build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Фото/Видео > Културно наследство
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Средновековни градови и тврдини

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Paraxiae View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 10-Jan-2012
Location: Sweden
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Paraxiae Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 16-Jan-2012 at 01:12
Pocituvani Gospodine,
Me interesira dali postjat podatoci kade se naoga gradot Dobrun od dobata na kral Milutin koga vojuva so Vizantija i zazima del od Makedonija do predelot na Veles i Stip. Jas sum so namera da napisam edna brosura za istorijata na toj grad, koj figurira i pod drugi iminja uste od vremeto na Peloponeskata vojna vo 5-iot vek pred novata era.
Back to Top
lupo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2009
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote lupo Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 16-Jan-2012 at 03:10
Ova e edna od najinteresnite niski za mene. Znae li nekoj dali postojat drugi gravuri od Skopje i ostanatite strednovekovni gradovi od Makedonija?
...kaj si kapelo pak ke si kape...
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2113
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 17-Jan-2012 at 21:09
Originally posted by Paraxiae

Pocituvani Gospodine,
Me interesira dali postjat podatoci kade se naoga gradot Dobrun od dobata na kral Milutin koga vojuva so Vizantija i zazima del od Makedonija do predelot na Veles i Stip. Jas sum so namera da napisam edna brosura za istorijata na toj grad, koj figurira i pod drugi iminja uste od vremeto na Peloponeskata vojna vo 5-iot vek pred novata era.


Не сум господин, јас знам само за една карта од средновековието и тоа е оваа...

http://www.promacedonia.org/im3/im_karta1_orig.jpg
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2113
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 17-Jan-2012 at 21:32
Инаку како шо кажах до сега уште точно не е утвредено која локација е точна која не, поради разни причини, предпоставките се правени одамна, но енос идните истражувања ќе покажат за точните локации или не. Пример за Виница, за која се предпоставуваше дека е Калкедин, па Астибо, па сега Армониа... никој зо сигурност неможе да каже тоаа е таа локација, бидејки има ногу толкувања.......
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
си брмкори View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 25-May-2012
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote си брмкори Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 25-May-2012 at 21:58
На територија на Општина Ранковце се наоѓа археолошкиот локалитет
Градиште, кој е на 2 km северозападно од село Опила. Тврдината е изградена на
9 m висок и стрмен рид, делумно обѕидан и непристапен, внатре постои
изграден кастел – утврдено место со повеќе простории за живеење, подземен
тунел и скали. Досега на локалитетот се пронајдени предмети од бронза и
керамика од железно време, 6 век п.н.е и тоа: масивна белегзија, два приврзока
и керамички сад. На западниот дел од оваа рановизантиска тврдината во
месноста Бабунци при изведување на градежните работи на дел од идната
железничка пруга Бељаковци – Деве Баир се пронајдени остатоци од некропола,
но не се истражени за да се утврди периодот од кој потекнуваат. На западниот
дел од трасата на железничката пруга се наоѓа локалитетот Чифлик кој не е
целосно истражен, но се претпоставува дека се работи за остатоци од стар
античко – римски

Ова е единствениот текст на нет што можев да го пронајдам за ова место, секогаш кога ке отидам таму постепено гледам како исчезнува..никој не се обидува да го заштити, како да сакаат да го снема и капак на се е дека го минираа за да ја направат пругата.. кој ли ја смисли пругата да поминува баш низ него ???
Back to Top
Tony Martin View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Aug-2012
Location: EU
Online Status: Offline
Posts: 124
  Quote Tony Martin Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 22-Nov-2012 at 19:22

Средновековни градови и тврдини во Македонија



Иван Микулчиќ


Зборот „град” кај јужнословенските народи, „грод” кај Полјаците, „храд” кај Чесите и Словаците, „город” кај Русите итн. има исто, средновековно потекло и означува место за живеење обградено со одбранбен ѕид. Средновековните пишани документи спомнуваат цела низа вакви градови, за кои ние денес честопати и не знаеме каде стоеле или како изгледале. Нас не збунува и нивната бројност во споредба со денешните градови. Ова предизвикува оправдана љубопитност како кај учените така и кај обичните луѓе, бидејќи веруваме дека еден град (во нашата претстава) не може туку така да исчезне. Одговорот на оваа загатка лежи во фактот што средновековните „градови” најчесто биле мали крепости, а во текот на времето само некои од нив израснале во градчиња или градови (според нашето денешно сфаќање) — со подградија во кои живеело цивилно население. Тука имало станбени и стопански градби, пазаришта, цркви и друго.

Старите градови претставуваат за нас денес скапоцени извори, не само за проучување на историјата, туку и на градежништвото и урбанизмот, на социолошките и другите феномени врзани за населението во нив. Тие претставувале највисок дострел на живеењето во тие времиња. Градовите секогаш имале големо значење во еден регион и пошироко. Државната цивилна и воена управа била распоредена во градовите (како впрочем и денес) и тие биле синоним за самата држава.

Покрај градовите како големи населби, регионални стопански и управни средишта, ние спомнавме и помали крепости кои во тоа време биле одбележани со истиот термин, „град”. Ние денес за нив создадовме повеќе називи со појасна дефиниција. Ги одбележуваме како крајпатни или високи стражи, како руднички или гранични тврдини, како феудални замоци, укрепени села или збегови. Сите тие имаат еден заеднички белег што ги поврзува во иста категорија; тоа е обѕидието. Ние денес тргнуваме токму од тоа обѕидие кое е c? уште добро видливо на теренот. Тоа е периметарот на некогашниот „град”. Го премеруваме укрепениот простор и создаваме негов план со сите видливи траги од градби, улици и други елементи во него. Кон ова се приклучува анализата на движните археолошки предмети најдени на тој простор, како и остатоците надвор од него (гробиштата, црквите и др.). Благодарение на сето ова ние за прв пат можеме да ги препознаеме тие места и да ги класифицираме во функционална смисла во некоја од категориите што погоре ги наброивме.

Нашите мали укрепени места — стражи и збегови немале плански градена внатрешност. Во нив најчесто стоеле само неколку станбени објекти за привремено или постојано живеење на неколку стражари. Тие биле градени од дрво. Поретко се среќаваат цврсто градени магацини за воени потреби или за чување на рудничката опрема, суровини и друга стока. Некоја од крепостите има и цистерна за вода (дождовница) или црква. За некои од нив документите молчат, а нивните имиња стигнале до нас единствено преку народното предание. Така слушаме за Будинград, Деволград, град Тиквеш, Девич, Соколец, Жеглигово, Стена, Дервен, Растеш, Иж и др.

Наспроти словенските документи во кои сите тие места се одбележани со името „град”, грчките и латинските извори попрецизно го определуваат карактерот на укрепените места. Ознаката /civitas ce однесува на најзначајните градови — епископски седишта. Ознаката / castrum ce однесува на градови со помал обем или од понизок ранг. Во нив, обично, не престојувал епископ. Нашите кастрони се потврдени како епископски и како енориски средишта, во кои престојувале или епископите или нивните намесници. Како второ име за кастрон се јавува поретко и името municipium. Двата називи, еден по друг, ги употребил Вилхелм Тирски во описот на безимената населба на еретиците што крстоносците ја освоиле и ја изгореле во 1096 година. Се наоѓала во областа (pagus, provincia) Пелагонија.

Во западните документи се појавува и ознаката oppidum и suburbium како назив за населба или дел од неа надвор од градските ѕидови. Емпорионите биле неукрепени, а со време некои од нив се здобивале со послабо обѕидие. Таков бил на пример Охрид, спомнат во настаните од 11. век и подоцна. Географските рамки на оваа студија се совпаѓаат со границите на денешна Република Македонија. Не располагаме со потполна теренска граѓа (извештаи, техничка документација, планови и др.) за средновековните укрепени места кои стоеле во јужните и најисточните делови на географскиот простор на Македонија. Поради тоа, се ограничивме на просторот на нашата Република.

Средновековието кај нас опфаќа време долго еден милениум: од доселувањето на Словените на Јужниот Балкан (крајот на 6.—7. век) до во турскиот период (16. век). Меѓутоа турскиот период по многу нешта е специфичен и јасно се издвојува од претходните векови, особено во рамките на нашите истражувања. Затоа темата ќе ја завршиме со доаѓањето на Турците во Македонија кон крајот на 14. век. Како епилог на ова ќе додадеме и еден кус осврт на она што се случило по турската окупација. Од друга страна 6. век претставува кулминација на доцноантичката цивилизација, а тоа се однесува и на фортификационото градителство кое што нас директно не засега. За жал, овие вредности не се словенски. Словените ќе се обидат да ги уништат. Но, и покрај тоа останале многу нешта кои Словените со векови ги внесуваат во своето секојдневие; и покрај длабокиот антагонизам кон автохтоните и автохтоното тие во голема мера ќе се елинизираат. Поради горе изнесеното мораме како вовед во словенското средновековие да направиме осврт на градежништвото од крајот на антиката бидејќи ова културно наследство било исползувано од Словените во периодот на средниот век. Од ромејските градби најмаркантни биле тврдините. Повеќе стотини вакви силни градби, чии што обѕидија ги издржале првите словенски јуриши и останале напуштени но добро запазени низ средновековието, барале минимални крпења или надѕидувања на оштетените места за да послужат низ следните векови за новите потреби. Дури во доцниот среден век новите властодршци ќе почнат да градат нови крепости, чиешто ѕидарство има поинакви белези од доцноантичкото. За ова ќе зборуваме поопширно натаму во книгата.

Во Западна и во Средна Европа средновековните тврдини, градовите и замоци идентификувани се на теренот, истражувани се и целосно се документирани во последните две столетија, а некои уште порано. Основани се стотици граѓански здруженија за нивно одржување и популаризација. Со нив се поврзани локалните и често легендарни историски настани. Овие објекти егзистираат денес како локални туристички атракции, обоени со романтика, отргнати од заборавот и заштитени од забот на времето. Во меѓувреме е создадена и многу обемна литература за нив, како научна и популарна, така и за туристичките потреби. Кај нас ваквите места не се доволно истражувани. Народното предание наместа кажува некој значаен настан или личност од легендите, врзани за старите крепости. Стручни археолошки ископувања биле водени само на мал број локалитети, на оние најзначајните. Сепак, за нив е недоволно пишувано.

Пред половина век познатиот белградски историчар на архитектурата А. Дероко, инаку родум од Скопје, напишал прва книга за средновековните градови во Србија, Црна Гора и Македонија (1950, 1—213). Ја напишал без научни претензии, без стилско, типолошко и временско вреднување на градбите. Само 3 града од Македонија се застапени со планови и малку текст. Овој автор му посветил на Скопје и еден одделен труд, богато илустриран. Тој произлегол по обемните ископувања на скопското Кале во 1967 г. (1971, 1—16). За жал, и тука не е кажано cи што можело и што требало да се рече. Во 1963 г. М. Јовановиќ објавува кус приказ на средновековните тврдини во Штип и во Струмица, со крајно шематизирани планови без детали и легенди (1961, 103—105). Во 1956 г. Ѓ. Бошковиќ дал исцрпен приказ на Маркови Кули во Варош-Прилеп, проследен со добра скица на крепоста (1956, 63—104).

Во поново време авторот на книгава им посвети внимание на десет средновековни градови во Македонија, работејќи главно на идентификацијата, премерот и техничкото снимање на античките градови и крепости на овие простори. Така се појавија прикази на градовите Тиквеш (1971, 269—285 и 1975, 190—191), потоа на Луковица кај Каменица (1975, 122—130), Девол во Раец (1983, 211—218), Велес (1985, 83—100), Чрешче (1987, 149—160), Просек (1990, 65—88). Во книгата за старо Скопје покрај приказот на средновековниот Горни Град (1982, 118—127) следат и оптимални информации со планиметрии на Чрнче (45—53 и 129—133), на Кожле (133—135), Собри (135—138) и на крепоста кај Малчиште — Маркова Сушица (92—95, само доцноантичка фаза). Наведените прикази со скратувања и мали исправки ги претставуваме и на ова место.

Од теренските археолошки ископувања како најмаркантни ќе ги наброиме оние на Скопското Кале (1967 г.), во тврдината Маркови Кули на Водно крај Скопје (град Чрнче; 1976—1980); На Маркови Кули и во Варош Прилеп (повеќе од три децении); на крајпатниот кастел во Дебреште кај Прилеп (исто толку време); во Хераклеја крај Битола и на Кале кај Раштани, каде е барана средновековна Битола (1980—81, 1994); во Чебрен и Манастир во Мориово (1981, 1990). Повеќе години е истражуван и островот Голем Град во Преспа. Извештаите од сите овие ископувања се наведени во Прегледот (гл. VII), покрај секој соодветен локалитет. Тука не ги повторуваме за да не се оптовари книгата. Во последните години излезе од печат книгата на Е. Манева (1992 , 1—280) за средновековниот накит во Македонија. Вредноста на книгава за нашата студија ја гледаме пред cи, во егзактната типологија и хронологијата на обработените форми накит. Овој накит е наоѓан и во нашите крепости и ни пружа сигурна потпора во датирањето на истите. Освен тоа, во каталошкиот дел (н. д., 113—240) е даден и осврт на карактерот на наоѓалиштата, меѓу нив и на низа градови кои што тука ги обработуваме.

Ова беа истражувањата на материјалните остатоци од средниот век. Наспроти нив треба да спомнеме и некои истражувачи на пишани документи од тоа време како и нивните обиди за теренското локализирање на старите тврдини. Со тоа тие се поврзуваат со нашата студија. Во периодот од преку 3 децении Т. Томоски им посвети низа статии на средновековните градови и тврдини во Македонија обидувајќи се да ги посочи на теренот. При тоа како патоказ му служеле, како постарите пишувања на иста тема, така и топонимијата на теренот. Заведен од големиот број локалитети со име Градиште, Кале, Хисар (а ги има преку 400!), Томоски во повеќето од нив замислувал некој средновековен град. За жал немаше право. Тоа се главно антички укрепени места, датирани со движен археолошки материјал во пред-словенско време. Томоски не се потпираше на материјалните остатоци, бидејќи не ги познаваше и не им веруваше. Поради ова некои од неговите замислени локации можат да се прифатат само во општи и широки рамки додека најголемиот дел од нив немаат докази. Неговите статии се цитирани во Прегледот, поврзани се со соодветните локалитети за да може читателот да ги спореди со материјалните докази. Наведени се и во библиографијата на крајот од книгава. Во 1989 г. излезе од печат книгата на В. Кравари од Јанина (на француски) за средновековните места во западна Македонија, а забележани во пишаните документи. Школувана во Франција, авторката ја владее современата европска методологија и во концизен стил дава јадровити информации за секое обработено место без непотребни коментари и со одлично систематизирани извори (и за ранотурскиот период), што се одбележани со единствена светска номенклатура. Бидејќи во книгава се наведени и низа крепости што ние ги прикажуваме, ги цитираме овие информации според В. Кравари.

За населените места во Македонија во ранотурскиот период (15. и 16. век), меѓу нив и за оние со градски белези, пишуваше главно А. Стојановски (1971, 1979). Овие податоци, земени од службените пописни дефтери од тоа време, ги користиме во завршната глава за градовите во Македонија. Истражувањата што јас ги водев и кои се изложени во книгава произлегоа од истражувањата на доцноантичките фортификации во Македонија. При тие истражувања, на низа укрепени места од 4.— 6. век покрај доцноантичките движни наоди евидентиравме и предмети од средниот век. На тие локалитети немало средновековни градски ѕидини, што значи дека античките обѕидија и по словенските миграции останале во добра состојба и тие биле повторно користени во средновековието. Бројот на ваквите локалитети нараснал до околу 70, така што стана јасно дека ова не се исклучоци. На тој начин откривме и каде се криеше најголемиот број наши средновековни крепости. бидејќи во Македонија биле пред тоа познати одвај 10-ина тврдини со подобро запазено средновековно ѕидање. Втората причина за ова „исчезнување” ја гледаме во фактот дека средновековното ѕидање е многу послабо од доцноантичкото. Освен тоа, спомнатите запазени ѕидини потекнуваат од доцниот среден век (13. и главно 14. век а и подоцна), а ние ништо не знаевме за она што постоело пред тоа (7. —13. век). Доцносредновековните обѕидија со кули, порти и други елементи имаат карактеристични форми и начин на градење кои мошне се разликуваат од античките. Тие и биле глобално познати на нашата стручна јавност и датирани во широките рамки на средниот век. Нивното попрецизно типолошко распределување и временско определување никој досега не го извршил, така што и таа задача ни беше наложена за решавање.

Во книгава се опфатени 80 укрепени места од кои 32 претставувале регионални средишта, 14 руднички крепости, 26 крајпатни, регионални или гранични стражи и 8 збегови. Идните истражувачи во оваа област можат да откријат уште голем број мали крепости — стражи и збегови и нивниот број може повеќепати да се зголеми. Нашите истражувања претставуваат почет-ни чекори во таа насока. Меѓутоа, речиси сите регионални средишта се откриени.

Бројката од 32 средишта треба да ја намалиме за неколку примери, во случаите каде што во истиот регион постоеле прво едно средиште, а по некое време (поради изменетите историски услови) израснало друго. Така, на Брегалница наместо Равен израснал Мородвис; во Полозите наместо Градец и Лешок — Собри; во Мориово наместо Морихово — Чемрен; во Тиквешијата наместо Девол — Тиквеш. На тој начин ќе ја добиеме реалната бројка од 27 центри на исто толку жупи, што постоеле на овие простори. Толку општински стопански средишта постојат, впрочем, и денес, ако тука не ги сметаме оние политички исфорсирани општини што како вишок се појавуваат во државата (Виница покрај Кочани, Валандово покрај Гевгелија, Кратово покрај Пробиштип — или обратно, Демир Хисар покрај Битола). Идентификацијата на средновековните регионални центри не била тешка работа. Во голем број од нив лежат корените на денешните општински центри. Другите исчезнале, но останале топонимите и забелешките во документите од тоа време. Археолошки гледано, тие отскокнуваат од останатите крепости по својата големина или по богатството на остатоците. Најголемите (или најзначајните) средновековни центри биле по обем кастрони — седишта на епископи (Скопје, Битола, Охрид, Струмица, Мородвис); по нив следуваат помалите кастрони — енориските центри: Луково, Принип; Козјак, Славиште, Луковица; Радовиш, Конче; Просек, Морихово; Велес, Прилеп; Кичево, Преспа; Лешок). Некои од нив останале мали по обем, но документите ги бележат: Градец, Дебреште, Пијанец?, Малешево? Некои од овие регионални средишта останале анонимни, а имињата се сочувани во народното предание; Жеглигово, Собри, Девич, Девол, Тиквеш. Другите биле првобитно помали тврдини или села, а со време израснале како центри на микро-региони и добиле поголемо значење (Дебрица, Железнец, Алавандово, Тиквеш, Штип). Овие промени ќе продолжат и низ турскиот период, кога повеќе од средновековните градчиња ќе бидат напуштени, а на нивно место сукцесивно доаѓаат нови и нови регионални центри — Струга, Дебар, Тетово, Кавадарци, Куманово, Кратово, Кочани, Дојран и др. Секој град или гратче растеле во поинакви услови и околности, здобивајќи се со определени специфичности и ние денес не лесно ги пронаоѓаме оние заеднички нешта, што некогаш ги поврзувале овие градови и им давале насоки во нивниот развој, изглед, структура и во убавината да се живее во нив.


Edited by Tony Martin - 22-Nov-2012 at 19:23
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 05-Jun-2013 at 23:10


Импресивно видео...

Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12203
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 14-Aug-2014 at 12:51
Кожле (меѓу Скопје и Велес)

















фотографии: terrabyzantica.blogspot.com
За сè има вторпат
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 739
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 14-Aug-2014 at 17:12
Наместо толку фрлени пари во глупости (врби, бродови, фонтани, ...) можеа со малку пари да се обноват неколку вакви тврдини низ земјава. Посебно оваа, која се наоѓа и во близина на автопатот Скопје-Велес. Или да одам со нивната логика, и ова привлекува туристи, не само Филип и Аце.
Back to Top
zdravozivo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-May-2012
Location: Kavadarci
Online Status: Offline
Posts: 211
  Quote zdravozivo Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 06-Sep-2014 at 16:30
Дигитална реконструкција на Солун во времето на Византија. Реконструкција прикажана во филмот „Кирил и Методиј - Апостоли на Словените“ изработен во режија на Петар Николаев, продуцент Виктор Кристов и копродуценти Маријан Урбан, Василиј Мишенко и Бранислав Срдиќ.

Првиот дел од серијалот може да го видите тука :
http://gloria.tv/media/ipUrAwMVYG8

Back to Top
crnaarapina View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 26-Mar-2015
Location: macedonia
Online Status: Offline
Posts: 15
  Quote crnaarapina Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 20-Jun-2015 at 20:44
http://tocka.com.mk/4/162929/sestata-sezona-od-igra-na-tronovi-ke-se-snima-vo-makedonija
Прилеп, Охрид и Криволак!
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1498
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 20-Jul-2015 at 16:43
Маркови Кули на Водно (клик за целосна резолуција)


2


3


4


5
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12203
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 28-Dec-2016 at 22:34
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12203
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 13-Jun-2017 at 11:03
Пред две недели, како дел од мојата тура низ југоисточниот регион (Струмица и околината), патем го посетив и кастелот кај Пчиња, на автопатот Скопје-Велес. Би сакал да споделам неколку мои впечатоци, проследени со фотографии.

Прво, во многу туристички карти кастелот е наведен како знаменитост, меѓутоа, кога ќе стигнеш таму, веднаш се воочува неговата запуштена состојба (неисчистено ѓубре, обраснат во треви, грмушки и дрвца, непостоење на соодветна патека за пристап). Буквално човек треба да се провлече меѓу ограда за да се качи на ритчето.

Второ, обновена е само една кула, другото е оставено да се распаѓа само од себе, потпомогнато од временските услови. Местово има голем потенцијал како крајпатна атракција, како место за одмор, тука може да се изгради мала сувенирница, продавничка за вода, сокови и слично. Паркиралиште веќе има, може да прими 4-5 возила истовремено, така што тоа не би било проблем.

Кастел кај река Пчиња, Македонија / Castel near the river Pchinja, Macedonia by george k. 1981, on Flickr

Поглед кон автопатот...

Кастел кај река Пчиња, Македонија / Castel near the river Pchinja, Macedonia by george k. 1981, on Flickr

Остатоци од ѕидини...

Кастел кај река Пчиња, Македонија / Castel near the river Pchinja, Macedonia by george k. 1981, on Flickr

Обновената кула...

Кастел кај река Пчиња, Македонија / Castel near the river Pchinja, Macedonia by george k. 1981, on Flickr

Долу тече реката Пчиња...

Кастел кај река Пчиња, Македонија / Castel near the river Pchinja, Macedonia by george k. 1981, on Flickr

Edited by Џоле - 13-Jun-2017 at 11:04
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12203
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 13-Jun-2017 at 11:09
За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.078 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.