build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Хотели и одморалишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Окото на Охрид

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  12>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Окото на Охрид
    Posted: 04-Nov-2009 at 15:52

Охрид ќе добие хотел од 33 милиони евра


На почетокот на март наредната година во Охрид се најавува дека ќе почне да се гради хотел со пет ѕвездички, а инвестицијата ќе достигне до 33 милиони долари. Како инвеститори се појавуваат македонски бизнисмен од Америка и домашната компанија Трудбеник кои денеска потпишаа договор. Хотелот треба да се вика Окото на Охрид и ќе се протега на површина од 33 илјади м2 во близина на локалитетот Билјанини извори. Планирано е во него да се вработат околу 600 лица.


„Од оваа инвестиција еден милион евра ќе добие државата за откуп на градежното земјиште, шест милиони евра ќе добие општина Охрид за комуналии, а другиот дел е наша инвестиција сè до неговата функционалност“ вели директорот на Трудбеник, Ацо Спировски.

„Сакаме ваков хотел да има и тука затоа што сакаме да придонесеме во развој на туризмот. Сметаме дека ќе работи успешно и оти ќе има гости“ рече Спиро Трајчевски, инвеститор од САД.

http://alsat.mk/vesti/zemja/18650.html
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8852
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 04-Nov-2009 at 16:38


Одлично звучи и сумата е солидна. Се прашувам дали е ова локацијата за хотел кај Билјанини извори која сега ќе биде предмет на лицитација или пак се работи за посебна локација. Секако навивам за втората опција.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11911
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 04-Nov-2009 at 17:32


Со оглед на тоа дека овие зборуваат како за готова работа, а министерството допрва треба да ја излицитира локацијата што ја нуди,
веројатно навистина се работи за втората опција  Smile

Во прилог на тоа оди и тоа што кај Билјанини Извори има четири маркици за хотели. Поточно две за хотели и две за хотелски комплекси.
Би било убаво доколку некој може да сподели инфо како точно се дефинирани овие категории, но во суштина бројката е четири.

Еве го ДУП-от
41° 6'16.88"N  20°48'36.35"E




Edited by Cloverstack - 04-Nov-2009 at 17:34
Back to Top
gorco View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Google Maps: Regional Expert

Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
  Quote gorco Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 05-Nov-2009 at 12:18

Денешен ДНЕВНИК.

Во Охрид ќе се гради хотел вреден 33 милиони долари

Луксузен хотел со пет ѕвездички ќе се гради на охридското крајбрежје, во непосредна близина на каналот Билјанини извори. Охридската фирма „Трудбеник“ и македонскиот бизнисмен од Америка, Спиро Трајчески вчера потпишаа договор за заедничко инвестирање во изградбата на хотел вреден 33 милиони долари.

Хотелот ќе се гради на атрактивната локација од околу 15.000 квадратни метри. Оваа локација беше предмет на јавниот оглас за продажба на градежно земјиште што го објави Министерството за транспорт и врски пред неколку дена.

Според најавите, изградбата на хотелот ќе почне на почетокот на март и се планира да биде завршен за две години. Хотелот ќе има капацитет од 500 гости и според најавите, ќе биде најлуксузниот објект на брегот на Охридското езеро. (Е.Е.)


Повеќе на: http://dnevnik.com.mk/?ItemID=92D6F4C433D87943A1A2CA35EFAD5010

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8852
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 05-Nov-2009 at 12:46


Чудна вест во најмала рака. Министерството за транспорт и врски само ги презентираше локациите кои ќе се продаваат пред некој ден а самата продажба треба да се случува во следниве три месеци. Дали се работи за грешка или експресно се продал едниот плац (што лично не ми пречи баш би било убаво наш иселеник да инвестира таква замашна сума дома).
Back to Top
gorco View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Google Maps: Regional Expert

Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
  Quote gorco Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 05-Nov-2009 at 14:35
Па што знам веќе...

Искрено кога ќе видам било каква објава , за градба на хотел, некој комплекс како она со Португалците во Преспа или апла некој светски бренд како Хилтон, Радисон, сум скептичен и негативен.

Изгледа сум се навикнал на лажниве ветувања.
Bash Ohno
Ohno
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8852
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 05-Nov-2009 at 23:28

Од Дубаи "Окото на Охрид"


Хотел со пет ѕвезди ќе се гради во Охрид од почетокот на март следната година. Луксузниот хотел "Окото на Охрид" ќе има изглед по теркот на познатиот хотел во Дубаи. Објектот ќе се гради кај каналот Студенчишта на местото каде сега се наоѓаат бараките на Трудбеник. Инвестицијата вредна 33 милиони долари ќе се простира на површина од 15.000 квадратни метри. Договорот за заедничко инвестирање го потпишаа македонскиот бизнисмен кој живее и работи во САД, Спиро Трајчевски и директорот на охридската градежна фирма Трудбеник, Ацо Спироски. 
-Сместувачкиот капацитет ќе биде за околу 600 лица, а ќе има претседателски и други луксузни апартмани, конгресни сали, дискотека, казина и други содржини. Објектот ќе потсетува на познатиот хотел во морето во Дубаи, но нема да има иста форма и големина - изјави директорот на "Трудбеник", Ацо Спироски.

За инвеститорот Спиро Трајчевски со овој зафат, ќе се помогне во развојот на македонскиот туризам. Според најавите, од оваа инвестиција државата за откуп на земјиште ќе профитира еден милион евра, а во општинската каса на име комуналии ќе се слеат шест милиони евра.
Деновиве оваа атрактивна локација на која треба да се гради луксузниот хотел беше предмет на јавното наддавање за продажба на градежно земјиште што го објави Министерството за транспорт и врски.



http://www.vecer.com.mk/?ItemID=18B9BB3A4E7702468BDDE4B53ACB0BBA
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8852
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 05-Nov-2009 at 23:31
Еве и неколку слики превземени од Ohrid News

Мизерен рендер (но замашни димензии јас тука бројам некаде 9 ката)


Локацијата (јасно е што е тука хотелот но што е оној помал објект залепен до кејот а тука гледам и нешто што личи на марина а моментално не постои)


Еве и слика од локацијата на хотелот, залепена веднаш до каналот


Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8852
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 05-Nov-2009 at 23:38
Кој е тој хотел око во Дубаи не ми текнува? Не е ваљда дека онаа шкрабаница погоре претендира да се мери со Бурж Ал Араб?


Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8852
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 05-Nov-2009 at 23:44
Уште нешто... и според ДУПот кој го постираше Кловер и според огласот на Министерство за транспорт и врски посочената парцела дозволува П+4. Се надевам дека ова е усогласено веќе со планот за хотелот и дека нема да има разноразни одлагања на почетокот на градба заради административни причини како што сме навикнале. 
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8852
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 05-Nov-2009 at 23:59
Да продолжам со монологот . Еве ги веќе првите сплетки околу проектов, меѓу министерството и Трудбеник Wallbash. Значи веќе нема дилеми дека се работи за истата локација во сите погоре приложени материјали а и нема дилеми дека ќе има компликации, кога пак ги немало.

Нов луксузен хотел во Охрид

среда, 04 ноември 2009, 18:45

Вистинска битка меѓу Охридската градежна фирма Трудбеник, општината и Министерството за транспорт за атрактивната локација кај Билјанини извори. Се спори околу сопственоста на локацијата. Владата тврди дека е нејзина, и затоа на јавно наддавање ќе избира инвеститор за луксузен хотел.

Фирмата Трудбеник, пак, тврди дека има корисничко право и право на долготраен закуп врз земјиштето на кое, еден од најбогатите македонски бизнисмени од Америка - Спиро Трајчески сакал да инвестира 33 милиони долари – и тој за луксузен хотел. 
 
Наспроти Трудбеник, од Министерството за транспорт и врски, преку писмен допис велат дека локацијата наменета за изградба на хотел кај Билјанини извори е целосно во сопственост на Република Македонија. Министерството додава и дека веќе побарала од општината, Трудбеник да ги исели поставени времени објекти.

Градоначалникот Петрески, пак, е збунет – не знаел чија е локацијата од каде, ако се изгради луксузниот објект, градот ќе ќари 6 милиони евра за комуналии.

Амеиканскиот бизнисмен Трајчески, пак, му верува на градоначалникот Петрески, кој го уверувал дека градот Охрид ќе располага со ова земјиште до Нова година.

Инаку, според замислата на американскиот инвеститор, луксузниот хотел што сака да го гради би наликувал на арапска кула од Перисискиот залив.



http://vesti.alfatv.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=2&eventId=14705


Edited by pbanks - 06-Nov-2009 at 00:00
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8852
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 06-Nov-2009 at 00:05
Еве го уште еднаш прилогот на Министерство за транспорт и врски за продажба на локацијата кај Билјанини извори за хотел


Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8852
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 06-Nov-2009 at 00:06
И уште две минијатурни фотки од проектот каде може да се види проектот во гро план



Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 06-Nov-2009 at 04:04
Во долниот дел личи на Александар Палас, а во горниот дел на сплескан оној хотелот од Дубаи, уствари не личи него потсеќа. Е сега ќе добиеме уште еден аквариум, ама барем ќе се мрдне од оваа точка и Охрид после долго време ќе добие новоизграден хотел.
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 07-Nov-2009 at 20:46
omfg.......тешко рендер да е ова, уште на рака се црта во Охрид (или каде и да е правен проектов)
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
Mr.Edmund View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 23-Jul-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Mr.Edmund Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 08-Nov-2009 at 12:49
Не е битно дали е нацртано на рака, искрено се надевам дека нема да изгради оваа грдосија во Охрид. Тој град и таа локација поконкретно заслужуваат многу попрефинета и посуптилна архитектура од овој несмасен куп од без концепт споени елементи.
СМРТ ЗА ФАШИЗМОТ-СЛОБОДА ЗА НАРОДОТ
Back to Top
Stefano View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 28-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Stefano Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 09-Nov-2009 at 20:57
Гледајќи кои се луѓе се вклучени во тој проект и за кое земјиште се зборува, сигурен сум 100% дека овој објект нема да се изгради.. 
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3631
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 10-Dec-2009 at 19:45
se slozuvam so stefano deka hotelot nema da se izgradi.koga najavija deka ke se gradi hotel-okoto na ohrid vednas se pglasi ministerstvoto za transport i vrski deka zemjisteto kje odi na licitacija koj kje ponudi najmnogu toj kje gradi.mtc i gradot ohrid vlegoa vo spor za zemjisteto.kje vidime sto ke izleze od celava rabota.ja sum skeptik za proektov deka kje se izgradi.< id="gwProxy" ="">< ="jsCall;" id="jsProxy" ="">
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3631
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 19-Mar-2011 at 02:57

Струшки ,,Илинден,, ќе гради хотел на Билјанини извори

петок, 18 март 2011, 19:24

Охрид не го доби “Окото на градот“ како што популарно беше наречен луксузниот хотел кој по теркот на познатиот објект во Дубаи требаше да никне кај Билјанини извори. Атрактивната локацијата за 250 000 евра ја купи струшки “Илинден “. Ќе гради хотел, откако претходно ја изгради обиколницата ,,Железничка,,.

Години наназад никој не пројавуваше интерес за вака атрактивните локации, не се реализира нити една странска инвестиција. Заинтересираните доаѓаа и заминуваа.Сега на оваа локација струшки Илинден ќе изгради хотел вреден 3,5 милиони евра.

Од компанијата велат дека се уште не знаат каква ќе биде намената на хотелот –допрва ќе размислувале дали тоа ќе биде апартамски комплекс кој потоа би се продавал. Инаку за оваа локација која се наоѓа крај самото шеталиште пред три години беше заинтересиран македонски бизнисмен кој живее во Америка. Иако беше потпишан договор за заедничко инестирање со охридската компанија „Трудбеник“, инвестицијата вредна 33 милони долари , не се реализираше.

http://daily.mk/cluster3/fb58f5da7b804dc84ac71a31bb43566a/646659
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1040
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 23-Feb-2013 at 16:33
Барав нешто друго и случајно налетав на темава, истовремено и првпат на информацијата за хотел кај мостот Б. Извори.Ама ништо чудно каков е развојот на настаните ако сте жител на градот и запознати со приказната на Трудбеник
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  12>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.