build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Паркинзи и гаражи
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Палата Млин Балкан

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8777
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Палата Млин Балкан
    Posted: 23-Sep-2009 at 23:26

Се гради катна гаража на земјиште кое државата си го бара назад

За парцелата кај „Идадија“ има постапка пред државниот правобранител

На паркингот пред поликлиниката „Идадија“ почна да се гради катна гаража со деловен објект на отуѓено земјиште, кое државата сега си го бара назад во свое владение. Инвеститорот „Палата Млин Балкан“ интензивно го организира градилиштето, иако за парцелата се води постапка пред Државното правобранителство. Поради пробивање на роковите за изградба, од Министерството за транспорт и врски иницирале постапка за раскинување на купопродажниот договор.

„Инвеститорот не ги испочитувал критериумите во договорот за отуѓување на земјиштето, потпишан во 2003 година, а се однесуваат на навременост за изградба на објектот“, посочија во писмениот одговор од ресорното министерство, од каде што не беа достапни за подетаљни објаснувања.

Нејасно останува дали и што ќе преземат во врска со случајот, со оглед на тоа дека инвеститорот и, покрај се', почнал со подготовки за градба. Без одговор останавме и за колку пари и под кои услови е продадена парцелата и колку време закупецот на просторот имал за да ја обезбеди градежната дозвола, да ја започне и да ја заврши изградбата.

Реакција за случајот од Општина Центар, на чие подрачје се наоѓа парцелата, најавија за денеска. Вчера единствено потврдија дека е издадена градежна дозвола за изградба на катна гаража со деловен објект во приземје, маркичка нацртана во ДУП „Буњаковец 1“. Општинарите информираа дека инвеститор на објектот е „Палата Млин Балкан“. Согласно со ДУП, површината на парцелата изнесува 1.363 квадратни метри, површината за градење во основа е 1.073 квадрати, додека максималната дозволена висина е 15 метри, односно дозволена е изградба на петкатен објект.



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=24C683A1390A2A419C71E3A325888827
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8777
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 23-Sep-2009 at 23:27
Баш верувам дека ќе видиме катна гаража овдека Roll%20eyes
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 24-Sep-2009 at 08:35
На факултет се сеќавам дека работев на овој дел од Скопје, поточно на ДУП-от и овде беше уцртана такозвана „маркица“ за катна гаража и не ми беше чудно што долго време никој не се потегна да гради овде...сега очигледно овие ја наредиле, по стилот и пристапот во градењето, тешко дека коли ќе паркираат овде...

п.с. мој предлог е со смрт да се казнува пренамена на објекти предвидена според ДУП (посебно од катна гаража во што сака да е друго) и забрана за користење на зборот „палата„ за транзициона архитектонска карикатура (веќе видено на повеќе објекти во Скопје
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11824
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 24-Sep-2009 at 15:35
Подетално:

НОВО ГРАДИЛИШТЕ СЕ ОТВОРА КАЈ ПОЛИКЛИНИКАТА „ИДАДИЈА“
Крие ли гаражата деловен објект?

Роза Петкова

Градилиште за нова катна гаража се отвори деновиве на паркингот до поликлиниката „Идадија“. Објектот, чиешто земјиште е продадено пред повеќе години, според информациите од надлежните во Општина Центар, ќе го гради фирмата „Палата Млин Балкан“ од Скопје и во приземјето ќе има деловен простор. Изградбата е спорна затоа што за истата фирма во Министерството за транспорт и врски велат дека повеле постапка пред Државното правобранителство, бидејќи таа не го почитувала договорот склучен во 2003 година и не почнала навреме да ја гради катната гаража. Со овие информации не беа запознаени во Општината. Таму само потврдија дека паркингот на поликлиниката е заграден поради изградба на катна гаража со деловен простор, во согласност со ДУП „Буњаковец 1“. Во овој план стои дека површината за градба е околу илјада квадратни метри, а висината е 16 метри. Тоа е десетина метри повеќе од висината пропишана за истиот објект во стариот ДУП, која изнесувала 5,5 метри. Со тоа гаражата треба да биде висока речиси колку трикатната зграда на поликлиниката која има 18 метри. Според постојниот план донесен во 2005 година, просторот е наменет за паркиралиште, односно катна гаража, а во неа се предвидени 58 паркинг-места. Вчера на местото оградено со лимени тараби се уште не беше истакната таблата со бројот на одобрението за градба од Општината и со сликата на проектот според кој ќе се гради. Инвеститорите не успеавме да ги добиеме затоа што нивниот телефонски број го нема во именикот. Од Министерството за транспорт и врски велат дека е почната постапка за раскинување на договорот со компанијата „Палата Млин Балкан“ за закуп на неизграденото градежно земјиште. - Постапката е поведена пред Државното правобранителство на Македонија поради тоа што инвеститорот не ги почитувал роковите во договорот склучен во 2003 година, кои се однесуваат на навремено почнување на изградбата на објектот, во согласност со критериумите во договорот и“велат од Министерството. Иако за граѓаните е спорно ваквите објекти да им се градат буквално под прозорец или како во последниов случај залепени до здравствени установи каде што се лечат болни луѓе и деца, за архитектите не е проблем локацијата, туку нереализацијата. - Проблемот не е во близината меѓу поликлиниката и објектот, туку што тој воопшто нема да биде катна гаража. По правило катните гаражи имаат централна вентилација, нивото на загадување кај нив е помало во однос на она од улиците затоа што возилата се во мирување, што значи го решава проблемот со јаглеродниот диоксид и со паркирањето, а ги ослободува тротоарите за пешаците. Но вистинскиот проблем е што објекти како овие кои се од јавен интерес се користат за нехуман бизнис и земјиштето наменето за катна гаража евтино се купува, а потоа се гради нешто сосема друго. Причина за ова е корупцијата и“вели Мирослав Грчев, професор на Архитектонскиот факултет во Скопје и поранешен градоначалник на општина Центар. Оваа пренамена на катните гаражи во деловни и трговски центри делумно е легализирана, со тоа што Правилникот за стандарди во урбанистичкото планирање дозволува други намени за објектите со ознака Г5, односно катни гаражи. Така компатибилни на Г5 се и Б1, со која се означуваат мали комерцијални и деловни дејности, Б2 за големи трговски единици, Б3 за големи угостителски единици и Б4 за деловни дејности.

Скопје без катни гаражи

Најновиот објект што треба да се гради кај поликлиниката „Идадија“, вцртан во деталниот урбанистички план, е само уште еден од многуте најавени катни гаражи кои се предвидени во Скопје, од кои досега не е изградена ниту една. Само во деталните планови на Центар има маркички за 13 катни гаражи, а во практика се покажа дека потоа тие се претвораат во деловни и трговски центри. Всушност, Скопје е град со најмногу зацртани, но ниту една изградена катна гаража.



http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1821&ArticleID=122383
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11824
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 25-Sep-2009 at 13:11

Катната гаража кај „Идадија“ ќе земе дел и од Уметничко





 

Градежниците што работат на катната гаража велат дека делот каде што се наоѓала оградата на Уметничкото училиште, всушност, влегувала во парцелата за изградба на катната гаража

 
 
%20  
Инвеститорот на катната гаража што деновиве почна да се гради пред поликлиниката „Идадија“, вчера почна да ја отстранува оградат на средното уметничко училиште „Лазар Личеновски“, со образложение дека дел од парцелата на училиштето влегувала во неговата маркица за градење. Професорите од училиштето велат дека во времето кога учениците сé уште имале настава, никој не работел ништо, но откако поголемиот дел професори си заминале, работниците почнале да ја отстрануваат оградата на училиштето.

- Додека имавме часови сé беше мирно, но прееска, кога сакав да излезам од училиштето, видов дека работниците ја уриваат оградата на училиштето. Кога ги прашав за што се работи, тие кажаа дека тој дел од училиштето му припаѓал на инвеститорот што ја прави катната гаража и поради тоа тие морале да ја отстранат оградата - објасни еден од професорите во училиштето.

За парцелата каде што е почнато да се гради катната гаража, Министерството за транспорт поднело претставка до државниот правобранител за враќање на земјиштето на државата. Од Министерството објаснуваат дека постапката ја почнале затоа што инвеститорот повеќе од една година откако ја добил градежната дозвола не почнал со изградба на објектот. Од Министерството додаваат дека постапката ја почнале пред речиси една недела, откако извршиле увид на местото и констатирале дека фирмата, со која Министерството го склучило договорот, го пречекорила периодот за почнување на градбата.

Од Министерството додаваат дека тие соодветно ги известиле надлежните од општината Центар дека договорот со друштвото за туристички услуги и трговија „Сива Канет Компани“ бил раскинат поради непочитување на временскиот рок

- Откако ќе се добие одобрение за градба, фирмата е должна со изградба на објектот да почне најдоцна за шест месеци. Откако тие ја добија дозволата од општината Центар, помина речиси цела година, а до пред една недела сé уште не беше почнато да се гради. Од таа причина упативме претставка до државниот правобранител и сега чекаме управата за имотноправни односи да одлучи што ќе се случува понатаму - објаснија од Министерството за транспорт и врски.

Оливера Китаноска, државната правобранителка, кажа дека ја примила постапката и поднеле предлог до управата за имотноправни односи, кои треба да одлучат за понатамошниот тек на настаните.

Инвеститорот на катната гаража „Палата Млин Балкан“ веќе ги направил и последните подготовки за изградба на катната гаража, која била предвидена со деталниот урбанистички план за Буњаковец 1.

Од општината Центар, кои и ја издале градежната дозвола, велат дека нив никој не ги известил дека за таа локација постои претставка до државниот правобранител за да му се врати земјиштето на Министерството за транспорт и врски.
 
   
Автор: А.М.Д.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=9259959594&id=14&setIzdanie=21796
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3678
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 28-Sep-2009 at 14:46

Катната гаража кај „Идадија“ ќе продолжи да се гради

Според Кочан Адем, сопственикот на фирмата што ја гради катната гаража кај поликлиниката „Идадија“, сите документи се легални и нема зашто тој да прекинува со изградбата на катната гаража

 
 
%20  
Кочан Адем, сопственикот на фирмите „Сива канет компани“ и „Палата Млин Балкан“, кои се обврзале пред Министерството за транспорт и врски и општината Центар дека ќе изградат катна гаража пред поликлиниката „Идадија“, ги има сите потребни документи за изградба на објектот.

Спорното во целиот случај според Министерството за транспорт е тоа што кога бил потпишан договорот за отуЃување на градежното земјиште со фирмата „Сива канет компани“, во него било напишано дека ако инвеститорот во рок од шест месеци откако ќе ја добие градежната дозвола не почне да го гради објектот, земјиштето ќе му биде одземено.

Според Кочан Адем, менаџерот на фирмата „Палата Млин Балкан“, која деновиве почна да ја гради катната гаража пред поликлиниката „Идадија“, тој ги има сите законски права за да си ја гради катната гаража со деловен објект во приземјето. Според одобрението за градба што му го издала општината Центар кон крајот на минатата година, тој може најдоцна за две години да почне да го гради објектот, во спротивно ќе му биде одземена дозволата.

- Ние во 2004 година склучивме договор за отуѓување на земјиштето и во договорот стоеше дека ако во рок од пола година инвеститорот не почне да гради, парцелата ќе и биде вратена на државата. Пред речиси две недели направивме увид на терен и видовме дека сé уште ништо не се гради и затоа испративме претставка до државниот правобранител за да ни се врати земјиштето - објаснија од Министерството за транспорт и врски.

Адеми, пак, на сето ова вели дека никој не го известил за оваа ситуација со земјиштето, каде што веќе неколку дена се подготвува теренот за изградба на катната гаража. Тој објасни дека дозволата од општината му била важечка две години и него тоа го интересирало, а за договорот со Министерството за транспорт не сака да коментира ништо.

- Јас од медиумите дознавам дека за моето земјиште се водела постапка кај правобранител. Никој не ми јавил, ниту, пак, ми испратил некаков допис. Дозволата за изградба на објектот што ми е извадена од општината Центар ми важи две години и затоа јас имам право да го изградам објектот. Не знам зошто Министерството за транспорт и врски поднело претставка до државниот правобранител - објасни менаџерот на фирмата.

Менаџерот на фирмата што ќе ја гради катната гаража вели дека оваа гаража ќе биде првата и најевтината катна гаража во градот, каде што ќе може да се паркираат 58 возила.

Катната гаража е предвидена со деталниот урбанистички план Буњаковец 1 усвоен во 2005 година.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11824
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 28-Sep-2009 at 15:05
Менаџерот на фирмата што ќе ја гради катната гаража вели дека оваа гаража ќе биде првата и најевтината катна гаража во градот, каде што ќе може да се паркираат 58 возила.


Па и досегашниот паркинг може до толку да собере  Bash

Всушност каква е таа катна гаража што се вика „Палата Млин Балкан“?!?  Nuts

Додека инвеститорот и министерството се препукуваат околу земјиштето и роковите, мене ме интересира кој е соодносот на деловни простории спрема паркинг простор во овој објект. Ништо не ми менува кој ќе гради, доколку повторно наместо катна гаража добиеме деловен објект кој воглавно си го решава своето паркинг прашање! Какви се манипулации се прават со овие ДУП-ови, има материјал за многу луѓе да одлежат!


Edited by Cloverstack - 28-Sep-2009 at 15:06
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 28-Sep-2009 at 18:39
Мора да е грешка ова. Кај мене у двор ќе собере 58 коли...

Originally posted by Cloverstack



Всушност каква е таа катна гаража што се вика „Палата Млин Балкан“?!?  Nuts

Е ај сега, како не си видел?!?...само во Скопје ги има неколку вакви палати-гаражи...
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
nikla802 View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 18-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote nikla802 Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 05-Oct-2009 at 00:48
te podrzavam prijatel 100% u predlogov za smrtna kazna
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 05-Oct-2009 at 20:33

нема материјал за зандана за инвеститорот, можеби попрво за законодавецот!

постои дупка во законот каде пренамената на одредени објекти е дозволена, имаше за гаражата на тинекс во капиштец исто препукување по весници, па на крај излезе дека се било чисто... всушност секој инвеститор би искористил одредена можност за екстра профит доколку законот тоа му го дозволува, но да се прави на мутав при реално потпишан догор кој сам по себе носи одговорност за потпишаното, и да кажува дека нему му е битно само дозволата од општината и ништо друго, тоа е веќе лудост!

може се надева дека со законот за легализација на дивоградбите, па и него да го амнестираат, незнам можно е и тоа, но во случајов не станува збор за дивоградба туку враќање на сопственоста врз земјиштето од страна на државата, што значи дека државата своето и ќе си го спроведе, само незнам дали за ова треба судска постапка или без збор државата си ја враќа сопственоста, а сетне евентуално оштетениот оди на суд да бара правда!?! 

ај некој нека ме просветли, дали правобранителот бара судско решение за враќање на сопственоста или непосредно ја спроведува реституцијата?

Back to Top
Дуле View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 17-Jul-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Дуле Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 18-Nov-2009 at 11:37
http://s822.photobucket.com/albums/zz145/Dule_04/?action=view&current=DSC00063.jpg
Back to Top
Дуле View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 17-Jul-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Дуле Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 18-Nov-2009 at 11:40
Бев на забар тука во Идадија и горе бев на терасите и сликав со телефон али колку толку се гледа, нема ништо промени само ископана дупка, гужва од страна колку сакаш од коли и тоа е 
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 21-Nov-2010 at 04:17
ДИА Борче Стојковски








Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 22-Nov-2010 at 08:48
Имам впечаток дека „ПАЛАТА“ ДИЛАЈЛА добива сериозен конкурент...
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
OKA View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Dec-2009
Location: Yenni Maalе
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote OKA Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 22-Nov-2010 at 09:49
Originally posted by Dave Gahan

Имам впечаток дека „ПАЛАТА“ ДИЛАЈЛА добива сериозен конкурент...
Нема да почекаш рендер во боја!? Big%20smile
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 22-Nov-2010 at 10:26
Не верувам ни дека ќе има такво нешто...ама ај пак, да не брзам со заклучоци...
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2370
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 22-Nov-2010 at 11:04
Палата? Ова повеќе на фабрика личи.
Back to Top
Djole88 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 612
  Quote Djole88 Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 24-Mar-2011 at 12:53
Вчера имаше багер и работници на местото кај што треба да се гради катната гаража пред здраствениот дом Млин Балкан(не го знам новото име). Ако некој проаѓа нека сликне, да видиме дали работат нешто
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 26-Mar-2011 at 01:56
Поминав вечерва од таму и забележав дека се изградени потпорни ѕидови, барем на такви ми изгледаа, а колку што ме држи сеќавањето пред 1 месец не беа изградени.
Back to Top
Observer View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2010
Location: MK
Online Status: Offline
Posts: 271
  Quote Observer Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 26-Mar-2011 at 19:12
N23 јас живеам во непосредна близина и од пред 2-3 недели почна да се гради просторов, можам да потврдам :-)
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.