build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Станбени кредити

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  12>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
mikson View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 28-Jul-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote mikson Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Станбени кредити
    Posted: 20-Sep-2009 at 17:04
Здраво,
може ли некој да ми објасни од банкиве кој е најповолен кредит и кои се работи треба да се запазат пред земање на станбен кредит.
Ги разгледував сајтовите на банките, кај некои банки и веќе бев да се информирам ама не можам да разберам некои работи.
Севкупни трошоци. Прво ти викаат 9 % кај тутунска за ако земаш плата пореку нив после има 10.30% севкупни трошоци. Никаде нема да можам да се информирам колку е зсагарантирана ставката на промена на камата за после греј периодот или пак колку пенали се плаќаат за предвремена отплата. Прво дај поднеси и ќе те излажат за многу работи после ќе ти кажат ама ова вака е уствари.
Дајте совети.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 20-Sep-2009 at 19:37
Неможам да ти кажам каква е моменталната понуда на пазарот но можам да ти кажам на кои детали внимавав пред две години кога се информирав подетално последен пат околу станбени кредити.

Каматите беа генерално слични во сите банки, иако по основа на камати во прв круг од игра излезе Тутунска Банка а ми останаа во игра Алфа, Комерцијална и Стопанска.

Кредитите на Стопанска важеа тогаш за најефтини бидејќи трошоците до активација на кредитот беа 0 (проценители, чуда, администрации) и даваа доста ниска камата во првите 1-2 години но после сето тоа дебело го надокнадуваа. Не само што тоа се надокнадуваше туку се плаќаа и солени пенали при предвремена отплта на кредитот. Всушност единствено нешто каде што би можел да те посоветувам е прашањето дали имаш план да го исплатиш кредитот предвреме (значи дали сметаш на такви услови во перспектива) или дали сакаш да земеш кредит па да стегеш заби до крај на аранжманот. Бидејќи мене планот ми беше да го отплатам кредитот за доста пократко време отколку неговото времетраење таква опција не ми одговараше.

На крајот како фаворит тогаш ми остана Комерцијална банка кои немаа ултра големи иницијални трошоци, имаа фиксна камата и немаа провизија на предвремена исплата.

Треба да внимаваш и какви планови на отплата ти нудат, т.е. која е структурата на ратата (ако воопшто има избор). Генерално структурата на ратите во почетокот е далеку повеќе во прилог на плаќање на каматата а помалку во прилог на отплата на основицата. Да карикирам, ако месечна рата е 500ЕУР воопшто не би било чудно 480ЕУР првиот месец да идат на камати а 20ЕУР на отплата на основицата. Понатаму секој месец односот ќе се менува во прилог на основицата (да речеме 478-32, 475-35 итн) но во секој случај банките си се осигуруваат дури и да има предвремена исплата на кредитот тие да си го осигураат поголемиот дел од профитите. Затоа ако имаш варијанта за предвремена отплата веројатно истата ти се исплати ако го усшееш тоа во првите 5-10години да речеме (на 20 годишен кредит). Ако во првата рата имаш 480ЕУР за камата и 20ЕУР за основица а ти имаш да вложиш повеќе пари во тој момент тој вишок ќе оди на дополнително смалување на основицата според која всушност и се сметаат каматите. Сепак да става човек 100-200ЕУР плус месечно нема да му смени ништо бидејќи при секој таков "упад" во планот за отплати се рекалкулира и добива нов план повторно тгнувајќи со максимално плаќање на камата а минимално на основица. Значи вистински благодети можеш да осетиш ако направиш инјекција од барем неколку илјади евра за да вистински малку ги олабавиш работите и да ти се смета камата на помала основица. Во некои банки дури и рекалкулацијата на планот се плаќа како услуга ако не се лажам така да и тоа треба да го провериш.

Уште нешто што треба да пресметаш е дали сакаш да земеш девизен или денарски кредит. Каматите на девизните се под дифолт пониски но ако дојде до некаква девалвација на денарот губитокот е сигурен.


Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1171
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 20-Sep-2009 at 22:02
Мене ми е нејасно дали при овие станбени кредити кој ги даваат банките се бараат жиранти или хипотека? Бидејќи ваквите кредити се со поголема вреднос од 15-30 илјади евра па и повеќе. Нормално банките прават амортизациони планови во кој посебно ги преставуваат каматите и нивната големина по месеци и години а посебно основицата за отплата, ако се случи да се задоцни една рата тогаш имаме камата на основица и камата на камата, ако дојде до подолг прекин во отплата на кредитот, тогаш каматата на камата се претвара во нов кредит со своја камата а основицата останува за отплата иста и нан неа се додава друга камата. Малку е чудно ама кај банките е тоа, е сега што се однесува до грејс периодот при стамбени кредити не верувам дека тој е подолг од една година. Значи после грејс периодот следи прво отплата на каматата за првата година а пролонгирање на основицата на кредитот па се добива впечаток дека почнуваш да отплачаш помала сума пари во првата или втората година. Има и таква отплата каде по грејс периодот се плача и основицата и каматата на квадрат, па се добива впечаток дека прво плачаш поголеми суми а во покасните години како се намалува основицата се намалува и каматата. Но како и да е скалата на отплата ако кредитот е од 8-10% на крај со сите провизии и каматни стапки и начини на пресметки стамбените кредити станува кредит со камати од 18-20% а некаде и до 25%. Затоа што банките мора на Народна банка да и уплатат со закон пропишани камати за оваа намена а нивната заработувачка е камата на каматата и никогаш да нема отплата на основицата. Заклучок стамбените кредити во последните неколку години во општо не се исплатливи.
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3603
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 21-Sep-2009 at 06:00
 
Originally posted by pbanks

Каматите беа генерално слични во сите банки, иако по основа на камати во прв круг од игра излезе Тутунска Банка а ми останаа во игра Алфа, Комерцијална и Стопанска.

јас пак имав сосем друг есап во сличен период, кога токму тутунска ми беше фаворит!

единствено тие имаат рок на отплата над 20 години, единствено кај нив соодносот на хипотека беше 1 спрема 1,5 додека кај другите беше минимум 1 спрема 2 па се до 1 спрема 4 т.е. за кредит од 100 илјади во тутунска бараат гаранција на хипотека од 150 илјади евра, што беше далеку поповолно од сите останати, патем кај стопанска проценителот кине како во касапница доколку и малку е постара дограмата од хипотеката... инаку  и каматите им беа токму, особено фиксните...              

единствена тогаш послаба страна им беше што се уште немаа дозволено хартии од вредност да се заложат наместо хипотека, т.н. маргин кредит кој останатите неофицијално го прифаќаја како опција, но строго за акции од најбонитетните фирми на берзата и исклучиво со голем сооднос како обезбедување од 1 спрема 3,5 или 4, така што дури и да сака човек навистина не му се исплати, ќе си ги сторнира акциите или друг вид на хартии од вредност, се додека не го исплати кредитот, а и во меѓувреме осцилациите на заложените акции ќе мора да ги сервисира редовно... сега незнам што се случува на овој план, но бидејќи берзата е во аут мошне веројатно е дека нема простор за вакво покритие, не за кредито-барателите, додека за банките и те како  е атрактивна оваа опција во моментов... 

Originally posted by Dragan

Мене ми е нејасно дали при овие станбени кредити кој ги даваат банките се бараат жиранти или хипотека?

...

Но како и да е скалата на отплата ако кредитот е од 8-10% на крај со сите провизии и каматни стапки и начини на пресметки стамбените кредити станува кредит со камати од 18-20% а некаде и до 25%. Затоа што банките мора на Народна банка да и уплатат со закон пропишани камати за оваа намена а нивната заработувачка е камата на каматата и никогаш да нема отплата на основицата. Заклучок стамбените кредити во последните неколку години во општо не се исплатливи.

Се бараат и хипотека и жиранти, двојно осигурување! со хипотеката го осигуруваат заемот, а со жиринтите ја осигуруваат кредитоспособноста за отплаќање на кредитот,  и износот на примањата на кредитобарателот заедно со жирантите треба да биде не помала од x3 од каматата... а за крајниот  есап одбери фиксна  камата како опција за кредитот и на коњ си!  јасно и што подолг период на исплата како во меѓувреме би печалел со лезет! еве ја на купче понудата на сите банки во моментов http://www.investicii.com.mk/index.php?option=com_content&view=section&id=7&Itemid=55

~

НО јас дефинитивно на сите би им препорачал Лизинг на недвижности! не заложуваш хипотека, нема чекања со месеци, нема замарање околу каснењето, како што е случај со банките ... НЛБ Лизинг ќе нуди станови на лизинг - http://www.kapital.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=65&EditionID=572&ArticleID=13042    



Edited by Max - 21-Sep-2009 at 06:07
Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1171
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 21-Sep-2009 at 12:00
Ги погледнав овие web-страници она што ми падна како нешто што би било корисно да се инвестира тоа е Лизингот. Јас не сум многу запознат со работата на банките но знам дека едно време лизинг скоро и да не постоеше, убаво е горе ако НЛБ дава станови на лизинг со отплата од 15год. Кога ова лизинг компанија на Љубљанска банка ќе почне со изградба на станови(или веќе гради) по прецизни информации значи во Љубљанска банка.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 21-Sep-2009 at 12:08
Originally posted by Max

јас пак имав сосем друг есап во сличен период, кога токму тутунска ми беше фаворит!

единствено тие имаат рок на отплата над 20 години, единствено кај нив соодносот на хипотека беше 1 спрема 1,5 додека кај другите беше минимум 1 спрема 2 па се до 1 спрема 4 т.е. за кредит од 100 илјади во тутунска бараат гаранција на хипотека од 150 илјади евра, што беше далеку поповолно од сите останати, патем кај стопанска проценителот кине како во касапница доколку и малку е постара дограмата од хипотеката... инаку  и каматите им беа токму, особено фиксните...              

единствена тогаш послаба страна им беше што се уште немаа дозволено хартии од вредност да се заложат наместо хипотека, т.н. маргин кредит кој останатите неофицијално го прифаќаја како опција, но строго за акции од најбонитетните фирми на берзата и исклучиво со голем сооднос како обезбедување од 1 спрема 3,5 или 4, така што дури и да сака човек навистина не му се исплати, ќе си ги сторнира акциите или друг вид на хартии од вредност, се додека не го исплати кредитот, а и во меѓувреме осцилациите на заложените акции ќе мора да ги сервисира редовно... сега незнам што се случува на овој план, но бидејќи берзата е во аут мошне веројатно е дека нема простор за вакво покритие, не за кредито-барателите, додека за банките и те како  е атрактивна оваа опција во моментов...


Во ред но очигледно друго сме барале, ти го наведуваш како аргумент рокот на отплата над 20 години а имав во план максимум 20 години но со умисла отплатата да не трае повеќе од 5-10 години.

Дополнително хипотеката не ми беше во клучните критериуми па не памтам какви соодноси нудеа различните банка но веројатно се тие што ти ги кажуваш штом си се информирал во исто/слично време.

Така да во принцип многу е битно што точно бара Миксон и каков му е "динамичкиот план".

Но сите овие работи кои ги нафрлавме мислам дека се критериумите кои се битни за одлука.
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3603
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 21-Sep-2009 at 13:42

Да, битно е зошто ти треба кредит и во какви околности иситот е исплатлив, пример јас барав на што подолг рок за каматата да биде помала, со што сум ослободен тековно колку-толку, но и воедно имам поголем простор за вртење на средствата кои во случајов наместо во куќа одат во бизнис т.е. производство... дефакто најдобро е човек да нема никаков финансиски јарем, особено е проблем доколку оди на големи заеми 50+ за такво нешто секогаш мора да има екстра извори на приход или неколку бизниси кои ќе се надополнуваат т.е. меѓусебно одржуваат, дури тогаш реално човек може да се опушти и од екстра профитот да си дозволи инвестиција како скапа куќа или кола, па и викендица! во спротивно наместо стопан ќе стане домакин, што не е лошо но како што реков да живееш заборџен со дебели камати и несигурно работно место не е идеална опција, она страдаат срце, нерви, раце, нозе... затоа најиделна опција во ваква ситуација е или лизинг за недвижност (без разлика на двојното оданочување) или еко-куќа http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=337&PID=13581#13581 

~

троа и офтопик - ова со диверзификационото инвестирање е проверена формула кај секој стопан кој има малку повеќе волја, но воедно е свесен дека денес ништо не е сигурно ниту пак има трајна вредност. добри но далеку покрупни примери за ваквата каскадна бизнис стратегија кај нас се макпетрол, фершпед, силекс, зегин, орка, тинекс, зкп, стојменов, велија, бојо итн. овие се тип на локални концерни со мала можност да прераснат во големи фондови, a уште помалку да дотераат до трустови, сепак влијаат на целокупната клима на пазарот, а патем поозбилните речиси сите држат и некој медиум, директно или индиректно...

фактички земено реално малиот бизнис прераснува во среден исклучиво доколку се шири, обично се почнува пример со ланец ресторани или аптеки или маркети итн. кои во прво време се покриваат меѓусебно, а потоа доколку профитот дозволува отвараат пат за понатамошни инвестиции... штета што мал е бројот на сограѓани кои се вртат кон производството, обично тераат на услужни дејности или пак полуфабрикати т.е. суровини, ова особено е случај во земјоделието каде наместо земјоделецот да прерасне во ага, заради наемничкиот однос кон претприемачите живее како роб (пореално звучи предузимач, бидејќи навистина се земаат) вака станаа газди некогаш трифун костовски, ристо гуштеров, зоран зеленковски  преку грбот на општествениот капитал или денес свето јаневски, бојо андреевски...

~

поентата ми е секој може да крене глава или доколку има наследство, или пак доколку истерал издржан бизнис или ако има сигурен план со инвестициите! затоа не е паметно задолжување, доколку тоа и навистина е неопходно исклучиво со намена за стопански инвестиции (земено од фамилијарен аспект)! а земено од здравствен, безбедносен или егзибиционен аспект тогаш дури и непрофитно заборџување има своја очигледна исплатливост... 

затоа берете памет кога заглавувате со кредити! ризикот не секогаш е исплатлив, а последиците не секогаш минорни!



Edited by Max - 22-Sep-2009 at 16:52
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 21-Sep-2009 at 13:56


Се сложувам и мојот интерес за кредит се пројави за нешто на што јас гледам пред се како инвестиција која ќе ми се врати и ќе ми генерира приходи после исплатата а во нешто непродуктивно веројатно никогаш не би инвестирал со задолжување туку исклучиво колку што ми е долга чергата. 

На пример јас немам никакво разбирање за феноменот каде пола Македонија ги има заглавено картичките поради тоа што купувале повеќе облека по бутици отколку што реално може да си дозволат, или морале да одат на одмор во Грција по секоја цена или нешто слично.

Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3603
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 21-Sep-2009 at 15:01

зијанот начмиш ќе го плати  Bash  но споредено со другите земји сеуште сме скромни

кај нас рамнодушноста е резултат на опуштениот менталитет по тоа и се разликуваме од европа, таму пример се технократски расположени дури и во семејствата, па доколку финансиски или материјално некако некој заглавил и сам треба да се одглавува, додека кај нас функционира патријархалниот модел та секој се потпира на поширокото семејство штом заглави, па затоа и неретко се впушта во некоја авантура како предвремено купување стан или градење куќа... всушност одењето во крајности е константа кај нас, па така неретко имаа ситуации кога луѓе или цел живот живејат под кирија или цел живот отплаќаат кредити, а никој нејќе да мучне глава и да се распраша за некоја привремена комбинација на алтернативна градба, обично строго сме заглавени на цврста градба, небаре сите се во можност истата и да си ја дозволат, а и да можат зар не е попаметно најнапред нивата да биде плодна, апотем керамидите прередени!?!

а она за инвестиција во недвижности можеби е ок работа, земено долгорочно и опуштено, па наместо во банка парите ги држиш во стан или куќа, а во меѓувреме и ренташ, се додека не создадеш услови за бизнис... но јас претпочитам купување земјиште по ниски цени, односно инвестираш на места кои во моментов не се атрактивни, пример пред пет години цената на квадрат во припор беше 15 евра во зависност од местоположбата а сега е над 85 евра, за сопиште беше уште побагателна, а сега без куфер не се ни појавувај таму! во основа секој има различна идеја како да оплоди некој капитал, но што повеќе го имаш толку појќе и гајле му береш, затоа најдобро е производство бар знаеш дека она што го имаш и тебе и некому друг му носи аир, па макар станувало збор и за плетење кошници!

Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3603
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 29-Sep-2009 at 23:10

  мал куриозитет!

ЗА КРЕДИТ ВО СРБИЈА ПОТРЕБЕН Е ЛЕКАРСКИ ПРЕГЛЕД

Анализа на крвта, прегледи кај кардиолог и кај лекар по општа медицина од неодамна се составен дел од процедурата за добивање станбен кредит во некои банки во Србија.

Плаќањето животно осигурување при купувањето недвижности на кредит во Србија, за што се потребни овие специјалистички прегледи, се уште е несекојдневност, која полека станува и неминовност.

Според објаснувањата на банкарите и осигурителните компании, сето тоа е потребно за да можат клиентот и банката да бидат заштитени во случај на непредвидени околности.

За суми од над 70.000 евра клиентот мора да оди и на дополнителни прегледи - ултразвук на стомак, срце, ЕКГ на срце и бели дробови, ергометрија.

Бројот на специјалистичките прегледи зависи од староста на осигуреникот и висината на осигурителната сума. Пракса е осигурителната компанија да го закажува прегледот кој се извршува во текот на еден ден во ординациите со кои има склучено договор. Цената изнесува од 5.000 до 18.000 динари, зависно од бројот на специјалистичките прегледи. Трошокот оди на грбот на осигуреникот.

www.sitel.com.mk/?ItemID=CBF401F375562746AED06B2C13999C93

 

  балканизам!

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 03-Nov-2009 at 16:06

Паѓаат каматните стапки за станбени кредити





 

И покрај намалувањето на каматните стапки, граѓаните сметаат дека поволните кредити ќе останат и понатаму тешкодостапни за голем круг корисници поради строгите услови за обезбедување на кредитот и бараните гаранции во вид на хипотека или залог на обврзници, кои достигнуваат и до 300% од вредноста на кредитот

 
 
%20  
Ригорозната кредитна политика на банките, на која од поодамна се жалат граѓаните и бизнис-секторот, конечно попушта. Мразот го проби НЛБ Тутунска банка, која од вчера воведе нови кредитни продукти – нов станбен кредит, хипотекарен и автомобилски кредити во ЕУР-клаузула и ги намали каматните стапки на постојните станбени кредити за физички лица.

- Новиот станбен кредит е со фиксна каматна стапка од 6,9%, за првите три години на отплата, додека за остатокот од периодот каматната стапка е променлива и во моментот изнесува 8,5%. За станбениот кредит со 1,3 девизен депозит каматната стапка изнесува 5,9% - велат од Тутунска банка.

Каматните стапки кај автомобилските кредити со залог на возилото се движат од 6,5% до 9,5% за приматели на плата во Тутунска банка и од 7,5% до 10,5% за клиентите што не примаат плата во НЛБ Тутунска банка. Банката ги намали каматните стапки за 0,5% и на постојните станбени кредити одобрени од април до крајот на октомври оваа година.

Стопанска банка исто така нуди поволности за станбените кредити, како и попуст од 50% на трошоците на сите поднесени и одобрени барања до 25 ноември годинава.

- Гарантирана каматна стапка за првите 3 години изнесува 7,00% или за првата година 6,50% за клиенти што земаат плата преку Стопанска банка. Ниски месечни ануитети се резултат на долгите периоди на отплата до 30 години и ниска гарантирана каматна стапка - тврдат од Стопанска банка.

Износот на кредитот за оваа намена се движи од 3.300 до 150.000 евра.

Во Комерцијална банка се нудат наменски кредити за купување или изградба на недвижен имот (стан, куќа или деловен простор), при што се предвидува и можноста за грејс-период од 12 месеци. Номиналната каматна стапка, која може да биде променлива, изнесува 10,0%, додека годишната стапка на вкупни трошоци се движи од 10,56% до 10,60%.

- Врз висината на оваа стапка влијае рокот на враќање на кредитот, износот на кредит, надоместокот за одобрување и администрирање на кредитот, надоместокот за аплицирање и обработка и висината на номиналната каматна стапка - истакнуваат од Комерцијална банка.

Ригорозната кредитна политика на банките веќе подолго време се посочува како главна кочница за бизнис-секторот и граѓаните. Ова особено се однесува на станбената изградба и неможноста да се дојде до сопствен покрив над главата. Владата пред неколку месеци донесе одлука со која го намали ДДВ за станбена изградба од 18 на 5%, за да се стимулираат изградбата и продажбата на станови. Но, и покрај тоа, граѓаните се жалеа дека ефектите од оваа мерка не може да ги почувствуваат, токму поради високите каматни стапки и ригорозните услови на кредитирање. Од банкарскиот сектор ги отфрлаат ваквите тврдења нагласувајќи дека условите за кредитирање банката ги одредува во согласност со условите и состојбите на пазарот.

- Според каматните стапки, ние сме тука некаде со земјите од регионот. Единствено Србија излезе со некои поповолни кредити, но и таму условите се ригорозни, при што се бара и здравствена легитимација на барателот на кредитот за да се провери неговата здравствена состојба, односно дали е во можност да ги врати парите - дознаваме од доброупатени извори од банкарскиот сектор.

Од друга страна, и покрај олабавувањето на каматната политика, граѓаните стравуваат дека кредитите и понатаму ќе останат тешкодостапни за голем круг корисници поради строгите услови за обезбедување на кредитот и бараните гаранции. Кај различни банки ваквите обезбедувања, во вид на хипотека на недвижен имот, достигнуваат и до 250% од износот на кредитот или во залог на обврзници во вредност од 300% од износот на кредитот.
 
   
Автор: Александар С. Димковски

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1139103165&id=10&prilog=0&setIzdanie=21827
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 23-Mar-2010 at 22:42
БАНКИТЕ СО СЛАБА КОНКУРЕНЦИЈА
Становите на лизинг со двоен данок

Светлана Вукчевиќ

Стан на рати, освен на кредит, може да се купи и со лизинг, при што тој останува во сопственост на компанијата за лизинг се до неговата отплата. Но, поради двојните даноци што треба да се платат за лизингот на недвижен имот, купувањето е поскапо отколку со банкарски кредити и оваа услуга не заживеаја на пазарот. Тоа што е предност на лизингот, според компаниите што го даваат, е брзината на постапката и избегнување на долгите и скапи процедури за ставање хипотека, што е вообичаен услов при доделување банкарски станбен кредит. Сепак, тоа се слаби аргументи во однос на повисоката цена на ратите, која не може да се коригира и покрај апелите на компаниите за лизинг за измена на законот, кој предвидува купувачот на станот да плати и ДДВ и данок на промет, што не е случај во другите земји. Преку НЛБ лизинг оваа услуга може да се добие и за новоградби и за користен недвижен имот, но не и за стан во градба бидејќи се бара чист имотен лист. Минималното учество за добивање на лизингот е 30 проценти од вредноста на недвижниот имот, а рокот на отплата е ограничен на пет години. Надоместот, кој е соодветен на банкарските камати, според одговорните во оваа компанија за лизинг не може да се направи просечен бидејќи се договара поединечно, во зависност од периодот на отплата, од учеството и од други фактори. Симулацијата на банкарски кредит и на лизинг за стан вреден околу 60.000 евра покажува дека ратата кај лизингот е повисока за околу 20 евра, поради двојното оданочување, предвидено со Законот за лизинг. Бидејќи државата овие трансакции ги смета за промет на недвижен имот, купувачот на станот треба да плати и данок на промет, кој го одредуваат општините и се движи од три до пет проценти и ДДВ на сумата платена како надомест на ратите. Данокот на додадена вредност е голем трошок за граѓаните, додека, пак, фирмите имаат право на поврат. - До Министерството за финансии имаме доставено список на актуелни теми од доменот на тековното работење на компаниите за лизинг, но нема одговор. Меѓу другото, бараме да се создадат услови за развој на лизингот на недвижен имот. Главна пречка за развојот на овој бизнис е плаќањето ДДВ при прометот на недвижен имот - вели директорката на НЛБ лизинг, Маја Лапе - Трајкова. Таа го посочува примерот од Словенија, каде што лизингот на недвижен имот е поразвиен. Таму кога купопродажбата се врши меѓу граѓани не се плаќа ДДВ, туку данок на промет. Кога во трансакцијата се вклучени граѓанин и фирма се избира дали ќе се плати ДДВ или данок на промет, а кога купопродажбата се врши меѓу фирми се плаќа само ДДВ. Кај нас, поради двојните давачки лизингот на недвижен имот не се нуди активно и не може да биде конкуренција на банкарските кредити, како што е во развиените европски земји. Пресметките покажуваат дека ДДВ на каматите за стан од 60.000 евра е околу 13.000 евра, што е дополнителна давачка во однос на банкарскиот кредит. НЛБ лизинг веќе има склучено 10 договори за лизинг на недвижен имот. Лизингот, како финансиска услуга, кај нас е воведен пред 10 години, но се уште не е развиен бидејќи законската регулатива не е коригирана во правец на отстранување на пречките. Статистиката покажува пад на овој бизнис и во Европа. Порано, кога лизингот на недвижен имот бил многу актуелен, опфаќал 30 проценти од портфељот на фирмите, а сега е сведен на 22 до 23 проценти, што, сепак, е многу повеќе отколку кај нас.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1976&ArticleID=136980
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 24-Jun-2010 at 22:03
Станбениот кредит кај нас е тројно поскап отколку во Германија
 
Добар пример дека членството во ЕУ не значи автоматско приспособување на европските стандарди е Бугарија, која иако е членка на Европската Унија има највисоки камати на станбените кредити во споредба со сите останати земји од регионов  
 
%20  

Македонските граѓани се принудени да плаќаат два-три пати поголеми камати за станбени кредити и за кредити за набавка на автомобил, во споредба со жителите на европските земји, како што се Словенија или Германија. Споредбите на цените на кредитите во земјите од регионов покажуваат дека со мали разлики, граѓаните на нашата земја и жителите на Србија, Црна Гора, Бугарија, Романија и на другите земји од Југоисточна Европа плаќаат приближно исти камати.

Неодамнешното истражување на српскиот портал „Каматице“ покажува дека Србија има најскапи готовински кредити во регионот, а Босна и Херцеговина има најскапи потрошувачки кредити. Интересно е што граѓаните на Македонија, како и на повеќето земји од регионот, за станбен кредит плаќаат трипати поголеми камати отколку граѓаните на Германија, или двапати поголеми камати во споредба со жителите на Словенија. Добар пример дека членството во ЕУ не значи автоматско приспособување на европските стандарди е Бугарија, која иако е членка на Европската Унија има највисоки камати на станбените кредити во споредба со сите останати земји од регионов.

Во однос на транспарентноста за цената на кредитите, српските и хрватските банки се најтранспарентни кога станува збор за прикажување на вистинската цена на кредитите, односно покрај каматите во договорите ги наведуваат и сите дополнителни трошоци.

Истражувањето покажало дека економската криза дополнително го зголемила јазот меѓу цената на капиталот во високоразвиените европски земји и земјите од Југоисточна Европа. Имено, откако кризата предизвика недостиг од свежи пари на пазарите, повеќето развиени земји и нивните централни банки се обидоа преку намалување на референтните каматни стапки да спречат појава на неликвидност и намалување на кредитната активност кај комерцијалните банки. Покрај тоа, странските влади обезбедија и директна финансиска помош за банките, како и стимулирање на кредитирањето со разни субвенции.

Од друга страна, во помалку развиените земји дојде до покачување на референтните каматни стапки, со што монетарните власти се обидоа да го задржат капиталот на тој начин што им овозможија на банките да остваруваат високи приноси од инвестирање во безризични хартии од вредност. Меѓутоа, оваа политика на претпазливост доведе до воздржаност на банките и намалување на кредитирањето, како и до пораст на цената на кредитите. Овие разлики во политиката на монетарните власти во развиените земји и во земјите од регионов придонесоа уште повеќе да се зголеми разликата меѓу цената на кредитите во ЈИЕ и останатиот дел од Европа.


 Македонија
Каматни стапки на станбени, готовински и на потрошувачки кредити за набавка на автомобил/во %
   станбен  за автомобил  готовински
       
 Хрватска  7,2  11,2  14,6
 БиХ  9,9  13,5  16,9
 9,7  13  16,7
 Црна Гора  9,2  13,4  17,3
 Романија  8,2  12,9  16,1
 Бугарија  10,1  12,8  /
 Словенија  3,9  7,5  /
 Германија  3,2  5,4  /
 Србија  8,3  13,4  17,6
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=624101011564&id=9&setIzdanie=22016

Edited by Cloverstack - 24-Jun-2010 at 22:04
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 24-Jun-2010 at 22:43
Знам за едно дете што замина Шведска, подигна кредит и отвори ресторан. По некое време, пропушти да плати една рата од кредитот бидејќи не одеше бизнисот, по што банката веднаш му пушти два финансиски советници за да го разработи ресторанчето, по што целосно се крена на нозе, и го врати цел кредит. Ова нормално е еден од милиони примери.

Кај нас такво нешто го гледаат како непотребен трошок, кога и онака може да ти пушти извршител да ти ја земе куќата. Thumbs%20Down А и ќе си платиш за извршителот!

А ова за скриените трошоци, немам коментар. Да се само банките кај нас што го прават тоа...
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 06-Aug-2010 at 19:37
Уни банка нуди станбени кредити со камата од 7,9 отсто
 
Хипотекарни и станбени кредити за физички лица со каматна стапка 7,9 отсто на годишно ниво и без административни трошоци ќе им понуди Уни банка на македонските граѓани. Оттаму соопштија дека пласирале кредитна линија од 6,5 милиони евра за хипотекарни и станбени кредити за физички лица  

 
%20  
- Целта на овој поволен кредит со атрактивна каматна стапка е да им овозможи на клиентите да ги реализираат своите потреби и желби, купување стан или куќа, реновирање, доградба, адаптација, рефинансирање на постојни обврски во другите банки, со што ќе ги намалат своите месечни расходи – велат во банката.

Оттаму информираат дека промотивниот период за овие кредитни услови со брз рок на исплата на парите и долги рокови на отплата до 25 години е до 30 септември.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=8610951479&id=10&prilog=0&setIzdanie=22052

Edited by Cloverstack - 06-Aug-2010 at 19:38
Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1171
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 06-Aug-2010 at 22:31
Originally posted by гитардемон

Знам за едно дете што замина Шведска, подигна кредит и отвори ресторан. По некое време, пропушти да плати една рата од кредитот бидејќи не одеше бизнисот, по што банката веднаш му пушти два финансиски советници за да го разработи ресторанчето, по што целосно се крена на нозе, и го врати цел кредит. Ова нормално е еден од милиони примери.

Кај нас такво нешто го гледаат како непотребен трошок, кога и онака може да ти пушти извршител да ти ја земе куќата. Thumbs%20Down А и ќе си платиш за извршителот!

А ова за скриените трошоци, немам коментар. Да се само банките кај нас што го прават тоа...

За она дете што отворило во Шведска ресторан па му пуштила банката финансиски советници да го советуваат да работи хмммм........ Ја боли банката нејзиниот газ а не газот на тоа дете,ако такво нешто е напраено тоа е само од интерес, затоа што банката ќе изгуби тука некој пари... Мислам вакви кредите не постојат има хипотека има жиранти залог и што не и по мене банките во 90% од случаевите сакаат да ги активираат хипотеките, а сега најново бизнис партнери и се владите на малите земји ги задолжуваат до гуша и еден ден ќе управуваат со таквите држави
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 12-Aug-2010 at 21:31
Па јасно дека, тоа сакав и да кажам. Кај нас се глупави и активираат веднаш хипотеки, кои после ги продаваат по глупави цени, наместо да успеат ем да му помогнат на индивидуата, ем да ќарат од каматите (кои се многу подобра варијанта за банката отколку веднаш да си ја добие главнината).
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 24-Sep-2010 at 14:52

Стан под кирија или цел живот кредити

Работниот век поминува под стрес да се плаќаат ратите, но сатисфакцијата е што станот ќе остане во ваши раце

Соња Маџовска


Што е поисплатливо - да се купи стан на кредит или да се живее под кирија. Велат, кешот е закон, ама кај нас се ретки оние што можат да си го дозволат тоа задоволство, односно да купат стан во готово и да спијат мирно, без стресови секој први во месецот кога треба да се исплати ратата.

Македонските граѓани, главно, живеат на кредит. Дебел минус на дебитните, а уште поголем е оној на кредитните картички, кола на кредит, ама кредитот за стан е убедливо најстрашен. Сепак, и покрај стресот, 90 отсто од становите се купуваат на кредит.

„Подобро е да купам стан на кредит со висока камата и да го отплаќам и 30 години, ама барем знам дека еден ден тој ќе биде мој отколку да плаќам кирија. Така парите ќе одат во ветер, а и по 30 години плаќање месечна кирија во просек од по 200 евра, на крајот пак ќе немам ништо свое“, вели еден скопјанец. Како него размислуваат најголемиот број од нашите граѓани, кои заглавуваат со кредити до гуша за да имаат свој покрив над глава.

Решавањето на станбеното прашање е еден од најтешките проблеми, особено за младите брачни двојки. Секој сака да дојде до свој покрив над глава, но прашањето е што е наједноставно и најисплатливо. Младите најчесто се решаваат да купат стан на кредит, но само доколку им помогнат родителите со пари за учество, па останатото го плаќаат сами од нивните скромни плати.

Според пресметките што ни ги дадоа банките и Агенциите за недвижности, најмногу се бараат станови до 60 квадратни метри, по цена од 1.000 евра за квадрат, за кој треба да се платат вкупно 60.000 евра. Банкарите велат дека во овој случај најисплатлива варијанта е пола-пола, односно 30.000 евра да се платат во кеш, а за 30.000 евра да се земе кредит. Од Стопанска банка, каде што речиси секој втор има земено станбен кредит, велат дека најчесто станбените кредити се земаат со учество, бидејќи ретко некој е до толку кредитоспособен за да земе кредит за целиот износ на чинење на станот. Во оваа банка ни направија пресметка за купување стан, кој чини 60.000 евра, со учество од 20.000 евра, а кредит од 40.000 евра. Номиналната годишна каматна стапка е 6,5 отсто фиксна за првата година, а е променлива за останатиот период, но во моментов е 7,4 отсто. Ако отплатата е на 30 години, месечната рата во првата година ќе изнесува 252 евра, а потоа 277 евра во следните 29 години со сегашното ниво на камати. Вкупните потребни месечни примања на кредитобарателот и кокредитобарателите треба да изнесуваат 903 евра, или 55.531 денари.

За 30 години, за кредитот од 40.000 евра, клиентот ќе и' плати на банката 99.420 евра. Но, ако се земе и учеството од 20.000 евра, тогаш овој стан чини вкупно 119.420 евра.

Искуството на Агенциите за недвижности потврдува дека оние што имаат пари за учество, околу 30 отсто од цената на станот, и се кредитоспособни најчесто се решаваат да купат стан, додека оние што немаат ниту пари за учество ниту се кредитспособни, немаат друг избор освен да одат под кирија.

Месечната кирија за истиот стан од 60 квадрати чини 200 евра доколку станот е ненаместен. За овој стан кираџијата за 30 години ќе плати вкупно 72.000 евра доколку во меѓувреме не се зголемат кириите.

Според овие наши пресметки, излегува дека разликата меѓу купен и изнајмен стан е 47.420 евра, односно толку ќе платите помалку ако 30 години живеете под кирија, наместо да купите стан на кредит што би го плаќале, исто така, 30 години. Но, да нема забуни, станот под кирија ќе му остане на газдата, кој добро се збогатил од вашите пари, а оној што вие ќе си го купите, останува ваш или на вашите деца.

Од Агенциите за недвижности велат дека оној што има пари купува, а оној што нема живее под кирија. „При купувањето или изнајмувањето стан влијаат повеќе фактори. Локацијата, дали зградата е нова или стара. При изнајмување, на пример, важно е и дали станот е наместен и со каков мебел или е празен. За 60 квадратни метри стан кириите се движат меѓу 200 и 350 евра. Празен стан може да се најде и за 150 евра. Додека при купување нов стан, најважно е дали клиентот има 30 отсто да даде учество од цената на чинење и дали е кредитоспособен за останатиот дел од доплатата“, објаснуваат од Агенцијата за недвижности „Асторија“, додавајќи дека најбарани се малите станови.

Оттаму велат дека во овој период, сепак, повеќе се бараат станови за изнајмување, додека за продажбата интересот е помал.

Македонските граѓани велат дека повеќе би оделе на варијантата на купување стан отколку под кирија, но проблем се каматите. Тие постојано се жалат дека кај нас каматите се превисоки и затоа отплатата е долга и стресна.

Каматите за станбените кредити во домашните банки се движат околу 8 отсто, во Словенија тие се движат околу 4 проценти, во Хрватска до 7 проценти, во Германија малку над 3 отсто. Повисоки камати од нас имаат Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора. (С.М.)

Цената на становите се зголемила за 50 отсто

Истражувањето на Народна банка на Македонија покажа дека вредноста на становите во Македонија од 2000 до 2007 година пораснала за безмалку 50 отсто. Оваа анализа за првпат во Македонија дава индекс на цените на становите, според кој можат да се издвојат неколку тренда во движењето на нивната цена во периодот 2000-2007 година. Имено, во земјава има нагли промени на цената и на рентите, кои најмногу зависат од понудата и од побарувачката на станови. „Периодот од 2000 до крајот на 2003 година се карактеризира со силен пораст на цената, во просек од околу 10 отсто годишно. Во овој период становите поскапеле за околу 46 отсто. Исклучок од генералниот тренд за овој период претставува 2001 година кога цената бележи стагнација. Во периодот од 2004 година до крајот на 2006 година, цената на становите, главно, стагнира, со благ надолен тренд, при што тие на крајот од 2006 година биле поевтини за околу 9 отсто од крајот на 2003 година“, се вели во анализата на НБМ. Анализата покажува дека во 2007 година цената повторно забележала силен пораст, така што на крајот од годината, во однос на крајот на 2006 година, тие биле поскапи за околу 11 отсто. (Ек.Р.)
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=B4C83C0C6A107F478641A13A9E0AA32A
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 02-Feb-2011 at 20:02

Ист кредит не чини 40.000 евра повеќе отколку Словенците

За станбен кредит од 100 илјади евра со рок на отплата од 20 години, ако сте граѓанин на Словенија, ќе платите од 35 до 40 илјади евра помалку отколку во Македонија, и тоа од истата банка. Како причина за големите разлики експертите го посочуваат ризикот што банките го пресметуваат како цена на капиталот во нестабилните економии

Македонските граѓани за станбен кредит плаќаат двојно повеќе од жителите на Словенија. За станбен кредит од 100 илјади евра со рок на отплата од 20 години, ако сте граѓанин на Словенија, ќе платите од 35 до 40 илјади евра помалку отколку во Македонија, и тоа од истата банка. Како причина за големите разлики експертите го посочуваат ризикот што банките го пресметуваат како цена на капиталот во нестабилните економии. Ако на ова се додаде и големата разлика во стандардот и просечната плата, се добива впечаток дека е вистината изреката оти сиромашниот секогаш плаќа двојно.

Лицата што ќе се решат да земат станбен кредит од Нова љубљанска банка во Словенија од 100 илјади евра, кој е со каматна стапка од 3,64 отсто на годишно ниво, по 20 години ќе вратат вкупно 141 илјада евра. Во Македонија, НЛБ Тутунска банка го нуди истиот станбен кредит од 100 илјади евра на рок на отплата од 20 години со каматна стапка од 6,5 отсто на годишно ниво по најповолните можни услови ако се исполнети најстрогите критериуми на банката. Со оваа каматна стапка, без да се земат предвид дополнителните трошоци и провизии, на крајот македонските граѓани ќе платат вкупно околу 178 илјади евра. Ако се земе предвид дека каматната стапка е фиксна само во првите неколку години, цената на кредитот е променлива и зависи од промената на монетарната политика на земјата. Другите две од трите најголеми домашни банки го нудат истиот кредит со слична каматна стапка. Разликата во некои случаи, кога, на пример, не постои осигурување на кредитот со хипотека, е уште поголема и каматата достигнува до 8 отсто на годишно ниво. Тогаш македонските граѓани би платиле и до 60 илјади евра повеќе за истиот кредит отколку жителите на Словенија.

Според професорот на Универзитетот на Југоисточна Европа Мирољуб Шукаров, причината за ваквите големи разлики дефинитивно е ризикот.

- Всушност, од тој аспект не може воопшто да се споредуваат Словенија и Македонија. Тие се нормална економија, а кај нас владее голема монополизираност на пазарот. Постои голема побарувачка за кредити, а понудата е мала, со што се создава вештачки недостиг. Автоматски цените се покачуваат ако е побарувачката поголема и затоа имаме високи кредитни стапки, а низок стандард - вели Шукаров. Тој објаснува оти ваквата ситуација потекнува од високите трошоци на банките за кредитирање.

- Поради монополизираноста, нема потреба од преструктурирање на банките и намалување на нивните трошоци - дециден е тој.

Македонија и Словенија имаат речиси еднаков број жители и иста територија, но разликите се огромни кај просечната плата, домашниот бруто-производ на жител и стандардот во целина. Според словенечкото Биро за статистика, во ноември минатата година просечната плата изнесувала 1.634 евра, а во Македонија во истиот период - 335 евра. Домашниот бруто-производ на жител во Словенија е 28.118 американски долари, а во Македонија околу 3.500 американски долари на жител. И покрај ваквите бројки, во Македонија се плаќа двојно повисока каматна стапка за станбените кредити.

Професорот Шукаров објаснува дека разликата ја зголемува ризикот, кој е пресметан преку нестабилноста на економско-социјалниот систем, несигурноста на инвестициите, слабиот правен систем и нерешените политички прашања.

- Голем процент од нашиот домашен бруто-производ се гради како резултат на дознаките од странство, што е карактеристика на најсиромашните земји во светот. Штом наши граѓани заминале на печалба во странство, а дел од заработката ја праќаат дома, тоа значи дека не заминале доброволно, туку маката ги натерала на тоа - вели професорот. Според него, друг проблем е што во Македонија доминира домашната потрошувачка, која опфаќа 90 отсто од БДП.

Според социологот Илија Ацевски, ние не сме многу ризична земја во тој поглед, но банките го злоупотребуваат моментот за свој профит.

- Македонија во својата историја од 1945 година наваму никогаш немала промислена станбена политика. Ниту во времето на социјализмот ниту во време на пазарна економија и капитализам. Тука државата, преку монетарните и фискалните власти треба да покаже јасна стратегија и визија за заштита на интересите на своите граѓани. Треба да се направи чекор во тој поглед и да се влијае на намалување на каматните стапки - вели Ацевски.

Горан Ризаов

 

Каматата во еврозоната 2,8 отсто

Просечната каматна стапка на станбените кредити во октомври 2010 година според податоците на Европската централна банка, во еврозоната изнесувала 2,81 отсто.

По земји, просечната камата на станбените кредити во Италија била 2,52 отсто, во Австрија 2,7 отсто, во Финска 2,11 отсто, во Португалија 2,8 отсто, во Ирска 2,95 отсто, во Шпанија 2,56 отсто, Белгија 3,04 отсто, Германија 3,42 отсто, Грција 3,67 отсто, Холандија 3,56 отсто, Словенија 3,35 отсто и во Словачка 4,68 отсто.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=224BD0171E4950459CC20F45E71B7AD8
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 03-Mar-2011 at 14:17

Шпаркасе со 6,5 отсто за станбен кредит

Шпаркасе банка учествува на Саемот на градежништво и сака одблиску да ги запознае градежниците со можностите за финансирање. Во таа насока оваа банка на Саемот го промовира и новиот станбен кредит со 6,5 отсто камата и грејс-период од една година.

Првиот човек на Шпаркасе, Срѓан Крстиќ, вели дека тие при понудата на кредити тргнуваат од ставот дека секој бизнис, секој претприемач има своја специфика во работењето. Оваа банка го промовира и новиот станбен кредит со 6,5 отсто камата и грејс-период од една година. „Финансирањето инвестиции во градежништвото во делот на станбената изградба и изградбата на деловен простор, банката го врши од фазата на подготовка на потребната документација и дозволи, па се' до неговото ставање во функција.

Финансирањето се врши по реализирани ситуации со што градежната фирма не ја оптоваруваме со камати на неискористени средства. Она што е посебно атрактивно за градежните компании е дека како залог ја земаме вредноста на идната градба. Во процесот на градбата им даваме дополнителна поддршка на градежните компании со финансирање на нивните крајни купувачи со максимално поволни станбени кредити, меѓу кои е и најновата понуда за станбени кредити со каматни стапки од 6,5 отсто и грејс-период од 12 месеци“, вели Крстиќ. (Ек.Р.)


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=403B6BC92BDDB8419C4A03F5C20CD158
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  12>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.