build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Фото/Видео > Културно наследство
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Кнежински Манастир - Кичево

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Кнежински Манастир - Кичево
    Posted: 12-Sep-2009 at 09:39

КНЕЖИНСКИОТ МАНАСТИР - ВРЕЛО НА ДУХОВНОСТА

Некогашниот голем манастир Св. Ѓорѓија се наоѓал во атарот на село Кнежино, над популарното излетничко место Крушино. За човеково присуство има траги од најрани времиња. Уште од првите векови на христијанството тука постоел храм. Подоцна на негово место е изграден нов. Бил величествен, ограден со бедеми. Даруван е како од населението, така и од српскиот Крал Милутин. Со доаѓањето на Турците на овие простори, станува жртва на версакта нетрпеливост. Забележано е дека турскиот велиокодостојник му рекол на еден од монасите на манастирот отприлика вака „кога ќе ја пуштам оваа чаша, ако не се скрши нема ни да ви го запалам манастирот...“. Чашата се скршила, а манастирот е запален... Ова се усни преданија на локалното население. Можеби објектот го снемало од лицето на земјата но останал во душата на народот. Така денес во тек се активности за испитување и возобновување на ова духовно јадро! 
Досега извршените систематски археолошки ископувања на комплексот на манастирот Св. Ѓорѓија во близина на кичевското село Кнежино, што се реализира во организација на Кичевскиот музеј на видело откри нови значајни историски податоци на животот во минатото кој засега само се насетуваа низ призмата на средновековното книжевно наследство.

 Малата црквичка изградена во 1973 година (двата столба се остатоци од некогашниот манастир)

Раководителот на проектот археологот Гордана Спасевска-Димитриевска вели дека во овој манастирски комплекс откриени се темели на црква од развиениот среден век, изградена врз постар објект од ранохристијанскиот период. Се смета дека станува збор за независен патријаршиски манастир во Кичевско. Откриена е црква во базиликална форма со богат мозаичен под и некропола. Мозаикот со централен простор урамен во мозаична лента кој ретко се јавува во црковните објекти во средновековието исто така е необичен. Таков мозаик има само уште во Вељуса, Струмичко, и во “Св. Софија во Охрид.
Во несекојдневните наоди (двете мермерни плочи поставени на подот на наосот на кој се врежани претстави на грифони и лавови...) највпечатлив е сепак фрескоживописот од крајот на 13 и почетокот на 14 век кој како што истакнува археологот Спасевска-Димитриевска, најверојатно е дело на некој од сликарите од ателјето на познатите мајстори од тоа време Михајло и Ефтихиј. Со изградбата на новата црква која е во завршна фаза, ќе се дислоцира црквичката на локалитетот изградена во 1973 година со што ќе им се овозможи на археолозите докрај да добијат одговори на многу прашања. Досега е утврдена некрополата покрај старата црква, но поради раните гробови не се знае за кое време се работи, освен дека се монашки гробови. Од цивилната некропола на северната страна има ретки и различни дарови. Од југ има постара некропола, во неколку хоризонти дури и од четвртиот век, нешто слично на Стоби. Паралелно со археолошките ископувања на овој локалитет кој се очекува да продолжат и годинава ќе се врши и превентивна конзервација - фугирање на ѕидови, подигање на фрескоживописи и слично.

http://kicevo.blog.com.mk/node/71381/


Edited by Makedonij - 12-Sep-2009 at 09:41
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 12-Sep-2009 at 09:43

АРХЕОЛОШКИ ИСКОПУВАЊА НА КНЕЖИНСКИОТ МАНАСТИР

Деновиве во тек се археолошките ископувања на локалитетот на кој некогаш се издигал големиот манастир Св. Ѓорѓија. Локалитетот досега неколкупати е истражуван при што е дојдено до значајни сознанија за историјатот на самото место.  

Истражувањата кои ги води Кичевскиот музеј, резултираа со пронаоѓање на ѕидови кои веројатно претставуваат конаци во кои живееле монасите. Пронајдена е и масовна гробница во која труповите се едноставно изнафрлани и попрскани со вар. Гробницата датира од времето на војната помеѓу Цар Самоил и Василиј II, пред 1000 години. Труповите е можно да се убиени, но можно е да се починати од некоја епидемија. Вистинските причини ќе се дознаат наскоро. Исто така, оточнато е истражувањето и на многуте гробови кои се наоколу, а во кои според начинот на погребување се погребувани монаси. Во слоевите на земјата можат да се забележат јагленисани дрва што упатува на тоа дека манастирот е горен. Впрочем се знае оти е изгорен и разурнат од Турците, но дали ова е последица на тој или на некој претходен палеж, најдобро ќе утврдат археолозите.

Манастирот бил утврден, опколен со високи бедеми. Се предпоставува, дека во времето кога бил запален во него живееле дури 400 монаси.

Предходните ископувања укажаа на постоење на средновековна црква од развиениот среден век, изградена на темели на ранохристијанска базилика. Во базиликата откриен е богат мозаичен под. Мозаикот со централен простор урамен во мозаична лента кој ретко се јавува во црковните објекти во средновековието исто така е необичен. Таков мозаик има само уште во Вељуса, Струмичко, и во “Св. Софија“ во Охрид.

Ископувањата продолжуваат до крајот на летото.

 

Остатоци за кои се предпоставува оти се конаци

Клик тука за поголема резолуција (800x600 пиксели)

Клик тука за поголема резолуција (800x600 пиксели)

Клик тука за поголема резолуција (800x600 пиксели)

Во еден дел од урнатините забележавме скали

Клик тука за поголема резолуција (800x600 пиксели)

Клик тука за поголема резолуција (800x600 пиксели)

Клик тука за поголема резолуција (800x600 пиксели)

Ѕид дебел близу 1 метар

Клик тука за поголема резолуција (800x600 пиксели)

Клик тука за поголема резолуција (800x600 пиксели)

Клик тука за поголема резолуција (800x600 пиксели)

Слојот од кој се гледа дека се случил палеж

Клик тука за поголема резолуција (800x600 пиксели)

Слојот од кој се гледа дека се случил палеж, одблизу

Клик тука за поголема резолуција (800x600 пиксели)

Клик тука за поголема резолуција (800x600 пиксели)

Блискта чешмичка Св. Недела

Клик тука за поголема резолуција (800x600 пиксели)

Локалитетот на кој се вршени истражувања предходните години. Мозаиците се заштитени со песок

Клик тука за поголема резолуција (800x600 пиксели)

Гробовите за кои се предпоставува дека припаѓаат на монаси

Клик тука за поголема резолуција (800x600 пиксели)

Дел од столб, подолу сликан од сите агли

Клик тука за поголема резолуција (800x600 пиксели)

Клик тука за поголема резолуција (800x600 пиксели)

Клик тука за поголема резолуција (800x600 пиксели)

Клик тука за поголема резолуција (800x600 пиксели)

Клик тука за поголема резолуција (800x600 пиксели)

Клик тука за поголема резолуција (800x600 пиксели)

НА столбовите се забележува дека порани биле украсувани

Клик тука за поголема резолуција (800x600 пиксели)

Клик тука за поголема резолуција (800x600 пиксели)

Клик тука за поголема резолуција (800x600 пиксели)

Клик тука за поголема резолуција (800x600 пиксели)

Клик тука за поголема резолуција (800x600 пиксели)

Клик тука за поголема резолуција (800x600 пиксели)

Гробови на монаси, подолу од стариот објект

Клик тука за поголема резолуција (800x600 пиксели)

Баровнички камен, сличен како оној од Богоројчиниот манастир во Брждани, Св. Александар во Белица и Св. Марена во Велмевци

Клик тука за поголема резолуција (800x600 пиксели)

Старите дабови стебла околу манастирот

Клик тука за поголема резолуција (800x600 пиксели)

Новиот манастирски објект Св. Ѓорѓија

Клик тука за поголема резолуција (800x600 пиксели)

Клик тука за поголема резолуција (800x600 пиксели)

Клик тука за поголема резолуција (800x600 пиксели)

Клик тука за поголема резолуција (800x600 пиксели)

ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.250 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.