build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Легализација на дивоградбите

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2345>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Sale SK View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 16-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 258
  Quote Sale SK Quote  Post ReplyReply #61 Posted: 20-Jan-2011 at 01:57

 

Originally posted by Max

законот го токмат подолго време во спрега со европски консултанти, па мошне веројатно да не падне на уставен! инаку ке се легализираат сите дивоградби коивака или онака влегле во катастарските снимања, но сепак немаат имотен лист, 

На сите им е јасно за кого е законот донесен.За толку кратко време кај нас не можеш пасош да извадиш,камо ли да легализираш дивоградба.

ПС За лична карта се чека 2 години.Доволно кажано.

Back to Top
Plugger View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 15-Sep-2008
Online Status: Offline
Posts: 378
  Quote Plugger Quote  Post ReplyReply #62 Posted: 21-Jan-2011 at 06:57

Sale, Ne e bas taka kako sto kazuvas

Jas pasos izvadiv za 3 dena vo 2008 godina, od koga gi skinaa vizite za Shengen zonite vladata donese odluka da mora da se smenat site pasosi,licni karti,vozacki dozvoli i taka nataka da bidat biometriski. I normalno znaes kako ide kaj nas sve se pravi vo 5 do 12 i se sobraa aplikaciite pa normalno e deka ke bide taka, namesto da pocnaa da go pravat toa vo 2007 i 2008 godina koga se chekase do maksimum 10 dena za pasos i licna karta sega im tekna.


Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3634
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #63 Posted: 02-Mar-2011 at 14:19

ОД ЗАДУТРЕ ПОЧНУВА ГОЛЕМАТА АКЦИЈА ЗА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА

Стопирано уривањето дивоградби

Од утре во мирување се управните и судските, односно кривичните пос­тап­ки, поведени пред надлежните судови за веќе изградените ди­вог­рад­би, а општинските градежни инспектори не смеат да ги уриваат ди­вог­рад­би­те кои веќе се изградени

Се стопираат сите постапки за уривање на дивоградбите на територија на це­ла­та држава. Од утре, кога во сила влегува Законот за постапување со бес­прав­но изградени објекти, општинските градежни инспектори не смеат да ги уриваат дивоградбите кои веќе се изградени и мора да ги прекинат си­те процедурите кои ги започнале против нив.
Од утре во мирување се и управните и судските, односно кривичните пос­тап­ки поведени пред надлежните судови за веќе изградените дивоградби.
"Ле­га­ли­за­ци­ја­та за едно евро квадратен метар се однесува на објектите кои се изградени досега. За да се легализираат, тие треба да прет­ста­ву­ва­ат градежна и функционална целина, што значи да бидат изѕидани, пок­ри­е­ни и да имаат спроведено струја и вода. Доколку нема инфраструктурен прик­лу­чок, барателот треба да достави изјава, заверена на нотар, дека об­јек­тот е изграден пред стапување во сила на Законот", велат од Ми­нис­терс­тво­то за транспорт и врски.
До­кол­ку се утврди дека по поднесувањето на барањето за легализација, гра­ѓа­ни­те прават доградби и надградби на објектот, општината нема да го ле­га­ли­зи­ра, без оглед што бесправниот објект ги исполнува условите за ле­га­ли­за­ци­ја.
Оп­шти­на­та е должна во рок од шест месеци од приемот на барањето да од­лу­чи дали ќе го легализира објектот или, пак, ќе издаде решение со кое се одбива барањето.
За­ко­нот дозволува легализација и на дивоградбите изградени во на­ци­о­нал­ни паркови и во подрачје на археолошки локалитет. Тие претходно тре­ба да добијат согласност од Министерството за животна средина и прос­тор­но планирање и од Управата за заштита на културно наследство.
Р. Фотиновска

Нелегализираните куќи на (не)милост на општините

Законот предвидува објектите што не ги исполнуваат условите за легализација да бидат урнати. Но никој точно не знае што ќе се случи со дивоградбите за кои воопшто нема да се покрене постапка за легализација. Од Министерството за транспорт и врски велат дека надлежноста ја имаат општинските градежни инспектори и тие ќе одлучат според Законот за градба. Министерот Миле Јанакиески тврди дека и тие дивоградби ќе бидат урнати, но истовремено додава:
"Општината може и да не ја урне куќата, ама нема да дозволи да ја легализира. Јас се надевам дека општините нема да дозволуваат повеќе дивоградби", вели Јанакиески. 

Ќе се легализираат и викендичките

Со новиот Закон за легализација на дивоградби ќе може да се легализираат и викендичките. За нив важи истата процедура како и за куќите. Потребно е да се изработи геодетски елаборат со имотен лист за земјиштето и да се достави сметка за струја или вода. Доколку објектот нема инфраструктурен приклучок, тогаш барателот треба да приложи изјава заверена на нотар со која потврдува дека дивоградбата е изградена пред влегување во сила на Законот за легализација на дивоградби.
Општината е должна во наредните 5 години да донесе урбанистичко-планска документација и да ја вклопи викендичката во урбанистичкиот план. Цената за легализација на викендичките, исто така, е едно евро за квадратен метар.

http://vest.com.mk/?ItemID=120454FFCFD4EA4FB446D7A7D1423E95
Back to Top
build.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 216
  Quote build.mk Quote  Post ReplyReply #64 Posted: 05-Aug-2011 at 21:17
Легализацијата на дивоградбите се одвива со различно темпо по градовите

На еден месец до крајниот рок за поднесување на барања, легализацијата на бесправно изградените објекти се одвива со различно темпо во градовите низ Македонија. Со неколку илјади поднесени барања предничат Прилеп, Штип и Куманово, наспроти Гостивар, Кочани и Гевгелија во кои се поднесени неколку стотини апликации досега. Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески пред повеќе од 10 дена информираше дека се поднесени 55.000 барања за легализација на дивоградбите, но се очекува нивниот број забрзано да се зголемува во последниот месец поради фактот што преостануваат уште околу 300.000 граѓани кои сеуште не се решиле да ги поднесат документите.

До денешен ден во Куманово се поднесени 4.000 апликации на граѓаните кои сакаат да го решат деценискиот проблем со бесправно изградените објекти, додека над 3.000 граѓани од Штип досега поднеле барање за да го легализираат сопствениот објект. Локалните власти на Гостивар на општинскиот интернет – портал денес објавија дека ќе се формираат дополнителни комисии за легализација, а до денешен ден се поднесени само 900 барања од граѓаните.

Слично на гостиварската општина, во Гевгелија до Одделението за урбанизам досега се поднесени 700 апликации од страна на граѓаните, а од друга страна се легализирани 183 објекти. И во Кочани до пред неколку денови се поднесени 635 барања за легализација на објектите, а издадени се 207 одобренија за бесправните објекти.

Збирните резултати од општинските портали на македонските градови покажуваат дека процесот на легализација на бесправно изградените објекти допрва ќе добие на масовност. Граѓаните повторно го чекаат последниот ден за да си го остварат сопственото право, а крајниот рок за поднесување на апликациите за легализација на дивоградбите е 3 септември. Со донесениот закон граѓаните може да го решат горливиот децениски проблем по цена од 1 евро за метар квадратен со поднесување на барање, геодетски елаборат, доказ за приклучок на комуналната инфраструктура и уверение за државјанство или копија од лична карта.



Бојан Блажевски

http://www.build.mk/?p=9020


Edited by build.mk - 05-Aug-2011 at 21:17
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #65 Posted: 07-Aug-2011 at 22:53

Недоречености во Законот за легализација на дивоградбите?

Општините наплаќаат двоен надоместок за легализација на дивоградби во станбена зграда. За зграда од 1.000 квадратни метри со имотен лист и дополнителни 200 квадратни метри дивоградба се плаќа само еднаш надоместок.

Додека за истата површина без имотен лист се наплатува два пати комуналии, бидејќи во тој случај целиот простор се третира како нелегален. Ова е еден клучен проблем за градежниците. Зад камерите се жалат дека имаат штети врз бизнисот. Прашуваат зошто комуналиите ги чинат двојно повеќе иако при градењето изградиле само неколку квадрати повеќе од дозволеното.

Од Министерството за транспорт и врски пак, за Сител објаснуваат дека на овој начин се спречува нелегално да се гради. Министерството донеле закон со кој се одвојува надоместокот. Еднаш се наплатува за легализација и еднаш за градежно земјиште.

Од таму велат доколку постоечката зграда ги има сите потребни документи таа нема целата да се третира како дивоградба и тогаш надоместокот за комуналии ќе се наплатува само еднаш, но доколку за неа не постои ниту еден документ тогаш нормлано е висината на давачките да биде поголема.

Во првичниот закон беше предвидено легализација само за куќи, но по барање на бизнис заедницата Владата ги вклучи и колективните згради.
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/nedorechenosti-vo-zakonot-za-legalizacija-na-divogradbite




Edited by Max - 07-Aug-2011 at 23:54
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #66 Posted: 08-Aug-2011 at 00:16

Box 17: Legalization of illegal construction in informal settlements in Croatia

The problem of illegal construction in Croatia is particularly significant in the coastal areas where it leads to informal settlement formation. In most cases, these are second homes or profit motivated developments that violate of planning and building permits. The problem escalated after 1995 when legalization regulations were revoked and possibilities of connection to infrastructure increased. For example, 9,000 illegal buildings were constructed on the island of Vir and another 1,800 in the coastal area of Rogoznica. The legacy of informal settlements in Croatia dates back to its socialist days. Regulations introduced in 1992 permitted legalization of all informal buildings (estimated at 100,000). Within three years, 35,000 building were legalized. The Directorate for Inspection Affairs within the Ministry of Environmental Protection and Physical Planning has taken measures to solve the problem of informal building. In the past three years, a total of 1,600 informally built buildings were demolished and another 4,000 were legalized. Prior to demolition, a detailed verification is carried out to check if the building is inhabited and/or if the residents also have other real estate. In such cases, demolitions are postponed. Legalization is integrated in the planning process (Tsenkova 2007)...

http://www.unece.org/publications/oes/SelfMadeCities.pdf

кај нас има ли некакви дополнителни проверки, односно услови чии се објекти може да се легализираат, како е ова регулирано... 

Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: Brisbane
Online Status: Offline
Posts: 782
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #67 Posted: 08-Aug-2011 at 06:44
Originally posted by Max




Додека за истата површина без имотен лист се наплатува два пати комуналии, бидејќи во тој случај целиот простор се третира како нелегален. Ова е еден клучен проблем за градежниците. Зад камерите се жалат дека имаат штети врз бизнисот. Прашуваат зошто комуналиите ги чинат двојно повеќе иако при градењето изградиле само неколку квадрати повеќе од дозволеното.

http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/nedorechenosti-vo-zakonot-za-legalizacija-na-divogradbite



Болдираното со посебен акцент на подвлеченото малку ми звичи како онаа изјавата на една циганка, која се жалеше пред камери дека полицијата ги бркала и не ги оставалa на раат да си крадат.
http://www.youtube.com/watch?v=oObXf7QXiME




Back to Top
antiuser View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 204
  Quote antiuser Quote  Post ReplyReply #68 Posted: 09-Aug-2011 at 19:04
Koга ќе се заврши со сегашнава легализација евро-квадрат,после тоа колку би била нормалната цена за легализирање.. квадрат..колку беше претходно пред оваа акција евро=квадрат?
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12010
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #69 Posted: 09-Aug-2011 at 20:57
Originally posted by antiuser

Koга ќе се заврши со сегашнава легализација евро-квадрат,после тоа колку би била нормалната цена за легализирање.. квадрат

Кога ќе се заврши со сегашнава легализација, после тоа нема веќе легализација... барем да се надеваме дека навистина така ќе биде. Инаку која е логиката легализацијата на дивоградби да биде вечна појава?


@ Max
Колку што знам, нема такви дополнителни критериуми како во Хрватска. Ама за секој случај пролистај го законот, како и дополнувањето од 14.04.2011

http://www.pravo.org.mk/documentDetail.php?id=5488

Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #70 Posted: 10-Aug-2011 at 13:33

првично беше предвидено легализирање само на станбен и индустриски простор, но потоа со амандман и деловниот го вклучија

Пратениците дадоа амин на амандманот со кој е дозволена легализација и на згради, деловни објекти, катни гаражи. Но, за нив не важи цената од едно евро по метар квадратен туку ќе плаќаат колку што чинат комуналиите во општината каде е дивоградбата. http://daily.mk/A1/legalizacija-na-site-divogradbi-od-sledniot-mesec/610987

  ова како кај хрватите за примарен дом, кај нас не е уредено ни во законот ни во подзаконските акти http://www.mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=3139 ќе се легализираат сите дивоградби кои ги исполнуваат предвидените услови,  односно сопственикот да е државјанин на земјава, објектот да е приклучен на некоја комунална инфраструктура и да поднесе геодетски елаборат, а наместо архитектонски проект ќе има само процена на објектот, односно статиката  на објектот  ќе ја проценува општинскиот инспектор

жешкиот костен се фрла во рацете на локалната самоуправа, која треба да испраќа комисии на терен, кои со голо око и со фотографирање ќе утврдуваат фактичка состојба на објектите, а понатаму ако им дозволат легализација, истите да ги вметнат во урбанистичките планови, без доволно битни информации за градбата. Експертите од градежништвото коментираат дека за вредноста на еден објект не е битна само утврдената сопственост, туку и нивната статика, динамика, квалитет на употребен материјал и изведба. Оние дивоградби што нема да се легализираат, ќе останат на милост на општинските градежни инспектори, кои како крајна опција можат да наредат нивно уривање.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=3311923496&id=10&setIzdanie=22221

дополнително, општините ќе бараат совет од министерствата за објекти во археолошки локалитети, заштитени зони(еколошки, национални паркови, воени области)

Легализацијата на дел дивоградби под знак прашалник?

Легализацијата на дивоградбите во близина на археолошки наоѓалишта или културни знаменистости за кои постои веројатност да бидат дополнително истражувани, е ставена под знак прашалник. Општините за секој диво изграден објект на локација која е заштитена или која може да биде предмет на истражувања, ќе побараат мислење од Министерството за култура. Од одговорот ќе зависи, начинот на кој со нив ќе се постапува, вели градоначалникот на Општина Битола, Владимир Талески.

 И покрај тоа што Законот за легализација на дивоградбите предвидува услови и критериуми за сите категории објекти, во процесот кој пред еден месец започна, се очекуваат различни ситуации на кои ќе треба да одговорат и општините и држвата. Наједноставно ќе биде легализирањето на објекти кои се дивоградби, но се предвидени во ДУП. Решение ќе треба да се најде за градбите кои не се предвидени во ДУП и кои не ги исполнуваат критериумите да бидат впишани во нив. Во Битола има случаи цели населби да се дивоградби предвидени во ДУП, но и населби како на пример Ниже поле, кое сеуште не е урбанизирано.

http://174.120.126.194/~orbiscom/orbis/index.php?option=com_content&view=article&id=2353:2011-04-06-15-42-46&catid=81:lokalni&Itemid=419


ова со селата како Нижеполе дополнително збунува бидејќи во нив сите објекти изградени по 1968 се дивоградби, сигурно се предвидуваат дуп-ови за руралните средини, но прашање е дали истите ќе се усогласуваат со просторните планови, односо дали ќе може да се урбанизира нешто во заштитена зона итн.

Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #71 Posted: 10-Aug-2011 at 17:14

http://idninatanazdravtemel.gov.mk/

идејата за рекламава логична иако нереална, вака беше порано со  доделените но невселени општествени станови, па ако сопстевеникот имал и друг  објект, а диво вселените немале дом, легалниот сопственик го губеше правото... јасно сето ова се влечеше судски...

Објектите кои се изградени на места каде што е предвидено сообраќајница или објекти од јавен карактер нема да бидат предмет на легализација?.
- Не. и овие објекти можат да бидат легализирани доколку општината одлучи да не ја гради сообраќајницата.
Дали би можеле да се легализираат објекти каде што нема детален урбанистички план?
- Може да се легализираат и тие објекти со тоа што со легализацијата општината превзема обврска да ги вметне во наредниот детален урбанистички план.
http://idninatanazdravtemel.gov.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=19&Itemid=27&lang=mk


Back to Top
antiuser View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 204
  Quote antiuser Quote  Post ReplyReply #72 Posted: 10-Aug-2011 at 17:40
Originally posted by Cloverstack

Originally posted by antiuser

Koга ќе се заврши со сегашнава легализација евро-квадрат,после тоа колку би била нормалната цена за легализирање.. квадрат

Кога ќе се заврши со сегашнава легализација, после тоа нема веќе легализација... барем да се надеваме дека навистина така ќе биде. Инаку која е логиката легализацијата на дивоградби да биде вечна појава?








МИСЛЕВ ЗА НОВО ИЗГРАДЕНИ објекти Drool  објекти кои ќе се изградат после  септември


Edited by antiuser - 10-Aug-2011 at 17:41
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12010
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #73 Posted: 10-Aug-2011 at 19:26
Тоа не е легализација, тоа се комуналии (надоместок за уредување на градежно земјиште):

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1371


Back to Top
Core View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 20-Aug-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Core Quote  Post ReplyReply #74 Posted: 20-Aug-2011 at 17:07
Бидејки ова е мојот прв пост, поздрав до сите форумџии на единствениот специјализиран форум за градежништво во нашава мила Македонија Wink

Во врска со темава, ме интересира дали според законов може да се легализира и надградба на стан и проширување на тераса?
 Бидејки според некои информации тоа не било можно, а во текстовите погоре се спомнува дека и станбени згради се опфатени со законот Confused

Благодарам на одговорите Smile



Edited by Core - 20-Aug-2011 at 17:13
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12010
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #75 Posted: 27-Aug-2011 at 02:32


Според оваа вест, со постојниот закон не постои таква можност:

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КАРПОШ БАРА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА ТЕРАСИТЕ

Градоначалникот на општина Карпош, Стевче Јакимовски ќе поднесе барање за измени на законот за постапување со бесправно изградените објекти со кои ќе се овозможи нелегално проширените тераси да се легализираат по едно евро за метар квадратен. Според него, доколку останат постоечките законски решенија, граѓаните за да ги легализираат проширените тераси ќе мора да плаќаат по 36 евра по метар квадратен, односно 25 проценти од цената на еден станбен квадрат.     - Сите оние граѓани кои имаат извадено градежни дзоволи за изградба на тераси, нема потреба да поднесуваат барање за легализација. Треба само да ги запишат во Катастар. Зборуваме само за оние кои се изградени како дивоградби и за нив бараме да се корегира законот, вели Стевче Јакимовски, градоначалник на општина Карпош.     Од друга страна пак, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевевски иницијативата на градоначалникот на Карпош ја оцени како обид за собирање политички поени. Според него ,ваквото барање можело да се достави пред донесувањетто на закнот, но остави простор предлогот на Јакимовски дополнително да биде разгледан.     - Го повикувам и него и останатите градоначалници во овој период да се концентрираат што на што поголем број граѓани да им се излезе пресрет, а потоа во зависност од барањата истите ќе ги разгледаме и доколку има потреба ќе се измени законот порача Јанакиевски.     Јанакиевски информираше дека заклучно со денешниот ден се поднесени околу 170 илади барања за легализација и повтори дека законот престанува да важи на трети септември,и нема да биде пролонгиран рокот.

[ Златко Симоновски ]

Back to Top
StreetStruck View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-Nov-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 415
  Quote StreetStruck Quote  Post ReplyReply #76 Posted: 27-Aug-2011 at 10:00
Previous Ќе си легализираш куќа од 1000 квадрати за 1 евро по квадрат и ќе дојде некој на кој што се му е легално и си ја проширил терасата само и ќе му речат аааа не ти имаш тераса за тебе е 36 евра по квадрат. Хаха да им го мериш мозокт со кантарче нема да им го измериш.
Кажав на неколку пати и пак ќе кажам, законов е дефинитивно еден од најдискриминирачките за поштениот народ кој стално е со средени сметки, редовно плаќа и е совесен и примерен дел од општествово и згора на се некој на глава им јаде со ова. И уште нешто ако не е цел закон стокмен за собирање на политички поени тогаш не знам за што е донесен. И после магарето ќе му вика на зајакот имаш големи уши (ова се однесува на препукувањето Јанакиески- Јакимовски).
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански
Back to Top
StreetStruck View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-Nov-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 415
  Quote StreetStruck Quote  Post ReplyReply #77 Posted: 27-Aug-2011 at 10:08
И уште нешто да се надоврзам. Иде една реклама нова некоја ваљда, за законов и се појавува едно чиче и вика ТОГАШ НЕ ЗНАЕВМЕ А И НЕМАВМЕ... Моите дедовци и баби покрај тоа што работеле негде, иделе на нива ринтале, нижеле тутун, продавале на пазар за да можат поштено да платат и да им биде се легално. И некој доаѓа и ти вика не знаевме, а милион комисии ти доаѓаат секој ден да ја видат и најмалата промена и да ги потсетат дека треба да си ја подмират обврската кон државата... Епа стварно е за едни мајка за други маќеа. Поздрав.
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2347
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #78 Posted: 07-Sep-2011 at 14:47
        Moже ли некој  од компетентните за оваа тематика, да ни објасни нам, на лаиците, како ќе се изврши легализацијата во селските средини.
 
        Значи, не станува збор за села, како што се Инџиково, Стајковци, Сарај, Маврово, Трпејца, Дојран и сл. Прашувам за села што се ридски и ридско-планински од разбиен тип. Села кои немаат асфалтен пат, немаат водовод, а канализацијата е научна фантастика, немаат училиште, немаат амбуланта, немаат продавница. Ниту пак за нив е изготвен урбанистички план, што само по себе  е контрадикторно: Урбанистички план за рурална средина.
      Според законот, преземен од mtc.gov.mk:
 
       Глоба во износ од 1.000 до 2.000 евра во денарска проттиввредност ќе му се изрече
за прекршок на одговорното лице и на службеното лице во органот надлежен за вршење
на работите од областа на уредувањето на просторот, ако:
- не издаде урбанистичка согласност, односно не донесе решение за одбивање на
барањето за утврдување на правен статус на бесправен објект во рокот утврден во член 11
став (1) на овој закон и
- не донесе решение за утврдување на правен статус на бесправен објект во рокот
утврден во членот 21 став (3) на овој закон.
      
        Сега, тука не е јасно, врз која основа општината ќе даде урбанистичка согласност, ако објектот (маркицата) не ти е вцртана во планот. Во планот, кој не е изготвеен, а нема сметка ниту да го изготвува.
 
         Од Чешиново-Облешево произлегоа со следниот став:
 
На пример, ако од легализацијата планираме да собереме околу 5.000 евра, за изработка на урбанистичката планска документација за една помала населба ќе треба да дадеме од 200.000 до милион евра. Ако немаме пари за плановите, автоматски ќе го прекршиме законот, без оглед што наша законска обврска е нивното донесување“ - објаснуваат надлежните од општината Чешиново - Облешево.

          Според горенаведеното, што е пореално решение:

         - Oпштината да даде 200.000 до милион евра за изработка на урбанистичка документација за секое село од средноиазиски и афрички тип, со огромна површина на селскиот атар и со по 20 старци на умирање.
          - Да мора да ги одбие барањата на странките и покрај комплетната докумантација, а парите за елаборатите и друго, на барателите, да отидат во ветер.
 
         И зошто воопшто некоја општина која кубури со финансиски средства, истите би ги вложувала во изготвување на урбанистички планови за села кои за неколку години ќе станат села-духови?
 
          Ретките млади брачни парови, доколку ги има во таквите села, кои што живеат во куќи изградени од Кралството СХС; дали ним им се исплати да дадат 150 евра за елаборат, плу спари за катастарски премер и плус по едно евро за метар квадратен двор ( а сите знаеме дека селските куќи имаат огромни дворови), или повеќе им се исплати да им ја срушат куќата, а тие да го напуштат селото и да се преселат во град.
 
          Прашањето за понатаму е кој ќе произведува храна, кога никој нема да остане во селата, а нивите ќе станат пусти ледини?
 
         А дали некој од вас би останал, кога откако ќе ги плати сите давачки за куќата, што ќе му излезе повеќе од целокупната вредност на куќата, зашто овде селските куќи не се како во Швајцарија и Скандинавија, би живеел и понатаму со следниве неповолности
         - немање асфалтен пат, ниту макадам, туку во кал до колена и зимоска завеан во снег
         - немање превоз
         - немање училиште, амбуланта и продавница
         - немање водовод, а за канализација може само да сонува.
 
Која би била неговата мотивација да остане на село?

         
 
 
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3400
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #79 Posted: 07-Sep-2011 at 15:27
Потполно си во право за овој опсежен текст
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2347
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #80 Posted: 07-Sep-2011 at 15:41
Previous
 Се трудев колку што е можно да го упростам, за субкритетите да ме разберат. Би се изненадил ако некој од нив ме удостои со одговор.
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2345>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.