build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Паркинзи и гаражи
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Зонско паркирање во Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 161718
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20170
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #341 Posted: 02-Apr-2023 at 17:14
Зонското паркирање „освојува“ нови простори, ќе го има и во Карпош

ЈП „Градски паркинг“ планира годинава да воведе нови зонски паркиралишта во општините Карпош, Аеродром, Гази Баба, Кисела Вода, Чаир и Гази Баба. Ова е резултат на потребата на граѓаните во овие општини да се зголеми бројот на паркинг-места и да се организира сообраќајот во мирување.

Како што се наведува во Програмата за инвестиции на ЈП „Градски паркинг“ за 2023 година, која беше усвоена од советниците во градскиот совет на последната седница, во моментов претпријатието располага со 9.577 паркинг-места, од кои 1.983 на јавните паркиралишта каде што е поставена рампа, 8.544 места на зонските паркиралишта и 1.050 места во катните гаражи, а ќе инвестира и во нови.

Во Општина Карпош најпрво ќе се воведува зонско паркирање во Карпош 1, Карпош 2, Млечен ресторан, Економија, а потоа и во другиот дел од општината.

Во населбата Карпош 1 жителите со години имаат голем проблем со недостиг на паркинг-места, пред сѐ затоа што во оваа населба, која граничи со општина Центар, се паркираат граѓаните што работат од другата страна на Рузвелтова и сите оние што имаат потреба да одат во соседната општина, а не сакаат да платат за паркирање. Според Програмата, во оваа населба се планира да се воведе зонско паркирање на просторот помеѓу улиците Гиго Михајловски, Иван Аговски, Даскал Камче, Руѓер Бошковиќ и Никола Тесла. Со воведување на зонското, според процената на претпријатието, би се овозможило паркирање на околу 430 возила.

Во Карпош 2, потегот на кој е планирано да се организира сообраќајот во мирување, е од булевар 8 Септември, улица Бранислав Нушиќ и улица Веселин Маслеша, каде што на овој начин би се ставиле во употреба уште околу 350 паркинг-места.

Како што е веќе познато, граѓаните од овие две населби уште пред четири години на анкета се изјаснија дека се за зонско паркирање во надеж дека така полесно ќе наоѓаат слободно место за паркирање. Општина Карпош, пак, во 2021 година испратила барање до ЈП „Градски паркинг“ за изработка на проект за зонско паркирање, но, како што наведуваат од претпријатието во својата Инвестициона програма, во овој дел од градот потребно е најпрво да се измени режимот на сообраќај. За каква измена станува збор, не е прецизирано, затоа што во овие населби уште пред неколку години на улиците е воведен еднонасочен сообраќај.

Понатаму, според најавените планови на претпријатието, во реонот на Млечен зонско паркирање се планира помеѓу улицата Френклин Рузвелт и булеварите Партизански одреди, Митрополит Теодосиј Гологанов и 8 Септември.

Дали годинава конечно ќе се организира паркирањето во општина Карпош е сосема неизвесно, затоа што тоа беше најавено и во минатогодишната Програма за инвестиции на „Градски паркинг“, но досега не се реализираше.

Плановите, пак, за општина Аеродром се да се прошири зоната Д во Стар Аеродром, додека во Мичурин ќе се уреди нова подзона Д10, на потегот од Транспортен центар до улицата Руди Чајавец.

Во Општина Гази Баба зонско паркирање ќе добие населбата Автокоманда, каде што исто така постои сериозен проблем со недостиг на места за паркирање, па дури Општината планира да обезбеди паркинг-простор и во дел од дворот на училиштето „Стив Наумов“, што предизвика многу негативни реакции кај скопјани.

Како што е наведено во Програмата на „Градски паркинг“, зонско се планира и во Чаир, Сарај и во Кисела Вода, но не е прецизирано на кои простори во овие општини тоа би се спровело.

Според Програмата, зголемена е потребата од инвестициски вложувања насочени кон задоволување на потребата на граѓаните за повеќе места за паркирање, но и потребата за повеќе јавни паркиралишта и монтажни гаражи, иако не се спомнува дека годинава ќе се изгради некоја нова. Зголемена е и потребата и за вложување во опрема и за видеонадзор и мониторинг, наплатни куќички, паркомати, возила и машини за чистење на паркиралиштата и на катните гаражи.

https://www.slobodenpecat.mk/zonskoto-parkiranje-osvojuva-novi-prostori-kje-go-ima-i-vo-karposh/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20170
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #342 Posted: 07-Apr-2023 at 06:50
НАСКОРО ЗОНСКО И ВО ДРУГИ ПЕТ СКОПСКИ ОПШТИНИ: Паркирање ќе почне да се наплаќа во Стар Аеродром, Мичурин, Автокоманда

ЈП Градски паркинг годинава по барање на граѓаните за првпат ќе воведе зонско паркирање уште во пет скопски општини. Освен во Општина Карпош, претпријатието има намера да воведе зонско и во општините Аеродром, Гази Баба, Чаир, Кисела Вода и Сарај.

Според програмата на Градски паркинг, за зонско паркирање се предвидени населбите Стар Аеродром, Мичурин, Реонски Центар, Ново Лисиче во Аеродром, како населбата Автокоманда. Кој делови од општините Чаир, Кисела Вода и Сарај ќе бидат обележани со зонски паркинзи, засега не се знае.

„Во Општина Аеродром планирано е проширување на зона Д9 во Стар Аеродром, како и уредување на нова подзона Д10 во Мичурин во рамки на населба Мичурин, односно улицата Симеон Кавракиров на потег од Транспоретен Центар до улицата Руди Чајавец. Исто така, предвидено е да се започнат активности со кои би се уредил сообраќајот во мирување на јавните површини наменети за паркирање во рамки на Реонски Центар и Ново Лисиче“, се наведува во инвестиционата програма на јавното претпријатие.

Сите овие нови места за зонско паркирање е предвидено да влезат во зона Д, или т.н. бела зона, каде еден час паркирање се наплаќа 25 денари. Од ЈП Градски паркинг се уште не е утврден точниот број на места за паркирање, кој дополнително ќе се знае, согласно утврдените места предвидени за паркиралишта.

https://091info.mk/2023/04/05/наскоро-зонско-и-во-други-пет-скопски-о
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20170
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #343 Posted: 16-Nov-2023 at 18:32
Зонското паркирање во општина Аеродром се „проширува“

Општина Аеродром соопшти дека се работи на проширување на опфатот на зонското паркирање на нејзината територија. Ќе се организираат и анкети, а опфаќањето на нови паркиралишта со наплата за паркирање, ќе трае до крајот на годинава.

Првата фаза опфаќа формирање и обележување паркинг зони на булеварот „Јане Сандански“, како и улиците „23 Октомври“, „Ангел Димовски“ и „Коста Новаковиќ“.

Втората фаза ќе ги опфати Реонски центар и Ново Лисиче, по завршување на анкетата која ќе се спроведе во следниот период, соопшти општина Аеродром.

https://meta.mk/zonskoto-parkiranje-vo-opshtina-aerodrom-se-proshiruva/
Carpe diem
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #344 Posted: 17-Nov-2023 at 02:34
ако цел град има зонско паркирање, тогаш која е поентата на зонското паркирање?
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 1127
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #345 Posted: 17-Nov-2023 at 08:14
Те демотивира да паркираш надвор од твоја зона, намалува паркирање на службени возила и обезбедува финансии за подобро одржување на паркинг местата. Барем во теорија.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20170
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #346 Posted: 17-Nov-2023 at 08:42
Зонското некако служи како изговор на о.Карпош и Аеродром да не инвестираат во изградба на нови монтажни паркинзи/подземни гаражи.
Во Аеродром освен онаа катна кај Бисер 15 години само има бавно проширување на зонското кое очигледно не е некое решение бидејќи не е рамномерно воспоставено во сите населби па дури и во самите населби не се опфатени сите улици и паркинзи.
Конкретно во Мичурин каде е голем хаос бидејќи многу од старите згради немаат паркинзи воопшто не се воведува ниту зонско ниту се гради некаков паркинг за плус капацитет да се добие.
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20170
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #347 Posted: 02-Feb-2024 at 19:43
И Општина Гевгелија воведе зонско паркирање



Наплатата се извршува во согласност со упатствата поставени на вертикалната сообраќајна сигнализација, односно со ограничено времетраење до 120 минути, по цена за 30 денари од час. Плаќањето може да се изврши со СМС- порака, со платежна картичка преку скениран QR код, со купен едночасовен и двочасовен паркинг-билет од овластените продавачи и врз основа на кориснички договор за повластена паркинг-карта



Општина Гевгелија, по примерот на неколку градови во државата, воведе зонско паркирање за да стави ред, особено во централното градско подрачје, каде што во пазарните и викенд деновите се создава вистински сообраќаен хаос.

Од 1 февруари 2024 година започна наплатниот режим за паркирање во централниот дел на градот Гевгелија или црвената зона А во која влегуваат подзоните А1 и А2.

Како што информираа за „Вечер“ од ЈПКД „Комуналец“, првиот ден поминал во најдобар ред, а на терен биле излезени контролори кои им помагале на граѓаните со известување како да извршат наплата за паркирање, а во исто време ги опоменувале оние граѓани кои се непрописно паркирани.

Согласно со основниот сообраќаен проект за режимот на сообраќај за зонско паркирање на определени јавни површини во општина Гевгелија, во Зона „A“ се обезбедени следните места за паркирање: A1 – 92 паркинг места, 11 такси стојалишта, 3 паркинг-места за инвалиди, 2 паркинг-места за електронапојување. А2 – 45 паркинг-места, 4 такси стојалишта, 3 паркинг-места за инвалиди.

Наплатата се извршува согласно со упатствата поставени на вертикалната сообраќајна сигнализација, односно со ограничено времетраење до 120 минути, по цена за 30 денари од час.

Наплатата може да се изврши со СМС порака, со платежна картичка преку скениран QR код, со купен едночасовен и двочасовен паркинг билет од овластените продавачи и врз основа на кориснички договор за повластена паркинг-карта.

За првото возило, за станарите во колективни станбени згради од подзоните А1 и А2, не се плаќа надоместок за користење паркинг, а за второто возило надоместокот за паркинг изнесува 600 денари месечно, односно 6.000 годишно.

Договорите за користење на годишните паркинг-карти за инвалиди не подлежат на такси и надоместоци.

https://www.vecer.press/%D0%B8-%D0%BE%D0%BF%D1%88%D1%82%D0%B8%D0%BD%D0%B0-%D0%B3%D0%B5%D0%B2%D0%B3%D0%B5%D0%BB%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%B2%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D0%B4%D0%B5-%D0%B7%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%BE-%D0%BF%D0%B0%D1%80/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20170
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #348 Posted: 08-Mar-2024 at 19:34
ВО КАРПОШ ПОЧНУВА НАПЛАТА НА ЗОНСКО ПАРКИРАЊЕ, ЕДЕН ЧАС ЌЕ ЧИНИ 25 ДЕНАРИ

Месецов ќе почне наплата за зонско паркирање во скопската општина Карпош. Најпрво зонско паркирање ќе се воведе на улицата Орце Николов и споредните улички во населбата Карпош 1 што се граничи со општина Центар.

ЈП „Градски паркинг“ веќе ги обележа паркинг местата и поставени се табли за наплата. Паркирањето ќе чини 25 денари од час. Паркирањето за граѓаните кои живеат на Орце Николов и околните улички ќе биде бесплатно за две возила.

Од Општина Карпош велат дека со воведување на зонското паркирање ќе се воведе ред во хаосот со паркирање.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/vo-karposh-pochnuva-naplata-na-zonsko-parkirane-eden-chas-ke-chini-25-denari/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20170
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #349 Posted: 24-Apr-2024 at 19:03
Годинава, пак, според програмата, се планира зонското да ги опфати населбите Карпош 1 и Карпош 2, каде што повеќе од еден месец функционира наплатата, но ќе се воведе и во Карпош 3 и Карпош 4, на просторот кај Млечен ресторан и Економија на територијата на општина Карпош. Во општина Аеродром зонско ќе има во Мичурин, Реонски Центар и во населбата Ново Лисиче, во Гази Баба во Автокоманда и во индустрискиот дел на општината, а регулирано, односно наплата на паркирање ќе има и во дел од општините Чаир, Кисела Вода и Сарај, но во Програмата за инвестиции не е прецизирано точно на кои локации.

https://www.slobodenpecat.mk/gradski-parking-od-10-163-parking-mesta-lani-inkasiral-povekje-od-35-milioni-evra/
Carpe diem
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 161718

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.157 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.