи (иако очигледно го користат истиот систем).

На градски паркинг се праќа само зоната (откако првиот пат ќе ја регистрирате регистрацијата на колата).

На паркинг центар треба да се внесува СЕКОЈ ПАТ зона, регистрација и број на часови. Не само што системот е полош, туку повторно не е конзистентен со оној на градските паркинзи.

Друга работа. Кој сега ќе одговара за поставувањето на саркофази за наплата по цел центар кога на крајот повторно се придвиживме кон природно најдоброто решение?

Среда, 03 Април 2013 12:25

Од петок јавното претпријатие Паркинзи на општина Центар внесува новина во наплаќањето на услугите.

smsparking
За ова денеска информираше директорката на претпријатието, Маргарита Бакев.

Таа нагласи дека по барање на граѓаните општина Центар и јавното претпријатие воведуваат нова услуга со која граѓаните ќе може да плаќаат паркинг преку својот мобилен телефон.

Таа нагласи дека со ова на граѓаните им се дава можност да изберат кој тип на плаќање повеќе им одговара.

Граѓаните потребно е да пратат СМС порака на телефонскиот број 14 14 14.

Содржината на пораката треба да ја содржи зоната, празно место, регистарскиот број на автомобилот, празно место и времетраењето на паркирањето.

Бакев нагласи дека новина е тоа што нема да биде потребна порака за одјавување.

Десет минути пред завршување на паркирањето, корисникот ќе добие СМС порака за потсетување дека паркирањето наскоро му истекува.

Ако граѓанинот е пост пејд корисник, наплатата за паркинг ќе му биде пресметана во телефонската сметка на крајот од месецот.

Ако е при пејд корисник, цената за паркинг ќе му биде одземена од кредитот што го има.

Телефонскиот број мора да биде од мобилните оператори во Република Македонија.

Цената на една СМС порака е 5 денари со вклучен ДДВ.



http://www.kurir.mk/republika/skopje/110461-Od-petok-nov-nacin-na-plakanje-parking-vo-Centar
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1477
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #311 Posted: 03-Apr-2013 at 21:48
Ova ne e smesno tuku glupavo. Kade se videlo mobilniot telefon da sluzi kako platezno sredstvo. Sto ako ne poseduvam mobilen (poznavam takvi), sto ako mi se potrosi baterijata? Dajte, ve molam, ne izmisluvajte topla voda. Taa e odmana izmislena.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8777
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #312 Posted: 03-Apr-2013 at 21:51


Question

Во случај ова да не беше иронија, http://en.wikipedia.org/wiki/Mobile_payment
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6555
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #313 Posted: 03-Apr-2013 at 21:59
во Хрватска одамна бензин се плаќа со мобилен ,и еден куп други работи
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2370
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #314 Posted: 03-Apr-2013 at 22:02
Originally posted by Denko

Ova ne e smesno tuku glupavo. Kade se videlo mobilniot telefon da sluzi kako platezno sredstvo. Sto ako ne poseduvam mobilen (poznavam takvi), sto ako mi se potrosi baterijata? Dajte, ve molam, ne izmisluvajte topla voda. Taa e odmana izmislena.


Еве ти бизнис. Шетај со мобилен по паркинзите/зоните и нуди им на тие од горе наведените категории услуга - плаќање по мобилен. Они тебе кеш, пример 10-30% повеќе (зависи од зоната) ти ним уплата.
Back to Top
gorco View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Google Maps: Regional Expert

Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
  Quote gorco Quote  Post ReplyReply #315 Posted: 03-Jul-2013 at 21:40


Еве да ги видите сите, како ЈП ГРАДСКИ ПАРКИНЗИ на КОЦЕ и компании рекетираат, без соодветни обележја во близина ...
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 373
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #316 Posted: 05-Nov-2017 at 16:01

интересен беше рекетот од сите на овој план, да видиме дали сега од позиција на власт, градоначалникот на Центар своето ноу-хау ќе го примени посоодветно ...

би му предложил и пореволуционерен пристап, та нека ги забрани уличните паркинзи за коли во Центар, а на нивно место нека истури милион точаци, рикши и е-квадрицикли ... живеењето со ауто в Центар да бидне мисловна именка, а евентуално оние кои навистина имаат потреба да се ќљофтаат за место во некоја околна катна гаража ...

ако сакаме подобар и почист воздух во градов, мора да се почне токму од неговиот постоен урбан епицентар, каде по ул. ДиЧу би било дозволиво и тоа со лазење да минат само автобуси на ЈСП, Амбулатно возило или на Комунална хигиена, евентуално Трам доколку некогаш скопјани и дочекаат таква појава ...
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 373
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #317 Posted: 05-Nov-2017 at 23:55

милион причини, ако не точаци, за да се излезе на крај со загаденоста во Градов, во основа како идеја и Жерновски ја завозе, но дали е тоа доволно, доколку не постојат брзи велосипедски патеки [1] и воопшто нова парадигма сестрано [2][3] а пред се' во однос шалтањето на скопјани од авто во јавен превоз, што нема да се случи никогаш без бесплатен јавен превоз [4][5] се до тогаш и сто катни гаражи да се кренат, нема да кренеме глава како Град подобен за живот на самите мештани, а потем и за сите гости ...

зонското паркирање во Центар треба да е дозволено евентуално само за околни станари, додека за сите останати да биде достапно само паркирање во приватни или јавни гаражи ... можеби ова да делува елитистички, но би била корисна мерка, исчекор кон поопширен и ефективен ЛЕАП но и НЕАП, само со озбилни резови по каубојските навики да со кола одиме и по лижавчиња а не пак работа, ќе стигнеме до некои нови хеелти навики, макар немале нит Трамп нит Метро ... камо да стигнеме и до момент за зонско паркирање велосипеди в Центар, но за да станеме вело-престолнина од типот на Копенхаген ќе треба многу повеќе, сепак кога тогаш појавата на е-велосипеди сама по себе ќе наметне поздрави решенија за Градот, само треба правовремен фокус за да истите токму сега кога не е целосно комплетирана примарната патна мрежа в СКопје наједноставно да се трасираат и туркаат ...



Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 373
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #318 Posted: 11-Nov-2017 at 12:12

Аирлија ... сега каубојците од коли ќе свртат на мотори, бар надежта останува да утре индијанец им реши склетот доколку се спуштат матка 1 и 2 ко во османлиско, а во градов пак да се вчудоневидуваат разни нови евлии и челебии

Новиот скопски градоначалник најавува реорганизација на паркирањето - http://build.mk/noviot-skopski-gradonachalnik-najavuva-reorganizatsija-na-parkiraneto/

Шилегов: Во строгиот центар на Скопје паркинг само за жителите - http://novatv.mk/shilegov-vo-strogiot-tsentar-na-skopje-parking-samo-za-zhitelite/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 141516

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.168 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.