build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Легализација на дивоградбите

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 5>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 05-Oct-2009 at 14:57

Ќе се легализираат дивоградбите на браната Водоча





 

Дивоградбите на браната Водоча, кај Струмица, ќе се легализираат, најави неодамна началникот на Секторот за урбанизам градежништво и животна средина, Стојан Динев, запрашан дали планираат акција за рушење на дивоградбите

 
 
%20  
- Се очекува изработка на детален урбанистички план, а со тоа и да се легализираат градбите на браната Водоча - вели Динев.

Дивоградбите што го нарушуваат биодиверзитетот на браната, односно што влегуваат во заштитниот појас од 150 метри од брегот, сепак ќе се рушат, вели Динев.

Станува збор за околу 80 бесправно изградени колиби и викенд куќи околу круната на браната Водоча, кои незаконски никнаа на државно земјиште. Тие се рак рана на браната, а дел од викендашите подолг период се организираат да изградат и пристапен пат до куќите. За период од неколку години тука никна и рибарската населба наречена Мадона.

Покрај тоа што сопствениците на викенд куќите узурпирале државно земјиште, жителите на Рич, Белотино, Попчево, села кои се наоѓаат во околината на браната Водоча, се жалат и на узурпација на пасишта за добитокот и на приватни кории. Жители од Попчево поднеле претставка до државниот инспектор за јавни пасишта, но досега нема никаква реакција.

Од водостопанското претпријатие „Струмичко Поле“, кое стопанисува со водите на браната, потврдуваат дека земјиштето околу браната е на државата и тоа не смее да се урбанизира. Од таму посочуваат дека водите на браната се неопходни за наводнување на нивите во десетина села и оваа брана, иако резервна, всушност е „душата“ на Струмица, која не смее да се уништува.

Покрај узурпацијата на земјиштето, се краде и уништува и рибниот фонд во водите на браната, а жителите на околните села посочуваат и на бесправно сечење дрвја во тој дел од струмичката околија.
 
   
Автор: С.Џ.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1059109285&id=9&setIzdanie=21804
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 30-Jul-2010 at 19:16
хмммм... барем во текстов нема нешто поконкретно за заштита на сообраќајните коридори и други инфраструктурни планови

Комуналии на рака, тапија за рака

Сите објекти-дивоградби што се пониски од 10,2 метри и можат да се вклопат во урбанистичките планови ќе може да се легализираат, предвидува законот за третман на бесправни објекти, кој се очекува да биде усвоен во септември.

Нема да може да се легализираат диви градби што се наоѓаат во национален парк, парк-шума, природен парк, споменик на природата, во заштитени подрачја, ниту објекти што без дозвола изминативе децении се изградиле на археолошки локалитети, во заштитени подрачја на езерски или на речни корита и извори за вода, во заштитени зони на аеродроми и друго.

Работниот текст на законот од вчера е ставен на интернет-страницата на Министерството за транспорт и врски www.mtc.gov.mk. 

- Со цел да се креира ефективно и применливо законско решение, Министерството за транспорт ги повикува сите заинтересирани субјекти да ги достават своите забелешки, идеи и коментари во однос на работниот текст за законот најдоцна до 15 август 2010 година - се вели во огласот на Министерството до јавноста.

Меѓу документите кои сопственикот на бесправно изграден објект треба да ги приложи за легализација се: архитектонски елаборат, уверение за државјанство за физичко лице, односно извод од централен регистар за правно лице, имотен или поседовен лист за земјиштето на кое е изградена бесправната градба. Барањето мора да биде поднесено 6 месеци откако законот ќе биде усвоен. Општината формира комисија за утврдување на фактичката состојба и во рок од три месеци од поднесувањето на барањето за легализација дава согласност за потврдување на бесправната градба во урбанистичко-планската документација. Издавањето на урбанистичката согласност зависи од многу услови: дивоградбата да е изградена на земјиште во сопственост на барателот, право на сопственост да има барателот, намената на градбата да е во согласност со намената на просторот, да постои можност за вклопување во урбанистичко-планската документација и друго. Доколку општинските власти оценат дека се исполнети сите критериуми, на барателот му доставуваат пресметка за плаќање комунални давачки.

- Со давањето на урбанистичката согласност, општината на барателот му доставува пресметка за плаќање надоместок, за уредување на градежното земјиште на кое е изградена бесправната градба и надоместок за уредување на просторот. Доколку барателот достави доказ дека градежното земјиште го уредил на сопствен трошок, општината е должна да го ослободи од плаќање на надоместокот - се вели во предлог-верзијата на законот.

Македонија, како потписничка на Виенската декларација за спречување на нелегална градба, е задолжена да донесе ваков закон. Легализацијата на дивоградбите требаше да се случи уште пред 4 години, но донесувањето на законот постојано се одложуваше.

Конечната бројка на дивоградби во Македонија не е позната. Според статистиката на Републичкиот градежен инспекторат за периодот од 1992 до 2005 година, во земјата изникнале 32.000 дивоградби. Таа се однесуваше на дивоградби како разни помошни објекти, доградби, надградби, тераси, потпокриви. Од оваа бројка, беше потенцирано, дури 8.000 објекти се целосни дивоградби. 

Јорданка Ивановска

 

По легализацијата, оданочување

Градоначалникот Коце Трајановски пред една недела најави позасилена наплата на данокот на имот, велејќи дека со општинските власти ќе формираат комисии што ќе тргнат во „лов“ на оние што не го евидентирале имотот и не плаќаат данок. Трајановски спомена дека постојат цели населби неплаќачи на данокот, не прецизирајќи кои, и се закани дека таму нема да има градежни интервенции се' додека граѓаните не си ги пријават имотите.

Засегнати граѓани што се јавија во нашата редакција прашаа дали изјавата се однесува на населбите каде што стихијно во изминатите децении изникнаа голем број дивоградби. Од Градот појаснија дека не се однесува на нив, бидејќи даночните обврзници се дефинирани според Законот за данокот на имот, а сопствениците на диви градби не ги опфаќа се' до моментот на легализација.

- Градоначалникот не најави дека ќе се собира данок на имот од дивоградбите, туку дека ќе се преземаат координирани активности, заедно со скопските општини за зголемување на бројот на даночни обврзници, согласно Законот за данокот на имот - објаснија од одделението за односи со јавност.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=FBFF92CA77042D489A066DCB2CB4B2BC
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 12-Aug-2010 at 20:30
СОПСТВЕНИЦИТЕ НА ДИВОГРАДБИ ПРЕД ИСКУШЕНИЕ
Дивоградбите ќе заглават во документи

Светлана Вукчевиќ

Легализацијата на дивоградбите ќе запре на самиот старт бидејќи во државата нема доволно геотехничари и статичари, кои во предвидениот рок од шест месеци би го изработиле документот што е неопходен за да се поднесе барање за легализација. Во работниот текст на Законот за третман на бесправно изградени објекти за легализација, меѓу другото, се бара и мислење за геомеханичките и за статичките карактеристики на градбата, а во државата има најмногу пет фирми за геомеханички истражувања и неколку стотини статистичари. Конечната бројка на дивоградби општините треба да ја соопштат наскоро, но пред две години ЗЕЛС исфрли шокантна бројка од околу 300.000. Едно геотемеханичко испитувања трае најмалку 12 дена, објаснува Душко Спировски, раководител на фирмата „Геотехника“. Тој додава дека се работи за обемно истражување. Прво треба генерално да се согледа локацијата за да се види дали на објектите има пукнатини над дозволените димензии и слично, а потоа за секој објект се прават истражувања на три дупнатини на тлото. Се земаат и примероци, кои се проверуваат во лабораторија. - Во државата има најмногу пет фирми кои ја работат оваа работа, па во рок од шест месеци нема да може да се опфатат ниту дел од дивоградбите. Инаку, подготвувањето на елаборатот од извршените испитувања чини меѓу 1.500 и 4.000 евра - вели Спировски. Според него, во ред е за легализација да се бара тој елаборат, зашто од сигурноста на еден објект зависи и сигурноста на соседните. Други експерти од градежната област, пак, сметаат дека е вистински апсурд да се бараат такви испитувања, кои покажуваат каква е издржливоста на тлото, за објекти кои постојат и функционираат повеќе децении. И статичарите, за кои, исто така, ќе има доста работа при легализација на објектите се скептични дека ги има доволно за да се запази рокот за поднесување документи за легализација. Искусен градежен инженер-статичар, кој сака да остане анонимен, вели дека во државата има неколку стотини статичари, а бидејќи претстои обемна работа не верува дека ќе можат да ја завршат во рок, оти за еден проект има работа од околу една недела. - Кога проектот го прави проектант, тогаш со сигурност се е како што треба. Прашање е во каква состојба се дивоградбите кои сами, без никаков проект, си ги подигнале сопствениците. Мислам дека голем дел од дивоградбите нема да можат да си го обезбедат елаборатот за статистиката - вели тој. Во работната верзија на законот за дивоградбите за легализација, исто така, се бара и геодетскиот елаборат за нумерички податоци. Слободан Цветковски од геодетската фирма „Агримензор“ вели дека нема да има проблеми за навремено обезбедување на тој документ. Според него, во Македонија има најмалку 50 лиценцирани фирми за геодетски работи, со по најмалку пет вработени. - Секој геодет дневно може да изработи елаборати за два објекта, така што ќе имаме полни раце работа, но таа може да се заврши, иако до легализација на секој поединечен објект треба да се направат три елаборати - вели Цветковски. Тој објаснува дека овој документ е неопходен за да се впише земјиштето во катастарот и да се издаде имотниот лист. Просечната цена на оваа услуга за плац од 1.000 квадрати изнесува од пет до шест илјади денари.

Од плевни од палати

Се очекува целиот процес на легализација на дивоградбите да заврши во рок од три години по донесувањето на законот. Во државата има цели населби и села со доградби и со надградби на индивидуални и на колективни станбени објекти, кои се изградени без дозвола, а ќе треба да се легализираат. Од нив голем дел се без стандарди, направени од плитар, дел се соодветни за живеење, а некои, пак, личат на палати. Ги има во сите општини, а најзагрозено е Скопје, каде процесот на подигање диви населби почнува пред, а се интензивира по земјотресот во 1963 година.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=2092&ArticleID=146288
Back to Top
build.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 216
  Quote build.mk Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 16-Dec-2010 at 18:24
Владата го усвои Предлог законот за третман на дивоградбите

Со цел решавање на прашањето за бесправно изградените градби на територијата на државата, Владата на Република Македонија усвои текст на Предлог закон за постапување со бесправно изградени градби и истиот ќе биде предложен до Собранието. Со него се опфатени градби од значење за Републиката утврдени со Законот за градење и законската регулатива на Република Македонија, градби со намена производство, дистрибуција и сервиси (тешка и загадувачка индустрија, лесна и незагадувачка индустрија, сервиси и стоваришта), градби со намена за домување во куќи, кои се изградени без или спротивно на одобрение за градење, како и делови на градби со истите намени, кои се изградени без или спротивно на одобрение за градење. Предмет на законот се сите градби на кои до денот на неговото стапување во сила се изведени градежните и инсталатерските работи во целост и истите претставуваат градежна и функционална целина.

Со Предлог законот предвидено е надлежни органи за спроведување на постапката да бидат Мининстерството за транспорт и врски и единиците на локалната самоуправа, со тоа што Министерството ќе ја спроведува постапката за градби од значење за Републиката, а општините за градбите со намена производство, дистрибуција и сервиси и градбите со намена домување во куќи. Бесправните градби кои нема да бидат легализирани со овој закон ќе бидат отстранети согласно одредбите за третман на дивоградби во Законот за градење.

Според предложените законски решенија, постапка за легализација започнува со поднесување на барање за легализација до надлежниот орган од страна на имателот на бесправната градба, во рок од 6 месеци од денот на стапување во сила на законот при што во законот прецизно е наведено која документација треба да се приложи кон барањето. По приемот на барањето се врши идентификација на пријавените бесправни градби преку комисија и надлежниот орган е должен во рок од три месеци од поднесувањето на барањето да утврди дали се исполнети условите за издавање на урбанистичка согласност за потврдување на бесправната градба во идната урбанистичка планска документација.

Бесправната градба во зависност од видот треба да исполнува соодветни стандарди кои се однесуваат на нејзината статика, заштитата од пожар, заштитата на животната средина и здравјето на луѓето, a исполнувањето на овие станадарди се утврдува со елаборатите кои се составен дел на проектот за фактичката состојба на градбата.

По издавањето на урбанистичка согласност, единицата на локална самоуправа во рок од пет работни дена изготвува пресметка за плаќање на надоместок за утврдување на правен статус на бесправна градба и истата му ја доставува на барателот, кој е должен да го плати утврдениот надоместок во рок не подолг од 6 години.

Висината на надоместокот за утврдување на правен статус за градбите со намена домување во куќи изнесува 0,5% од вкупниот годишен приход на членовите на семејната заедница кои се корисници на објектот за кој е поднесено барање утврдување на правен статус, остварен во претходната година, помножен со вкупната површина во метри квадратни, која е утврдена со проектот за фактичка состојба. Висината на надоместокот за утврдување на правен статус за градбите со намена производство, дистрибуција и сервиси е иста со висината на надместокот за уредување на градежно земјиште кој се утврдува во постапката за добивање на одобрение за градење за градби со наведената намена и се пресметува согласно Правилникот за степенот на уредување на градежно земјиште со објекти на комунална инфраструктура и начинот на утврдување на висината на трошоците за уредувањето во зависност од степенот на уреденост, при тоа земајќи ја во предвид изградената површина, утврдена со проектот за фактичка состојба.

По плаќање на надоместокот за легализација, надлежниот орган донесува решение за утврдување на правен статус кое претставува основ за упис на правото на сопственост на бесправната градба во јавната  книга за запишување на правата на недвижностите.

За бесправните градби за кои е издадено решение за утврдување на правен стаус, а кои се изградени на земјиште сопственост на Република Македонија, се предвидува имателите на овие градби, да поднесат барање за откуп на градежното земјиште во рок од 3 месеци од донесувањето на планската документација со која е вклопена бесправната градба. Во спротивно се утврдува долготраен закуп на градежното земјиште, на начин и под услови утврдени со Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост.

Република Македонија има преземено обврски во однос на статусот на дивоградбите согласно Виенската декларација за правилен третман на бесправно изградени градби и неформални населби. Се проценува дека на територија на државата има помеѓу 200 и 300 илјади нелегални објекти по разни основи.

http://www.build.com.mk/?p=6178

Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 16-Dec-2010 at 18:25


Дај на овај јузернејм клајте му нешто како админ или мод, не бигинер или групи или нешто слично

Edited by гитардемон - 16-Dec-2010 at 18:25
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 16-Dec-2010 at 18:41
Да не се прават забуни и на граќаните детално да им се објасни што можеда се лагализира зашро ќе се случи да преовлада мислење дека сме па макар и најлошо поставениот објет врз планиран булевар ќе може да се легализира само с плаќање комуналии. Да не такви забуни што побрзо да се сними едно објанување да врти на терт канал.

А бројкава е застрашувачка. Не дека се е дивоградби што го засмеуваат ако дивоградби, можеи села неплански градени и населби да сги засметуваат, ама добро е што има иницијатива еве колку може да се затвори ова прашање. Не моженикогаш,а ама друго е тековно решавање инциденти друго е ваква бројка. И после тоа стварно да преминат кон отстранување дивоградби.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 17-Dec-2010 at 21:29
ЗАКОНОТ ЌЕ ВЛЕЗЕ ВО СОБРАНИЕТО СО МНОГУ ЗАБЕЛЕШКИ
Дивоградбите ја губат трката со времето?

Елена Костовска


Граѓаните реагираат на високите цени за легализација на дивоградбите утврдени во предлог - законот што го усвои Владата. Според него, надоместот за легализација на куќи изнесува 0,5 проценти од семејниот годишен приход помножен со квадратурата на објектот, а рокот за плаќање е шест години од добивањето дозвола. За месечни приходи од 500 евра и куќа од 100 метри квадратни за легализација ќе треба да се платат 3.000 евра или секој месец треба да се плаќаат по 2.500 денари. Социјалните случаи што легализираат објекти и легализирањето објекти што се од јавен интерес се ослободени од надомест. Парите собрани од надоместот ќе ги користат општините исклучително за реализација на инфраструктурни проекти. Во општините сметаат дека овој закон нема да го реши проблемот со дивоградбите зашто со него не е предвидена легализација на станбените згради и објекти повисоки од 10,2 метри, односно објекти што имаат повеќе од приземје, два ката и поткровје. Во земјава дури 60 проценти од куќите се дивоградби или имаат дел што е бесправно изграден, а постојат и цели населби и села со нелегално изградени куќи. Министерот за транспорт и за врски Миле Јанакиески, пак, смета дека со овој закон ќе се стави крај на дивото градење во земјава. - Ова е историска шанса и очекувам најголем дел од граѓаните да учествуваат во овој процес на легализација. Тие што нема да конкурираат ќе бидат отстранети според Законот за градење - вели министерот Јанакиески. Според предлог-законот за третман на бесправноизградените објекти, за поднесување барање за легализација се потребни уверение за државјанство, доказ за приклучок на комуналната инфраструктура или сметка за јавни услуги, геодетски елаборат за нумерички податоци, архитектонски проект за фактичката состојба на бесправната градба и имотен лист за земјиштето на кое е изградена градбата. Документите за поднесување барање за легализација чинат од 300 до 400 евра. За тие куќи што се изградени на државно земјиште треба да се поднесе барање за откуп на градежното земјиште во рок од три месеци од донесувањето на планската документација со која е вклопена бесправната градба. Во спротивно, се утврдува долготраен закуп на градежното земјиште. Во усвоената верзија на Законот, од потребната документација е исфрлено мислењето за геомеханички и за статички карактеристики на градбите за кое најмногу забелешки имаа општините, а кое чини од 2.000 до 3.000 евра. Граѓаните се плашат дека во рок од шест месеци ќе биде тешко да ја обезбедат целата документација бидејќи геодетите ќе треба да премерат 60 проценти од објектите во државава. Градоначалникот на Скопје и претседател на ЗЕЛС, Коце Трајановски вели дека целта е да се легализираат што поголем број дивоградби, но свесен е дека со него нема да може целосно да се реши прашањето со бесправното градење. - Општините се подготвени да го спроведат, но, сигурно, ќе има проблеми и тешкотии. Ќе се легализира секаде каде што има и најмала можност за тоа, а нема да се легализира таму каде што се предвидени булевари и други важни објекти. Станбените згради ќе бидат ставени за решавање во следната фаза - изјави Трајановски. Рокот во кој сопствениците на дивоградби ќе можат да поднесат барање за нивна легализација изнесува шест месеци. Законот ќе важи осум години, а во тој временски период ќе треба да се донесат детални урбанистички планови таму каде што ги нема за да може да се легализираат цели населби.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=2194&ArticleID=153286





Какви високи цени па сега, мене ми изгледа дека формулата во законов во поголем број случаи обезбедува поповолна цена за дивоградбите отколку за легалните градби. И плус плаќање на рати.

Ај ве молам кој располага со цените за комуналии во различни зони нека ги постира, па да направиме споредба.


Инаку би сакал да кажам дека овој закон каков-таков мора да се спроведе максимално доследно. А потоа да следи рушење на се што нема да биде легализирано по било каков основ. Во никој случај да не се доведеме во ситуација проблемот да остане да тлее, па после 10 години да правиме реприза и оние што се држат до законите во оваа држава пак да испаднат будали, а да профитираат оние што фаќаат кривини. Така никогаш нема да изградиме ред во оваа општество.

А текстот на предлог законот го побарав на нет и не го најдов, го нема ни на http://www.pravo.org.mk/ (ваљда објавуваат само закони кои стапиле на сила). Ме интересираше делот за максималната висина на опфатените објекти до 10,2 метри кој се спомнува насекаде по медиумите, ама не беше спомнат во соопштенијата на надлежните. Каков е планот за третирање на повисоките објекти? Ќе се дополнува овој закон или?



Edited by Cloverstack - 17-Dec-2010 at 21:31
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 18-Dec-2010 at 01:50
Најпрво сакам да знам што опфаќа овој закон. Што се е предмет на легализација за да знаеме и бидеме на чисто до каде ќе се иде. Да не биде после злоупотреби па и нешто што лежи на други намени да се легализира или да се користи заради други цели. Формулата за цената дополнително збунува, подобро некоја просечна цена се формулира и да има дефинирано групи на корисници што ќе дбоијат попоусти по други помали цени, а вака дополително пресметки и одолговлекувања па веројатно и че се отвори и друго прашање, ако не се сака тоа, да се извадат на виделина и други бројки за потреб на политиката за лични зработки.  Што па на пример со ненаселени куќи, неможе ти епо дифолт да останат со статус на дивоградби, како тамо ќе се наплаќа/.
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4075
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 18-Dec-2010 at 10:00
Zakonot e zanikade! Zakonot za divogradbite ne trebaat da se legaliziraat samo za pari, tuku da si vidam malku sto kade se naogja! Zemam primer vo cair: Ako sakaat 15 lugje da si gi legaliziraat svoite kucarki, jas definitivno bi nemal da go naprav toa! Posto  tie mozat da se urivaat i na toa mesto da se gradi nesto ubavo!
Karpos:ako dojde nekoj i saka da legalizira golema ubava zgrada, sto stoi i vo tocnoto mesto, dogas bi go legaliziral! Znaci ne mozes ti vo zentarot na gradot da legaliziras kucarka,posto centarot e centar a ne ruralen kjosh! mislam deka za nekoi kje mu bide krivo zosto drugite bi dobile legalizacija a toj ne ne taka e! ne e rabotataq da sobirame pari, a gradovite ni se kako sela!
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3603
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 18-Dec-2010 at 11:29
колку што разбрав законот стигнал до второ читање во собрание, дали е ова вистина!? конечно после толку години експертизи те со холанѓани те со роднини и сите останати агенции, власта ќе излезе на крај со овој келепурлук кој се влече уште од комунизмот наваму, а и голем дел и од транзицијата наваму,  само едно нешто ме бунидали и самата власт конечно за ефтини пари ќе си ги легализира своите дивоградби
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 18-Dec-2010 at 13:58
Мајмацедониа многу емотивно му пристапуваш на проблемот. Те на некои ќ му било криво, па ќе му биде ако направил куќа вон секој можност за легализација. Ниту па овој закон треба да е оружје да се збришат некои стари објекти на кои може да има некои поголеми поубави згради. А ниту па го спречува ова, кога ќе дојдат инвеститори секако дека ќе може пак исто да си купат стари објекти согласно урбанистичкиот план да направат зграда. Законов не ги менува урбаниситлките планови. Законов не е ниту за легализација на све за што допро се плати, ниту па ќе може којзнае колку да се маневрира со подобните диоградби што вика Мах.
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2598
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 18-Dec-2010 at 16:06

„Висината на надоместокот за утврдување на правен статус за градбите со намена домување во куќи изнесува 0,5% од вкупниот годишен приход на членовите на семејната заедница кои се корисници на објектот за кој е поднесено барање утврдување на правен статус, остварен во претходната година, помножен со вкупната површина во метри квадратни, која е утврдена со проектот за фактичка состојба. “

ИМО, ова е тешка глупост која остава простор за триста манипулации, како на пример препишување на имотот на член на семејството кој нема, или му се ниски, примањата. 




Edited by fichot - 18-Dec-2010 at 16:07
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 18-Dec-2010 at 16:11
А кој тоа во оваа држава има пријавени примања точно колку што му се?

Edited by гитардемон - 18-Dec-2010 at 16:12
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3603
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 19-Dec-2010 at 08:21
има ујп за сите кои работат легално или пензиски за оние кои се пензионирани! туку ова со цениве е вака заради фактот што освен државни има еден куп стамбени дивоградби од висоградбите во скопје, кои како што стојат денес работите немат 1/1, инаку ксмет од сето ова пак ќе имет буџетот што е за поздравување бидејќи ем потенцијално ќе се реши едно горливо прашање ем онаму каде буџетот закржлавил ќе може да се пунктира со овој прилив од дивоградбите (кои воопшто не се мала бројка)... 
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 20-Dec-2010 at 02:02
Државата се дума дали да ги руши дивоградбите високи над 10,2 метри
 
Експертите објаснуваат дека Владата и законодавецот намерно направиле ваков „пропуст“ за да се чујат сите мислења додека законот влезе во собраниска процедура  
 
%20  

Предлог-законот што помина на последната владина седница, а што се однесува на легализацијата на дивоградбите, ја остави неразјаснета дилемата дали ќе се дозволи легализација и на објектите што се повисоки од 10,2 метри. Во предлог-текстот се вели дека легализацијата ќе се однесува на сите дивоизградени градби со намена производство, дистрибуција и сервиси (тешка и загадувачка индустрија, лесна и незагадувачка индустрија, сервиси и стоваришта) и градби за домување, станбени куќи, како и делови на градби во и надвор од плански опфат. Во дефинирањето никаде не е спомената висината на објектите. Намерно или случајно не се споменати висококатници или згради како термин туку само станбени куќи. Експертите што ја следат оваа проблематика објаснуваат дека Владата и законодавецот намерно направиле ваков „пропуст“ за да се тактизира додека законот влезе во собраниска процедура и да се чујат сите мислења, особено на оние во Собранието. Градоначалниците се револтирани од она што сега се предлага како решение и велат дека вака законот ќе биде неприменлив и само ќе ги зголеми проблемите.

- Засега законодавците не прифатија во опсегот на легализација да влезат и дивоградбите повисоки од 10,2 метри. Ако остане текстот ваков каков што е сега, по негово донесување од страна на Собранието и излегување во „Службен весник“, треба да настапиме со рушење на оваа категорија градби. Како ова ќе се доживее во практика знаејќи дека е огромен бројот на дивоградби над оваа висина, никој не знае, но може да се претпостави. Генерална оцена е дека вака законот ќе биде неприменлив и ќе отвори многу проблеми, кои ќе мора, ако можат, да ги решаваат општините - вели Зоран Алексов, градоначалникот на Штип.

Засега сé уште постои подотворена врата во Законот да влезат и висококатниците, кои како последна шанса од рушење ја гледаат собраниската процедура на законот, која следува во наредните денови. Доколу останат надвор од законот, општинските багери ќе имаат многу работа во иднина.

Социјален закон по мера на сиромашните

Претставниците од локалната самоуправа велат дека е јасно дека овој закон се правел за да се задоволат пред сé оние што имаат мали или никакви примања. Во понепогодна состојба се оние што имаат високи примања и ќе треба да одвојат повеќе пари за легализација на ист објект за разлика од помалку имотните граѓани. Формулата по која ќе се пресметува давачката за комуналии за дивоградбите, 0,5 проценти од просечниот приход на семејството помножен со квадратурата на објектот, остава можност за многу малверзации и изигрување на законот.

- Може да се случи сите дивоградби да се префрлат во сопственост на лицето од семејството што нема или има најмал приход и така да се издејствува најниска сума за комуналии. Ова е уште понејасно, бидејќи на дивоградба не можете да имате лична карта и постојано место на живеење плус нема утврдена сопственост. Тоа значи дека, на пример, може да ја продадете дивоградбата или да му ја подарите на некој со ниски или никакви примања, тој да си ја легализира за без пари и утре пак да ви ја врати. Вакви и слични комбинации законот нуди во изобилство. Очигледно е дека тешко ќе се добијат релевантни податоци чија е дивоградбата, колку се вистинските примања на сопствениците и како да се постигне истоправност за сите - вели Алексов.

Општините ќе го јадат стапот

Градоначалниците коментираат дека овој закон ќе им донесе многу проблеми ако остане во форма каква што е.

- Оние што ќе платат за легализација сега ќе сакаат да им се изградат патишта, канализација, да им се донесе соодветна линија за електрична енергија и вода, а по вака предвидената формула за тоа ќе нема пари во општинската каса. Тоа ќе значи дека општинскиот буџет што се полнел од легалните плаќачи повторно ќе се троши за оние што го прекршиле законот - појаснува Алексов.

 

Јанакиески: Легализација со само пет документи 
 Брза, едноставна и ефикасна ќе биде процедурата за легализација на дивоградбите во Македонија. Граѓаните ќе треба да приложат само пет документи за легализирање на нивните објекти, изјави вчера во интервју за „Нетпрес“, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

- Граѓаните ќе треба да приложат само уверение за државјанство, документ за приклучок на струја, геометарски елаборат, имотен лист и документ за приклучок на вода. При изработката на овој закон особено бевме концентрирани на олеснување на процедурата. Мислам дека тоа и го постигнавме - изјави Јанакиески.
 
   
Автор: Жарко Василевски
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=121810836296&id=10&setIzdanie=22161

Edited by Cloverstack - 20-Dec-2010 at 02:03
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 21-Dec-2010 at 00:53
Од интервјуто на министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, дадено за МИА - 19.12.2010

Владата неделава го усвои Предлог-законот за постапување со бесправно изградени објекти со кој треба да се реши повеќедеценискиот проблем со дивоградбата. Кога планирате да стапи во сила и какви придобивки предвидува тој за граѓаните?

- Предлог-законот за постапување со бесправно изградени објекти ќе биде предмет на расправа на Собранието на Република Македонија, а откако ќе биде усвоен од страна на Собранието истиот ќе стапи во сила и ќе почне да се применува.
Бенефитот за граѓаните кои живеат во бесправно изградени куќи со овој закон е огромен, затоа што тие конечно ќе можат да остварат сопственост врз својот имот, што значи дека ќе можат да ги стават во правен промет, но само откако ќе бидат реализирани со исполнување на критериумите кои се пропишани во предложениот закон.
Овие градби ќе бидат третирани со закон и нема повеќе да претставуваат објекти кои се нелегално изградени и надвор од законот.

Кои се Вашите очекувања од одѕивот на граѓаните за легализација на дивоизградените објекти и дали сметате дека законот доследно ќе се спроведува во сите општини?

- Очекувам дека граѓаните ќе ја искористат оваа историска можност, која ја презема Владата на Република Македонија за конечно решавање на прашањето со бесправно изградените градби кое долги децении се провлекуваше, без да се преземе речиси ништо. Во самиот процес на изготвување на предлогот на законот, ние контактиравме со градоначалниците на општините во Република Македонија и со ЗЕЛС, организиравме заеднички форуми, со цел да се усогласат ставовите, потребите и очекувањата за да се изготви што поефективно законско решение, кое ќе биде максимално применливо при неговата имплементација. Исто така, работните верзии на текстот на предлог-законот беа подолго време поставени на интернет-страницата на Министерството за транспорт и врски, на видливо место, со цел секој субјект којшто е заинтересиран да го разгледа и да даде свои забелешки и мислења. Најголемиот дел од овие забелешки се вградени и оттука сметам дека нема простор за дилеми дали овој закон ќе се имплементира, затоа што истиот е за добробит и на самите граѓани, но и на локалната самоуправа во насока на подобрување на урбанизацијата и инфраструктурата на општините.

Објавивте податок дека 60 отсто од куќите во Македонија се дивоградби. Зошто досега се допуштала нелегална градба во толкав обем?

- Постојат повеќе причини заради кои во минатото се граделе бесправно изградени објекти. Најголемиот дел од нив се изградени во последните неколку децении од минатиот век и самата бројка на овие градби говори дека законските решенија од областа на градењето во тој период не биле доследно и континуирано применувани.

Сите објекти кои се опфатени со предлогот-закон за третман со бесправно изградени градби откако истиот ќе биде донесен, ќе можат да бидат предмет на легализација, а сите останати ќе се третираат во согласност со одредбите кои се пропишани во Законот за градење.

Важноста на законот е осум години. Дали потоа државата воопшто нема да толерира дивоградби?

- Во периодот на овие осум години е предвидено да се заокружи процесот на легализација на бесправно изградените градби. Имено, согласно предложените законски решенија има конкретни рокови во кои треба да бидат реализирани соодветните постапки.

Првиот рок се однесува на периодот во кој може да се поднесе барање до соодветниот орган за легализација на конкретен бесправно изграден објект и тој рок изнесува 6 месеци откако законот ќе стапи во сила. Значи, она што е најважно за граѓаните кои се засегнати од прашањата кои се третираат со овој закон е дека во дадениот период треба да ја отпочнат постапката за легализација.

Предлог-законот дозволува определениот надоместок да може да се плати одложено и тоа во период до 6 години. Рокот кој се однесува на постапување со овие барања изнесува 3 месеци. Значи, општините ќе треба во рок од три месеци од приемот на барањето за утврдување на правен статус на бесправната градба, да утврдат дали се исполнети условите за вклопување на бесправната градба во урбанистичко-планската документација и издава урбанистичка согласност или донесува решение со кое се одбива барањето за утврдување на правен статус на бесправната градба.

Со законот предвидувате „социјален“ модел за плаќање на надоместокот за утврдување правен статус на бесправната градба. Дали планираните давачки за легализација ќе бидат товар за граѓаните?

- Висината на надоместокот за утврдување на правен статус за градбите со намена домување во куќи изнесува 0,5 % од вкупниот годишен приход на членовите на семејната заедница кои се корисници на објектот остварен во претходната година, помножен со вкупната површина во метри квадратни, која е утврдена со проектот за фактичка состојба. За илустрација, може да земеме пример со семејство кое има вкупни примања од 15.000 денари месечно и  живее во бесправно изградена куќа со вкупна површина од 100 метри квадратни, откако ќе поднесе барање решавање на правниот статус на истата и добие соодветно решение од општината ќе треба во период од 6 години да плаќа годишна рата од 15.000 денари, односно 1.250 денари месечно.

Висината на надоместокот за утврдување на правен статус за градбите со намена производство, дистрибуција и сервиси е иста со висината на надместокот за уредување на градежно земјиште кој се утврдува во постапката за добивање на одобрение за градење.

По плаќање на надоместокот за легализација надлежниот орган донесува решение за утврдување на правен статус кое претставува основ за упис на правото на сопственост на бесправната градба во јавната  книга за запишување на правата на недвижностите.
Барателите, кои се корисници на социјална помош не плаќаат надоместок за утврдување на правен статус на бесправната градба.

Утврдена е постапка за легализирање на објектите што предвидува и обезбедување соодветна документација. Сметате ли дека надлежните органи што треба да ја издадат ќе имаат капацитет да го направат тоа во предвидениот рок и што со оние кои нема да ги соберат потребните документи?

- При изготвувањето на текстот на законот, наша заложба беше одредбите да бидат што поедноставни и да се избегне оптеретувањето на граѓаните со вадење на дополнителни и непотребни документи. Како составен дел на барањето за утврдување на правен статус на бесправна градба, барателите ќе треба да достават уверение за државјанство, доказ за приклучок на комунална инфраструктура, односно сметки за јавни услуги, геодетски елаборат за извршен премер на катастарската или градежната парцела и бесправната градба,  проект за фактичка состојба на бесправната градба изработен од правно лице со соодветна лиценца за проектирање, како и имотен лист за земјиштето на кое е изградена бесправната градба.

Единиците на локалната самоуправа треба подготвени да го почекаат овој закон и очекувам истиот доследно и ефикасно да се применува низ цела Македонија, а самиот предлог на законот предвидува казнени одредби за субјектите кои нема да постапуваат согласно своите надлежности.

http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=3000
Back to Top
build.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 216
  Quote build.mk Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 06-Jan-2011 at 18:11
Нова нацрт-верзија на законот за дивоградби

Владата се предомисли околу надоместокот кој ќе се плаќа за легализација на бесправно изградените индивидуални куќи и индустриски објекти. Во новата нацрт-верзија на Предлог законот за постапување со бесправно изградени градби, која беше усвоена на првата владина седница во новата година одржана завчера, фигурира нова тарифа за ваквите видови објекти. Со измените тие ќе можат да се легализираат по цена од едно евро за метар квадратен. Првично беше предвидено надоместокот за нивна легализација да се пресметува врз база на вкупните месечни приходи на лицата кои што живеат во објектот. Цената од едно евро за метар квадратен ќе важи и за социјалните случаи, кои со претходното решение беа ослободени од надоместокот.

Текстот на предлог законот ќе биде доставен во собраниска процедура и се очекува да биде изгласан до март годинава, а потоа во наредните шест месеци заинтересираните граѓани и правни лица кои сакаат да извршат легализација на дивоизградените објекти ќе можат да поднесат барање за таа цел. Плаќањето ќе може да се врши на 12 рати, додека по легализацијата на објектите ќе биде можно и откупување на дворните места доколку се во државна сопственост.

Премиерот Никола Груевски нагласи дека со последните измени на законот, дивоградбите ќе се третираат како кривично дело, поради што не очекува понатаму да се практикува ваквиот вид на градење. Премиерот најави дека се подготвуваат и измени во Законот за градба со кои ќе се упрости процедурата за добивање градежна дозвола. Се работи за пакет на закони кои се во подготовка и се очекува најдоцна до крајот на овој месец да ја поминат владината седница и да бидат доставени до Собранието. Според Груевски тоа ќе значи дека сегашните потребни 21 чекор за вадење на градежна дозвола ќе се сведат на 6-7 чекори, истакнувајќи дека ќе се следат искуствата на Данска која е земја со најдобро законодавство во областа на вадење на градежни дозволи во ЕУ.

Градоначалникот на Скопје и прв човек на ЗЕЛС (Заедница на единиците на локална самоуправа), Коце Трајановски, ги поздрави измените во предлог законот. Од друга страна од ААМ (Асоцијација на архитекти на Македонија) реагираат дека не биле вклучени во подготовката на законот и сметаат дека неговите одредби се премногу сложени и неприменливи. Од ААМ бараат уважување на забелешките на урбанистите, планерите и проектантите.


http://www.build.mk/?p=6322
Back to Top
dejan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 672
  Quote dejan Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 07-Jan-2011 at 01:46
И од А1:

Од март ќе можат да се легализираат дивоградбите


Дивоградбите ќе се легализираат за едно евро по метар квадратен. Но, ова ќе важи само за куќите и фабриките кои се нелегално изградени.

„Оној кој има куќа од 80 метри квадратни ќе плати само 80 евра, а тоа може да го направи и на 12 месечни рати. Законот очекуваме Парламентот да го усвои најдоцна до месец март, по што ќе следи шест месечен период за пријавување од страна на граѓаните“, изјави Никола Груевски, претседател на владата.

Повеќе тука.

Back to Top
ebivetre View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 183
  Quote ebivetre Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 07-Jan-2011 at 11:53
Ај энае ли некој - дали овој эакон эначи дека сега јас можам на пример на брэинка да ставам една монтажна викендица на Шапка да речеме буквално кај ќе ми текне, на државно эемјиште и после согласно эаконов да ја легалиэирам? Навистина ме интересира логикава?
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 07-Jan-2011 at 12:00
Новите дивоградби како што би била оваа твоја викендица ќе се смета како кривично дело според новиот закон а не како прекршочно. Дивоградбите изградени пред да изгласа овој закон ќе можат да се легализираат а за твојата викендица мислам дека ќе мора да се руши. Но хипотетички, ако успееш да ја изградиш викендицава пред да се изгласа законот, иако звучи лудо, мислам дека сосема е возможно да си ја легализираш за 100 евра после...

По мое мислење законот е дискриминаторски кон оние кои пред овој закон имаат плаќано многу поголеми суми за легализирање на дивоградбите и од тие причини очекувам да падне на уставен суд. Така да и не би брзал со градење викендици на Шапка, или било каде Smile


Edited by La Linea - 07-Jan-2011 at 12:04
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 5>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.096 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.