build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

[Р-206] Страцин - Крупиште

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #1 Topic: [Р-206] Страцин - Крупиште
    Posted: 15-Sep-2009 at 02:38
Патниот правец Р-206 се двои од М-2 кај Страцин, поминува низ Кратово и Пробиштип и завршува спојувајќи се со М-5 кај Крупиште. Должината е 55km




Edited by Cloverstack - 14-Jul-2010 at 03:33
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 15-Sep-2009 at 02:38
Патниот правец Р-206 започнува од спојката со магистралниот правец М-2 непосредно источно од селото Страцин. Во склоп на оваа раскрница е и прексртување со Р-212.






Edited by Cloverstack - 15-Sep-2009 at 19:23
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 15-Sep-2009 at 02:42

ВОЗАЧИТЕ РЕВОЛТИРАНИ ЗОШТО ТОЛКУ ДОЛГО СЕ ЧЕКА ПАТОТ ДА БИДЕ АСФАЛТИРАН

ПАТОТ КОЈ ВОДИ КОН КРАТОВО И ПРОБИШТИП ПОВЕЌЕ ОД ДВА МЕСЕЦA Е РАСКОПАН

Изгребан и раскопан асфалт. Дупки речиси на секој чекор. Повеќе од 2 месеци ваква е сликата на регионалниот пат Страцин - Пробиштип.

За да стигнете до Кратово мора 10 километри да се движите по ваков пат, а притоа голема е веројатноста да го оштетите возилото. Револтирани и нервозни возачите критикуваат зошто толку долго патот стои раскопан и зошто фирмите кои како подизведувачи ги најмила корпорацијата Алпине, се уште не започнале со асфалтирањето.

- Ги испокршивме колите, сега ја носев колата на сервис. Не е во ред вака, толку да стои раскопан патот - велат револтираните возачи.

Додека се движевме по раскопаниот пат сретнавме десетина луѓе кои работеа на поправка на патот. Од градежното претпријатие Хулуси Комерц, кое треба да го асфалтира овој пат, велат дека најдоцна од петок ќе започне асфалтирањето.

- Сега работиме и го подготвуваме патот, во петок ќе започне асфалтирањето - вели Менсур Јахија, раководител во градежното претпријатие Хулуси Комерц.

Оваа делница е влезена во реконструкцијата на 11-те регионални патишта кои беа оценети како најлоши.



http://sitel.com.mk/?ItemID=570D10574F0533418C123B32A84D723E

Back to Top
kocani. View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 12-May-2010
Location: нема
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote kocani. Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 22-Apr-2011 at 22:03
Незнам дали станува збор за овој пат но мислам дека е тој од влезот во Кратово па до Пробиштип патот е рекунструиран летово 2010 Реконструиран е и делот за кој пишува погоре што го работеле Хаљуси Комерц - делот немал доволна збиеност и на одредени места беше испуан 
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11707
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 08-Jun-2015 at 15:19
Не можев да најдам тема за делницата Ранковце-Кратово. Вчера го посетив градот Кратово, и патем направив неколку несмасни снимки од патот кој е во добра состојба, одлично обележан и со нова вертикална и хоризонтална сигнализација.





















За сè има вторпат
Back to Top
Vasilij View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 09-Jun-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 50
  Quote Vasilij Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 08-Jun-2015 at 21:36
Ова е патот Страцин-Крупиште (што поминува низ Кратово и Пробиштип) односно делот од Страцин до Кратово кој е реконструиран пред 2-3 години.Ранковце - Страцин е дел од магистралата Куманово-Крива Паланка.
Back to Top
Staki View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 11-Oct-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 123
  Quote Staki Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 08-Jun-2015 at 22:55
Да се надоврзам на Џоле, јас возев до Пробиштип вчера и патот ме изненади што беше во одлична состојба. Има само еден дел после Кратово каде што малку е пропаднат асфалтот, ама останатиот дел беше одличен за возење со прекрасна природа. Исто така имаше соодветна сигнализација, за разлика од Куманово до Страцин, каде што нигде не е обележано дека се стеснува патот.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11707
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 09-Jun-2015 at 09:52
Vasilij, ти благодарам за појаснувањето.
За сè има вторпат
Back to Top
Kid_A View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 24-Nov-2014
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 406
  Quote Kid_A Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 10-Jul-2015 at 06:52
Originally posted by Џоле

Не можев да најдам тема за делницата Ранковце-Кратово. Вчера го посетив градот Кратово, и патем направив неколку несмасни снимки од патот кој е во добра состојба, одлично обележан и со нова вертикална и хоризонтална сигнализација.



Јас бев на “Златни денови во Кратово“ пред некоја недела и можам да кажам дека патот до Кратово е фантастичен ( за македонски услови), а исто така и Кратово-Шлегово е фантастичен.

Во самото Кратово 7-8 улици се во многу лоша состојба ( пропаднати коцки), а сакаат туризам да развиваат, т.е. не се криви тие, мала општина е и нема доволно финансии, но кога може државата да фрла за милионски проекти во Скопје може и некој денар таму. Плус, во Кратово и Шлегово има еден куп традиционални куќи коишто плачат за реновирање.

Edited by Cloverstack - 10-Jul-2015 at 21:24
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1850
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 14-Mar-2018 at 22:42
Сеуште е во одлична состојба, со многу добра вертикална и хоризонтална сигнализација, но на некој места веќе има попуштено од лизгање и пропаѓање на земјиштето и од водата има пукнатини. Сепак милина за возење после Куманово-Страцин.
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.152 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.