build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Административни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Емпорио деловен центар и општинска зграда Ѓ.Петров

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 7>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Емпорио деловен центар и општинска зграда Ѓ.Петров
    Posted: 06-May-2009 at 00:16

Во Ѓорче Петров се подготвува локацијата за општинска куќа

Заради обезбедување дел од парите за изградбата, просториите ќе им се понудат на инвеститори

Општината Ѓорче Петров ќе ги урива привремените објекти кои се наоѓаат на локацијата каде што во иднина ќе се гради општинската куќа. Во текот на пролетва ќе бидат дислоцирани поголем дел од објектите меѓу „Тинекс“ маркетот и новиот парк, а теренот ќе се подготвува за градежните работи. Во Општината очекуваат и одлука од Управниот суд, кој треба да одлучи за висината на надоместокот кој општинарите треба да го платат за два објекта. Од таму велат дека се подготвени да ја испочитуваат одлуката, само што побрзо да почне изградбата.

Во новата општинска куќа, која ќе се гради на државно земјиште со површина од 8.000 метри квадратни, ќе се сместат целата општинска администрација и Советот. Заради обезбедување на дел од потребните три милиони евра за изградба, постои можност некои простории да им се понудат на инвеститори или на приватни претпријатија. Зградата ќе има подземен паркинг за 250 до 300 возила, како и простории за локална телевизија и радио.

„Во моментов Општината ги нема обезбедено сите средства за изградба на општинската зграда. Приоритет е расчистувањето на локацијата, по што ќе размислуваме колкав процент ќе вложи Општината, дали ќе се бараат донации или, пак, ќе се оди на приватно-јавно партнерство“, вели градоначалникот Сокол Митровски и потенцира дека заинтересираните инвеститори стојат на „стенд бај“, очекувајќи разрешување на правниот јазол. Доколку се реализира приватно-јавното партнерство, во приземјето на зградата ќе се изградат деловни објекти, кои ќе ги стопанисува инвеститорот, а горните катови се наменети за општинската администрација.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=5F2BFB5FCC3443408BDB123952AB210F
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 18-Jun-2009 at 16:41
Овој проект незнам дали го имаме евидентирано, налетав на него на општинскиот сајт на Ѓорче Петров...
Нова општинска зграда во Ѓорче Петров



Приземје и три ката со вкупна површина од 4.030 квадратни метри во кои ќе бидат сместени општинската управа, подземна гаража и комерцијални локали ќе има новата зграда што општинските власти од Ѓорче Петров планираат да ја градат во близината на новото пазарче во оваа населба. Изградбата на објектот што ќе ги замени сегашните општински бараки ќе чини околу два милиони денари. Градоначалникот Сокол Митровски најавува дека уште веднаш ќе почне да бара пари за да го реализира овој проект.
- Фирмата „Прима-инженеринг“ го изработи проектот, а приоритетна работа оваа година ќе биде да најдеме инвеститори. Финансиска помош ќе побараме од Владата и од странските фондации - вели Митровски.
Според проектот, на приземјето ќе бидат сместени просториите за прием на граѓаните. Оттаму, тие ќе се испраќаат до надлежните сектори. Во приземјето ќе има и сала за состаноци и ресторан, кој, освен вработените во општинската администрација, ќе може да го користат и граѓаните. Во овој дел ќе се отворат и комерцијални локали што ќе им се издаваат на банки, штедилници и на дуќанџии. Кабинетот на градоначалникот и секторите што се поврзани со неговата работа, како и просториите за советот, инспекциските служби и секторот за правни работи ќе бидат сместени на првиот кат.



Секторот за финансии, локален економски развој, урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина ќе бидат на вториот кат.
Последниот кат е планиран за библиотека, читалница, локална телевизиска и радиостаница и за деловни простории. Подземното паркиралиште во општинската зграда во Ѓорче Петров ќе има 159 паркинг-места, од кои 57 се за вработените во општинската администрација, а другите ќе може да ги користат и граѓаните.
Во просторот околу објектот ќе се направат пешачки патеки и улици за пристап на возила. Околината ќе се уреди со зеленило, а се планира да се постават фонтана и клупи. - Со изградбата на оваа зграда ќе се подобри услугата што граѓаните ја добиваат во општинските служби. Сите служби ќе бидат сместени на едно место, со што во најкраток рок ќе можеме да одговориме на барањата на граѓаните - додава Митровски. Сега општинската управа во Ѓорче Петров работи во бараки сместени на истоимената улица во населбата. По локалните избори, општината Ѓорче Петров не е единствената во Скопје што најави дека ќе побара донации за да изгради општинска зграда и таму да ја смести својата администрација.

http://www.opstinagpetrov.gov.mk/mak/aktuelno.asp?id=18


Edited by lslcrew - 18-Jun-2009 at 16:42
Back to Top
Raisinloaf View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2008
Location: Gevgelija
Online Status: Offline
Posts: 228
  Quote Raisinloaf Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 18-Jun-2009 at 21:04
Oва пишува дека уште од 2006 е оваа сторија?
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 18-Jun-2009 at 21:39
Постара е идејата, само сега ја го приметив на веб страната, а пошто на друго место по форумов не го најдов затоа го постирав. Не мора секогаш кога постираме нешто да е ново, може вака и постари матерјали и идеи да ги пласираме.
Back to Top
Raisinloaf View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2008
Location: Gevgelija
Online Status: Offline
Posts: 228
  Quote Raisinloaf Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 18-Jun-2009 at 22:15
Не не мислев нешто лошо само сака да кажам дека ова е добар проект кој со оглед кога е објавен тешко дека ке се реализира наскоро
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 18-Jun-2009 at 22:21
Originally posted by Raisinloaf

Не не мислев нешто лошо само сака да кажам дека ова е добар проект кој со оглед кога е објавен тешко дека ке се реализира наскоро


Де бе па ти, таман работа, лошо! LOL Искористив прилика да напоменам дека немора све да е ново, пошто многу пати ни се случувало, еве баш пред некој ден кога постирав постари матерјали, па да следат реакции дека се постари матерјалите и слично. Може би и требаше да напоменав во постот дека е постар проектот.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11945
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 29-Oct-2009 at 15:23

Ѓорче Петров ќе почне да гради општинска зграда





 

Камен-темелникот на објектот треба да се постави по Нова година, а претходно ќе се расчистува теренот, односно ќе се уриваат дуќаните спроти „СП планет“, каде што е предвидено да се направи оваа градба

 
 
%20  
Дваесетина дуќани регистрирани како привремени објекти спроти трговскиот центар „СП планет“ во Ѓорче Петров наскоро ќе се уриваат за на тоа место да почне да се гради општинска зграда. Сокол Митровски, градоначалникот на општината, вели дека расчистувањето на градежната парцела ќе се одвива во ноември и во декември, а по Нова година ќе се удри камен-темелникот на објектот.

- Поради економската криза го продолживме рокот за иселувањето од шест месеци на две години. Но досега се исели само Комерцијална банка, а сите други сé уште работат таму. Сепак, периодот за иселување завршува на 1 ноември и ќе треба да почнеме да го подготвуваме теренот за градежни работи - вели Митровски.

Тој објаснува дека објектот ќе се гради со јавноприватно партнерство, но делот што ќе му припаднел на приватниот партнер немало да биде трговски центар, туку деловен простор во кој ќе може да се сместат банки и фирми. Зградата треба да биде направена до крајот на градоначалничкиот мандат на Митровски. Таа ќе се гради на парцела од девет илјади квадратни метри, а површината предвидена за изградба изнесува 4.200 квадрати. Ќе содржи подземна гаража со капацитет од 350 возила, приземје, три ката и поткровје. Објектот ќе овозможи да се сместат на иста локација сите општински служби, бидејќи тие сега се раздвоени, односно правната и финансиската се во општинската барака, а инспекциите се во пензионерскиот дом. Ќе има и сали за конференции и за седници на советот, работни простории за советниците и други содржини. Околу зградата предвидено е да се направи шеталиште со монументални споменици и фонтани, со што граѓаните би добиле уште еден простор за собири и за јавни манифестации.

- Природно е зградата да ја направиме на таа локација, бидејќи тоа е срцето на општината. Тука се наоѓаат и црквата „Свети Петар и Павле“, пазарот, поликлиниката и трговскиот центар „СП планет“ - смета Митровски.
 
   
Автор: Б.С.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=102991021325&id=14&prilog=0&setIzdanie=21823
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8901
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 05-Nov-2009 at 23:24

Нема веќе боза во Оаза

Мирно, без поголеми проблеми и без полициска асистенција пред три дена почна уривањето на бараките спроти СП Планет во Ѓорче Петров на потегот од семафорите пред Домот за пензионери до дисконтот на Тинекс. Таму според ДУП е планирана изградба на општинската зграда и еден деловен центар


Мирно и без полициска асистенција, но со негодување на дуќанџиите пред три дена почна уривањето на бараките спроти СП Планет во Ѓорче Петров. Најпрво, еден по еден се отстрануваат дуќаните на Скопски Пазар на главната улица, потоа оние кои гледаат кон Паркот и на крајот ќе се отстрануваат Железничките бараки каде живеат неколку семејства.

Според овластениот градежен инспектор Љупчо Георгиевски акцијата се реализира согласно ДУП Реонски парк со кој на оваа локација е предвидена изградба на општинска зграда и еден деловен комплекс. Георгиевски потврди дека решенијата за дислокација навреме им се доставени на сопствениците, така што очекуваат и понатаму акцијата да продолжи се реализира без проблеми. 
- Сите сопственици на објекти на 2. октомври имаат потпишано извршни решенија со кои се задолжени во рок од 15 дена објектите сами да ги отстранат, во спротивно тоа ќе го сториме ние, но, на нивна сметка. На дуќанџиите им оставивме двојно подолг период за да се иселат, така што еве гледате уривањето на овој објект го вршат работници ангажирани од Скопски пазар - вели Георгиевски. За неколкуте објекти од стален карактер и бараките во Паркот пак, додава тој, тече постапка за обештетување на сопствениците.

Дуќанџиите негодуваат. Лути се што никој не им понудил да инвестираат во новите објекти, што се уриваат објекти за кои се уште се води судска постапка, лути се на нивните претставници во Советот на Општината...
- Пред избори нон-стоп се со нас, а сега никаде ги нема. Јас сум овде повеќе од 40 години и сега некој сака да се иселам за 4 дена, па кај го има тоа? Не бараме ништо без пари, ама барем да дојдеше некој да ни каже дека нешто ќе се гради, па да праша сакате ли да инвестирате во дуќан, да ни дадат предност. А вака оставате на улица 70-80 семејства - вели сопственикот на слаткарницата Оаза, Месут Јусуфи. Неговиот дуќан треба да дојде на ред за два-три дена, но тој се уште не го затворил и вчера имаше муштерии кои со задоволство пиеја боза и јадеа баклава. "Се руши традицијата", сметаат и занаетчиите од дуќаните кон Паркот. Тие велат дека општината нема право да им ги урива дуќаните кои заедно со занаетот ги наследиле од нивните татковци, дедовци.

Но, општинарите се децидни. Расчистувањето на парцелата од девет илјади квадратни метри на потегот од семафорите пред Домот за пензионери до дисконтот на Тинекс продолжува и планираат да заврши за еден месец, по што ќе се продава на јавно наддавање преку Министерството за транспорт и врски.



http://www.vecer.com.mk/?ItemID=1B7B4D982EEF6B4A9484844D8F0AFD15
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 05-Nov-2009 at 23:28
Се што е барака во Скопје полека полека замира и треба да се демолира тоа беа привремени објекти кои за наши услови останаа вечни. Следни мора да бидат Општина Центар на Илинденска срамота сме Crazy


Edited by Supervisor - 05-Nov-2009 at 23:28
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11945
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 05-Nov-2009 at 23:58
Бог да чува, се рушела „традицијата“...

Мада ако човек размисли подобро, навистина е така, бидејќи кај нас е традиција „времени објекти“ да опстојуваат со децении и да го попречуваат урбаниот развој. Ако дуќанџиите зборат за таа традиција, тогаш јас велам само напред со рушењето!

За барањето да имаат некаков приоритет доколку сакаат да откупат простор во новиот објект, мислам донекаде треба да се има разбирање.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 06-Nov-2009 at 04:06
Ова со временимве објекти ич не ми се јасни градските власти. Дозволуваат поставување секаде кај што има празно ќоше и после си ствараат проблеми кога ќе дојде време за рушење. Тоа 40 години не е воопшто аргумент дека е нешто запечатено, туку токму напротив говори дека е веќе времето дојдено за рушење.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8901
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 03-Dec-2009 at 23:52
Се е срамнето со земја на оваа локација. Штета што некој не се потегна да сликне пред демолирањето за да ја имаме старата состојба. Ако некој има постара слика од ова место или налета на таква на нет, супер би било да ја сподели Cheers

1

2

3



Edited by pbanks - 03-Dec-2009 at 23:53
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 28-Dec-2009 at 15:39
Општинска зграда

Општинската зграда спроти „СП планет“ ќе се прави со јавно-приватно партнерство, објаснува Момо Николовски, портпарол на Ѓорче Петров.
- Земјиштето се уште се расчистува, постојат уште три куќи кои треба да се иселат, но станарите си ги откупиле становите, па затоа треба да се обесштетат. Оваа постапка можеби ќе трае, но очекуваме наредната година земјиштето да го дадеме на лицитација за продажба – објаснува Николовски.
Според него, за изградба на општинската зграда веќе има заинтересирани домашни и странски инвеститори. Општината ќе заземе два ката од објектот, а три ќе се наменат за деловен простор.
Изградбата треба да чини околу два милиона денари.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1903&ArticleID=130049
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3632
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 16-Jan-2010 at 11:18
ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
Се уриваат објекти

Просторот за новата општинска зграда во Ѓорче Петров од понеделник ќе продолжи да се расчистува, кога ќе бидат опфатени сите објекти кои до сега не беа уривани од досегашните корисници, иако општинарите им дадоа рок до кога тоа треба самите да го сторат. - Досега малкумина го направија тоа, така што останува општинската инспекција со асистенција на полицијата од понеделник да почне со целосно расчистување на просторот на кој е предвидено, со урбанистичкиот план, да се изгради новата општинска зграда. Одложување на работите нема да има по ниеден основ затоа што решенијата за отсранување на времените објекти се поделени уште пред две години и истите не се испочитувани од граѓаните, кои се корисници на просторот, велат од Општина Ѓорче Петров.

                                                          http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=4&tabid=1&EditionID=1917&ArticleID=131363 
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 18-Jan-2010 at 00:05
Продолжува рушењето на бараките спроти СП Планет


Општина Ѓорче петров денеска продолжува со вториот дел од акцијата за уривање на бараките спроти СП Планет, на локацијата каде што е предвидено да се гради новата општинска зграда. Општинарите велат дека ќе бидат опфатени сите објекти кои досега не се отстранети од корисниците.
- На сите им дадовме доволно простор и време самите да ги рушат за да не се изложуваат на дополнителни трошоци. Но, за жал, досега малкумина го направија тоа, така што останува општинската инспекција со асистенција на полицијата да продолжи со целосно расчистување на просторот каде што е предвидено, со урбанистичкиот план, да сеизгради новата општинска зграда. Одложување на работите нема да има по ниеден основ, затоа што решенија за отстранување на времените објекти се поделени уште пред две години и истите не се испочитувани од граѓаните-корисници на просторот. Законот за градба налага дека за да може да се започне со изградба на новата општинска зграда, треба да се исполни првиот предуслов, а тоа е чист простор за градење - информираат одговорните од Општина Ѓорче Петров.

http://vecer.com.mk/?ItemID=C4F95C5C0A83814EBC3E87D2456DF941
Back to Top
Sale SK View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 16-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 258
  Quote Sale SK Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 01-Feb-2010 at 18:48
Тинекс претпоставувам ќе куртули од рушење?Или и тој е планиран?
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 01-Feb-2010 at 19:24
А како би куртулил ако се гради зграда?! Ако пак не се гради зграда кајшто е тинексот однак зашто би го рушеле. Нема смисла вака да ја труеме нишката со глупи претпоставки што и не ни се баш од интерес.
Back to Top
Sale SK View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 16-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 258
  Quote Sale SK Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 01-Feb-2010 at 21:00
Прашав за одговор некого што знае,а не за да ми одговори некој со контрапрашања.Дали ми се претпоставките глупи не е твое да судиш.Јас таква дозвола не сум ти дал,ниту сум те прашал за мислење.
На почетокот се зборуваше дека ќе се руши и Тинекс,заедно со сите тие баракчиња.Сега се зборува дека Тинекс ќе остане,а веќе ги рушат сите бараки кои  беа оддалечени од него само 3-4 метра.Затоа прашав некого кој е поупатен во овој проект.Ти очигледно не си.А многу е јасно дека дури и да постоел таков план(за рушење на Т),можат да го сменат за 2 дена од причини што се општо познати.Значи претпоставката не воопшто глупава,туку многу логична.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 02-Feb-2010 at 05:05
Секаде се зборува до дисконтот на тинекс. Тинекс е ориентациона кота, а не дел од пвремените објекти, барем од она што се спомнува. Ниту има намера да делувам тука сугестивно ниту да бранам тинекс интереси, а ниту да напаѓам, за разлика од твоето "прашање" што освен ќе ја отруе нишкава во непосакуван правец воопшто нема да разјасни ништо, авоедно е и сугестивно.

Отстапување од оригиналните планови во корист на поедини времени приватни објекти е за секаква осуда, ако воопшто има таква појава, а сега за сега нема. Ако имаше веруј дека тие другите субјекти немаше да се симнат од екран.

И додека не добиеме макар некоја шпекулација во тој правец од медиум или засегнат субјект, барем би апелирал да не ја носиме дискусијата натака во шпекулации на некакви задкулисни врски.


Edited by lslcrew - 02-Feb-2010 at 05:25
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 09-Feb-2010 at 23:14
Се чисти локацијата за новата општинска зграда


Расчистувањето на локацијата спороти СП Планет, каде што треба да се гради новата општинска зграда во Ѓорче Петров, се реализира со несмалено темпо, информираат општинарите. Станува збор за парцела од девет илјади квадратни метри, што се протега од семафорите пред Домот за пензионери до дисконтот на Тинекс.
- Во моментов се подига шутот што остана по отстранувањето на времените објекти што ја грдеше општата слика на овој дел од општината. Затоа, инспекциските служби се зафатија со целосно расчистување на просторот од преостанатиот градежен шут. Работите треба да завршат во наредниве три дена, информираат одговорните.

Расчистувањето на локацијата од времените објекти почна пред два месеци. Во согласност со ДУП Реонски парк на оваа локација е предвидена изградба на општинска зграда и еден деловен комплекс.

Земјиштето за новата деловна зграда ќе продава преку Министерството за транспорт и врски, а ќе се гради со јавно приватно партнерство. Делот што ќе му припадне на јавниот партнер ќе биде деловен простор наменет за банки, фирми и слични дејности и за мало стопанство. Новата општинска зграда би требало да биде готова до крајот на мандатот на сегашниот градоначалник Сокол Митровски.
- Објектот ќе се гради на парцела од девет илјади квадратни метри со предвидена корисна површина од 4.200 квадрати. Објектот ќе содржи и подземна гаража за 350 возила, ќе има голема конференциска сала, работни простории за советот и други содржиниа, а најважно од се е тоа што на едно место ќе се сместат сите општински служби што сега функционираат во два објекти што секако претставува проблем за граѓаните ефикасно да ги решаваат своите потреби, информираат од Општина Ѓорче Петров.

Околу зградата е предвидено шеталиште, фонтани и други пратечки содржини, со што граѓаните би добиле уште еден простор за собирање и одржување манифестации.

http://vecer.com.mk/?ItemID=75D45F92232A524E8D4C8D592FE1B350
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 7>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.