build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Мост на цивилизациите во Македонија (Мост Око)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 28>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9037
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Мост на цивилизациите во Македонија (Мост Око)
    Posted: 08-Aug-2008 at 10:54
Лудаци! Дали не очекува нова манија со мостови?

СЕ БАРА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ
До Камениот ќе се гради и пешачки мост Од двата моста кои општината Центар планира да ги гради меѓу Камениот мост и мостот кај хотелот „Холидеј ин“ распишан е конкурс за идејно решение само за еден. Пешачкиот мост, кој ќе биде поблиску до Камениот ќе почнува пред Стопанска банка и ќе завршува кај Комерцијална банка на другиот брег на Вардар. Мостот на цвеќето, пак, треба да го поврзува ГТЦ со Македонска опера и балет. Од Општината Центар велат дека идејата да се гради пешачкиот мост е со цел да се поврзат двата кеја на Вардар. Според нив, во план е да се уреди и шеталиштето на левиот брег на реката. За мостот на цвеќето, пак, идејата била да се направи простор во градот кој ќе може да се искористи за поетски читања, за сликање и други уметнички дела. Иако општинарите веќе од поодамна го најавуваа цветниот мост, сега неофицијално велат дека повеќе се форсираат објектите кои ги иницирала Владата. Досега биле разгледани неколку идеи за мостот, но се останало на тоа. Проектите за пешачкиот мост лоциран до Камениот, ќе може да се доставуваат до 11 август. Жири комисијата која ќе ги оценува пристигнатите решенија има обврска да ги објави резултатите од конкурсот во рок од 30 дена по неговото завршување.


http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1471&ArticleID=96096
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 08-Aug-2008 at 13:07
Па добро до кога ќе продолжат со касапење на Мал Ринг??? И нов мост измислија? Веројатно следат нови експресни измени на ДУП-от Roll%20eyes

Зошто мостови на секои 50m??? И тоа залепени до камени... Ова е вистинска мистерија од каде ги добиваат сите овие идиотски идеи и како никако да им пресушат. Како некој со сила да се труди да направи што повеќе глупости во Мал Ринг...


Bash Bash Bash
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 10-Aug-2008 at 00:22
Жими се, овие гниди у општина центар треба да се стрељаат... Ова мачкање очи со тоа како наводно било у сите европски „метрополи“ изгледа ќе го применуваат за секоја идиотска идеја што ќе ја смислат или ќе им ја нарачаат од владата.

Ако не им се застане на пат, дефинитивно ќе направат бурлеска од центарот на градов...

Bash Bash Bash

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=4E6AD61D83F4C24ABBB6828AA700ACB0

АРХИТЕКТИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ

Новиот мост ќе го скрие Камениот

Анализа за оправданоста на овој мост ќе се направи откако ќе се избере идејноторешение, пред почетокот на неговата изградба, велат во Општина Центар

Вториот пешачки мост што е предвиден да се гради во центарот на Скопје ќе ја затвори глетката кон Камениот мост и ќе влијае на неговите функционални, естетски и просторни квалитети, смета архитектот Минас Бакалчев, професор на Архитектонскиот факултет.

Според него, не треба да се биде стручњак за да се заклучи дека ќе се создаде голема конфузија со уште еден мост меѓу Камениот мост и Мостот на цвеќето, кој ќе ги поврзува Македонската опера и балет со Градскиот трговски центар. Мостовите ќе бидат премногу близу перцепциски. Новопредвидениот мост ќе води на исто место како и Камениот. Освен тоа, Камениот мост треба да има заштитна зона за да не биде загрозуван ниту функционално, ниту просторно - вели архитект Бакалчев.Тој смета дека би било доволно и сосема функционално само едно премостување преку реката Вардар.

- Мост треба да поврзува нешто и да активира одредени содржини. Мостот на цвеќето, кој е предвиден со Детаљниот урбанистички план за локалитетот „Пресвета Богородица“, би требало да го активира просторот пред ГТЦ и просторот на културниот центар од другата страна на реката Вардар. А понатаму, пак, овие простори да се влеат со Старата скопска чаршија. Повеќе мостови на овој простор е бран на хипертрофирање на нештата, односно одеднаш да се направи се' - вели архитектот.Од Општина Центар објаснуваат дека изградбата на овој мост е предвидена за да се поврзат новите згради на двата брега од реката Вардар, внесени со најновите измени и дополнувања на ДУП „Мал ринг“.

- Целта е да овозможи брз пристап на граѓаните до овие институции и да се избегне кружењето по Камениот мост. Тој ќе биде во функција на брз пешачки сообраќај - вели Соња Шумковска, раководител на Секторот за урбанизам во Општина Центар.Таа вели дека засега не постои ниту проект, ниту пак се направени какви било анализи за оправданоста за неговото постоење. Според Шумковска, такви анализи за оправданоста ќе се направат дури откако ќе се избере идејното решение, пред почетокот на неговата изградба.Од Општина Центар ценат дека воопшто нема да пречи изградбата на уште еден мост и сметаат дека има доволно простор меѓу нив. Како пример ги наведуваат поголемите европски градови низ кои тече реката Дунав и имаат повеќе мостови.Од Градот воопшто не се информирани за изградбата на новиот пешачки мост.  Според графичкиот приказ на новиот Предлог-ДУП доставен во Градот Скопје, по кој е дадено негативно мислење, не постои дополнителен мост што би бил меѓу Камениот и Мостот на цвеќето - велат во Одделението за односи со јавноста во Градот.Градските власти велат дека единствено дале позитивно мислење за Мостот на цвеќето. Градот се произнесе негативно за измените на ДУП, кои неодамна ги донесе Општина Центар, а со кои се предвидува изградба на црква, Музеј на ВМРО и неколку деловни објекти на плоштадот Македонија.

Анела Петрова



Edited by Cloverstack - 10-Aug-2008 at 12:23
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 10-Aug-2008 at 04:16
Ќе го напраат стаклен (нормално у корелација со теоријата на станување метропола), и тогаш ќе се ѕирка камени мост!!!
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9037
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 08-Jan-2009 at 13:08
Ако ја занемариме локацијата (дефинитивно непотребен мост) идејата звучи интересно но и отвара прашања.

1. Стаклен мост ќе треба исклучително да се одржува инаку многу бргу може да стане срам за градов
2. Што ќе биде кога група скопски битанги ќе се обидат да ја тестираат јачината на стаклото

ГОДИНАВА НА БРЕГОТ НА ВАРДАР МЕЃУ КОМЕРЦИЈАЛНА И СТОПАНСКА БАНКА
Мост во форма на око до Камени
Во средишниот дел мостот ќе биде проширен во форма на око, а површината по која ќе минуваат луѓето ќе биде од стакло и ќе може да се гледа водата во реката

Пешачкиот мост на Вардар меѓу Камени мост и неизградениот мост на цвеќето, Општина Центар најавува дека ќе почне да го гради во првата половина на годинава. Градоначалничката на Центар Виолета Аларова вели дека веќе го имаат идејното решение за мостот, кој ќе биде во форма на око, и оти наскоро треба да распишат тендер за проектант кој ќе го прави главниот проект и изведувач на градежните работи. Таа објаснува дека во моментов тече постапката за прибирање на потребната документација за одобрение за градба.
"Мостот се уште нема име, иако, според идејното решение, неговата форма ме потсетува на око. Во средишниот дел мостот ќе биде проширен во форма на око, а површината по која ќе минуваат луѓето ќе биде од стакло и ќе може да се гледа водата во реката", вели Аларова.
Маркичката за изградба на овој мост беше вцртана со претпоследните измени на деталниот урбанистички план "Мал ринг", кој Советот на Општина Центар го усвои во јули годинава.
Мостот, согласно планот, треба да се гради на Кејот на Вардар, меѓу Камени мост и неизградениот мост на цвеќето, односно на десната страна да почнува кај Стопанска банка, а на левата кај Комерцијална банка.
Конкурсот за избор на идејно решение Општината лани во октомври го поништи, бидејќи ниту една од пријавените фирми не ги исполни поставените услови, односно тогаш главната забелешка беше дека понудените решенија за мостот не биле адекватни на просторот.
Од Центар велат дека на вториот конкурс била избрана проектантската куќа ИНПУМА, која го работи идејното решение


http://www.vest.com.mk/default.asp?id=161828&idg=9&idb=2568&rubrika=Skopje
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 20-Jul-2009 at 15:20
Пешачкиот мост до Уставниот суд ќе се гради од септември

Општина Центар до средината на следниот месец треба да избере изведувач на градежните работи меѓу домашните фирми "Гранит" и "Бетон", "Конструктор" од Сплит и "Алпина" од Австрија

Изградбата на пешачкиот мост на Вардар, кој ќе биде меѓу Камени мост и неизградениот мост на цвеќето, ќе почне во септември. Градоначалникот на Центар Владимир Тодоровиќ најави дека доколку сe оди како што треба градежните работи на мостот треба да почнат на крајот на летото. Тој објасни дека во тек е втората фаза од изборот на најповолен изведувач, односно дека во претквалификација се избрани четири фирми, кои до 8 август треба да ги дадат своите финални понуди.
"Во претквалификацијата ги избравме домашните фирми 'Гранит' и 'Бетон', 'Конструктор' од Сплит и 'Алпина' од Австрија. До средината на следниот месец би требало да избереме изведувач од овие четири фирми, додека да помине рокот за жалби и најоптимално очекување е дека со градежните работи ќе почнат во септември", вели Тодоровиќ.
Идејното решение за изградба на новиот мост, кој од десната страна ќе почнува на кеј 13 ноември кај Стопанска банка, а од левата треба да се спои со новата зграда за Уставниот суд што ја гради Владата, го изработи проектантската куќа ИНПУМА. Согласно проектот, мостот ќе биде во форма на око, односно средишниот дел на мостот ќе биде проширен во форма на око, а површината по која ќе минуваат луѓето ќе биде од стакло и ќе може да се гледа водата во реката.
Реализацијата на овој проект ја почна поранешната градоначалничка на Центар Виолета Аларова, која најавуваше дека градежните работи ќе почнат во првата половина на оваа година. Маркичка за мостот беше вцртана во претпоследните измени на деталниот урбанистички план "Мал ринг" по барање на Владата.
Градоначалникот Тодоровски очекува изградбата на пешачкиот мост да заврши за две години.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=6E43D680F9721D4C919A71EAFCC4FE39
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 29-Jul-2009 at 02:26
Повеќе би рекол новинарите се збунија, одколку властите. Или па може би грешам и ќе речам, новинарите (одередени) се фаќаат за сламки па сега најдоа од два пешачки моста да прават намерно забуни и манипулација во јасност.
ЛОКАЛНИТЕ ВЛАСТИ СЕ ЗБУНИЈА

И Градот и Центар ќе градат ист мост Град Скопје ќе распише архитектонски конкурс за изградба на пешачки мост кај ГТЦ. Одговорните за медиуми во Градот објаснија дека ќе го градат мостот кој ќе води кон новата зграда на Уставниот суд и Државниот архив со археолошки музеј, иако Општина Центар одамна избра идејно решение за неговиот изглед.
Според градоначалникот на Центар, Владимир Тодоровиќ, сега се избира фирмата која ќе го гради мостот, а градежните работи треба да почнат наесен.
- Во тек е постапка за изградба на пешачки мост на реката Вардар, еден од двата предвидени со ДУП, а ќе го гради Општина Центар – велат од Одделението за односи со јавност.
Таму објаснија дека градот всушност ќе го гради мостот на цвеќето, стар проект на претходните гарнитури во Центар, кој исто така го поврзува ГТЦ, но не со новиот објект на Уставниот суд, туку со Македонската опера и балет.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=1769&ArticleID=118652
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9037
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 29-Jul-2009 at 12:57
Во медиумите има распишано конкурси за идејно решение за ограда и осветлување на мостовите Гоце Делчев и ако не се лажам оној кај НБРМ што секогаш му го заборавам името.

Одлична идеја после осветлувањето на камени под услов идејното решение за оградата да не претпоставува антички елементи.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 04-Aug-2009 at 23:12

Наесен ќе почне изградбата на новиот пешачки мост на Вардар

Градоначалникот Тодоровиќ очекува финансиска помош од Владата

Пешачкиот мост на Вардар, кој е предвиден меѓу Камениот мост и неизградениот мост на цвеќето, ќе биде првиот капитален проект на градоначалникот на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ. Според негови најави, изградбата на мостот ќе почне наесен. Всушност, тоа најверојатно ќе биде и негов прв заеднички проект со Владата, односно очекува таа да помогне во затворањето на финансиската конструкција која, според сегашните процени, ќе достигне до 4 милиони евра. Тодоровиќ се надева на помош од централната власт зашто, всушност, и по нејзино барање е нацртана маркичката за објектот. Тој е дополнет со претпоследните измени на деталниот урбанистички план „Мал ринг“, со цел да претставува директна пешачка комуникација на левиот и на десниот брег на Вардар, односно ќе ги поврзува кеј „13 Ноември“ од кај Стопанска банка, а ќе се спои со новата зграда која за Уставниот суд се гради како владин проект. Градоначалникот Тодоровиќ информираше дека до средината на следниот месец треба да се избере изведувач на градежните работи. Во тек е втората фаза од изборот за најповолен изведувач, односно во претквалификацијата се избрани четири фирми, кои до 8 август треба да ги достават конечните понуди.

„Во претквалификацијата се избрани домашните фирми ‘Гранит‘, ‘Бетон‘, ’Конструктор‘ од Сплит и ‘Алпина‘ од Австрија. До средината на следниот месец би требало да ја посочам најповолната понуда, по што ќе следува рокот за жалби. Очекувам дека градежните работи ќе почнат најдоцна до 15 септември, а изградбата веројатно ќе трае најмалку две години. Сепак, точниот рок на изведба ќе биде познат по изборот на најповолната понуда за фирмата-изведувач“, вели Тодоровиќ, кој информираше дека мостот ќе се гради по веќе избраното идејно решение изработено од проектантската куќа ИНПУМА. Проектот предвидува средишниот дел на мостот да биде проширен, односно ќе има форма на ок, а површината по која ќе се минува ќе биде од стакло и ќе овозможува да се гледа водата во реката.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=6958B5C653E60E47BB5483A79D6C32F3
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 05-Aug-2009 at 02:24
 
Всушност, тоа најверојатно ќе биде и негов прв заеднички проект со Владата, односно очекува таа да помогне во затворањето на финансиската конструкција која, според сегашните процени, ќе достигне до 4 милиони евра.

 Очекувам дека градежните работи ќе почнат најдоцна до 15 септември, а изградбата веројатно ќе трае најмалку две години. 
 
 
 
 
Ако кај сарај проектот е потребен под итно и навидум доста евтин овде имаме сосема непотребно фрлање пари, 4 милиони евра и две години за што???
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 05-Aug-2009 at 04:52
Originally posted by vardar

Ако кај сарај проектот е потребен под итно и навидум доста евтин овде имаме сосема непотребно фрлање пари, 4 милиони евра и две години за што???
Ради блинг и за да се круниса идиотизмот на целиот проект за објект на Уставен Суд / Архив / Археолошки Музеј...  Wallbash

Со овие пари за непотребен пешачки мост (кој е и многу проблематичен vis-a-vis Камени Мост) приближно или целосно ќе можеше да се исфинансира тунел за Илинденска на пример.

Тоа е... се додека најголемиот дел граѓани се тотално неедуцирани, неинформирани и незаинтересирани за вакви работи, ќе ни се случува луѓе без трошка осет или чуство за одговорност да се расфрлаат со огромни суми народни пари за да ги реализираат своите детињасти фикс идеи!

Ама дур не научиме да вложуваме продуктивно, нема да доживееме некој значаен напредок!!!


Edited by Cloverstack - 21-Nov-2009 at 22:01
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 06-Aug-2009 at 01:33
 

Два моста ќе му прават друштво на Камениот

Мостот во форма на око ќе го гради Општина Центар за четири милиони евра, а мостот на цвеќето ќе го гради Градот Скопје

Во строгиот центар на градот ќе се градат уште два пешачки моста на реката Вардар, на просторот меѓу Камениот мост и мостот Слобода кај хотелот „Холидеј ин“. Во септември се очекува Општина Центар да почне со изградбата на мостот, кој ќе се гради во функција на новиот објект на Уставниот суд. Вториот мост, односно таканаречениот мост на цвеќето ќе го гради Градот Скопје. Овој мост треба да ги спои Кејот 13 Ноември и платото пред Македонската опера и балет. Со реализацијата на овие планови на простор од околу 400 метри должина, ќе има четири моста - Камени, мостот Слобода и двата нови, сите во различен стил.

Градежната маркичка за мостот на цвеќето е вметната во деталниот урбанистички план за малиот ринг уште во 1997 година. Според надлежните во Општина Центар, маркичката за мостот што ќе води кон Уставен суд е внесена во претпоследните измени на деталниот план, направени лани во јули по барање на Владата.

Според општинските власти, мостот кај Уставен е заеднички проект со Владата и ќе чини околу четири милиони евра. Градоначалникот на општина Центар, Владимир Тодоровиќ, најави дека изградбата на овој објект ќе почне во септември, за што веќе е во тек постапката за избор на најповолен изведувач. Во игра се домашните фирми „Гранит“ и „Бетон“, како и „Конструктор“ од Сплит и „Алпина“ од Австрија. Се очекува изградбата да трае најмалку две години.

Според идејното решение, направено од проектантската куќа „Инпума“, мостот од десната страна ќе почнува на кејот, на просторот кај Стопанска банка, а од левата страна ќе биде споен со новата зграда на Уставниот суд, која е во изградба. Овој мост треба да биде во функција на судот и да им го олесни пристапот на граѓаните до него. Предвидено е објектот да има форма на око, односно да биде потесен на краевите, а поширок во средишниот дел. Површината за одење, односно дното на мостот, ќе биде направена од стакло за да можат граѓаните да ја гледаат реката под своите нозе кога ќе минуваат таму.

Според најавите, мостот на цвеќето, кој ќе биде оддалечен 100 метри од мостот „око“, ќе го гради Градот Скопје. Овој мост беше најавуван како капитален проект на Општина Центар во времето на поранешната градоначалничка Виолета Аларова, но таа не успеа да го изгради. Од одделението за односи со јавност во Градот велат дека овој мост ќе обезбеди подобра комуникација меѓу двата брега на реката Вардар.

- Значи, станува збор за два пешачки моста што ќе ги гради Градот. Едниот е зад Градскиот трговски центар, а вториот зад Националната арена „Филип Втори“, заедно со паркиралиште. Реализацијата на ваквите проекти е сложена и затоа, откако ќе бидат конкретизирани, ќе се реализираат во соработка со Владата и Општина Центар - велат во Градот. Според идејата на Аларова, мостот на цвеќето беше замислен како едноставен проект кој нема да биде скап. Општинарите за него планираа да потрошат 450.000 евра, а неговата ексклузивност требаше да ја обезбедат многу сезонски цвеќиња.

 
 
Dnevnik
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 04-Sep-2009 at 11:01
ОПШТИНА ЦЕНТАР ЌЕ ПОЧНЕ СО ИЗГРАДБА НА МОСТОТ
Стакленото око наскоро ќе се протегне преку Вардар

Општина Центар следната недела ќе постави камен-темелник за изградба на пешачкиот мост, што треба да ги поврзе новата зграда на Уставниот суд со Градскиот трговски центар. Ова го најавија општинските власти, кои од пријавените четири фирми „Бетон“, „Гранит“, австриската „Алпина“ и хрватската „Конструктор-Сплит“ ја избрале последната за да го гради објектот. - Во текот на наредната недела се планира да се постави камен-темелник за почеток на изградбата на пешачкиот мост на реката Вардар. Како фирма-изведувач на пешачкиот мост е избрана „Конструктор-Сплит“ и“вели Јовица Ацковски, портпарол на Центар. Покрај проектот за мостот, општината овој месец ќе почне и со поставување на фонтаните во водите на Вардар, лоцирани од двете страни на Камениот мост. Пред извесно време градоначалникот на Центар, Владимир Тодоровиќ соопшти дека се обезбедени сите потребни дозволи за работа и е одобрено сообраќајно решение за влез на градежните машини на кејот. Се чекаше само италијанската фирма избрана на тендерот за изведувач да ја добие лиценцата што мора да ја има за да може да работи во земјава. - Се очекува деновиве да заврши нострификацијата за лиценците за градби што ги има фирмата „Ламоне мореда“, која работи во Европа по нивни прописи и наскоро ќе почне изградбата и“вели Ацковски. Пешачкиот мост е замислен во форма на око, со стаклена основа низ која ќе може да се гледа водата. Според процените на градоначалникот Тодоровиќ, градежните работи би требало да завршат по две години, а финансии за изведбата ќе бара и од Владата. Во општината официјално не одговараат на прашањето колку ќе чини пешачкиот мост, иако во јавноста се споменуваше сума од околу четири милиони денари. Овој објект ќе се гради веднаш до Камениот мост, а во продолжение до него треба да се изгради уште еден пешачки мост. Во мандатот на градоначалничката Виолета Аларова вториот проект се најавуваше како мост на цвеќето, со изложбен простор на кој ќе се чита и поезија, а од неодамна изведбата премина во град Скопје, каде што повторно ќе распишуваат конкурс за избор на идејно решение, иако претходно тоа веќе го направи општината. Во Центар сега велат дека за мостот на цвеќето не се потрошени средства бидејќи не била спроведена постапка. Фонтаните, пак, ќе ги прави венециската фирма „Ламоне мореда“, во средишниот дел на коритото на Вардар, од двете страни на Камениот мост. Тие ќе работат на принцип на бунари со кои ќе се прочистува водата. Ќе испуштаат млазови високи по неколку метри, а самиот механизам нема да биде видлив на површината на водата, туку ќе се наоѓа на дното на реката. Во јавноста се наведуваше дека изведбата на фонтаните ќе чини 60.000 евра, а ќе трае седум месеци. Овие информации во општина Центар не ги потврдија, ниту ги отфрлија.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1805&ArticleID=121194
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 07-Sep-2009 at 11:38
Поставување на камен темелник за изградба на нов мост на Вардар

Премиерот, Никола Груевски, денеска ќе присуствува на свеченото поставување на камен темелник за изградба на новиот пешачки мост, т.н. мост Око, на реката Вардар во Скопје.

Камен темелникот ќе биде поставен на кејот на реката Вардар, на долната пешачка патека, од страна на Градскиот трговски центар, информираат од Владата на Република Македонија.

http://netpress.com.mk/vest.asp?id=61357&kategorija=1

Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 07-Sep-2009 at 12:16
За мене е ова уште една тотално промашена инвестиција, без притоа да се објасни КОЈА Е ФУНКЦИЈАТА НА МОСТОТ. Добро е да се работи, добро е да се гради, но најбитно е ШТО СЕ ГРАДИ. Парите се фрлаат на глупости, за пуста пропаганда, за сите да видат дека во центарот на Скопје владата гради.
Списокот на други инфраструктурни проекти што треба да се изградат наместо оваа е прилично голем.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 07-Sep-2009 at 12:54
Мостот се гради да биде пристапен мост на зрадата на уставен суд/архив/музеј.
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 07-Sep-2009 at 17:18

Започна изградбата на новиот пешачки мост на Вардар

Скопје, 7 септември


Со поставување камен-темелник денеска во Скопје започна изградбата на новиот пешачки мост наречен „Око“ лоциран меѓу Камениот и Железниот мост на реката Вардар.


На поставувањето на камен-темелникот присуствуваше и премиерот Никола Груевски кој го поздрави отпочнувањето со градба на ова, како што рече, исклучително интересно инфраструктурно обележје и иден симбол на општината Центар, но и на македонската метропола.


- Се работи за креативна и оригинална замисла и искрено се надевам дека по неговата изградба мостот ќе претставува голема туристичка атракција и мамка за секој посетител, турист или минувач, рече премиерот Груевски.


Градоначалникот на Општина Центар Владимир Тодоровиќ истакна дека со пешачкиот мост сегашните и идните генерации ќе добијат современа комуникација за брзо и ефикасно поврзување на двата брега на Вардар.


- Мостот ќе претставува нов препознатлив симбол на градот, односно објект кој со воведувањето нови содржини ќе ги задоволи нараснатите потреби на корисниците и посетителите, рече Тодоровиќ.


Тој посочи дека преземените интервенции нема да ја нарушат автентичноста на околните објекти.


Почетокот на работата на пешачкиот мост „Око“ беше осветен од поглаварот на МПЦ г.г. Стефан во сослужение со скопските свештенослужители, а на свеченоста присуствуваше и градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски.


Инвеститор е Општина Центар која средствата во висина од 1,5 милиони евра ги обезбеди од сопствени извори, а најдобриот понудувач е избран меѓу четири пристигнати понуди.


Изведувач на работите е хрватската компанија „Конструктор инженеринг“ од Сплит, а мостот треба да биде готов во рок од 17 месеци.

http://www.vlada.mk/?q=node/3873

Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 07-Sep-2009 at 18:35
Еве некој минимален рендер за мостов...

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 07-Sep-2009 at 18:39
На прв впечаток ми изгледа еден од поретко модерните нормални објекти што му се случиле на Скопје во последно време. Сликава е многу мала, но ми изглед акако првиот tension brigde што ќе го добие Скопје и ќе биде нова вода во стилот на скопските мостови. Има некои мислења дека локацијата е малку неприкладна, сепак сметам дека нема толку да го затскрие камени. Може би дел од негативното мислење за мостов доаѓа и од фактот што ќе служи на зграда која и не и баш местото тамо. Сепак имам позитивно мислење за мостов!


Edited by lslcrew - 07-Sep-2009 at 18:39
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 07-Sep-2009 at 18:48

Од редерот а и сликата, неможам точно да добијам претстава за мостот, колку далеку треба да биде од Камени, како ќе се спојува со страната од кај ГТЦ а на реднерот како да е претставена друга река и друг град. Камени, ГТЦ, новиот објект ГИ НЕМА!

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 28>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.188 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.