build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Спортски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Спортски објекти (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 15161718>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Nilea View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 29-Feb-2016
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Nilea Quote  Post ReplyReply #321 Posted: 29-Feb-2016 at 18:09
Zdravo momci, kako ste ?.

Ako moze mene nekoj od vas da pomozi bi bil strejken. Bi sakal da gi stavam site slike od kampot na FK Vardar ovde zato sta mislam deka se preubavi sliki.

http://www.fkvardar.mk/trening-kamp
http://www.fkvardar.mk/foto-galerii/vardar-e-sepak-nivo-noviot-dom-magjepsuva-na-prv-pogled#

Problemot e deka ne sum internet specialist. Ne znam kako da gi kopiran slikite pa da stavam ovde.

Moja nadez e, nekoj da vas da objasni kako se kopira slika ili pa ako ima vreme da gi stavi slikite ovde.

Hvala.

Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12203
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #322 Posted: 29-Feb-2016 at 19:15
За сè има вторпат
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #323 Posted: 29-Feb-2016 at 21:11
многу ми е симпатичен објектов со циглата... ми личи на америчко основно училиште
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
stratus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Aug-2010
Location: Bitola/Skopje
Online Status: Offline
Posts: 717
  Quote stratus Quote  Post ReplyReply #324 Posted: 29-Feb-2016 at 22:37
Објектов е одличен!
Ги гледав сликите од внатрешноста и си помислив: ех, вака треба да изгледа студентски дом.
Back to Top
Nilea View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 29-Feb-2016
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Nilea Quote  Post ReplyReply #325 Posted: 01-Mar-2016 at 01:14




















Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #326 Posted: 01-Mar-2016 at 02:15
Originally posted by stratus

Објектов е одличен!
Ги гледав сликите од внатрешноста и си помислив: ех, вака треба да изгледа студентски дом.
ете на што ми личело, не било училиште, туку кампус
можеа вака да ги направат бараките кај Стив Наумов на пример, таман ќе се вклопеа со околината
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Bojan10 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 21-Jun-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 504
  Quote Bojan10 Quote  Post ReplyReply #327 Posted: 22-May-2016 at 11:53
Спортска сала Куманово:





Од чаламот си патиме!
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12203
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #328 Posted: 28-Oct-2016 at 18:52
Ех, да знам кој им ги смислува имињата





За сè има вторпат
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1498
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #329 Posted: 28-Oct-2016 at 19:57
Барем еднаш да ги погодеа наводниците...
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #330 Posted: 15-Nov-2016 at 14:08
НОВА ИНВЕСТИЦИЈА: Рускиот конзул Самсоненко гради тениски центар во Аеродром

Тенискиот центар ќе содржи осум тениски терени според сите светски стандарди со услови за одржување меѓународни натпревари

Сергеј Самсоненко продолжува да инвестира во спортот. Со новиот проект младите ќе имаат можност да вежбаат во соодветни услови за професионален тенис, а овој спорт во Македонија ќе се искачи на повисоко нив. Спортскиот тениски центар ќе се гради покрај кејот на реката Вардар во Општина Аеродром, по урнек на рускиот и германскиот „Tennispark“.

„Tennispark - Badenweiler“ во Германија содржи 9 тениски терени – 6 отворени и 3 затворени, изградени според светски АТП-стандарди и сертифицирани од тениската асоцијација. Во рамките на „Tennispark - Badenweiler“ има мини-хотел и кафе-бар.



Комплексот „Tennispark – Rostov on Don“ се состои од 10 тениски терени, детска тениска школа и ресторан. Изграден е во 2011 година, исполнувајќи ги меѓународните стандарди и конкурирајќи им на водечките меѓународни клубови. Школата за тенис „Tennispark – Rostov on Don“ е создадена за развој на таленти и создавање нови тениски ѕвезди.



Интернационалниот бренд од пред 2 години е присутен и во Македонија како „Тенниспарк Скопје“. Со градењето на новиот спортски тениски центар во Општина Аеродром, ТК „Тенниспарк Скопје“ ќе го зголеми својот капацитет за нови членови. На професионалните тенисери, но и на рекреативците ќе им бидат на располагање осум тениски терени и компатибилни содржини, со услови за одржување меѓународни натпревари. Проектот е јавно-приватно партнерство со инвестиција од околу два милиона евра.
http://telegraf.mk/sport/tenis/ns-newsarticle-nova-investicija-ruskiot-konzul-samsonenko-gradi-teniski-centar-vo-aerodrom.nspx
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12203
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #331 Posted: 17-Jan-2017 at 20:44
Куќа на спортот во Македонска Каменица













http://www.porta3.mk/kukja-na-sportot-vo-makedonska-kamenica/
За сè има вторпат
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 676
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #332 Posted: 30-Jan-2017 at 10:02
Битолската сала „Младост“ во завршна фаза од своето реновирање

Во спортската сала „Младост“ во Битола веќе се работи на покрупни зафати и наскоро овој објект стар скоро половина век ќе добие нов лик. Во проектот за реконструкција три реда од гледалиштето се скратени, проширен е теренот за играње, што значи сега, салата ќе ги исполнува сите услови за меѓународни натпревари.

Предвидено е потполно да се промени паркетот, гледалиштето да се реновира, нарачани се 3.600 седишта, од кои 20% ќе бидат резерва, а другите ќе се постават на трибините. Предвиден е нов подвижен семафор, а во следната фаза предвидено е реконструкција и на соблекувалните.

Загревањето на спортската сала во иднина ќе биде на котел на пелети, кој е веќе активен, а поставена е и мини пелет линија. Најверојатно за период од еден месец се очекува работите да бидат готови, а со тоа и ракометните и кошаркарските клубови да можат да ги играат своите натпревари во реновираната спортска сала „Младост“.







Извор
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 676
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #333 Posted: 27-Mar-2017 at 16:47
Originally posted by Џоле

Куќа на спортот во Македонска Каменица













http://www.porta3.mk/kukja-na-sportot-vo-makedonska-kamenica/
Третолигашот Каменица САСА добива „Куќа на спортот“ каква што немаат ни прволигашите







Извор
Back to Top
macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Feb-2008
Location: Lerinsko
Online Status: Offline
Posts: 718
  Quote macedonia Quote  Post ReplyReply #334 Posted: 28-Mar-2017 at 15:57
sportskata sala vo Bitola

https://youtu.be/iuyjr1i2pCc?t=1m1s
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 676
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #335 Posted: 28-Mar-2017 at 16:48









Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12203
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #336 Posted: 29-Apr-2017 at 09:35
Originally posted by Navigator

Третолигашот Каменица САСА добива „Куќа на спортот“ каква што немаат ни прволигашите




http://kamenica.mk/%D0%B4%D1%80%D0%B0%D0%BC%D0%B0-%D0%B2%D0%BE-%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B0-%D0%BA%D0%B0%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B0-%D0%BF%D0%BE%D1%81%D0%BB%D0%B5-%D0%B4%D0%B2/

Edited by Џоле - 29-Apr-2017 at 09:35
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12203
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #337 Posted: 22-May-2017 at 15:31
Интересен текст за нестручното управување со спортската инфраструктура во Македонија...
____________________


Милорад Стојмановски

Ранети Арени

Македонија во континуитет води погрешни политики кога станува збор за спортските објекти. Во поновото спортско битисување не беше пронајден модел како тие да опстојат самостојно на пазарот, зашто нивното субвенционирање секогаш било од краток здив кога на дневен ред доаѓале задолжителните штедења на владите или општините, а концесионерите, секогаш водени од профитот, ја занемаруваа спортската функција на отстапениот објект.

Речиси и да нема спортска инфраструктура што била или сѐ уште е под јурисдикција на државата, а која не прикажала загуба, дури и да е финансиски потпомогната од буџетот.Речиси и да нема спортска инфраструктура што била или сѐ уште е под јурисдикција на државата, а која не прикажала загуба, дури и да е финансиски потпомогната од буџетот. Последица на тоа, кажано со административен речник, биле губење на функционалноста и опременоста на спортските објекти, напуштање на техничките и безбедносни стандарди, како и непочитување на прописите. Кажано, пак, со речникот на посетителите: загрозена безбедност, незагреани простории, тоалети со хигиена опасна по здравјето, покрив што прокиснува...

Зошто е така ако се знае дека последнава деценија се потрошени повеќе од 100 милиони евра за изградбата на Националната арена „Филип Втори“ и на нови храмови на спортот? Зошто се запоставени постарите спортски терени кои се „нагризени“ од забот на времето? Се извлекоа ли поуки од претходните погрешни потези? Беше ли направена анализа за тоа кој би бил оптималниот број на спортски објекти според човечкиот, економскиот и спортскиот потенцијал на земјата, со осмислено системско решение за нивна самоодржливост, како и заштита од злоупотреби?

Ако се суди според извештаите на државните ревизори, одговорот е – не!

Дубиоза колектив

„Спортскиот центар Борис Трајковски“ во Скопје за само три години, од 2012 до 2015 година, прикажал загуба од четири милиони евра, објави во својот извештај Државниот завод за ревизија (ДЗР). Притоа, не се констатирани само слабости од финансиска природа, туку и непочитување на законската регулатива.

Да споменеме само дел од забелешките на ДЗР: игралиштето за хокеј нема имотен лист, но тоа што е дивоградба не му пречи да остварува приход. Владата издала документ само за „користење земјиште“, а Општината Карпош не одобрила изградба. Аквапаркот, кој е во рамките на спортскиот центар, проработeл без дозвола од фирмата што го градела. Придружните објекти, како на овој објект, така и на тениските игралишта (проект на Владата), се без платени комуналии кон Карпош и Градот Скопје. И придружните простории покрај тениските терени се предадени во употреба без соодветна документација, а сепак им е издаден имотен лист. Владата без надомест изнајмува и дел од паркингот пред салата за возење картинг, а тој терен се води во Катастарот како „неизградено градежно земјиште“.

Од одговорност не може да се изземе ниту Град Скопје, чии органи издале дозвола за хокеј-теренот под графата „користење урбана опрема“, иако објектот остварува приходи од 45 илјади евра на годишно ниво. Сите овие забелешки се во извештајот на ДЗР.

Долгот на СЦ „Борис Трајковски“ достигна четвртина од вредноста на објектот

Неспособните партиски апаратчици кои на секои две-три години се менуваат во фотелјата како менаџери на овој спортски центар не можеа да ѝ се спротивстават на партијата на власт кога им беа наметнувани готови решенија.Неспособните партиски апаратчици кои на секои две-три години се менуваат во фотелјата како менаџери на овој спортски центар не можеа да ѝ се спротивстават на партијата на власт кога им беа наметнувани готови решенија. Бидејќи партиската послушност беше поефективна од аспект на нивниот кариеризам, без поговор беше прифатено базенот „Младост“, кој како објект е многу постар од спортската сала, да влезе под капата на фирмата СЦ „Борис Трајковски“. Покриениот базен во Карпош речиси никогаш не работел рентабилно, а водата најчесто била недоволно загреана (стандард на Меѓународната пливачка федерација е меѓу 25 и 27 степени целзиусови). Само греењето на водата во зима е прескапа ставка во одржување ако се има на ум степенот на искористеност на базенот и цената што можат да ја платат рекреативците и клубовите што го користат.

Изградбата на „Борис Трајковски“ чинеше околу 15,5 милиони евра, што значи дека за три години се натрупани загуби од повеќе од една четвртина од вредноста, притоа не сметајќи ги дополнителните обврски што ќе пристигнат за комунални давачки. За жал, преземањето на базенот не е единственото наметнато решение од Владата до раководствата на салата, туку и изградбата на сите споменати придружни содржини (хокејско и тениски игралишта, Аквапарк, картинг). Допрва треба да се градат катна гаража, базен, тениска и гимнастичка сала. Поради сево ова, практично остана мал дел од првично предвидениот паркинг-простор, кој сега е зафатен и со комерцијални објекти додека автомобилите ги газат тревниците во соседството и им пречат на граѓаните во блиската населба.

Пред повеќе од една година, СЦ „Борис Трајковски“ го продаде името на најголемата сала во спортскиот центар и му ги даде ексклузивните права за рекламирање на партнерот Оне.Вип. Нешто слично се случи и со Националната арена „Филип Втори“, која делумно се ребрендираше во „Телеком арена“. Заднината на двата договора беа финансиските проблеми на двете претпријатија кои стопанисуваат со овие капитални објекти што се сопственост на државата. Деталите од овие договори останаа скриени од јавноста.

Не се знае кој игра, а кој плаќа

Државниот завод утврди дека се потрошени речиси 30 милиони евра народни пари за градби во служба на спортот, а не се знае чии се, колку се искористени, кој може, како и по која цена да ги користи и каков е ефектот врз спортотИ пред една година ДЗР констатираше низа неправилности во работењето на новоизградените спортски објекти низ целата земја (од 2006 до 2015 година). Државниот завод утврди дека се потрошени речиси 30 милиони евра народни пари за градби во служба на спортот, а не се знае чии се, колку се искористени, кој може, како и по која цена да ги користи и каков е ефектот врз спортот и рекреацијата од нивната изградба досега. До денот на ревизијата, само 48,5 отсто од ветените објекти биле изградени, а на општините се примопредадени без донесен акт со кој ќе се утврди нивната функционалност, опременост и безбедност, предвидени со членот 62 од Законот за спорт.

Според ДЗР, годишната програма на Агенцијата за млади и спорт (АМС) не предвидува средства од буџетот за одржување на инфраструктурата. Инспекторот за спорт при АМС од 2012 до 2015 година не извршил надзор на спортските објекти, а во 20 општини голем дел од изградените игралишта се запуштени и не се одржуваат соодветно. Законот за спорт не ја дефинира сопственоста, ниту пак има подзаконски акти за начинот на нивно користење и за висината на надоместоците за користење. Не е пропишано кој располага со приходот од користењето, како и намената на тие приходи. Граѓаните не се информирани кога и како можат рекреативно да ги користат игралиштата. Дел од општините бесплатно отстапуваат термини на различни категории корисници, а во најголем број случаи отстапувањето се врши без одлука на општината и утврдени критериуми на кого, под кои услови и во колкав обем ќе се врши отстапувањето.

Државата и во изминатиот век беше лош стопан

На почетокот на 80-тите години од минатиот век, сите вработени скопјани одделуваа мал процент од платите за да се основа фонд за изградба на спортски објекти во градот. Беа изградени базенот во Карпош, салата на МЗТ Скопје, езерото Сарај, салата „Расадник“ и други. „Фантомскиот“ базен во Скопје Север никогаш не профункционира и стана магацин поради економската криза.

Во обидот да се најде решение за проблемот на одржувањето, по осамостојувањето, паралелно со процесот на трансформација на општествениот капитал, течеше и распределбата на стадионите, салите и игралиштата. Освен капиталните објекти кои останаа во сопственост на државните претпријатија, помалите сали им припаднаа на општините или за одреден надомест беа оттуѓени или отстапени со концесија на приватни корисници. Концесионерите имаа обврска да ја задржат спортската функција на објектот, покрај користењето на деловниот простор.

„Фабрики“ за партиски вработувања

Но, како изгледаше тоа на терен покажуваат следниве примери: „Забрането туширање за спортисти од младинска категорија,“ е соопштението што беше закачено пред извесно време во салата на ДТВ „Партизан“ во Струмица, отстапена на приватен концесионер. Или „...спортската сала во медицинското училиште е единствениот спортски објект кој ги исполнува сите услови за одржување на натпревари, но истата нема под од паркет...“ ја извести Федерацијата кошаркарскиот клуб Т-баскет од Тетово, кога бараше дозвола да настапува во Првата лига.

Ваквите состојби се последица на напластените проблеми, кои беа уште повеќе потенцирани со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт во 2006 година. Тогаш јасно беше изразена намерата оваа алатка за контрола на парите и на партиското членство да не се испушти од раце. Капиталните градби (Националната арена, СЦ „Борис Трајковски“) ги презедоа акционерските друштва во државна сопственост како фирми-наследнички на јавните претпријатија, а салите што им припаднаа на општините беа потпомогани од централната власт во зависност од тоа дали градоначалникот на таа општина е близок до владејачката коалиција. Дури и при изборот на концесионерите на објектите еден од латентните критериуми беше партиската припадност.

Покрај основната функција што треба да ја исполнуваат - да му служат пред сѐ на спортот – спортските објекти продолжуваат да исполнуваат и партиски цели, односно да бидат полигон за вежбање менаџмент на неспособни партиски кадри и фабрика за партиски вработувања, чиј број најчесто не соодветствува на оптималниот број вработени, неопходен за нормално функционирање.

Загубари што полнат приватни џебови

Бројот на спортските објекти треба да е сразмерен на големината на земјата, на нејзината економска моќ, на бројот на населението.Бројот на спортските објекти треба да е сразмерен на големината на земјата, на нејзината економска моќ, на бројот на населението. Спортска инфраструктура е неопходно да се гради, но секоја земја си ги испружува нозете колку што ѝ е долга чергата. Објектите што се општествено богатство (изградени со буџетски пари) не смеат да бидат извор за добра заработувачка што ќе заврши во приватни џебови, ниту пак инструмент за манипулација на граѓаните и ширење на клиентелизмот.

Во таков општествен амбиент, нашите „ранети арени“ не се ослободија од статусот што го имаа и во претходниот систем - загубари. Огромните штети што се направени и што допрва ќе бидат направени не се само последица на лошото менаџирање со храмовите на спортот, туку и на преамбициозната изградба на спортска инфраструктура, без претходна проценка на реалните, приоритетни потреби за создавање простор за спортување и рекреација според финансиските можности, како и план и програма како тие објекти да бидат самоодржливи.

http://respublica.edu.mk/blog/2017-05-19-08-31-11
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12203
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #338 Posted: 07-Jun-2017 at 09:31
Куќа на спортот, Македонска Каменица (забележав дека клима-уредите се поставени на покривот, за да не го нагрдуваат објектот )



https://www.facebook.com/Ilovemakedonskakamenica/photos/a.1141005872683395.1073741828.1140998572684125/1308993715884609/?type=3&theater

Edited by Џоле - 07-Jun-2017 at 09:32
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12203
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #339 Posted: 15-Jun-2017 at 10:21
ОФИЦИЈАЛНО ОТВАРАЊЕ НА БОЛДЕРБАР - НОВА БОЛДЕР САЛА + КАФЕБАР + МНОГУ ПОВЕЌЕ

Вчера на 14.06.2017 официјално беше отворена новата болдеринг сала „БолдерБар” која покрај одличните и современи услови за качување и вежбање ќе понуди и неколку пропратни елементи со што одлично ќе ја освежи качувачката опција во Скопје.



Комплетно новата сала за болдеринг се наоѓа во поранешните простории на Сквош Центарот - веднаш до СРЦ Кале. Истата располага со 190 метри квадратни површина за качување распоредена на различни ѕидови и со различни нагиби. Поставени се најсовремени елементи за тренинг и качување кои се користат на модерните светски натпреварувања како триаголници, пирамиди, обли волумени, мини „шарп” фаќалишта итн.

Поставени се насоки како и случајно распоредени фаќалишта кои може да се користат за тренирање, а насоките ќе се менуваат еднаш месечно. Во разговор со Владимир Трповски од Вертикал Спорт - сопственикот на Болдербар тој ни пренесе дека активни инструктори за качување во вежбалната ќе бидат Ванчо Наунов, Лидија Мимова, Здравко Петровски како и самиот тој.



Покрај одлично опремената вежбална, во горните делови од објектот е вклучен кафебар како и мала продавница за опрема за качување.

Работното време е 09:00 до 00:00 во работните недели, а сабота и недела од 16:00 до 00:00. Па, повелете...

Фотогалерија од отварањето можете да погледнете тука:

http://karas4training.com/mk/gallery/boulderbar-skopje-opening#1
За сè има вторпат
Back to Top
Patriot View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 12-May-2016
Online Status: Offline
Posts: 38
  Quote Patriot Quote  Post ReplyReply #340 Posted: 09-Sep-2017 at 14:17
Пред изборно...

Наскоро ќе започне втората фаза од реконструкцијата на салата „Младост“ во Битола
http://www.gol.mk/rakomet/naskoro-kje-zapochne-vtorata-faza-od-rekonstrukcijata-na-salata-mladost-vo-bitola

Спортската сала „Младост“ во Битола во иднина ќе биде уште поубава, откако локалните власти објавија дека наскоро ќе започне втората фаза од реконструкцијата од овој спортски храм. 

Во овој зафат би требало да се санираат соблекувалните, ходниците и вториот дел од тоалетите во салата, а за сето ова се предвидени 11 милиони денари, средства кои ќе бидат обезбедени од општинскиот буџет. 

Пролетва „Младост“ доби сосема подруг лик, откако целосно беше реконструиран трибинскиот простор за гледачите, беа ставени нови столчиња, променет беше паркетот, а инсталиран е систем за затоплување.




Edited by Patriot - 09-Sep-2017 at 14:19
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 15161718>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.