build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Спортски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Спортски објекти (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 16171819>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Blagh View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 10-Feb-2013
Online Status: Offline
Posts: 41
  Quote Blagh Quote  Post ReplyReply #341 Posted: 04-Oct-2017 at 12:59
https://off.net.mk/offside/razno/kako-kje-izgleda-noviot-dom-na-kk-rabotnichki

Како ќе изгледа новиот дом на КК Работнички

После неколку години ветувања, идеи, сугестии и дебати, наместо старата и дотраена сала „Градски парк“ ќе се роди нов модерен објект.

Општина Центар утрово преку писмено соопштение ги извести сите учесници на конкурсот за избор на идејно решение за повеќенаменска сала - Градски парк со капацитет до 3.000 гледачи.

Првонаграден е трудот со шифра „Лусус“ чии идејни автори се: Стефани Соларска, маг.инж.арх, Игор Медарси, маг.инж.арх и ГЕОМАЛ ДИЗАЈН ДООЕЛ од Скопје.

Актуелниот кошаркарски храм во кој настапува Работнички е изграден во далечната 1970-та година. Тогаш бил граден како повремена солуција за потребите на Светското првенство во СФР Југославија.




Back to Top
Blagh View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 10-Feb-2013
Online Status: Offline
Posts: 41
  Quote Blagh Quote  Post ReplyReply #342 Posted: 05-Oct-2017 at 15:27

https://off.net.mk/offside/kosharka/shto-se-kje-poseduva-novata-sala-na-rabotnichki-vo-gradski-park


Што сè ќе поседува новата сала на Работнички во Градски парк

Откако Општина Центар го избра идејното решение за повеќенаменска сала - Градски парк, решивме да ѕирнеме во проектот на победниците на конкурсот.

После 48 години, Градскиот парк во Скопје и кошаркарскиот клуб Работнички ќе добијат нова, модерна повеќенаменска сала. Сегашниот „храм“ заслужено ќе оди во историјата и ќе биде запаметен како место на кое се прославиле многу успеси и трофеи. Беше изграден во 1970-та година како придружен објект за потребите на Светското првенство организирано во СФР Југославија.

Јавноста со нетпрение очекува да види како ќе изгледа новиот дом на најтрофејниот кошаркарски колектив во земјава па од таа причина решивме да фрлиме око на конечното решение кое го приготвија Стефани Соларска, маг.инж.арх. и Игор Медарски, маг.инж.арх.


Капацитетот на салата чија предна фасада ќе биде застаклена, ќе биде од 2.800 гледачи, влучувајќи ги фиксните, телескопските и ВИП трибините, а ќе поседува:

- Два влеза за посетители (на северозападната и југозападната страна);
- Фан шоп на КК Работнички;
- Мини музеј на КК Работнички;
- Помошна сала за ракомет, одбојка, мал фудбал;
- Билетари;
- Игротека / кафе бар;
- ВИП влез на северната страна;
- PRESS центар со 120 места и дополнителен кетеринг простор;
- Канцеларии на Организационен и Национален Комитет;
- Шест соблекувални со санитарии и тушеви;
- Простории за судии/делегати/инструктори;
- Две простории за реквизити;
- Масажа;


- Фитнес центар;
- Помошна сала за кошарка (часови по карате, одбојка, бокс, танц, тенис...);
- Амбуланта за итна медицинска помош;
- 2 простории за реквизити;
- Троделно спортско борилиште / повеќенаменско (кошарка, ракомет, мал фудбал, одбојка, концерти, модни случувања...);
- Телескопски трибини (950 места);
- Фиксни трибини (1.760 места);
- 6 тунели преку кои се пристапува до фиксните и до северната телескопска трибина;
- Места за посетители во инвалидска количка (вкупно 6 - по едно н а 500 посетители);
- Ресторан;


- ВИП ложи и ВИП трибини (вкупно 182);
- 6 кабини за по 2 коментатори (поставени централно на јужната трибина);
- 36 места за новинари над последниот ред на јужната трибина;
- Подземно паркирање на 2 нивоа - вкупно 190 паркинг места;
- ВИП паркинг;
- 5 паркинг места за телевизиски екипи и амбулантно возило;
- 6 паркинг места за лица со посебни потреби;

Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 821
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #343 Posted: 05-Oct-2017 at 17:54
Ќе може ли некој на Google Maps да стави слика на кој простор точно би се градел објектов, бидејќи моменталниот простор за салата што сега ја има е премал за новава сала што ја планираат.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7763
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #344 Posted: 05-Oct-2017 at 22:06
интересен дизајн, за прв пат малку да се тргнеме од лименки во стилот на СЦБТ и МЗТ салите... немам голема надеж за него, ама сепак
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Patriot View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 12-May-2016
Online Status: Offline
Posts: 42
  Quote Patriot Quote  Post ReplyReply #345 Posted: 06-Oct-2017 at 16:04
Вака ми делува дека во неа ке може да се игра само кошарка,најверојатно и одбојка,веке кога се прави нека се направи саглам,со поголемо игралиште,мислам на ракомет.
Работнички како "бренд" има свои клубови во скоро сите спортови,па оваа сала нека биде нивен храм за спортови кои се играат во сала.

Што се однесува за капацитетот горе доле за наши услови е солиден,за меѓународни натпревари малку е...
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 886
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #346 Posted: 01-Jun-2019 at 19:30
Спортско рекреативен центар во Неготино/ Прима Инженеринг


Позиција

Предметната локација се наоѓа на северниот дел од градот, на самиот влез-излез. Истатата е лесно достапна од Неготино и еднакво забележлива и поврзана со автопатот Е-75, со што значењето на новата интервенција ги надминува локалните микро рамки.
Од постоечката состојба може да се прочита некогаш планското урбанистичко позиционирање на спортско рекреативниот центар, како и очигледното негово нереализирање до крај.
Покрај постоечките содржини ( спортска сала, тенис, кошарка, ракомет, фудбал) како дополнителни квалитети во непосредна близина на локацијата постои и сместувачкиот капацитет „Хотел Парк“.

Потенцијал

Спортско-рекреативниот центар претставува вистински потенцијал за спортот и рекретивните активности за Неготино, меѓутоа и за пошироката околина. Освен локалниот карактер, истиот добива на тежина со сопствената позиција до автопатот кој ја врзува Западна Европа со Грција и блискиот Исток. Центарот може да прерасне во атрактивна точка за одмор и рекреација со што би се активирал и транзициониот туризам. Тоа веќе отвора можности за поширока програма на интервенции со повисок квалитет како естетски така и содржински, за што е потребно да се истакне и локалниот идентитет – производство на вино.

Концепт

Локацијата во доминантен дел е дефинирана во однос на содржините, кои се добро димензионирани и соодветно позиционирани. Истите ги задржуваме, дополнуваме и истакнуваме, додека новите интервенции ги развиваме на слободната површина.
Покрај претходно споменатите спортски активности, со новата интервенција се обидуваме да внесеме програма која ќе го раздвижи просторот анимирајќи го и во полето на гастрономијата, културата и алтернативните спортски активности.

Езеро

Главната интервенција која ја предвидуваме, која ќе доминира и ќе претставува ново свртувалиште е мултифункционалното езеро. Истото може да се користи за капење, кајакарење, додека формираниот кеј за прошетка, сончање, велосипедски патеки.
Со цел да се креира специфичен пејсаж ја обединуваме сликата на езерото со шумата, вовлекувајќи го кон ридот каде се планира дооформување на густа вегетација. Повлекувајќи го потегот, поради разликата во теренската висина добивме засек во ридот во кој препознавме амбиент на пештера, идеален за вински ресторан.

Амфитеатар

Веќе постоечкиот визуелен продор од локацијата на езерото ( набљудувајќи од доле кон горе ) кон ридот, вегетациски сиромашен, не насочи кон амфитеатрално обликување на потегот без да ја загрозуваме флората. Со тоа се отворија повеќе точки кои се надоврзуваат и прават ланец на интервенции по следниот распоред: Езеро – ресторан – летна сцена – амфитеатар – винови насади – трем со видиковец – паркинг.

Над ресторанот се формира плато, кое во корелација со амфитеатарот станува сцена за културни манифестации. Бидејќи потегот е поголем од потребниот капацитет за летна сцена, истиот во совладувањето на висината преминува во вински насади со што се придава значење на оваа градинарска култура , нагласувајќи го она што се случува под теренот – винската визба / ресторан. Крајната точка допира до паркингот, кој е пак појдовна точка во обратен правец. Затоа позиционираме трем – пергола и кула видиковец која има функционални удобности за појдовната точка, додека претставува поента на визуелниот допир од спротивната страна.

Угостителски капацитети со придружни намени

Споменатиот вински ресторан како гастрономска елитна точка, се балансира со повеќенаменскиот полувкопан објект за секојдневна употреба. Истиот е позициониран на начин да вовлече функции во себе и да се отвори кон обалата преку пјацета, додека со рамната и проодна кровна тераса/ градина да се поврзе со повисокото ниво на кое допира улицата, велосипедската и пешачката патека. Симбиозата на нивелирањето ги обединува јавните простории давајќи им прекрасен поглед за уживање и место за дополнителни активности ( пјацета – кафе/бистро; тераса – лежалки, јога и сл.).
Објектот во себе ги обединува јавните простори како тоалети, соблекувални, одложување спортска опрема и изнајмување на истата со угостителските локали кои треба да овозможат лежерно уживање во кафе/бистро амбиент, но и да обезбедат можност за набавка на пијалоци, кондиторски производи, сладолед и слично.

Дополнителни спортски содржини

Спортската сала, фудбалското игралиште, кошарка, ракомет и тенис предвидено е да се реновираат и дообликуваат со мали интервенции (промена на подлога, партер, рефлектори, заштитна мрежа, трем-пергола…).
Како нови содржини на комплексот му се додаваат водените активности (кајак, пливање), потоа велосипедски патеки, адреналинска вертикала (павилјон за качување), теретана на отворено, мултифункционална тревна површина за слободни активности, како и скејт парк. Просторот пред спортската сала, освен за време на големите настани, сам по себе претставува плато ( пјацета) која не привлекува внимание на дневна основа. Оваа површина е идеална за позиционирање на скејт парк, преку интервенции на базени (вдлабнување), пропратена со партерно и хортикултурно уредување.

Зависно од моќноста на инвеститорот, езерото во зимскиот период може да стане најголемото отворено лизгалиште во регионот со што би можеле периодично да се актуелизира хокејот, уметничкото лизгање како и рекреативното со што центарот ќе биде активен низ сите годишни времиња.

Павилјони

На територијата на Македонија, зелените вон градски урбанизирани простории се ретко посетени и маргинализирани. Тоа не поучува на потребата од интегрирање на точки кои може да привлечат поголемо внимание и придвижување.
Планинската атмосфера на ридот е локацијата каде позиционираме повеќе вакви точки. Во нив интервенираме со различни функции на типски павилјони – видиковец, изложбен простор, ботаничка градина, адреналинска вертикала за качување, павилјон за детска едукација.
Ваквиот тип на објекти нудат можност и за периодични функции поврзани со фестивали, саеми и презентации, потоа заштита од атмосферски влијанија, летниковци со проширена функција.

Дополнителни активности

Во спортско- рекреативниот центар се предвидени детско игралиште во непосредна близина на детскиот едукативен павилјон и игралиште за домашни миленици.
Кејот на Неготинска река претставува заштитен простор и потег кој сам по себе е доволен за прошетки, слободни активности и затоа го оставивме во постоечката состојба без дополнителни оптоварувања и фунцкии. Иако постои можност истиот на повеќе начини да се интегрира со остатокот од интервенцијата.

Финансирање и план за развој на подолг рок

Смелите идеи за релативно малите или помалку моќните средини во Македонија се лесни за одбивање под изговор на вечната борба за финансии. Меѓутоа вистинскиот развој на помалите средини, не е возможен преку минорни инвестиции со слаб квалитет . Затоа треба локациите како посочената да се разберат како вистински потенцијал, кој овозможува развој.
Финансирањето на еден ваков комплекс е возможен во повеќе јавни приватни партнерства или во сегменти. На пример Винскиот ресторан заедно со одржувањето на виновите лози, може да бидат предмет на инвестиција на некоја од моќните винарии во регионот, потоа повеќенаменскиот угостителски локал исто така може да е предмет на приватен инвеститор, кој за истата би добил олеснување во комуналиите но за тоа треба да отстапи простор за јавните тоалети, соблекувалните и просториите за оддложување.
Павилјоните и придружните објекти кои се во функција на еко-туризмот, развој на локалната заедница може да добијат лесно неповратлив грант. Истото се однесува и на спортските објекти, новопроектираните и старите за кои е потребна обнова. Она што го препорачуваме на локалната самоуправа е да вложи во изработката на квалитетен основен проект, кој сам по себе ќе значи промоција и маркетинг материјал за инвеститори, донации, грантови и соработки. Значајно е да се напомене дека ваквите проекти треба да се изведуваат во континуитет, за да не се остави простор сегментирањето да му пресуди на крајниот резултат.

http://marh.mk/sportsko-rekreativen-centar-negotivno-prima-inz/

Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 886
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #347 Posted: 31-Oct-2019 at 21:12
Комплетно обновен објектот на едриличарскиот клуб „Снегар“ од Струга





Струга, 31. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Пуштен во употреба комплетно обновениот објект на едриличарскиот клуб „Снегар“ од Струга.

По големиот пожар што изби на 21-ви јули на „Машката плажа“ во Струга, целосно беше уништен објектот на клубот, а уништени беа 33 едрилици, 4 чамци и 60 години стара документација.

По три месеци, со средства обезбедени од Агенцијата за млади и спорт се реконструира опожарениот објект, вратен е во полн сјај што е особено значајно за стружани и за развојот на едриличарството.

– Спомените, историјата на овој клуб, ни дадоа мотив и желба овој објект повторно да го направиме како што доликува. Објектот повторно е ставен во функција и претставува модерено и современо решение што ќе го врати едриличарството на вистинските патеки. Реагиравме веднаш и дадовме ветување дека за краток период ќе пристапиме кон изградба на нов современ објект за едриличарскиот спорт и спортистите во Струга. Ова место очекувам да биде расадник на нови таленти, кои во иднина ќе бидат репрезенти и ќе ја претставуваат државата на големите натпреварувања, потенцира директорот на Агенцијата, Дарко Каевски.

На свеченоста присуствуваа и говореа и претседателот на федерацијата, Влатко Кавај, евроамбасадорот Самуел Жбогар, членови на клубот, вљубеници во едриличарството и спортот.

– Изгубената флота брзо ќе ја надоместиме и се надевам дека идната сезона 2020 ќе биде далеку поуспешна и поплодна на спортски план, истакна Кавај.

Едриличарскиот клуб „Снегар“ е издвоен од Друштвото за водени спортови и рекреација во 1972 година и оттогаш постигнува врвни спортски резултати давајќи репрезентативци на регатите во Европска конкуренција.
Во соорганизација на Едриличарската федерација клубот организираше и беше учесник на седум државни – меѓународни регати. (Крај)

https://ohridpress.com.mk/?p=98768
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14967
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #348 Posted: 06-Feb-2020 at 13:46




https://www.facebook.com/AMSMacedonia/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14967
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #349 Posted: 14-Jun-2020 at 15:03
ВО БИТОЛА СЕ ГРАДИ НАЈСОВРЕМЕНАТА ЛИЦЕНЦИРАНА КУГЛАНА ВО ЗЕМЈАВА
На радост на голем број љубители на куглањето, во тек е целосна реконструкција на кугланата, сместена во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола. Изведувачот на градежните активности веќе работи во внатрешноста на уредувањето на соблекувалните и тоалетите, а предвидено е, по реконструкцијата, кугланата да има изглед по најсовремени европски стандарди.

Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска и директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски го посетија објектот и разговараа за текот на градежните активности со изведувачите. Членовите на кугларскиот клуб „Пелистер“ и нивните тренери, ја посочија важноста од обновувањето на кугланата, затоа што интересот за овој спорт во градот постојано расте. Кугларките од КК „Пелистер“ се втори во државна лига, а поединечно, Битола има државен првак до 18 години, битолчанкатаТамара Талевска.

Агенцијата за млади и спорт ја финансира реконструкцијата на кугланата со над 14.000.000 денари, а директорот Дарко Каевски истакна дека иако рокот за нов изглед на кугланата е до април следната година, можно е истата да биде завршена и порано.

Кугланата во Битола ќе биде најновата лиценцирана куглана во Република Северна Македонија, покрај веќе постоечките две во Скопје.



https://www.facebook.com/OpstinaBitola
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14967
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #350 Posted: 03-Aug-2020 at 11:28
Изграден дел од скејт парк во спортско-рекреативниот парк „Илинден



Во спортско-рекреативниот парк „Илинден“ изграден е дел од скејт парк за спортови на ролери и скејтборд (слалом – скејт, спид скејтинг, фристајл скејтинг и други спортови).

Реализацијата на овој проект, вреден 4,3 милиони денари е финансирана со средства од грант стекнати после успешната имплементација на проектот „Реконструкција на локалниот пат Кадино-Клучка автопат А4”, финансиран со подзаем од МСИП.

-Со изградбата на скејт паркот за спортови на ролери и скејтборд се создаваат квалитетни услови и можности за промовирање на спортски активности и натпревари кои досега ги немаше во Македонија, а се застапени во европските земји. Ова ќе придонесе за привлекување на гости од други држави за учество на натпревари, но и посета на туристи од други региони од земјата и од странство-информираат од Општина Илинден.

Оттаму додаваат дека изградбата на скејт паркот е особено важна за подобрување на квалитетот на живот на младата популација.

Овој проект е дел од Стратешкиот план за локален економски развој на општина Илинден за периодот 2017-2021 година во областа на културата и спортот, односно за изградба на спортско-рекреативна инфраструктура.

https://www.vecer.press/изграден-дел-од-скејт-парк-во-спортско/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14967
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #351 Posted: 26-Aug-2020 at 11:43
Throwback to our competition entry for the city Sports Hall in Skopje, Macedonia.





https://www.facebook.com/weareproxy
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14967
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #352 Posted: 30-Aug-2020 at 09:35
Sports Hall in Skopje, Macedonia.





https://www.facebook.com/weareproxy

Edited by stef4o - 30-Aug-2020 at 09:36
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 821
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #353 Posted: 30-Aug-2020 at 13:15
Ова за СЦБТ е?
Back to Top
MKDSTRUGA View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Jun-2018
Online Status: Offline
Posts: 359
  Quote MKDSTRUGA Quote  Post ReplyReply #354 Posted: 30-Aug-2020 at 13:59
Ova e salata na rabotnicki vo Gradski Park. Laga na vekot so bese deka ke se gradi.
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #355 Posted: 15-Sep-2020 at 18:00
https://www.gol.mk/fudbal/ffm-go-pretstavi-izgledot-za-zapadnata-tribina-od-gradskiot-stadion-vo-shtip
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14967
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #356 Posted: 29-Nov-2020 at 13:22
Милиони евра за игралишта без игра





Ранковце опен“ се одржа само еднаш. Аматерскиот тениски турнир во 2018 година, со учесници од Македонија и од Бугарија е единствениот поважен настан што се случил на двојното тениско игралиште во ова село и општински центар, направено во 2012 година за повеќе од 100 илјади евра. Теренот и инсталациите на него се одлично зачувани, бидејќи во најголемиот дел од времето тој не е „опен“, на неговата порта стои – катанец. Се чини ќе стои подолго време.

„Партнерот со кого го организиравме турнирот се исели во Англија и јас не можам сам да продолжам“, вели Игор Петровски, тениски ентузијаст и еден од организаторите на аматерскиот турнир.

И додека седеле празни терените во Ранковце, генерации ученици од основното училиште „Вера Јоциќ“ во скопската населба Хиподром за сето тоа време чекаа и не дочекаа да добијат фискултурна сала, една од 145-те од владиниот проект што почна да се спроведува во 2009 година. Ја добија кога најмалку им е потребна, на почетокот од сегашната учебна година, кога најголемиот дел од нив ги изведуваат вежбите по физичко воспитување дома пред веб-камерите, како дел од онлајн-наставата.

Околу сто милиони евра чини државното вложување во спортски објекти во изминатата деценија, во големи проекти, како 35 спортски сали, па 145 училишни спортски сали, 50 фудбалски игралишта, 100 мултифункционални игралишта (мал фудбал, ракомет, кошарка), 100 тениски игралишта итн.

Во светот на големите пари во спортот толку чини еден фудбалер во врвните европски лиги или еден кошаркар во американската НБА-лига. Но, за држава со буџетски можности послаби и од „сиромашните“ членови на овие друштва, тоа е голема инвестиција, која ако не даде резултати, би била ненадоместлива загуба.

Какви се резултатите? Проектите за масовно градење спортски објекти што ги спроведуваше Агенцијата за млади и спорт (тениски, фудбалски и повеќефункционални игралишта) се одамна завршени, па некои се распаѓаат, други се чуваат заклучени, а трети се дадени несоодветно под концесија на приватни фирми. Проектот за фискултурни сали е половично спроведен, петпати пролонгиран и наместо три, ќе трае најмалку 15 години.

Или – државата брзо и ефикасно го изгради тоа што не беше потребно, а се влечка со тоа што е неопходно.

Како три години станаа петнаесет

Додека терените во Ранковце стоеја празни и заклучени, на учениците од „Вера Јоциќ“ во изминатите години, кои го завршија основното образование чекајќи сала, им остана само да вежбаат во училишниот хол за приредби.

Старите простории на „Вера Јоциќ“ веќе не се користат откако минатата година се комплетираше новата училишна зграда. Претходно децата учеа во помал и делумно опожарен комплекс. Холот што со години служел како замена за сала е затрупан со ѓубре. Сѐ уште стои бината, понекое столче и искршено стакло. На стотина метри чека новата сала, во која допрва треба да стапнат првите детски нозе.

Руинираните објекти наскоро ќе се урнат за тука да се направат јавни спортски терени. Одеднаш училиштето што ја импровизираше наставата по физичко е опкружено со спортски објекти. Но, на тоа долго се чекаше.

„Најмалку десет години ја чекавме салата, а се изгради за помалку од една година. Условите се специфични годинава, но секако ќе им биде од корист на новите генерации“, вели директорот Јане Тасев.

Училиштето отворено во 1975 година порано имало сала, но таа била затворена поради несоодветни услови. Оттогаш сонувале за нова, но очекувањата им станале реални од 2006, кога првпат се најави проектот во владина програма – 30 сали за средните и 115 за основните училишта.

Критериумот бил да се гради таму каде што нема таков објект, а има доволно ученици. Со други зборови, проектот подразбирал обезбедување основни услови што секое училиште мора да ги има за да изведува настава.

Се направиле две физибилити студии во 2007 и во 2010 година, а се зеле и два кредита од 12,5 милиони евра во 2008 и од 30 милиони во 2011 година за финансирање на овој мегапроект. Плус се предвиделе уште 18 милиони евра буџетско учество. Со тоа буџетот на проектот бил определен на 60 милиони евра.

На 18 март 2009 година се потпишал договор со „Гранит“ и од тогаш почнува бавната изведба на „30 сали за средните и 115 за основните училишта“. Со пет анекси, рокот за изградба е продолжуван од 36 на 60 месеци, па за уште 48 и 72 месеци. По договорот во 2009 година, анекси се потпишуваат во 2010, 2014, двапати во 2018 за со последниот, склучен во 2019 година, да се предвиди крај на градежните работи во 2024 година. Вкупно тоа значи зголемување на рокот од првичните 36 на 188 месеци, или петпати повеќе од предвиденото.

Извештајот на Државниот завод за ревизија за успешноста на овој проект, објавен во 2019 година, покажува дека до таа година биле изградени и предадени во употреба 76 сали, 14 биле во изградба, а 12 биле почнати таа година. Проектот бил комплетиран само 52 отсто. Според ревизорите, постои ризик од понатамошно одолжување. Тие не можеле ниту да ја оценат успешноста бидејќи половина сали не се изградени и не се користат.

Податоците по години, пак, покажуваат дека во првичниот рок до 2012 година биле комплетирани одвај 18 отсто од објектите. Ниту една сала не била изградена за онолку време колку што било предвидено.

Идентификувани се повеќе проблеми што придонеле за бавната реализација на овој проект, кој многу училишта го очекувале со нетрпение. Ревизорите забележале дека Министерството за образование, како носител на проектот, недоволно ја следело неговата изведба, Министерството за финансии не обезбедувало доволно пари за повеќегодишното финансирање на работите, а координативното тело формирано за да ги следи активностите никогаш не профункционирало.

Од Министерството за образование велат дека во моментов се готови 84 сали, шест се во изградба, а уште 55 останува да се доградат.

„Отпочнувањето ќе зависи од обезбедувањето одобренија за градба од општините и од теренската анализа“, рекоа од Министерството за БИРН.

Токму теренските услови биле причина за бавната реализација, вели оперативниот директор на фирмата-изведувач „Гранит“, Андреја Серафимовски. Според него, не само што сегашниот рок до 2024 година е доволен за да се доградат 55 сали, туку реален бил и првиот рок од три години, ако теренот бил чист.

„Договорот го потпишавме на 18 март 2009. Салите се прават според готови проекти и прецизни димензии. Често се соочувавме на предвидените локации да нема доволно простор, или некое парче земја да е приватизирано, или да има други теренски проблеми. Да не беше сето тоа, одамна ќе ги направевме салите“, вели Серафимовски.

Од друга страна, во ревизорскиот извештај пишува дека изведувачот не бил доволно подготвен за да го спроведе проектот. Често немал доволно работници и опрема на градилиштата и ги префрлал на други проекти каде што работел (меѓу другото, градеше автопати во Македонија и во Босна), а никогаш не го активирал ниту целиот стручен и технички кадар на кој се обврзал со тендерската документација. Особено до големи застои доаѓало поради некоординираност меѓу бетонските и челичните работи.

Серафимовски одговара дека тоа е извадено од контекст и дека не можеле тие да чуваат работници и опрема на градилиштата каде што нема услови за работа. Според него, само државата е одговорна за застојот.

„Ќе ви кажам еден пример. Еден од нашите подизведувачи што работеше на челичните компоненти се задолжи и направи погон, очекувајќи дека за три години ќе прави делови за 145 сали. Кога не се исполни тоа, компанијата западна во проблеми“, рече тој.

Надвор од проблемите со бавната изведба, досега во јавноста немало сериозни индиции за несоодветно користење на спортските сали, таму каде што се изградени и се ставени во употреба.

Тие се раководени од училиштата, служат за нивна настава и се издаваат со термини на спортски клубови и се одржуваат од училишните служби. Децата што досега имале среќа да добијат сала, забележале значително подобрување во квалитетот на наставата по физичко образование.

повеќе на
https://prizma.mk/milioni-evra-za-igralishta-bez-igra/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14967
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #357 Posted: 22-Jan-2021 at 14:35
ОПШТИНА АЕРОДРОМ ЌЕ ПРАВИ ГОЛФ ТЕРЕНИ ВО СЕЛО ЛИСИЧЕ НА ПОВРШИНА ОД 15 ХЕКТАРИ ЗА 2,5 МИЛИОНИ ЕВРА

Во руралниот дел на Општина Аеродром односно во селото Лисиче ќе се прават голф терени како дел од проектот „Аеродром прва општина со европско знаменце“. Терените ќе се протегаат на површина од 15 хектари, а за нивна изградба и ставање во функција потребни се 2,5 милиони евра.

Од Општина Аеродром најавуваат дека овој проект би се реализирал за две години, односно во 2023 Скопје и земјава за прв пат ќе добијат голф комплекс, што било долгогодишно барање на голф федерацијата.

„Успеавме да пронајдеме соодветен простор односно земјиште кое досега се користело како дива депонија. Овој простор е соодветен за вакви терени. Просторот ќе го зазелениме, нема да има шанси во иднина да прерасне во градежна парцела за објекти, а воедно и ќе го уредиме и ќе го развиеме овој спорт“, вели Александар Георгиевски, шеф на кабинет на градоначалникот на Општина Аеродром Златко Марин.

Дел од средствата за овој проект како што објаснува Георгиевски ќе се обезбедат преку Европската унија преку грант за рурален туризам, а другиот дел ќе го бараат од домашни компании.

„Идејата е да понудиме на 30 фирми да се рекламираат одреден период на голф терените, а за возврат да инвестираат по 50.000 евра . Со тоа би обезбедиле 1,5 милиони евра за нивна изградба, а останатите еден милион со грант за рурален развој“, додава Гергиевски.

Со терените ќе стопанисува Општината односно јавното претпријатие за развојни проекти од локално значење, кое ќе биде прво од ваков тип кај нас.

Општина Аеродром вчера го презентираше проектот „Аеродром прва општина со европско знаменце“, кој предвидува програма за четиригодишно работење со кои во 2025 година ќе стане единствена општина со европски стандарди во земјава. Беа најавени дваесет проекти за чиста животна средина, квалитетно урбано живеење и развој на руралните делови од општината, кои покрај со пари од буџетот ќе се реализираат и со средства и грантови од Европската унија.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/opshtina-aerodrom-ke-pravi-golf-tereni-vo-selo-lisiche-na-povrshina-od-15-iljadi-hektari-za-2-5-milioni-evra/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14147
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #358 Posted: 04-Feb-2021 at 09:24
Соколана ќе заживее повторно: Започната реконструкцијата на спортскиот комплекс



Спортскиот комплекс „Соколана“ во Куманово по години распаѓање, конечно ќе го добие ликот што го заслужува.

Во тек се градежни активности, а како што информираше кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, станува збор за прва фаза реконструкција на игралиштето и реконструкција на трибините.

Проектот се реализира од страна на Општина Куманово и Агенција за млади и спорт.

Преку Буџетот на државата и јавен повик преку Агенцијата за млади и спорт се обезбедени 7,5 милиони денари за реконструкција на Соколана.

Предвидено Соколана да го зачува целиот свој автентичен изглед. Се предвидува партерно уредување на игралиштето, целосна реконструкција на постоечкото игралиште, теренот за мал фудбал со комплетна реконструкција на трибините како и уредувањето на паркинг просторот.

https://kumanovskimuabeti.mk/sokolana-kje-zazhivee-povtorno-zapochnata-rekonstrukcijata-na-sportskiot-kompleks-foto/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=sokolana-kje-zazhivee-povtorno-zapochnata-rekonstrukcijata-na-sportskiot-kompleks-foto
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14967
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #359 Posted: 03-Mar-2021 at 18:18
Општина Аеродром се подготвува да гради терен за голф во с. Лисиче

Градоначалникот на Аеродром, Златко Марин и претседателот на Македонската голф-федерација, Наум Јанакиев, денеска потпишаа Меморандум за соработка, со што се отвора патот за изградба на голф-терен на територијата на оваа скопска општина.

Терените, како што предвидуваат од локалната самоуправа, ќе се градат во руралниот дел на Аеродром, односно во селото Лисиче и ќе се протегаат на површина од 15 хектари. За нивна изградба и ставање во употреба се потребни 2,5 милиони евра. Дел од средствата за овој проект е планирано да се обезбедат преку Европската Унија преку грант за рурален туризам, а другиот дел ќе го бараат од домашни компании.

Градоначалникот на Аеродром вели дека потпишаниот меморандум е од огромно значење бидејќи отвора ново поглавје во областа на спортот и популаризација на голфот во нашата држава.

Тој смета дека изградбата на голф-терените ќе ја стави Општина Аеродром на мапата на светските дестинации и ќе влијае за развивање голф-туризам.

https://360stepeni.mk/opshtina-aerodrom-se-podgotvuva-da-gradi-teren-za-golf-vo-s-lisiche/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14967
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #360 Posted: 05-Mar-2021 at 18:28
Честитки за отпочнувањето со изградба на западната трибина на Градскиот стадион во Штип.







https://www.facebook.com/bochvarskiblagoj

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 16171819>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.297 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.