Author |
Topic Search Topic Options
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#281 Posted: 04-Sep-2009 at 14:56 |
Светиклиментовиот универзитет на Плаошник може да се гради
"По
двата неуспешни тендера, на третиот тендер се доделени
трите награди, а првонаграденото идејно решение ќе се
реализира и градбата ќе почне на почетокот на следната
година", вели Паско Кузман Проектантското
биро "Идеја плус" ДОЕЛ, Скопје и Националната установа
Завод и Музеј од Охрид победија на тендерот за идејното
решение за изградба на возобновениот Светиклиментов
универзитет на Плаошник. Како што ни изјави директорот на
Управата за заштита на културното наследство Паско Кузман,
по нивното идејно решение ќе се гради комплексот на Плаошник. Решението
е добиено по спроведување на третиот тендер, откако
поминаа двата неуспешни, кога не беше прифатен ниту еден
проект оти не ги задоволуваа барањата од проектната
програма. Првонаграденото решение било со шифра "Клон",
втората награда ја добива решението со шифра "њњњ ЕР", а тоа
е групата архитекти: Јулијана Богоева, Катарина Карага,
Милена Шундовска. Трета награда била доделена на идејата
под шифра "Астра", а тоа се архитектите Климент Заров, Марија
Зарова - Силјановска, со соработниците Елена Настоска и
Борис Настоски. Оваа
одлука ја донело жирито, во состав: академик Крум Томовски,
претседател, Вера Битракова - Грозданова, Лазар Шуманов,
митрополитот Тимотеј, Митко Хаџи - Пуља, Марула
Николовска и Алкавидес Препис, член од Грција. Следува
подготвувањето на главниот проект што, според Кузман, ќе трае
околу 5 месеци, и тој се надева оти на почетокот на следната
година ќе почне изградбата на комплексот. Кузман вели
дека проектот кој победил навлегол во душата на Плаошник и
ги задоволува барањата на проектната програма за изградба
на сложениот комплекс. Светиклиментовиот универзитет ќе
има: археолошки музеј, музеј на словенската писменост,
музеј на преродбениците, Галеријата на икони ќе биде
пренесена на ова место, Светиклиментова библиотека која,
според најавите, ќе биде најбогата на Балканот со над 100.000
примероци на книги, македонски институт за хуманистички
науки. "Предвидено е Богословскиот факултет од Скопје да
биде префрлен во овој комплекс, ќе бидат изградени
манастирски конаци и афилијади на светски универзитети. На
овој начин го спојуваме духовното со световното, го
спојуваме Светиклиментовото време со 21 век", ни рече
Кузман.
http://vest.com.mk/?ItemID=391E4833E1CC3744ABBE7FFA156D89EB |
Edited by lslcrew - 04-Sep-2009 at 14:57
|
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#282 Posted: 29-May-2009 at 11:57 |
Трета среќа за универзитетскиот комплекс Св. Климент на Плаошник
Пропадна
и вториот конкурс за избор на идејно решение за универзитетскиот
комплекс Св. Климент на Плаошник. Жири комисијата по втор пат не
прифати ниту еден од десетте понудени трудови, пристигнати на
меѓународниот конкурс, меѓу кои само еден труд е од странство,
Португалија, а останатите се автори од Скопје и Охрид. Рокот за понуда
на идејно решение се продолжува за уште еден месец.
“Имаше повеќе интересенти, отколку што пристигнаа трудови. Повторно
го продолжуваме рокот за сите автори да можат да си ја довршат
работата. За овој комплекс потребно е кохезија на суперновото и на
суперстарото, но идејните проектанти не успеале, затоа што за тоа треба
да се влезе во душата на Свети Климентовата работа“, забележа на
денешната прес конференција директорот на Управата за заштита на
културното наследство, Паско Кузман.
Инаку на конкурсот, жирито одлучило втората награда да му припадне
на португалскиот автор Хозе Мариа Фереира Диас. Најблиску до идејата за
тоа како треба да изгледа универзитетот на Плаошник, при вториот обид и
скопските автори Јулијана Богоеска, Катерина Карага и Милена Шундовска
чиј проект е треторагниран. Доделени се и пет откупни награди, а
авторите на останатите три труда добиваат финансиско обесштетување.
Вака одлучи комисијата во состав: Благоја Калев, Вера Битракова,
Митко Хаџипуља, Лазар Шуманов, Христина Станоева и митрополит Тимотеј.
Динамиката на работата на овој комплекс, признава Паско Кузман, веќе
е пробиена. По третиот обид не се исклучува можноста од два или повеќе
труда да се земат оние карактеристики што би одговарале за идејно
решение. По изборот на идејното решение се оставаат 4-6 месеци време за
да се направи основниот проект, а потоа ќе треба да се објави тендер за
реализација. http://netpress.com.mk/vest.asp?id=56672&kategorija=1 |
|
|
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#283 Posted: 19-Feb-2009 at 00:11 |
|
|
| Обновен конкурсот за идејно решение на Универзитетот на Плаошник
За претседател на жири-комисијата е именуван академик Крум Томовски
Управата за заштита на културното наследство вчера во јавноста, по
втор пат го објави меѓународниот конкурс за изработка на
идејно-архитектонско решение за возобновување на Светиклиментовиот
универзитет на Плаошник во Охрид.
Откако поради предвидениот
кус рок во траење од 60 дена, на првиот конкурс минатата година не се
пријави никој, тој е обновен со назнака дека крајниот рок на
доставување на плановите или проектите, годинава е 20 април.
Конкурсот
е јавен и анонимен и е дел од постапката за доделување на договор за
јавна набавка на услуги, а на него може да земат учество домашни и
странки правни лица регистрирани за соодветната дејност и домашни и
странски физички лица, дипломирани инженери и архитекти. Предвидено е
заинтересираните да можат да учествуваат со по еден труд, а најдобрите
идејни решенија ќе бидат наградени со прва, втора и трета награда во
износ од 600, 400 и 200 илјади денари. Со сума од 50. 000 денари ќе
бидат откупени и пет поднесени идејни решенија
За претседател
на жири комисијата е именуван академик Крум Томовски, а за членови
проф. д-р Вера Битракова - Грозданова, д-р Лазар Шуманов, митрополитот
Тимотеј, проф. д-р Митко Хаџи - Пуља, проф. д-р Благоја Колев и
израелскиот архитект, Гиора Солар.
Министерката за култура
Елизабета Канческа-Милевска на почетокот на годинава, посочи дека
четирите предвидени комплекси на идниот возобновен Светиклиментов
Универзитет, би требало да бидат завршени во септември 2010 година, до
кога на овој локалитет во Охрид треба да продолжат во 2007 година,
започнатите археолошки истражувања, конзервација и реставрација на
откриениот материјал. (К.Б.) |
|
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=B591ADDF899A0B49B04EB700B2F74E66
Edited by La Linea - 19-Feb-2009 at 00:12
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
|