build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Спортски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Спортски објекти (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 89101112 18>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Aleksandarmx View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 28-Apr-2012
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Aleksandarmx Quote  Post ReplyReply #181 Posted: 28-Apr-2012 at 17:39
Во Гевгелија започна изградбата на нова спортска сала чиј инвеститор е конфекциската фабрика „Ноел“.

На свеченото поставување на камен темелникот, во близината на Негорските бањи, присуствуваа архиепископот Охридско-македонски г.г.Стефан и владиката Повардарски г.Агатангел, кои чиноначалствуваа со осветувањето на темелите, градоначалникот на општиуна Гевгелија Иван Франгов и бројни гости од општината и земјата.Новиот спортски објект зафаќа површина од 1.160 метри квадратни,спортски терен со придружни објекти и трибина за 600 гледачи.

Инвеститор на новата спортска сала во Гевгелија, која ќе чини 450.000 евра, е конфекциската фабрика „Ноел“ во Гевгелија.

-Овој спортски објект нека им послужи на спортистите за одмерување на силите и постигање на големи резултати, но, уште повеќе за дружење меѓу луѓето, особено младите. Затоа ми причинува посебно зсадоволство што во толкав број присуствуваме и зосдаваме можности за нови дружења меѓу младите, - порача г.г.Стефан при поставувањето на камен темелникот.

Инаку, конфекциската фабрика „Ноел“ е спонзор на гевгелискиот кошаркарски клуб „Кожуф“ кој се натпреварува во Првата кошаркарска лига во земјата. Според сопствениокот на „Ноел“ Томица Главчев, гевгелиските кошаркари и нивните гости за три месеци ќе можат да се натпреваруваат и тренираат во новата спортска сала НБ-Ноел. Исто така, во салата ќе им биде овозможена обука и тренирање на младите кошаркари и таленти, кои во рамките на КК„Кожуф“ формираа веќе формираа посебна школа за млади кошаркари, која успешно работи. Само со вложување во подмладокот и сопствена школа можеме очекуваме резултати и на сениорскиот тим, нагласува Главчев.


http://gevgelija.gov.mk/mk/index.php?option=com_content&view=article&id=1012:2012-04-27-15-08-52&catid=8:actual&Itemid=1
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #182 Posted: 28-Apr-2012 at 21:13
Originally posted by Aleksandarmx

Во Гевгелија започна изградбата на нова спортска сала чиј инвеститор е конфекциската фабрика „Ноел“.

На свеченото поставување на камен темелникот, во близината на Негорските бањи, присуствуваа архиепископот Охридско-македонски г.г.Стефан и владиката Повардарски г.Агатангел, кои чиноначалствуваа со осветувањето на темелите, градоначалникот на општиуна Гевгелија Иван Франгов и бројни гости од општината и земјата.Новиот спортски објект зафаќа површина од 1.160 метри квадратни,спортски терен со придружни објекти и трибина за 600 гледачи.

Инвеститор на новата спортска сала во Гевгелија, која ќе чини 450.000 евра, е конфекциската фабрика „Ноел“ во Гевгелија.

-Овој спортски објект нека им послужи на спортистите за одмерување на силите и постигање на големи резултати, но, уште повеќе за дружење меѓу луѓето, особено младите. Затоа ми причинува посебно зсадоволство што во толкав број присуствуваме и зосдаваме можности за нови дружења меѓу младите, - порача г.г.Стефан при поставувањето на камен темелникот.

Инаку, конфекциската фабрика „Ноел“ е спонзор на гевгелискиот кошаркарски клуб „Кожуф“ кој се натпреварува во Првата кошаркарска лига во земјата. Според сопствениокот на „Ноел“ Томица Главчев, гевгелиските кошаркари и нивните гости за три месеци ќе можат да се натпреваруваат и тренираат во новата спортска сала НБ-Ноел. Исто така, во салата ќе им биде овозможена обука и тренирање на младите кошаркари и таленти, кои во рамките на КК„Кожуф“ формираа веќе формираа посебна школа за млади кошаркари, која успешно работи. Само со вложување во подмладокот и сопствена школа можеме очекуваме резултати и на сениорскиот тим, нагласува Главчев.


http://gevgelija.gov.mk/mk/index.php?option=com_content&view=article&id=1012:2012-04-27-15-08-52&catid=8:actual&Itemid=1

Малку чудно ми делува во Гевгелија да се гради нова сала, кога веќе Гевгелија има една од подобрите сали во Македонија. А тие 450 000 евра да ги вложат догодина у КК Кожуф со сигурност би играле полуфинале на лига. Има тука нешто сумљиво, исто како што има и со тоа Ноел да е спонзор на две екипи во иста лига, МЗТ и Кожуф.

23ka.wordpress.com
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2113
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #183 Posted: 25-May-2012 at 16:26
Започна реновирањето на СРЦ „25-ти мај“

Конечно, од почетокот на овој месец се започна со реновирање на спортско рекреативниот центар „25-ти мај„ во нашиот град.

После долга судска процедура, општина Радовиш го раскина договорот со концесионерите и ја врати салата во свое владение.

Овој спортски објект на радовишани им е и тоа како потребен, бидејќи спортските клубови од градот го изгубија просторот каде што тренираа и се натпреваруваа, а граѓаните на Радовиш го изгубија своето омилено место за рекреација и следење на спортски натпревари и други манифестации.

Поради неодржување на салата и нејзино тотално запуштање од страна на концесионерите, клубовите што опстанаа беа принудени домашните натпревари да ги играат во соседните општини или воопшто да не ги одиграат, што придонесе повеќе од нив да згаснат поради немање на финансиски средства и пред се простор за тренирање и одржување на натпреварите.

Најзаслужни за враќање на СРЦ „25-ти мај“ во рацете на општината пред се се градоначалникот д-р Роберт Велков заедно со советот на општината и одговорните органи во истата, управата на рудникот „Бучим“, а голем придонес дадоа и поранешните и сегашни спортисти и спортски работници од градот заедно со навивачката група „Лебари“ од Радовиш кои постојано преку разни активности потсетуваа за проблемот со салата, а минатата година организираа и мирни протести за враќање на салата во рацете на општината и на граѓаните на Радовиш.

Со договор помеѓу општината и раководството на рудникот „Бучим“ е решено СРЦ „25-ти мај“ да биде целосно реновиран и пуштен во употреба, при што како што најави заменик-генералниот директор на рудникот г-дин Николајчо Николов, во салата ќе бидат вложени 50.000 евра, а доколку е потребно ќе бидат одвоени повеќе средства за да се доведе салата во целосна функционалност.

 По првомајските празници започнаа работите за целосна замена на подот во големата сала со површина од околу 1000 м2, ќе бидат обновени столчињата, вратите, санитарните јазли, ќе се обновува фасадата која е прилично запуштена, а целата работа е планирано да биде завршена до почетокот на јуни.

- „Салата ќе блесне во нов сјај за најрепрезентативниот турнир во борење „Македонски бисер“, кој годинава се одржува во Радовиш, а чиј домаќин и организатор е нашиот боречки клуб „Бучим“. Турнирот го спојуваме со големиот јубилеј на клубот, 50 години од неговото постоење“, изјави Николов, кој е и претседател на боречкиот клуб.

Со реновирањето се создаваат услови за тренинзи и натпревари на сите спортски клубови во градот. Тука се борачите, ракометарите, карате клубот, фудбалерите кои ќе тренираат во зимскиот период. Сите овие спортски друштва работат под покровителство на рудникот „Бучим“, кој целосно ги финансира нивните спортски активности.

- „Ние сме странска компанија, но добро знаеме дека треба да оствариме одлични релации со градот поради што помагаме таму каде што е неопходно. Планираме во салата, која има 1.200 седишта, да организираме и концерти и фолклорни спектакли од меѓународен ранг, бидејќи под наше покровителство работи и КУД „Бучим“, појаснува Николов

Како изгледаше салата пред реновирањето може да погледнете на сликиве подолу.



Thumbnail%20image Thumbnail%20image

Thumbnail%20image Thumbnail%20image

Thumbnail%20image Thumbnail%20image

Thumbnail%20image Thumbnail%20image

Thumbnail%20image Thumbnail%20image


http://www.radovis.gov.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=216%3A-25-&lang=mk

ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
kara View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 19-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote kara Quote  Post ReplyReply #184 Posted: 26-May-2012 at 12:07
Дечки да не знае некој што се случува со салата во Прилеп (Македонија ако не се лажам). После пожарот требаше да се направи, почнаа нешто и застанаа.......
Да не има некој информација или барем слика да видиме....?
Поздрав
@LEK$
Back to Top
S.P.Q.R. View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 211
  Quote S.P.Q.R. Quote  Post ReplyReply #185 Posted: 26-May-2012 at 13:41
Салата Македонија, беше завршена и отворена уште пред 4-5 години. Моментално е во споственост на Јавно претрпијатие за стопанисување со спортски објекти и ја користи секој кој што сака да ја изнајми. Последно пред две недели на Гимназијадата која што беше во Прилеп, ракометните натпревари се играја во Сала Македонија. Слики за жал немам.
Македонија е во дилема дали да одбере ужас без крај или ужасен крај
Back to Top
S.P.Q.R. View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 211
  Quote S.P.Q.R. Quote  Post ReplyReply #186 Posted: 03-Jun-2012 at 16:48
Еве слики од Салата Македонија во Прилеп
01.

02.

03.

Македонија е во дилема дали да одбере ужас без крај или ужасен крај
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3638
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #187 Posted: 28-Jun-2012 at 17:29

Фото: Пандев ќе гради спортски комплекс

Македонскиот најдобар фудбалер Горан Пандев годинава ќе почне да гради спортски комплекс во Струмица, објави порталот „jugoinfo.mk“.

pandev-centar-500

Македонскиот најдобар фудбалер Горан Пандев наесен ќе започне да гради спортски комплекс во Струмица. Овој објект ќе никне веднаш до стадионот „Младост“ и салата „Парк“ пишува порталот „jugoinfo.mk“.

Центарот според идејното решение треба да  содржи  зграда со сместувачки апартмани, базени, теретани  сауни и фитнес центар. Комплексот ќе има и фудбалски терен со вештачка трева и трибински простор од 400 седишта.

pandev-centar2-500

Инаку идејното решение е направено според италијанските стандарди за изградба на вакви фудбалски комплекси кои треба да служат како за подготвителниот период на фудбалерите така и за одигрување на официјални фудбалски натпревари.

pandev-centar3-500

Престојниот период  Пандев треба да ги заврши сите административни формалности околу изградбата на овој комплекс, кој ќе биде во функција на спортистите, но и на членовите на Академија Пандев која следниот месец ќе наполни две години постоење, но и за сите фудбалери и фудбалски тимови.

Фото и извор: jugoinfo.mk

http://kurir.mk/sport/fudbal/75844-Foto-Pandev-ke-gradi-sportski-kompleks

Back to Top
Petar View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Nov-2011
Online Status: Offline
Posts: 269
  Quote Petar Quote  Post ReplyReply #188 Posted: 18-Jul-2012 at 16:16
Back to Top
4skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Feb-2011
Online Status: Offline
Posts: 284
  Quote 4skopje Quote  Post ReplyReply #189 Posted: 07-Aug-2012 at 11:07

Во скопската населба Капиштец е изградено мини игралиште за мал фудбал наменето за деца до 8-годишна возраст.

igraliste2-kapistec500

Игралиштето се наоѓа во зеленилото меѓу улиците Васил Ѓоргов и Народен фронд и е со димензии 8 X 12 метри.

Поставена е вештачка трева и заштитна ограда од метален и дрвен дел. Вештачката трева е обезбедена од „Колибри“, металниот дел од „Деко инжинеринг“, а дрвениот дел од „Лапласт“.

igraliste-kapistec500

Општина Центар информира дека се работи за пилот проект и оти се планираат уште десет такви игралишта на повеќе локации.



Edited by Cloverstack - 08-Aug-2012 at 21:18
Back to Top
bitola:) View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 15-Jan-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote bitola:) Quote  Post ReplyReply #190 Posted: 14-Dec-2012 at 20:10
http://www.youtube.com/watch?v=0-6OUyF5U-U&list=PL3AE4C058C17DB9C0&index=5

Edited by bitola:) - 14-Dec-2012 at 20:11
Back to Top
Razbirash View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 02-Dec-2012
Online Status: Offline
Posts: 27
  Quote Razbirash Quote  Post ReplyReply #191 Posted: 20-Dec-2012 at 04:01
Stvarno neznam kako moze so godini da se zapostavuva sportskata infrastutura vo Bitola posebno stadionot,4_5 milioncinja pari li se za Grujo toa e otprilika edna ograda na most i edna fasada minus A kako dobro stadionce bi bilo Tumbe Kafe koga bi se renovirala postoeckata tribiba,bi se izgradila uste edna takva odsprotiva,koi bi imale po 4000 kapacitet i uste dve pozadi gilovite so po 2000 kap.i da se postavi barem eden semafor,ako ne dva,od onie sto dremat na vlezovite na Filip II,koi nemat nikakva funkcija.Bi se dobil ekstra stadion i toa vo regionalni ramki,i bi bil prva opcija za mladinskite reprezentacii pa i za seniorite...Ama da sakaa da napravat nesto do sega ke napravea a vaka pred izbori sega,veter i magla,ima najavi pa daj boze da pocnat nesto pred izbori,pa posle moze ke mu bide zal na Genijalecot Dvojce da ostavi taka raskopano Pozz
Back to Top
JimmyN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Dec-2012
Location: Germany
Online Status: Offline
Posts: 131
  Quote JimmyN Quote  Post ReplyReply #192 Posted: 21-Jan-2013 at 13:54
незнам точно каде да го постирам спортски или паркови па тука ја ставив, слободно преместетего постов ако мора.

Скејт парк се гради во Прилеп

Една од основните цели при функционирањето на ЛС е создавање услови за правилен психо - физички развој на децата и младите луѓе.

priii

-За остварување на тоа од пред 7 години започнавме со изградба на игралишта во сите делови од градот, терени за мал фудбал од кои дел покриени со вештачка трева, кошарка, повеќенаменски простори. Како продолжување на тие активности е изработката на проект, а сега и објавувањето на тендерот за изградба на скејт парк на тревнатиот простор пред салата Македонија, велат од општина Прилеп.

SKATE-1

Скејт паркот ќе биди со површина од 1331м2 и ќе може да се користи за возење на скејтборд, ролери или BMX велосипеди.  Исто така просторот ќе може да се користи и за разни други културни случувања или спортски натпревари.

Скејтпаркот ќе се состои од повеќе делови како функционални целини. Бетонските површини ќе бидат околу 900м2 и функционално ќе бидат поделени на дел за почетници кој што ќе го сочинуваат рампи, скали, метални препреки и огради, помали надвишувања и аморфен базен со различна длабочина од 80см па се до 2м. Одделен од него ќе биди делот за искусни кој што ќе биде базен со аморфна форма и со длабочина од 2м која што максимално се зголемува до 3м.

SKATE

Бетонските површини меѓусебно ќе бидат поврзани со тревната површина. Оваа идеја беше предложена на денот на идеи од група млади луѓе.

http://kurir.mk/republika/opstini/100314-FOTO-%20-Video-Skejt-park-se-gradi-vo-Prilep
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #193 Posted: 02-Feb-2013 at 10:22

Мислам дека ова треба да се спомене:

 

Општината Ѓорче Петров и мотоклубот Вардар го почнаа проектот за изградба на нов мотодом на крос-патеката во селото Орман



Домот ќе биде отворен на 5 мај, на денот на трка за наградата „Скопје“

ПРВПАТ ВО СКОПЈЕ

Според општината, се работи за изградба на мотодом што ќе ѝ даде нов автентичен лик на патеката и ќе привлече многу странски туристи и љубители на мототрките.

- За оваа патека слободно можам да кажам дека е еден од најубавите мотокрос-рингови во Европа, а изградбата на новиот мотодом уште толку ќе ги потврди нејзината вредност и функционалност - вели Момо Николовски, портпарол во општината Ѓорче Петров.

Тој истакна дека моментално се врши реставрација на целата патека, а домот првпат ќе биде отворен на 5 мај, кога ќе се одржи меѓународната трка за наградата „Скопје“.

Од мотоклубот Вардар објаснуваат дека целиот проект финансиски е помогнат од општината Ѓорче Петров и Кралството Норвешка.

- За реализирање на овој проект беа потребни околу 100 илјади евра, а во тоа најмногу ни помогна Кралството Норвешка. Овој мотодом е единствениот во Македонија од ваков тип, бидејќи во него можат да кампуваат сите учесници на трките, а ќе им бидат овозможени сите услови, како за нив така и за моторите - вели Васил Николовски, претседател на мотоклуб Вардар.

Според него, се предвидува објектот да содржи две големи простории за дружење и преспивање, а исто така да ги нуди сите домашни услови како тоалети, туш-кабини, апарати за домаќинство и чешми за миење мотори.

- Доколку дозволат условите, мотодомот треба да биде пуштен во употреба на 5 мај оваа година, кога ќе се одржи меѓународната трка за наградата „Скопје“. Тоа е настан во кој ќе учествуваат натпреварувачи од многу земји, што значи дека одличната промоција е неизбежна - додаде Николовски.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=21131529126&id=14&prilog=0&setIzdanie=22795



Edited by kultuzin - 02-Feb-2013 at 10:23
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1899
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #194 Posted: 21-Feb-2013 at 15:06
Дали некој знае што се работи на платото пред Олимписки базен? Денеска на поминување од таму видов дека има багер и дека платото е повеќе од половина срушено и срамнето со паркингот кој се наоѓа таму, дали ова значи дека паркингот се проширува за сметка на платото?

Edited by daci92 - 21-Feb-2013 at 15:07
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #195 Posted: 21-Feb-2013 at 16:23
јас кога поминував пред една недела се правеа некои патеки со бекатон коцки,а другото беше само со багер расчистено
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1899
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #196 Posted: 21-Jul-2013 at 00:06
Комплетно се реновира ракометната сала Кале или подобро кажано салата на РК Вардар. Деновиве ако сум послободен ќе пуштам слика-две од внатре.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12198
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #197 Posted: 02-Sep-2013 at 16:47
Ново повеќенаменско игралиште во Ѓорче Петров















За сè има вторпат
Back to Top
Razbirash View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 02-Dec-2012
Online Status: Offline
Posts: 27
  Quote Razbirash Quote  Post ReplyReply #198 Posted: 03-Sep-2013 at 16:16
Daci 92 ajde se iznacekavme fotki od Kale
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12198
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #199 Posted: 03-Sep-2013 at 16:57
Додека го чекаме него, да видиме до каде е спортската сала во Чаир, кај училиштето „Иднина“ и во близина на амбулантата. Сликано е со мобилен.

За сè има вторпат
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1899
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #200 Posted: 03-Sep-2013 at 19:30
Бидејќи сум заборавил да ги прикачам претходните слики ќе качам слики и од претходно и две денешни. Во ниедна од сликите немам слика од соблекувалните и тоалетите и како тие се реновирани. Друго салата е веќе во финална фаза и би требало деновиве да биде завршена.
Однапред се извинувам за квалитетот ,сите слики се правени со мобилен (прилично лоша камера) и во брзање (не е едноставно да се скриеш од 3 шефа и да сликаш )









Веќе влегуваме во втората фаза од правењето на подот односно новата кошулица ,ова се слики од пред околу 3 недели.





Исто и фарбање на трибините.


Последната фаза ,слики сликани денес ,завршен е подот (штета што не го сликав паркетот пред да го наместат да видите за што се работи), трибините се исфарбани целосно ,денес се одбележуваа само скалите со жолто.

На првава слика се гледа дека право под натписот Македонија работат нешто ,местеа некакови плочи ,но што како и зашто врска немам.





Да се знае дека сите соблекувални (3 на број) комлетно со нивните тоалети и тушеви се реновирани, нови плочки, нова санитарија, нови бојлери, нови чешми итн. Плочките се бели и има ѕидови на кој ги има боите на Вардар ,исто така и на подот има направено како правоаголник во боите на Вардар.
Други поважни зафати се комлетно средување на ел.инсталација во салата и комплетно нова инсталација во соблекувалните ,средување на кровот и лимаријата. (тоа е се што знам) , ако успеам да дојдам до слики од соблекувалните ќе ги додадам на билд во брзо време.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 89101112 18>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.