build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Хотели и одморалишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Окото на Охрид

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Teglarot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 569
  Quote Teglarot Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 27-Oct-2013 at 09:58
Добар хотел изградија . . .
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 27-Oct-2013 at 17:53
Originally posted by Teglarot

Добар хотел изградија . . .


Баш пред некој гледав почнале да градат на ова место (Б5 парцелата)...за жал.Веќе креваат втор спрат.Отиде и таа зелена површина во историја

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 11-Mar-2015 at 12:08

до каде се Илинденци има некој сликнато нешто ќе биде тука хотел или хостел
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 12-Mar-2015 at 01:48

Тркало некоја фотка не ти се највит!?
Back to Top
Urban Mafijash View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 17-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Urban Mafijash Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 17-Apr-2015 at 19:29
Веднаш до каналот ли се гради?
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 17-Apr-2015 at 19:50
би требало да е овде

Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 19-Apr-2015 at 23:59
Не гледам некој напредок.Нешто закочило изгледа

Edited by Тркало - 19-Apr-2015 at 23:59
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 513
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 04-Mar-2019 at 19:25
Продолжение на сагата од пред 8 години...

Ќе постирам во следните постови
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 513
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 04-Mar-2019 at 19:26
Спироски: Со корупција и незаконски постапки од АД Трудбеник украден е имот од 4 милиони евра 

Охридскиот бизнисмен и акционер во АД „Трудбеник“, Ацо Спироски, обвинува дека со корупција, и низа незаконски постапки одземен е простор во сопственост на фирмата од околу 20.000 метри квадратни.

Според неговото кажување, првата незаконска постапка со која се извршило незаконско оттуѓување на имотот се случила во 2011 година кога од страна на министерството за транспорт и врски, преку јавен повик и наддавање имотот и бил продаден на туристичката агенција Фибула Ер Травел Скопје.

  • Во време кога „Трудбеник“ имаше корисничко право на имотот, ги поседуваше објектите купени на македонската берза и имаше одобрение за градба, во една незаконска постапка помеѓу министерството за траснпорт и врски и Фибула Ер Травел, во „четири очи“ преку таканаречено јавно наддавање оттуѓено е земјиштето и тоа во период пред избори. Јавен повик во четири очи, на тајна локација без никакви објава, без присуство на јавност, со наводно електронско јавно наддавање е оттуѓено земјиштето и како најповолен купувач била Фибула Травел која купила две локации од околу 20.000 метри квадратни по само едно евро, имот чија пазарна вредност е најмалку 4 милиони евра затоа што станува збор за атрактивна локација на крајбрежието на Охридското езеро, вели Спироски.

Додава дека втората незаконска постапка била извршена по три години од страна на локалната самоуправа.

  • Општина Охрид, иако немала надлежност, склучила договор со Фибула Ер Травел за откуп на градежното земјиште, односно договор за купопродажба кој е сосема незаконски. Општината немала право да го враќа земјиштето назад, односно склучила законски ништовни договори. Иако Фибула Травел требала за пет години да изгради објект и по тој ништовен договор, немало никакво постапување. Случен е фалсификат со кој Фибула Травел доби имотен лист и врз него влечи права и добива судски постапки за објектите на „Трудбеник“ да се рушат и се уништи локацијата, а судот тоа им го дозволува, вели Спироски.

Од страна на АД „Трудбеник“ и Спироски поведени се низа судски постпаки за поништување на договорите, а постапки за раскинување се поднесени и од страна на локалната самоуправа.

Спироски бара локалната самоуправа веднаш да реагира и го спречи преземањето на владението со имотот, со оглед и на најавите дека во понеделник ќе се изврши влегување во локацијата, со што според Спироски, ќе се направи штета врз нивните објекти од околу 1 милион и 700.000 евра.

За случајот известена е Антикорупциската комисија, како и неколку странски амбасади.

https://www.ohridnews.com/spiroski-so-korupci-a-i-nezakonski-postapki-od-ad-trudbenik-ukraden-e-imot-od-4-milioni-evra/



Edited by ironm - 04-Mar-2019 at 19:28
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 513
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 04-Mar-2019 at 19:28
Започна извршувањето на имотот на „Трудбеник“ каде „Фибула“ треба да гради брендирани хотели 

Рано утрово, во присуство на полиција, правни застапници и ангажирана механизација започна  постапката за извршувањето на имотот на ГП „Трудбеник“ покрај каналот Студенчишта, кој согласно решението од судот треба да го преземе компанијата „Фибула ер травел“.

Според договорот склучен со државата уште во 2011 година, на оваа локација „Фибула ер травел“ треба да изгради два луксузни хотели од типот на „Хилтон“, „Хајат“, или друг светски бренд, вели правниот застапник на компанијата Драган Коровешоски. Во изјава за медиумите, тој истакна дека причина што тие се уште не се изградени, се опструкциите од „Трудбеник“ преку бројните судски постапки поведени изминатите години.

На оваа локација се предвидени два хотели кои треба да бидат брендирани. „Фибула“ ги купи површините, за тоа приложи банкарски гаранции и веќе девет години низ судски лавиринти се обидува да го добие имотот кој го има добиено. Конечно предметите завршија, правосилна пресуда добивме за иселување. На должникот „Трудбеник“ му истече рокот за доброволно иселување и од тие причини бевме приморани да поведеме постапка за иселување како би се испразнале недвижностите и преземање во владение, што е неопходно за понатаму да почне постапката за утврдување на носивост на земјиштето и проектирање на хотелите. Не се работи за никакво насилно одземање или каприц, туку постапка за предавање на земјиштето на купецот, кој има обврска околу изградба на хотелите. – изјави Драган Коровешоски – адвокат на „Фибула ер травел“.

Купопродажбата на атрактивниот имот, за која е отворен предмет во Антикорупциската комисија, е извршена во период пред избори по цена многукукратно пониска од пазарната, во што се инволвирани високи функционери во министерството за транспорт и општина Охрид, обвинува првиот човек на „Трудбеник“ Ацо Спироски. Тој рече дека ГП „Трудбеник“ ќе ја почитува одлуката на судот и ќе ги напуштат просториите во кои е седиштето на фирмата, но дека низ судски процес, кој почнува утре, ќе ги докажат  изнесените сомневања за нерегуларниости во постапката за отуѓување на имотот.

  • Ова земјиште вреди милиони, а купено е за 20.000 евра, не само од „Трудбеник“, туку и земјиштето каде ќе се гради другиот хотел. Само нашето земјиште за кое се води постапка за приватизација има пазарна вредност од најмалку 4 милини евра. Тука има основано сомневање за корупција заради што? Па некој ако земе за ништо пари ќе му даде и на полицаецот и на судот и на некој друг.  – изјави  Ацо Спироски од ГП „Трудбеник“.

„Трудбеник“ смета дека извршувањето е преурането и очекува да се поништи договорот за купопродажба помеѓу општината и „Фибула“. Од компанијата уште обвинуваат за притисоци врз судот од страна на амбасади и високи функционери инволвирани во случајот, но се надеваат дека правниот систем ќе оддолее на секакви притисоци и ќе донесе праведна одлука.

Од „Фибула“, пак, велат дека купопродажбата на имотот во центарот на Охрид е извршена законски и транспарентно на јавно наддавање за кое нема постапка за поништување, а поведените судски спорови од страна на „Трудбеник“ се само за да се спречи купувачот да го добие во владение имотот каде во рок од две години треба да изгради два хотели.

https://www.ohridnews.com/zapochna-izvrshuva-eto-na-imotot-na-trudbenik-kade-fibula-treba-da-gradi-brendirani-hoteli/

Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 513
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 08-Mar-2019 at 17:46
Почнаа со рушење на бараките од Трудбеник

Во позадина е новиот хотел Unique, дел од урбанистичкиот план наменет за хотели





Рушењето (а претпоставувам понатаму и градењето) го изведува фирмата што интензивно прави 'ршум низ цел град Nefi-IK



Локацијата каде што треба да се градат двата хотели од Фибула травел



Рушењето е со полициска придружба поради проблемите помеѓу Трудбеник и Фибула травел




Edited by ironm - 08-Mar-2019 at 17:48
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 513
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 31-Mar-2019 at 11:07
Бараките од Трудбеник целосно ги срушија, го исчистија и оградија просторот. За жал немам фотки, но две интересни работи се тоа дека не е заградено скроз до новата пешачка патека на каналот туку се оставени околу 5-6 метри (се забележува на сликите), што значи можеби ќе ја довршат велосипедската патека што поминува покрај пешачката. А втората работа е дека плацот е заграден на средина од картинг патеката што постои на каналот. Не знам чиј бил имотот претходно што сега дојде до таква ситуација, но се чини толку беше од картингот.






Edited by ironm - 31-Mar-2019 at 11:10
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.