build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Образовни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Св. Климентов Универзитет на Плаошник

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 11121314>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11761
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #241 Posted: 31-Jul-2016 at 10:01
Свети Климентовиот Универзитет доведен на ниво на карабина

До 2018 година треба да заврши изградбата на Свети Климентовиот Универзитет на локалитетот Плаошник во Охрид. Ангажираните градежни екипи во моментов ги имаат издигнато сите објекти од комплексот на ниво на карабина, со веќе комплетирана покривна конструкција. Периодов се работи на довршување на надворешните ѕидови на Богословскиот факултет, како и на преградувањето на внатрешните простории во останатите објекти. Комплексот со површина од 17.000 метри квадратни ќе чини околу 30 милиони евра, а за негова финализација досега се потрошени околу 12,3 милиони евра.













По целосното завршување на карабината на сите делови од Свети Климентовиот Универзитет, треба да започне втората фаза од реализацијата на проектот. Во следната етапа треба да се изведат фасадите, да се постави водовод, канализација, електрични и машински инсталации, по што ќе следува и внатрешното уредување на просториите, партерното уредување на околниот простор и поставувањето на споменик на Свети Климент. За втората фаза од овој проект треба допрва да се објави тендер за избор на изведувачи.



















Проектот за возобновување на Свети Климентовиот Универзитет во Охрид ја опфаќа изградбата на Свети Климентовата библиотека, Музејот на Плаошник, Богословски факултет, Центар за хуманистички науки, конгресен центар, манастирски конак и резиденцијален објект на Македонската православна црква. Издигнувањето на комплексот започна во 2012 година, а градежните работи на терен во изминативе години ги реализираа фирмите „Митан пром“ од Охрид и „МЗТ инженеринг“ од Битола.

http://www.build.mk/?p=51438
За сè има вторпат
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #242 Posted: 21-Aug-2016 at 15:31
Има убави снимки од Св.Климентовиот Универзитет и Плаошник, направени од дрон.

https://vimeo.com/179251827?ref=fb-share
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11761
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #243 Posted: 11-Oct-2016 at 16:15
IMG_0197 by Велислав, on Flickr
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11761
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #244 Posted: 02-Dec-2016 at 11:02
Фоткава е од втори октомври...

Macedonia by KC Huang, on Flickr
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11761
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #245 Posted: 28-May-2017 at 21:52
За сè има вторпат
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 482
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #246 Posted: 26-Jun-2017 at 08:57
1.


2.


3.


4.


5.


6.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11761
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #247 Posted: 27-Jun-2017 at 09:53


Има знаци на некакви градежни активности или се чекаат подобри времиња?
За сè има вторпат
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 482
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #248 Posted: 27-Jun-2017 at 13:22
Беше недела, немаше некои видливи активности, но имаше луѓе во некои од објектите. Или работници или обезбедување.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11761
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #249 Posted: 02-Aug-2017 at 07:08
Од 29 јули

За сè има вторпат
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 820
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #250 Posted: 31-Oct-2017 at 01:22

https://www.youtube.com/watch?v=K97RXN_ZEQI

https://www.shutterstock.com/video/clip-15912034-stock-footage-aerial-view-of-saint-panteleimon-monastery-in-ohrid.html

еден од подобрите проекти на дпмне, кој два негови состава ги почна и комплетира, а сега останува на сдсм да пресече лента ... белки новата власт бар тука ќе си подаде рака со дпмне, и конечно да почнат да се надополнуваат, што би кулминирало доколку продолжи надополнување на СК2014, пример со еден плоштад кој би ги споил Филхармонија и МНТ со Чаршијата виа новиот плоштад на Ѓорѓија Кастриот ...

тука единствено недостасува поозбилен пејсажна архитектура, а која би можело и МПЦ сама да ја истурка со помош на Општината, особено ако се знае дека токму Свети Климент Охридски на ова поднебје донел многу растенија, чинам Крушата е најпозната како негов култивар ...
Back to Top
Maksach View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 09-Jan-2012
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Maksach Quote  Post ReplyReply #251 Posted: 02-Dec-2017 at 16:36
Подобрите проекти на дпмне? Па и на СДСМ треба да им е срам ако пресечат црвена лента овде. Дали си свесен колку културно наследство се оштети и уништи на локацијава? Силуетата на градот? Архитектурата употребена? Материјалите? Никакви правила и прописи не се испочитувани за градбава. Јас да сум на власт со црвен булдужер ќе влезам.
Back to Top
bob39 View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 25-Feb-2011
Location: Amsterdam
Online Status: Offline
Posts: 38
  Quote bob39 Quote  Post ReplyReply #252 Posted: 05-Dec-2017 at 15:34
Овој мизерен проект му нанесе непопрвлива штета на археолошкиот локалитет Плаошник. Подрчјето на Охрид кое е неистражено за секогаш изгуби можност за доистражување и комплетирање на просторот. За ова ѝ да одговараат е за
жал касно! 
Скопје 2014= Општествена лоботомија
Back to Top
iGi_PoP View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 211
  Quote iGi_PoP Quote  Post ReplyReply #253 Posted: 05-Dec-2017 at 16:30
Haha, abe imate vie ovde odeno ili samo preku komputer stegate muskuli?

Sto gi gledate gradbive, site se izdignati na stolbovi a pod niv ima prezervirani originali na mozaici sto bile iskopani i restravirani.
Kakvi izgubeni moznosti, kakvi bakraci? Aj uzivajte i opustete malce...


Edited by iGi_PoP - 05-Dec-2017 at 16:30
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 542
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #254 Posted: 05-Dec-2017 at 19:20
Друг бонус во дискусии повразни со локации како Плаошник е и тоа што од 1.8 милиони народ, 1.7 сме специјалисти за културно наследство.
Он топик: истражувањата на Плаошник се конципирани и спроведени со однапред поставена цел, т.е. стигање до раносредновековни, и максимум хеленистички (античко-македонски) хоризонти, па кога политички подобните информации се „потврдија“, се прекина со истражување. Многу ретко во нашата археологија се оди до карпа (професионалниот термин за стерилен слој е „здравица“, но овој термин секој го сфаќа како што му одговара, како теоретски така и практично), бидејќи археологијата се смета како чисто политичка алатка, па не се истражува за да се открие, туку за да се потврди. Можда и неолитски, па дури палеолитски слоеви имало на локацијава, ама кој го ебе тоа кога не знаеле да напишат „Македонија“ во тоа време.

Башка, и тие столбовите на кои се градбиве кренати, не лебдат на земја, туку густо го имаат избушено теренот. Во Атина, на пример, не е за џабе музејот на Партенонот долу в градот. Изгледа немале врвни специјалисти од типот на нашиве, па да кренат столбови и над партенонот да биде музејот... у ствари зошто музеј, во V век во црква бил трансформиран, па можеле директ повторно црква да го направат. Или уште подобро, кога веќе ја узурпираш најдобрата локација во градот, може да се направи училиште за попови, па да ја лимитираш достапноста на просторот на грст луѓе...
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 542
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #255 Posted: 05-Dec-2017 at 19:33
Изградбата на ваков монументален комплекс во срцето на еден од најважните центри на јужнословенската култура не е културен проект, или образовен, или слично. Тоа е апсолутен, вулгарен акт на индивидуална политичка моќ, дело кое си го дозволува лик од ранг на император. Ниту османлиите во петвековното владеење не се осмелиле да го нарушат во толкава мера изгледот на градот, се ограничиле на доградби и одржување на Самолиовата тврдина.
Објектите се готови, евентуално нивно рушење би било можно едино во многу брз рок*, но ако никој за брзо не ги чепне - ќе останат кај што се, претпоставувам. Тоа ќе значи, дека нивниот градител си го обезбедил местото во историјата на македонскиот Вечен Град.

*не повикувам на рушење во случајов, единствено посочувам дека за ваква деликатна ситуација промени се можни само ако тој што ги сака делува брзо, но кога комплексот ќе се стекне со “историски товар/оправдување“ ќе биде многу тешко да се интервенира.
Back to Top
iGi_PoP View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 211
  Quote iGi_PoP Quote  Post ReplyReply #256 Posted: 05-Dec-2017 at 20:32
Kakvi gluposti! gi sporeduvas mozaicive so partenonot
U stvari so nadgradbite tie uste poveke se prezerviraat od nadvoresnite vremenski vlianija, i mozajcite ke bidat dostapni za site lugje.
Sega mozes da kazes deka mozele da go zagradad so stakleni kocki i da go napravat po transparentno is vkloplivo so okolianata... toa bi ti bil dobar argument, ama ova sto go tropas e smesno.
Covece idi napij se cajce od kamilica, mnogu se vozbuduvas... eve uste nekolku godini i ke nemame nikakva nacija ni identitet pa onda mozes da se tapkas po gradi i da se raduvas.
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 542
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #257 Posted: 06-Dec-2017 at 00:09
Само шо го допив чајот, фала за советот.
За Плаошник зборав и за археологијата на локалитетот, не за мозаиците.
Заградување со тие стаклени коцки 1000 пати се покажа како неефикасно, бидејќи стаклото „спотнува“ и на крај пак ништо не се гледа.
Гледам дека си од тие што ги заболе за зачувување на културниот идентитет, мене за жал се' уште ми е битна темата.
Back to Top
Maksach View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 09-Jan-2012
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Maksach Quote  Post ReplyReply #258 Posted: 06-Dec-2017 at 11:14
Јас лично работев на Плаошник, и тоа со археологијата, 3 години дури се градеше срањево. Кои мозаици? Што било заштитено, документирано? Кој те излажал? Очигледно ти стегаш мускули а врска немаш. Градено е на недоистражен терен и се е изгубено, темелите и столбовите се ставани диреткно во археологија.
Back to Top
iGi_PoP View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 211
  Quote iGi_PoP Quote  Post ReplyReply #259 Posted: 11-Dec-2017 at 19:04
Originally posted by Maksach

Јас лично работев на Плаошник, и тоа со археологијата, 3 години дури се градеше срањево. Кои мозаици? Што било заштитено, документирано? Кој те излажал? Очигледно ти стегаш мускули а врска немаш. Градено е на недоистражен терен и се е изгубено, темелите и столбовите се ставани диреткно во археологија.

ApplauseLOL ne be, eve jas licno rabotev na Plaosnik... zimi tebe
Abe site nie sme profesionalci... a ova komentarov "zosto sme zastanale kaj mozaicite i ne sme kopale uste poveke da najdeme mamuti?" ... Prasaj gi arheolozite vo Rim moze tie ke ti dadat odgovor Big%20smile
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 542
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #260 Posted: 11-Dec-2017 at 23:40
Среќа не работиш повеќе.

Да го дочиташе постот и на тоа ќе најдеше одговор.

поз
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 11121314>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.