build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Паркинзи и гаражи
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Зонско паркирање во Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1011121314 16>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
OKA View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Dec-2009
Location: Yenni Maalе
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote OKA Quote  Post ReplyReply #221 Posted: 21-Nov-2011 at 23:28

СКОПЈАНЕЦОТ КОЈ ГО НАДМУДРИ БЛОКАТОРОТ ИЛИ БАРЕМ ТАКА МИСЛИ


Крстач, малку пот, ич срам и СЛОБОДА!!!!!


Скопјанецот, кого го уловија фотоапаратите на "Вечер", пред ТЦ Бисер во Скопје успеа да ги надмудри градските власти и да куртули од 1.300 денари казна, затоа што се паркирал, а не платил.

Тој со малку мака и некоја капка пот, за десетина минути пред очите на десетици минувачи и возачи успеа да го извади блокираното тркало и да си ја постави резервната гума. Очигледно ги надмудри оние од јавното претпријатие кои му ја поставиле лисицата-блокатор, бидејќи неговото возило можеше повторно да го користи. А и даде светол пример и на другите кои како него ќе бидат казнети, а нема да сакаат да си ја платат казната.

Она што не го знае овој скопјанец е дека за поставувањето на блокаторот на предното лево тркало од неговиот автомобил постои фотодокументација, а блокаторот заедно со регистерските таблички на неговиот "фиат" се внесени во системот.

Затоа може да очекува една честитка од МВР во своето сандаче.
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=4864E4716B1BF04BA970B7DA146EE9EE


Edited by OKA - 21-Nov-2011 at 23:28
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1574
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #222 Posted: 12-May-2012 at 11:27
Да ве известам дека паркирањето во рамки на цела населба Капиштец од први Јуни ќе почне да се наплаќа. Буквално нема да има ни едно место во оваа населба каде ќе може да го оставите возилото за безпари. Паркинг местата се секаде обележани, исто и на улиците каде паркирањето ќе биде дозволено. Секое непрописно паркирано возило ќе го собере пајак или ќе го блокираат, башка казна.
Инаку плаќањето ќе бил во хрватски стил, што значи различен од оној во Аеродром.
Која ќе биде цената на час незнам (најверојатно околу 30ден) но знам дека паркирањето ќе биде ограничено на 3 часа.
Оние кои живеат во населбата ќе имаат повластена карта, а по стан ќе може да се регистрираат најмногу 2 возила.
Толку од мене
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1574
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #223 Posted: 18-May-2012 at 08:30
Поставена е првата табла за наплата во Капиштец. Доколку сакате да паркирате на територија на оваа населба тоа задоволство ќе ве чини 40 денари за 1 час.
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2020
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #224 Posted: 18-May-2012 at 11:32
Previous
 
Делуваш како да си ептен задоволен од ваквата одлука, дали бидејќи си од Центар, како што вели твојот профил на форумов, или од некоја друга причина, не знам.
 
Патем, ако добро помнам, Капиштец завршува со улица Рузвелтова и спаѓа под општина Центар, така ?
 
Знам дека е глупаво прашање, но сакам да се осигурам, бидејќи не сум слушнал досега да е воведен идиотизам од типот зонско паркирање во општина Карпош, па бидејќи наводно го токмат Стефче Јакимовски за кандидат за градоначалник на град Скопје на локалните избори 2013, ако Капиштец спаѓа под општина Центар, а не под општина Карпош, да си знам за кого да гласам, а за кого да не гласам на локалните избори 2013.


Edited by Dexter26 - 18-May-2012 at 11:34
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8901
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #225 Posted: 18-May-2012 at 11:52


Зонското паркирање има одлични ефекти. Апсолутно е воведен каков таков ред во зоните во кои функционира и единствено сум против постоењето на зонско во Аеродром каде проблемите со паркирање треба да се решат на друг начин.

Единствен проблем со зонското е немањето транспарентност за тоа каде одат парите. Односно, треба на јасен начин парите добиени од зонско да се реинвестираат токму во понатамошно разрешување на сериозните сообраќајните и паркинг проблеми во градот кои чинат многу повеќе од маркирање паркинг места и поставување пар чувари да казнуваат.

Инаку, мислам дека цената од 40 денари е скапа за оваа зона, требаше да се оди со веријанта 25 денари како во Дебар Маало.
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1574
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #226 Posted: 18-May-2012 at 12:14
Dexter26, да живеам во Општина Центар во која спаѓа и населбата Капиштец. Патем каде и да живеев тоа место и ќе го пишев... И да Рузвелтова е граница помеѓу општините Центар и Карпош. А со оглед на тоа што Стефче е единствен не вмровски градоначалник логично е да тера контра а дали е тоа добро или не несакам да навлагам тука и сега.

Што се однесува до наплата на паркинг место на секоја уличка во Скопје не ми се допаѓа, од проста причина што сум директно загрозен од тоа и секојдневно плаќам мин 50 ден за паркинг.

А што се однесува до Капиштец искрено ми е мило. Со оглед на тоа што живеам во една од зградите карши Агенцијата за вработување на чии паркинзи секој ден е ХАОС. Кај ни фалат неколку десетици места па уште имаме секојдневна окупација од оние кои одат во агенцијата. Токму тие луѓе не почитуваат ни едно правило и ствараат гомел револт кај станарите. Вака барем се надевам дека ситуацијата ќе се промени. Прво затоа што дел од нив ќе се паркираат во Карпош кој е на 100 метра, а останатите ќе мора точно таму каде и е место за тоа.

Но во никој случај не ми се допаѓа тоа што некој отвара партиски работни места за кои плаќаме директно ние граѓаните. Наплаќаат на места кои постојат десетици години со единствена инвестиција канта со боја + неколку знака. Очекувам да тие пари бидат инвестирани во нови паркинг места.

+
Со оглед на тоа што добар дел од станарите на Капиштец ќе избегнат плаќање со едноставно паркирање на 2 мин понастрана на територија на Карпош мислам дека проблемот ќе се префрли таму. А лек за тоа има само еден...
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2020
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #227 Posted: 18-May-2012 at 12:56
Previous
 
Со други зборови кажано, ти живееш на улица Васил Ѓоргов.
 
Е па не мораш да се секираш за мене, јас во зима одам со автобус до АВРМ, а вака летно го вадам велосипедот од подрум, па се надевам дека нема да ти пречи ако го видиш некаде заклучен со ланец на едно 15-20 минути додека да завршам работа во АВРМ.
 
Знам дека е хаос, но зонското паркирање е организиран грабеж и нема никаква поврзаност со решавањето на хаосот, особено кога ќе ти кажат дека и жителите на населбата мораат да плаќаат за паркирање, не ми е јасно како после Македонците ќе ја уживаат титулата купувачи на нови автомобили штотуку излезени од производствена линија, ако освен бензинот и одржувањето на возилото, мораат дополнително да доплаќаат и за паркирање пред сопствениот дом, само бидејќи просторот за паркирање не е во нивна приватна сопственост.
 
Ни јас не го сакам Стефче Јакимовски, но имам доволно причини зошто да не го сакам Коце Трајановски. Трајановски е тој кој прв го воведе зонското паркирање во Скопје, Трајановски е тој кој отворено и јавно призна дека трамвајот не е исплатливо решение за Скопје, но сепак ќе го форсира, па сега и со огради на мостови вредни над 1 милион евра, доволно ме разочара за да не гласам за него на наредните локални избори 2013.


Edited by Dexter26 - 18-May-2012 at 13:00
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1574
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #228 Posted: 18-May-2012 at 13:45
Да на таа улица живеам, ме хакна
А што се однесува со Коце...се зафркнав еднаш но двапати нема...
10 добри работи не може да покријат десетици негативни (според мене).

Прво ни рекоа за втора кола 600 денари сите бевме во шок, се бунеа луѓе па смалија на 250 месечно. Максимум 2 возила по стан.
А дали ова ќе ги реши проблемите ќе ви пишам за еден месец.
Како и да е факт е следново, на тоа место очајно фали нов паркинг.
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #229 Posted: 18-May-2012 at 15:01
Нека фрли нешто парички о. Центар во касата на Градски паркинг... и се ќе биде во ред... Како во Аеродром...
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
Bulldozer View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-Jul-2010
Online Status: Offline
Posts: 149
  Quote Bulldozer Quote  Post ReplyReply #230 Posted: 21-May-2012 at 22:00
Originally posted by alexsend

Поставена е првата табла за наплата во Капиштец. Доколку сакате да паркирате на територија на оваа населба тоа задоволство ќе ве чини 40 денари за 1 час.





Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1574
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #231 Posted: 04-Jun-2012 at 08:40
Ми се мачи од овие глупости сериозно. Како од општината така и од новинариве!
--------------------
За жителите на Капиштец загарантиран паркинг

Жителите на Капиштец од 1 јуни имаат загарантирано паркинг-место во населбата, најави директорката на јавното претпријатие „Паркинзи“ на Општина Центар, Маргарита Бакев.

- Тоа значи дека налепницата, односно повластената паркинг-карта што ќе ја добијат граѓаните од оваа населба ќе важи во целиот сектор. Без разлика во кој дел од Kапиштец тие живеат, со таа карта ќе може да го паркираат своето возило каде било во населбата - нагласи Бакев.
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=0842CD44AE66364D91796AE8EABB486A

Загарантиран паркинг за неа, нив значи дека ќе имаш сигурно паркинг во рамки на населбата! Тогаш ние од секогаш сме имале загарантиран паркинг. Сигурно не сум паркирал во Кисела Вода за да си одам дома.
Загарантиран паркинг според некоја логика значи да имаш постојано место на паркинг кој е наменет за твојата зграда или неколку згради.

И уште пази сега, ова го објавуваат медиуми кои за себе сметаат дека се некој фактор во земјава, те ставаат во заблуда. Ова е чиста манипулација.
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1574
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #232 Posted: 05-Jun-2012 at 16:49
Знам, знам дека ви досадив во темава ама мора да ги споделиме информациите нели!?

Вака сега, излезе дека сите жители на Капиштец за повластената карта т.е. лепенка ќе мора да платат по 350 денари за возило. Тоа порано не го спомнаа но од вчера осамна на сите бандери во населбата.
350 денари за лепенка!?
Според изјавите од општината повеќе од 2.000 барања биле поднесени до пред една недела.
Тоа значи дека ќе инкасираат околу 1.000.000 денари само за лепенки кои сигурно чинат далеку под 350 денари.

Чисто да знаете како работат...
Back to Top
Spiridon View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 03-Oct-2011
Online Status: Offline
Posts: 70
  Quote Spiridon Quote  Post ReplyReply #233 Posted: 06-Jun-2012 at 01:06
Znaeme kako stojat rabotite.Obicna pljacka.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11945
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #234 Posted: 07-Jul-2012 at 22:51
Датум: 25.06.2012, 18:20

ОПШТИНСKАТА ФИРМА „ПАРKИНЗИ“ ЈА ОKУПИРА СЕKОЈА ПЕДА

Умре бесплатното паркирање во Центар

Зонското паркирање што го воведе општинското претпријатие на Центар - „Паркинзи“ им ги истенчи нервите на скопјани. Откако пред два месеца оттаму најавија дека ќе почнат со обележување на повеќе улици во нивна надлежност, може да се видат работници како наплатуваат дури и за места што не се означени. Им приоѓаат на возачите и им нудат билети по цена од 40 и 50 денари. На оние што се паркирале, а не платиле, им бараат на увид билет и притоа им се закануваат со казна од 1.200 денари. Поради нејасниот начин на наплата, а некаде немањето прегледни знаци, често избиваат караници. Вакви жешки ситуации се најкарактеристични за сервисните улици во Kапиштец и Дебар Маало. 

- Автомобилот го паркирав до гаражите на зграда на улицата Kозара во населбата Kапиштец. Станарите ми кажаа дека тоа е нивен паркинг, а од друга страна, местото не беше одбележано. Kога се вратив на стаклото имав известување дека треба да платам казна од 1.200 денари. Воедно и дека возилото е непрописно паркирано, бидејќи зафаќа повеќе од едно паркинг-место. Се прашувам како може на необележано паркинг-место, на локација која не е на општинското претпријатие да се наплаќа за паркирање!? Нема ли за тоа сообраќајна полиција и „Пајак-служба“?- раскажа скопјанката Татјана Д.

На самото место веднаш дошол контролорот, кој и рекол да плати 40 денари за час, а доколку одбие - дома ќе ~ стаса казна - а тоа се 1.200 денари дневен билет, кој потоа може да го користи цел ден на сите паркинзи што се во сопственост на претпријатието.

Истото ова ~ се случило и на Марија Младенова, која била паркирана на тротоарот кај „Жито лукс“ во Kапиштец, каде што со години локацијата служи за таа намена. Тврди дека немало никаков знак дека се работи за зонско паркирање. 

- Работникот што дојде ми рече дека доколку не платам 40 денари, ќе ми ја фотографира регистрацијата и така ќе имал доказ за таа наводна казна. Ми издаде и фискална. Ова е невидено самоволие - револтирано изјави граѓанката. 

Наспроти граѓанските поплаки, од општинското претпријатие „Паркинзи“ децидно тврдат дека не наплатуваат за необележани места. За директорката Маргарита Бакев билетот од 1.200 денари не е воопшто таква мерка. Го нарекува „дневен паркинг-билет кој им се издава на оние што немаат валидна паркинг-карта“. 

- Ние не сакаме да внесуваме страв и тензија кај граѓаните. Не сакаме да ставаме блокатори и затоа реагираме на ваков начин. За да воведеме ред во паркирањето, имавме и едукативна кампања која траеше еден месец. Поделивме 5.000 летоци само во Kапиштец за тоа како граѓаните прописно да се паркираат, а и уште 5.000 како да се однесуваат и како да постапуваат на местото каде што се паркирани. Тој дневен билет може да се користи цел ден, во зоната каде што се наоѓа возилото - изјави Маргарита Бакев, директор на „Паркинзи“.

Жешка линија за подигање возило

Општинското претпријатие на Центар - „Паркинзи“ отвори посебна телефонска линија за пријавување несовесни возачи кои освен што се паркираат непрописно, блокираат и други возила. Во вакви случаи, граѓаните ќе може да се јават на телефонскиот број 072-253-253, а автомобилот ќе го подигне еден од двата пајаци на општинското претпријатие, информираше директорката Маргарита Бакев. Таа изјави дека за еден месец, откако функционира овој број, бележат 100 јавувања.

Анела Петрова

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=40E6BB95225513449E5F11C51DDFF6CC
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2020
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #235 Posted: 08-Jul-2012 at 00:38
Previous
 
Ако после ова не испопаѓаат глави на градоначалници и на општински советници како крушки на наредниве редовни локални избори 2013 (барем во Центар и во Битола каде што актуелната власт не освои мнозинство на последните избори - вонредните парламентарни избори 2011), тогаш значи можеме да го поднесеме ваквиот идиотизам, па и повеќе.


Edited by Dexter26 - 08-Jul-2012 at 00:41
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3346
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #236 Posted: 08-Jul-2012 at 10:29
Originally posted by Cloverstack

Датум: 25.06.2012, 18:20

ОПШТИНСKАТА ФИРМА „ПАРKИНЗИ“ ЈА ОKУПИРА СЕKОЈА ПЕДА

Умре бесплатното паркирање во Центар

Зонското паркирање што го воведе општинското претпријатие на Центар - „Паркинзи“ им ги истенчи нервите на скопјани. Откако пред два месеца оттаму најавија дека ќе почнат со обележување на повеќе улици во нивна надлежност, може да се видат работници како наплатуваат дури и за места што не се означени.Им приоѓаат на возачите и им нудат билети по цена од 40 и 50 денари. На оние што се паркирале, а не платиле, им бараат на увид билет и притоа им се закануваат со казна од 1.200 денари. Поради нејасниот начин на наплата, а некаде немањето прегледни знаци, често избиваат караници. Вакви жешки ситуации се најкарактеристични за сервисните улици во Kапиштец и Дебар Маало.

- Автомобилот го паркирав до гаражите на зграда на улицата Kозара во населбата Kапиштец. Станарите ми кажаа дека тоа е нивен паркинг, а од друга страна, местото не беше одбележано. Kога се вратив на стаклото имав известување дека треба да платам казна од 1.200 денари. Воедно и дека возилото е непрописно паркирано, бидејќи зафаќа повеќе од едно паркинг-место. Се прашувам како може на необележано паркинг-место, на локација која не е на општинското претпријатие да се наплаќа за паркирање!? Нема ли за тоа сообраќајна полиција и „Пајак-служба“?- раскажа скопјанката Татјана Д.

На самото место веднаш дошол контролорот, кој и рекол да плати 40 денари за час, а доколку одбие - дома ќе ~ стаса казна - а тоа се 1.200 денари дневен билет, кој потоа може да го користи цел ден на сите паркинзи што се во сопственост на претпријатието.

Истото ова ~ се случило и на Марија Младенова, која била паркирана на тротоарот кај „Жито лукс“ во Kапиштец, каде што со години локацијата служи за таа намена. Тврди дека немало никаков знак дека се работи за зонско паркирање.

- Работникот што дојде ми рече дека доколку не платам 40 денари, ќе ми ја фотографира регистрацијата и така ќе имал доказ за таа наводна казна. Ми издаде и фискална. Ова е невидено самоволие - револтирано изјави граѓанката.

Наспроти граѓанските поплаки, од општинското претпријатие „Паркинзи“ децидно тврдат дека не наплатуваат за необележани места. За директорката Маргарита Бакев билетот од 1.200 денари не е воопшто таква мерка. Го нарекува „дневен паркинг-билет кој им се издава на оние што немаат валидна паркинг-карта“.

- Ние не сакаме да внесуваме страв и тензија кај граѓаните. Не сакаме да ставаме блокатори и затоа реагираме на ваков начин. За да воведеме ред во паркирањето, имавме и едукативна кампања која траеше еден месец. Поделивме 5.000 летоци само во Kапиштец за тоа како граѓаните прописно да се паркираат, а и уште 5.000 како да се однесуваат и како да постапуваат на местото каде што се паркирани. Тој дневен билет може да се користи цел ден, во зоната каде што се наоѓа возилото - изјави Маргарита Бакев, директор на „Паркинзи“.

Жешка линија за подигање возило

Општинското претпријатие на Центар - „Паркинзи“ отвори посебна телефонска линија за пријавување несовесни возачи кои освен што се паркираат непрописно, блокираат и други возила. Во вакви случаи, граѓаните ќе може да се јават на телефонскиот број 072-253-253, а автомобилот ќе го подигне еден од двата пајаци на општинското претпријатие, информираше директорката Маргарита Бакев. Таа изјави дека за еден месец, откако функционира овој број, бележат 100 јавувања.

Анела Петрова

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=40E6BB95225513449E5F11C51DDFF6CC



Очигледно дека спомениците и високите трошоци потрошени во будалаштини на општина Центар ќе треба да ги плаќаат граѓаните. Дојдоа и вчера на мојот паркинг двајца утепани, еден на дрвена скала и еден менаџер, закачија два знака и толку. При поставување на прашања дали се консултирале со куќен совет (дел го откупија земјиштето пред згради и влегува во паркингот), кога ќе ги информираат станарите за потегот, дали се искоординирани со Градски паркинг и пред се` дали ги имаат сите документи, дрско одговори дека сите се информирани и зонското веќе почнува да се наплаќа. Таков дрзок однос е невиден, а додуша кога требаше да се поплочуваат пешачките патеки околу нашите зони од општината тоа не го направија само поради нерасчистените имотно-правни односи во однос на земјиштето.
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2020
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #237 Posted: 08-Jul-2012 at 16:29
Previous
 
Ако нема камери на местата каде што се поставени тие знаци, слободно олеснете ги тие места од истите тие табли ноќе кога нема никој, барем ќе мораат да дадат некој денар за нови табли.
 
Ем нема да биде обележана "паркинг зоната", ем некој ќе си заработи од продажба на старо железо.
 
Не, ова на што ги повикувам скопјани, поконкретно жителите на Центар и на Аеродром, не е грабеж, туку е манифестирање на граѓанско незадоволство и на граѓанска непослушност.
 
На некој ќе му се скине некоја жичка во мозокот кога ножот ќе дојде до коска.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3346
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #238 Posted: 08-Jul-2012 at 22:18
Проблемот е што доаѓаат дечки за да си наплатат. Ако верувате, никој не е известен што ќе се случува со станарите од зградите, дали и колку ќе се наплаќа месечно по автомобил, дали со тоа е загарантирано паркинг-место...
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2020
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #239 Posted: 09-Jul-2012 at 01:01
Previous
 
Ќе се информираат кога ќе им ги дигнат возилата со пајак или кога ќе им постават блокада на некое од тркалата или кога ќе им пристигне казната преку пошта или кога ќе им затропа извршител на врата поради наплата на казната.
 
Дезинформираноста и незаинтересираноста се главните фактори кои придонесуваат за најголемите глупости кои, за жал, станале реалност во 20 и повеќе годишната историја на независна Република Македонија.


Edited by Dexter26 - 09-Jul-2012 at 01:02
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8901
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #240 Posted: 10-Jul-2012 at 10:11
Уште една дополнителна причина за бојкот на паркинзите на Центар. Во време кога човек може да плати со СМС јас да се зезам со монети и изгужвани банкноти на апарат за самонаплата? Немам друга работа.

Мислам дека независново зонско паркирање на центар е во конкуренција за глупост на годината.

ЦЕНТАР ВОВЕДУВА САМОНАПЛАТА

Билети и кусур од паркомати

На локациите со кои стопанисува општинското претпријатие на Центар „Паркинзи“ нема да се плаќа со СМС-порака, туку само со припејд-картичка или во кеш

На општинските паркинзи во Центар, Kапиштец, Дебар Маало од септември ќе почне да функционира системот за електронска наплата преку паркомати. Тие ќе бидат поставени кај влезните рампи, а ќе функционираат по системот на самонаплата, со монети или со хартиени пари, но и со припејд-картичка која ќе се надополнува во трафиките, слично како онаа за мобилни телефони. За оние што ќе користат кеш, автоматот ќе враќа и кусур. 

Од општинското претпријатие „Паркинзи“ објаснија дека овој нов систем, кој во Македонија се воведува првпат, ќе важи само на локациите кои се под нивна надлежност. Додека, пак, на паркиралиштата на „Градски паркинг“ возачите и натаму ќе може да плаќаат со СМС-порака. Според надлежните, се одлучиле за овој начин за да ги лишат граѓаните од дополнителни трошоци кои сега ги издвојуваат со испраќање СМС-порака - 5 денари на почеток и уште 5 денари на крај.

Паркоматите личат на куќарки од затворен тип, а такви се за да се заштитат од временски влијанија. Иако не се во функција, граѓаните од наведените населби веќе може да ги видат на локациите со кои стопанисува општинското претпријатие „Паркинзи“. 

Повеќе детали за новиот систем за наплата, од претпријатието рекоа дека ќе обелоденат наскоро, а за време на летните одмори ќе спроведат кампања за едукација на возачите. Исто така, вработени од претпријатието, на самото место ќе им објаснуваат на граѓаните како да ги користат нивните услуги во иднина. 

За жителите од Центар ваквиот начин на наплата нема да значи никаква промена. Ќе продолжат да користат месечни повластени билети по цена од 250 денари. И тоа за два автомобила, а претходно беше 850 денари. 

Таква одлука неодамна донесе Советот на Општина Центар, откако локалната власт прифати да го субвенционира своето општинско претпријатие. (А.А.)




http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=F41B070F2234CF49B7264855F68AB1FC
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1011121314 16>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.140 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.