build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Паркинзи и гаражи
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Зонско паркирање во Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 15161718>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 1149
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #321 Posted: 25-Jan-2022 at 19:27
Зонско подитно треба да се воведе, не само Стар Аеродром и Ново Лисиче, туку и Мичурин, цело Острово и Реонски центар. Нормално дека нема за станари да се плаќа, така и веќе функционира Градски паркинг зона Д за прво, второ и трето возило. А зонско дефинитвно помага да ги разретчи сите вработени кои баш и не мора со кола да одат на работа, како и клиенти.

Косо паркирање + по средина е исто нешто што треба насекаде да се воведе насекаде. И сега така функционира во 90% случаи, само што дека не е косо, има нонстоп заглавени коли и свирење.

Edited by <Fresno> - 25-Jan-2022 at 19:28
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20871
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #322 Posted: 12-Feb-2022 at 10:51
ОПШТИНА КАРПОШ ЌЕ ВОВЕДУВА ЗОНСКО ПАРКИРАЊЕ НА ОРЦЕ НИКОЛОВ И КАРПОШ 1 ЗА ДА СЕ РЕШИ ПРОБЛЕМОТ СО БЛОКИРАНИ ТРОТОАРИ

Општина Карпош ќе воведува зонско паркирање во населбата Карпош 1 за да се реши проблемот со блокирани тротоари. На улицата Орце Николов во делот на Општина Карпош тротоарите се узурпирани од возила, па граѓаните одат по улица. Паркинг место станарите не можат да најдат ни на паркизните од околните згради. Бидејќи овој дел граничи со Општина Центар каде паркингот се наплатува,многумина паркираат на Карпош, па буквално сите тротоари се блокирани.

Од кабинетот на градоначалникот Стевчо Јакимовски велат дека се свесни и работат на изнаоѓање решенија.

„Во деловите на Карпош кои граничат со општина Центар размислуваме за комбинирано решение од зонско паркирање и катни гаражи. Како краткотрајно решение треба да послужи зонското паркирање. Веќе има изработено сообраќаен елаборат за Карпош 1 со кој се предвидува и воведување на зонско паркирање. Елаборатот беше испратен во МВР на одобрување, од каде што деновиве се дадени насоки за корекции. Во моментот се работи на корекциите, по што ќе се чека на конечно одобрување за да може да се реализира планот за воведување зонско паркирање. Со зонското паркирање ќе ги решиме и хаварисаните возила и тие што продаваат возила и граѓаните од Центар кои ги оставаат возилата во Карпош. Како долготрајно решение во Карпош 1 се планира изградба на катна гаража која треба да почне да се гради следната година“, велат од Општина Карпош.

Општина Карпош пред две години за време на мандатот на ексградоначалникот Стефан Богоев спроведе анкета за воведување зонско паркирање во Карпош 1 и 2. Мнозинството граѓани на анкетата се изјаснија дека сакаат да се воведе зонско паркирање, по што од Општината рекоа дека ќе почнат активности со ЈП „Градски паркинг“ паркирањето во Карпош да се наплаќа за граѓаните од другите општини, а да биде бесплатно за жителите.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/opshtina-karposh-ke-voveduva-zonsko-parkirane-na-ortse-nikolov-i-karposh-1-za-da-se-reshi-problemot-so-blokirani-trotoari/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20871
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #323 Posted: 15-Feb-2022 at 10:42
Пред месец дена ми се случи вака на паркингот кај стадион кој е под ПОЦ,чекав повратна порака 10мин но ништо,дури по половина час добив порака дека наплатата на паркирањето не може да се процесира.А исто се случува и кога треба да се прекине паркирањето.

------------------------------------------------------------------

ЈП Градски паркинг за проблемот со СМС пораките: Останете во возилото додека не добиете повратен одговор

ЈП Градски паркинг- Скопје ги известува корисниците на зонското паркирање дека понекогаш претпријатието се соочува со проблем при процесирање на пораките за паркирање или за стопирање на паркирањето, испратени од страна на корисниците. Станува збор за проблем од техничка природа на кој се работи на лоцирање и решавање.

-Сакаме да им посочиме на граѓаните кога се соочуваат со неприфатена смс порака за паркирање или стопирање на паркирањето, веднаш да се јават во контакт центарот на ЈП Градски паркинг- Скопје. Во меѓувреме плаќањето за паркинг услугата треба да го направат со греб картичка истакната на ветробранското стакло, соопштуваат од ЈП Градски паркинг.

Во овој случај, важно е корисниците на паркингот да не го напуштаат возилото додека не добијат повратна порака дека паркирањето е дозволено и започнато или додека не постават греб картичка.

За подетални информации, граѓаните може да се обратат на телефонските броеви:

Центар: 02 3 21 55 66
Аеродром: 02 2 44 33 66
Илинден: 02 3 29 82 10

https://www.slobodenpecat.mk/jp-gradski-parking-za-problemot-so-sms-porakite-ostanete-vo-voziloto-dodeka-ne-dobiete-povraten-odgovor/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20871
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #324 Posted: 14-Mar-2022 at 16:29
СТАР АЕРОДРОМ ДОБИВА ЗОНСКО ПАРКИРАЊЕ

Населбата Стар Аеродром наскоро ќе добие зонско паркирање по барање на граѓаните, кои со години се соочуваат со недостиг на слободни паркинг места, како и узурпација на зелени површини, пешачки патеки и тротоари од возилата. Општина Аеродром изминатиот период спроведе анкета меѓу тамошните жители, при што над 90% од анкетираните кои можеа да се изјаснат „За“ или „Против“ се изјаснија позитивно и дадоа зелено светло за оваа иницијатива. Анкетата опфати 18 згради кои се наоѓаат на булеварот „Јане Сандански“ и улиците „23 Октомври“, „Ангел Димовски“ и „Коста Новаковиќ“.

„Станува збор за густо населен и многу фреквентен дел каде што жителите долги години имаат проблем со недостиг на слободни места за своите возила. По нивно барање ќе воведеме зонско паркирање, како едно од најсоодветните решенија за овој дел од Аеродром. Зонското паркирање кое е воспоставено и во други делови од општината се покажа како успешен начин за решавање на еден од најголемите проблеми со кои граѓаните се соочуваат“, рече градоначалникот Тимчо Муцунски кој денеска заедно со директорот на ЈП „Градски паркинг“ Бојан Христовски изврши увид на локациите кадешто ќе се воведе зонско паркирање.

https://www.facebook.com/OpstinaAerodrom
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20871
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #325 Posted: 16-Mar-2022 at 18:24
Во Карпош ќе има зонско паркирање од Рузвелтова до булевар Осми Септември

Не само во населбите Карпош 1 и Карпош 2, туку на целиот потег од улицата Франклин Рузвелт до булевар Осми Септември ќе се воведе зонско паркирање, односно во делот од Карпош што граничи со Центар. Општина Карпош веќе нарачала проект за регулирање на сообраќајот во мирување за потегот од Министерство за економија до „Салон 29“, а со зонско паркирање ќе биде опфатен и целиот простор кај Млечен и кај „Веро“ во Тафталиџе.

Градоначалникот Стевчо Јакимовски во неодамнешната комуникација во живо на „Фејсбук“ објасни дека ова се прави за да се заштитат граѓаните кои живеат во Карпош од оние што живеат во Центар, а своето второ и трето возило го паркираат преку улицата Рузвелтова, во соседната општина.

Дури имаме случаи и на луѓе што продаваат возила и ги оставаат тука, па од тука ги продаваат. На ваков начин ќе се решиме и од хаварисаните возила. Ова не значи дека се откажуваме од изградба на катни гаражи, но додека ги работиме проектите, додека обезбедуваме средства, сметаме дека најбрз начин да ги решиме проблемите е да воведеме зонско – рече Јакимовски.

https://www.slobodenpecat.mk/vo-karposh-kje-ima-zonsko-od-ruzveltova-do-bulevar-osmi-septemvri/
Carpe diem
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #326 Posted: 16-Mar-2022 at 21:02
зонско паркирање е најглупото нешто што произлегло во градов и упорно се форсира на секоја површина што е и што не е паркинг
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2271
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #327 Posted: 16-Mar-2022 at 21:53
Originally posted by zabegan

зонско паркирање е најглупото нешто што произлегло во градов и упорно се форсира на секоја површина што е и што не е паркинг
Zosto e najglupo nesto...?
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20871
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #328 Posted: 19-Mar-2022 at 10:52
СКОПЈАНИ ПРАЌААТ ПОРАКА ДА ПЛАТАТ ПАРКИРАЊЕ НА „ГРАДСКИ ПАРКИНГ“, НО НАМЕСТО ПОВРАТНА ИНФОРМАЦИЈА ДОБИВААТ КАЗНА

Не функционира системот за праќање СМС пораки за плаќање паркинг на ЈП „Градски паркинг“ во Скопје. Корисници на мрежата на А1 праќаат пораки за да платат паркинг на зонските паркинзи, но не добиваат повратни пораки дека најавата е евидентирана, па добиваат казна.

„Пратив порака, но не добив повратна информација. Но не помислив дека има некој проблем и дека плаќањето не ми е регистрирано. Кога се вратив по колата, имав казна односно блокатор на тркалото. Па не по моја вина морав да платам и казна од 1.000 денари. Од операторот ми рекоа дека проблемот не е до нив туку во софтверот кој се користи за спроведување на наплатата. После тоа уште неколку пати се обидов да платам со порака, но не ми беше регистрирано плаќањето“, вели скопјанец.

Од ЈП „Градски паркинг’ велат дека овој проблем е наследен од претходното раководство, кое ништо не презело да го реши и покрај поплаки од граѓани.

„Ние немаме наш софтвер туку за тоа имаме склучено договор со фирмата ‘Некст сенс“. За овој проблем им се обративме писмено, потоа имавме и состанок на кој побаравме од нив да го решат проблемот. Не знам зошто претходното раководство не пријавило дека има проблеми, ниту побарало од економскиот оператор да го реши ова прашање за кое се жалат граѓани“, вели Бојан Христивски, директор на ЈП „Градски паркинг“.

Христовски вели ако граѓаните се соочат со овој проблем треба да се јават во претпријатието или во фирмата „Некст сенс“ и да пријават.

„Доколку добијат казна која не е по нивна вина, можат да поднесат приговор во претпријатието“, вели Христовски.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/skopjani-prakaat-poraka-da-platat-parkirane-na-gradski-parking-no-namesto-povratna-informatsija-dobivaat-kazna/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20871
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #329 Posted: 09-May-2022 at 17:25
Почитувани, Ве известуваме дека е во план да се спроведе Анкета за воведување на зонско паркирање во Мичурин од страна на Општина Аеродром, каде што граѓаните ќе се изјаснат дали сакаат да се воведе зонско паркирање

https://mzaednica.mk
Carpe diem
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #330 Posted: 09-May-2022 at 19:09
Originally posted by Denko

Originally posted by zabegan

зонско паркирање е најглупото нешто што произлегло во градов и упорно се форсира на секоја површина што е и што не е паркинг
Zosto e najglupo nesto...?
извини Денко што не сум елаборирал на темата порано
најглупо е затоа што е узурпирање на јавен простор (пред се тротоари и коловози) преку цртање на линии насекаде, а не го решава проблемот со паркирање... некој со минимална инвестиција тепа пара од тоа
еве да речеме дека е во ред да се решат така веќе постоечки паркинзи, каде е тука логиката да плаќаш за паркинг што не е асфалтиран, обезбеден и осветлен соодветно? ...ок, сфаќам дека целта е возачите да се одвратат од паркирање на тие локации, ама со оглед на тоа дека е постигнат многу минимален ефект, а паркинзите се пак преполни, не ја гледам поентата... на крајот од денот, ако цел град има зонско паркирање па, ко што тргнало, тогаш што е направено?
ова е само недоквакан нус-производ на фактот дека никој не сака да се замара со тоа да се направи генерална стратегија на паркирањето во градот и дека никој не сака да спроведе подетална низа на закони во врска со тоа, за да се искоренат проблемите кои предизвикуваат проблем со паркинзи на прво место

нешто слично на ова е градењето на катни гаражи што доста долго време седеа полу-празни и јавни паркинзи кои се наоѓаат веднаш до нив, проширување на јавни паркинзи онаму каде што има гаражи, расправии за тоа што треба да се отстапи на станари и фирми, а што на јавна употреба, и ред други глупости
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20871
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #331 Posted: 10-May-2022 at 17:07
Карпош воведува зонско паркирање

Јавното претпријатие „Градски паркинг“ ќе биде одговорно за јавните паркиралишта и јавните површини кои ќе бидат наменети за зонско паркирање во Општина Карпош, односно ќе функционира како организатор на сообраќајот во мирување, одлучено е на денешната седница на Советот на Карпош со мнозинство гласови.

„Градски паркинг“ треба да преземе активности за организација на сообраќајот во мирување, вклучувајќи го обележувањето, одржувањето и користењето, како и техничките и организациските работи, наплатата и надзорот над паркирањето на возилата и останатите работи на јавните паркиралишта и површини за зонско паркирање.

Во овој случај, за користење на јавните паркиралишта и јавните површини наменети за зонско паркирање, ЈП „Градски паркинг” – Скопје има обврска да плаќа комунална такса, согласно Законот на комуналните такси и Законот за Град Скопје“, велат од Општина Карпош.

https://fokus.mk/karposh-voveduva-zonsko-parkirane/?
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20871
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #332 Posted: 13-May-2022 at 15:09
ЛЕТОВО ЌЕ СЕ ВОВЕДЕ ЗОНСКО ВО КАРПОШ, ЗА СТАНАРИТЕ БЕСПЛАТНО ПАРКИРАЊЕ ЗА ДВЕ ВОЗИЛА, ЗА ЖИТЕЛИ ОД ДРУГИ ОПШТИНИ 25 ДЕНАРИ ЧАС

Летово зонско паркирање ќе се воведе и во Општина Карпош во Скопје. Со зонските паркиралишта ќе стопанисува ЈП „Градски паркинг“, од каде велат дека во моментов се прават сообраќајните проекти во Општина Карпош кои потоа треба да бидат одобрени од Министерството за внатрешни работи.

За станарите паркирањето ќе биде бесплатно за две возила, додека за жители на други општини 1 час паркирање ќе чини 25 денари. Ќе има месечни карти од 800 денари за вработени, а за гости еден час паркирање ќе биде 10 денари.

Како што велат од ЈП „Градски паркиг“ наплата ќе се воведе во Карпош 1, Карпош 2, кај млечен ресторан и на улица Народен фронт кај Министерство за економија.

„Во овие делови кои гравитираат кон Центар станарите имаа проблеми, бидејќи тука не се наплаќа паркирање и голем број граѓани тоа го користат. Станарите не можат да си додјат дома и да најдат слободно место и затоа голем дел од нив се изјаснија дека сакаат да се воведе зонско паркирање“, велат од претпријатието.

Од „Градски паркинг“ велат дека зонското паркирање ќе стартува летово или најдоцна до есен.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/letovo-ke-se-vovede-zonsko-vo-karposh-za-stanarite-besplatno-parkirane-za-dve-vozila-za-zhiteli-od-drugi-opshtini-25-denari-chas/
Carpe diem
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 926
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #333 Posted: 14-May-2022 at 00:16
А да направат нови паркинг-места, а не само да воведуваат зонско?
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #334 Posted: 15-May-2022 at 01:48
Originally posted by skopskodete

А да направат нови паркинг-места, а не само да воведуваат зонско?
не може цело време само да се доградува паркинг за се нешто... паркинзите од новите објекти кај се?
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20871
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #335 Posted: 16-Sep-2022 at 16:54
Зонско паркирање во Автокоманда ќе го реши метежот



Теренската анкета, спроведена помеѓу жителите во Автокоманда, покажа дека тие одобруваат зонско паркирање во нивната населба, со што се очекува да се реши проблемот што го имаат со недостиг на слободни паркинг места.

– За време на теренската анкета се изврши посета на секое домаќинство во населбата, по што од резултатите може да се утврди дека жителите на Автокоманда даваат поддршка за воведување на зонско паркирање – информира градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, на неговиот фејсбук-профил.

Тој прецизираше дека било анкетирано 951 семејство, а од нив 632 се изјасниле за зонско паркирање, 52 одбиле да одговорат, а 266 семејства биле против.

Дел од граѓаните ја поздравуваат можноста на ваков начин да се реши проблемот до паркирањето, дел тврдат дека со анкетата не се опфатени сите семејства, додека оние кои се против воведувањето зонско, сметаат дека на ваков начин ќе се оптовари семејниот буџет.

https://www.vecer.press/зонско-паркирање-во-автокоманда-ќе-г/
Carpe diem
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #336 Posted: 20-Oct-2022 at 19:01

зонсково паркирање е кражба на векот за полнење џебови

која е поентата на зонско паркирање ако секаде во градот постои зонско?
дали е стварно потребно од секоја јавна површина да се прави паркинг или треба на проблемот да се пристапи плански во согласност со јавниот превоз?

еве на пример во Аеродром веќе повеќе од десетина години има зонско паркирање и немаме никаква полза од него со оглед на тоа колку небезбедни се паркинзите и колку гужва сеуште има со тоа колку им се попушта на станарите
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 1149
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #337 Posted: 20-Oct-2022 at 20:27
Има поента ако подобро се уредени паркинзите и има повеќе контроли. На некои локации добро функционира, некаде е дива лига. Ако се контролира е бенефит за станарите кои ќе трпат помал број ликови што им зафаќаат места за да тркнат до локалната кладилница и кафич.

Нормално, проблемот е поголем, место секоја зграда да има на приземје деловни простории, бизнисите треба се во деловни објекти и молови. Кај нас 90% згради имаат продавница, кафич, кладичница, адвокат, аптека итн, што само генерира гужви.
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 926
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #338 Posted: 20-Oct-2022 at 22:47
Воведуваат зонско паркирање, а не знаат да обележат како што треба паркинг.

На пример, како е можно тука да стават паркирање нормално во однос на правецот на движење на возилата, а да нема место да се излезе бидејќи постои и обележано паралелно паркирање... Колкав „генијалец“ треба да си за да го направиш ова?! И после, нормално, луѓето природно ќе си се паркираат на косо.
Ама битно воведуваат зонско паркирање (примеров е од паркинг до Капитол).



Edited by skopskodete - 20-Oct-2022 at 22:47
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #339 Posted: 25-Oct-2022 at 00:21

затоа се паркираш рикверц, една од основни ствари што те учат на полигон
уствари и не ја сфаќам македонската упорност да се влага во еден потег на паркинг, во рикверц ем полесно се влегува, ем полесно се излегува
овие што на косо паркираат го узурпираат паркингот за барем уште две-три возила

сепак проблем е паркирањето на средина, зошто кога возиш мораш да газиш на каналчето за атмосферската и да маваш шахти
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20871
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #340 Posted: 22-Feb-2023 at 18:23
Зонско паркирање и во Автокоманда

Општина Гази Баба со зонско паркирање ќе стави крај на сообраќајниот хаос во Автокоманда, каде што голем број возила се паркирани од едната и од другата страна на улиците. Проектот за зонското паркирање, вечерва, во Домот на културата „Димитар Влахов“ ќе им биде презентиран на жителите од оваа населба.

Тој предвидува воведување на еднонасочен режим на сообраќај на улицата „Јани Лукровски“ – од улица „Трифун Хаџи Јанев“ кон улицата „Бапчор“, улица „Лазар Поп Трајков“- од улица „Бапчор“ кон улица „Трифун Хаџи Јанев“. Потоа, улица „801“ – од улица „Лазар Поп Трајков“ кон улица „Ташко Караџа“, улица „Гавреш“ – од улица „Лазар Поп Трајков“ кон улица „Ташко Караџа“ и улица „Ташко Караџа“ – од улица „Бапчор“ кон улица „Трифин Хаџи Јанев“.

Како што информираа од Општина Гази Баба, жителите на Автокоманда ќе можат бесплатно да паркираат и тоа ќе важи за две возила на секое домаќинство. Останатите ќе можат да паркираат по 25 денари за час. Воедно, ќе има и гостинска паркинг-карта која ќе чини 10 денари од час, како и месечна карта за службено возило која ќе чини 300 денари.

Засега, од општината немаат информации кога би започнало да функционира зонското, бидејќи како што рекоа, постапката е на почеток. Во изминатиот период Општина Гази Баба спроведе теренска анкета со посета на домаќинствата во урбаната заедница „Автокоманда“. Резултатите од анкетата покажаа дека огромно мнозинство на домаќинствата се за предлогот да се воведе зонско паркирање како едно од решенијата за сообраќајниот хаос во општината.

https://www.vecer.press/зонско-паркирање-и-во-автокоманда/
Carpe diem
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 15161718>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 1.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.