build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Изградба и ентериери
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Доградба на тераси/балкони (пресметки)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
ddd2007ddd View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 24-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote ddd2007ddd Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Доградба на тераси/балкони (пресметки)
    Posted: 31-Oct-2009 at 17:02
Дали ќе може некој да ми каже како да пресметам колку ќе ме изнесува да доградам тераса - балкон на станбена зграда ?
 
Зградата се наоѓа во општина Центар - Скопје. Изградена е во 1956година. Висината во еден стан од подот до таванот е околу 3м. Зградата има вкупно приземје+3+поткровје.
 
Постои можност станарите да си пуштат од задната страна на зградата тераси - балкони.
 
Се што ме интересира е следново:
1. Со колкави димензии би требало да биде голем еден столб, доколку има 4 столба кои ќе ги држат доградените тераси ?
2. Колкава количина на бетон ( цимент ) и останат попратен материјал би бил потребна само за овие 4 столбови ?
3. Колкава количина на бетон ( цимент ) и останат попратен материјал би бил потребна само за една плоча на попуштената тераса, доколку е со димензии - широка 4,5м и долга околу 2м (во зависност од добиената дозвола) ?
4. Колкава би била доволна дебелина на плочата на доградената тераса, со претпоставка дека некои ќе си ја направат како и соба ?
5. За колкав временски период би можело од прилика да се догратат сите тераси с о горенаведените димензии ?
 
Овие прашања ме интересираат се со цел да можам да си ја продолжам терасата, но и да ги информирам останатите станари за потребната цена за заедничко инвестирање.
 
Се надевам дека од општина Центар ќе добиеме дозвола за попуштање на становите, бидејќи веќе становите на приземје имаат попуштено тераси одамна. Исто така зградата има двор кој се води на државата и претпоставувам дека ќе ни дозволат да градиме на државно земјиште.
 
И за крај би сакал да ве прашам уште нешто.
 
Според Општи урбанистичко-архиктектонски услови нашиот блок на заеднички станбени објекти ги имаме добиено следниве податоци:
- Процент на изграденост 40,39%
- Коефициент на искористување 2,83
- Површина на парцелата 374 м2
- Бруто развиена површина 1056м2
Како што може да се види од горните податоци процентот на изграденост е 40,39%. Дали станарите може да попуштат тераси се додека проценот на изграденост стигне до 70% ? На пример површината на зградата е 150м2. За да стигне до 70% на изграденост дали може станарите да си доградат отпозади уште 112м2 бидејќи површината на парцелата е 374м2 ??? Question
За поточно да ми одговорите, ќе ви кажам уште неколку податоци од Општи урбанистичко-архиктектонски услови .
- Максимална дозволена висина на венецот на објектот Н-- 21,00м
- дозволена височина на венецот до слеме Н -- 4,50м
 
Ова се податоците кои ги знам за зградата. Според ДУП Дебар Маало 2, сеуште нема никакви промени, па така да остануваат истите податоци кои погоре ги напишав.
 
Можеби за некои нема да бидат логични моите прашања, но нека разбере дека јас не сум градежник и не знам ништо од градежништвото. Wallbash
 
Исто така би сакал ОДНАПРЕД ДА СЕ ЗАБЛАГОДАРАМ на сите оние на било каков начин што ќе помогнат.
 
 
 
 
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 31-Oct-2009 at 23:54

се е релативно и во прашањето и во одговорот, едно е да одиш со украсна цигла а друго со блок, патем немора сите да стават затворена тераса т.е. доградба на име на проширена тераса... цената неможам точно да се сетам но мислам дека не оди повеќе од 200 до 300 евра за квадрат, но најдобро прашај си во некоја фирма, тука влегуваат и други трошоци како проект, дозвола, некој кој ќе ја брка работата...

за површината, едно е проширување на тераса а друго надгрдба на зграда! и трето дали парцелата дозволува да се зголеми габаритот на објектот! за сето тоа инфо во општина, каде претпоставките ке ти ги разрешат за миг, а од дилема ќе ти остане само колку како станари сте сложни да дозволите надградба на зградата на некој инвеститор или самите вие а за возврат да добиете проширување на становите...

статички незнам која опција е поопасна односно подобра но ако веќе сте решиле да одите со каква и да е доградба или надгрдба на зграда од пред земјотресот консултирајте и дополнителна ревизаија на проектот во изис! 

~

нишкава нели може да се префрли во доградба и надградба на зграда?



Edited by Max - 31-Oct-2009 at 23:56
Back to Top
ddd2007ddd View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 24-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote ddd2007ddd Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 01-Nov-2009 at 18:58
Како прво никаде јас не сповнав за надградба на зградата. Тоа се однесуваше во моето предходно прашање, каде што и си добив одговор.
 
Сега се што ме интересира е дали можат старарите без да бараат инвеститори да си ги попуштат терасите и да добијат малку поголеми станови.
Според законот за домување и останатите закони каде што јасно стои дека потребно е само МНОЗИНСТВОТО сопственици да се согласат. Доколку има мнозинство, не ме интересира за тие што не сакаат.
 
Јас неколку пати пробав во општина центар да побарам информации, но попусто. Ако нешто ме интересирало требало да си извадам Општи урбанистичко-архиктектонски услови за зградата и со тоа ливче да прашувам по Архитекти. Тоа и го сторив. Прашав неколку архиктекти колку може да се попуштат терасите, што дури и еден архиктект ја посети и зградата, но не добив одговор. Дали архиктектите не знаат или пак НЕ САКААТ да одговорат, не знам, ама мислам дека според Општи урбанистичко-архиктектонски услови БИ ТРЕБАЛО СЕКОЈ ДОБАР АРХИКТЕКТ ДА ЗНАЕ колку може од прилика да се попушти, а дозволата секако дека ја дава Општината.
 
Затоа ги изнесов и податоците од Општи урбанистичко-архиктектонски услови кои се добиени од општината се со цел доколку сака некој поконкретно да ми каже до каде можам да попуштам.
Јас читав некои правилници за Урбанистичко планирање, но едно е правилник, а друго е на дело.
 
Нишкава мислам дека не може да се префрли во доградба и надградба на зграда, бидејќи таму барав нешто сосема друго, а овдека се работи за пресметување на потребниот материјал за доградба на тераси.
 
Благодарам на сите одговори
Back to Top
ddd2007ddd View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 24-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote ddd2007ddd Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 01-Nov-2009 at 19:16
Originally posted by Max

се е релативно и во прашањето и во одговорот, едно е да одиш со украсна цигла а друго со блок, патем немора сите да стават затворена тераса т.е. доградба на име на проширена тераса... цената неможам точно да се сетам но мислам дека не оди повеќе од 200 до 300 евра за квадрат, но најдобро прашај си во некоја фирма, тука влегуваат и други трошоци како проект, дозвола, некој кој ќе ја брка работата...

Мислам дека цената која си ја предложил е многу висока за изградба на тераса. Исто така со оваа цена не можам да пресметам колку ќе треба да се плати за изградба на столбови.
 
Originally posted by Max

за површината, едно е проширување на тераса а друго надгрдба на зграда! и трето дали парцелата дозволува да се зголеми габаритот на објектот! за сето тоа инфо во општина, каде претпоставките ке ти ги разрешат за миг, а од дилема ќе ти остане само колку како станари сте сложни да дозволите надградба на зградата на некој инвеститор или самите вие а за возврат да добиете проширување на становите...
 
Дали парцелата дозволува да се зголеми, мислам дека ќе може тоа да се види од Општо-урбанистичките услови за градба. Треба да се сложат само 51% станари.
 
Originally posted by Max

статички незнам која опција е поопасна односно подобра но ако веќе сте решиле да одите со каква и да е доградба или надгрдба на зграда од пред земјотресот консултирајте и дополнителна ревизаија на проектот во изис! 
 
Мисалм дека нема да има никакви компликации доколку се направи доградба на тераси, бидејќи нема да ја оптеретува постоечката конструкција. За тоа ќе дадат согласност од ИЗИС.
 
 
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 01-Nov-2009 at 20:53

затоа и велам неможеш да извадиш дозвола за проширување на тераса и таа тераса да се проширува колку тебе ти се сака, за тоа може да барате дозовла за доградба, а ако веќе одите на неа зошто не му дадете некому да направи надградба од која сите вие ќе добиете х2 квадратура... значи она што ти бараш да се искористи максимално процентот на изграденост врз таа парцела кај што ви е зградата неможе да се брка врз основ на проширување тераси туку исклучиво на доградба или најповолно како што реков надградба, бидејќи во тој случај друг ќе ви ја заврши цела работа!

цената не е висока бидејќи во неа влегуваат сите трошоци, а бидејќи е кризна година може сега и за поефтино да најдете но отприлика за затворено-изолирани проширувања на тераси тоа е тоа, но како што реков прашај за поконкретна понуда во фирма, јас говорам што сум чул, а не што нудам или што ми понудиле може некој и за бадијала ќе ти заврши работа

инаку многу јасно дека локациските услови можат да се видат во дупот, затоа и ти реков дека во општина ваквите дилеми ќе ви ги разјаснат, сигурно имаат во центар сектор урбанизам, а ако заради некоја причина не сакаат да те услужат и отприлика да ти посочат колку може накнадно да се добие зголемување на габаритот, тогаш обрати се ете или кај архитект но уште подобро кај некој од урбанистичките куќи како што е инпума, тие до ситници ќе ти извадат математика, со оглед дека поседуваат и мапи од подземниот катастар, што е доста битен фактор кога нешто се планира, незначи дека ако надземја е чисто дека и подземја е чиста ситуација... ете обрати се во инпума!

а што е до доградбите мое мислење е дека надградбата е побезбедна опција од лепенките-доградби, всушност повеќе фактори се во игра, но за ова медо нека фрли абер! 

Back to Top
ddd2007ddd View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 24-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote ddd2007ddd Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 01-Nov-2009 at 23:11

Ќе ги посетам некој ден баш ме интересира што ќе ми одговорат тие !

Фала за информациите Мах.
 
Дали знаеш каде може да побарам некои инвеститори ( саглам, а не некои голтари кои ќе сакаат да украдат само  кој ќе може да инвестира и да си добие.
 
 
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12066
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 02-Nov-2009 at 00:03
@ ddd2007ddd

Принципиелно сум жестоко против надградби, доградби, проширувања и слични импровизации на колективни станбени објекти, но бидејќи ти не бараше мислења и ставови, туку конкретни одговори околу технички прашања на кои јас немам одговор, бев решен да не учествувам во дискусијата. Сепак ме испровоцира со овој твој став:
Originally posted by ddd2007ddd

Според законот за домување и останатите закони каде што јасно стои дека потребно е само МНОЗИНСТВОТО сопственици да се согласат. Доколку има мнозинство, не ме интересира за тие што не сакаат.
Секоја чест за тебе, а доколку е ова вистина, секоја чест и за оваа држава.

Дозволи сега и јас да поставам неколку прашања...

Прво ме интересира, дали сметаш дека е во ред доколку некој не сака вакви интервенции врз својата зграда, на сила да му се гради пред носот и да му се наметнуваат работи од кои е најдиректно засегнат и дали меѓучовечките односи едноставно треба да бидат колатерална штета на нашите доградителски и надградителски „вештини“?




Понатака...
Originally posted by ddd2007ddd


Колкава би била доволна дебелина на плочата на доградената тераса, со претпоставка дека некои ќе си ја направат како и соба ?
Originally posted by ddd2007ddd


Сега се што ме интересира е дали можат старарите без да бараат инвеститори да си ги попуштат терасите и да добијат малку поголеми станови.
...ме интересира какви се овие „тераси“ и како толку лесно може да менуваат „агрегатни состојби“ Question
Ми се чини дека Мах е во право  дека е утнат насловот на нишката.





И конечно...
Originally posted by ddd2007ddd


Како што може да се види од горните податоци процентот на изграденост е 40,39%. Дали станарите може да попуштат тераси се додека проценот на изграденост стигне до 70% ?
Originally posted by ddd2007ddd


Исто така зградата има двор кој се води на државата и претпоставувам дека ќе ни дозволат да градиме на државно земјиште.
... многу „скромно“, нема што. Само фали податок за тоа каква намена има тоа земјиште сега. И доколку со ваквата доградба се ускрати зеленило, паркинг, место каде играат деца или слично, дали станарите се откажуваат од жалопојки кога во иднина ќе почуствуваат недостаток од вакви простори? Или доколку и соседните објекти пораснат на ист начин, дали нема да слушаме жалби за нарушена приватност и слично?





Edited by Cloverstack - 02-Nov-2009 at 02:45
Back to Top
ddd2007ddd View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 24-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote ddd2007ddd Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 02-Nov-2009 at 16:41
Originally posted by Cloverstack

@ ddd2007ddd

Принципиелно сум жестоко против надградби, доградби, проширувања и слични импровизации на колективни станбени објекти, но бидејќи ти не бараше мислења и ставови, туку конкретни одговори околу технички прашања на кои јас немам одговор, бев решен да не учествувам во дискусијата. Сепак ме испровоцира со овој твој став:
Originally posted by ddd2007ddd

Според законот за домување и останатите закони каде што јасно стои дека потребно е само МНОЗИНСТВОТО сопственици да се согласат. Доколку има мнозинство, не ме интересира за тие што не сакаат.
Секоја чест за тебе, а доколку е ова вистина, секоја чест и за оваа држава.
 
 
Според член 11 став 3 од Законот за домување, овој член вака гласи : Сопствениците на посебните делови одлучуваат за работите на управувањето на станбената зграда со мнозинство гласови според сопственичките делови.
Сигурно дека пожелно е да има согласност од сите станари, но верувај во оваа зграда кога не можат да се согласат за хигеничарка да има, никогаш нема да се согласат да има доградба или надградба. Значи НЕМОЖЕ СИТЕ да се согласат, секогаш ќе има некој против, од само за него познати причини.
Дали е добро да има надградба и доградба или не е добро, јас не можам да заземам став, бидејќи тие што го прават урбанистичкиот план кога го дозволуваат тоа, зашто да не се реализира ?
 
Originally posted by Cloverstack

 
Дозволи сега и јас да поставам неколку прашања...

Прво ме интересира, дали сметаш дека е во ред доколку некој не сака вакви интервенции врз својата зграда, на сила да му се гради пред носот и да му се наметнуваат работи од кои е најдиректно засегнат и дали меѓучовечките односи едноставно треба да бидат колатерална штета на нашите доградителски и надградителски „вештини“?


Да те прашам и јас нешто тебе. Доколку електро-инженерот ти рече дека таблата каде што се поставени броилата за струја е ВОН СЕКАКОВ СТАНДАРТ, и треба ИТНО ДА СЕ СМЕНИ, од инает нема да се согласиш да се собираат пари за да се смени таблата, ќе чекаме да се запали цела зграда па тогаш ќе интервенираме, или ќе чекаме некој друг ( на пример ЕВН ) да ни ја зсмени ?  Дали е оправдано поради меѓучовечки односи да не се караме со комшијата, и да не ја смениме таблата, при што се загрозува безбедноста на зградата и на останатите етажни сопственици ? Никогаш нема да се согласат сите да се смени таблата. Ако сакаш да ја видиш таблата, ќе ја сликам некој ден и ќе ти ја покажам, да видиш како уште ништо не се сменило откако е изградена зградата во 1956 година. Дали треба да чекаме сите да се сложат па да почнеме нешто ?
Зградата е во етажна сопственост, односно е заедничка за сите. Доколку е дозволено да се извршуваат доградби и надградби ( во граници на дозволата ) за тоа одлучува мнозинството сопственици на зградата. Доколку некој не сака да му се продолжи терасата, НЕ МОРА. Но не е фер поради еден или двајца да бидат сите заложници.
 

Originally posted by Cloverstack

@ ddd2007ddd
И конечно...
Originally posted by ddd2007ddd


Како што може да се види од горните податоци процентот на изграденост е 40,39%. Дали станарите може да попуштат тераси се додека проценот на изграденост стигне до 70% ?
Originally posted by ddd2007ddd


Исто така зградата има двор кој се води на државата и претпоставувам дека ќе ни дозволат да градиме на државно земјиште.
... многу „скромно“, нема што. Само фали податок за тоа каква намена има тоа земјиште сега. И доколку со ваквата доградба се ускрати зеленило, паркинг, место каде играат деца или слично, дали станарите се откажуваат од жалопојки кога во иднина ќе почуствуваат недостаток од вакви простори? Или доколку и соседните објекти пораснат на ист начин, дали нема да слушаме жалби за нарушена приватност и слично?

Земјиштето кое се наоѓа одпозади на зградата е во ВЛАДЕНИЕ на станарите од приземје. Повеќе од 20 години живеам во зградата и мислам околу трипати дали сум се симнал во дворот. Како деца се дружевме на улица, не смеевме да припариме во дворот на зградата, што е случај и денес.
 
 
Не знам дали си ги погледал зградите како се неплански проектирани и како никнуваат секој ден како печурки, што го заземаат дури и тротоарот за идење. Не знам дали претставува проблем една станбена зграда да се прошири отпозати за едно до две метра. За каква приватност зборуваш кога уште сега гледам низ прозорецот и купатила, и соби и дневни.
 
 
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12066
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 02-Nov-2009 at 23:31

Овде има неколку замени на теза, а некои работи и повторно останаа неодговорени.

Каква врска има примерот што го наведе со броилата за струја? Зарем одржување на објектот е исто што и изведба на разноразни доградби и крпеници? Ова со броилата би било добро да го покренеш во друга нишка, а тука работата е сосема поинаква.

Всушност треба да се запрашаме каква е оваа држава во која е полесно да се прават секакви градежни интервенции врз колективен станбен објект, отколку да се натера некој да учествува во тековното одржување на тој објект.

А и не сум 100% убеден дека се повикуваш на вистинскиот закон/член, бидејќи овде се збори за управување. Дали доградбите спаѓаат во тој домен, не сум баш сигурен.
Originally posted by ddd2007ddd

Според член 11 став 3 од Законот за домување, овој член вака гласи : Сопствениците на посебните делови одлучуваат за работите на управувањето на станбената зграда со мнозинство гласови според сопственичките делови.




Исто така не знам зошто по дифолт бараш инает или „само за нив познати причини“ кај тие што не би сакале да учествуваат во вакви работи. Ниту пак ми е јасно како сето ова изгледа во пракса доколку се што е потребно е мнозинство 50%+1.
Еве да речеме ти живееш на први спрат и сакаш некое проширување во ваков стил. На втор спрат живеам јас и во принцип сум против ваква необлигаторна радикална интервенција врз мојата зграда. На трети спрат има некој кој се согласува со тебе. На четврти спрат има некој кој што на пример не сака да инвестира затоа што него едноставно не му одговара (нема да има бенефит од инвестицијата, или нема пари за расфрлање, или не му се допаѓа проектот или нешто сосема 15-то). И на петти спрат да речеме дека има уште еден твој истомисленик.
И сега што? Колку што разбрав, според тебе, јас и оној од четврти сме инаетчии, ама кој не шиша пошто вие имате мнозинство. И ова мнозинство треба да ви овозможи да правите што сакате околу моите прозори и тераси... И да не заборавиме дека збориме за колективен објект кој во принцип треба да е завршена приказна, а не да го доградува и преградува кој како собере мнозинство.


Всушност ние овде уште не сме на чисто која е твојата идеја. Затоа што ова изнесеново во последниот твој пост:
Originally posted by ddd2007ddd

Не знам дали претставува проблем една станбена зграда да се прошири отпозати за едно до две метра.


...некако не ми се вклопува со претходно кажаното:
Originally posted by ddd2007ddd

Како што може да се види од горните податоци процентот на изграденост е 40,39%. Дали станарите може да попуштат тераси се додека проценот на изграденост стигне до 70% ?
Originally posted by ddd2007ddd

Колкава би била доволна дебелина на плочата на доградената тераса, со претпоставка дека некои ќе си ја направат како и соба ?
Originally posted by ddd2007ddd

Сега се што ме интересира е дали можат старарите без да бараат инвеститори да си ги попуштат терасите и да добијат малку поголеми станови.


Edited by Cloverstack - 02-Nov-2009 at 23:39
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 03-Nov-2009 at 16:46

донекаде и јас би го подржал d2007d единствено што треба е да бидат на чисто дека тоа доградбата или надградбата ќе биде изведена по сите норми, воедно под надзор и ревизија на акредитирани институции или лиценцирани фирми. а што е до принципот на просто мнозинство тоа мислам секаде функционира и е најбезболно решение, сепак бидејќи зградата е нешто како основен момент не е лошо за ваквите крупни интервенции утре во законите да се предвиди двотретинско мнозинство! сепак морам да кажам дека општо станарите не секаде и не сите се спремни за разумен компромис, кај мене имаш случаи како имал цел спрат па смета дека како еден станар на истиот не треба да плаќа за три стана или пак имал стан а не живеел тука па не ни чуствувал одговорност дека треба да учествува во заедничкото одржување на зградата, и тоа за ситуации како сервисирање на лифт, а не па нешто покрупно... 

инаку имало обиди ваквата пракса да се оспори пред уставен суд, но и тие пресекле во полза на просто мнозинство кое е предвидено со зак.сопственост:

3. Судот на седницата утврди дека во член 122 од Законот за сопственост и други стварни права ("Службен весник на Република Македонија" бр.18/2001) е предвидено:

став 1: Доградба и надградба на зграда се врши врз основа на детален урбанистички план и урбанистички проект.

став 2: Доградба, односно надградба има право да бара сопственик, односно сопственици на постојна зграда. Со доградбата, односно надградбата сопственикот, односно сопствениците стекнуваат право на сопственост и врз доградбата, односно надградбата.

став 3: Право на доградба, односно надградба на зграда во етажна сопственост (зграда со два или повеќе станови што им припаѓаат на две или повеќе лица) имаат сопствениците на посебните делови од зградата. За доградбата, односно надградбата, одлучува мнозинството сопственици на посебните делови од зградата кои претставуваат повеќе од половината на вредноста на зградата. Ако за доградбата, односно надградбата има повеќе интересенти отколку што е предвидено да се изградат нови делови од зградата и ако за тоа не се постигне согласност меѓу нив, по барање на секој од заинтересираните одлучува судот, водејќи сметка за принципот на правичност.

став 4: Ако за доградбата, односно надградбата не се заинтересирани сопствениците на посебните делови од зградата, правото на градење можат да им го отстапат на трети лица со мнозинство гласови на посебните делови од зградата кои вредносно претставуваат повеќе од половина од вредноста на зградата, со тоа што градителот, односно градителите се должни да платат соодветен надоместок за правото на градење врз туѓо земјиште, како и за штетите што можат да бидат предизвикани како резултат на градењето.

http://www.usud.gov.mk/domino/WEBSUD.nsf/ffc0feee91d7bd9ac1256d280038c474/3ad330d4d7d2ff34c125716b00480a3a?OpenDocument

инаку околу проширените тераси оние кои не се сложиле со ваквата иницијатива од комшиите, нив ги премостуваат со столбови, е сега колку може ваквиот бајпас да се оспори судски тоа незнам, но неретко во скопје може да се сретнат вакви вертикали од проширени тераси кои имаат празнини меѓу катои. но најдобра варијанта затоа е проширена надградба со што никој од станарите ништо не плаќа, а дупло добива, единствено како станари треба да се осигураат дека се ќе биде изведено беспрекорно како што и наведувам погоре!

Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 03-Nov-2009 at 16:57
еве го целиот закон, може да му се најде на чоек во зорт велат сопственоста е светост, но и сопственикот има некои обврски во однос на заедницата, односно светоста незначи и рамнодушност и неодговорност, ако си се фатил на орото треба и да го играш http://mk.wikisource.org/wiki/Закон_за_сопственост_и_други_стварни_права
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12066
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 03-Nov-2009 at 17:19
Originally posted by Max

сепак морам да кажам дека општо станарите не секаде и не сите се спремни за разумен компромис, кај мене имаш случаи како имал цел спрат па смета дека како еден станар на истиот не треба да плаќа за три стана или пак имал стан а не живеел тука па не ни чуствувал одговорност дека треба да учествува во заедничкото одржување на зградата, и тоа за ситуации како сервисирање на лифт, а не па нешто покрупно...
Повторно истата замена на теза. Одржување на објект нема блага врска со ова што беше изнапишано во нишкава.

Темата за одржување на објекти дефинитивно треба да добие поголемо внимание и не е лошо да ја раздвижиме оваа нишка. Може да дискутираме и ваму, каде беше зачната темата за новиот закон за домување. Но да повлекуваме паралели со недефинирани доградби, не е во ред.


Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 03-Nov-2009 at 17:26

  сакав да кажам дека ова е функционален модел е и во двата случаи, односно како држава воопшто ништо и никому не сме му ускратиле!

принципот е ист - просто мнозинство, инаку да, станува збор за два различни закони првиот во однос со проширувањето на терасите и надградбите е закон за сопственост, а вториот за домување, само што овој новиот за домување го немам видено и незнам дали некаде ваквото просто мнозинство е уредено!   



Edited by Max - 03-Nov-2009 at 17:27
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 9079
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 04-Nov-2009 at 20:35
@ddd2007ddd

А зошто не разгледаш опција за целосна надградба на зградата наместо обично испуштање на балконите? Мислам дека на тој начин може да се најдат и инвеститори кои би нашле финансиска логика во сето тоа, вие станарите би добиле доста повеќе простор отколку еден балкон а сепак нарушувањето околината би било значително помало со оглед на тоа што испуштените тераси кои се метастазирани по скопје се ретко грд феномен кој во нормални земји воопшто не се дозволува.

Еве еден пример на реконструкција и проширување на постар блок од страна на Ателје Ајвар

Пред


После



Edited by pbanks - 04-Nov-2009 at 20:36
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.