build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Комерцијални
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Автосалони

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 22-Jul-2009 at 15:27
Според описот на МИА се работи за прв дијагностички центар за мотори во Македонија. Ако знае некој нека каже координати, јас незнам каде е локацијава.








www.mia.com.mk


Edited by lslcrew - 22-Jul-2009 at 15:31
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 22-Jul-2009 at 22:14
Центар за сервисирање и одржување мотори


Почна изградбата на првиот сертифициран Дијагностички центар за сервисирање и одржување мотори во земјава, инвестиција вредна 3 милиони евра. Камен-темелникот го постави вчера министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој нагласи дека објектот ќе се изгради за една година и ќе вработи 100 лица.

Виолета Давидовска, директор на компанијата "Пауер спорт систем" која инвестира и ќе управува со Центарот укажа дека со неговото пуштање во употреба ќе се скрати времетраењето на поправка и чинењето на моторите. Според неа, досега заради непостоење на ваков центар се одлеваа речиси два милиони денари. Услугите освен македонските граѓани ќе можат да ги користат и странски државјани, а ќе се сервисираат и одржуваат дизел моторите.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=D6B4BE6819296047BCF227777E12A77F
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 14-Sep-2009 at 02:33
 

„Хонда“ со нов салон во Скопје

По 15 години присутност на македонскиот пазар „Хонда“ доби нов, модерен салон што го рефлектира имиџот на брендот во европски и во светски рамки. Вредноста на салонот изнесува 2,5 милиона евра, а на отворањето беше и првиот човек на „Хонда“ за Европа, Јункичи Мукаи.

Новиот салон, кој се наоѓа на улицата Илинденска, има изложбен салон, сервис и административен дел и треба да овозможи понатамошно зголемување на присутноста на „Хонда“, но истовремено и давање квалитетна и навремена услуга.

- Особено сме горди што и во време на рецесија „Макпетрол“ успеа да го заврши овој објект, што ќе биде добро и за нашиот имиџ на македонскиот пазар. Иако не е голем, за нас е еднакво важен како и секој друг, изјави Мукаи.

Досега над 2.000 автомобили и 600 мотоцикли биле продадени во Македонија, откако „Макпетрол“ почна со дистрибуција на брендот на „Хонда“.
 
 
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8963
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 29-Sep-2009 at 18:59



Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 19-Dec-2009 at 13:02

Нов салон за „Рено“ и „Дачиа“ - „Стрит Авто“


 

На 16 декември во Скопје свечено беше отворен новиот изложбено-продажен салон за продажба на возила од брендовите на „Рено“ и „Дачиа“. На свеченото отворање, во присуство на поголем број личности од јавниот живот беше претставена фирмата „Стрит Авто“ - новиот дилер на возилата на „Рено“ и „Дачиа“

 
 
%20  

Поставеноста на одличната локација на излезот од Скопје, на булевар Александар Македонски бр. 30, овозможува лесен пристап до салонот и комплексот во состав на „Стрит Авто“. Продажниот салон е опремен по сите норми на „Рено“ со паркинг простор и пропратни објекти.

Салонот е во можност да го покрива подрачјето на Скпје и околината со возила и услуги. Во рамките на „Стрит Авто“ се и „Стрит Кафе“ и „Стрит Центар“ продажниот салон за сите видови фелни за сите видови возила. Салонот е опремен со возила на лагер од брендовите на „Рено“ и на „Дачиа“.

Со отварањето на салонот по сите стандарди на „Рено“ брендот ќе биде претставен во одлично светло. Промоцијата помина на високо ниво со коктел-забава, додека на сите присутни им беа поделени пригодни подароци.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=12189125829&id=24&prilog=1&setIzdanie=21866
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8963
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 18-Mar-2010 at 01:20
Салон за гуми кој неодамна се отвори во Визбегово, има еден куп плакати низ цел град. Проект на фирмата Магента

1

2

3

4



Edited by pbanks - 18-Mar-2010 at 01:20
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2113
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 30-May-2010 at 09:44
МАКСТАР - Мерцедес











ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12004
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 23-Aug-2010 at 01:54
Еве проект за салон на Land Rover во Визбегово. Нема инфо за статусот:


Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12004
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 23-Aug-2010 at 01:55
А еве го и проектот од веста од 22 јули 2009


Back to Top
lupo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2009
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote lupo Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 23-Aug-2010 at 12:12
Ima uste eden interesen objekt sto se gradi na raskrsnicata na Slovenecka i Shuto Orizari, samo ne znam dali e salon za avtomobili. Koj moze neka proveri

Edited by lupo - 23-Aug-2010 at 12:19
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1967
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 24-Aug-2010 at 00:59
Колку што знам, на таблата пред него пишува Продажба на станови... а и рендерот не е многу лош ќе го сликам кога ќе поминам од таму!
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 13-Sep-2010 at 03:33
Ланска вест, не ми е позната.

Daihatsu и Subaru ќе добијат нови домови
Објавено на: 25.07.2009
КММ почна со градење на нови изложбени салони за Daihatsu и Subaru кои ќе бидат први што ќе понудат салон на кат, a објектот треба да биде завршен в година и ќе биде со капацитет од 50 возила




Вака треба да изгледа новиот објект

Пред неколку дена компанијата Kia Motors Macedonia која е главен застапник за возилата од брендот Kia, a под нејзина капа е и продажбата на Daihatsu и Subaru, почна со градење на нов изложбен салон, кој според повеќе нешта ќе биде единствен во Македонија.
Новиот објект се наоѓа на местото каде досега беа изложбените салони на двете марки, но сега новиот ќе биде помодерен и со поголем капацитет. Целокупната квадратура на објектот ќе биде 1.250 м2, ќе има три нивоа, едно под земја, и две над земја а изложбениот дел ќе може да понуди места за вкупно 50 возила.
Иако засега се зборува само за салон во кој ќе бидат модели со знакот на Daihatsu и Subaru, не е исклучена можноста да има уште некоја автомобилска марка.
Уникатноста на идејното решение е што за првпат дел од изложените возила ќе бидат поставени на кат, односно ќе постои товарен лифт со кој вкупно 25 возила ќе бидат качени на првиот кат.
Новиот салон треба да биде готов следната година.


Генералниот менаџер Иван Петровиќ прв „фрли лопата“ на новиот објект

http://www.autoplus.com.mk/?pid=1127

Back to Top
lupo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2009
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote lupo Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 13-Sep-2010 at 17:53
Kade ke se naogja objektov?
...kaj si kapelo pak ke si kape...
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3634
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 15-Sep-2011 at 12:14
http://www.time.mk/read/c77ab04bb8/4e147c126d/index.html

Нов центар на „Рено“ на „Аутомотив Груп“

„Аутомотив Груп“ почна со работа во нов центар на „Рено“ на улица „Скупи“, бб, каде што се содржани брендовите „Рено“ и „Дачија“ со целосно оперативни продажни салони, сервис и работилница за каросериски поправки од најмодерен тип. Ни беа потребни нешто повеќе од два месеца да ја поставиме организацијата во новиот центар на највисоко можно ниво согласно високите интернационални стандарди на „Рено“, велат од „Аутомотив Груп“. Синоќа со ексклузивна забава официјално беше почната работата на новиот центар со кој стартува нова ера во репрезентацијата на „Рено“ и „Дачија“ во Македонија.


Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3634
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 10-Nov-2011 at 12:06

Отворен нов „Ивеко-центар“


Во новиот сервисно-продажен центар на „Каргомакс“, официјалниот застапник за возилата на „Ивеко“, на 14.000 квадратни метри се нуди комплетна услуга на сите корисници на оваа марка возила, од продажба до сервис, па до надградба и доопремување

 
 
%20  
Центарот е изграден по најстрогите критериуми на италијанскиот бренд со инвестиција на „Каргомакс“ од 2,5 милиони евра. Веќе се нуди широка гама товарни, а во иднина и превозни и земјоделски возила, произведени во фабриката на „Ивеко“ во Италија. Од домашната компанија најавија дека, освен продажба, во иднина ќе се работи и на производство на додатоци за товарните камиони и комбиња, што ќе се врши во центарот на „Каргомакс“, а во изградба е и втор ваков центар во Струмица.

- Од 2007 година досега се продадени над 400 возила на „Ивеко“ во државава. Наскоро ќе почнеме тука да ги произведуваме и дополнителните надградби што досега ги увезувавме. Во тек е и изградба на втор ваков сервис во индустриската зона кај Василево во Струмица. Ќе настојуваме македонскиот пазар да добие квалитетни превозни и транспортни средства - вели Коста Кипровски, сопственикот на „Каргомакс“.

Отворањето на центарот беше проследено и со промоција на новото „дејли ивеко“, кое е наменето за транспорт за секаков вид стока на кратки, но и на подолги релации. Соработката ја поздравија и италијанскиот амбасадор во Македонија, Фабио Кристијани, директорот на „Ивеко“ за Централна и Источна Европа, Емилио Парато, и Милош Лалович, менаџер за Романија и за Балканот.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=111011859474&id=10&prilog=0&setIzdanie=22427
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11718
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 23-Apr-2013 at 09:47
изложбен салон на Порше Македонија во Скопје Север


DSC00246 by george k. 1981, on Flickr
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11718
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 23-Apr-2013 at 09:48


И овој објект спаѓа под истата компанија. Се наоѓа исто така во Скопје Север.


DSC00245 by george k. 1981, on Flickr
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11718
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 04-Jun-2014 at 17:39
Изложбен салон за автомобили на Сеат во Скопје (на ул. Скупи)









disinternacional.com.mk
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11718
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 15-Jun-2014 at 14:43
Авто-Велиновски го отвори новиот продажно – сервисен центар на Фиат во Куманово



Во Куманово, вчеранавечер со огномет и забава беше најавено отворањето на новиот сервисно- продажен центар на ”Авто-Велиновски”. Сопственикот Ненад Велиновски и неговото семејство пречекаа над петстотини гости, меѓу кои генералните застапници на гамата на ФИАТ во Македонија и видни бизнисмени и претставници на бизнис заедницата од Куманово и пошироко.

Отсега на 1700 квадрати површина, во изложбениот простор на ”Авто Велиновски”, ќе се продаваат новите модели на италијанскиот производител на автомобили – Фиат, Ланча, Алфа Ромео и Џип Крајслер, вели сопственикот на овој нов сервисно – продажен салон, Ненад Велиновски.







Повеќе на http://www.kumanovskimuabeti.mk/avto-velinovski-go-otvori-noviot-prodazhno-servisen-tsentar-na-fiat-vo-kumanovo/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=avto-velinovski-go-otvori-noviot-prodazhno-servisen-tsentar-na-fiat-vo-kumanovo#
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11718
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 24-Jun-2015 at 09:07
Ако се сеќавате на оваа зграда што се наоѓа на ул. Перо Наков:

DSC05621 by george k. 1981, on Flickr

DSC05618 by george k. 1981, on Flickr

Сега изгледа вака, и ќе биде автосалон (видов некои коли внатре кога поминував):

DSC09111 by george k. 1981, on Flickr
За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.078 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.