build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Паркинзи и гаражи
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Зонско паркирање во Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 13141516>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #281 Posted: 22-Oct-2012 at 09:52
Originally posted by FoSsiL

Да плати поради луксозот да паркира пред врата од таму каде што тргнал...

 
Плоштад Македонија едно време бил паркинг, а не сум слушнал да се наплаќало паркирањето тогаш, очигледно не било луксуз, од кога тоа стана луксуз ?
 
Originally posted by FoSsiL

Значи... не дека и тоа мене ќе ми биде малку поотежнато и нема лично да ми допаѓа да паркирам уџум... ама јавните (градските) интереси се поважни од моите... We will all must cope with that, for a better city...

 
Значи според тебе, за доброто на градот, возачите треба да си ги жртвуваат своите возила, со тоа што ќе плаќаат за небезбедност. Настрана фактот дека секоја година плаќаат за регистрација, даваат за фонд за патишта, но сепак мораат да плаќаат патарина иако треба да бидат ослободени од таквите плаќања, па сега и да плаќаат за небезбедност во сопствениот град, за чиишто потреби веќе плаќаат во месечните сметки за комуналии и се останато. Е ако тоа ти е подобар град, тогаш секоја ти чест, твоите визии се неверојатно изопачени и испревртени.


Edited by Dexter26 - 22-Oct-2012 at 09:55
Back to Top
Ines View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 02-Oct-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Ines Quote  Post ReplyReply #282 Posted: 22-Oct-2012 at 12:10
Да се уфрлам во темава со зонското паркирање..

Моите искуства околу зонсково:

- За една кола плаќаме 200МКД, а за втората кола наплаќаат 400 МКД секој месец,
- пријателите не ви доаѓаат на гости заради тоа што нема место или не им се плаќа паркинг за 2-3 часа, гостите што ни доаѓа од странство и преспиваа кај нас сега тоа веќе во крајна нужда го прават,
-Местото за паркинг не е загарантирано, па може да се случи да и покрај тоа што секој месец редовно си плаќаме, кога ќе се вратиме однекаде од пат, да мораме да кружиме ко будала по паркингот едно половина час, дур некое паркинг место не се ослободи. Во тој момент јас обично добивам нервен напад и ми доаѓа да шутнам некого од Градски паркинг сосе таблата или некоја од колите оти за мене како станар кој е тука едно 40 години нема место.
-друга е работа е што кога нема место понекогаш од немајкаде се одлучувате да ја паркирате на место штое полудозволено (што е веднаш до заградат во која живетее), па на крај ќе ви ја соберат колата со пајак и ќе си платите 5.000 мкд, колку и да е според тарифата
- трет проблем во центар е што паркингот си е паркинг не е шеталиште, а фино си има тротоар поред паркингот,
- и башка што кога го правеа/цртаа паркингот малку ги утнаа некои работи-ко прв пат во живот да цртаат паркинг места (од аспект на организација на паркинг местата).
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1546
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #283 Posted: 22-Oct-2012 at 13:20
Zonskoto parkiranje e mnogu ednostavna rabota. Se razbira ako vlastite sakaat da stavat red vo parkiranjeto. Tie namesto toa poveke se skoncentrirani na polnenje na opstinskata kasa. Znaci vaka. Postoi privaten i drzaven imot. Vo Makedonija se uste e problem sto stanarite (onie koi se sopstvenici na stan) vo najgolem del go nemaat odkupeno dvornoto mesto ili parkingot pred zgradata, taka sto toa vo ovie slucai toa e vo sopstvenost na drzavata. Vo takov slucaj stanarite treba da plakaat kirija za istoto a na parkingot da stoi tabla "privaten imot. sekoe bezpravno parkirano vozilo ke bide odstraneto na sopstven trosok". Sto se odnesuva do parking na ulica ili trotoar (kako sto e slucaj vo Skopje) tuka graganite koi ziveat vo blizina treba da plakaat odredena suma mesecno ili godisno. Ostanatite ke si plakaat po tarifa (npr. Ponedelnik-Petok 08-20h), no ne preku mobilen tel. tuku na parking-avtomat. Inaku parkingot vo centralnoto podracje na bilo koj golem grad vo Evropa e problem. Lugeto gi izbegnuvaat katnite garazi bidejki e poskapo a odzema i poveke vreme. Jas redovno se boram za parking mesto (bidejki katnata garaza mi e skapa) vo strogiot centar, zatoa se trudam sto poredko vo centar na odam vo avtomobil. Parite za parking so zadovolstvo gi davam za javen prevoz, koj duri e i pobrz koga stanuva zbor za centralnoto gradsko podracje.
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #284 Posted: 22-Oct-2012 at 13:39
Previous
 
Ама паркингот кој е во сопственост на државата или на општината, сепак не е приватен имот, бидејќи државата, односно општината, им припаѓаат на граѓаните, а не на некој приватен сопственик, па затоа бидејќи државата, односно општината не се приватни ентитети, на паркингот не треба да стои табла "Приватен имот", бидејќи не е приватен, туку им припаѓа на сите граѓани, а не на поединци кои ќе наплаќаат за паркирање на истиот тој паркинг, без притоа воопшто да ја гарантираат безбедноста на возилата паркирани на истиот тој паркинг, а истото важи и за улиците и за булеварите.
 
Јас ќе го прифатам таканареченото зонско паркирање под услов истото да ми гарантира безбедност на возилото, односно да ми гарантира дека давам пари за нешто корисно, а не да ми гарантира дека фрлам пари за да се полни општинската или државната каса, јас веќе ги полнам општинската и државната каса со даноците и административните такси кои ги плаќам секоја година и затоа одбивам да ме рекетираат преку паркинзите и катните гаражи, во овие вториве никогаш не сум ни стапнал, ниту планирам да стапнам.


Edited by Dexter26 - 22-Oct-2012 at 13:42
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1546
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #285 Posted: 22-Oct-2012 at 13:58

Samo stanarite imaat pravo da go koristat dvorot ili parkingot koj im pripaga na dadenata zgrada. Ako dvorot ili parkingot ne e odkupen stanarite po zakon mora da plakaat kirija za nego, sto vo prevod znaci deka tie imaat VLADENIE na toj imot i zatoa toj imot e "nivni" sekako bez pravo na prodazba. Sto tika ne e jasno?
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #286 Posted: 22-Oct-2012 at 14:29
Previous
 
Ако паркингот не го откупиле станарите, тогаш е во сопственост на државата или на општината, тоа веќе го разјаснивме.
 
Што се менува со плаќањето кирија за паркингот ?
 
Дали е загарантирано местото за паркирање, како на пример, да биде поставена рампа со катанец на секое место за паркирање ?
 
Дали е загарантирана безбедноста на возилата паркирани на паркингот ?
 
Нема смисла да се даваат пари за паркирање, а ништо да не се добива за возврат, само местото за паркирање не е доволно за тие пари.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 8961
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #287 Posted: 22-Oct-2012 at 14:31
Originally posted by Dexter26

Previous
Јас ќе го прифатам таканареченото зонско паркирање под услов истото да ми гарантира безбедност на возилото, односно да ми гарантира дека давам пари за нешто корисно, а не да ми гарантира дека фрлам пари за да се полни општинската или државната каса, јас веќе ги полнам општинската и државната каса со даноците и административните такси кои ги плаќам секоја година и затоа одбивам да ме рекетираат преку паркинзите и катните гаражи, во овие вториве никогаш не сум ни стапнал, ниту планирам да стапнам.


Незнам кој е тој зонски паркинг било каде во светот кој гарантира сигурност на возило.

Се работи за сосема инаков концепт чија цел е зголемување на квалитет на живот, намалување на непотребно користење на лични возила во густо населени зони или во зони со големо движење на луѓе, стимулација на користење на јавен превоз итн. Токму тоа се прашањата кои треба да се релевантни.

Супер пример е Софија која само што ја дуплираше цената на зонски паркинг на локации каде се прошири метро системот а кои се наоѓаат во централни зони со голема фреквенција на луѓе.
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #288 Posted: 22-Oct-2012 at 14:42
Previous
 
Со други зборови, го форсираат метрото, односно јавниот превоз, браво за нив, јак капитализам им е тоа, и браво и за било каде во светот каде што се применува таквата пракса.
 
Најдобро е да си фатиме џаде на село, ем поголема надморска височина, ем почист воздух, ем ги нема овие глупости од типот на зонско паркирање, форсирање на јавниот превоз, споменици, административни згради и слично.


Edited by Dexter26 - 22-Oct-2012 at 14:42
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1546
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #289 Posted: 22-Oct-2012 at 14:48

Prijatele, ne e taka. Ziveam vo zemja kade sto ovie rabota odamna i precizno se reseni, sto i komu pripaga. Ete ako nrp. i stanot ne odkupen, toj mu spipaga na stanarot. Toj sto plaka kirija ima vladenie i samo toj ima pravo da zivee vo nego. Sopstvenost i vladenie se dve raboti koi moras da gi razlikuvas. Kako moze imot koj jas sum go iznajmil da im pripaga na site gragani? Znaci sopstvenik e drzavata ili od toj sto si go iznajmil, no vladenieto e na toj sto plaka kirija. Tuka se podpisuva dogovor koj gi regulira site raboti.

Inaku da, pozelno e dvorovite da se ogradeni. Ako ne se ogradeni po pravilo stoi tabla na koja pisuva "privaten imot" ili "iznajmen parking" vo koj site parking mesta se obelezeni so broj.

Ete npr. jas ziveam vo iznajmen stan so dvorno mesto. Nema vrska dali stanot sum go iznajmil od drzavata ili od privatno lice. Toj e vo moe vladenie i vo toa period dodeka jas ziveam vo nego stanot mi pripaga mene so napomena deka nemam pravo i ne mozam da go prodadam bidejki nemam imoten list.
Vo dogovorot pisuva se precizno. Tolku kvadrati stanben prostor, tolku kvadrati dvorno mesto i parking br. 26. Za parkingot plakam 25€ mesecno i sekoj koj ke parkira na toa mesto ke bide slepuvan.
Vo Makedonija imam sopstven stan. Dvornoto mesto ne e odkupeno, no se vodi postapka za toa. Ako nie stanarite go odkupime, togas nie stanuvame sopstvenici na istoto. Ako ne, togas ke plakame kirija i ke imame vladenie sto vo prevod znaci deka samo nie mozeme da go koristime.

Bezbednosta e sosema drugo prasanje. I samite stanovi ne se bezbedni a ne pak parkinzite. Za taa rabota postojat osiguruvanja.
Inaku tuka ne stanuva zbor za davanje pari za parking, tuku go plakas dvornoto mesto koe go koristis sekojdnevno. Vo najdobar slucaj, stanarite neka si go odkupat dvorot i nema nisto da plakaat, osven, se razbira, danok na imot.
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #290 Posted: 22-Oct-2012 at 15:03
Previous
 
Убаво спомна, плаќаш кирија и ако некој кој не плаќа кирија е паркиран на твоето место за паркирање, му следува шлепување, но прочитај ги погоре коментарите на другите членови на форумов - тие велат дека нема место за паркирање, односно дека плаќаат кирија за ништо !!!
 
А кога сме кај обезбедување, конкретно зборувам за Скопје, јас лично како скопјанец сум револтиран бидејќи моите пари од даноци и се останато што од мој џеб оди во буџетот на град Скопје или во буџетот на Република Македонија, се троши за плаќање на приватна обезбедување за споменици.
 
Не барам, а ниту очекувам некое ефикасно, ефективно и пред се, професионално обезбедување на паркинзите, барам само да се постават безбедносни камери и тоа ќе ми биде доволно за да ги откријам тие кои ми го демолирале или украле возилото, но ни град Скопје, ни Република Македонија не делуваат заинтересирани за нешто такво, а од друга страна, воопшто не им претставува проблем да фрлаат народни пари за приватно обезбедување на спомениците.
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1546
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #291 Posted: 22-Oct-2012 at 15:22

Pa ako nekoj bezpravno e parkiran na tvoeto mesto neka go slepuvaat. Toa zboruvam, deka ovoj parking ne im pripaga na graganite (kako sto velis ti), tuku na onie koi plakaat kirija za nego. Ako toa vo MKD ne funkcionira i ako sekoj moze da ti se parkira na mestoto a pritoa negovoto vozilo da si ostane "zdravo i zivo" toa e drug problem. Toa sto makedonskite institucii ne funkcioniraa e drugo prasanje. Znam kakvi problemi imate vo Skopje, se zalat skoro site, no jas samo sakav da kazam kako treba da funkcionira ovaa rabota.

Ovaa tematika e obemna no lesno resliva. Ako zboruvame za iznajmeto dvorno-parking mesto moze da se bara kameri, no vo toj slucaj dvorniot-parking ke bide cini poveke. Za poseben parking koj ne spaga vo dvornoto mesto vazat drugi pravila.

Inaku koga e vo prasanje ulicen parking, tuka mozebi postoi nekakov reket od strana na drzavata, no toa veke e prasanje kako za kokoskata i jajceto. Vakvo zonsko parkiranje postoi samo vo centralnoto gradsko podracje se so cel da se stavi red, bidejki centarot e najoptovaren del od gradot. Tocno e deka ulicite se izgradeni od parite na danocnite obvrznici, no taa ulica e napravena za da se vozi po nea a ne da se parkira. Toa se dve razlicni raboti, bidejki vozejki centar ne go pomines za desetina minuti a parkiranjeto moze da trae i cel den.
Toa e sustunata na zonskoto parkiranje. Da se stavi red vo centralnoto gradsko podracje i da se naterat graganite vo centar da patuvaat bez sopstven avtomobil. I druga rabota sto nam ne ni e jasna e toa deka vo centar zivotot e ekstremno skap i deka toa mesto na ziveenje e namenet za luge so podlabok dzeb.
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #292 Posted: 22-Oct-2012 at 15:31
Previous
 
Е па зонското паркирање такво какво што ти го спомнуваш, не функционира во Скопје, бидејќи не функционира во правец на обезбедување поголем простор за паркирање, туку функционира во правец на обезбедување финансиски средства со кои ќе се полнат општинската / градската / државната каса и затоа треба да се укине.
 
А кога сме кај тоа што македонските институции сеуште не функционирааТ, а не "не функционираа" (како во минато свршено време), за тоа оди прво на Бит Пазар кој е залепен веднаш до централното градско подрачје, прво таму почни да делиш сообраќајна правда врз принцип на зонско паркирање на булевар Крсте Петков Мисирков, па потоа во Центар и во Аеродром.
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1546
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #293 Posted: 22-Oct-2012 at 15:48

A sto funkcionira vo Makedonija kako sto treba? Selektivnata pravda e disciplina koja ja usovrsivme do kraj.
Pred dva meseci bev dve nedeli vo Skopje. Parkingot e katastrofa. Vo Centar redovno parkirav vo garazata pod "Opera". Toa iako e skapa varijanta, nekako mi se vide najprakticna. Se obidov i peski, pa naidov na milion barieri.

Inaku polnenjeto na gradskata kasa e omilen sport na sekoj grad vo Evropa, razlikata e samo vo toa sto parkingot vo nekoi zemji e sreden i funkcionira. Se znae tocno kako i kage smee da se parkira, a postojat i nekoi ulici (zboruvam za centralno gradsko podracje) kade se parkira bezplatno.
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1546
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #294 Posted: 22-Oct-2012 at 15:54
Toa za instituciite deka "ne funkcioniraa" e pecatna greska... treba da stoi "ne funkcioniraat".
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #295 Posted: 22-Oct-2012 at 16:18
Previous
 
Е па токму во тоа е проблемот.
 
Воопшто не се сомневам дека полнењето на градската каса е омилен спорт на секој град во Европа, но сигурно градот на некаков начин возвраќа за полнењето на градската каса со соодветна инвестиција, а тоа не е случајот со Скопје.
 
Плаќање зонско паркирање во замена за приватно обезбедување на споменици и немање ниту една безбедносна камера да ги обезбедува улиците и паркинзите кои спаѓаат под зонско паркирање се пари фрлени во ветар.
 
Истото важи и за сметките за вода, водоводот во Центар и во ред други скопски општини со децении плаче по обнова, луѓето буквално се трујат поради застарениот водовод, но тоа не е доволен мотив за да бараат менување на водоводот, бидејќи тоа подразбира копање и привремен прекин на сообраќајот на некои улици кои водат кон улица Македонија и кон плоштад Македонија, а бизнисите кои се наоѓаат на тие локации не се подготвени по ниту една цена да си дозволат бизнисот да им тргне по надолна линија само бидејќи некој обрнал внимание на здравјето на скопјани.
 
Ги има и ред други примери, но поентата ми беше дека нема смисла да се фрлаат пари во неповрат, мора да има соодветна повратна инвестиција, а не мислам на честитка од полицијата и/или од пајак службата и/или од инспекциските служби и/или уште повеќе споменици и/или тотално непотребни нови административни згради.


Edited by Dexter26 - 22-Oct-2012 at 16:19
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #296 Posted: 22-Oct-2012 at 17:37
Декс ти сосема погрешно си прочитал погрешно од моите постови или не си дочитал, но не мислам сега да навлегувам во тоа.
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1546
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #297 Posted: 22-Oct-2012 at 21:34
Da podvlecam i izvlecam konecen zaklucok od predhodnite postovi.

Kolku sto razbiram parkinzite pred zgradite ne sluzat samo za stanarite tuku moze sekoj za odredena suma da parkira. Toa e sosema pogresno i zatoa rezultira so nemanje slobodno mesto za stanarite od okolnite zgradi. Opstinata so toa duplo kasira a parking prostorot e ostaven na toa koj prv fati. Toa nema vrska so zonako parkiranje i mora da bide reseno kako sto pisuvav pogore. Znaci parkingot pred zgradata treba za simbolicna pausalna suma da se stavi vo vladenie na stanarite ili da im se ponudi na odkup. Da se stavi tabla "iznajmen parking" ili ako e odkupen "privaten parking".

Zonskoto parkiranje vo sustina e ulicno parkiranje (na krajnata desna lenta). Toa se primenuva vo centralnoto gradsko podracje sto za Skopje bi znacelo deka teritorijata na opstina centar e dovolna. Graganite koi nemaat "dvor-parking" prinudeni se da go ostavat voziloto na ulica (na krajnata desna lenta), znaci na javen prostor koj e vo sopstvenost na gradot. I vo ovoj slucaj tie gragani treba da plakaat simbolicna suma i da dobijat nalepnica deka voziloto so toj reg. broj smee da parkita sekade vo ovaa zona, dodeka ostanatite po saat-tarifa. Kako zonata se oddalecuva od strogiot centar, taka i cenata treba da paga. Toa bi trebalo da go regulira ulicniot parking vo strogiot centar bidejki toa gradsko podracje e najoptovareno.
Back to Top
kenzo_fan View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2011
Online Status: Offline
Posts: 306
  Quote kenzo_fan Quote  Post ReplyReply #298 Posted: 23-Oct-2012 at 02:31
Како е дефинирано дворното место? Дали е точно тврдењето дека земјиштето до 10 метри околу една зграда им припаѓа на станарите во неа?  
"Скопје е промашен град" - Арх. Живко Поповски
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3389
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #299 Posted: 23-Oct-2012 at 09:04
Originally posted by kenzo_fan

Како е дефинирано дворното место? Дали е точно тврдењето дека земјиштето до 10 метри околу една зграда им припаѓа на станарите во неа?  


Секоја зграда си има сопствено дворно место, претпоставувам парцела на која е изградена и која преминува во сопственост на станарите по нејзиното пуштање во употреба. Дали има некои други законски прописи колкаво треба да биде дворното место, не сум сигурен, но знам дека со приватизацијата на државното земјиште за 1 евро секој можеше да си го купи дворното место, вклучително и куќните совети од зградите. И не знам само како таквото земјиште може да го користат јавни претпријатија за стопанисување со паркинг места, без притоа да платат соодветна надокнада.
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1546
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #300 Posted: 23-Oct-2012 at 14:06

Vo princip e taka, no ima razni vidovi na zgradi koi se izgradeni bez klasicen dvor. Tuka pred se mislam na golemite zgradi ili kompleks na zgradi ( so minimum 100 stanovi) koi nemaat klasicen dvor tuku golem zaednicki parking (npr. Leptokarija ili takvi primeri ima vo aerodrom).
Najgolemiot del od ovie tn. blok-zgradi se izgradeni vo socijalizmot kade sto vladeese sosema drug opstestven sistem koj najkratko se opisuva so frazata "se mu pripaga na narodot" pa taka na ovie parkinzi smeeja da parkiraat site. Denes, pak, e sosema drugo vreme, t.e. se mora da se plati. Ovie parkinzi se izgradeni za stanarite koi ziveat okolu niv i zatoa denes drzavata treba da im gi prodade a ne da voveduva zonsko parkiranje tamu kade sto ne bi trebalo da go ima.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 13141516>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.154 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.