build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Реконструкција на МКЦ

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <123
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
makonix View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 08-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 520
  Quote makonix Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 21-Feb-2012 at 00:36
Ех, е како сега да се дебатира објективно за реставрација и обновување на фасади и објекти. За гипсани елементи и декорации на згради се отепавте од коментирање и плукање, а ваму еден иконичен објект од мојата младост му го менуваат изгледот со некакви црвени панели и слично... и ништо, па дури и читам комплименти од истите кои на други нишки за реновирање постираа небројни критики и плукања за гипсани елементи и столбови. И други луѓе читаат и споредуваат. Како ќе биде земена било која дебата серизно со вакви двојни стандарди, гипсани елементи и столбови било за нигде со 1000 постови по форумов, а за најобични панели метални или стаклени и одма пофалби, па ово фино изгледа...

Не морам да ви ги цитирам пофалбите ама ако правиме муабет за културно наследство и тогаш материјалот е небитен, критериумот важи за се или за ништо.

Не ми се верува како лесно минуваат овие смешни квази/модернистички реконструкции на постмодерни објекти во форумов, па се има ли некакви критериуми...а и изостануваат фановски фотографии од нели вакви прекрасно реновирани објекти, што зборува многу за оние што тука упорно зборуваат за убавиот пост модерен Скопје.

Се на се разочарувачки однос кон вакви реконструкции и дискусијата на форумов се измести кон дилема гипсани елементи или стаклени.

Па каде е ако веќе сме серизни , разговорот за формата на објектите, композицијата, партерно уредување, шема на бои, текстура....





Back to Top
makonix View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 08-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 520
  Quote makonix Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 21-Feb-2012 at 00:41
Како и да е реконструкцијата е јадна, требало и или да се зачува целосно објектот како што беше или менувај скроз барем асално 100% модерно менување кога веќе не се смета како културно наследство. Вака објектот ми е како крпен колку да не се распадне, до следната реконструкција.



Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 21-Feb-2012 at 13:57

Previous

Ја сум фрапиран од твојов пост. Вториот не го ни сметам за сериозна ствар. Ти се чудам на моментот да споредиш ОСВЕЖУВАЊЕ И ПОДОБРУВАЊЕ НА ФУНКЦИИТЕ НА ОБЕЈКТОТ НА МКЦ, со од КОРЕН ТЕМЕЛНА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА НАЈЗНАЧАЈНИОТ ОБЕЈКТ/ИНСТИТУЦИЈА ВО РМ. Жалам што очигледно моите постови не си ги читал во нишката за реконструкција на Владата, кои ќе ти дадат целосен одговор на ова погоре споменатото. Фасадата, ако добро си забележал и од напред и од позади е целосно задржана и освежена со овие елементи, кои даваат пријатна слика за едно урбано младинско катче. Многу поважно, овде не станува збор за надворешната фасада, едноставно МКЦ се реновираше внатрешно, па сеа од трошен простор за рок свирки, има одлична хала каде може да се одржуваат уште подобри настани. Киното е бомбона, кој не бил може на празно да критикува. И врвот на се, во ист кош ставаш реновирање на фасада со квази-античко-барокно-и какво уште не реновирање на објектот на Владата.

Back to Top
makonix View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 08-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 520
  Quote makonix Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 21-Feb-2012 at 14:24
Originally posted by N23

Previous

Ја сум фрапиран од твојов пост. Вториот не го ни сметам за сериозна ствар. Ти се чудам на моментот да споредиш ОСВЕЖУВАЊЕ И ПОДОБРУВАЊЕ НА ФУНКЦИИТЕ НА ОБЕЈКТОТ НА МКЦ, со од КОРЕН ТЕМЕЛНА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА НАЈЗНАЧАЈНИОТ ОБЕЈКТ/ИНСТИТУЦИЈА ВО РМ. Жалам што очигледно моите постови не си ги читал во нишката за реконструкција на Владата, кои ќе ти дадат целосен одговор на ова погоре споменатото. Фасадата, ако добро си забележал и од напред и од позади е целосно задржана и освежена со овие елементи, кои даваат пријатна слика за едно урбано младинско катче. Многу поважно, овде не станува збор за надворешната фасада, едноставно МКЦ се реновираше внатрешно, па сеа од трошен простор за рок свирки, има одлична хала каде може да се одржуваат уште подобри настани. Киното е бомбона, кој не бил може на празно да критикува. И врвот на се, во ист кош ставаш реновирање на фасада со квази-античко-барокно-и какво уште не реновирање на објектот на Владата.



само го запечати она што го согледувам, нема објективни критериуми, само паушални лични критериуми што е "прифатлива" реконструкција, во случајов МКЦ и спротивно неприфатлива, а тоа е бивша цк.

мене оригинален МКЦ ми значи многу повеќе него ли бивша комунистичака институција.

Двоен стандард на дело "освежување, бонбона" и квази..не знам што.

Во принцип се работи за иста работа, каков однос треба да се има кон сите овие објекти, да се зачува оригиналното или да се иде на менување. Личните вкусови за реконструкција се во ред, ама не се некој објективен критериум за да може се дискутира.

Монзинството од скопјани биле и си го знаат МКЦ, а за бивша цк си ја знаат само мала група, и никогаш не бил објект за носталгија ниту пак место за збирање.

Како и да е ако вака тргне реновирањето на постмодерните објекти со лепење бонбони материјали и не знам какви освежувачки панели, стварно не знам што е полошо.
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 21-Feb-2012 at 14:50

Previous

Не ја менувај функцијата на зборот бомбона за нешто друго, тоа го употребив епитетски за внатрешноста на киното. Епа ај да спалиме се што е комунистичко, може? И МКЦ е комунистичка градба, па и Железничката станица е комунистичка градба, исто како и НБРМ, МТВ, зградиве каде што живеам и уште илјадници објекти у Скопје и Македонија. А приметив и во Битола дека добар дел од куќите се изградени во тој период, веројатно од тогашни влечачи на грбот на власта.

Според тебе, ништо не треба да се реновира, или пак ако едно, ондак и све друго да подложи на темелна реконструкција? 

Во контекст на Владата, никој нема против да се реновира во границите на постоечката контура, па дури и самиот автор. Нормално по извесен период се менуваат прозорци, врати, надворешна изолација, партерно уредување и слично. Токму тоа се има со МКЦ десено.

Мене ми е јасно на која фора сакаш да не фатиш нас, т.н. анти-барокџии, ама не ти успева, жалам. Можеш до утре да ме убедуваш, ама попусто ти е.

А за твое потсетување, иако мразам историски работи да споредувам, ЦК е исто што и владејачка партија во денешно време. Да, тое е дел од еднопартиски систем, но грубо гледано, тие ја носат власта. Така да, таа за тебе бивша комунистичка институција ти ја водела државата во која ти си растел. Тотално небитно дали имам или немам симпатии кон КПМ, не може со деградација да се покажува кон тој објект. 

И те молам немој да ми кажуваш дека станува збор за лични перцепции кога станува збор за реконструкција. Не може од темел реконструкција, запази ОД ТЕМЕЛ, да споредиш со додавање на 3-4 панели, кога костурот на обејктот е зачуван. Фасадата е иста. Ама сфаќам, не можеш, а можда и не смееш да направиш разлика и упорно ми кажуваш дека е исто. Доградба спрат на куќа различен од првиот и доградба на тераса во контекст на првиот спрат не е исто.

Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 21-Feb-2012 at 15:40

А еве и споредба колку е сменето.

Пред

Потоа

И уште една

Или ја нешто добро не гледам, или објектов ја има задржано својата првична фасада, а само е освежен, веројатно изолациски променет а и малку надополнет за да и навистина го задржи зборот младински. Ова не е ни 0.1 % од реновирањето на Владата.

Бујрум контра аргумент, ама стварно аргумент да е.

Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7352
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 21-Feb-2012 at 21:03
промената на фасадата на објектот на владата и промената на МКЦ се неспоредливи, фактот што и двете се промена на фасада не ги прави ни најмалку достојни за споредба
промената на материјалите и не е баш некоја промена
ова е само обид да се најдат излишни оправданија за промената објектот на владата, бидејќи ги нема...
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Petar View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Nov-2011
Online Status: Offline
Posts: 269
  Quote Petar Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 21-Feb-2012 at 21:53
Se moze da se smeni i promeni.
Ako podrskata za taa promena e golema togas sekoe baranje za opravdanie e izlisno. Pricinata treba da se bara kaj narodot.

Edited by Petar - 21-Feb-2012 at 21:53
Back to Top
tomi_z View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Oct-2010
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 196
  Quote tomi_z Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 22-Feb-2012 at 01:24
Originally posted by Petar

Se moze da se smeni i promeni.
Ako podrskata za taa promena e golema togas sekoe baranje za opravdanie e izlisno. Pricinata treba da se bara kaj narodot.

Апсолутно се согласувам! Поддршката за промена на МКЦ беше голема, и 99,9% од реакциите се позитивни!

И токму тоа и боли во случајов. Поддршката за промена на фасадата на Владата од почеток беше мала. Поддршката, всушност, беше толку мала што самите тие кои поставија анкета на сопствениот сајт, мораа на крајот бесрамно да ја фалсификуваат за да докажат дека „мнозинството е со нас“! Ouch
 
И така добивме уште еден пример зиошто и после 20 години незавиност, не нè бива...
Back to Top
makonix View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 08-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 520
  Quote makonix Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 25-Feb-2012 at 04:54
Значи си продолужувате со истата прикаска. Демек материјалите и промените на фасадата на МКЦ се небитни (се додека перцепцијата е демек модерна). Кога се зборува за културно наследство или се почитува 100% и се реновира да го задржи изгледот или не. Дали материјалите се гипсани, метални стаклени немаат никаков уддел во односот.

Во контекст на Владата, никој нема против да се реновира во границите на постоечката контура, па дури и самиот автор.

Ова само ти може да си го разбереш. Оти очигледно си е твој личен критериум.

Инаку фасадата на МКЦ не е иста, имам очи гледам, утре некој друг ќе му текне да додаде нешто друго, и така натаму. Оригиналноста на објектот е изгубен, ама тоа не е битно битно е да се плука по 1000 пати на она што лично не се одобрува, а она што лично ви се допаѓа ќе се филозофира тоа колку било освежитилно и слично.

Така не се води дискусија за она што треба да се зачува од пост модерното Скопје и како треба да се реновира. СО строго одбрани проекти да се плукаат, дебати, јавни расправии, а друга страна се нема искрена желба да се зачува оригиналноста на овие објекти.

Уживајте во црвените панели, и онака гледам главен спорт стана само да се плука по гипсани елементи, се друго изгледа во скопскава архитектура е прифатливо па макар и било на сметка на толку обожаваната постмодерна архитектура.

Само нека не ве чуди повеќе кога на секои 10 години објектите ќе менуваат панели.

Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 25-Feb-2012 at 08:52

Previous

Маконикс жалам што не ги разбираш УПОРНО моите постови. Реновирање во граници на постоечкото, значи нови прозори, нови панели, да се доведе во состојба да биде енергетско-ефикасен објект, промена на покрив, вентилација, изолација и сл. Тоа е без да се дира основата. Многу добро разбираш, ама поради лишување од значајни аргументи, ми имаш реплицирано само на една реченица. И ок, во ред, твое право. Ама немој да не правиш сите незрели во стил дека е сменета радикално фасадата на МКЦ и на крајот на се да велиш дека промената, драстична и не во стил со сегашната, на Владата е иста со оваа кај МКЦ. Немој, те молам.

Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7352
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 25-Feb-2012 at 18:10
@makonix ако не можеш да разбереш што е задржување на основата на еден објект, објасни како промената на фасадата на владата и промената на фасадата на МКЦ се воопшто споредливи?
да појаснам, она што и е намерачено на владата нема никаква врска со нејзиниот оригинален изглед, формата и ликот, додека во МКЦ се познава изгледот на стариот објект иако му се додадени и нови елементи
тоа е исто како да кажеш дека префарбан објект е еднаков на објект на кој ќе му ставиш сосема нова фасада... затоа што не е исто надградба и преслекување...

и на објектот на владата да му направеа зафат како на МКЦ, немаше да се противам многу, и тоа, напоменувам пак, против сум на промената на фасади било каде...
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 12-Mar-2012 at 17:01
ОГЛАС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА

Набавка, монтажа и пуштање во употреба на вертикална лифтовска платформа во ЈУ Младински културен центар

Критериум за доделување на договор за јавна набавка: Најниска цена

Понудите да се достават најдоцна до : 02.04.2012 во 13.00 часот.

https://www.e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/Dossie/dosieACPP.aspx?EntityId=c08ddd79-5261-443c-9a0b-aec5f0a2f890&Level=2
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 25-Jun-2012 at 16:50

Нов Планетариум во МКЦ од септември

  • Објавено: пред 5 часа
  • Прочитано: 435
  • Печати

Во септември, целосно ќе заврши обновувањето на Планетариумот што се наоѓа во Младинскиот културен центар. Летово се најавува целосно обновување на ентериерот во Планетариумот. Ќе се поставуваат нови грејни тела, нова климатизација, нова аудио опрема, целосно компјутеризирање... Обновата на единствениот Планетариум во земјава, Младинскиот културен центар ќе го реконструира со сопствени средства и со донација на скопска компанија која сака да  остане анонимна. 
Од неодамна, заврши реконструкцијата на двете куполи кои се наоѓаат над Планетериумот и Детскиот креативен центар на објектот на МКЦ. Со ова се реши долгогодишниот проблем со протекувањето на објектот и се заштити скапата оптичка опрема која служи за презентација во Планетариумот, каде што учениците од целата држава се стекнуваат со основните знаења од астрономијата и астрофизиката.

http://www.plusinfo.mk/vest/47349/Nov-Planetarium-vo-MKC-od-septemvri
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 22-Mar-2013 at 13:09
По обновата на куполите и компјутеризацијата на планетариумот во септември минатата година зачестени се посетите главно од групи ученици, информираат во Младинскиот културен центар. Притоа, за да се посети мора да има група од најмалку 20 лица


Заинтересираните граѓани што сакаат да ги видат соѕвездијата и да дознаат нешто повеќе за астрономијата можат да го посетат планетариумот во Младинскиот културен центар во Скопје. Меѓутоа, не е толку едноставно за поединците, бидејќи планетариумот работи само со организирани посети на групи од 20 до 80 луѓе.

Младата студентка Анастасија неодамна имаше желба да го посети планетариумот заедно со двајца свои блиски. Кога отиде да праша кое време работи и колку е картата, доби одговор дека доколку сака да го види, ќе мора да се собере група од околу 20 луѓе, поради потребата од предавач-водич. Ако се помалку лица, не им се исплати да ангажираат предавач-водич.

- Зошто мора да биде групно? Зошто да не може да го посетат двајца или тројца? Треба да биде отворено како музеј или, пак, да има избор: ако сакаш да одиш со водич, да најавиш, а ако не сакаш, да можеш да го посетиш и аудиото за генерални факти да оди во заднина - објаснува студентката Анастасија.

Директорот на Младинскиот културен центар, Златко Стефковски, вели дека по обновата на куполите и компјутеризацијата на планетариумот во септември минатата година зачестиле посетите, меѓутоа тоа се претежно ученички посети од училиштата во Скопје и низ Македонија. Тој додава дека планетариумот е отворен за сите, меѓутоа за да биде отворен како музеј, треба да се добие одобрување од повеќе институции, што претставува долг процес.

- За да се случи тоа се потребни нова систематизација, нови вработени, обучување на вработените, а финансиите треба да бидат одобрени од Министерството за култура, Министерството за финансии и од градот - вели Стефковски.

Планетариумот во Скопје е единствен во Македонија. На предавањата заинтересираните може да ги запознаат основите на астрономијата, изгледот и движењето на небото и небесните тела, нивната природа и потекло.

Одговорните за планетариумот велат дека едно предавање трае околу еден час, или 45 минути, и посетите треба да се најават со термин и тема за предавањето.

Автор: Јасна Атанасова


Ова е навистина голем пропуст . Дали има некој искуство со планетариумот?

Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 14-Aug-2013 at 10:42
Фросина во МКЦ добива нова сцена

Од Младинскиот Културен Центар со гордост соопштуваат дека конечно, по 40 години бурна експлоатација, дотрајаните "штици кои живот значат" во кино Фросина, веќе од денес се заменуваат со целосно нови. ДА, тоа значи дека Фросина ќе има нова сцена. На старата, четириесетина години се одржуваат театарски претстави, перформанси, концерти, поетски читања, трибини...Последните години, состојбата беше повеќе од алармантна и "штиците коиживот значат", беа небезбедни, несоодветни, дотраени, нефункционални заоддржување на сериозна програма. По изборот на најдобриот понудувач,реконструкцијата започнува веќе денес, и предвидено е зафатот да трае околутри седмици, со што за престојното издание бр. 38, на МОТ, салата ќе е во "полна кондиција" за оддржување на програмата на фестивалот. Исто така, со голема радост обзнануваат и дека по 40 години, во концертната, односно Дансинг салата ќе биде поставена фиксна сценска конструкција за светло и декор по целата плафонска површина на салата.Со нејзиното поставување се овозможува поставување на светлосни тела иостанати декоративни сценски елементи што ќе овозможи максимално повеќенаменско ползување, не само за музички концерти како што досегапретежно беше практика, туку и за разни други изведувачки настани(театарски претстави, перформанси, мултимедијални настани...).Замената на сценскиот под во салата Фросина, поставувањето на сценско-светлосната конструкција во концертната сала, се дел од градежно-техничките зафати кои ЈУ МКЦ ги презеде последните години со цел максимално ползување на сите просторни капацитети со кои располага, во функација на зголемување на програмските понуди на институцијата. Инаку, веќе се во тек градежните работи и комплетната реконструкција на Џебното Кино.

Реконструкцијата е финансирана од Град Скопје.

http://on.net.mk/vesti/makedonija/frosina-vo-mkc-dobiva-nova-scenа

Edited by Џоле - 14-Aug-2013 at 14:29

Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 21-Aug-2013 at 15:26
ФОТО: МКЦ го враќа сјајот кој го имаше во минатото
Среда, 21 Август 2013 13:32

Целосна реконструкција на џебното кино и зголемување на капацитетот од 50 на 80 седишта, нова сценска конструкција во концертната сала, промена на сцената во кино Фросина и замена на сите 80 врати... Се подига квалитетот и условите кои ги нуди Младинскиот културен центар. МКЦ го враќа сјајот кој го имаше во минатото.

Градоначалникот Коце Трајановски истакна дека сите активности во МКЦ се во вредност од 5 милиони денари, обезбедени од буџетот на Град Скопје. Тој и директорот на МКЦ Златко Стевковски, денеска извршија работна посета на градежните активности за реконструкција на МКЦ.

Џебното кино ќе има комплетно нови седишта, подови и акустични ѕидови, проектор и ново проектно платно. Киното ќе ги исполнува сите услови за да може да влезе во арт-кино мрежите на Европската унија, каде што МКЦ конкурираше. Опремата, односно седиштата ќе бидат мобилни и ќе има можност да се организираат и други настани во тој простор.

Зафати има и во концертната сала. Таа ќе биде место за повеќе настани, а не само за музичките. Со нова сценска конструкција се заокружува и инвестицијата во концертната сала.

Ќе бидат заменети и сите 80 врати во МКЦ, со што се заокружува процесот на негова целосна реконструкција.

http://www.kurir.mk/republika/skopje/127386-FOTO-MKC-go-vraka-sjajot-koj-go-imase-vo-minatoto
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7352
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 22-Aug-2013 at 15:48
малце или закасниле со фалењето, или новинариве како и обично си рециклираат...
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2180
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 26-May-2020 at 00:34
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <123

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.172 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.