build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Паркинзи и гаражи
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Зонско паркирање во Скопје
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Зонско паркирање во Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 56789 18>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #121 Posted: 02-Nov-2009 at 01:57


Се обидов да ја најдам фотографијата, ама успеав да го најдам само овој исечок од насловната страна на Вест. Сепак добро се гледа. Градоначалникот како да се трудел да направи што повеќе прекршоци. Паркирање на:
1. Улица (дополнително очи боде знакот за забрането застанување веднаш подолу)
2. Пешачки премин
3. Крстосница
4. До контењери
и се разбира...
5.  Веднаш до зонски паркинг

Ама изгледа ова зонсково паркирање е само за обични смртници, а не и за оние кои го промовираат








Master  Applause  Master  Applause  Master  Applause  Master  Applause

Edited by Cloverstack - 02-Nov-2009 at 02:15
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #122 Posted: 02-Nov-2009 at 02:07
Веројатно имал "специјална дозвола". Ваков дрзок одговор добив јас пред некој ден од еден од вработените задолжен за зонското паркирање. Влегов токму во овој сегмент кој се гледа на сликата. Освен што имаше паралелно паркирани возила имаше и еден мерцедес со охридски таблици залепен за тротоарот и за п-профилите. Ја наместив колата позади мерцедесот на што ми се нафрли типот дека тука не смее да се паркира си имало обележано (секако ова со свиркање, мафтање и викање а никако љубезно). Ја паркирав колата подоле и револтирано му улетав и го прашав што бара тој мерцедесот таму. Одговорот беше да си ја гледам работата, ова било зонско паркирање тука се плаќало. Му одговорив дека платив и да ми одговори што бара мерџото така насадено правила или важат за сите или не важат. Да не должам ... финалниот одговор беше дека тој со мерџото имал "специјална дозвола". Бидејќи ужасно се брзав си отидов, инаку ќе се заинтересирав до крај каде може да се набави таква "специјална дозвола" со која колата ќе можам да ја оставам кај што ќе ми текне и да сум амнестиран од одговорност. 
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #123 Posted: 02-Nov-2009 at 02:13
Па си можел на кратко да запишеш таблица, да сликнеш со телефон ида поднесеш извештај претставка у најблиска полициска, ако веќе стварно имаш живци да тераш правда. Освен ако не те згрбачеле вработените, пошто со тоаа нељубезност и такво нешто нема да ме чуди ако се деси. Мене ми се нафрлија така еднаш со дерење викање урлање, а уствари што било работата сум се паркирал на место резервирано за инвалиди, а не се гледаше жутата ознака пошто имаше лисја од дрва, местото беше баш под дрво. Ама љубезност ни у краен случај.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #124 Posted: 02-Nov-2009 at 02:25
Па еве ЛСЛ, имаме слика на насловна страна на весник, полицијата вели дека нема основа за казна. 
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #125 Posted: 02-Nov-2009 at 02:53
Малку офтопик, неможам а да не искоментирам. Настрана примитивизмот на менаџерот на МНТ и Колосеум. Колку тажно провинциски делува Скопје... Главната наша улица: демолирани контејнери без капаци, преполни со ѓубре, искршени 30 годишни рекламни паноа за кината кои некогаш ги имавме, полски ВеЦе на сред улица, реклами насекаде и врвот ШАКО ПОЛУМЕНТА Ohno Навистина разочарувачки.
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #126 Posted: 02-Nov-2009 at 17:29

МВР го казни 250 евра градоначалникот на Аеродром за паркирање на пешачки

"Од сликите јасно се гледа дека градоначалникот на Аеродром Ивица Коневски пог­реш­но се паркирал, па Министерството за внатрешни работи ќе поднесе пре­кр­шоч­на пријава. Ако не сака да плати глоба, има право да се жали на суд", изјави вче­ра Иво Котевски, портпарол на МВР

Ми­нис­терс­тво­то за внатрешни работи ќе го казни прекршочно за погрешно пар­ки­ра­ње градоначалникот на Аеродром Ивица Коневски.
"Од сликите јасно се гледа дека градоначалникот на Аеродром Ивица Коневски пог­реш­но се паркирал, па Министерството за внатрешни работи ќе поднесе пре­кр­шоч­на пријава. Ако не сака да плати глоба, има право да се жали на суд", изјави вче­ра Иво Котевски, портпарол на МВР.
Гра­до­на­чал­ни­кот на Аеродром Ивица Коневски во петокот со службеното возило "форд мондео" се паркираше на пешачки премин на улицата Даме Груев, веднаш до кон­теј­не­ри­те и на чекор од влезот на паркингот кој се наоѓа зад Собранието.

http://vest.com.mk/?ItemID=88DB47DC663BB245A2CECDCF2E5C9C68
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #127 Posted: 06-Nov-2009 at 22:43

Бунтот на аеродромци против зонското паркирање се шири и кон центарот





 

Откако надлежните им попуштија на станарите околу „Бисер“, и жители на други делови од градот ги бараат истите привилегии, да не плаќаат по 200 денари месечно за паркирање пред зградите и постојано да имаат слободни места

 
 
%20  
Попустливоста на градските власти и на јавното претпријатие „Градски паркинг“ пред жителите на Аеродром, кои издејствуваа барем до Нова година да не плаќаат за зонското паркирање, почна да предизвикува незадоволство, дури и гнев кај граѓаните од повеќе делови на центарот, кои пократко или подолго време одвојуваат по 200 денари месечно за да паркираат пред сопствените згради. Поради големиот отпор за ширењето на проектот за паркирање во зони и кон трговскиот центар „Бисер“, претпријатието прво неколку недели целосно го одложуваше почетокот на наплатата, а последната одлука му е да почне да им наплатува на сите, освен на станарите од околните згради. Според правилата не само за овој проект, туку и воопшто за стопанисувањето со паркинзите што ги раководат и „Градски паркинг“ и „Паркинзи на општина Центар“, секој сопственик на стан во непосредна близина на паркиралиштето може да купи месечна картичка за едно возило за 200 денари, но тоа не му гарантира сигурно место во секое време.

Но сега и некои жители на Центар почнале активности за да побараат и официјално укинување на нивните претплати.

- Зошто само жителите на Аеродром да бидат привилегирани? И ние ќе испратиме барање до „Градски паркинг“ за да ни ја укине претплатата. Веќе почнавме да собираме потписи и петицијата ќе ја однесеме во претпријатието. Ние ем плаќаме, ем паркираме само кога има место. Често сме принудени автомобилите ноќе да ги носиме на други паркиралишта и уште еднаш да платиме или да ги оставиме на улица и да ризикуваме да ни ги собере пајак-службата. Дури и картичките што ни ги дадоа понекогаш не функционираат, рампите не се отвораат - реагираат жители од Центар што се претплатени на паркиралиштето кај Камениот мост.

Од претпријатието „Градски паркинг“ велат дека за да се укине претплатата за станари на кое било паркиралиште или зона, треба да одлучи советот на градот.

- Ние работиме според ценовник што се гласа на седница на градскиот совет. Не можеме самостојно да одлучуваме за цените. Затоа и граѓаните ако сакаат да им се исполни тоа барање, треба да се обратат во советот - објаснуваат оттаму.

Идејата зонското паркирање да се прошири кон Аеродром беше на општинскиот градоначалник Ивица Коневски, кој побара од градот да ги внесе во зелената зона трите најпроблематични локации во општината, околините на трговските центри „Бисер“, „Три Бисери“ и „Скопјанка“. Во таа зона се наплатува по 25 денари за час, а времетраењето на паркирањето е неограничено. Но уште кога се промовираше проектот станарите се собраа околу градоначалниците Коневски и Коце Трајановски и ги обвинија дека им наплаќаат за паркирање пред сопствените згради, односно им го крадат паркингот. Оттогаш траат недоразбирањата што се уште не се надминати, а поради тоа се одложуваше и почетокот на наплатата.

Кога на почетокот од оваа недела почна да им се наплатува на посетителите, но не и на станарите, од „Градски паркинг“ објаснуваа дека станувало збор за технички проблем, а не за подлегнување под притисокот на Аеродромци.

- Ни треба време за да ги внесеме сите станари во системот и да им изработиме месечни картички - рече Панче Стојановски, заменик-директор во претпријатието.

Коневски, пак, дополни дека воведувањето на овој систем во општината Аеродром е само пробно, па проектот може да се напушти ако се покаже дека граѓаните не го прифаќаат.




Досега 259 казни за прекувремено паркирање

За само десетина дена јавното претпријатие „Градски паркинг“ им издало доплатни билети на дури 259 возачи што го пречекориле максималното време за паркирање во зоните. Само 22 од нив платиле. Рокот за плаќање е осум дена, а во спротивно случајот се решава судски.

Доплатниот билет се става ако некој паркирал без да плати или ако го пречекорил пријавеното време, односно ако има невалиден или искористен билет. Оваа казна во првата, црвена зона изнесува 1.300 денари, во втората, жолта, 1.000 денари, а во зелената зона 700 денари. Во првата зона возачите не може да се задржат повеќе од два часа, а во втората е дозволено паркирање до четири часа.




Граѓаните од Максим Горки се покајаа

Откога улицата Максим Горки во строгиот центар беше претворена во паркиралиште, во 2006 година локалните жители преку советници во градот се побунија дека „Градски паркинг“ нема право да затвора сообраќајна површина за своите потреби и да им наплаќа по 200 денари за паркирање пред домовите. Оваа забелешка беше усвоена во градскиот совет и набргу потоа претпријатието ги отстрани рампите. Тоа предизвика хаосот таму да се зголеми за три-четири пати, возила да се паркираат во најмалку три ленти, да не можат да излезат со часови и слично. Не можеше да се помине ниту пеш, а камоли со автомобил. Набргу потоа граѓаните побараа повторно да се вратат рампите и да се наплатува како порано.
 
   
Автор: Александра Денковска
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=11691048566&id=14&prilog=0&setIzdanie=21830




ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА АЕРОДРОМ НАЈАВИ

Наскоро зонско паркирање и кај "Веро"

Под притисок од граѓаните што живеат кај "Веро", градоначалникот Ивица Коневски одлучил и таму да воведе зонско паркирање, со тест период до Нова година

Градоначалникот на Општина Аеродром Ивица Коневски, под притисок од граѓаните, најави дека наскоро ќе воведе зонско паркирање и спроти трговскиот центар "Бисер", кај маркетот "Веро". И покрај тоа што дуќанџиите во и околу "Бисер", пазарџиите и жителите на Аеродром пред една недела иницираа петиција да се укине зонското паркирање кај трговскиот центар, оти воопшто не го решавало сообраќајниот метеж туку само го префрлало од едно на друго место во Општината, градоначалникот Коневски, сепак, одлучи и граѓаните што живеат кај "Веро" да ги стави на тест период до Нова година да решат дали се за или против зонското.
"Бидејќи со воведувањето на зонското кај 'Бисер' сообраќајниот метеж се префрли кај 'Веро', простор кој досега не беше опфатен со одлуката за зонското паркирање, под притисок од граѓаните, планирам да воведам зонско паркирање и во овој дел. Граѓаните секојдневно испраќаат барања до Општината и во овој дел да се воведе зонско паркирање за да се реши сегашниот хаос", вака градоначалникот Коневски завчера на советниците им го правдаше воведувањето на зонското паркирање во Општината.
И кај "Веро" три месеци граѓаните нема да плаќаат за паркирање, и кога ќе помине овој период на анализа, тие сами ќе одлучат дали има потреба од зонско паркирање и дали тоа е најдобро решение за решавање на сообраќајниот хаос.
Зонското паркирање во Општина Аеродром се воведе пред еден месец, на иницијатива на градоначалникот Ивица Коневски, со цел да се средел хаосот со паркирањето кај ТЦ "Бисер".
(М.Ѓ.)
http://vest.com.mk/?ItemID=107CAC723857004DB394E6C60B8F3B98
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #128 Posted: 06-Nov-2009 at 22:52
Епа кога од град Скопје се невешти тогаш и ќе трпат вакви срања и жители на центар ќе бараат комодитет како во Аеродром (на неклолку километри од центар). Уште се понашаат вака , не ми се верува и никој не зема за сходно да им објасни на луѓето дека алооо у центар живеат. Кога од град Скопје настапиле со иста цена и за Аеродром и за Ценатр од 200 денари тогаш истата гомнарија ќе ја трпат. Требаше цените радиално од центарот да се намалуваат па после кога ќе се воведуваат намалувања или зголемувања на цените да може у пакет да се менаџираат. Сега пошто ги бива за импровизација, ај нека повелат да изимпровизираат некое решение пошто ги бива за брзосмислени крпеници.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #129 Posted: 07-Nov-2009 at 01:35
зонсково паркирање во Аеродром се гледа не функционира како што треба, паркирањето ќе се преместува од еден паркинг на друг, ако воведат кај веро, ќе се префрлат сите карши Бисер и т.н.
без врсака само се воведува наплата кај што треба и не треба, навистина не е фер граѓаните да го трпат тоа, се сложувам со лсл во врска со центарот, но Аеродром е друга приказна и не е во центар, а посебно овој дел и не е баш блиску до центарот
колку што знам пред се тие паркинзи се наменети за жителите на зградите, а не за нечии трговски центри и супермаркети
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #130 Posted: 18-Nov-2009 at 19:57
ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ

Зонско паркирање и кај "Холидеј ин" и на Максим Горки

Од ЈП "Градски паркинг" велат дека по налог на Градот решиле кај "Холидеј ин" да се воведе зонско паркирање за да се реши проблемот со возилата кои преку паркингот влегуваат на Кејот

Од паркингот кај главниот влез на "Холидеј ин" за две недели ќе биде отстранета дигиталната рампа и ќе се воведе зонско паркирање. Од ЈП "Градски паркинг" велат дека по налог на Градот решиле на ова место да се воведе зонско паркирање за да се реши проблемот со возилата кои преку паркингот влегуваат на Кејот.
"Градските власти беа незадоволни од тоа како 'Холидеј ин' стопанисуваше со овој паркинг, односно пропушташе повеќе автомобили да се движат низ Кејот. И од хотелот ни рекоа дека не можат да излезат на крај со граѓаните кои постојано им вршат притисок, а немаа начин како да ги казнуваат. Затоа ние на тој простор од рампата кај 'Холидеј ин' до почетокот на Кејот каде и сега е дозволено паркирање, ќе воведеме зонско паркирање и нема да дозволуваме да се движат возила низ Кејот. Во секој случај, ние сме многу повеќе екипирани и имаме можност да им пишуваме казни на несовесните граѓани", вели Панче Стојановски, директор на ЈП "Градски паркинг".
Под ист систем со овој паркинг ќе биде и уличката кај поранешно "Дрводекор". На нив ќе може да се паркира само два часа, а еден час ќе чини 45 денари.
Зонско паркирање за петнаесетина дена ќе се воведе и на улицата Максим Горки. Од ЈП "Градски паркинг" велат дека на оваа улица постојано е вистински хаос.
"Максим Горки е во строгиот центар на градот и таа постојано мора да има слободно паркинг место, а не да биде блокирана со возила. Затоа и оваа улица ќе влезе во првата зона и ќе може да се паркира само два часа", објаснува директорот Стојановски.
Покрај овие улици во центарот на градот, до крајот на годинава зонското паркирање треба да профункционира и во ТЦ "Карпош 3" и на три локации во Аеродром, односно кај ТЦ "Три бисери", кај "Скопјанка" и кај маркетот "Веро". (А.А.)
http://vest.com.mk/?ItemID=B6B2F8D5A0200145BFA4A1BACB001645


Edited by Cloverstack - 18-Nov-2009 at 19:57
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #131 Posted: 23-Nov-2009 at 14:18
Бреееј креативност  Roll%20eyes

Општината ќе им го плаќа зонското паркирање на станарите во Аеродром

Градоначалникот признава дека размислува како да им излезе во пресрет на граѓаните

Деспина Трајковска

Општина Аеродром ќе им го плаќа зонското паркирање на станарите без притоа да троши пари од сопствениот буџет. Општинската каса веќе почнала да собира приходи од комуналната такса што и' ја плаќа ЈП „Градски паркинг“, којашто била значително поголема од трошоците што би ги имала Општината доколку станарите се паркираат на нејзина сметка.

Неофицијално, токму оваа шема ќе ја употреби градоначалникот Ивица Коневски за да се искупи, пред се', кај станарите што живеат зад ТЦ „Бисер“, а на кои им вети евентуално укинување на зонското паркирање, но очигледно се премисли и им овозможи бесплатно да се паркираат, но само до Нова година. Стравувајќи од повторни реакции од жителите и обвинувања на негова сметка, Коневски одлучил дека бесплатно паркирање за станарите на сметка на Општината е најдобрата варијанта за решавање на проблемот.

„Точно е дека размислувам како да им излезам во пресрет на граѓаните, иако искрено мислам дека 200 денари е симболична сума што тие би требало да ја плаќаат за паркирањето. Размислувам за неколку варијанти како да го решиме случајот, но не би сакал ништо да зборувам предвреме“, ни изјави Коневски и потврди дека токму ова била една од темите за кои во петокот разговарал со градоначалникот Коце Трајановски и директорот на ЈП „Градски паркинг“, Панче Стојановски. Коневски одби да ги коментира нашите сознанија, со образложение дека за сите новини во врска со проблемот јавноста ќе биде запозната наскоро. Истиот коментар го добивме и од директорот на „Градски паркинг“, Стојановски, кој единствено дополни дека претпријатието не го интересира дали за зонското паркирање ќе добива пари од станарите или од Општината.

„Единствено е јасно дека ние не се откажуваме од наплатата“, рече Стојановски и најави дека до крајот на годинава во Аеродром ќе се воведе зонско паркирање и кај „Веро“, а кратко време потоа и зад ТЦ „Скопјанка“ и евентуално кај „Три бисери“, за каде што се' уште се прават анализи дали проектот има економска и функционална исплатливост.

Инаку, во план е дуќанџиите од ТЦ „Бисер“ наместо досегашните 1.000 денари за месечна картичка за зонско планирање, да плаќаат 700 денари. Сепак, дали ќе има намалување на цената, ќе зависи од одлуката на Советот на Град Скопје.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=740F8D6F7CD30A4491755DFD02ABBE19
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #132 Posted: 23-Nov-2009 at 14:59
ИНТЕРВЈУ СО ПАНЧЕ СТОЈАНОВСКИ, В. Д. ДИРЕКТОР НА ЈП „ГРАДСКИ ПАРКИНГ“
Зонското паркирање ќе ги покаже добрите страни

Во сите скопски општини постојат проблематични пунктови, места што не можат да се затворат со рампи, па зонското паркирање за нив е најсоодветното решение. Ова е ставот на новоименуваниот в.д. директор на „Градски паркинг“, Панче Стојановски. По два месеца откако почна да се спроведува новиот систем на паркирање, сегашниот прв човек на јавното претпријатие ги наведува првите резултати, оценките за нив, но и идните амбициозни планови на претпријатието. у Какви се досегашните резултати од зонското паркирање, се паркираат ли граѓаните во зоните или ги избегнуваат поради високите цени?
- Во строгиот центар постигнавме задоволувачки резултати. Прво, успеавме да го намалиме бројот на граѓаните што во центарот се паркираа без некоја поголема потреба и се отворија места за тие што таму секојдневно гравитираат. Финансискиот резултат е 70 проценти од тој што го очекувавме, а од трите паркиралишта, кај полициската станица „Беко“, зад хотелот „Бристол“ и зад Собрание дневниот приход е меѓу 12.000 и 15.000 денари. Втората зона каде што паркирањето се одвива на улиците Орце Николов и на дел од Ѓуро Ѓаковиќ не ги исполни очекувањата. Тука приходот е од 2.500 до 4.000 денари дневно. Кога ќе почнеме со работа и на Ленинова тој ќе се зголеми. На двете улици ќе ставиме метални пречници на тротоарите, за да ги принудиме возилата прописно да се паркираат, а за пешаците задолжително да остане простор од 1,6 метри. Планираме и да го продолжиме работното време на 24 часа, затоа што овде метежот настанува навечер кога луѓето доаѓаат во кафулињата. Се на се, целосните ефекти ги очекуваме по една година од воведувањето на системот. у Зошто зонското паркирање што првично беше најавено да го реши проблемот во централното градско подрачје се прошири и по општините, на пример во Аеродром?
- Скопје е специфичен град во кој општините имаат одредени проблематични пунктови, места што не можат да се затворат со рампи, туку зонското паркирање за нив е најсоодветното решение. Ова особено важи за улици, зашто по нив не може да се паркира, освен ако не се спроведе системот на зонското паркирање. За да ги решиме тие проблематични точки имаме добра соработка со општините. Затоа се вклучи и Аеродром. Но, ние ќе им дадеме време на жителите сами да ги увидат придобивките од зонското паркирање. Во општина Карпош, исто така, разговаравме со градоначалникот Стевчо Јакимовски, кој сака да го реши проблемот со паркирањето кај ТЦ „Карпош 3“. Зборувавме и со општина Ѓорче Петров, но засега немаме ништо конкретно, а истиот систем сметаме дека има потреба да се спроведува и во општините Чаир и Бутел. Планираме да ја вклучиме и улицата Максим Горки, за која сега го работиме проектот, но таму имаме проблем со амбасадите. Тие мора да разберат дека паркирањето треба да се плаќа, како што и ние во нивните земји ја исполнуваме оваа обврска. Па, во други земји, како на пример во Белград, ако живееш во центар не можеш возилото да си го регистрираш ако не покажеш документ дека имаш каде да го паркираш. у Зошто кај нас зонското паркирање почна да се применува на веќе постојните паркиралишта место на коловозот од улицата?
- Тоа не е точно. Првите три паркиралишта каде што го почнавме системот се сервисни улици, а и на дел од Орце Николов паркирањето е на улица. уОпштина Центар сака да ја преземе надлежноста на паркиралиштата, за кои тврди дека ги изградила, а „Градски паркинг“ ги стопанисува, и бара да се вклучи во зонското паркирање, односно да добива дел од приходот остварен на улиците во нејзиното подрачје. Ќе ги отстапите ли паркинзите во Центар? - Не стопанисуваме ни едно паркиралиште што го изградиле тие. Ние разговаравме со градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски и на Центар, Владимир Тодоровиќ, и кажавме дека сме подготвени да ги отстапиме улиците, ако најдат сметка да спроведуваат систем вреден 300.000 до 400.000 евра. у Сепак, ставивте рампи кај белите згради, спроти последната автобуската станица на автобусот број 23, на паркиралиште што не е ниту градско, ниту општинско, туку го изградил инвеститор?
- Таму сме по желба на граѓаните. Просторот има 112 места за паркирање, а потребата е за 270 возила. Затоа им понудивме на станарите да го преземеме управувањето и за тие за кои нема место да можат да паркираат во непосредна близина, спроти „Нова Македонија“. у Дали ќе ги намалите цените за паркирање?
- Ако има корекција на комуналната такса. Сега таа изнесува 10 денари од цената за паркирање по еден час и 30 денари од влез. Бараме таксата да се намали и да се пресметува процентуално, односно да биде 10 проценти од цената за паркирање. у Но, имате долг за неплатена комунална такса кон Градот, иако двапати беа донесувани одлуки од Советот да ви се доделат субвенции?
- Откако сме формирани не сме добиле ни еден денар од Градот. Не бараме субвенции. Само бараме од тие пари што ги одобрија да ни дадат 20 милиони денари, кои беа наменети за инвестицијата за зонското паркирање.

Ќе се исцрта четврта бела зона

Јавното претпријатие „Градски паркинг“ го продолжува проектот зонско паркирање со уште една, бела зона. Разликата со другите три зони, односно црвената, жолтата и зелената, ќе биде во цената. За станари паркирањето останува 200 денари месечно, а цената за фирмите ќе биде пониска во однос на другите зони. Белата зона, чиишто граници се уште не се конечни, ќе се протега од Железничката станица кон Аеродром и по Рузвелтова, до каде завршува зелената зона.


Интерес и за катните гаражи

Директорот Стојановски најавува дека заедно со Градот се заинтересирани да учествуваат и на некоја од наредните продажби на земјиште за катна гаража, меѓу кои ги спомнува локациите спроти зградата на Лотарија на Македонија и кај работничкиот дом „Кочо Рацин“. Според него, јавното претпријатие не може самостојно да ја финансира изградбата, па затоа се размислува за јавно-приватно партнерство.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1873&ArticleID=127202
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #133 Posted: 23-Nov-2009 at 21:31
зонското паркирање има ефект доколку е како што треба организирано, а кај нас не е така, само се воведува кај треба и не треба без да се увиди каква е ситуацијата, колкав промет има и како се користи слободниот простор
и всушност која е целта целиот град да се претвори во паркинг зона кога целта беше да се реши паркирањето во централните подрачја? не гледам друга освен нечиј профит во нашиов случај
улиците во склоп на мал ринг според мене е најубаво да се пешачизираат, а не да останат паркинзи, главно паркинзите треба да се на периферија на центарот, а натаму да се иде пеш

сеуште не ми е јасно манијакалното претворање на секој дел од асфалт во градов во паркинг кој се наплаќа, зарем нема друг начин на решавање на сообраќајниот хаос Question
мислам дека ова е иницијатива да се користат што помалку возила, што е барем една добра страна LOL
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #134 Posted: 01-Dec-2009 at 22:55

Во Аеродром почнува да функционира зоната Д за паркирање

Во белата зона ќе има поповолни цени за паркирање, особено за правните лица

Сања Наумовска


Зонското паркирање во Скопје добива четврта, бела зона, наречена зона Д, која ќе профункционира во општината Аеродром. Деновиве, со бележењето на паркингот зад маркетот „Веро“, ќе се отвори новата зона, која во прво време ќе има иста цена како и зелената зона Ц. Во иднина, најавуваат од јавното претпријатие „Градски паркинг“, зоната Д ќе има поголеми поволности, особено за правните лица, како и за сопствениците на дуќани во рамките на зоната.

Зад „Веро“ се отвораат 750 паркинг-места, кои ќе им бидат на располагање, пред се', на станарите на околните згради. Веќе се одбележани околу 250 места, а до крајот на неделата ќе се одбележат и другите. Ќе се постават и сообраќајни знаци, како и првата табла со бела боја во Д-зоната.

Како што информираат од „Градски паркинг“, сите заинтересирани станари за месечните картички за паркирање ќе можат да аплицираат на информативниот пункт кај „Бисер“. Службите ќе работат во две смени, од 7 до 21 часот. Се' додека не се создаде комплетната база на податоци, за станарите зад „Веро“ паркирањето ќе биде бесплатно.

„Засега цената и условите на паркирањето ќе бидат исти како и во зоната Ц, но наскоро ќе бидат предложени нови цени, кои ќе бидат пониски. Најповолно ќе биде за правните лица, чиј бизнис гравитира околу зоните што ќе добијат многу поевтина месечна карта. Цената за зоната Ц е 3.000 денари месечно, а за зоната Д предлагаме да биде 750 денари. За станарите останува 200 денари месечно паркирање“, информираат од „Градски паркинг“.

Паркирањето, како и во зелената зона, нема да биде временски ограничено, но ќе биде поевтино. Според пресметките на јавното претпријатие, на Советот на Скопје ќе му биде предложено еден час паркирање во Д-зона да чини 20 денари.

Во новата зона ќе влезе и веќе направениот паркинг зад „Бисер“, како и планираниот кај „Три бисери“. Белата зона ќе ги опфати и зонското паркирање во општината Карпош, каде што е договорено на овој начин да се среди хаосот на паркингот пред трговскиот центар „Лептокарија“. Во општината Чаир, зонско паркирање ќе се воведува на малиот паркинг покрај трговскиот центар „Мавровка“. Белата зона ќе ги опфати и општината Кисела Вода, почнувајќи од Рампа, како и општината Ѓорче Петров, каде што, исто така, планирано е зонско паркирање на неколку фреквентни локации.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=CAC097F41FD87547B88C6D2E0DEAE870
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #135 Posted: 11-Dec-2009 at 18:14
ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ КАТЕГОРИЧНИ
Нема зонско во Карпош и во Ѓорче

Зонско паркирање ќе нема во догледно време во општините Ѓорче Петров и Карпош. Ова го потврдуваат првите луѓе на двете општини, кои се спомнуваа како можни идни локации каде што ќе се прошират зоните. Градоначалникот на Ѓорче Петров, Сокол Митровски, вели дека, и покрај најавите во медиумите, проектот на „Градски паркинг“ засега нема да се примени и во неговата општина. - Имаме доволно места за паркирање, а општината има и едно јавно паркиралиште. Не размислуваме за зонско паркирање затоа што не сакаме никакви дополнителни трошоци за граѓаните во овој момент. Во некое подобро време ќе размислиме - смета Митровски. Откако градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, категорично ја отфрли можноста проектот да се спроведува во општината, најави имаше дека сепак тој ќе дозволи зонско паркирање пред трговскиот центар „Карпош 3“ за да го реши сообраќајниот хаос. - Досега не дошло до никакви директни преговори со ЈП „Градски паркинг“. Во Општината се уште се размислува дали овој проект на градот е воопшто применлив на територијата на Карпош и кои се импликациите од него. Дали ќе дојде до разговори и до имплементација на зонското паркирање во ТЦ „Карпош 3“ уште е прерано да се каже - велат надлежните од Карпош.

Р.П.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1889&ArticleID=128739
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #136 Posted: 11-Dec-2009 at 18:30
Слики од денешното обележување на паркинг местата во Аеродром


41°59'11.79"N  21°28'5.38"E






Edited by La Linea - 13-Dec-2009 at 21:27
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #137 Posted: 12-Dec-2009 at 19:59
воопшто не ми се допаѓа ова, просторот кој си го сликал нема скоро никаква потреба да се наплатува за него
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #138 Posted: 13-Dec-2009 at 21:22
Linea, сликаново овде ли е:

41°59'11.79"N  21°28'5.38"E

?
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #139 Posted: 13-Dec-2009 at 21:27
Да, моите координати беа малку утнати. Сега е поправено
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #140 Posted: 13-Dec-2009 at 21:34
Јас не ги ни приметив координатите кај тебе  Shifty   Doh
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 56789 18>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.224 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.