build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Изградба и ентериери
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Изградба (доградба) на поткровје од зграда

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Idefix View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 10-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Idefix Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Изградба (доградба) на поткровје од зграда
    Posted: 10-Oct-2009 at 20:13

Здраво на сите. Морам на почеток да кажам дека овој форум и одличен, многу интересен и најдобро е што има многу луѓе експерти кои се спремни да одговараат на прашања.

Досега го читав форумов но еве сега прв пат имам и едно прашање да поставам.

Земено во предвид што последно време многу згради со рамни кровови (простории предвидени како заеднички простор за печење пиперки, ајвари и слично) ги земаат индивидуалци од зградата или надворешни инвеститори а во замена со договор прават нешто на зградата (најчесто е фасада, домофон, лифт или слично). Се на се, ем станарите гледаат некој ќар ем човек добива станбено решение за ефтини пари.

Имам видено 3-4 згради во фин дел од градот кои имаат вакви простории односно поткровја предвидени за вакви активности, па се мислам што се ми треба за да направам еден ваков проект. И пред се, дали овој проект може да биде исплатлив односно да се препродаде како станбен простор по цена горе долу иста или слична како што одат становите во околината?

Конкретниов случај е следен, зградата има 5 ката што значи станот би бил на 6 кат но нема лифт. Според некои проценки, доколку би го зел овој 6 кат би добил сигурно 2 стана по 65 метри квадратни. Колку би ме коштало да го заградам со цигли и пенџери овој простор (кров веќе има, поткровјето е затворено со уште една плоча) и да го донесам во состојба да има измачкани зидови, пенџери и паркет? Дали ќе ми требаат посебни дозволи од општина (бидејќи нема да кревам спрат, туку само сегашниот кат кој нема зидови а има рамен кров ќе го затворам со цигли и пенџери од страна) и она најважното, дали ова би било добра бизнис идеја да се земе поткровјето, да се намести со пенџери, измачкани зидови и паркет и да се продаде по цена слична на становите околу тој реон, или еве барем малку пониска...

Разбрав дека доволно е 51% од станарите да се согласат писмено и истиот документ се носи во општина од каде може да се извади катастарски документ односно заедничкиот простор преминува во индивидуална сопственост...Мислам дека доколку би се нафатил на ова, би било поефикасно доколку би се договорил со барем пола од станарите наместо да им правам фасада и слично (што би ме коштало повеќе) да им дадам еднократен надомест од 500 до 1000 евра по стан да ми го отстапат тој простор бидејќи и онака никој не го користи и тотално е запуштен...

Ве молам за идеи, коментари и искуства! Благодарам однапред!



Edited by Idefix - 10-Oct-2009 at 20:22
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 10-Oct-2009 at 21:34
здраво Идефикс, за тоа со процентот добро си разбрал, но мачкањето баш нема да оди така лесно, секоја инвестиција бара темелен пристап, и проектантски и градежен, што значи за тоа најдобро е да си викнеш фирма уште пред да почнеш да собираш потписи да ти даде понуда за адаптирање на просторот... а за откуп со пари мислам дека толку лесно нема да поминеш, со тие пари што ќе им ги дадеш комотно ќе поставиш за сите лифт, но сигурно ќе ти бараат и фасадата да им ја средиш, во зависност од есапот со и табиетот на домаќинот
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 10-Oct-2009 at 21:44
Идефикс добредошол и мило ми е што ти се допаќа форумов.

Е сега малку околу твојава бизнис идеја. Мене искрено ми паѓа тешко што уопште нашево општество нуди можност за ваков бизнис па уште згора на тоа е исплатлив, чив ете веќе на толку места се случил. Ова со 51 посто малку не ми изгледа веродостојно пошто ќе си направиш бадијала проблеми со другите 49, освен доколку не сакаш помазно да иде работата. А во однос на документација мене колку што ми е познато треба да се изврши прво премер да се заведе катастерски и притоа се плаќа некој надомест за пренамена на земјиште што воопшто не е ефтино. А ваквите станови барем од она јас што го имам видено по пазар за недвишнини, одсекогаш биле поефтини од другите станови, па дури и ја рушат цената на целата зграда. А што е и со пореметена статика, пореметен изглед, пореметена зграда, пореметени меќуњудски односи у зградата и пореметени сметки. Уште не ми е јасно како некој воопшто се нафаќа да го прави ова!
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 15-Oct-2009 at 21:37
Originally posted by lslcrew

Идефикс добредошол и мило ми е што ти се допаќа форумов.Е сега малку околу твојава бизнис идеја. Мене искрено ми паѓа тешко што уопште нашево општество нуди можност за ваков бизнис па уште згора на тоа е исплатлив, чив ете веќе на толку места се случил. Ова со 51 посто малку не ми изгледа веродостојно пошто ќе си направиш бадијала проблеми со другите 49, освен доколку не сакаш помазно да иде работата. А во однос на документација мене колку што ми е познато треба да се изврши прво премер да се заведе катастерски и притоа се плаќа некој надомест за пренамена на земјиште што воопшто не е ефтино. А ваквите станови барем од она јас што го имам видено по пазар за недвишнини, одсекогаш биле поефтини од другите станови, па дури и ја рушат цената на целата зграда. А што е и со пореметена статика, пореметен изглед, пореметена зграда, пореметени меќуњудски односи у зградата и пореметени сметки. Уште не ми е јасно како некој воопшто се нафаќа да го прави ова!
100% се сложувам!

Без напраен проект со вклучен предмер и пресметка на чинење на работите, ќе добиваш одговори од типот „ја ќе ти го напраам за 500 евра квадрат, јас за 400„ со тоа што секогаш ќе ти излезе многу повеќе од тоа што планираш. Прво провери си го ДУП во општина да видиш дали е дозволена ваква активност на твојот објект (додуша во Скопје на 99% од објектите тоа се „предвидува“) и само со легален проект можеш да ги работиш овие активности.
Сигурно не те интересира, ама идеолошки ова што се прави е многу погрешно. Видов дека во новиот ДУП за мојата околина е предвиден уште еден кат и поткровје за зградата во која живеам и искрено чувам палица позади врата за првиот што ќе помине со список за вакви активности. Ај вака да ги гледаме работите - зошто инвеститорите што градат објекти од овој тип не се нафаќаат да градат во истата населба на чист простор? Така ќе треба да платат скапо за самата локација, комуналиите кон општината и нормално целиот објект со скалишен простор и ходници, за коишто во оваа ситуација не се замара, а од друга страна истите станови ги продава по цена како да го направил се ова претходно набројано.
Може за индивидуални случаи не е така, економска криза е и секој метар простор е драгоцен. Ама тој либерален пристап во однос на поткровјата и доградбите многу повеќе е злоупотребен отколку употребен од зорт и затоа сум комплетно да се избришат од ДУП и од законот можностите за користење на подкровјата. Други „небитни“ теми во врска со оваа се неподобноста на подкровјата за оваа клима, обликовното уништување на градов со истите, меѓучовечките односи во зградите после изградбата, статиката на зградите....
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
baby View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 30-Oct-2010
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote baby Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 30-Oct-2010 at 14:41
aj da se prijavam i jas na temeva . Baram sovet kako laik vo ovaa oblast. Ziveam vo zgrada od 1999 god vo cenatar na Skopje. Zgradate e gradena nekvalitetno pa pocnaa i problemite so krovot. Tece na site strani vodata nema kade da odi pa odi vo dvorovi, vo podrumi, temeli...... Do sega ne se najde resenie osven nekolku limari sto se ispokacija na krov. Idejata na pretsedatelot na kuken sovet e da vikneme investitor da si izgradi uste eden dva kata i da ni stavi nov krov. dokumenti izvadivme se e vo red, so dokumentite moze da se diga nagore zgradata, ima nosivost za da izdrzi uste dva kata. Od opstina ni rekoa 51 posto os stanarite.  sega ostanuva uste da se sobereme 51 posto no me interesira sto sledi ponatamu....... kako odat posle rabotite, uslovi za lift??? neznam kade bi se stavil aj viknavme firma ke dojdat ke kazat, fasadata e ok.....dali e mozno da pobarame site stanari pari od investitorot...sto drugo mozeme da barame. Posto poveketo stanari nemaaat ni vreme ni pari da platat za pokrivot a vsusnost nemame ni  drugo resenie  osven nov krov nekoj da ni izgradi.  MOLAM ZA SOVET. POZZ
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.078 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.