build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Спортски
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Спортски објекти (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Спортски објекти (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1011121314 18>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13060
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #221 Posted: 15-Feb-2014 at 17:45
Фудбалскиот терен на Бело Брдо повторно ќе блесне



Од утре, ЈП „Стипион“ се очекува да започне со поставување на темелни анкери за метална ограда на новото игралиште со вештачка трева на игралиштетот во Бело брдо. Таму веќе завршуваат активностите околу уредување на теренот и по поставување на послендиот слој, ќе следи и поставувањето на вештачка трева. Ова е инвестиција која се реализира во соработка со ФФМ а со средства од УЕФА.



ЈП „Стипион 2011“ се очекува денес да ја заврши конструкцијата на паркинг просторот кај детската градинка „Астибо“. Исто така, се очекува најдоцна до утре да заврши и поставувањето на штитниците на булеварот „Гоце Делчев“ над градскиот базен по што ќе продолжи уредувањето на тротоарната површина се до крстосницата кај „Мал одмор“.



http://vostip.mk/index.php/%D1%84%D1%83%D0%B4%D0%B1%D0%B0%D0%BB%D1%81%D0%BA%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D1%82%D0%B5%D1%80%D0%B5%D0%BD-%D0%BD%D0%B0-%D0%B1%D0%B5%D0%BB%D0%BE-%D0%B1%D1%80%D0%B4%D0%BE-%D0%BF%D0%BE%D0%B2%D1%82%D0%BE%D1%80/
За сè има вторпат
Back to Top
krisp View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 25-Feb-2014
Location: Ресен
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote krisp Quote  Post ReplyReply #222 Posted: 25-Feb-2014 at 23:27
evo ja salata vo resen dom na poranesnite rakometni sampijoni od 97









Малку историја за салава.беше изградена во 1996 од страна на газдите и основачите на рк преспа,Јафа промет (компанија за увоз и извоз) која сега е банкротирана.Јафа го држеше тимот за 3-4 години пред да банкротираат бидејки од големите трошоци за тимот кој учествуваше во лига на шампијони и стигнаа до 1/8 финале.салата беше
реновирана на 21.08.2013.

Edited by krisp - 27-Mar-2014 at 18:58
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13060
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #223 Posted: 17-Mar-2014 at 20:11
Комплетно реновирање на салата на „Работнички“



Салата и помошните простории на најтрофејниот кошаркарски клуб „Работнички“ е комплетно реновирана, информира Општина Центар. По 20 години, сменети се тушовите во салата, поставени се нови клупи, закачалки и ормани, со што целосно се реновирани соблекувалните на играчите. Салата е бојосана со нови бои и комплетно исчистена.







http://www.porta3.mk/kopletno-renoviranje-na-salata-na-rabotnichki/
За сè има вторпат
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #224 Posted: 17-Mar-2014 at 21:30
Мисам браво за „реновирањето„. Но од кога промена на тушеви, закачалки, клупи, бојадисување и чистење се смета за „комплетно реновирање„. Мислам дека тие луѓе што ги пишуваат овие статии треба да се контролираат малку во однос на изразите што ги користат.
За среќа македонскиот јазик е доволно богат, па така место комплетно реновирање може слободно да го употребиме зборот освежување.  

Edited by kultuzin - 17-Mar-2014 at 21:31
Back to Top
Lerin View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 07-Feb-2014
Online Status: Offline
Posts: 95
  Quote Lerin Quote  Post ReplyReply #225 Posted: 17-Mar-2014 at 22:14
Originally posted by kultuzin


Мисам браво за „реновирањето„. Но од кога промена на тушеви, закачалки, клупи, бојадисување и чистење се смета за „комплетно реновирање„. Мислам дека тие луѓе што ги пишуваат овие статии треба да се контролираат малку во однос на изразите што ги користат.За среќа македонскиот јазик е доволно богат, па така место комплетно реновирање може слободно да го употребиме зборот освежување.  



Или зборот крпење.

Далеку е ова од комплетно реновирање,а и кое реновирање зар не треба своја сала да почнат да градат по примерот на МЗТ oh wait тие со опозицијата беа.
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #226 Posted: 18-Mar-2014 at 01:53
Еј РК Вардар (Сергеј де) уложи илјада пати повеќе пари во реновирање на салата Кале (кое според мене може да се каже дека е комплетно реновирање), а во исто време гради комплетно нов Спортски Комплекс, а овие бојадисале и смениле 3 туша и готово комплетно реновирање направиле. Инаку оваа сала уште на времето кога јас играв во неа (пред едно 10тина години) плачеше за менување на паркетот, а колку што сум навлезен во тематиката сеуште нема ни абер дека ќе се менува.
Back to Top
Razbirash View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 02-Dec-2012
Online Status: Offline
Posts: 27
  Quote Razbirash Quote  Post ReplyReply #227 Posted: 18-Mar-2014 at 02:36
За ова историско реновирање се потрошени цели три канти фарба...
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #228 Posted: 08-Apr-2014 at 15:12
Штипјани наскоро ќе се рекреираат во нов спортски рекреативен центар






Во подготовка е техничката документација за изграбда на регионалниот спортско рекреативен центар Брегалница, кој треба да биде лоциран кај штипскиот Градски базен односно по течението на реката Брегалница.

Центарот за развој на Источно планскиот регион и проектанстката фирма „Артриум“ ќе го реализараат овој проект, за кој што треба општина Штип да обезбеди комплетна техничка документација и потребните елаборати.

Раководителката на Центарот за развој на Источно планскиот региона, Драгица Здравева вели дека овој регионален спортско рекреативен центар согласно урбанистичката документација ќе се простира на површина од 5 хектари.

- Во рамки на овој проект влегува ресторантски дел, односно угостителски дел со дополнителни објекти, се предвидува изградба на детско и тениско игралиште, два помали базени и олимписки базен. Треба да се изгради водено село, односно мали вештачки езера, со пропратни урбани елементи и елементи од аква парк и хотелски дел, вели Здравева.

Надлежните од општината велат дека за спортско рекреативниот центар Брегалница ќе бараат приватен инвеститор, а планираат топлата вода од бањата Кежовица да ја донесат во овој центар, со цел да се изградат спа центри, по примерот во соседна Бугарија, каде што од бањски туризам добро се заработува.

Центарот за развој на Источно планскиот регион средствата ги обезбеди од ГТЗ Ред, а изработката на техничката документација ќе чини 28.500 евра.

http://www.press24.mk/shtipjani-naskoro-kje-se-rekreiraat-vo-nov-sportski-rekreativen-centar

Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #229 Posted: 11-Apr-2014 at 23:05

Жичница на вода на Дојранското Езеро

Првата жичница на вода во Македонија ќе биде изградена на Дојранското езеро, со што Дојран ќе влезе во списокот на светските туристички дестинации познати по забавите на вода.


Заедничкиот мониторинг комитет со седиште во Солун, го одобри проектот со кој општина Дојран аплицираше на ИПА повикот за прекугранична соработка меѓу Македонија и Грција, во соработка со општина Кукуш. Неговата реализација ќе почне веднаш по собирање и подготовката на целокупната документација.

Популарно наречениот „кејбл парк“ е забавен парк каде посетителите со помош на специјална опрема што ќе ја поседуваат или изнајмуваат, со помош на електрично управувани кабли, ќе можат да скијаат на вода преку целата година. Спортот е многу

популарен во Европа, а Дојран ќе биде првото туристичко место во земјава што ќе ја нуди оваа забава.

http://republika.mk/?p=234365


Ова е супер инвестиција




Edited by kultuzin - 11-Apr-2014 at 23:18
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #230 Posted: 14-Apr-2014 at 15:35
Уште десеттина дена до постилање на тревата на Градски стадион
Регион - Велес
Понеделник, 14 Април 2014 15:56







На фудбалскиот терен на Градскиот стадион се става подлогата врз која ќе треба да се стави вештачката трева која градот ја доби како донација. Оваа фаза од уредувањето на игралиштето ќе треба да заврши за десеттина дена. Претходно беше поставена дренажата. Штом завршат градежните работи ќе се постеле тревата која е прв услов градот да го нуди стадионот за одигрување на меѓународни натпревари.

Реконструкцијата на трибините е планирана во друга фаза како и уредувањето на зеленилото со поправката на околниот ѕид. Општината има проект со кој може комплетно да му се смени сегашниот лик на стадионот. Во него, вели градоначалникот Славчо Чадиев се содржани сите потребни поправки, намалување на димензијатана атлетската патека во корист на трибините.


- Тоа ќе бара подолг процес на реконструкција уште најмалку две години. Проектот содржи изградени трибини со пет илјади места за седење , 14 тоалети, посебен вид на соблекувални и осветлување. Со него ќе може да се обезбеди гостување во Велес и одигрување на натпревари на Б репрезентации на овој терен. Тоа е опција која може да се реализира со јавно приватно партнерство затоа што инвеститорот ќе може да го користи долниот дел на стадионот, во кој се планирани рестораните, кафетерии и продавници. Постојат неколку варијанти за нив сепак треба да се изјасни советот, рече Чадиев.

Тој е задоволен како сега течат работите со реконструкцијата на теренот. Се сложи со констатацијата дека дел од стариот ограден ѕид на стадионот, кај главниот влез, е небезбеден и ризичен. Градоначалникот соопшти дека нема да се чека туку стручните служби на општината прават проценка за да се пристапи кон санација.

- Секако тоа мора да се санира. Архитектите знаат и прават проект за санација. Во исто време работиме и на обезбедување на безбедност за гледачите кои седат на главната трибина под тополите кои се ветви. Милам дека по триесеттина до четириесет години тие си го извекувале векот и ќе мора да се отстранат за да не се случи некоја катастрофа. Ние мораме да се грижиме за комплетната безбедност, рече Чадиев.


На прашањето колку дрвја ке насади на местото на десеттината тополи кои ќе мораат да се исечат Чадиев одговори дека општината ќе засади двојно повеќе.

До сега во реконструкцијата на фудбалскиот терен на стадионот се инвестирани околу 500 000 евра ,пари донација од УЕФА, како и дел на општината.

http://duma.mk/veles/10307-ekonstrukcija-na-gradski-stadion

Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13060
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #231 Posted: 14-Apr-2014 at 17:16
Во меѓувреме, на истиот стадион...







Извор: Фејсбук страницата на општина Велес
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13060
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #232 Posted: 16-Apr-2014 at 13:44
Повеќенаменско игралиште во Црниче

До крајот на мај ќе биде пуштено во употреба новото повеќенаменско игралиште во населба Црниче. Дотогаш, екипите на фирмата “Бауер БГ” кои работат со засилена динамика треба да го завршат овој спортски објект во ПОУ “Кузман Јосифовски-Питу”, кој ќе нуди можности за рекреација и услови за развивање на спортскиот дух, посебно кај младите.



Повеќенаменското игралиште кое ќе се протега на 1056 квадратни метри, ќе биде од отворен тип. На сите љубители на спортот, бесплатно ќе им бидат ставени на располагање целокупната спортска опрема и реквизити потребни за мал фудбал, ракомет и кошарка. Заградено и осветлено, со клупи за одмор и корпи за отпадоци, ова повеќенаменско игралиште ќе биде место за собирање, дружење и спортување за сите, дури и во вечерните часови.



Изградбата ја финансира Владата на РМ, преку Агенцијата за млади и спорт. Ова не е единствениот ваков спортски објект во општина Кисела Вода. Во завршна фаза е изградбата на уште едно вакво повеќенаменско игралиште во село Драчево, во ОУ “Св.Климент Охридски”.

http://www.kiselavoda.gov.mk/index.php/naslovna/novosti/539-2014-04-16-10-50-08
За сè има вторпат
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #233 Posted: 11-Jun-2014 at 06:01
Реновирана училишната сала во ОУ"Јан Амос Коменски" Општина Карпош






извор:Општина Карпош
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #234 Posted: 12-Jul-2014 at 13:27
Општина Струмица и УЕФА градат фудбалско игралиште

Во моментот се изведуваат дренажниот систем и поготвителните работи за новото фудбалско игралиште, кое ќе го гради општина Струмица, заедно со УЕФА



Спортскиот објект ќе биде според сите стандарди, информираат од општината.
Подготвителните работи за игралиштето, што ќе се наоѓа во близина на градскиот стадион „Младост“, во Струмица, се во тек.
- Фудбалско игралиште ќе биде постелено со вештачка трева, ќе има соблекувални и трибини и ќе биде направено според сите стандарди. Целта е овој дел од градот, кој и е доделен од државата на нашата општина, со концесија од 99 години, да прерасне во спортски центар за развој на фудбалот и спортот воопшто, за што постои голем интерес во Струмица - рече градоначалникот Зоран Заев...

http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=37186

Edited by jyvation - 12-Jul-2014 at 13:27
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #235 Posted: 12-Jul-2014 at 13:48
Струмица е град со спортски гени кој дал многу за македонскиот спорт затоа секоај инвестиција во спортот брзо ќе се исплати. Се радувам на новите игралишта и академијата на Пандев. Исто не треба да се заборави и дека Турново го има еден од најстабилно организираните и финансирани клубови во Македонија. Јас се надевам дека ќе зајакнат и Тиверија и Беласица и дека заедно со помош на ФФМ , УЕФА и општината ќе испеат да го досредат Градскиот Стадион во Струмица и да овозможат услови за играње на меѓународни натпревари, па здравје во иднина повторно да ја видиме Македонската Репрезентација како игра во Струмица.
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #236 Posted: 13-Jul-2014 at 14:54
Каква глупост у Струмица. Имаат стадион на кој може да се играат утакмици прво и второ коло у Куп УЕФА, стадион на кој со мало шминкање може и репрезентацијата да игра, општина кој не е во добри односи со газдата на Турново па екипата се ака до Скопје да игра Европа, не дека играа нешто, сеа Пандев прави академија, ама они битно уште едно игралиште градат. Градот нема асален спортски тим, ама битно колку да се пофалат дека ќе имаат терен со вештачка трева. За жал и Струмица, после неколкугодишно добро средување на градот, одат во контра правец. До сеа Заев и сите фирми у Струмица требаше да го досредат стадионот, да ја вратат Беласица на прав пат, кошаркашкиот клуб да го ојачаат уште поише, со оглед дека се една од ретките екипи која ја прекина доминацијата на Работнички и да го одржуваат ракометниот клуб на завидно ниво, а не као годинава влегоа во фаза по групи у ЕХФ Куп и одма ги пуштија најдобрите играчи без да одиграат утакмица у групи.
23ka.wordpress.com
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #237 Posted: 23-Jul-2014 at 11:46
Отворање на параглајдерско полетиште во Крушево



Параглајдерско полетиште “Мечкин Камен – Исток” во среда ќе биде отворено во близина на локалитетот Мечкин Камен, Крушево.

Полетиштето се отвора во рамки на проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси, во соработка со Општина Крушево, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и Воздухопловната федерација на Република Македонија.

Златко Спиркоски, инструктор по параглајдинг, ќе ја претстави новопоставената опрема на полетилиштето и ќе ја демонстрира употребата на истата. По отворањето, доколку временските услови дозволуваат, дел од присутните ќе можат заедно со искусни пилоти-параглајдеристи да искусат тандем-лет со параглајдер.

Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси оваа година ќе опреми четири полетилишта и слетишта за параглајдинг во Македонија.

Параглајдингот е популарен кај странските спортисти и кај туристите, кои ги користат услугите на локалните клубови за параглајдинг, преноќуваат и трошат пари во земјата, со што придонесуваат за зголемено слевање на средства во локалните економии. Новата опрема ќе ги направи овие терени попривлечни за странските и домашните посетители

http://www.lisica.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=7527:2014-07-23-07-47-29&catid=84:makedonija&Itemid=613
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #238 Posted: 28-Jul-2014 at 22:16

Ќе се гради мини Голф терен во Струмица

  • Недела, Јул 27 2014

Кај некогашното „АТШ Берово“,  во реонот меѓу струмичани познат како „Суфилар“, ќе се гради мини Голф терен, односно „driving range“, терен за голф возење, наменет за рекреативна активност на аматерски голфери. Оваа за наесен го најави градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев. Некогаш запуштениот простор е целосно исчистен и е подготвен за изградба на мини Голф терен, а ќе го гради Општина Струмица со средства од општинскиот буџет.

Наспроти овој терен, интернационалната фудбалска ѕвезда Горан Пандев неодамна започна да го гради и својот Спортски центар „Пандев“, каде се планира стадион со вештачка трева, трибини, како и дополнителни содржини, како што се теретана, сауна, ресторан и слично.

Во непосредна близина, веднаш до стадионот „Младост“ во моментот се гради нов фудбалски терен со вештачка трева, заеднички проект на Општина Струмица, ФФМ и УЕФА, со трибина за околу 500 посетители, соблекувална и паркинг простор.

Помеѓу овој простор и Спортскиот комплекс на Пандев, на местото на некогашниот Градски базен, сопственикот на АД „Грозд“, Васе Митев се очекува да гради нов Градскиот базен со дополнителни содржини, а на просторот до Спортската сала, кое се користеше за паркинг, „Грозд“ ќе гради тениско игралиште. За овие два проекти во тек е постапката за одобрение на градба.

Со изградбата на овие пет спортско-рекреативни површини, Струмица ќе добие модерен спортски комплекс, единствен од ваков тип во Република Македонија, каде струмичани, пред се младите, своето слободно време ќе го поминуваат во спортување, односно играње и тренинг во фудбал, тенис, пливање, но и играње голф.

http://www.novini.mk/read/939555/kje-se-gradi-mini-golf-teren-vo-strumica
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #239 Posted: 28-Jul-2014 at 22:46
браво,сега треба младите да имаат мотив и да ги запоседнат игралиштата.така се пронајдуваат таленти.со седење на фб ништо не се пронајдува
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #240 Posted: 29-Jul-2014 at 08:05
На линкот подоле за активностите кои ги превзема општина дојран за градење на голф терени и други проекти.

http://www.telegraf.mk/aktuelno/ekonomija/178219-stamov-za-dojran-barame-investitor-za-najgolemite-golf-tereni-na-balkanot
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1011121314 18>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.172 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.