build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Св. Климентов Универзитет на Плаошник

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 131415
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13900
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #281 Posted: 04-May-2021 at 11:49
02.05.2021



оригинална фотка 4000px

https://www.reddit.com/r/djimavicmini/comments/n2qlay/above_old_monastery_in_ohrid/
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 13117
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #282 Posted: 22-May-2021 at 16:50
Потрошени 12 милиони евра за Универзитетот на Плаошник, а него го нема

Државниот ревизор утврдил серија неправилности за изградбата на Св. Климентовиот Универзитет на Плаошник. Наместо за 6,5 милиони евра карабината чини 12 милиони евра и се уште не е готова, иако темелите беа удрени во 2012 година.

По 9 години и двојно повеќе потрошени пари за возобновување на Св Климентовиот Универзитет на Плаошник во Охрид, комплекстот се уште не е пуштен во функција, покажува извештајот на државниот завод за ревизија. Првиот предвиден рок со тендерот за реализација бил 26 месеци од почетокот на градежните активности.

Ревизијата на Управата за заштита на културно наследство покажува дека наместо предвидените 6,5 милиони евра за изградба на карабина, досега се потрошени вкупно 12 милиони евра со анекси на договорите и објектот се уште не е во функција.

Еден клучен проблем во целата изведба на тој проект е што Управата за заштита на културно наследство нема надлежност за изградба на нова градба. Тоа требало да го направи Министерството за култура, велат ревизорите. Втор проблем е што локалитетот се гради во област каде што се вршени археолошки истражувања и во „Старото градско јадро на Охрид“ кое спаѓа во категорија културно наследство од особено значење и во кое со закон е децидно предвидено кои градежни дејствија не смеат да се преземаат.

Препораките на УНЕСКО прифатени а цената не е намалена

Според документите кои ги разгледувале ревизорите, УНЕСКО во 2013 година препорачал намалување на катноста на градбата и да не се градат објектите Афилијации на светски универзитети и Компјутерски центар.

„Во извештајот на Советодавната мисија на ИКОМОС/УНЕСКО од 12.12.2013 година е нотирано дека проектот е некомпатибилен со универзалната вредноста на објектот од светско наследство и се предлага да се намали катноста“, се вели во ревизорскиот извештај.

Но, Управата за заштита на културно наследство по таквата препорака иако ја спровела, не направила нов договор за намалување на цената на градбата. Првично пресметаната вредност на двета објекта кои не се изведени изнесува 2, 6 милиони евра кои си биле исплатени од буџетот.

За возобновување на Универзитетот на Плаошник се потпишани два основни договори кои подоцна со десетина анекс договори се зголемувала цената, но се поместувал и предвидениот рок за крај на изградбата. Управата не добила согласност од Владата за продолжување на рокот за изградба со истиот изведувач во услови кога рокот е истечен.

Одземањето надлежности тешко ќе ги спречи непланските градби во Струга и Охрид
За првата фаза од изведбата во 2010 година бил потпишан договор со фирмата „Конструктор Инженеринг дд Сплит“ во вредност од 9 милиони евра. Во врска со овој тендер, против тогашниот директор на Управата, Паско Кузман, финансиската полиција во 2018 година поднесе кривична пријава поради сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување. Кривичната пријава се однесува на и уште едно лице од Хрватска, вработен во спитската комоанија ,,Конструктор инженеринг” која прва беше вклучена во реализацијата на капиталниот проект на Плаошник.

Според пријавата од 2018 година, државниот буџет е оштетен за 240 илјади евра, бидејќи изведувачот на работите во Плаошник, тетовското претставништво на „Конструктор инженеринг“ од Сплит, лажно прикажал дека за изградба на објектот биле набавени материјали и дека биле извршени градежни работи. Управата го рaскинала договорот со „Конструктор инженеринг“ во 2012 година.

Потоа Управата за заштита на културното наследство распиша нов тендер кој според договорот објавен на Бирото за јавни набавки го добива Петар Митаноски МИТАН- ПРОМ Дооел Охрид. Според податоците на владиниот портал „отворени финансии“ оваа компанија во изминативе десет години покрај Возобновување на Св. Климентовиот Универзиитет од буџетот на Управата за заштита на културното наследство наплатила 13 милиони евра под контото реконструкција на споменици.

Недореченостите на проектот

Едно од основните законски правила е кога се почнува со градба се оградува просторот каде што е предвидено да работат градежници. Но според тендерската документација, во основниот договор за изведба од 2012 година не било предвидено оградување на локацијата каде што ќе се работи, не било предвидено нити довод и приклучок на електрична енергија, водовод и канализација, за што се склучил нов анекс на договор за како што е наведено „непредвидени работи“. Дополнително наместо на сметка на компанијата, во анексот се наведени и трошиците за поставување на бараки за работниците и надзорот како изведбата на санитарен чвор и тоалети.

„ Со анексот се бришат зборовите на своја сметка што значи дополнителни обврски и зголемена вредност на договорот“ се вели во извештајот.

Посебен анекс во вредност од 200 илјади евра е склучен за ископ на земја од бунари и изработка на пристапен пат до локалитетот. Дополнителни речиси половина милион евра се исплатени за бетонирање на столбови, изведба на ѕид со травертин и ископ на земја.

Прекрешни закони

Според ревизијата со изведбата на овој проек се прекршени законите за јавна набавка, за градба и за не се испочитувани одредбите од договорите за рокот на изградба и казнени поени. На Плаошник беше предвидено да се изгради комплекс кој ќе го сочинат Богословски факултет, Манастирски Конак, Резиденцијален објект, Афилијација на светски универзитети и Компјутерски центар. Последниве две се избришани од проектот по препорака на УНЕСКО.

Идејата за комплексот Св.Климентов Универзитет на Плаошник има за цел да се спои сакралното со световното, да се направи една симбиоза на времето на св. Климент со современата доба.

https://www.slobodnaevropa.mk/a/потрошените-12-милиони-евра-за-универзитетот-на-плаошник-а-него-го-нема-/31265581.html
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13900
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #283 Posted: 24-Oct-2021 at 20:49
Од септември годинава

DSC07526 by Inge Colijn, on Flickr

За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 131415

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.203 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.