build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Урбана мафија - случај Света Ана

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Урбана мафија - случај Света Ана
    Posted: 20-Aug-2009 at 05:58

Кинески ѕид и во Дебар Маало

Наместо црква „Света Ана“, во Дебар Маало ќе се гради нов „кинески ѕид“, реагираат жителите на месната заедница „Дане Крапчев“. Тие се жалат дека пет години добивале лажни ветувања од општинските власти на Центар за изградба на верски објект, а сега, во непосредна близина до блокот од четири згради во облик на коцка, ќе никне нов деловно-станбен блок од седум ката, кој поради неговите димензии и иден изглед уште сега доби прекар „кинески ѕид“. Според најновите измени на урбанистичкиот план „Дебар маало 1“, новата седумкатница што ќе се гради на улицата Благоја Давков ќе биде на површина од околу 1.500 квадратни метри.

- Пет години ни ветуваа изградба на црква на местото на паркот кај поранешното кино „Карпош“. Општината дури најави ослободување од комуналии. Градоначалничката Виолета Аларова дојде преклани на Бадник за да ни каже дека црква и ништо друго не смее тука да се гради. Сега, според последните измени на планот, гледаме дека вметнале ист деловно-станбен блок каков што на соседната парцела градеше фирмата „Тар инженеринг“ пред неколку години. На плоштад сакаат да градат цркви, а ваму имаше маркичка за црква и ја избришаа - револтирани се жителите од месната заедница „Дане Крапчев“.

ПРИГОВОРИ ВО ПРАЗНО

Забелешките околу црквата, како и за намалувањето на висините во маалото, веќе ги доставиле до Општина Центар, по неодамнешната јавна анкета за овој план. Не се надеваат дека приговорите ќе им бидат прифатени имајќи ја предвид досегашната практика на Центар да ги игнорира барањата на граѓаните. Затоа своите забелешки, објаснуваат, имаат намера да ги достават и до градоначалникот Владимир Тодоровиќ и до премиерот Никола Груевски. Сметаат дека оваа власт не знае за ваквите измени.

- Ова е оставено „кукавичко јајце“ од поранешната градоначалничка. Сметаме дека сегашната гарнитура не е запознаена бидејќи службите за урбанизам распишале јавна анкета сред лето, кога сите се на одмор. Така секогаш прават кога сакаат некој план да помине без многу забелешки од граѓаните - вели жител на оваа населба.

Зоната во ГУП-от е со станбено-деловна намена, а парцелата за која станува збор не била никогаш на МПЦ, туку приватна сопственост.Портпаролот на Центар, Јовица Ацковски, изјави дека според Генералниот план на Скопје, оваа зона е со деловна намена. Бидејќи е приватна сопственост, не може да се гради црква.

- Парцелата е вратена во приватна сопственост со денационализација, а сознанијата Општината ги има со донесување на планот од 2007 година - изјави Ацковски.

Граѓаните од „Дане Крапчев“ велат дека дел од оваа парцела била во државна сопственост, но некако сопствениците успеале да го откупат и државниот дел на јавна лицитација. Тие се сомневале дека во целата работа имало и незаконитости. Затоа и' испраќале со години писма на Антикорупциската комисија, но и до претходниот јавен правобранител Зоја Лега, но никој не реагирал.

УРБАНИСТИЧКИ ХАОС

Кога ќе се прошета низ Дебар Маало, станува јасно за што зборуваат жителите. Таму се градат висококатници на секој чекор со различни висини и габарити и без урбанистички ред. Улиците се тесни и уништени од камионите што носат градежни материјали. Возила се паркирани на сите тротоари, бидејќи многу од објектите се изградени без да се предвиди простор за задолжителните паркинг-места.

- Тука може сликовито да се види корупцијата во урбанизмот. Речиси сите новоградби се како фрлени од авион. Населбата смрди на фекалии бидејќи канализациската мрежа не може да ги издржи новоградбите, па постојано пука. Нормативите во законите за височина на објектите не се почитуваат, но никој никого не казнува - раскажуваат жители кои се' уште не им ги продале своите стари објекти на инвеститори за градење на висококатница.

Црквата „Света Ана“, како што најавуваше градоначалничката Аларова, беше предвидено да се гради на слободниот простор кај старото кино „Карпош“. Освен црква, делот, кој со години беше депонија, требаше да биде претворен и во парк, кој ќе беше и единствен во овој реон.

Според урбанистичкиот план за изградба на црквата, предвидени беа 490 квадратни метри во основа. Скопската фирма „Тар инжињеринг“, која го изгради блокот на соседната парцела, најавуваше дека ќе ја изгради карабината на црквата како донација за Македонската православна црква.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=55D116A8C9AC91428521382871AFCBE8
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 15-Sep-2009 at 19:49

Наместо црква во Дебар Маало ќе никне зграда

Предраг Петровиќ Коментари (2)   
15.09.2009 18:14
Дебармаалци по неколку години убедувања, ќе останат без црква

 

Наместо црква ќе никне огромна зграда. Дебармаалци по неколку години убедувања, ќе останат без црква. Општина Центар минатиот месец со измената на деталниот урбанистички план ја избриша црквата „Света Ана“ а на нејзино место планира огромно здание со двесте станови.

Објаснуваат дека локацијата била денационализирана. Жителите пак револтирани најавуваат бунт против урбаната мафија. Не им е јасно како инвеститорот преку ноќ ја добил целата локација, иако поголем дел од земјиштето било државно.

„Кој е тој приватник, толку газда 4.000 квадрати во среде центар да има. До 2002. беше на Р.М, излегуваше од катастар на Р.М. Општината не знаеше дека е приватно. Ни се ветуваше црква, доаѓавме палевме, оган тука. Дури и девет пати е опеано од поп ова“, изјави Соња Георгиевска, жител на Дебар Маало.

Вина за урбаното насилство гледаат и кај Аларова. Таа дала половина од државното земјиште за станбен објект кој веќе е изграден, а на другата половина им ветувала дека ќе се града црква.

„Се согласија да ја направат зградата, и да ни направат црква. Нивни трошок да биде тоа се. Меѓутоа јас барав да направиме договор, Аларова не даде да направиме договор, вика нема потреба, јас ги знам луѓето и нема потреба да правиме договор за таква работа“, рече Борис Танчевски.

„Оваа власт не знам што има наследено. Нарачката можеби е од претходната. Можеби е некое кукавичко јајце. Аларова е мангуп, бидејќи излегуваше овде со сите ветувања дека ќе биде црква, дека ќе го уреди, ќе го среди, ќе го направи. Треба да се извини затоа што го упропасти маалото, за сопствени интереси“, вели Георгиевска.

Од Центар тврдат и дека МПЦ никогаш не ја барала локацијата и затоа дозволиле промена на урбанистичкиот план. Сепак документите до кои дојде А1 укажуваат дека МПЦ во неколку наврати ја барала локацијата, но никогаш не добивала одговор. Доколку сега се гради огромното здание минималниот профит ќе биде 4 милиони евра.


http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=113753



Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 15-Sep-2009 at 19:52
Originally posted by La Linea

Аларова не даде да направиме договор, вика нема потреба, јас ги знам луѓето и нема потреба да правиме договор за таква работа“, рече Борис Танчевски

Требало да и одговорат дека и они ја знаат нејзе и да инсистираат на договор.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 15-Sep-2009 at 19:57
Инаку на местото е веќе никнат прилично гломазен блок, така да првичниот план за црква и убаво паркче е во голема мерка осакатен:

42° 0'3.33"N  21°25'3.16"E

Но тоа не значи дека на урбанава мафија треба да и се препушти и остатокот на просторот.

Само се прашувам зошто во време кога се измислуваат невклопливи маркички за цркви, на други места се бришат веќе зацртани цркви.


Edited by Cloverstack - 15-Sep-2009 at 19:57
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 16-Sep-2009 at 20:02

Сомнителни околностите за зградата во Дебар Маало

Предраг Петровиќ Коментари (1)   
16.09.2009 16:22
 

 

Енигма е како државно земјиште предвидено за црквата Света Ана, заврши во приватни раце. Уште повеќе што од Урбанистичкиот план наместо црквата е внесено огромно здание со двесте станови.

Дебармаалци ќе испитуваат дали пред нив се случува новото Бачило. Во катастарските изводи од 1929 до 1995 година земјиштето е запишано како државно.

Приватна парцела имало, во сопственост на Владо Урошевиќ, односно неговиот татко, но само една седмина од целата локација.

Но, со решение од Министерството за финансии од 2001 година, Владимир Урошевиќ станува сопственик на 3.728 метри квадратни, односно на целата локација кај некогашното Кино Карпош. Жителите пред бунт.

„Јас верувам дека господинот премиер Груевски да стави прст да ги прочепка документите, ќе дојде до тоа што треба да биде, а во други служби и институции не верувам, зашто ние имаме вреќа документи. На крај ни дојде приватник. Кој е тој приватник толку газда 4.000 квадрати сред Центар да има?“, рече вчера Соња Георгиевска, жител на Дебар Маало.

Откако го добил решението, Урошевиќ веднаш направил договор за купопродажба на идеални делови - 53 проценти на ТАР Инженеринг за да може да ја гради веќе постоечката зграда, за себе задржал 35 проценти од локацијата, и по 4 проценти поделил на уште три лица.

Целата локација во Катастарот со нова нумерација ја внел сега осудениот нотар од Бачило, Никола Стојменовиќ.

Уште понејасно е како Центар до минатиот месец ветуваше изградба на црква, ако локацијата била денационализирана.

Уште понејасно е што и во Катастарот околу 1.300 квадрати од оваа локација се водат како државно земјиште.



http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=113802


Edited by Cloverstack - 16-Sep-2009 at 20:03
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 20-Sep-2009 at 11:49

Имотите на Урошевиќ стопени во милионска парцела

Министерството за финансии одговори дека на предците на Урошевиќ им биле национализирани 3.728 квадратни метри во разни парцели, но испуштија да објаснат дали сите биле во Дебар Маало

На предците на академик Владимир Урошевиќ државата во 1951 година им одзела вкупно 3.728 квадрати на разни локации, велат од Министерството за финансии во нивното соопштение што го испратија вчера во врска со новото „Бачило“ во Дебар Маало. Во нивниот одговор не наведуваат во кој дел на Центар тогашните комунистички власти присилно ги одзеле парцелите, па се' уште не е јасно дали семејството Урошевиќ навистина поседувало толку голем имот кај старото кино „Карпош“, каде што е денационализирана големата парцела.

Службите од Министерството испратија стари бројки на парцелите кои се воделе на име на неговиот дедо, но и на роднини, иако од 1995 година во катастарската евиденција се води нова нумерација. Поради тоа беше невозможно во урбанистичкиот план „Дебар Маало 1“ да се види за кои парцели се работи и дали тие воопшто се наоѓале на вратената локација.

Министерството не ја објасни дилемата дали одземените парцели се наоѓале една до друга или во други улици и населби во Центар. Доколку не се наоѓале една до друга, не објаснија зошто парцелите се претопиле во друга атрактивна парцела, од која, неофицијално, еден нејзин дел пред неколку години е продаден за 700.000 евра.

Парцели без имиња

Во соопштението на Финансии нема ни објаснување од која категорија било одземеното земјиште, имајќи предвид дека вратеното кај киното „Карпош“ е од прва класа.

- Со акт за експропријација од 30.8.1949 година, одземен е имот евидентиран на парцелите 6287 (празен плац во површина од 613 м2), сопственост на Чедомир Поповиќ од Белград и на Даринка Урошевиќ од Скопје и имот на парцелите 6915 (празен плац во површина од 971 м2), 6916 (празен плац во површина од 1928 м2), 6361/2 (празен плац во површина од 182 м2) и дел од парцела 6361/1 (празен плац во дел, кој изнесува 397 м2 ), сопственост на наследниците на Владимир Поповиќ од Скопје и на Даринка Урошевиќ од Скопје - се вели во одговорот на Министерството.

Во него, за некои парцели наведуваат имиња на сопственици, но за други не, па е тешко верно да се провери како Урошевиќ од внук на Владо Поповиќ, по половина век станал единствен наследник на речиси 4.000 квадрати во срцето на Дебар Маало.

Во постапката за денационализација, се вели во одговорот, барателот доставил доказ, правосилното наследно решение од суд од 14.3.2001 година. Комисијата за денационализација по две години утврдила дека наследник на целокупниот одземен имот е Владимир Урошевиќ, па во 2003 година му вратила 3.728 квадрати. Дилемата е на кој начин комисијата успеала неколку парцели со различни бројки да ги собере на куп и, како што пишува во Уверението за движење на имот, да му го евидентира само на една парцела 10324 и на еден имотен лист.

Имотот бил даден на увид, наследници немало

Она што во целата приказна за досието на Урошевиќ е чудно е како за оваа парцела во 1999 година, кога е донесен и Законот за денационализацијата, не се пријавил никој како наследник.

- Во 1999 година по службена должност е извршено одвојување на имотот, за кој не се утврдени права на недвижности во постапката за излагање на јавен увид на податоците од премерот за КО Центар 1 и притоа парцелата 10324 се запишува во имотен лист 9910 со неутврдено право на сопственост, односно предметот не е изложен - се вели во Уверението за движење на сопственоста на земјиштето на една од парцелите.

За потсетување, според документи од Катастар, на предците на академик Урошевиќ во 1951 година им биле експроприрани 974 квадратни метри кај киното „Карпош“. За наследници се воделе седуммина, па според документите се гледа дека мајката на Урошевиќ била наследник само на 139 квадрати. Според старата нумерација, се работи за парцелата 6915, а според новата, тоа е онаа што и му е вратена, односно 10324. Потоа следува продажбата на парцелата и нејзино цепкање. Физичката делба ја направил нотарот Никола Стојменовиќ во 2004 година. Половина од локацијата купила фирмата „Тар инженеринг“, па сега таму е изграден блок од четири шесткатници. Еден дел остана празен, каде што сега во планот е зацртана зграда од 21 метар висина.

Јорданка Ивановска


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=3F298FC7C32D794EA43A701142AAC81B



Дебармаалци со крв ќе си ја бранат населбата





 

Жителите на Дебар Маало велат дека со крв ќе си ја бранат населбата од понатамошно узурпирање. Тие објаснуваат дека и покрај сите документи што ги приложиле и до општината дека парцелата му е неправилно доделена на академикот Урошевиќ, ги доставивме и барањата од Македонската православна црква за изградба на верски објект на парцелата, но никој сé уште не преземал ништо за да го запре донесувањето на деталниот урбанистички план за Дебар Маало

 
 
%20  

- Овој проблем не може да се остави вака, ако треба и со крв ќе си ја браниме нашата населба, ќе застанеме пред багерите и нема да им дозволиме да копаат. Летоска кога нацрт-планот беше на јавна анкета, поголем дел од нашите соседи беа на одмор и затоа никој не ни забележал дека Урошевиќ го заградил земјиштето. Тоа помина полесно, но за градењето на објектот нема да дозволиме туку-така да се изгради.

Сопругата на Урошевиќ вчера објасни дека нејзиниот сопруг е на службено патување и дека не можел да дава никакви објаснувања за наследството и за тоа како ја добил парцелата.

- Ние сме приватни сопственици на земјиштето и не мораме на никого да му приложуваме документи, освен ако некоја од надлежните институции не го побара тоа од нас. На никого не му се мешаме во приватните работи и очекуваме и на нас да не ни се мешаат во нашите - категорична беше сопругата на Урошевиќ.

Барањето за изградба на верски објект во населбата Дебар Маало, МПЦ поднела на 7.6.2004 година до Министерството за транспорт и врски, со образложение дека две години откако го испратиле првото барање, нив се уште не им било одговорено. Во април 2005 година, МПЦ поднела уште едно барање до Министерството за транспорт и врски, подрачната единица во општината Центар, но ниту на тоа барање не им било одговорено. Општинарите во октомври 2004 година испратиле допис до урбаната заедница Даме Крапчев, во кој се вели дека на местото се предвидени изградба на црква и на станбено-деловен објект во приватна парцела а сепак тврдат дека до нив не стигнало ниту едно барање за од МПЦ за изградба на верски објект. Според генералниот урбанистички план од 2002 година за Дебар маало се предвидувале објекти со заедничка намена, што значи дека не мора да се изгради станбено-деловен објект, затоа што и црквата ги исполнува условите за објект со заедничка намена.

 
   
Автор: А.М.Д.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=9189203715&id=14&prilog=0&setIzdanie=21792
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 24-Sep-2009 at 16:17

Bash



Стојменовиќ го кроел Дебар Маало по мерка на Урошевиќ

Откако големата парцела на академикот била искористена за градба, таа е поделена, со што се доведува во прашање коефициентот на искористеност на локацијата за градење

Освен денационализацијата на земјиштето во Дебар Маало, со која на академик Владимир Урошевиќ му се вратени 3.728 квадрати кај поранешното кино „Карпош“, сомнително е и прекројувањето на парцелите и исполнувањето на урбанистичките параметри. Допрва институциите како Општина Центар и Катастар треба да дадат одговор дали е се' законски околу неговата парцела со број 10324, која веќе еднаш била искористена за градба со сите дозволени урбанистички вредности и нормативи.

Проблем е физичката делба на пет нови парцели, откако големата парцела еднаш била искористена за градба. Односно, на половина од парцелата веќе е изграден блок од четири шесткатници, при што висината, габаритот и сите урбанистички параметри во одобрението за градба биле дозволени благодарение на големината од 3.728 квадратни метри. Тоа значи дека е исполнет законски предвидениот коефициент на искористеност на парцелата, при што остатокот би требало да остане празен. И покрај тоа, не е така предвидено во новиот предлог-урбанистички план за Дебар Маало, со кој се предлага на остатокот од парцелата да се изгради нова зграда.

Физичката делба и новата нумерација, по добивањето на одобрението за градба за блокот шесткатници, ја направил нотарот Никола Стојменовиќ. Се создале повеќе парцели нумерирани како 10324/1,2,3,4 и 5. Но, сепак, се работи за иста парцела.

- Од катастарските документи може да се види дека откако земјиштето на академикот му било вратено со посочената површина, во 2004 година веќе еднаш било искористено за изградба на четири згради во блок. Таа зграда сега е вселена, а сегашен сопственик е фирмата „Тар инженеринг“, која и го купи земјиштето од Урошевиќ. Потоа Стојменовиќ ја стеснил парцелата на „Тар“, при што Урошевиќ станал сопственик на нова парцела од 1.305 квадрати. Институциите треба да дадат одговор дали е чисто не само при денационализацијата туку и при физичката делба на имотот и дали седумкатницата што сега е предвидена со новиот план смее да се гради на неговиот плац - велат наши извори.

Во документите пишува како се' се одвивало. Урошевиќ барањето за денационализација го поднел во март 2001 година, а имотот го добил во 2003 година. Одобрението за градба за блокот згради на целата површина од 3.728 квадрати, „Тар инженеринг“ го добил на 20. 6. 2004 година, а физичката делба, односно расцепкувањето на парцелата Стојменовиќ ја направил еден месец подоцна, на 26. 7. 2004 година.

Надлежните од Секторот за катастар и премер - Скопје вчера не беа достапни за одговор дали е дозволено вакво нешто и дали претставува злоупотреба на просторот. Од Општина Центар, пак, во неможност да обезбедат информации, најавија дека денеска ќе одговорат дали и како може повторно да се гради на веќе еднаш искористена парцела за градба.

„Дневник“ побара и увид во документите на Министерството за финансии во врска со денационализацијата на имотот.

Јорданка Ивановска

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=83C10BCE4066B7488277865A753CDFAA

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 25-Sep-2009 at 13:35

Академикот тврди дека го добил своето

Владимир Урошевиќ вели дека воопшто не го познава осудениот нотар Никола Стојменовиќ, кој во 2004 година за него ја прекројувал денационализираната парцела од 3.728 квадрати во Дебар Маало

Јас не го познавам нотарот Никола Стојменовиќ. Не знам кој е тој човек. Јас го добив она што ми припаѓаше. Сите парцели на местото кај старото кино „Карпош“ беа на мојот дедо, а јас сум единствениот наследник. Сите роднини, наведени како наследници, се починати - изјави академик Владимир Урошевиќ околу сомневањата за денационализацијата на локацијата во Дебар Маало.

Тој тврди дека неговите роднини немаат живи наследници, но без разлика на тоа, во 1947 година бил направен семеен договор.

- Успеав сиве овие години да го сочувам тој договор. Во него се вели дека одземените пет парцели и' се преотстапуваат на мојата мајка Даринка Урошевиќ, бидејќи таа се грижеше за баба ми и дедо ми - рече Урошевиќ.

Академикот во 2003 година со денационализација доби 3.728 метри квадратни во Дебар Маало, кај старото кино. Тој рече дека оваа локација им била одземана три пати, во 1941 година од бугарската окупаторска власт, но и во двата брана на национализација во 40-те и 50-те години од минатиот век.

- Никој никогаш не беше обесштетен со ништо - тврди академикот.

Урошевиќ упати забелешки дека дебармаалци се свртеле против него, но и дека медиумите малициозно известувале за овој случај. Во телефонскиот разговор, во кој му беше понудено да ги види документите со кои располага „Дневник“, рече дека ќе размисли откако ќе се врати од службен пат.



Турли-тава во урбанистичкото кроење

Околу сомнителната физичка делба на парцелата, која ја направил нотарот Никола Стојменовиќ во 2004 година, тој вели дека не само што не го познава, туку и дека не поседува ниеден документ во кој фигурира такво име. Изјави дека не знае оти тој сега е во затвор за случајот „Бачило“. На прашањето како е можно да немал контакт со нотарот, бидејќи Стојменовиќ морал да работи со негов потпис, Урошевиќ го повтори истото.

- Тој никогаш не работел за мене.

Сомнежот дали е се' во ред со урбанистичкото кроење произлегува од катастарските документи како Уверението за историски промени на сопственоста на парцелата 10324. Таа, кога е вратена во сопственост на Урошевиќ во 2003 година, е една целина со површина од 3.728 квадрати. Како таква била искористена од „Тар инженеринг“ за добивање на одобрение за градба на четири шесткатници во блок на еден дел од локацијата. Висината, габаритот и сите дозволени урбанистички вредности и нормативи, фирмата ги добила благодарение на големата површина. Еден месец по добивањето на одобрението нотарот Стојменовиќ ја расцепкал парцелата 10324 на пет нови парцели. Три локации се продадени на „Тар“ и на физички лица, неофицијално за 700.000 евра, а Урошевиќ останал сопственик на 1.305 квадрата. Сега на таа локација, со новиот план, е предвидена изградба на седумкатница, но Општина Центар два дена не дава одговор дали законски е можно една парцела два пати да биде искористена за градба и дали тоа не претставува злоупотреба на просторот.

- Денес ќе ги добиете одговорите - изјави вчера портпаролот Јовица Ацковски, но тоа не се случи.


Штама во Министерството за финансии

Од Министерството за финансии веќе трети ден не одговараат на поставените прашања околу денационализацијата на Урошевиќ. Пред неколку дена само испратија стара нумерација на парцелите што ги побарувал, но не испратија нова нумерација за да се провери за кои парцели се работи.

Од Министерството се' уште молчат дали е се' законски околу враќањето на ова атрактивно празно земјиште во Дебар Маало, но и која методологија била искористена при денационализацијата, поради фактот дека му се враќа онолку колку што и му било одземено.

- Имајќи предвид дека земјиштето при експропријацијата во 1951 година година имало значително пониска вредност од денешната, зошто не е земена средна вредност при враќањето на имотот? Кое е образложението на Комисијата за денационализација? - беа дел од прашањата упатени до Министерството за финансии.

Министерството, исто така, четири дена не дава одговор дали ќе дозволи увид во предметот на академик Урошевиќ, заради објективно информирање на јавноста.

Портпаролот Ивана Билбиловска со денови ветуваше одговор, но вчера испрати СМС-порака дека е на пат. Оние на кои упати за одговор, не одговараа на телефон.

Жителите на Дебар Маало документите за случајот ги доставиле до антикорупциската комисија.

Тодоровиќ бара донации за откуп на земјиштето

Граѓаните од Дебар Маало завчера имале средба со градоначалникот на Центар, Владимир Тодоровиќ. Тој ги информирал дека испратил писма до фирми во кои бара донации за откуп на земјиштето на Урошевиќ за изградба на црква, како што е предвидено во се' уште важечкиот урбанистички план.

- Тодоровиќ ни рече дека поседуваат документи според кои, освен што на Урошевиќ му било вратено земјиште со денационализација, дел од парцелата бил откупен како државно земјиште - вели Борче Панчевски од Иницијативниот одбор за изградба на црквата „Света Ана“ во Дебар Маало.

Вчера од Општина Центар не беа достапни да ја потврдат иницијативата ниту да одговорат колкав дел државно земјиште бил откупен и на кој начин.

Академик Владимир Урошевиќ порача дека нема ништо против изградба на црква и додаде дека ако некој сака нека го купи и нека гради слободно.

- Јас никогаш никому написмено не сум му ветил црква. Црквата е планирана половина на моја парцела, а половина на земјиште што и' припаѓа на државата. Ако некој сака, нека го купи делот од мене и нека гради - изјави академик Урошевиќ.

Јорданка Ивановска



http://dnevnik.com.mk/?ItemID=D6E63EDE62F8BB459BAA83C598DFFBC9
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 29-Sep-2009 at 21:21
За ова чудо наскоро ќе ни треба посебна нишка...

Советот на Центар да не го менува планот за „Света Ана“


 

Чекајќи одговор од градоначалникот Тодоровиќ за барањето да не се отстранува маркичката за православниот храм, дебармаалци се обратиле за помош и до претседателот на советот Владимир Здравев

 
 
%20  
Жителите на Дебар Маало испратиле писмо до Владимир Здравев, претседателот на советот на општината Центар, со молба да преземе нешто во врска со ситуацијата за земјиштето каде што според деталниот урбанистички план е предвидено да се изгради станбено-деловен објект наместо црквата „Света Ана“. Во писмото граѓаните го молат претседателот на советот да не се усвои новопредложениот детален урбанистички план, со кој се предвидува православниот храм да се замени со зграда.

Во писмото дебармаалци ги навеле и причините поради кои се против овој план.

- Ако се изгради станбено-деловниот објект, ќе се зголеми бројот на жителите на населбата, ќе има уште поголем метеж и ќе нема никакво зеленило. Паркинг-простор и сега нема, а ако се направи уште една зграда, тој проблем ќе биде уште поголем - велат граѓаните од маалото.

Тие во писмото ја споменуваат и целата процедура за денационализацијата на земјиштето на Влада Урошевиќ, односно велат дека тој, наместо 139 квадратни метри, добил земјиште од 3.782 квадрати. Овој случај се проверува во Министерството за финансии. Дебармаалци велат дека целиот случај ги потсетува на „Бачило“, особено што нотарот Никола Стојменовиќ го направил преписот на земјиштето на Урошевиќ.

- Ние имаме документи со кои се потврдува дека семејството на академикот Урошевиќ требало да наследи речиси 140 квадратни метри земјиште, а, наместо тоа, тој добил 3.782. Тука дефинитивно е нешто сомнително само никој не сака да ја разјасни ситуацијата - истакнаа дебармаалци.

Владимир Здравев, претседателот на советот на општината Центар, вели дека сé уште не добил никакво писмо од жителите на Дебар Маало и дека веднаш штом ќе го види и ќе направи сé што е во негова моќ за да им помогне.

- Процедурата во општина е малку посложена и најверојатно затоа сé уште не сум го добил писмото. Секој документ треба прво да се завери во архивата, па потоа јас можам да го примам. Веднаш штом го добијам писмото ќе разговарам и со градоначалникот Владимир Тодоровиќ, за да најдеме заедничко решение како да им помогнеме на жителите - објасни Здравев.

Градоначалникот Тодоровиќ уште пред неколку недели доби писмо од жителите на Дебар Маало, но досега сé уште официјално нема одговорено на прашањата што мисли да преземе за да им помогне на дебармаалци.

Според деталниот урбанистички план за Дебар Маало 1 од 2002 година до последниот нацрт-план, кој е донесен ова лето, на местото било предвидено да се изгради црква „Света Ана“. Како донација за црквата фирмата „Тар инженеринг“ требало да ја направи карабината, но бидејќи Урошевиќ им побарал да му го платат земјиштето тие одлучиле да не градат затоа што немале доволно пари.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=92991013359&id=14&setIzdanie=21799


Edited by Cloverstack - 29-Sep-2009 at 21:22
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 06-Oct-2009 at 16:43

Инвеститор намерил да гради кај Урошевиќ

Приватната фирма „Фимал“ бара од Општина Центар дозвола за градба на седумкатница, која со едната половина лежи на плацот на Урошевиќ, а со другата на државна локација

Додека градоначалникот на Центар, Владимир Тодоровиќ, на граѓаните им ветува барање донации за откуп на земјиштето од академик Владимир Урошевиќ за изградба на црквата „Света Ана“ среде Дебар Маало, поверојатно е дека нашол инвеститор за градба на планираната седумкатница кај старото кино „Карпош“.

Интересен факт во оваа приказна е што планираната зграда со половина површина лежи на земјиштето на Урошевиќ, а другата половина на државно земјиште со површина од 800 квадрати. Општина Центар наместо да го нацрта објектот на приватна сопственост, како што е практика, половина од него го испланирала во државниот дел, со што по автоматизам го привилегира градителот да може да го откупи делот од државата со непосредна спогодба, без јавно наддавање. Најниска цена, според ценовникот на Министерството за финансии, е 510 денари за квадратен метар.

Урошевиќ вчера не беше достапен да каже дали ја продал парцелата на фирмата „Фимал“, која во август годинава се јавува во анкетен лист по повод нацрт-планот Дебар Маало1, како барател за измени на формата на површината за градење на парцелата 10324/4, која се' уште во Катастар се води на име на академикот. На мобилниот на Урошевиќ се јави неговата сопруга, која рече дека тие немаат никаква врска со градежни фирми, но дека при продажбата се прават разни комбинации.

Од Општина Центар вчера не одговорија дали имаат намера да усвојат план во кој ќе го „отуѓат“ државното земјиште кај старото кино „Карпош“, без да овозможат и други лица да наддаваат за него. Само рекоа дека уште не ги разгледале анкетните листови.

Оттаму исто така веќе десет дена не даваат одговор и дали е законски дозволено на оваа парцела нивниот Сектор за урбанизам да црта втор објект, имајќи предвид дека ова земјиште веќе еднаш е искористено за градба. Тоа е сторено пред неколку години, кога парцелата 10324 изнесуваше 3.728 квадрати денационализирано земјиште вратено на Урошевиќ. Тогаш фирмата „Тар инженеринг“ го искористи земјиштето за добивање услови за градба, а еден месец потоа, нотарот Никола Стојменовиќ направил физичка делба и ја поделил парцелата на четири помали делови, кои сега припаѓаат на различни сопственици. Две се водат како изградено земјиште, а две се неизградено.

Општината не одговори дали правото на градба е спорно на останатите две парцели и дали плацот треба да остане празен.

- Во однос на вашето прашање извршен е увид во целокупната документација, како во ДУП Дебар Маало 1 од 2002 год, така и во ДУП Дебар Маало 1 од 2007 година. Во однос на градежните парцели е констатирано дека состојбата е непроменета. Во однос на планираните објекти е исто така непроменета, ниту како број, форма и големина на парцели, ниту како планирани објекти - изјави портпаролот Јовица Ацковски.

За случајот на денационализацијата во Дебар Маало веќе три недели молчат и од Министерството за финансии. Оттаму не дозволија увид во предметот за тоа на кои парцели академикот е наследник и дали одговараат на вратените 3.278 квадрати кај киното „Карпош“.

Академикот Урошевиќ пред две недели рече дека не знае ништо за физичката делба која ја правел нотарот Стојменовиќ на неговата парцела по продажбата. Тој смета дека со тоа што го продал земјиштето, сега не треба да воопшто да е прозиван. За него е важно дека една година пред проблематичната физичка делба, која сега го доведува во прашање правото на градење на седумкатницата, тој склучил купопродажбен договор. Академикот рече дека воопшто не го познава нотарот Стојменовиќ, кој ги внел парцелите со нова нумерација во Катастар, и дека не поседува таков документ за физичка делба од јули 2004 година. Тој не знаеше да каже како е тоа можно, имајќи предвид дека мора да е присутен физички кога такво нешто се потпишувало. Не сакаше да ги покаже неговите документи.

Јорданка Ивановска



http://dnevnik.com.mk/?ItemID=97094284737B554CB4A58E40C221B30D
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 29-Oct-2009 at 16:11

Донатори би го откупиле земјиштето за „Света Ана“

Градоначалникот на Центар Тодоровиќ се сретнал со првите луѓе на Тутунска банка, Алкалоид, Електроелемент, Еуроимпекс, Космофон и Македонија турист и сите биле расположени да учествуваат во откуп на парцелата

Големи се шансите на парцелата на академик Владимир Урошевиќ во Дебар Маало, кај старото кино „Карпош“, да не се изгради планираната седумкатница, туку црквата „Света Ана“, како што со години им беше ветувано на жителите. Градоначалникот на Центар Владимир Тодоровиќ, по многуте негативни реакции за бришењето на црквата во новиот предлог-урбанистички план, реши да бара донатори за да го откупат земјиштето од Урошевиќ и да ги отстрани пречките за изградбата на верскиот објект.

- Веќе се направени состаноци со првите луѓе на Тутунска банка, Алкалоид, Електроелемент, Еуроимпекс, Космофон, Македонија турист. Главно сите беа расположени да учествуваат во откупот на земјиштето - велат од Општина Центар.

Академик Урошевиќ поседува околу 1.200 квадратни метри, вратени со денационализација во 2003 година. Поради сериозната намера на Тодоровиќ да бара донации, жителите на месната заедница „Дане Крапчев“ деновиве му доставиле и ново нацрт-решение за изградба на црквата.

- Предлагаме намален габарит на црквата, односно да биде со големина како „Света Петка“. Така би се добил поголем простор за зеленило, како и за дрворед. Исто така детско игралиште, како и простор за клупи за одмор за стари лица и за дружење - велат од Иницијативниот одбор за изградба на црквата.

Изградбата на „Света Ана“ кај сарото кино „Карпош“ е планирана уште од 2002 година, а во важечкиот урбанистички план има градежна маркичка за неа. Бившата градоначалничка Виолета Аларова ветуваше дека во изградбата ќе учествуваат и донатори и општината. Инвеститорот „Тар инженеринг“, кој во 2003 година откупи дел од денационализираното земјиште на Урошевиќ и таму изгради блок шесткатници, ветуваше дека црквата ќе ја изгради до карабина. Аларова на верски празници ги убедуваше граѓаните дека земјиштето е државно и дека нема да има никаков проблем. Поради тоа тие нарачуваа и икони за новиот верски објект. За изградба на црквата се залага и МПЦ, која на времето барала да го откупи земјиштето додека било државно.

Новиот нацрт-план „Дебар Маало 1“, во кој црквата е избришана, а на нејзино место е нацртана маркичка за зграда, веќе два месеца е во мирување, особено откако за оваа локација се надвисна сомнеж дали се' било во ред при самата денационализација. На академикот Урошевиќ му биле вратени вкупно 3.278 квадратни метри, но во катастарските документи владее хаос, како при оставинската постапка, така и во прекројувањето на парцелата по продажбата. Во едни документи за експропријација, дедото на Урошевиќ се вика Владо Попов, а во други Владимир Поповиќ. Во трети може да се види дека вратената парцела со број 10324, во 1949 година била помала за околу 2.000 квадрати. Иако јавноста очекуваше Министерството за финансии да ја реши оваа дилема, оттаму не дозволија увид во предметот.

Освен денационализацијата, она што уште ги погрева страстите во Дебар Маало е маркичката за седумкатницата, која во еден дел „лежи“ на приватното земјиште на Урошевиќ, а во друг на државно земјиште. Така, по усвојување на планот, на инвеститорот му се овозможува да го купи државниот дел со непосредна спогодба, а не со лицитација. Од поднесените анкетни листови од јули годинава можеше да се види дека веќе има и инвеститор заинтересиран за изградба на зградата.

Јорданка Ивановска



http://dnevnik.com.mk/?ItemID=3502DE11934EFD41BB08B4604721B117
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 01-Dec-2009 at 13:45

Дебармаалци собрале пари, чекаат маркичка за црква


Жителите на маалото очекуваат дека општината ќе го исполни своето ветување да го смени урбанистичкиот план со кој храмот „Света Ана“ беше заменет со петкатница затоа што земјиштето било вратено со денационализација





Жителите на Дебар маало веќе ги собрале сите потребни донации за изградба на црквата „Света Ана“ на местото што со денационализација му припаднало на академикот Влада Урошевиќ, кај старото кино Карпош. Идејниот проект за храмот ќе биде донација од градежната фирма „Неимар инженеринг“, а главниот проект ќе го изработуваат истите луѓе што порано работеле на неговата подготовка, пред да се смени деталниот урбанистички план и верскиот објект да се замени со комерцијален. Со тоа дебармаалци го исполнија условот што им го постави општината пред неколку месеци, ако се најдат спонзори повторно да се смени маркичката во планот. Но од општинарите се уште нема конкретна најава дека ќе се исполни и нивната обврска.

Граѓаните на маалото велат дека веќе неколку месеци испраќале барања до сите надлежни институции да овозможат да се направи црквата „Света Ана“, која ја очекувале долго време.

- Испративме барања до градоначалникот Владимир Тодоровиќ, до претседателот на советот Владимир Здравев, дури и до премиерот Никола Груевски. Од локалните власти немаме никаков одговор. Но во никој случај нема да се откажеме. Ни рекоа дека нема да биде проблем да се промени урбанистичкиот план ако обезбедиме донации за изградба на црквата. Еве, најдовме и луѓе и фирми што сакаат да ни помогнат, но од општината молчат - револтирано објаснуваат дебармаалци.

Тие додаваат дека премиерот Груевски им пратил писмо откако му се обратиле, во кое рекол дека ќе побара од надлежните во општината да се разгледа целиот случај со многу внимание и во најкраток можен рок да им се одговори на граѓаните.

Градоначалникот Тодоровиќ, пак, вели дека сака да им помогне на граѓаните да го решат проблемот со урбанистичкиот план, со кој се оневозможува изградба на најавениот верски објект. Тој побарал од комисијата за урбанизам да го разгледа прашањето, со сите барања и забелешки што пристигнале од околните жители.

- Јас ќе преземам се што можам за да им помогнам на дебармаалци. Знам колку тие сакаат да се изгради црква на тоа место. Затоа наложив да се уважат сите нивни забелешки. Но членовите на комисијата за урбанизам се уште не стигнале да го разгледаат проблемот. Сепак олеснителна околност е тоа што тие веќе нашле и спонзори кои ќе помогнат во изградбата на црквата- објасни градоначалникот Тодоровиќ.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=12191036457&id=14&prilog=0&setIzdanie=21851
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 30-Apr-2010 at 00:45
Еве чисто да ја имаме локацијата во „фото документација“

1


2

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 06-Oct-2010 at 15:01

Црквата „Света Ана“ сепак ќе се гради во Дебар Маало

Како и во претходната, така и во оваа верзија на ДУП за Дебар Маало 1 големината на црквата е речиси незабележителна во споредбасо блиската деловна зграда




Маркичката за изградба на црквата „Света Ана“, во близина на слаткарницата „Апче“, или некогашно кино „Карпош“ во Дебар Маало, сепак стои и во најновите измени на Деталниот урбанистички план за Дебар Маало 1, за кој ќе расправаат советниците на општината Центар на денешната седница. Но со исти димензии како и во претходната верзија на овој план. Нема ниту промени и намалување на габаритот на околните објекти, како што на дебармаалци им вети Владимир Тодоровиќ, градоначалник на општината Центар. Како и во претходната, така и во оваа верзија на ДУП за Дебар Маало 1 големината на црквата е речиси незабележителна во споредба со блиската деловна зграда што треба тука да се гради. Дебармаалци се среќни што црквата сепак ќе се гради. Но велат дека ќе беше многу подобро ако деловниот објект воопшто не се градеше тука или, пак, ако неговиот габарит се намалеше, за да може да се направи и парк околу црквата.

- Властите ни ветија изградба на црква уште пред десетина години, но ако го изградат и објектот до црквата, тоа ќе биде уште еден кинески ѕид во нашата општина. Веќе долги години во нашето маало владее урбаната мафија, мислам дека е редно тоа да се запре - ни изјавија жителите од урбаната заедница „Дане Крапчев“.

Пред неколку месеци, кога советниците требаше да го разгледуваат овој ДУП, градоначалникот Тодоровиќ го повлече планот за да се намали површината на деловниот објект, а да се зголеми онаа на црквата.

Изградба на црква во зеленилото кај некогашното кино „Карпош“ им вети 2002 година тогашната градоначалничка Виолета Аларова. Четири години подоцна Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор почна да ја расчистува парцелата за црквата, а објектот требаше да го гради фирмата „Тар инженеринг“. Но, од 2006 до денес, неколку пати се смени Деталниот урбанистички план, и наместо црква, на локацијата се нацрта маркичка за деловен центар. Жителите неколку пати се жалеа кај градоначалникот на општината Центар, праќаа писма и до премиерот Никола Груевски. Тие дури и се сомневаат дека некогаш тука ќе се изгради црква.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=10610103452&id=14&prilog=0&setIzdanie=22101
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.