build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Станбени кредити

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3622
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 01-Apr-2011 at 23:16

ШПАРКАСЕ БАНКА ГО ПРОШИРУВА СВОЕТО КРЕДИТНО ПОРТФОЛИО


Нов станбен кредит и ненаменски потрошувачки кредит

Кредитот е со 12 месеци грејс-период и ниска каматна стапка. Станбениот кредит е со каматна стапка од 6,5 проценти на годишно ниво, додека ненаменскиот кредит е во износ до 500 евра и камата од 8,5 отсто годишно


Шпаркасе банка Македонија на пазарот излезе со два нови исклучително атрактивни производи наменети за граѓаните. Се работи за новиот станбен кредит и ненаменски потрошувачки кредит што може да се користи за реновирање и опремување стан, во пакет понуда ГРЕЈС 2. Новите кредити се со една година грејс-период.
- Во текот на овие месеци, граѓаните се ослободени од отплаќање на главнината на кредитот и можат поефикасно да го искористат и времето и средствата за опремување на својот стан - велат од Шпаркасе банка.

Станбениот кредит ГРЕЈС 2 е со една од најниските каматни стапки во висина од 6,5 отсто годишна променлива каматна стапка, со максимален рок на отплата од 30 години. Во зависност од тоа дали кредитниот износ е под или над 40.000 евра, провизијата за одобрување е 1,5 или 1 отсто. За обезбедување на кредитот постојат повеќе можности за кои граѓаните можат да се информираат во 32-те експозитури на банката. Станбениот кредит ГРЕЈС 2 може да се користи по истите услови и без ненаменскиот потрошувачки кредит.

Овој ненаменски потрошувачки кредит од пакетот ГРЕЈС 2 е во висина до 5.000 евра, со променлива годишна каматна стапка од 8,5 отсто и рок на отплата до седум години.
Со пакетот ГРЕЈС 2 Шпаркасе банка Македонија одобрува и виза кредитна картичка на корисниците на кредитот, со кредитен лимит во висина до две плати, повторно во насока на поголема финансиска поддршка за клиентите на банката.

Оваа понуда граѓаните имаат можност да ја искористат до 25 мај оваа година, со можност рокот да биде продолжен. Од банката потенцираат дека новите поволни кредити се во насока на зголемување на конкурентноста на производите на пазарот, а пред се за поттикнување и олеснување на финансирањето на потребите на граѓаните.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=8779373A63C19C4B8F674B5F8A28B9CB
Back to Top
build.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 216
  Quote build.mk Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 08-Aug-2011 at 19:45
Државниот буџет ќе помага при купување на стан и изградба на куќа

Со буџетски средства ќе се субвенционираат станбени кредити со максимален износ до 50.000 евра за станови чија цена не надминува 900 евра (со пресметан ДДВ) за квадратен метар корисна површина. Овие критериуми се само дел од Предлог – законот за субвенционирање на станбени кредити кој го усвои Владата на Р.М., а кој наскоро се очекува да се најде на дневен ред во Собранието. Министерството за финансии изготви посебна интернет – страница на која граѓаните можат да се информираат за проектот за субвенционирање на половина од месечната рата од станбен кредит за првите 5 години од отплатата на кредитот и за проектот кој овозможува државата да плати 50% од учеството во кредитот за купување стан односно изградба на куќа.

Предлог – законот во однос на субвенционирањето на половина од месечната рата се однесува на кредити со максимален износ до 50.000 евра со рок на враќање подолг од 20 години, при што каматата во првите 3 години не смее да биде поголема од 4,99% годишно, а продажната цена на станот не смее да надминува 900 евра за квадратен метар. Граѓаните кои ќе се одлучат за оваа опција нема да треба да ги враќаат средствата за субвенционирање на пола – пола рата, односно по завршувањето на периодот во кој државата плаќа половина од ратата на станбениот кредит, корисникот нема обврска истите да ги врати.

Втората можност е државата да плати 50% од учеството во кредитот за купување стан односно изградба на куќа. Предлогот предвидува максималниот износ на кредитот за купување на стан или изградба на куќа да биде до 50.000 евра и да се субвенционира половина од учеството на кредитот кое не смее да надминува 25% од кредитот за целата недвижност, а останатите 50% од учеството во кредитот треба да ги обезбеди корисникот на истиот. Условите обврзуваат рокот на отплата да биде подолг од 20 години, при што продажната цена на становите не смее да надминува 900 евра (со пресметан ДДВ) за квадратен метар, а граѓаните ќе треба да ги вратат парите од државниот буџет по 20 години, без камата, на 5 еднакви годишни рати.

Според објавениот материјал на официјалната веб – страница, граѓаните ќе треба да задоволат неколку критериуми доколку сакаат да добијат поткрепа од буџетот. Заинтересираните лица заедно со брачниот другар не треба да имаат во сопственост стан или куќа или пак ќе треба да го продадат единствениот стан односно куќа за да купат поголем за потребите на сопствено домување, не треба да заработуваат заедно повеќе од 900 евра месечно и не смеат да имаат подигнато друг станбен кредит. Условите предвидуваат недвижностите да се купуваат како новоградби, директно од инвеститорот или од изведувачот на станбениот објект.

Владата предвидела и ограничувања за сите физички лица кои ќе купат стан со државна помош, па така забрането е давање на недвижноста под закуп, забрането е отуѓување на станот, односно куќата во првите 5 години од неговата отплата, а граѓаните не смеат ниту да ја оптоваруваат купената недвижност со хипотека. Предлог – законот за субвенционирање на станбени кредити е предвидено да почне да се применува од 1 јануари 2012 година, а претходно истиот треба да помине низ собраниските комисии и на гласање во Парламентот.


Бојан Блажевски

http://www.build.mk/?p=9057
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3622
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 10-Aug-2011 at 12:49

Банките ќе ги олабават условите за станбен кредит?!

Соња Јованова
Банките%20ќе%20ги%20олабават%20условите%20за%20станбен%20кредит?!

Владата ќе почне преговори со деловните банки за каматните стапки на станбените кредити кои ќе ги субвенционира државата, кои треба да почнат да се делат од 1. јануари идната година. “Капитал“ дознава дека банкарите веќе подготвуваат нови, порелаксирани услови за станбени кредити. Допрва ќе се утврди каматата, колку лица ќе добијат помош за купување стан и кои ќе бидат финансиските импликации врз семејните и врз државниот буџет

Проектот на Владата за полесно купување стан ги натера банките да размислат за олеснување на условите за давање станбени кредити. Според информациите на “Капитал“, банкарите веќе подготвуваат нови, порелаксирани услови за станбени кредити, но кога ќе се случи тоа и дали ќе поевтинат кредитите уште не се знае. Допрва ќе се утврди каматата, колку лица ќе добијат помош за купување стан и кои ќе бидат финансиските импликации врз семејните и врз државниот буџет.

Врз основа на достапните информации од владината одлука и од сегашните услови што ги нудат банките за купување стан на кредит “Капитал“ направи симулација на неколку начини и на трошоците кои ги повлекуваат за купување стан на кредит.

Во моментов условите на пазарот се следните: за да може да земете кредит од банка потребно е да имате некаква недвижност што ќе ја ставите под хипотека и да сте во редовен работен однос со одредени просечни месечни примања. Каматните стапки на станбените кредити се движат од 6% до 10%, но со променлива каматна стапка по три години, до кога се применува фиксна каматна стапка.

ШТО ПОКАЖУВААТ СИМУЛАЦИИТЕ НА “КАПИТАЛ“

Иако е тешко да се одреди колаква ќе биде ратата што ќе треба да ја плати кредитобарателот поради тоа што може да се плати различна висина на учеството, а и временскиот период за отплата на кредитот може да биде различен, “Капитал“ направи груби пресметки колку ќе плаќа државата, а колку корисникот на станот.

МОДЕЛ 1: ПОЛА-ПОЛА РАТА ЗА КРЕДИТ

За купување стан од 50 метри квадратни во Скопје по цена од 900 евра за метар квадратен, на кредит од 20 години, со камата од 6,22%, потребни се 45.000 евра.

Според предлог-законот за субвенционирање на станбени кредити, државата ќе плаќа половина од месечната рата на кредитот во првите пет години од неговата отплата, но само доколку каматата на кредитот изнесува најмногу 4,99% годишно во првите три години. Ако каматата е повисока корисникот на кредитот го плаќа износот над субвенционираната камата од сопствени средства. Во тој случај, според нашата симулација, за кредит од 30.000 евра со камата од 4,99% и рок на отплата од 20 години месечната рата на корисникот изнесува 197,82 евра. Во првите пет години корисникот ќе плаќа рата од 98,91 евра, а останатите ќе ги плаќа државата. Но, бидејќи деловните банки немаат пониска камата на станбените кредити од 6% и се уште нема најава за нејзино намалување, направивме нова симулација. За станбен кредит од 30.000 евра со камата од 6,22% корисникот на кредитот, освен 98,91 евра, ќе плаќа плус 120 евра за разликата во каматата од 4,99% до 6,22%.

Според предлог-законот, корисниците на субвенциониран кредит ќе се бираат по електронски пат, а предност ќе имаат тие што ќе треба да плаќаат помала месечна рата и што ќе имаат побарување за помал станбен кредит.

МОДЕЛ 2: УЧЕСТВО НА ДРЖАВАТА ОД 50%

Вториот проект на Владата предвидува државата да покрие половина од сумата што треба да ја уплати како учество корисникот на кредит. Во овој случај за кредит од 30.000 евра и учество од 25% кредитобарателот ќе треба да уплати 3.750 евра како учество, а уште толку ќе плати државата.

Идејата преку стимулирање на станбената изградба да им се помогне на граѓаните и на градежните компании е позитивно оценета од сите засегнати страни.

Допрва треба да се види дали владините проекти реално ќе им помогнат на семејствата со пониски примања да дојдат до сопствено живеалиште и колку од нив ќе добијат ваква привилегија. Според министерот за финансии, Зоран Ставрески, целта е парите да стигнат до тие што првпат го решаваат станбеното прашање, односно средната и пониската класа граѓани да изградат куќа или да купат стан.

Што се однесува до градежните компании, тие се уште стојат на ставот дека владините проекти нема да ја намалат цената на становите и дека за реализација на проектите најдобра варијанта е становите да ги гради Јавното станбено претпријатие, а не приватните фирми. Тие сметаат дека ниту една градежна компанија не сака да биде уценувана за да ја намали цената на становите.

Никола Велковски, претседател на Здружението на градежни компании при Стопанската комора, вели дека за одредување на цената на становите воопшто не е важно дали плаќа државата или приватно лице.

“Во Скопје не може да се најде стан со цена 900 евра по квадратен метар со платен ДДВ, освен на периферијата. Во другите градови, секако, становите се поевтини, но прашање е колку таму се гради и колку има интерес кај граѓаните да живеат во стан“, објаснува Велковски.

ПРЕДЛОГ-ЗАКОН ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА СТАНБЕНИ КРЕДИТИ:

ќе се применува од 1 јануари 2012 година;

предност за добивање субвенциониран кредит ќе имаат граѓаните со пониски примања и со барање за помала сума станбен кредит;

пред да аплицира за субвенциониран кредит кредитобарателот мора да има одобрение од банката за подигнување станбен кредит;

ако кредитобарателот не го отплаќа кредитот или го продаде станот во тек на отплатата на кредитот банката го прогласува за достасан кредитот и парите уплатени за субвенцнионирање на кредитот е должна да ги префрли на сметка на Министерството за финансии;

УСЛОВИ ПО ДОБИВАЊЕ СУБВЕНЦИОНИРАН КРЕДИТ:

субвенционираниот стан не смее да се издава под закуп;

не смее дополнително да се оптoварува со хипотека;

не смее да се продава станот во првите пет години од неговата отплата.

http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/72076/bankite_kje_gi_olabavat_uslovite_za_stanben_kredit_!.aspx?iId=2304
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11798
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 01-Oct-2011 at 01:07

Ќе има помош за купување стан, не се знаат банките

Во Финансии велат дека со банките веќе е постигнат начелен договор, а проектот сигурно ќе стартува од 1 јануари идната година

Нина Нинеска-Фиданоска


На три месеци пред стартот на проектот „Купи куќа, купи стан“, се' уште нема прецизни информации кои од домашните комерцијални банки ќе учествуваат во неговата реализација. Начелен договор со банките е постигнат, но нема сознанија дали Министерството за финансии ги прифати барањата на банкарите со кои тие настапија во преговорите. Како што е познато, откако Владата го најави овој проект, се отворија неколку нејаснотии, за кои банките сакаа да се расчистат пред да се изготви конечната верзија. Тие бараа државата да покрива и дел од каматата, покрај субвенционирањето на ратите и учеството од кредитот, за да може да се постигне предвидената ниска стапка од 4,99 проценти. Банкарите инсистираа да имаат и поголеми гаранции во случај ако корисникот на кредитот „затаи“ со отплатата на ратите. 

Од Министерството за финансии вчера за „Утрински“ изјавија дека со банките веќе бил постигнат начелен договор, како и дека граѓаните навреме ќе биле информирани каде да се обратат за кредитите. Банкарите, пак, велат дека го поздравуваат проектот, но дел од нив се' уште не можат со сигурност да кажат дали ќе учествуваат во оваа „акција“.

„Постигнат е начелен договор со банките. Проектот ќе започне да се реализира, како што е најавено, од први јануари 2012 година. Граѓаните навреме ќе бидат информирани за тоа каде и како да аплицираат за кредитите“, ни изјавија вчера кусо од финансии, иако се интересиравме за повеќе детали во врска со преговорите. 

Во Комерцијална банка се' уште не можат да прецизираат дали ќе учествуваат во проектот. „Во изминатите месеци Комерцијална банка активно учествуваше во разговорите меѓу претставници на банките и Министерството за финансии, за конечното оформување на текстот на Законот. Претставници на банката учествуваа и во работните групи, кои на техничко ниво работеа во рамки на Здружението за банкарство на овој проект. Иако банката ја поддржува идејата за овој вид кредити, во моментов се' уште не можеме да се произнесеме дали ќе учествуваме во овој вид финансирање“, објаснуваат во Комерцијална банка. 

Во Стопанска банка велат дека и тие се вклучени во разговорите што се водат меѓу банкарите и министерството за финансии. „Стопанска банка, како банка која стои зад секој трет станбен кредит во Македонија, максимално придонесува кон развојот на новите кредитни производи. Во таа смисла, банката, во соработка со останатите комерцијални банки, е вклучена во прилагодување на производот. Сите детали поврзани со проектот ќе ги објави Владата штом тој ќе биде целосно формулиран. Стопанска банка поддржува квалитетни иницијативи кои придонесуваат да се зголеми кредитната активност на граѓаните и компаниите“, објаснуваат во оваа банка. 

И во НЛБ Тутунска банка сметаат дека е одлична иницијативата за зголемување на станбеното кредитирање. „Иницијативата е одлична и добредојдена. Ние сме вклучени во заедничко осмислување на концептот од самиот почеток“, вели Ѓорги Јанчевски, прв човек на НЛБ Тутунска банка. Според она како е замислен проектот, каматната маржа за банките ќе биде минимална. Но, Јанчевски нагласува дека за НЛБ Тутунска банка проектот има пошироко општествено значење, бидејќи со него ќе им се помогне на граѓаните со пониски примања, а особено на младите луѓе и брачни парови, да дојдат до покрив над главата и полесно да се одлучат да формираат семејства. „Овој проект со себе повлекува дополнителни позитивни ефекти за градежните претпријатија, за индустријата на мебел, за производството и продажбата на покуќнина и за сите индустриски и услужни гранки кои се поврзани со домувањето“, објаснува Јанчевски. 

Како што е познато, едно од барањата на банкарите беше Владата да покрива и дел од каматата, доколку сака таа да биде на планираното ниско ниво од 4,99 отсто, која мора да се одржува во првите три години. Поточно, покрај субвенционирањето на ратите и на учеството за кредитите, државата да партиципира со еден дел и во каматата, затоа што банките немаат толку евтини извори на финансирање.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=126B64A6DE98A34C935E102FE75C9361
Back to Top
build.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 216
  Quote build.mk Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 12-Dec-2011 at 00:56
„Купи куќа, купи стан“ ќе стартува кон крајот на јануари


#


Македонските граѓани ќе можат да ги поднесат првите барања за владиниот проект „Купи куќа, купи стан“ уште кон крајот на јануари 2012 година, а до крајот на март 2012 година се очекува да започне потпишувањето на првите договори за финансирање на станбените кредити. Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, во денешната изјава за новинарите ги напомена првичните очекувања на Владата на Р.М. од предвидениот проект. „Нашите очекувања се дека ќе бидат одобрени меѓу 1.500 до 2.000 барања со засега предвидените средства од Буџетот. Ако проектот се одвива според планот и доколку се увиди дека има извонреден интерес, тогаш при евентуално ребалансирање на средствата, доделени ќе бидат дополнителни средства“, истакна министерот Ставрески.

 

Според плановите на владата, за проектот „Купи куќа, купи стан“ во текот на 2012 година ќе бидат издвоени буџетски средства во износ од 4 милиони евра. Максималната вредност на станбениот кредит ќе треба да изнесува 50.000 евра, а притоа становите не треба да ја надминуваат сумата од 900 евра за метар квадратен. Според првиот понуден предлог, предвидено е субвенционирање на половина од месечната рата од станбен кредит за првите 5 години од отплатата на кредитот. Во вториот владин предлог е вметната можноста државата да плати 50% од учеството во кредитот за купување стан, односно изградба на куќа. За целокупниот проект „Купи куќа, купи стан“ веќе неколку месеци функционира интернет – страница на која граѓаните можат да се информираат за сите детали.

 

НЛБ Тутунска, Стопанска, Охридска, ТТК, Шпаркасе, Алфа, Прокредит и Стопанска – Битола се банките преку кои граѓаните ќе можат да ги доставуваат барањата за кредити кои ќе бидат субвенционирани од владиниот проект. Сите осум банки ги задоволиле критериумите за учество предвидени од страна на владата – 4,99% каматна стапка во првите три години и до 5,5% во наредните две години.

 

 

Бојан Блажевски



#
Објавено на 11.12.2011 во категорија Вести. 

Тагови: Изградба на куќа, Кредити, Легислатива, Станбени

http://www.build.mk/?p=11067
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11798
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 23-Jan-2012 at 13:09
Еве уште нешто околу проектот „Купи куќа, купи стан“


Финалната верзија на законот, објавена во службен весник:
http://www.build.mk/docs/users/1/Razno/_%20Legislativa/Zakon za subvencionirani stanbeni krediti.pdf

Правилник за потребните документи за поднесување на барање:
http://www.build.mk/docs/users/1/Razno/_%20Legislativa/Potrebni dokumenti,pravilnik za forma i sodrzina na baranjeto i obrazecot za ispolnetost na uslovi.pdf




И една статија на „Дневник“ околу ситуацијата „на терен“:

Датум: 17.01.2012, 18:27
ПРОЕKТ „KУПИ KУЌА, KУПИ СТАН“

Нема субвенциониран кредит на жими мајка


Без илјадници евра во џеб и дебела хипотека не ќе може да се дојде ниту до субвенциониран кредит од владиниот проект „Kупи куќа, купи стан“. Условите на банките се строги и речиси исти како и сегашните за одобрување на станбен кредит. Најчесто правило е дека мора учество од 10 до 25 отсто од износот на кредитот и имот вреден од 130 до 200 отсто како хипотека. Ова практично значи дека без пари на страна и без имот кој е повреден од тој што се купува тешко дека ќе може да се дојде до стан од овој владин проект. Иако заложбите на владата беа лицата кои тешко можат да ги исполнат ригорозните банкарски правила за станбен кредит на овој начин да можат да дојдат до својот прв дом, поради условите прашање е дали оваа категорија граѓани ќе може да дојдат до посакуваните кредити. Граѓаните веќе навалија по банките да се распрашуваат за условите за овие кредити, а некои од банките, како Стопанска банка Скопје, веќе ги отворија вратите организирајќи отворени денови за граѓаните за овој проект.

Учеството зависи од хипотеката

- Се бара учество од 10 до 25 отсто за двете опции и пола-пола учество и половина месечна рата. Висината на учеството зависи од обезбедувањето односно износот на хипотеката во однос на висината на кредитот. За стан во градба е потребно минимум 25 отсто учество. Потребно е и обезбедување односно залог на недвижен имот во вредност од 133 отсто до 200 отсто од износот на кредитот во зависност од локацијата на имотот понуден како обезбедување. Kредитите се однесуваат само на нови станови и за прва продажба – велат во една од осумте банки преку кои ќе се спроведува овој проект.

„Дневник“ веќе објави дека граѓаните кои ќе добијат вакви кредити покрај владината субвенција ќе заштедат и од пониските камати, односно 4,99 отсто во првите три години кои ги обезбеди Владата од банките.

Според банкарските пресметки кредитите ќе важат за лица чии минимални месечни примања не се пониски од 20.000 денари, но и да не се повисоки од околу 55.000 денари, односно 900 евра за добивање субвенциониран кредит. Висината на месечната рата не треба да биде повисока од 40 проценти од примањата.

Вака изгледаат сегашните пресметки на една од банките за кредити од 20.000 до 50.000 евра со рок на отплата од 20, 25 и 30 години, со опција државата да плаќа половина месечна рата во првите пет години. За кредит од 20.000 евра со рок на отплата од 20 години, првите три години ќе треба да одвојувате 132 евра, четвртата и петтата 137, а после петтата година 150 евра. Според банкарските пресметки субвенцијата за првите пет години изнесува 4.015 евра.

Потоа за кредит од 30.000 евра на 25 години ратата ќе изнесува 175 евра првите три години, па 183 евра до петтата година и 205 евра потоа. Субвенцијата за првите пет години е 5.352 евра.

Kредит од 40.000 евра на 30 години ќе ве чини 214 евра, па 226 евра и после петтата година ќе плаќате 258 евра, а ќе заштедите 6.572 евра.

За кредит од 50.000 евра со рок на отплата на 20 години се плаќаат 330 евра, 342 евра па 374 евра. За истиот кредит со рок на отплата од 30 години ќе плаќате 268 евра, потоа 282 и 322 евра после петтата година. Субвенцијата во овој случај изнесува 8.215 евра.

Старт на 25 јануари

Владината субвенција со втората опција од проектот, односно државата да плати половина од учеството не смее да биде повисока од 6.250 евра.

Инаку проектот стартува од 25 јануари. Граѓаните заинтересирани да купат стан или куќа преку субвенционирани кредити, документите ќе можат да ги достават до комерцијалните банки најдоцна до 3 март.

Процедурата за одобрување на кредитите ќе трае исто како и за редовните станбени кредити, доколку има повеќе граѓани пријавено, Министерството за финансии ќе одлучува - кој ги исполнува критериумите од проектот. Владата очекува со овој проект да бидат одобрени меѓу 1.500 до 2.500 барања, за што се предвидени 4 милиони евра во Буџетот.

Александра ФИЛИПОВСКА



Отворени денови за „Kупи куќа, купи стан“

Околу 80 луѓе присуствуваа во филијалата на Стопанска банка во Тетово за да слушнат како може да аплицираат за владиниот проект „Kупи куќа, купи стан“. Граѓаните се интересираа за конкретни детали - дали може да земат кредит од 30.000 евра, колкави треба да им бидат примањата, која ќе биде каматата по истекот на првите пет години, дали можат да земат кредит за да купат поголем стан, колкава сума од платата ќе задржува банката, може ли да купат стан во градба.

-На хартија условите и целиот проект изгледа добро. Да ја почекаме реализацијата, се плашам кредитите да не се доделуваат со врски и по партиска линија - рече Исмет Јонузи.

Штом му се помага на народот добро е. Некои не можат да си купат стан или куќа, а ова добро ќе им дојде. Ако с` се одвива како што најавуваат ова ќе биде голем плус, браво за државата - рече друг тетовец.

Има голем интерес за купување стан со субвенции според владиниот проект, поради што во овој период никој не купува станбен простор, сите чекаат и се надеваат дека ќе може да добијат субвенциониран кредит за да купат стан. Засега само се прашува, а има голем интерес, велат продавачите и инвеститорите.

Според состојбите на пазарот на недвижности во Тетово, стан со субвенции ќе може да се купи само на повисоките катови во центарот или во периферијата. Во централното градско подрачје новоизградените станови се движат од 650 до 900 евра за квадрат во зависност од катот.

Стан од 70 квадрати на прв или втор кат со цена од 800 евра за квадрат чини 56 илјади евра со што е оневозможено да се аплицира за проектот купи куќа купи стан што предвидува субвенционирањето само доколку станот чини најмногу 50 илјади евра. На периферните делови на Тетово просечната цена изнесува 550 евра, а во најоддалечениот станбен блок може да се најде и за 450 евра.

(И.Ц.)
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=34D88123E1807A498CBA9D31B6DA1AB6
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11798
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 28-Jan-2012 at 00:29
Во банките на првиот ден од реализација на проектот „Купи куќа, купи стан“ доставени се 50 апликации. Интерес има и за купување стан и изградба на куќа, но и за доградби. А меѓу двата модела граѓаните поголем интерес пројавиле за првата варијанта за плаќање на половина од ратата од страна на Влaдата.

И вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и банкарите очекуваат голем интерес за проектот, а за да им се излезе во пресрет на граѓаните да добијат повеќе информации од денеска почнаа информативен караван каде ќе бидат пристуните претставниците на банките и на Министерството за финансии кои ќе даваат информации за начинот на аплицирање, за условите и се што е значајно за проектот.

На информативните пунктови граѓаните ќе може и да пополнат формулари и да аплицираат кај банките. 

- Од денес од Плоштадот во Скопје тргнува караванот „Купи куќа, купи стан“. Тука ќе бидеме пет дена. Потоа одиме во внатрешноста во поголемите Битола, Струмица, Охрид, Тетово..., каде по два дена ќе престојува караванот, изјави министерот Ставрески на означувањето на стартот на караванот.

Тој истакна дека според информациите од банките интерес за проектот има и во Скопје и во другите градови. Граѓаните што претходно се информирале, додаде министерот, поднесуваат апликации, а други се информираат како да го направат тоа во наредните денови.  Задоволни сме од почетокот и веројатно ќе има поголем интерес од она што очекувавме. Во таа насока нашата намера е да овозможиме што е можно повеќе граѓани да дојдат до субвеницониран станбен кредит, а верувам најмногу од тоа корист ќе имаат граѓаните со пониски примања и помладите лица, односно оние кои се во брачен статус и имаат намера да формираат заедница и на тој начин со оваа поддршка од Владата да стекнат сопствен дом, изјави министер Ставрески.

Меѓу двата модела што се нудат со проектот за кредитот, половина месечна рата во првите пет години да ја отплата Владата и половина учество. Министерот истакна дека двете варијанти се отворени но оти граѓаните ќе одлучат која им е поповолна. - Некои граѓани, нагласува, се повеќе заинтересирани за половина месечна рата да им се плаќа, бидејќи најверојатно на почетокот има поголем интерес за таа опција, додека за граѓаните кои не можат да ги соберат потребните средства да добијат станбен кредит ќе биде добра и втората опција.
http://vlada.mk/?q=node/1599&language=mk
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11798
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 19-May-2012 at 17:22
Аплицирањето за „Купи куќа, купи стан“ ќе се врши до 31 октомври 2012 година

Министерството за финансии се одлучи за продолжување на рокот за аплицирање за субвенциониран станбен кредит преку објавување на четири дополнителни повици. Првиот од нив ќе се публикува од 1 јуни до 15 јули, вториот од 16 јули до 31 август, третиот од 1 септември до 30 септември и четвртиот од 1 октомври до 31 октомври. Досегашниот тек на проектот покажа дека граѓаните сеуште размислуваат и тактизираат дали да изберат една од владините мерки или пак да почекаат поповолни услови од деловните банки во наредниот период. Оние најупорните кои се пријавија за „Купи куќа, купи стан“ во огромна мерка се одлучија да го изберат моделот државата да им плаќа половина од месечната рата од кредитот за стан во наредните пет години.

 

 

 

 

Владиниот проект стартуваше на 25 јануари и досега се доделени 50 субвенционирани кредити за граѓаните. Како и досега, условите за аплицирање на јавните повици остануваат исти, а банките и министерството ќе одлучуваат по барањата на заинтересираните лица по истекот на секој јавен повик. Барањата може да се поднесуваат до експозитурите на НЛБ Тутунска банка, Стопанска банка – Скопје, Стопанска банка – Битола, Охридска банка, Шпаркасе банка, Прокредит банка, Алфа банка и ТТК банка. За да влезат во конкуренцијата и да можат да изберат помеѓу отплаќање на половина од месечната рата од кредитот во наредните пет години или половина од учеството за добивање кредит, барателите на заем треба да имаат примања помали од 900 евра месечно, цената на недвижноста да не биде над 900 евра за метар квадратен и кредитот да не надминува вредност од 50.000 евра.





#
Објавено на 16.05.2012 во категорија Вести.

Тагови: Алфа Банка, Изградба на куќа, Кредити, Купи куќа купи стан, НЛБ Тутунска Банка, Охридска Банка, ПроКредит Банка, Станбени, Стопанска Банка, Стопанска Банка Битола, ТТК Банка, Шпаркасе Банка

http://www.build.mk/?p=15167
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11798
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 13-Jun-2012 at 13:45

(ИНТЕРВЈУ) Месечно се бараат по 100 станбени кредити

Милица Чапаровска, директорка на Секторот за управување со производи во Стопанска банка

Соња Маџовска


Стопанска банка излезе со нов станбен кредит со доста пониска камата за првите три години од 5,85 отсто. На што се должи намалувањето на каматите, дали поради тоа што граѓаните се' потешко се решаваат да земат станбен кредит или е резултат на мерките што ги презеде НБМ? 

Стопанска банка ги следи насоките на монетарната политика, но воедно настојува да ги намали и трошоците на работењето. Сето ова овозможи да подготвиме за граѓаните исклучително поволна понуда на станбен кредит. Континуираното подобрување на условите на кредитирање на станбената изградба секако дека е во функција на барањата на граѓаните, имајќи предвид дека купувањето стан или, пак, изградба на куќа претставува сериозна и долгорочна семејна инвестиција која граѓаните ја планираат и усогласуваат временски со потребите и можностите за отплата.



Колку станбени кредити се одобруваат во текот на еден месец? 

Пазарното учество на Стопанска банка во сегментот на станбеното кредитирање е околу 40 отсто и соодветно го следи трендот на пазарот. Секако, новиот генериран износ на станбени кредити има континуиран пораст, но поради економските прилики кои значајно се разликуваат од периодот пред почнувањето на економската криза, тој пораст е забавен. Учеството на станбените кредити, пак, во вкупните кредити што ги одобрува банката за населението е околу 28-30 отсто, зависно од периодот кој се зема за анализирање. Просечно, месечно банката процесира околу 80-100 станбени кредити во зависност од сезонскиот карактер, а просечниот износ на поединечно исплатени кредити се движи околу 28-30 илјади евра.



Дали клиентите редовно ги плаќаат ратите, со оглед на тоа што постојано растат нефункционалните кредити, има ли такви станбени?

Граѓаните кои користат станбени кредити се едни од најревносните плаќачи. И сега редовноста на отплатата на станбените кредити е во рамки на проекциите и е исклучително висока во континуитет, базирано на искуствените податоци за последната деценија. Во Стопанска банка стапката на нефункционални кредити во делот на станбените кредити се движи од 1,2 отсто до 1,4 отсто и е пониска отколку во земјите од регионот, што укажува на повремени тешкотии кај одреден мал број клиенти. Бројот на кредити, пак, за кои е реализиран недвижниот имот поради неможност на отплата на обврските е еден кредит на 1.000 исплатени кредити. Клиентите се прилично дисциплинирани во отплатата на обврските што покажува дека имаат и сериозен пристап кон инвестицијата што ја направиле, која е предуслов за многу важни моменти низ кои поминува секое семејство за времетраење на животниот циклус. 



Дали со пониската камата за новиот станбен кредит од 5,85 отсто, Стопанска банка сериозно и' конкурира на акцијата на Владата „Купи куќа купи стан“ за кој каматата е до 5 отсто? 

Понудата на Стопанска банка во никој случај не може да се смета како конкуренција на постојната понуда за проектот на Владата „Купи куќа купи стан“, туку, напротив, како надополнување на понудата со што се овозможуваат поповолни услови за оние клиенти кои не успеале да се квалификуваат во рамки на проектот на Владата „Купи куќа, купи стан“. Дотолку повеќе што клиентите кои конкурираат за добивање субвенциониран станбен кредит, покрај исполнување на кредитните критериуми на банката, треба да се вклопат и во рамки на критериумите предвидени согласно со законската регулатива за добивање субвенција што од своја страна врши дополнителна елиминација на заинтересираните клиенти за овој проект. Секако, понудата на станбен кредит за проектот на Владата „Купи куќа, купи стан“ останува најповолна за сите оние што ќе се вклопат во дефинираните критериуми, не само од аспект на најповолна ценовна понуда на станбен кредит, туку и на износот на субвенцијата кој клиентите го добиваат.



Граѓаните се' повеќе се жалат дека тешко ги продаваат становите, дали тоа значи дека кризата има влијание, па секој се плаши да влезе во нова инвестиција? 

Се разбира дека граѓаните во услови на криза повеќе размислуваат и потешко ги донесуваат важните одлуки како што е решавањето на станбеното прашање, односно можеби ги одложуваат за извесен период поради неизвесност, но и очекувајќи подобри услови на кредитирање и стабилизирање на состојбите. Граѓаните кои се одлучуваат, пак, да влезат во инвестиција и за кои купувањето претставува наменско штедење, бидејќи веќе поседуваат живеалиште, со купување недвижен имот очекуваат стабилност на инвестицијата со одреден редовен принос доколку се одлучат да го отстапат просторот под закуп за одреден надоместок.



Иако нема голем интерес за купување станови, сепак, и натаму цените на недвижен имот не паѓаат. Вие соработувате со многу градежни компании, која е причината што се' уште држат високи цени и во услови кога нема голема побарувачка? 

Веројатно намалениот интерес за купување станови се должи делумно и на опкружувањето во кое живееме, демографските движења и расположливиот приход на граѓаните за инвестирање. Во пазарни услови разбирливо е најдобар барометар за цената на чинење на квадратен метар станбен простор да биде понудата и побарувачката, а така формираната цена е секогаш во постојан процес на приспособување.

Според официјалните податоци за издадени дозволи за градба, се очекува во текот на 2012 година значајно да се зголеми понудата на резиденцијални објекти што веројатно ќе предизвика соодветно приспособување на цената на квадратен метар станбен простор, во зависност од маркетабилноста на локацијата, поточно локациските услови и трошоците за градба.


http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=6DE51B842991FC4D804EC899302E1C03
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11798
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 02-Jul-2012 at 01:27

Први слабости на „Купи куќа, купи стан“


 

 

 
%20 


Проект за младите

Ветувачки, но проблематичен се покажа владиниот проект „Купи куќа, купи стан“, бидејќи за да бидете субвенционирани од државата треба да имате стабилно работно место и да се обврзете кон банката во следните 20 години. 

- Многу се надевавме дека проектот ќе ни биде од голема корист, но се разочаравме кога ги видовме условите што ги бараат банките и државата. Каматата за исплата на кредитот е пет проценти во првите три години, па 5,5 до петтата година. Но потоа за следните години нема никаква гаранција или одредба дека каматата нема да се зголеми екстремно, како на пример 20 процени - вели Розета Трпчевска, триесетгодишна скопјанка што неколку години заедно со сопругот се обидува да го реши станбеното прашање. Таа истакнува дека уште еден проблематичен факт со кој се соочиле при обидот преку проектот „Купи куќа, купи стан“ да го решат своето животно прашање се годините на отплата.

- Кога направивме математика видовме дека помошта од државата не е многу висока и достигнува околу 4 илјади евра, што во споредба со средствата што ние треба да ги дадеме не е ниту 10 проценти. Додека од друга страна со тој станбен кредит се обврзуваме на предолг временски рок на отплата. Бидејќи рокот е 20 години, тоа е причина за исплата на повеќе средства отколку кога рокот би бил пократок. Ова ни изгледа страшно, а дополнителен проблем е и фактот што поголем дел од фирмите даваат договори за вработување на определено време, и имаме дополнителна несигурност - објаснува Трпчевска.

Многу млади лица се обидуваат да го решат своето станбено прашање преку разни кредитни линии, а токму на проектот на Владата, кој во предизборната кампања владејачката партија го најавуваше како пола-пола, гледа надеж при решавање на животното прашање.

Никој не планира 20 години однапред 

Проектот „Купи куќа, купи стан“ предвидува два модела за аплицирање. Според првиот, наречен „Половина рата“, Владата плаќа половина од месечната рата во првите пет години. Во првите три години каматата е 4,99 проценти и 5,5 проценти за четвртата и за петтата година од отплатата. Додека, според вториот модел, наречен „Половина учество“, Владата ќе плати 50 отсто од учеството за кредит за купување стан или за изградба на куќа, или најмногу до 6.250 евра за кредит од 50.000 евра. Каматата за овој кредит е 4,5 процентни поени во текот на целиот период на отплата. 

Министерството за финансии неодамна соопшти дека има само 50 прифатени апликации, иако можат да аплицираат 2 илјади граѓани.

Според претставници на Здружението на градежници при Стопанската комора на Македонија, најголем проблем  за кредитот е финансиската моќ на заинтересираните. 

- Општо гледано, сите станбени кредити се лоши и многу обврзувачки. Младите двојки што најчесто се јавуваат како потенцијални купувачи немаат примања што се задоволувачки за кредит, или немаат дефинирано работно место. Друг проблем е што купувачите најчесто немаат визија што ги чека во следните 5, а не пак во следните 20 години, како што предвидува кредитот - истакнува претседателот на здружението Никола Велковски. 

Според него, посебен проблем е и принципиелноста на банките, кои како соодветни кандидати ги сметаат вработените во јавната администрација, а на вработените во приватниот сектор потешко им одобруваат кредити. 

Цените на становите исти

- Друг проблематичен податок е што сите би сакале да купат стан со кој ќе ги имаат сите поволности. Значи да има обезбедена инфраструктура, да има градинка, училиште или амбуланта во близината. Додека становите што се нудат по пониски цени најчесто се сместени на локации без потребните предуслови, па граѓаните сакајќи на подолг рок да го решат станбеното прашање се одлучуваат на поскапа варијанта и не аплицираат за проектот - додава Велковски, според кого градежните компании не можат да ги намалат цените на станбен квадрат, бидејќи трошоците се високи. Тој смета дека во иднина треба да се направи анализа зошто е слаб интересот и да се ревидира проектот и притоа да се приспособи на сите вклучени странки. 

Меѓу другите проблеми што го отежнуваат реализирањето на проектот е тешкотијата да се најде стан во Скопје по цена од 900 евра за квадратен метар. Генерално, цените на становите низ главниот град се движат околу 1.000 евра.  Генерално, во преостанатиот дел од земјава полесно се наоѓаат станови под 900 евра за квадратен метар. 

Што се однесува до можноста со овој проект да се кредитира изградба на куќа, граѓаните посочуваат дека најголем проблем е парцела со маркица за градба што се продава.
 

 
  
Автор: Петранка Талеска
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=62912205746&id=10&setIzdanie=22618
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11798
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 30-Jul-2012 at 11:14

Станбените кредити во Македонија најскапи во Европа

НЕДЕЛА, 29 ЈУЛИ 2012 12:52
ПРОЧИТАНО: 327

Каматите на станбените кредити во Македонија се највисоки во Европа. Според црногорскиот весник „Дневне новине“ Македонците плаќаат највисока каматна стапка од 9,7 отсто.

Висока камата на станбените кредити има и Црна Гора од 9,2 отсто, а во другите држави од регионот таа е пониска од 9 отсто - Србија (8,3 отсто), Хрватска (7,2 отсто) и Романија (8,2 отсто).

Кредит за стан се добива со многу помала камата во Словенија (3,9 отсто) и Германија (3,2 проценти).

Социолошките истражувања во регионот и во земјава редовно покажуваат дека решавањето на станбеното прашање станува еден од најголемите проблеми на младата популација.

http://24vesti.com.mk/index.php/ekonomija/296-ekonomija/9029-2012-07-29-11-52-08
Back to Top
Ines View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 02-Oct-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Ines Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 03-Oct-2012 at 09:58
За проектот купи куќа-купи стан,.. барем јас, имам впечаток дека Проектот не се реализираше онака како што очекуваа од Владата, односно немаше толку одзив. Друг проблем беше, што уште во старт самиот проект(и условите) не е добро замислен.

Сега за сега сеуште повеќе се актуелни вообичаените станбени кредити што ги нудат банките за решавање на прашањето "покрив над глава".
Моментално каматите за овие кредити се движат од 6,5% па нагоре. Халк банка нуди со 6,5% за оние што работат во банки и финансиски институции. Во просек инаку се меѓу 7-9%, зависи како која банка.
Back to Top
Stanben kredit View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 10-Apr-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Stanben kredit Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 10-Apr-2014 at 03:23
Vaka lugje imam isto taka kako i sekoj vas prijateli koi se zainteresirani za   http://malx.net/ .
Se nadevam deka ke si ja najdete informacijata sto ja barate pa pisete sto ste napravile vo vrska za stanbeni kreditihttp://malx.net/stanben-kredit/

Edited by Stanben kredit - 10-Apr-2014 at 03:27
Stanben Kredit mk
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.