build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Мост на цивилизациите во Македонија (Мост Око)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 28>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 07-Sep-2009 at 19:56
Originally posted by lslcrew

Мостот се гради да биде пристапен мост на зрадата на уставен суд/архив/музеј.
Таа зграда не е на остров па да и треба пристапен мост специјално само за нејзе.
На 100 метри е Камени мост, на 100 метри од другата страна ќе биде мостот на цвеќето. Апсолутно се слагам со Бојан дека овој мост е вишок и дека списокот на други инфраструктурни проекти што треба да се изградат наместо овој е прилично голем. Веќе демонстрирана неодговорност и фрлање пари во ветар!



Originally posted by lslcrew

На прв впечаток ми изгледа еден од поретко модерните нормални објекти што му се случиле на Скопје во последно време. Сликава е многу мала, но ми изглед акако првиот tension brigde што ќе го добие Скопје и ќе биде нова вода во стилот на скопските мостови.
Од сликата практично ништо не се гледа освен дека овој мост покрај тоа што самиот е вишок, има и вишок делови на него.
Од долната страна се гледа лачна конструкција (која за такво премостување би требала да е повеќе од доволна за да го носи мостот), а од горната страна пак се гледаат некакви лаци во стил на кули за сајли. Доколку се навистина за сајли, тогаш која е логиката на таквото дуплирање? Некој негде видел висечки мост, па ајде сега мора и во Скопје, за премостување од 50 метри? Патетично!!!
Инаку не сум сигурен дека во таков случај "tension bridge" е вистински термин - тензија има кај било кој мост. Претпоставувам дека поприкладен термин би бил "suspension bridge" односно висечки мост. Ги молам постручните да ја разјаснат дилемава.

Доколку пак не се за сајли, која е логиката воопшто да бидат таму? Во било кој случај ми изгледаат како вишок. Значи, со салји или без сајли, мостов ми изгледа дека е со сила „украсуван“ по желбите на некој тотално нестручен. Ми изгледа дека токму како и досега, некој ни натура глупости за да си ги задоволува своите детињасти замисли.
Bash

Капак на се е локацијата и кога веќе ни натурија мост таму, можеа барем да се потрудат да го направат што пограцилен!


Edited by Cloverstack - 07-Sep-2009 at 19:58
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 07-Sep-2009 at 20:12
Па немора лакот одма да значи дека ќе ја носи целата тежина на мостот. Лакот икако и да е мора да биде присутен. Може да е само платформата за пешаците без да има никави греди. За вакви помали мостови методот за оддржување на статиката е голем, а и стилов во кој се гради треба да се многу повеќе од само технички премин за пренос на лица од точка А до точка Б. Незнам зашто не би требало требало да биде тоа ваков принцип на висечки мост. Нормално, ако тие две алки што се гледаат на сликата или евентуално се постават некои сајли украсни колку да се глуми висечки мост тогаш за  секоја осуда. Па крај краева од некаде почнал овој принцип на работа па секој нареден град го копирал принцип. Од една страна бараме светска модерна архитектура и стилови, од друга страна не требало зашто некој го видел тоа надвор. Па мора да го види надвор, кај ако не?! Јас би сакал да видам некоја нова вода во висечки мостови во Скопје*. Новината во стилот го вади делумно поради близината на камениот мост за што и без алиби сметам дека и не го засенува многу. Нормално контроверзноста со архивот му виси на врат.

* Овој стил suspension/tension мислам дека доста вклоплив би бил во Скопје за идниот мост преку Вардар кај влада. Тамо некако има отворен опоглед од/кон сите страни.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 07-Sep-2009 at 21:29
Originally posted by lslcrew

Па немора лакот одма да значи дека ќе ја носи целата тежина на мостот.
А колку методи (и зошто) треба да се комбинираат за мост кој не претставува никаков проблем да се изведе многу едноставно?


Originally posted by lslcrew

Лакот икако и да е мора да биде присутен. Може да е само платформата за пешаците без да има никави греди. За вакви помали мостови методот за оддржување на статиката е голем, а и стилов во кој се гради треба да се многу повеќе од само технички премин за пренос на лица од точка А до точка Б.
Не разбирам што сакаш да кажеш.


Originally posted by lslcrew

Незнам зашто не би требало требало да биде тоа ваков принцип на висечки мост. Нормално, ако тие две алки што се гледаат на сликата или евентуално се постават некои сајли украсни колку да се глуми висечки мост тогаш за  секоја осуда. Па крај краева од некаде почнал овој принцип на работа па секој нареден град го копирал принцип. Од една страна бараме светска модерна архитектура и стилови, од друга страна не требало зашто некој го видел тоа надвор. Па мора да го види надвор, кај ако не?!
Висечки мост е тип на конструкција (која инаку датира од многу одамна), а не тип на архитектура. Зарем ако некој мост е висечки, тоа значи дека тој е „светска модерна архитектура“, или ако не е висечки тој мост не може да биде „светска модерна архитектура“?

И да не ги мешаме работите. Јас не реков дека ова не треба да биде висечки мост затоа што и на други места постојат висечки мостови, туку јас прашав која е логиката ова да биде (или уште полошо, да глуми) висечки мост.
Лично не гледам логика освен таа што ја спомнав, дека некој серко со моќ на одлучување, видел негде дека има, па решил дека во центар на Скопје, на 100m од Камени Мост, токму тоа фали и дека овој мост треба така да „личи“.

Кога луѓе реагираа дека премногу мостови ќе се збијат во близината на Камени Мост, нашиве „планери“ ни сервираа „контрааргументи“ демек видете како е во Љубљана, во Сараево... Не дека тие примери беа соодветни, но сега нека видат они колку висечки мостови има на Љубљанчица и на Миљатска.


Originally posted by lslcrew

Јас би сакал да видам некоја нова вода во висечки мостови во Скопје
Question



Originally posted by lslcrew

* Овој стил suspension/tension мислам дека доста вклоплив би бил во Скопје за идниот мост преку Вардар кај влада. Тамо некако има отворен опоглед од/кон сите страни.
За таму вреди да се размисли. Премостувањето треба да биде значително поголемо, а сигурно и висината на мостот. Нормално и контекстот на опкружувањето е сосема поинаков.





-------------------------------------------

Би сакал да слушнам мислења на архитекти и градежни инжењери за тоа каква конструкција на тоа место (до Камени Мост) би можела да се изведе со некој разумен буџет, а пред се да биде минимална визуелна опструкција за Камениот Мост.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9037
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 07-Sep-2009 at 21:59
На кратко...јас од рендеров со кој располагаме неможам да дадам никакви коментари. И да го имаме во поголема резолуција не верувам дека повеќе би дознал со оглед на тоа дека неговиот квалитет можеби прилега за некои лулашки во периферијата на градот а не за нов мост во сред центар.
Од тоа што може да се види ми делува на уште едно квази модерно здание од типот на реконструкцијата на народна банка и ми се намалува надежта дека и покрај крајната досегашна нетранспарентност и немањето урбанистичка оправданост за овој проект барем ќе имавме некој пристоен проект.

Е сега оставаме времето да покаже, можеби ќе излезе на подобро, но ваквo "идно можно време" не би требало да користам кога зборуваме за таква битна локација како Мал Ринг.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9037
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 07-Sep-2009 at 22:02
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 07-Sep-2009 at 22:24
Штотуку го видов мутантов колку-толку подобро, на вестите на Канал 5



Не се гледаа никакви сајли, оние лаците горе се само за „украс“  Crazy

Во средината изгледа тоа е фонтана  Crazy

Долж мостот сепак се наредени некакви статуи  Crazy


Edited by Cloverstack - 07-Sep-2009 at 22:25
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 07-Sep-2009 at 22:39
Дали анимацијата беше со камени и околината или само мостот?
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9037
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 07-Sep-2009 at 22:40
Еве го материјалот од Канал 5


Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 08-Sep-2009 at 00:10
оддалеку стварно изгледаше ко да ќе имаше некој tension мост, но будаливе чуле не разбрале...

доколку мостов се наоѓаше на друга локација ќе се сложев со него, но е тотално непотребен и на овој начин е чир, на пример ќе се согласев можеби ако ова беше мостот на цвеќето
само уште едно дебилно излегување порради недостапноста на уште подебилниот објект на судот, и замислете си како ќе изгледа (ај остај камени, знаеме веќе дека го униуштија) покрај „античкиот“ објект на судот
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 08-Sep-2009 at 00:44
Ако ми се добри претпоставките околу некои димензии, мостот „Трн у око“ би требало вака некако да го покрива Камениот мост.



ЕДИТ: Ова е во најдобар случај. Мостот сигурно ќе мора да биде помасивен и со тоа ќе покрие повеќе простор.


Edited by La Linea - 08-Sep-2009 at 00:49
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 08-Sep-2009 at 01:25
Originally posted by La Linea


ЕДИТ: Ова е во најдобар случај. Мостот сигурно ќе мора да биде помасивен и со тоа ќе покрие повеќе простор.

Јас мислам дека не мора да биде ни толку масивен, а камо ли да биде полош случај.

Се работи за пешачки мост и за мало премостување. Зошто (според рендерот) го направиле да изгледа како да по него ќе треба да поминуваат тенкови, тоа не знам. Но мислам јасно е дека воопшто не се воделе од идејата мостот да биде грацилен.

Wallbash


Edited by Cloverstack - 08-Sep-2009 at 02:01
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 08-Sep-2009 at 01:46
Еве нешто одблизу сликано. Се надевам дека е појасно. Толку можев во темница.

Е сега малку критика! Тие човечињата највероватно се (одблиску поубаво се гледа) оние човечињата истите што беа на првиот рендер што го имаме за овој мост (од рендерите за објектот). Оние лаците незнам што треба да глумат,  дали се некои порти, нешто којзнае што. Многу поедноставно и поубаво доколку ја нема таа дополнителна опрема. Човечињата и тие лаците се апсолутно непотребни. Друга работа што ми смета е што столбовите на мостот се во Вардар. Некако грубо се убацуваат и тука треба многу да се мисли. Барем некако заоблено да се реши линијат ана коритот, вака коцкасто не бива. Трета работа, како воопшто ќе се проаѓа под мостов, лежеечки?! Вероватно висината треба да биде нешто како под мостовите кај Холидеј Инн или како оној кај Александар Палас, ама тое прениско.





Edited by lslcrew - 08-Sep-2009 at 01:48
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 08-Sep-2009 at 01:49
Катастрофа,  оставете го плоштадот и реонот околу него да дише слободно!!!
Имате работа со кучиња скитници, со просачи, со АВТОБУСИ ОД '68 нерешени имотно правни односи за изградба на нови сообраќајници, маала од 15 век..................
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Feb-2008
Location: Lerinsko
Online Status: Offline
Posts: 718
  Quote macedonia Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 08-Sep-2009 at 02:10
I find it strange that there are no light sources or lamps.
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 08-Sep-2009 at 02:14
It's funny how nobody noticed that. My guess is that the lamps will be installed in those big arches, since they serve no particular purpose( it is not a cable suspended bridge)
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 08-Sep-2009 at 02:28
The lack of lamp posts on the rendering doesn't necessarily mean that there won't be any on the actual bridge.
I'm not saying that there will be, I'm just saying that it is only a rendering and that such details are not always included, especially when we're talking about a rendering of this quality.

My guess is that La Linea might be right though, installing lights on the surplus arches above the bridge looks like something they would do (seems stupid enough Roll%20eyes)


Edited by Cloverstack - 08-Sep-2009 at 02:38
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 08-Sep-2009 at 13:05
First impression > rustic old bridge - futuristic eye bridge - classic bridge
Second impression > impossible city 
It Takes a Lot to Laugh > What a Pity
the eye idea maybe is ok, but the portals, columns and location are debacle

Оverall:
Originally posted by ArchiTechTone



EPIC FAIL!!!!


Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 09-Sep-2009 at 10:25
 

„Окото“ ќе биде најголема атракција

Мостот ќе чини 1,5 милион евра, а треба да биде изграден за 18 месеци

Почна да се гради пешачкиот мост „Око“ на стотина метри од Камениот мост, кој ќе ги спојува Кејот 13 Ноември и новата зграда на Уставниот суд, која е во изградба. Темелите ги поставија премиерот Никола Груевски и градоначалниците на Скопје и Центар, Коце Трајановски и Владимир Тодоровиќ, спроти Денот на независноста - 8 Септември.

Премиерот истакна дека всушност се гради идната туристичка атракција во Скопје.

- Имам големо задоволство да го поздравам ова исклучително интересно инфраструктурно обележје и симбол на општина Центар и на нашата метропола Скопје. Замислата е мостот да има стаклен под, преку кој ќе се гледаат водите на реката Вардар, а истиот ќе биде збогатен и со водено-светлосни ефекти, кои ќе се добијат со изградба на фонтаната во неговата основа. Се работи за креативна замисла и се надевам дека мостот ќе претставува туристичка атракција и мамка на секој посетител, гордост за скопјани и гордост за секој што учествувал овој проект - рече премиерот Груевски.

Градоначалникот Тодоровиќ истакна дека мостот ќе се гради со општински пари, ќе биде готов за 18 месеци и ќе чини 92 милиона денари (1,5 милион евра).

- Се работи за специфична задача, која треба да ги обедини и редефинира историскиот идентитет и традицијата во централното градско подрачје, во која би се внеле нови идеи и содржини. Цел на вака проектираниот мост е да го зачува за сегашните, но и за идните генерации историскиот контекст на овој простор, кој истовремено ќе даде и ново обележје на Скопје. Во подалечното минато поврзувањето на левата и десната страна на реката Вардар се вршело исклучиво со Камениот мост. И овој пешачки мост е обид да им се обезбеди на сегашните и идните генерации уште една современа комуникација за брзо и ефикасно поврзување на двата брега - истакна Тодоровиќ.

Надлежните во Општина Центар објаснуваат дека новиот пешачки мост со архитектонско-уметничкиот изглед треба да се вклопи во постојната околина, но и да даде печат на денешното време.

На мостот е предвидено да се постават клупи за седење и фонтана со проѕирни делови. Објектот е креиран со три распони. Двата крајни распона се со помали димензии од 18 до 20 метри, за разлика од средниот, кој е поголем, со широчина од 56 метри. Средните столбови ќе бидат поставени на самиот крај на речното корито. Горната површина на мостот ќе биде шеталиште со гранитни плочки. Во средниот распон се предвидени два поголеми отвора во мостот и шест помали отвори на потесниот дел, кои треба да се пополнат со градежно слоевито проодно стакло. На крајните рабови ќе има мермерна ограда. Мостот ќе биде потполно осветлен во согласност со современите светски решенија за ваков тип објекти.

Градежните работи ќе ги изведе фирмата „Конструктор“ од Сплит.
 
 
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=A09352E0115ECF48B5330BE45043F805
Back to Top
ArchiTechTone View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 280
  Quote ArchiTechTone Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 09-Sep-2009 at 11:55
„Окото“ ќе биде најголема атракција“


Не можам да го согледам ова... навистина не можам.

Зашто стаклен под? За да се гледа бистрата вода на вардар? Не викам не, ќе напраат каскадни брани, и ќе направат турбоколекторски систем што ќе овозможи пастрмка да се мрести. Во ред. Ама ова со атракцииве и со симболиве? Озбилно?

Originally posted by vardar

 Се работи за специфична задача, која треба да ги обедини и редефинира историскиот идентитет и традицијата во централното градско подрачје, во која би се внеле нови идеи и содржини. Цел на вака проектираниот мост е да го зачува за сегашните, но и за идните генерации историскиот контекст на овој простор, кој истовремено ќе даде и ново обележје на Скопје. Во подалечното минато поврзувањето на левата и десната страна на реката Вардар се вршело исклучиво со Камениот мост. И овој пешачки мост е обид да им се обезбеди на сегашните и идните генерации уште една современа комуникација за брзо и ефикасно поврзување на двата брега - истакна Тодоровиќ.


А да објаснат што точно ќе се поврзува така ефикасно и брзо? Да не беше уставниот суд, никад немаше да се јави за идеја за мостов. Ова е едно спектакуларно несреќно решение за влез во прилично банален објект. Во овој случај, мостот како начин за влегување е економски проблематичен и претенциозен кон културното наследство. Така да замлатувања дека се прави којзнае каква комуникација за идни генерации е ептен несериозна. Мостот на цвеќето е функционално далеку пооправдан, ако не и потребен, но одеднаш овој нуспроизвод на лошо проектирање станува поважен од вистински потребните проекти. естетиката не ја коментирам, бидејќи за вкусови не се дискутира, башка рендеров не ми изгледа претерано релевантен...

Originally posted by vardar

Надлежните во Општина Центар објаснуваат дека новиот пешачки мост со архитектонско-уметничкиот изглед треба да се вклопи во постојната околина, но и да даде печат на денешното време.


Фино што пробуваат да развијат “осет“ за новото време, после толку мнооогу опомени од јавноста. Но според она што може да се види од проектов, “осетот“ е само декларативен.
Back to Top
blejdsk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 319
  Quote blejdsk Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 09-Sep-2009 at 12:34
Супер е проектот, ми се допаѓа.



Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 28>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.