build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Фото/Видео > Културно наследство
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Кичевско Кале

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Кичевско Кале
    Posted: 12-Sep-2009 at 10:03
Неколку пати досега имам пишувано за легендарната тврдина на кичевското Кале (по XIV век го добива името Китино кале според Кита, владетелката и сестра на Крал Марко, која имала свој дворец на калето и управувала со овој регион). За минатото на Кичево и на самото Кале, многу малку луѓе знаат. Испреплетени се многу легенди околу калето и околу градот и нивното минато. Не познавам многу луѓе кои знаат нешто повеќе за самото минато. За жал, во нашиот народ голем број настани и места имаат "митски" карактер и човек треба да е навистина внимателен што ќе "исцеди" од она што му е пренесено. Јас се надевам оти ќе приберам доволно сознанија за да се расчисти минатото на регионот. И во литературата многу малку е пишано за самото Кичево и тврдината иако таа е колевка на денешниот град. Еве што познатиот археолог Иван Микулчиќ во своето капитало дело „Средновековни градови и тврдини во Македонија“ (МАНУ 1996) има забележано за Кичево:

Кичево
Кастрон Китсава — град Кичава, регионално средиште.


Литература
: Ј. Трифуновски 1971, 15 и н.; — А. Стојановски 1981, 75; — И. Микулчиќ 1987, 185; — В. Кравари 1989, 279; — Местоположба. Месноста „Кале” се наоѓа на источниот крај од централниот дел на Кичево. Претставува питомо ридче со кружна основа зарамнето озгора, високо до 20 м над источното подножје и реката (633 м н.м.). На западниот крај се поврзува преку ниско и широко седло со рамницата, во која се соединуваат рекичките Осојска, Зајаска и Темница формирајќи ја Велика. Тука израснало јадрото на средновековниот и денешен град Кичево.

Најстари остатоци
. Непосредно крај западното подножје на Калето поминувал прастариот пат од Скопје и Полозите кон Охрид на југ и Прилеп на исток (античкиот пат Скупи — Лихнид). Веројатно во римско време на Кале бил изграден крајпатен кастел за контрола на патот. Оваа тврдина постоела на крајот од антиката; најдени се монети — една остава закопана по средината на 3. век, потоа единечни парчиња од 4. и 6. век (во Археолошки музеј Скопје).

Средновековни остатоци
. Градот Кичава бил изграден врз постарите остатоци, на површината од околу 150 х 100 м. Во турско време покрај тврдината постоела и голема цивилна населба, која прераснала во денешниот град. На просторот на старата крепост денес е уреден градскиот парк. Археолошки ископувања тука не се вршени. Во 1929 г. најдени се 302 сребрени монети од 14. век (српски и венецијански; во Народниот музеј, Белград).

Повеќе документи го спомнуваат Кичево. Во повелбата на Василиј II од 1020 г. стои „тен Китсавин”; — во 11. век — „кастрон Киттава”; — во 13. век — „тен Китсавин”, „тес Китсавеос”; „въ Кичаве”; во 1265 г. се споменува „от Кичаво”; — во 1300 г. — „от Кичаве”; во 1468 г. — „Кирчова” (турски). Кичава функционирала низ вековите како византиски кастрон (од 10. до 13. век), кој ги контролирал патиштата на периферијата на Царството, во насоката на честите српски упади од север. Во 1257 г. Србите за кусо време ја освоиле Кичава, а меѓу 1282 и 1297 г. Милутин за постојано ја одзел од Византија. Во ранотурско време во тврдината Кичава била сместена стража; во 1468 г. населбата броела 217 куќи, а тврдината 14 стражари; во 1519 г. имала 20 војници. Името Кичево е словенско и упатува веројатно на 9.—10. век.

Останатите документи со податоци треба да се побараат низ турските тефтери, каде и тоа како има многу податоци кои ќе расветлат многу енигми.Нешто позначајно во литературата досега немам пронајдено. Нема илустрации за евентуалниот изглед на тврдината, нејзината историја. Нема ама баш никакви археолошки ископувања спроведено досега на тлото на кое некогаш постоела. Сите наоди се случајни, како и оние наоди во самиот денешен град до кои најчесто се доаѓа со изградба на некои нови објекти при што истите и се уништуваат. Вистинито и жално. Пред нецел месец бев известен дека жителка на населбата Подварош (види Слика 2-Цивилна населба) копајќи во дворот нашла  малечка керамичка плочка со натпис (веројатно старословенски). Колку што знам, оваа плочка е сеуште во нејзини раце и се надевам дека ќе биде предадена на музејот. Вакви наоди имало и порано, но прашање е колку од нив завршиле на вистинското место. Би ги замолил  сите иматели на вакви предмети истите да ги предадат во Музеј на град Кичево, како во иднина би се оформила збирка на истите и би биле изложени за целата јавност. Сегашните поставки на музејот се исклучително сиромашни и се од периодот на Втората светска војна (Музеј на НОБ за западна Македонија е сегашното име на музејот). Предметите од пораната историја на градот, како монети (Александар Македонски, Јустинијан I), се чуваат во депото на музејот и не се изложени. Исто така, како што може да се прочита од книгата на Микулчиќ, доста е однесено во странски музеи. Но многу од наодите се и уништени без да се дознае за нив или едноставно прекопаниод диви копачи, како на пример Римските гробишта во подножјето на калето кои се ограбени и скоро целосно уништени.

Во овој напис би сакал да изнесам најголем дел од сознанијата и материјалите (фотографии, илустрации) кои ги поседувам за Калето, кои, во иднина секако ќе бидат надополнувани со нови сознанија, а еден убав ден и со конкретен археолошки зафат (конечно!) и обнова на уништеното. Тука за прв пат, ја објавувам илустрацијата (види Слика 2,
клик) на средновековниот град според сознанијата кои ги имам (местоположба, изглед) кои во голем дел се веродостојни но не и целосно точни, но сметам оти се добра основа за натамошни испитувања.

Слика 1: Положбата на Кале во кичевската котлина
Калето е видливо од цел град. Се наоѓа во источниот дел од котлината во подножјето на планината Илиница. Од неа го дели Зајаска река. Издигнато е, според Микулчиќ, на 20 метри над останатиот град и со надморска висина од 633 м. (според Google Earth 650 м). На самиот врв била изградена тврдина во римски/рановизантиски стил која најверојатно имала 5 кули + 2 на самиот влез (види Слика 2, клик). Имала функција на крајпатна стража на патот Скопје-Охрид/Битола. Линијата на бедемот на тврдината е долга преку 440 метри (според мерачот на Google Earth). Од сите 5 кули денес има остатоци, од кои некои се под земја (кула 2, Саат кула(?!)), некои се едвај видливи (кули 3,4,5), додека кула 1 е релативно сочувана иако е во катастрофална состојба и може да се урне во секој момент заради дупката која е направена во нејзините темели. Каменот од кој е градена тврдината потекнува од каменоломот во подножјето на планината Илиница. Трагите од тој каменолом се гледаат и денес. Овој камен се користи и денес од каменоломот кој се наоѓа блиску до стариот, а се наоѓа на другата страна на ридот, близу селото Манастирско Доленци. Камен носен од тврдината се гледа на повеќе места во градот, вграден во стари куќи и дворови. Има црвеникава боја.

Тврдината, која според Микулчиќ, е изградена во антиката (III-IV век) од страна на Римјаните за време на опаѓањето на Империјата пљачките на војската и упадот на Готите или за време на војната помеѓу Константин Велики и Лициниј. Подоцна е веројатно обновена од Византија во VI век за време на Јустинијан (негови пари се пронејдени при градежни зафати на калето) во време на упадите на Словените, Бугарите и Аварите.  Уште едно зацврстување (ако било потребно) има веројатно за време на Цар Самоил во 11 век. Дали во постаро време имало некои градби на калето, не се знае. Тврдината има визуелна врска со фрурионите (крајпатните стражи) во Подвис на 6 километри оттука и Србица на 10 километри оттука. Во нејзините ѕидини имало разни гарнизони: Римјани/Византијци (до VI век, потоа XI,XII, втора половина на XIII век), Бугари (ако воопшто била користена во тоа времe, повремено од VI - X век и прва половина на XIII век), Словени (Склавинија Берзитија, Цар Самуил, повремено VI-X век и XI век до 1015/1018 година, т.е. до падот на Самуиловото Царство), Срби (1258-1259 и  1282/95-1355), Кралството на Марко (1355-1385) и на крај Турци (после 1385).
Најдолго и најголем печат имаат оставено Ромеите (Византијците). Тука веројатно поминале и крстоносците, но мислам оти не ја нападнале, но околината сигурно страдала. Особено немирно доба е периодот во втората половина на XIII век (1258 година, србскиот Крал Урош I за кратко време ја запоседнува тврдината. Но после катастрофалниот пораз на здружените војски од Латини, Срби и други народи од една страна и византиската (никејска) војска од друга страна, Византија повторно ја презема власта во Кичево. Оваа битка е една од најголемите на балканот и се нарекува Пелагонска битка, според локацијата на која се одвивала, есента 1259 година.). Во периодот 1282-1295 младото и моќно кралство Србија од север, под водство на Крал Милутин (богато го дарувал манастирот Св. Ѓорѓија-кнежински манастир), го освојува Кичево. Византија засекогаш ја губи оваа територија. Веројатно во тој период и тврдината е спалена и страда. Не ми е познато дали ја запалиле Византијците на повлекување или Србите на јуриш. Археолошките ископувања би дале одговор на ова прашање. После 1355 година (смртта на србскиот Цар Душан) со овие територии владее Крал Марко од Прилеп. Речиси сигурно е оти за ова време тврдината доживува некои поправки и подновувања. За администратор, Марко ја става својата сестра Кита (кнегиња?), доста омилена кај локалното населене и за неа се испреплетени многу убави легенди. Според Кита калето го добива денешното име Китино Кале. Веројатно и самото Кичево во тоа време е познато под името Китинград. Во 1385 година османлиските Турци го освојуваат Кичево и со тоа почнува опаѓањето на тврдината. Едноставно времињата се измениле и немало голема потреба од овие објекти. Сепак, до пред еден век, како што може да се забележи и од фотографиите (3 и 5) од тврдината имало јасни остатоци. Во времето на Османлиите, сите македонски тврдини доживуваат стагнација и многу од нив се напуштени. Но сепак се во добра состојба до почетокот на минатиот век. За жал, во наше време (1945-1991), со разни градежни зафати многу од нив се уништени.


Влезот во тврдината е од јужна страна. И денес се видливи остатоци од влезната порта. Веројатно влезот е доста сличен како оној на Самоиловата тврдина во Охрид. Од сознанијата кои ги имам за ваквиот тип на тврдини, е оти имале барем уште еден спореден излез. Тој излез не би знаел да кажам каде се наоѓа и дали постои. Според конфигурацијата на теренот би требло да се наоѓа од северната страна. Го претпоставувам поради конфигурацијата на теренот. Од луѓе имам слушнато за постоење на некаков тунел кој од тврдината излегува на еден близок рид и наводно служел за оваа намена во периоди на опсада и освојување на тврдината.


Кулите (пет на број) се четириаголни и се наоѓаат на места од каде најдобро се контролира регионот. Сепак, мислам оти барем една од кулите е кружна или има повеќе од 4 агли. За жал во катастрофална состојба се па ми останува да нагаѓам. Една од друга кулите се оддалечени по околу 50 метри (според Google Earth).
Пештера. Се наоѓа под тврдината. Порано во неа се собирала вода-дождовница која била користена за пиење. Денес истата е загадена бидејќи во неа се слеваат фекалии од дуќаните кои се наоѓаат на северното подножје на калето. Гробишта Римските гробишта се наоѓаат на југозападните падини на калето. Подоцна, во средновековието, тука исто така има гробишта. Тука е изградена и црква на чии темели денес е подигнат храмот Св. Петар и Павле. Гробиштата и црквата се надвор од твдината.



Слика 2: Средновековно Кичево. Можен изглед на тврдината и цивилната населба под неа. Илустрацијата е направена според остатоци и сознанија.



Слика 3: Стара фотографија на која јасно се гледаат урнатини од тврдината: 1) Кула од дворец(?) 2) Остатоци од бедеми (кула?) 3) Остатоци од голем објект (дворец) 4) Стариот поплочен пат кој водел до тврдината 5) Кула 2 - Саат Кулата



Тврдината е напуштена пред околу 150 години. Оттогаш е оставена на забот на времето и се распаѓа. На локалното население турските власти му дозволиле да го користи каменот од тврдината за градежен материјал. Така и е разградена. Единствен остаток од тврдината кој опстоил до XX век (1938 година) е Саат Кулата (тука и тука) која била изградена во 1741 година на Кула 2 (види Слика 2, клик). Со нејзиното разорување се брише и последниот видлив објект од некогашната тврдина. Остатоците од тврдината биле јасно видливи (види Слика 3) се до изградбата на спомен костурницата во децениите после Втората светска војна, кога она што останало од целиот комплекс на тврдината, едноставно е збришан од лицето на земјата, неводејќи никаква сметка што се уништува археолошки локалитет кој крие многу тајни.
Снимките се благодарение на Google Earth, неверојатно корисна алатка која дава доста точни информации (растојание, надморска висина и сл.). Се надевам дека во иднина ќе има и многу појасни фотографии од Кичево. Би било добро научниците истава алатка да ја користат повеќе. На крај на краиштата, бесплатна е.


Слика 4: Кичевското кале, Фотографија од 20 тите години на минатиот век



ВЛЕЗНА ПОРТА (КАПИЈА)

Како што спомнав, се наоѓа на јужната страна на тврдината. Од неа е останат само левиот ѕид, гледано од внатрешноста на тврдината. Веројатно имала сличен изглед како и влезот на Самуиловата тврдина во Охрид. Каде била однесена старата порта од тврдината не се знае. Малкумина кичевчани знаат оти овој ѕид е остаток од портата.
Колку што распознавам, тоа се четвртасти кули.


ВЛЕЗНА ПОРТА (КАПИЈА)
Слика 6: 
Некогашната порта (капија) на влезот на тврдината, фотографирана од внатрешна страна, остатоци. Левиот дел од ѕидот од капијата (внатрешно гледано) сеуште постои. Десниот е урнат, негови остатоци има подолу.



ВЛЕЗНА ПОРТА (КАПИЈА)
Слика 7:
Капијата. Фотографијата е направена на самиот некогашен влез - лев ѕид, гледано однатрe.


ВЛЕЗНА ПОРТА (КАПИЈА)
Слика 8:
Капијата - десен ѕид. Оваа дупка служела или како зацврстувач на портата (во неа била прикрепена самата порта) или како дупка во која се ставало резето со која истата се затворала (помалку веројатно).



ВЛЕЗНА ПОРТА (КАПИЈА)
Слика 9:
Остатоци од десниот ѕид на капијата. Еден од двата дела. Паднат е на околу 30-тина метри подолу од капијата, веднаш кога ќе почнете да се качувате од патчето позади Домот на културата, десно долу. Подолу (слики 8,9,10) се дадени различни погледи на истиот овој остаток. 



ВЛЕЗНА ПОРТА (КАПИЈА)
Слика 10:
Остатоци од десниот ѕид на капијата. Еден од двата дела.



ВЛЕЗНА ПОРТА (КАПИЈА)
Слика 11:
Остатоци од десниот ѕид на капијата. Еден од двата дела.



ВЛЕЗНА ПОРТА (КАПИЈА) Слика 12:
Остатоци од десниот ѕид на капијата. Еден од двата дела. Поглед одблизу за да се види за која цврста градба станува збор. Овој малтер има најмалку 600 години
.


ВЛЕЗНА ПОРТА (КАПИЈА)
Слика 13:
Остаток од десниот ѕид на капијата кој се наоѓа на 10-тина метри од капијата подолу. Се наоѓа лево од патот кој води нагоре.


КУЛА 5
Се наоѓа на околу 70 метри источно од влезната порта. Тешко се распознава зашто е уништена при изградбата на патот кој води кон врвот на калето. Дел од неа е под земја. Со ерозија на земјиштето се откриваат остатоците од кулата како и од ѕидовите
.




КУЛА 4

Се наоѓа на исток на тврдината. Се појави пред некое време откако беа исчистени џбуновите покрај патот и настана ерозија на дел од патот. Еден дел од кулата сосе ѕидините е збришан од багер кога се градел патот. Изгледот на кулата ми остава впечаток дека има повеќе од четири агли. Гледа накај населбата Бичинци помеѓу калето и планината Илиница. Населбата е одделена од калето со Зајаска река. Тука, во подножјето минува стариот пат кој води кон Прилеп. Оваа кула веројатно најдобро го контролирала стариот мост.
Остатоци од малтер има насекаде околу некогашната кула. Тука рушењето на, и онака скоро уништениот ѕид, е активнo.




КУЛА 3
Кулата 3 се наоѓа на севернат
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 12-Sep-2009 at 10:05
КУЛА 3
Кулата 3 се наоѓа на северната страна. Нејзините остатоци се видливи помеѓу шумата. Делумно е оштетена со изградбата на резервоарот за вода во денешно време. Можно е тукму тука да се наоѓала споредната северна порта, ако воопшто постоела.

Камења, остатоци од ѕидот помеѓу 4 и 3 кула, северна страна. Овој ѕид поминувал на местото на и над денешниот пат и едноставно е збришан од багер. Овие камења се паднати токму од тој ѕид.


КУЛА 2
Се наоѓа на северозападната страна на тврдината. Веројатно оттука и од Кула 1 најдобро се набљудувала котлината. Во 1741 година оваа кула е надградена во Саат Кула. Од сликите кои постојат се гледа оти е четириаголна. Опстоила се до 1938 година кога е разорена. Денес се познава местото на кое постоела. Таа е последниот веродостоен потсетник на некогашната тврдина.


КУЛА 1
Зпадната Кула 1 која е најдобро сочувана до денешни дни. Се изгдига на неколку метри над земјата. Остава впечаток оти има кружна форма. Сериозно е оштетена при изградбата на паркот кој се наоѓа веднаш над неа. Во нејзините темели, веројатно од диви копачи, има направено голема дупка која ја загрозува статиката на кулата.




Автор на делото е Љупчо Зорески - http://kicevo.blog.com.mk




Edited by Makedonij - 27-Jun-2010 at 09:40
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
JoveTerirem View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 17-Jan-2010
Location: Kicevo
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote JoveTerirem Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 17-Jan-2010 at 01:39
Мило ми е што најдов некој заинтересиран за оваа тема.За жал во Македонија историјата од Византија се уништивуа свесно,нормално кога повеќето се наклонети кон Бугарија.Сега тамо е пусто место ,збиралиште на наркомани.Мислам дека знам каде се наоѓа тунелот од тврдината!!!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 17-Jan-2010 at 01:59
Јове добредојде. Морам веднаш да ти нагласам дека на форумов не практикуваме дискусија од ваков тип - кој како бил наклонет и слично. Се разбира како на нов член нема премногу да ти замериме , но за во иднина те молам избегнувај такви коментари.

Ако добро го знаеш местово, би било убаво да направиш по некоја фотка и да ги постираш. Или не мора од калето, добредојдени се било какви материјали и информации за Кичево.
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 27-Jun-2010 at 09:41
Китино Кале

....Тврдината Китино Кале е археолошки локалитет на кој досега не се вршени систематски испитувања. Сознанијата за овој дел од градот за кој локалното население со гордост си приспомнува, говорат дека тврдината опстојувала во праисторијата, а со тоа се потврдува мислењето дека тоа е најстара населба во градот. Случајните наоди во шеесетите години при уредувањето на калето откриени се византиски чанкасти монети и монети од времето на Кралот Волкашин. Една народна легенда вели дека тука, на калето, живеела една од сестрите на Крали Марко, Кита, по која, не само калето, туку и градот си го добил името. Делот од градот кој се наоѓа под калето и е една од старите населби се вика Подварош со што се гледа дека некогаш на калето опстојувал град, односно варош. Калето било опкружено со два реда цврсти тврдини, со неколку четвртасти кули. Под тврдините се наоѓале гробиштата на жителите на калето или градот. Некои од откриените гробници се правени на спратови, а месното население тврди дека тоа слугата е заедно погребуван со господарот.


....
Во 1741 година на еден дел од калето е изграден градскиот часовник. Во текот на XIX век во тврдината живеел Абди-бег со семејството, за кои работеле 400 чифлиџии. Во екот на превирањата во Турската Империја и одметнувањето на Али паша Јанински во тврдината се населува по лошо прочуениот Хамзи-паша. После тоа редовната турска војска го заробува одметникот и ја пали тврдината. Оттогаш во калето престојува само дел од турскиот гарнизон, а на подножјето на калето е изградена коњушница која во поново време се адаптира во градско кино.

....Во предвечерието на Илинден 1903 година 500 комити на чело со Лука Ѓеров, Арсо и Наќе војвода го нападнале турскиот аскер кој се наоѓал на калето и во месноста Јурија, при што убиле 20 војници. И покрај збунетоста на турците, востаниците се повлекле во оближните места. После доаѓањето на србите на овие простори Калето се уредува, а во текот на шеесетите години тоа уредување е доста поинтензивно, иако на штета на археолошката наука. Со секоја власт на Калето се поставувале нови споменици, а старите се демолирале. Во шеесетите години поставен е и споменик посветен на паднатата партизанка Олга Мицеска, меѓутоа споменикот не му се допаднал на еден политички моќник и за брзо време е срушен. На платото од Калето сега е останата само основата. Во текот на 1968 година тука е направена спомен костурницата посветена на паднатите жртви во текот на втората светска војна. Во тој период Калето повторно станува центар на градот. Пријатно место за рекреација и дружење преку денот и за вечерни забави.

ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 27-Jun-2010 at 09:44



ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 27-Jun-2010 at 18:10
Реконструкција на тврдината....ќе ја дотераме друг пат....



ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 28-Jun-2010 at 01:15
Македониј си бил ли во Кичево?
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 28-Jun-2010 at 12:14

Можда и не бил, не е ни важно но БРАВО за серијата.   
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 28-Jun-2010 at 15:22
Не кловер не сум бил уше,догодина ако господ даде,ќе правам турнеа низ западна Мк, реконструкцијата е според информацијите погоре Yes 
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4075
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 28-Jun-2010 at 15:37
kolku sto znam tamu ima i spomenici na nekolku heroi, no ne znam dali se uste tamu posto ima vekje 6 godini sto ne sum bil tamu
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 29-Jan-2011 at 08:31
http://sphotos.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-snc3/hs199.snc3/20677_1094628463499_1760197846_195768_262555_n.jpg

ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.