build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Еко
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Еко

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Еко
    Posted: 10-Nov-2009 at 19:29
Стокхолм - прв зелен град во Европа





Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 10-Nov-2009 at 19:48
Нешто што треба да се чуе за оваја тема
(путете го од 25:40 минута понатаму)

http://www.dw-world.de/popups/popup_single_mediaplayer/0,,4128866_type_audio_struct_10364_contentId_2554798,00.html

DW-Radio
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 17-Apr-2010 at 17:22
ДА ЈА ИСЧИСТИМЕ СЛОВЕНИЈА ВО ЕДЕН ДЕН/OČISTIMO SLOVENIJO V ENEM DNEVU

Денеска во Словенија се проведе најголемата доброволна акција за чистење на дивите депонии, која ја организираа невладини организации, со помошта на локалните комунални претпријатија, локалното ниво на власт и морална поддршка од страна на Владата и Перламентот на Република Словенија. Денеска беше кулминацијата на активностите, кои течеа веќе половина година. Со помош на сателити и ГИС (Географски Информатички Системи), повеќе од 6 месеци, еколошките организации и локалните доброволци, помогнати од силите на армиајта и полицијата, скенираа и попишуваа повеќе од 7000 диви депонии низ земјата. Целта беше освен да се соберат отпадоците, тие да се разделат во неколку групи одпадоци, при што околу 70% од целиот отпад би отишол на рециклирање во центрите низ земјата. Така освен класичните групи на отпадоци (стакло, пластика, хартија) се собираа и опасни одпадоци (азбестни салонитки, батерии, стара бела техника и телевизори, разни индустриски отпадоци и хемикалии...).

Акцијата траеше денеска од 9 до 14/16 часот. Засега има само нецелосни податоци, кои до крајот на денов треба да се докомплетираат. Досега се попишани околу 260 000 доброволци (околу 12% од целосната популација на Словенија) и се собрани околу 80 000 кубични метри смет. Тие ќе бидат постапно одвозени на соодветни локации и центри, од страна на комуналните претпријатија, соодветните агенции за управување со опасен отпад и доброволци.

Учество во акцијата во поважните градови:

Љубљана - 12 000
Крањ - 3000
Марибор - 10 000
Велење - 3000
Копер (обалата) - 10 000
Ново Место - 8000
Целје - 2000
Сежана - 2000
Корошка - 10 000
Помурје - 15 000
Мурска Собота - 1500

Кога ќе се докомплетираат податоците од збирните центри, ќе поставам поточни резултати.



ЉУБЉАНА:





"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9091
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 17-Apr-2010 at 17:44
Не ме зезај дека извадија кола од Љубљаница Crazy
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 17-Apr-2010 at 17:51
И во Драва во Марибор исто така.
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9091
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 17-Apr-2010 at 17:56
Драва е поголема и имам некако повеќе разбирање дека нешто вакво може да се заташка. Ме чуди како останала цела школка од кола во сред центар на Љубљана во тоа мало корито на Љубљаница.

Мислам кај нас во реките човек ќе види и леш од коњ, едноставно ме изненади вакво нешто во сред Љубљана.

Како и да е, ги чекаме резултатите од акцијата
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 17-Apr-2010 at 17:57
Можеме да имаме мала, ептен мала утеха.
Кај нас би се сторило ново брдо од отпад
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3644
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 07-May-2010 at 18:04
Крајбрежјето на Охридското Езеро меѓу најзагадените области во Албанија

Тирана, 7 мај - Во Студијата за идентификација на најзагадените подрачја во Албанија, реализирана од страна на УНДП, стои дека во земјата дури девет подрачја го добиле овој неславен епитет.


Како што јави дописникот на МИА од Тирана, меѓу најзагадените се три зони во периферијата на Тирана, како и области каде што постојат рудници, Корча, Прењас, Берат, Решен и градот Елбасан каде работи турската компанија за железо и челик „Курум“ односно некогашнот металуршки комбинат.


Меѓу најзагадените области е и делот од крајбрежјето на Охридското Езеро, кај ископот на рудникот за црвен камен.


При презентацијата на студијата координаторката на ОН во Албанија, Гулден Туркуз-Кослет изразила голема загриженост и поради фактот што Албанија нема специфична легислатива кога стаува збор за загадени подрачја.


Најавена е реализиација на рехабилитационен план за намалување на степенот на загаденост на овие подрачја каде „луѓето продолжуваат да живеат и да работат“. (МИА)

http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=2038&Itemid=125
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3644
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 09-May-2010 at 22:05

Општина Кисела Вода


Акција за чистење на диви депонии во К.Вода


Општина Кисела Вода во соработка со ЈП "Комунална хигиена" во изминатиот период спроведе акција за чистење на диви депонии на територијата на Општината. На акцијата и претходеше снимање на сите црни точки на кои се создаваат диви депонии, и на истите беше интервенирано. Со чистењето беа опфатени повеќе локации на улиците "Првомајска", "Сава Ковачевиќ", "Огњан Прица", "Димо Хаџи Димов", "Михаил Чаков", "Пушкинова", новата населба Расадник, населбата "11 Октомври-бараки", населбата Кисела Вода, Пржино, Црниче, Усје и Градинар. Се подигна градежен шут, остатоци од стар мебел, гранки, стари и нефункционални апарати за домаќинство, а во акцијата се вклучи специјално возило "Скип" и неколку камиони. Со акцијата беа собрани вкупно 52 метри кубни смет.

Општина Кисела Вода упатува апел до сите граѓани доследно да го почитуваат Законот за јавна чистота и со своето однесување да придонесат за здрава и чиста околина и поубава општина.
Акцијата не застанува овде, ќе продолжи и во наредниот период со истата динамика.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=4252F84CE2891C4482279F44DB5C3933
Back to Top
Buliwyf View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Mar-2010
Online Status: Offline
Posts: 473
  Quote Buliwyf Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 09-Dec-2010 at 18:56
Пластичните кеси од 2013 година ќе се укинат, хартиените не смеат да се наплаќаат

Пластичните кеси ќе отидат во историјата. Нама да поскапат, туку ќе се укинат. Трговски центри, маркети, маалски продавници, пазари и во другите продажни места ќе можат да продаваат пластични кеси до 2013 година, после тоа ќе бидат дозволени само хартиени и биоразградливи.


Вака одлучи Владата на денешната седница, по предлог на Министерството за животна средина.

Биоразградливите и хартиените кеси трговците не смеат да ги наплатуваат до 2013-та, а по 2 години Владата одново ќе размислува.

Министерството пред една година забрани да се даваат бесплатно пластичните кеси и ја намали нивната дебелина. Ваквата идеја беше со цел да се заштити животната средина. Но тенките кеси по цената од 2 денари не ги разубеди граѓаните и натаму да ги користат.

Со оглед на тоа дека во само два супермаркети во целата држава се нудат бесплатни хартиени кеси, се овозможи трговците уште повеќе да заработат.

Со новата одлука се планира кесите како нееколошки производ во целост да се тргнат од малопродажба. Се произведуваат лесно и брзо, но да се разградат се потребни околу 400 години. А доколку се запалат испуштаат канцерогени материи.

http://sitel.com.mk/dnevnik/biznis/plastichnite-kesi-od-2013-godina-ke-se-ukinat-hartienite-ne-smeat-da-se-naplakaat



Колку темава има врска со екологија има и со економија.Но сепак се решив да ја постирам тука,сметам дека е од големо значење за животната средина.А воедно и силно ја подржувам ваквата одлука
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9091
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 09-Dec-2010 at 21:49
Апсолутно е од големо значење. Ова е веќе нешто, ова требаше да се воведе од самиот почеток.
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1925
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 06-Mar-2017 at 20:54
Гледајќи ја новата автопатска делница кај Демир Капија, поточно близу Клисура забележав една работа која ме изреволтира и испровоцира за овој пост. Погледнете само која површина на шума буквално ја снемало за само еден месец! Ова е страшно...
Околу 2,5км


Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12761
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 07-Mar-2017 at 10:44
Во западниот дел на Македонија моментално (односно, веќе со години) се врши пустошење на шумите. Што мислите, со кои дрва се грееја Скопје, Тетово, Гостивар итн. зимава?
За сè има вторпат
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 1840
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 02-Apr-2017 at 22:26
На Скопска Црна Гора има огромен пожар. Дали надлежните се известени? И дали има некој со подобар поглед на планината да каже каква е состојбата?
20170402_232345_LLS by Ani.build, on Flickr
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12761
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 03-Apr-2017 at 13:46
Наводно пожарот/пожарите се подметнати, а досега изгореле трло и бачило...



извор: https://twitter.com/stomagian/status/848621079832780800/photo/1
За сè има вторпат
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7150
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 03-Apr-2017 at 23:59
...дека инаку многу шума имаше на Скопска црна гора, па мораше да изгори...
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 1840
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 19-May-2020 at 15:51
За чистење на живата од ОХИС ќе се бара помош од меѓународни фондови

Опасноста од загадување со жива, која доаѓа од погонот за електролиза во ОХИС ќе се решава со помош на меѓународни фондови. Северна Македонија на почетокот на годинава ја ратификуваше Минамата Конвенцијата за жива и како нејзина членка ќе има пристап до нови извори на финансирање, конкретно наменети за решавање на проблемите со жива. Се работи за исклучително токсичен метал, кој предизвикува сериозни последици за здравјето на луѓето. Во Министерството за животна средина информираат дека средства за третман на историските жаришта поврзани со загадување од жива може да се добијат, но процесот преку може да потрае неколку години заради сложените процедури.

Во меѓувреме, продолжуваат активностите за изнесување на 11 токсични материи преку проектот „Отстранување, дислоцирање, уништување или неутрализирање на хемиски материи“ од АД „Охис“- Скопје“. Досега, компанијата „Екоцентар 97“ извезе речиси 64 тони опасни хемикалии во кои има метанол, акрилонитрил мономер, но и непознати хемикалии, во „Валорек Сервисис“ инсенераторот во Базел, Швајцарија. Остануваат опасниот винил хлорид мономер, околу 14 тони, кој безбедно ќе се третира во Германија и останатата количина на хемиски супстанции околу 4,6 тона иницијатори и 5,2 тони хемикалии со непознат состав. Се чека и исходот од тендерот за избор на фирма која ќе треба да го неутрализира линданот.

„Податоци за видот и количините на складирани хемикалии во кругот на ОХИС се достапни во физибилити студиите што се работени заради утврдување на методите за ремедијација, а најнови податоци се обезбедени со деталното истражување кое е направено во рамките на подготвителните активности за чистење на HCH, поточно линданот. Речиси сите складирани застарени хемикалии, кои претставуваа огромен товар за државата и потенцијален ризик од еколошки аспект, се отстранети од страна на ‘Екоцентар 97’. За чистење на линданот, во завршна фаза е тендерската постапка за избор на најдобар понудувач. По завршување на тендерската постапка, изведувачот ќе се задолжи да ги обезбеди потребните еколошки дозволи и конечно ќе се започне со отстранување на линданот“, информираат од Министерството.

Како последна, иако меѓу најопасните, ќе остане живата во ОХИС, која веќе неколку децении е огромна опасност за здравјето на скопјани.
Македонија има обврски според Конвенцијата Минамата за жива, која е меѓународен договор дизајниран да го заштити човековото здравје и животната средина од антропогени емисии и ослободувања на соединенија со жива и жива. Договорот го регулира директното ископување жива, извозот и увозот, безбедното складирање, но и отстранувањето и третманот на отпадот.

Аднан Ќахил, поранешен инженер во ОХИС кој беше и координатор на работната група на Владата за справување на проблемот со линданот, вели дека од чистењето на ОХИС зависи и еколошката состојба и на околните населби.

„Тлото на ОХИС е потполно загадено со многу хемикалии. Почнувајќи од живата, остаток од електролизата, потоа монохлороцетна киселина, со пестициди, хербициди и фунгициди и други хемикалии. Има три буништа со огромни количини на линдан, а анализите кои се правени покажуваат како тие влијаат во воздухот и подземните води. Во ОХИС, но и пошироката околина, дури и до средина на Аеродром, Лисиче и Драчево подземните води се загадени со линдан и според анализите кои ги правевеме, дури во воздухот во Ѓорче Петров се наоѓаа честички од линдан“, вели Ќахил.

meta.mk
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.