build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Фото/Видео > Културно наследство
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Средновековни градови и тврдини

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  12>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2113
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Средновековни градови и тврдини
    Posted: 29-Sep-2009 at 11:47

Средновековни градови и тврдини 

Тврдините претставувале градови, а под нив биле сместени подградија или вароши. Во 14 век Турците го пресекле животот на средновековните тврдини и тие запустеле. Најдените остатоци од многуте тврдини се сосема доволни за тие одново да се изградат.




Табеларен преглед на укрепените места во Македониjа  

општина: место (средновековно име)
Берово: Будинарци (Будинград ?)
Битола: Битола (Битола, Бутела, Пелагониjа ?)
     " Долно Ореово

     " Живоjно

     " Зовик (Чемрен)
     " Стрежево (Габаларион)
Брод: Белица (Белица)
     " Девич (Девич)

     " Заград (Растеш ?)
     " Здуње (Здун?)
     " Ижиште (Иж ?)
     " Модриште (Модрич)
Валандово: Валандово (Алавандово)
Виница: Виница (Виница ?)
Гевгелиjа: Габрово

Гостивар: Горна Бањица

     " Градец (Градец; Полог ?)
     " Калиште (Сокол ?)
     " Србиново (Трново)
Дебар: Дебар (Раховник)
Делчево: Вирче

     " Драмче

     " Звегор (Звегор ?)
     " Луковица (Луковица)
Демир Хисар: Бучин (Бучин)
     " Граиште (Добрун)
     " Железнец (Железнец, Сидерокастрон)
Кавадарци:  Дреново (Девол ?)
     " Ресава (Тиквеш)
Кичево: Арангел

     " Кичево (Кичава)
     " Подвис

Кочани: Мородвис (Моровизд, Мороизвизд)
Крива Паланка: Опила (Славиште ?)
Куманово: Градиште (Луково ?)
     " Канарево (Козjак ?)

     " Коњух (Коњух)

     " Младо Нагоричане (Жеглигово)
Неготино Демир Капиjа-Корешница (Просек)
Охрид: Годивjе


     " Охрид (Охрид)

     " Песочани (Дебрица)

Прилеп:  Варош (Прилеп)
     " Дебреште (Д'бреште, Деурети)
     " Десово

     " Зрзе (Зрзе)
     " Манастир (Морихово ?)
     " Прилепец

     " Трескавец (Трескав'ц)
Пробиштип: Злетово (Злетово)
Радовиш: Радовиш (Радовиште)
     " Шопур

Ресен: Евла (Василида ?)
     "
(Преспа)
     " Стење (Петра ?)
Свети Николе: Трстеник (Ѓуриште ?)
Скопjе: Водно (Чрнче)
     " Кожле (Кожле)
     " Маркова Сушица

     " Матка (Матка)
     " Скопjе (Скопиа, Скоплjе)
     " Чучер (Давина ?)
Струга Загратчани

Струмица: Банско (Термица ?)
     " Костурино (Василида ?)
     " Конче (Конче)
     " Струмица (Струмица, Тивериополис)
Тетово: Д. Лешница

     " Jегуновце

     " Лешок (Љешс'к)
     " Ораше (Собри)
     " Рогле

     " Стенче (Стена ?)
Велес: Теово (Бабуна ?)
     " Велес (Велес)
Штип: Крупиште (Равен ?)
     " Црешка (Чрешче)

Штип

(Стипон, Штип)

 


http://promacedonia.org/im3/im_ilustracii.htm

 

можност за посета

 

http://www.kralemarko.org.mk/default-mk.asp?section=contact




Edited by Makedonij - 06-Feb-2010 at 14:06
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2113
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 29-Sep-2009 at 11:50
СКОПЈЕ
На тврдината на Водно, позната како Марков град, имало дури 35 кули, од кои се сочувани остатоци. Во Македонија се евидентирани 453 тврдини. Скопските тврдини потекнуваат од доцната антика. Неколку од нив Турците ги обновиле. Таков е случајот со Калето, кое, според домашните експерти, го изградил Јустинијан. Меѓу евидентираните тврдини се Чрнче (денешно Црниче), Припор, Кожле (кај Катланово), Сушица (кај Марков манастир), Давина и Собри (рударска тврдина и рударско гратче), Марков град (на Водно), Матка и многу други.

Маркова Сушица

 

Сл.%20135.%20„Марково%20Кале”,%20Маркова%20Сушица%20%28Малчиште%29,%20доцноантичка%20рудничка%20тврдина.%20Обновена%20во%20доцниот%20среден%20век

„Марково Кале”, Маркова Сушица (Малчиште), доцноантичка рудничка тврдина. Обновена во доцниот среден век

  Месноста „Марково Кале” лежи 1 км југозападно од познатиот Марков Манастир покрај Маркова Сушица и 1 км северно од Малчиште. Претставува издаден рид во подножјето на планинскиот венец Караџица, што од запад го затвора северниот дел од долгата речна клисура на Маркова река. Ридот Марково Кале се издига 100 м високо над реката и 530 м н.м. Од ова место се контролира патот долж Маркова река до нејзиниот извор, што преку планинскиот премин на Караџица продолжува кон соседното Порече и Азот; денес овој пат има само локално значење. Во северното подножје на Марково Кале лежат антички испиралишта на златоносен песок, кои повремено биле експлоатирани и низ средниот век и турскиот период, до наше време.

И. Микулчиќ 1981, 118—120; истиот 1982, 92—95



Edited by Makedonij - 06-Feb-2010 at 14:05
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2113
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 29-Sep-2009 at 11:55

 МАТКА - Укрепен манастир и збег

Сл.%20136.%20„Марков%20Град”,%20Матка,%20укрепен%20манастир%20и%20збег.%20Доцен%2014.%20век

Месноста „Марков Град” лежи на северниот крај на долгата клисура на Треска, 2 км југоисточно од Матка. Претставува стрмен гребен на источните падини на планината Осој, 380 м високо над реката и 860 м н.м. Опколена е со многу стрмни карпести гребени и раседлини. Има пристап само по една тесна патека од североисток. Местото е скриено со повисоки карпи од сите страни и има поглед на теснецот на реката и тешката комуникација низ теснецот.

В. Лилчиќ 1985, 185—196, и 1995, 1—153.



Edited by Makedonij - 11-Oct-2009 at 08:57
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 29-Sep-2009 at 20:58
нема никаков остаток од твирдините? знам дека има остатоци, сакав да прашам дали постои некаде некаков ѕид или бедем
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2113
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 29-Sep-2009 at 22:28

Водно

Град Чрнче, збег на градот Скопје

 

Сл.%20129.%20„Маркови%20Кули”,%20Водно,%20Скопје,%20кастел%20од%206.%20век.%20Акрополата%20е%20обновена%20како%20град%20Чрнче

Месноста „Маркови Кули” лежи 4,5 км на југоистокод центарот на Скопје. Качен е на источниот крај на планината Водно, врз издаден и стрмен варовнички гребен 350 м. високо над полето и Вардар во подножјето. Озгора има поглед врз полето многу километри на север, североисток и исток. Поврзан е со патот што по изохипса врти околу планината, а на тој пат израснале словенските средновековни села Сопиште, Водно, Нерези, Крушопек, Гр(ада)чец.
На зарамнетиот врв во 6. век бил изграден еден необично силен кастел со големина 360 х 90 м. Ѕидовите му биле широки до 2,5 м и зајакнати со 40 кули. Страничните кули имале форма на пентагони со големина до 11 м; акрополата била бранета со 9 тригони. Челната триаголна кула се потпирала на масивен бастион, голем 16 х 13 м. Со ископувањата од 1976 до 1980 г. била истражувана стратиграфијата на слоевите и нивната хронологија, потврдена со монети од Јустинијан I до Ираклие.

 

Сл.%20130.%20„Маркови%20Кули”,%20Водно,%20Скопје,%20византиски%20дворец%20од%2012.—13.%20век,%20%28реконструкција%20според%20откопаните%20остатоци%29

„Маркови Кули”, Водно, Скопје, византиски дворец од 12.—13. век, (реконструкција според откопаните остатоци)

Откопани се делови од обѕидието и 7 кули; сондирани се цистерните за вода и делови од водоводната мрежа, како и делови од други градби. Овој голем и невообичаено силно укрепен кастел со невообичаено големи цистерни за вода и невообичаено голем број кули служел како главна заштита и збег на жителите од рановизантискиот град што стоел во центарот на денешно Скопје; градот кој несомнено може да се идентификува со Јустинијана Прима.


 

 




 

 



Edited by Makedonij - 03-Oct-2010 at 19:14
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2113
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 29-Sep-2009 at 22:34

Кожле

Град Кожле, гранична стража.Месноста „Маркови Кули” лежи 1,6 км источно од Кожле и 1,2 км јужно од Летевци, 3 км пред устието на Пчиња во Вардар. Претставува тесен и издаден карпест рид со стрмни страни во теснецот на Пчиња, околу кој реката врти во голем лак. Се издига 70 м над реката. Мало седло од источната страна го дели од повисоките планини; денес преку тоа седло поминува автопатот од Скопје кон Титов Велес. Една прастара патека ја преминува реката на тоа место, поврзувајќи ги двете антички траси на Вардарската магистрала (и денес тука водат два еднонасочни автопата) западно и источно од Маркови Кули.

Сл.%20134.%20„Маркови%20Кули”,%20Кожле,%20доцносредновековна%20гранична%20стража%20%28град%20Кожле%29

И. Микулчиќ 1982, 91—92 и 133—135
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2113
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 29-Sep-2009 at 22:53
ВИНИЦА
Месноста „Градиште, Кале” лежи на југозападната периферија на Виница. Претставува 40—70 м висок рид на работ на Виничкото поле. Најлесно е пристапен од југ, преку мало седло кое вештачки е пресечено во одбранбени цели. Во северното подножје поминува патот Штип — Виница — Берово, античкиот пат Астибо — Баргала — Партикопол. Калето доминира над широката околина. Еден стар планински пат поаѓал од Калето на југ и преку сртот на Плачковица избивал во Радовишко Поле.

Просторот на ридот Кале, опфатен со обѕидие, мери 320 х 140 м (3,2 ха). Најстари наоди: атички сликани вази и монети на Филип II Македонски. Во 4. век н.е. било изградено обѕидие со малтер и оформен кастел голем 2 ха. Во 6. век обѕидието било обновено, исто така и челната кула, а на југоисточниот дел доѕидана е нова кула со премин низ неа. На тој сектор се откопани (во 1985—1990 г.) една ранохристијанска црква, дел од магацин со вкопани питоси и до него дел од богата куќа со перистил, веројатно епископска резиденција. Во неа се најдени бројни керамички плочи со библиски претстави во релјеф („Винички икони”) со кои биле украсени ѕидовите. Градбите страдале во пожар и биле целосно урнати во доцниот 6. век (повеќе монети на Јустин II, 569/70 г.).

Иако малечок по обем, кастелот во Виница со време бил издигнат до ранг на црковно средиште веројатно епископски стол Келенидин (?). За ова зборува и концентрацијата од 10 базилики во Виница и во нејзината околина.

 

Сл.%2041.%20„Кале”,%20Виница,%20доцноантички%20кастел.%20Акрополата%20обновена%20во%20средениот%20век

И. Микулчиќ TIR, 132; — К. Балабанов 1986,153; — Е. Манева 1992,121





http://www.opstinavinica.gov.mk/files/192/brosura_vinica_star_anticki_grad_mk.pdf
http://www.360macedonia.com/macedonia/en/images/vrtour/kale_vinica.html

Spored skicata na Mikučič vaka bi izgledala tvrdinata, približno...Yes










Edited by Makedonij - 05-Feb-2010 at 19:13
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2113
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 30-Sep-2009 at 08:50
Битола

Кастрон Бутела — град Битола (кивитас Пелагонија?).

Месноста „Буковски гробишта” (Хераклеја), лежи на јужната периферија на Битола. Претставува 50 м високо и издадено ритче на западниот раб на големото Поле, кое преку тесно седло продолжува на запад во повисоки ридови, кон планината Неолица. Околу ова место вртел познатиот Егнациски пат, денес патот Охрид - Битола - Лерин.

 

Сл.%2020.%20Античкиот%20град%20Хераклеја%20Линкестис.%20Акрополата%20%28А%29%20е%20обновена%20како%20средновековен%20кастрон%20Пелагонија%20%28?%29%20а%20епископскиот%20комплекс%20%28М%29%20како%20манастир%20—%20Бутела%20%28Битола%20?%29

Локацијата на „градот” (тврдината) Битола останала до денес непотврдена. Тука помислуваме на акрополата на Хераклеја од предсловенскиот период, која се издига на 80—100 м северно од ископаниот епископски комплекс односно претпоставениот средновековен манастирски дел. На планот од градот што го работев пред 3 децении имам внесено и обѕидие на врвот од ритчето, зајакнато со неколку кули. И денес релативно добро е сочувано на теренот. Од јужната страна на врвот, меѓу современите подѕидувања за лозја што се гледаат на тој простор, континуирано се следат два стари крепосни ѕида од кои едниот е можеби доцноантички, а другиот средновековен. Овие обѕидија опфаќаат простор голем 0,8 односно 1,5 ха, што е доволно голем за тоа време. За жал, просторов досега археолошки не бил истражуван.

Папазоглу 1957, 188—194; — И. Микулчиќ 1974, 347—368; — Мошин 1966, 51—61; — Томоски 1980, 17—21; — Филиповска - Србиновски 1980, 111—122 и 1981, 113—120; — Манева 1992, 113—117


Edited by Makedonij - 30-Sep-2009 at 08:50
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2113
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 30-Sep-2009 at 08:55

Д. Ореово

Крајпатна и регионална стража.

Ридот „Кале” се издига 2 км североисточно од Долно Ореово и 360 м високо над околните долинки (1105 м н.м.). Доминира над многу широка околина и над превалецот 2 км северно од него, по кој патот од Битолското Поле води кон Јужно Мoриово.

На врвот од ридот на крајот од антиката бил изграден силен кастел; обѕидието (камен со малтер) затвора простор од 180 х 90 м (1,3 ха). Северниот, повисокиот дел со внатрешен ѕид бил преграден во мала акропола. Наоди: доцноантичка керамика и монети од 5. и 6. век. Кастелот го контролирал спомнатиот пат и границата меѓу провинциите Македонија I и II, повлечена северно оттука.

М. Грбиќ 1954, 122; — И. Микулчиќ TIR, 46; Е. Манева 1992, 117.
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2113
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 30-Sep-2009 at 09:00

Зовиќ (Чебрен)

Град Чемрен, рудничка крепост.

Локалитетот „Град, Чебрен” лежи на еден издвоен вулкански куп во кањонот на Црна, 140 м високо над реката (560 м н. м.), 3 км северозападно од Зовик. Тука лежат урнатините на средновековниот манастир и на раселеното селце Чебрен. Речниот свијок го опфаќа купот од 3 страни. Една пониска тераса го поврзува купот со други ридови на југ, одвоена од нив со тесно седло. Локалниот планински пат што поаѓал од Полето на запад и ја сечел јужномориовската висорамнина. го допирал Чебрен и се качувал до пазувите на Кајмакчалан - Кожуф на исток, кон старите рудни-ци на железо (денес патот Суводол — Рапеш — Манастир — Полчиште). Наброените села денес во голем степен се раселени.

На спомнатиот висок куп во доцната антика бил изграден силен кастел, којшто зафаќал простор од 3 ха. На пониската јужна тераса се развила цивилна населба, опфатена исто со обѕидие. Ѕидовите се градени со малтер. влечени во долги прави потези и зајакнати со повеќе кули. Целиот простор е планиран и оформен како град, со големина од 5 ха (со кастелот-акрополата вкупно 8 ха).

Во центарот на населбата стоела голема базилика, чии што темели и делови од мермерната пластика денес лежат околу средновековната црква. Оваа црква била изградена врз старата базилика, а обновена е во 16. век како манастир Чебрен. Во текот на I светска војна (1917—18) манастирот бил урнат и до денес не е обновен. Доцноантичкиот градежен шут лежи насекаде, а изобилството железна згура зборува за индустријата на железо во населбата. Траги од старите рудници има на повеќе места во околината.Според сите индиции на ова место стоел градот Антанија, епископско седиште во 5. и 6. век.

Сл.%2023%20„Чебрен”,%20Зовик,%20доцноантички%20рударски%20град.%20Акрополата%20е%20обновена%20во%20средниот%20век%20како%20град%20Чемрен

„Чебрен”, Зовик, доцноантички рударски град. Акрополата е обновена во средниот век како град Чемрен

ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2113
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 30-Sep-2009 at 09:03

Живојно

Рудничка населба и тврдина.

Месноста „Градиште” лежи 1 км југоисточно од Живојно и 1 км од денешната граница кон Грција. Претставува доминантно ритче со стрмни падини над изворишните краци на Живојнска Река, во западното подножје на Кожуф-планина. Во близина лежат рудниците на јаглен и старите копови на железна руда.

Од почетоците до крајот на античката епоха на Градиште егзистирала укрепена населба, потврдена со бројни движни наоди од населбени слоеви, како и со 10-ина некрополи од одделни временски периоди околу неа. Во доцната антика било изградено цврсто обѕидие со малтер; бројни монети завршуваат со доцниот 6. век. Очигледно е дека населението живеело од експлоатацијата на железна руда, која тука лесно е топена благодарејќи му на јагленот (површински копови). 4 км југоисточно оттука стоела познатата тврдина (фрурион) Сетина во која царот Гаврил Радомир имал свој ловечки дворец.

М. Грбиќ 1954, 127; — И. Микулчиќ TIR, 136


ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2113
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 30-Sep-2009 at 09:06

Стрежево (Габалавци)

Фрурион Габаларион, рудничка крепост.

Месноста „Кале” лежи 1 км североисточно од раселеното Стрежево и 3,5 км западно од Габалавци. Претставува 60—70 м висока тераса на работ на долинката на Шемница. На ридовите од двете страни на Шемница има траги од експлоатацијата на железо во минатото. Патот долж Шемница го допирал и Калето а го поврзувал рудоносниот Демир Хисар на север со Егнацискиот пат (денес Охрид — Битола) на југ.
Месноста „Кале” лежи 1 км североисточно од раселеното Стрежево и 3,5 км западно од Габалавци. Претставува 60—70 м висока тераса на работ на долинката на Шемница. На ридовите од двете страни на Шемница има траги од експлоатацијата на железо во минатото. Патот долж Шемница го допирал и Калето а го поврзувал рудоносниот Демир Хисар на север со Егнацискиот пат (денес Охрид — Битола) на југ.
Ѕидовите околу кастелот се добро запазени до денес; во доцниот среден век тие веројатно биле обновени и тврдината се користела да ги контролира обновените рудници околу неа. Bо 1330 г. спомнат е фрурион Габаларион (покрај Бучин, Добрун, Железнец и Дебрица). Името на денешното село Габалавци во тој регион наведува на помисла дека е изведено од името на византиската тврдина. Други топономастички траги нема на други места. Томоски прв помислил на ова село како на патоказ за локацијата на Габаларион. За жал, тој посочил неодреден простор меѓу селата Габалавци и Лопатица, од левата страна на Шемница. На тој простор нема траги од некоја стара крепост. Единствената тврдина во тој микро-регион е оваа што тука ја прикажуваме. И името на Стрежево народното предание го поврзува со крепоста во која владеел легендарниот Стрез.

Сл.%2025.%20„Кале”,%20Стрежево%20%28Габалавци%29,%20рудничка%20тврдина%20од%206.%20век,%20делумно%20е%20обновена%20во%20средниот%20век%20%28фрурион%20Габаларион?%29.


ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9037
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 30-Sep-2009 at 10:47
Убави презентации Македониј Thumbs%20Up
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2113
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 11-Oct-2009 at 09:16
ШТИП
Фрурион Стипеон, град Штип со подградие.

Сл.%20176.%20„Хисар”,%20Штип,%20замок%20од%2014.%20век%20изграден%20врз%20остатоците%20од%20словенската%20тврдина%20Штип

Месноста „Хисар” претставува карпест рид висок 120 мнад устието на Отиња во Брегалница, на западната периферија на денешен Штип. Има многу стрмни страни и тесен долг врв, а најлесно е пристапен од север каде што сртот постапно слегува до реката. Хисар е скриен од запад и  jyr co други ридови што формираат речен теснец. Во источното подножје на Хисар и 1 км западно оттука се крстосувале неколку значајни патишта во минатото (како и денес): патото од Солун и Струмица на југ-југоисток; од Велес на југозапад; од Ниш и Овче Поле на запад-северозапад; од Горна Струма и Пијанец на североисток (по десниот брег на Брегалница); од Долна Струма и Малешево на исток (по левиот брег на Брегалница и Осојница).



Edited by Makedonij - 29-Jan-2011 at 08:49
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2113
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 11-Oct-2009 at 09:57

Црешка

Град Чрешче, рудничка и гранична крепост.

На оддалеченост од близу 2 км југозападно од Црешка се издига осамената карпа „Хисар” („Полис”) покрај Брегалница. Реката врти во голем лак околу неа и ја опфаќа од три страни. Само од исток кон Хисар се приоѓа преку длабоко седло. Карпата има вертикални страни високи 30-50 м и зарамнет врв во вид на плоча, голема 300 х 120 м. Се издига 150 м над реката и доминира над широката околина. Далеку е од сите позначајни патишта во овој регион. Јужно од Хисар реката поткопала карпи наталожени со железна руда (сидерит); се гледаат дупки и поткопи на простор долг 2 км — траги од вадење на рудата во минатото.

Сл.%20174.%20„Хисар%20%28Полис%29”,%20Црешка,%20доцноантичка%20рударска%20населба.%20Акрополата%20е%20преградена%20во%20средниот%20век%20%28град%20Чрешче%29

Првите рудари се населиле на Хисар во раната антика (грнчарија и монета од 3. век ст. е.). Во доцната антика тука израснала голе-ма рударска населба. Иако е природно укрепена и непристапна, плочата на врвот била опкружена со камен ѕид, а со ѕидови бил опфатен и станбениот простор во јужното и источното подножје, со вкупна површина од 7 ха. На реката јужно од Хисар бил изграден мост од кој денес се гледаат траги. Бројните движни наоди и монети од 4.—6. век го определуваат времето на животот на Хисар.

Обновеното рударство во овие краишта условило да се обнови и крепоста на Хисарот. Бидејќи и плочата била многу голема за поскромните средновековни потреби, преградена е со напречен ѕид во два дела и помалиот источен дел (со големина 120 х 110 м) бил населен. На напречниот ѕид (граден без малтер) на северниот агол потпрена е една голе-ма кула. Ѕидана е масивно и со малтер, мери 12,5 х 12 м и доминира над целата карпа и околината. Сето ова ја определува како донжон, настанат во 13. или 14. век. Останатиот простор на карпата, природно заштитен, служел по потреба како збег.

  Движните наоди прибрани во укрепениот простор потекнуваат од подолг временски период. Истакнуваме една бронзена апликација — јазиче за појасен ремен, со форма и украси типични за доцниот 8. и 9. век. Парчињата словенски накит од бронза и стакло потекнуваат од 10—13. век. Бакарните монети — византиски скифати се од 12.—13. век. Една оловна плочка со магиски запис за истерување на демонот Нежит е датирана во 13.—14. век. Српските монети се од 14. век.

ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2113
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 11-Oct-2009 at 10:24

Крупиште

Град Равен ?, населба.

Сл.%20171.%20„Кале”,%20Крупиште,%20доцноримски%20каструм%20и%20стопанско%20средиште%20%28град%29%20во%205.—6.%20век.%20Обновен%20во%209.%20и%2010.%20век%20како%20аул%20—%20„град”%20Равен%20?

Крупиште, среде мочурлива рамница на устието на Злетовица во Брегалница. Теренот е природно издигнат 2—3 метри над околното мочуриште, во вид на тесен полуостров пристапен од запад; излиените речни води претставувале природна препрека од три страни. Во наше време со мелиорациони зафати мочуриштето е претворено во оризови полиња кои се натопуваат со истата вода. Покрај Калето води трасата на Брегалничкиот пат (денес Штип — Кочани — Делчево), а на ова место од него се одвојува регионалниот Осоговски пат (денес Крупиште — Пробиштип — Кратово — Славиште).

На ритчето Голем Цапар што се издига на источниот дел на Калето во хеленистичко време била изградена укрепена населба. Со својата централна положба во Полето и со големина од 4 ха, претставувала стопанско и управно средиште на овој крај.

Во доцноримско време на Калето бил подигнат воен логор (каструм) во форма на правоаголник. Ѕидовите (камен со малтер) биле влечени во прави потези и затворале простор од 8 ха. По војската тука израснала цивилна населба, можеби градот Запара, забележан и како епископско седиште. Со градење на куќи во наше време месното население ископало бројни парчиња мермерна пластика од неколку ранохристијански цркви. Една голема базилика со 5 апсиди (6. век) делумно е откопана на северниот крај на градот, а остатоците од една друга констатирани се со сондирање под црквата на Св. Никола (14. век) јужно од градското обѕидие.


Сл.%20173.%20„Кале”,%20Крупиште,%20црква%202%20%289.—10.%20век%29%20изграсена%20врз%20средниот%20дел%20на%20базиликата%20од%206.%20век.%20Јужно%20до%20неа%20се%20словенски%20гробови%20%2810.—11.%20век%29

 



Б. Алексова 1983, 85—00 и 1989, 18—3, 65—7; — И. Микулчиќ TIR, 75—76.
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 11-Oct-2009 at 12:27
би ми се допаднало да видиме некаква реконструкција на помалку познативе тврдини, не сум знал дека воопшто сме имале толку многу поголеми утврдувања
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2113
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 11-Oct-2009 at 17:07
СТРУМИЦА

Кастрон — град Струмица, регионално и црковно средиште.

Ридот „Цареви Кули” се издига над југозападната периферија на Струмица. Има стрмни страни и тесен зарамнет врв, а преку длабоко и тесно седло од југозапад продолжува во повисоките ридови. Висок е 180 метри над полето во подножјето, каде се крстосувале значајни антички патишта: патот Астибо — Астрајон — Добер — Идоменае — Тесалоника (денешен Штип — Струмица — Валандово — Дојран — Солун); патот кон Стримон на исток (денешен Петрич) и кон Стенае на запад (денес оди само до Конче, а не и до Демир Капија). Големото плодно поле претставувало секогаш стопанска подлога на овој микрорегион. Цврстото обѕидие со вар било подигнато во доцната антика околу овален простор со извлечен северен врв, голем 330 х 230/160 м

Сл.%20150.%20„Цареви%20Кули”,%20Струмица,%20струмичкиот%20Горни%20град%20%28кастрон%29,%20изграден%20врз%20доцноантички%20остатоци

„Цареви Кули”, Струмица, струмичкиот Горни град (кастрон), изграден врз доцноантички остатоци
Највисокиот северозападен дел со еден внатрешен ѕид бил издвоен во акропола. Големи обновувања се гледаат на западниот крај на акрополата: една порта и две кули северно и јужно од неа, кои според начинот на градењето потекнуваат од 6. век. Оваа обнова можеби е изведена за времето на царот Тибериј или Тибериј Маврикиј и оттука доаѓа новото, византиско име за овој град, Тибериополис.

Големата крепост на Цареви Кули претставувала цитадела или Горен град. Подградието се простирало во северното подножје на ридот, на високата тераса на која денес лежи најстариот дел на Струмица. И тоа било опфатено со обѕидие, а надвор од овој простор се ширела некрополата (кај старата пошта); тука се откопани гробови од хеленистичко време (3.—2. век ст. е.) и римскиот период (3. и 4. век н.е.). Градот Добер во 5. и 6. бил епископско седиште; повеќе цркви од тоа време се откриени во околината: кај Водоча, Велјуса, Банско, Петралинци, Ѓечерли и др. Во самата Струмица се откриени делови од две цркви од 6. век: едната лежи под средновековната црква на Св. 15 Маченици, на југоисточниот дел од градот, а втората кај Орта џамија, на југозападниот дел.

Сл.%20151.%20„Цареви%20Кули”,%20Струмица,%20главната%20кула%20%28донжон%29;%20доцен%2014.%20век%20%28основа%20по%20М.%20Јовановиќ%29

„Цареви Кули”, Струмица, главната кула (донжон); доцен 14. век

На западниот дел од акрополата стојат две кули кои биле обновувани во 12.—14. век. Во тоа време на средината на акрополата, на слободниот простор, била изградена донжон — кула со шестоаголна основа и издадени остри краишта. Нејзиниот сутерен, хидростатно изолиран, служел како цистерна за вода (дождовница) а влезот се наоѓал на катот.На целиот простор на акрополата (Горни град) се гледаат темели од куќи за живеење и поголеми градби од друг карактер, а ситните наоди и градежната керамика со ерозија се свлечени главно на јужната падина. Пронајдени се и византиски монети — бакарни скифати од 12.—13. век. Во северното подножје на ридот израснало големо неукрепено подградие, со трг (пазариште) на северозападниот крај (денес Стара чаршија). Над урнатините на ранохристијанската базилика по средината на 9. век била изградена црквата на Св. 15 Маченици, а старата крипта под неа добила нов живопис.

Сл.%20152.%20Струмица,%20црква%20Св.%2015%20Маченици,%209.%20век%20%28по%20Д.%20Коцо%20—%20П.%20Миљковиќ%29

Струмица, црква Св. 15 Маченици, 9. век (по Д. Коцо — П. Миљковиќ)





Инаку Царевите кули во Струмица се реконструктуиарт, мислам дека нема уште нишка за тој проект?!



Edited by Makedonij - 11-Oct-2009 at 17:50
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 11-Oct-2009 at 19:25
Originally posted by Makedonij

Инаку Царевите кули во Струмица се реконструктуиарт, мислам дека нема уште нишка за тој проект?!

Нема, сеуште нема доволно материјали Smile

Досегашните вести се регистрирани во нишката за реконструкција и реставрација:
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=68

а по некоја информација може да има и во нишката за археологија:
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=163


Edited by Cloverstack - 11-Oct-2009 at 19:27
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2113
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 21-Oct-2009 at 12:37
БЕРОВО

Будинарци - Будинград. крајпатна стража.
Месноста „Градиште, Будинград” лежи до западниот крај на Будинарци, покрај магистралниот пат Виница - Берово. во античко време Астибос - Баргала - Партикопол. Претставува тесен рид што се издига 20—70 м високо над Брегалница; опфатен е од реката од речиси сите страни. Лесен пристап има само од југ преку тесно седло, каде што минува и спомнатиот пат. Ридот има многу стрмни страни, а озгора е зарамнет.
Во доцноантичко време било изградено обѕидие со малтер, што затворало простор голем 300 х 60 м. Се состоел од 2 дела.

1. Кастелот стоел на повисокиот, јужен дел. со големина 0.8 ха, имал правоаголна основа со паралелни страни. На јужниот крај стоела мала акропола, одвоена со еден внатрешен ѕид и зајакната со челна кула.
2. Станбениот дел лежел северно од него, со големина 0,8 ха, а бил одвоен од кастелот со просечен одбранбен ров. Обѕидието носи траги од голема обнова. На северозападниот крај стоела кула што го бранела најлесниот пристап до крепоста. Долж источниот ѕид се гледаат станбени простории, потпрени во низа на него. Крепоста била изградена во 4. век, а обновена во 6. век. Наоди: бројни монети од 4., 5. и 6. век, бронзени токи и аплики, железни фибули од крајот на 6. и 7. век, керамика и др.
Кастелот го контролирал спомнатиот пат, како и регионалниот пат од Пијанец на север кој покрај Будинарци водел кон Плачковица на југ и преку превалецот Чунговец слегувал во Радовишко Поле.
Позицијата на Будинград е стратешки значајна. Лежи во географското средиште на Малешево, на крстопатот на два главни пата што водат низ тој регион а кои функционирале и низ средновековието како врска помеѓу долината на Брегалница со долината на Струма и земјите натаму на исток од неа.

Сл.%2018.%20„Будинград”,%20Будинарци,%20доцноантички%20крајпатен%20кастел.%20Делумно%20е%20обновен%20во%20средниот%20век%20%28„Будинград”%29

„Будинград”, Будинарци, доцноантички крајпатен кастел. Делумно е обновен во средниот век („Будинград”)

А. Керамитчиев 1979, 156; — И. Микулчиќ TIR, 31.

ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  12>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.