build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Еко (загадување на води и опасни хемикалии)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <123>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 22-Sep-2020 at 16:23
Ќе се чисти малата депонија во ОХИС, големата ќе почека

Македонија побара меѓународна помош во справување со отровното наследство на некогашната фабрика за органоско-хемиски производи. Проценките се дека за целосно решавање на проблемот со линданот на ОХИС ќе требаат помеѓу 40 и 260 милиони евра, во зависност од обемот на работите и од технологијата која ќе се користи.

Една година откако беше најавен, процесот на чистење на линданот што останал во почвата во кругот на некогашната хемиска фабрика ОХИС на периферијата на Скопје конечно тргна од мртва точка. Министерот за животна средина Насер Нуредини на прес-конференција во петокот објави дека е избрана компанија која ќе ја чисти малата депонија сместена во дворот на фабриката и дека наскоро ќе биде соопштено не само нејзиното име, туку и технологијата која ќе се користи за чистењето на опасната хемикалија, како и рокот до кој тој процес треба да заврши.

Засега анализите потврдиле две локации на депонии на линданот – мала и голема. Двете заедно, според проценките на стручњаците, како и Министерството за животна средина, базирани, меѓу другото и на кажувањата на некогашни вработени во ОХИС, содржат некаде помеѓу 50 и 70 илјади тони опасен отровен материјал и контаминирана почва.

Малата депонија ќе се чисти две години, за другите допрва ќе се одлучува
Иако засега не е официјално потврдено, со голема веројатност се смета дека освен овие две, постојат и други локации на кои е закопан линданот на ОХИС, од кои едната е сместена на самото излетничко место Пеленица кај скопската населба Драчево.

Македонија побара меѓународна помош во справување со отровното наследство на ОХИС. Организацијата за индустриски развој на Обединетите Нации УНИДО распиша меѓународен тендер за чистење на малата депонија, на кој по многу одложувања конечно беше избрана компанија, која во рамките на својата понуда треба да предложи и најсоодветна и најприфатлива технологија за чистење на опасната хемикалија. Од Канцеларијата за неразградливи органски загадувачи – ПОПС, при Министерството за животна средина и просторно планирање, велат дека депонијата треба да биде исчистена приближно за две до три години. Начинот на кој ќе се чисти, односно дали ќе се донесе технологија на лице место, или пак ќе се пакува и изнесе отпадот надвор од државата, сè уште не се соопштува.

Оттаму велат и дека е неблагодарно да се предвидува колку време ќе помине додека не се реализира чистењето и на големата депонија со линдан, бидејќи се работи за скап и долготраен процес.

Проценките се дека за целосно решавање на проблемот со линданот на ОХИС ќе требаат помеѓу 40 и 260 милиони евра, во зависност од обемот на работите и од технологијата која ќе се користи. Засега со пари од Владата и преку донации се обезбедени средства само за малата депонија.

Од гордост на некогашен ОХИС до забрана поради токсичност
Од она што сега се знае за линданот, чие хемиско име е хексахлороциклохексан ХЦХ (HCH), тој масовно се користел во светот како пестицид за земјоделско производство уште од 50-те години на минатиот век, произведуван во повеќе фабрики во светот, меѓу кои била и некогашната Органско-хемиската индустрија од Скопје (ОХИС). Откако била утврдена неговата висока токсичност по целокупниот жив свет, линданот со многу меѓународни конвенции бил забранет уште во 1980 година, но неговата масовна употреба на глобално ниво опстојувала сè до 2000 година. Во Европската Унија линданот и сите други производи кои содржат ХЦХ се дефинитивно забранети во 2008 година.

Македонскиот хемиски гигант ОХИС прекинал да го произведува линданот во 1977 година, по што сите заостанати количества на опасниот пестицид, како и хемиските компоненти кои се користеле во неговото производство, биле спакувани во буриња и грубо затрупани со земја на неколку локации во кругот на фабриката. Се претпоставува дека одредено количество било закопано и надвор од него. Експертските сознанија од изминативе неколку години укажуваат на тоа дека опасната хемикалија не само што го контаминирала просторот непосредно околу складираниот линдан, туку и почвата со која тој бил покриен, како и подземните води до кои отровното соединение стасало откако бурињата во кои бил складиран кородирале.

Линданот во крвта на девојчиња од 8 години со преран пубертет
Отровниот линдан, закопан неколку метри под земја во дворот на поранешната фабрика Охис, со децении наназад, бавно, но постојано го труе скопското население. Не само што ја затрул непосредната околина во која е закопан, тој уште децении наназад продрел до подземните води кои гравитираат кон реката Вардар, а ја загадил и почвата со која бил покриен, која денес се разнесува со посилни ветришта на поголеми дистанци.

Во 2007 година било направено едно истражување на токсини во крвта кај 56 девојчиња, на неполни осум години, кај кои настапил предвремен развој на млечни жлезди како вовед во пубертет и се покажало присуство на линдан кај 10 отсто од тестираните деца. Девојчињата биле од различни делови на Македонија, а најмногу 40 од нив биле од Скопје. Во студијата се констатира дека покачените нивоа на линдан кај оваа популација треба дополнително да се испитаат
Нема информации дека по оваа се правени други испитувања за штетните ефекти врз здравјето на луѓето кои биле изложени на линданот од Охис.

Случајот со фабриката на германскиот гигант БАСФ
Историски индустриски отпад од типот на линданот на ОХИС е проблем во огромен број земји во светот. Од него не куртулиле ниту најразвиените како Германија, која имала 10 фабрики во кои се произведувал линдан. На својата територија, Германија денес има осум локации со отпаден линдан, од кои само на дел е извршена т.н. ремеријација.

Германскиот и светски хемиски гигант БАСФ во свој хемиски комплекс произведувал линдан од 1955-1966 година. Се проценува дека околу 780.000 кубни метри отпад (вклучувајќи и HCH-отпад) е исфрлен на поранешен земјен ископ, при што било контаминирано земјиште од 4,5 хектари. Во 1972 година, на местото на депонијата со линдан бил изграден шопинг мол на таа локација, што работел до 1999 година.

Во 1990 година бил инсталиран систем за заштита кој црпел подземна контаминирана вода и ја носел во инсталациите на BASF на третман. Во 2000 година, молот е урнат. Иако првично било планирано целосно да се елиминира отпадот, во 2009 год решено е да се запечати (затвори) површината, да се изврши дренажа и мониторинг на подземни води. Поради докази за загадени подземни води, во 2016 одобрена е програма за деконтаминација и рехабилитација преку ископување на почва и поставување на непропустлив површински слој. Направени се нови бушотини за црпење подземна вода и пиезометри. Во 2018 год почнала ремедијација на подземните води.

https://www.slobodenpecat.mk/ke-se-chisti-malata-deponija-vo-ohis-golemata-ke-pocheka/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 07-Oct-2020 at 17:01
Винил хлоридот од ОХИС замина на уништување во Германија

Цистерната со винил хлорид мономер од ОХИС на почетокот на месецов замина за Германија, каде што опасната хемикалија ќе биде уништена во инсенераторот SUEZ Sonderabfallgesellschaft. Се работи за историски отпад од околу 13 тони кој минатиот месец беше преточен од страна на експерти од француската компанија „Куриум“, од стара вагонска во нова цистерна, за да може да се изврши транспортот. Од компанијата „Екоцентар 97“ денеска информираа дека хемикалијата е веќе пристигната во Германија, а деновиве ќе биде и безбедно уништена.

„Во рамките на „Проектот за безбедно отстранување на хемиски материи од локации и производни погони во кругот на АД „ОХИС“ комплетно е завршена постапката за извоз и безбедно транспортирање на винил хлорид мономер. Транспортот започна на 2 октомври во присуство на претставници од Државниот инспекторат за животна средина, со превозник кој ги поседува сите лиценци и дозволи за меѓународен транспорт за ваков вид на опасен отпад. Од инсенераторот од Германија вчера добивме потврда дека отпадот е пристигнат без никакви проблеми во текот на транспортот и цистерната е безбедно истоварена кај согорувачот. Во идниот период очекуваме повратна информација кога винил хлорид мономер ќе биде уништен“, информираат од „Екоцентар 97“.

Поголемиот дел од опасниот отпад од ОХИС, во рамките на истиот проект е веќе извезен на безбедно уништување. Почетокот на пандемијата на ковид-19 во март годинава го одложи последниот извоз, кога освен винил хлоридот, останаа уште околу 10 тони различен отпад, односно околу 4,6 тони иницијатори и 5,2 тони непознати хемикалии, спакувани во АДР амбалажа, соодветна за меѓународен транспорт и складирани во магацин во дворот на ОХИС од каде требаше да заминат во „Валорек Сервисис“ инсценераторот во Базел, Швајцарија, каде што на безбеден начин ќе бидат уништени.

Во меѓувреме, за овој отпад истече меѓународната дозвола за транспорт на опасни хемикалии, а во моментов во тек е постапката да се извади нова и да се заврши и последниот извоз. На тој начин, за повеќе од една година ОХИС ќе биде ослободен од 64 тони опасни хемикали, меѓу кои имаше метанол, акрилонитрил мономер, но и непознати хемикалии. Тие лежеа во дворот и во зградите во кругот на ОХИС повеќе децении и претставуваа огромна опасност за здравјето на луѓето и за животната околина.

https://meta.mk/vinil-hloridot-od-ohis-zamina-na-unishtuvanje-vo-germanija/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 26-Oct-2020 at 17:01
Договорот за чистење на малата депонија на линдан во ОХИС е потпишан, но не се открива името на компанијата
Кога ќе започне чистењето на малата депонија со линдан во ОХИС, како и која е фирмата која беше избрана на меѓународниот тендер сè уште е мистерија за јавноста. Иако уште пред повеќе од еден месец министерот за животна средина Насер Нуредини информираше дека Агенцијата за индустриски развој на Обединетите нации УНИДО, со седиште во Виена, ја заврши постапката за избор на компанија и дека договорот е потпишан, сепак името се чува во тајност.

„Сè уште немаме одобрување од УНИДО јавно да го споделиме името на фирмата. Штом тоа ќе биде официјализирано, ќе ја известиме јавноста“, кусо одговараат во Министерството за животна средина.

Околу 55.000 тони линдан помешан со земја веќе неколку децении стои во дворот на ОХИС, несоодветно чуван, на само неколку километри од центарот на Скопје. Тоа е инсектицид со широк спектар на дејствување со кој во минатото се третирала почвата и дрвјата како заштита од паразити, сè додека пред повеќе од 40 години не бил забранет заради неговата токсичност. Јавноста и граѓанските организации многу години апелираат дека оваа историска жешка точка мора што поскоро да биде решена, а со тоа да се заштити и здравјето на граѓаните.

Министерот Нуредини на средината на септември информираше дека тендерот за избор на изведувач на ремедијација на почвата контаминирана со изомери на линдан во дворот на ОХИС, е успешно завршен, но не го соопшти името на компанијата, ниту пак кога ќе започне со работа.

„Завршена е административната процедура на потпишување на договор со избраниот понудувач, сега следуваат одобрувањето на деталниот план за ремедијација и активности за обезбедување на потребната документација за отпочнување на работа на терен и чистење на историската депонија“, рече тогаш Нуредини.

Чистењето на малата депонија со линдан се претпоставува дека ќе трае меѓу 15 и 18 месеци, а според некои прогнози и до три години, додека проектот има рок до крајот на 2021 година. Со оглед на тоа дека процесот сè уште не е започнат веројатно е дека тој ќе биде пролонгиран, за да може деконтаминатацијата да биде целосно и успешно завршена.

Освен малата депонија, за која се однесува овој конкретен проект, во дворот на ОХИС, веднаш до неа се наоѓа и големата депонија, за која допрва ќе се бара начин и финансии како да се исчисти. Според претпоставките во двете депонии се складирани околу 55.000 тони отпад во вид на прав и паста од некогашното производство на линдан. Покрај нив, во дворот на ОХИС има и трета депонија, а пред околу две години Мета.мк ја откри точната локација на четврта депонија на линдан која се наоѓа надвод од дворот на фабриката, во близина на локалитетот „Пеленица“ кај Драчево.

Овој отпад веќе неколку децении стои и покрај постојаните предупредувања дека се работи за сериозно токсична материја која ги контаминира и воздухот, почвата и подземните води. Професорот Траче Стафилов вели дека пред почетокот на проектот финансиран од Глобалниот еколошки фонд на Обединетите нации преку УНИДО и Канцеларијата за ПОПс во Министерството, се направени сите анализи за загаденоста на околината и посочува дека и откако ќе биде исчистена депонијата, во ОХИС ќе има многу работа за да се деконтаминира целата средина.

За опасноста од историскиот хемиски отпад, во интервју ја Мета.мк предупредуваше и Аднан Ќахил, поранешен инженер во ОХИС кој беше и координатор на работната група на Владата за справување на проблемот со линданот. Тој вели дека од чистењето на ОХИС зависи и еколошката состојба и на околните населби.

„Во ОХИС, но и пошироката околина, дури и до средина на Аеродром, Лисиче и Драчево подземните води се загадени со линдан и според анализите кои ги правевеме, дури и во воздухот во Ѓорче Петров се наоѓаа честички од линдан“, вели Ќахил.

https://meta.mk/dogovorot-za-chistenje-na-malata-deponija-na-lindan-vo-ohis-e-potpishan-no-ne-se-otkriva-imeto-na-kompanijata/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 14-Nov-2020 at 18:35
Напуштениот рудник кај Лојане ги труе и почвата и водата



https://alsat.mk/mk/napushteniot-rudnik-kaj-lojane-gi-true-i-pochvata-i-vodata/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 10-Dec-2020 at 18:09
Грчката компанија „Полиеко“ ќе ја чисти малата депонија со линдан во ОХИС

Грчката компанија „Полиеко“ ќе ја чисти малата депонија со линдан во ОХИС. Од Министерството за животна средина и просторно планирање информираат дека Агенцијата за индустриски развој на Обединетите нации, УНИДО, склучила договор со компанијата како најдобар понудувач, избран на меѓународен тендер. Во моментов во тек се подготовките на теренските активности, а санацијата на малата депонија се очекува да трае и до три години.

„Грчката компанија ќе има обврска да ја исчисти малата депонија, а инсектицидот ќе се третира надвор од државата. Започнат е и процесот на одобрување на деталниот план за ремедијација и обезбедување на потребната документација за отпочнување со работа на терен“, информираат од Министерството.

Од Министерството засега не посочуваат кога точно ќе започне чистењето на опасната хемикалија, а наскоро треба да се знае и која технологија ќе биде користена, од што ќе зависат и роковите за завршување на активностите. Финансиските средства се обезбедени преку ГЕФ/УНИДО, Владата на Македонија и Норвешката Влада.

Линданот е инсектицид со широк спектар на дејствување со кој во минатото се третирала почвата и дрвјата како заштита од паразити, сè додека пред повеќе од 40 години не бил забранет заради неговата токсичност. Тој е канцерогена супстанца, се сврзува со ПМ-10 честичките и го загадува воздухот, а заради несоодветното чување во изминатите децении, масовно ја загадувал почвата и подземните води.

Во дворот на ОХИС, покрај малата, се наоѓа и голема депонија во кои се претпоставува дека има над 13.000 тони линдан, покриен со 20.000 тони земја, која досега е целосно контаминирана и самата претставува опасен отпад, кој се развејува со ветерот низ околината и претставува голема опасност по човековото здравје. Покрај нив од неодамна се познати уште две жаришта со оваа токсична хемикалија, кои се последица на работењето на хемискиот капацитет. Третата депонија со линдан е во дворот на ОХИС, додека, пак последната е закопана во близина на локалитетот „Пеленица“ кај Драчево. Од Министерството посочуваат дека активно работат на обезбедување на средства за расчистување на сите опасности кои демнат од оваа историска еколошка жешка точка.

„На крајот на 2018 и во текот на минатата година Владата посвети внимание на обезбедување на одржлив извор на финансирање за целосно чистење на контаминацијата во кругот на ОХИС. За таа цел беше формиран посебен фонд во соработка со Норвешката амбасада. По отстранувањето на контаминираниот материјал во малата депонија, ќе се продолжи со чистењето на останатиот контаминиран дел токму со користење на средствата од тој фонд. Во овој процес на мобилизирање на средства се вклучи и ЕУ која изрази подготвеност да помогне со свои фондови кои би ги ставила на располагање во текот на 2021-2023“, посочуваат од Министерството.

https://meta.mk/grchkata-kompanija-polieko-kje-ja-chisti-malata-deponija-so-lindan-vo-ohis/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 14-Mar-2021 at 17:09
Сè додека не се исчистат сите четири депонии, линданот од ОХИС ќе му се заканува на Скопје



Над 13.000 тони опасен линдан лежат во малата депонија во ОХИС и четирипати повеќе (над 50.000 тони) во големата, а не се знае уште колку илјадници тони канцерогена хемикалија има во другите две депонии, едната во дворот на некогашната фабрика, а другата надвор од неа, кај локалитетот Пеленица близу Драчево. Опасниот инсектицид веќе пет децении е една од најжешките еколошки локации која постојано му се заканува на Скопје. Несоодветно складиран, само затрпан со земја, без гаранции дека е заграден со бетонски базен, линданот докажано го има во воздухот од Центар дури до Ѓорче Петров, а многу веројатно дека се наоѓа и во почвата и подземните води во широк круг околу ОХИС.

Чистењето на оваа опасна хемикалија е тема која во јавноста и експертските кругови во земјава е вечно актуелна. Од пред речиси две години започнаа и поконкретни активности кои пролетва треба да резултираат со решавање на проблемот со малата депонија. Скопје, според најавите од Министерството за животна средина, во следниот период ќе се ослободи од дел од канцерогениот инсектицид, а конкретно во првите шест до девет месеци, ќе се отстрани дел од депонијата или околу 700 тони на почва контаминирана со HCH, како и чист HCH отпад.

Од Министерството за животна средина велат:

Се работи на обезбедување на сите одобренија и дозволи за работа на терен, како и на Планот за ремедијација. Чистењето на малата депонија треба да започне најдоцна до крајот на месецов.

Оттаму посочуваат дека за нив е клучно, по малата, решавањето на проблемот да продолжи и со големата депонија, до конечна елиминација на HCH отпадот во ОХИС, што би чинело околу 50 милиони евра. Заради тоа, велат, формиран е посебен мулти- партнер Фонд за животна средина, кој ќе биде администриран од UNOPS, а веќе се обезбедени дополнителни средства од Норвешката Влада и предвидени се средства од ИПА 3 програмата.

Чистењето на малата депонија ќе го врши грчката компанија „Полиеко“, која беше избрана на меѓународен тендер во рамките на проектот „Отстранување на техничките и економските бариери за започнување на активности за чистење на локациите контаминирани со α-HCH, β-HCH и γ-HCH (линдан) во ОХИС“, одобрен од Глобалниот еколошки фонд (GEF) и имплементиран преку UNIDO. Изборот на компанијата се одолговлечи речиси за една година, со оглед на тоа дека првите најави од министерството беа дека чистењето ќе започне лани во март и дека до крајот на оваа година ќе биде веќе завршено.

Линданот е халогенирано органско соединение, исто како и нуспроизводите и има посебни постапки за нивно уништување. Отпадот од малата депонија ќе треба да се собере во посебни контејнери и ќе се транспортира до инценератор за уништување на опасен хемиски отпад во Франција. Во 2009 година, производството и земјоделската употреба на линдан било забрането според Стокхолмската конвенција за перзистентни органски полутанти. Овој инсектицид негативно влијае на нервниот систем, црниот дроб и бубрезите и може да биде канцероген. Сепак, посочува Богданов, тоа зависи од степенот на изложеност и концентрациите.

„Компанијата која е ангажирана за отстранување на линданот и другите хемикалии од малата депонија има искуство со вакви проекти и конкретно со линдан и хексахлороциклохексани. Пред да се започне со работа земени се примероци и направени се хемиски анализи за да се утврди кои други хемикалии покрај линданот се присутни во депонијата. Според хемискиот состав, предвидени се можните сценарија и соодветните методи за отстранување на ваквиот отпад. Ние од Институтот за хемија, со новоформираната лабораторија за хроматографски анализи, формирана со финансиска поддршка од UNOPS, располагаме со инструментација и кадар да помогнеме целиот зафат да се изведе ефикасно и без несакани последици. Исто така, го поздравуваме и поддржуваме целиот проект, бидејќи долгорочно ќе се реши проблемот со перзистентните органски загадувачи (POPs) во Македонија“, вели Богданов.
Аднан Ќахил, некогашен главен инженер во ОХИС и поранешен член на владината работна група за справување со линданот посочува дека инсектицидот во ниту една од четирите депонии не е соодветно одложен и е препуштен на забот на времето.

„Своевремено кога вршевме испитувања на изложеноста на влијанието на линдан на Скопје и неговите граѓани, дојдовме до сознанија дека честички од хемикалијата има во воздухот и во центарот на градот, па дури и до Ѓорче Петров. Исто е и со подземните води, верувам дека влијанието се чувствува во општините Аеродром и Кисела Вода“, посочува Ќахил.

Тој вели дека за чистењето на линданот итно мора да се обезбедат дополнителни финансиски средства и процедурата да се прошири и на другите депонии. Според неговите пресметки зафатот би чинел до 200 милиони евра.
„Проблемот не е само линданот, заедно со него има и други хемикалии. Особено ова важи за третата депонија, која е во дворот на фабриката и во која мислам дека се кријат и други опасности. Секоја органска сусптанца, меѓу кои и линданот е опасна по здравјето на луѓето, особено ако се најде во поголема концентрација. Не случајно, пред неколку децении беше забранет извозот на линдан во САД, па ОХИС мораше да најде начин како и каде да ги складира вишокот количини кои им беа вратени. Тогаш решението се најде во закопување на хемикалиите, спакувани во буриња. Исправниот начин ќе беше ако тие беа поставени во бетонски базени, но за жал, во малата и големата депонија базенот има само ѕидови, а не и бетонирано дно. По толку изминато време никој не знае во каква состојба се бурињата и каква штета направиле на почвата и подземните води“, вели Ќахил.

https://meta.mk/se-dodeka-ne-se-iscistat-site-cetiri-deponii-lintanot-od-ohis-kje-mu-se-zakanuva-na-skopje/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 18-Mar-2021 at 16:16
До крајот на март почнува чистењето на линданот од малата депонија во ОХИС

Најдоцна до крајот на овој месец ќе започне чистењето на малата депонија со линдан во кругот на поранешната фабрика ОХИС. Од Министерството за животна средина велат дека во тек е обезбедувањето на одобренијата и дозволата за работа по што ќе може да се пристапи кон отстранување на околу 13 илјади тoни од опасниот инсектицид кој како остаток од работењето на поранешниот хемиски гигант со децении е депониран во бетонски базен во дворот на ОХИС и е на само 100 метри од главниот булевар „Борис Трајковски“.

Од МЖСПП велат дека првите 6 до 9 месеци ќе се отстрани дел од депонијата или околу 700 тони на почва контаминирана со α-ХЦХ, β-ХЦХ и γ-ХЦХ (линдан).

Чистењето ќе го врши грчката фирма „Полиеко“, по што ќе се направи ремедијација на теренот и почвата. „Полиеко“ има обврска линданот да го собере во посебни контејнери и да го изнесе надвор од државата. Уништувањето на линданот се планира во инценератор за согорување на опасен хемиски отпад во Франција.

Во кругот на некогашната фабрика има над 50 илјади тони линдан во големата депонија, а не се знае уште колку илјадници тони опасен отпад има и во другата депонија која се наоѓа кај локалитетот Пеленица близу Драчево.

Од МЖСПП велат дека важно е набрзо да се почне и со отстранување и на големата депонија за што би биле потребни околу 50 милиони евра. За таа цел е оформен посебен мулти- партнер Фонд за животна средина што ќе биде администриран од УНОПС, а веќе се обезбедени дополнителни средства од Норвешката Влада и предвидени се средства од ИПА 3 програмата.

Линданот е опасен инсектицид кој во 2009 година е забрането неговото производство и употреба во земјоделието според Стокхолмската конвенција за перзистентни органски полутанти. Овој инсектицид негативно влијае на нервниот систем, црниот дроб и бубрезите.

https://www.vecer.press/до-крајот-на-март-почнува-чистењето-на/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 19-Apr-2021 at 14:02
Малата депонија со линдан во ОХИС, додека се чисти, ќе се покрие со шатор со филтри за прочистување на воздухот

Малата депонија со линдан во ОХИС ќе биде покриена со шатор во кој ќе се инсталираат и филтри за прочистување на воздухот, за да се озбезбеди заштита на околината при чистењето на опасната хемикалија, предвидува Планот за ремедијација, доставен од страна на компанијата „Полиеко“ од Грција.

Владата и Министерството за животна средина, заедно со Организацијата за индустриски развој при Обединетите нации, УНИДО, веќе го одобрија Планот за работа.

Од ресорното министерство информираат дека во процесот на подготовка за реализирање на чистењето, освен шаторот со интегрирани единици за негативен притисок и ХЕПА филтри со активен јаглен за прочистување на воздухот, на локацијата на малата депонија ќе биде извршено и зонирање и обележување.

Исто така, ќе се инсталира опрема за пакување и машини одобрени од ООН, а ќе се обезбеди и опрема за лична заштита на работниците, како и материјали за здравствена заштита и безбедност и за заштита на животната средина.

Ќе бидат поставени и завеси за заштита од прав, шатори за деконтаминација, правосмукалка со ХЕПА филтер, опрема за следење на квалитетот на воздухот, а машината за дробење грутки ќе биде поврзана на затворена транспортна лента.

Во проектот е предвидено грчката фирма да исчисти, спакува и транспортира на безбедно уништување дел од хемикалијата или 450 тони линдан и 200 тони контаминирана почва, со која во изминатиот период била покриена депонијата. Работите, според планот, треба да се завршат до октомври, а ремедијацијата на тој дел од депонијата ќе чини околу два милиони евра.

Малата депонија има вкупно 6,661 тони отпад од кои 1,601 тони се од HCH, 4,060 тони се загадена почва и 1.000 тони контаминиран бетон. За чистење на остатокот од количините, информираат од Министерството, средства ќе се обезбедуваат преку мулти-партнерскиот фонд, со кој управува UNOPS.

„Полиеко ќе врши ракување, пакување, етикетирање и времено складирање на отпад во согласност со упатствата на Базелската Конвенција и меѓународните стандарди за управување со отпад кој содржи перзистентни органски загадувачи. Отпадот ќе се препакува во буриња одобрени од ООН, а и контаминираната почва ќе се препакува во специјализирани контејнери, сертифицирани и лиценцирани за пренос на отпад согласно АДР конвенцијата“, посочуваат од Министерството.

Транспортот на линданот ќе се врши преку Солунското пристаниште, а од таму со брод до Франција, до компанијата за горење на отпадот „Фос Сур Мер“. Конатминираната почва, пак, исто така ќе се носи до Солун, преку граничниот премин „Богородица“, а оттаму со брод до пристаништето во Ротердам во Холандија, каде ќе се преработи во компанијата „АТМ“.

„HCH отпадот и контаминирана земја низ Македонија и низ Грција, до Солун ќе патуваат со камиони на лиценциран превозник, кој ќе треба да ги почитува одредбите на Базелската конвенција за контрола на прекуграничното пренесување на опасен отпад, како и на Европската спогодба за меѓународен превоз на опасни материи по патишта. Овој дел од ремедијацијата на малата депонија во ОХИС е финансирана од Глобалниот еколошки фонд (GEF) и од буџетот, во кој годинава има одвоено 43,6 милиони денари за реализација на проектот“, посочуваат од Министерството.

https://meta.mk/malata-deponija-so-lindan-vo-ohis-dodeka-se-chisti-kje-se-pokrie-so-shator-so-filtri-za-prochistuvanje-na-vozduhot/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 06-May-2021 at 16:55
Вардар - река или отпад



https://www.facebook.com/groups/145337166272043
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2016
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 06-May-2021 at 17:14
Све е ова резултат на глупите политики на ЈП Комунална Хигиена и ЈП Дрисла. Се додека чини и макар 1 денар одлагање на отпад во депонија, се дотогаш ќе ги гледаме овие слики. А да побараш да дојде камион за кабаст отпад бараат по 50 евра. Па машини за перење и фрижидери има нови по 100 евра. Кој будала ќе ги плати тие ненормални суми.

Затоа да се направи следново. Не плаќање за корисниците, туку Град Скопје преку ЈП КХС и ЈП Дрисла да исплаќа некоја симболична сума од 100 денара за кубик отпад, и тоа било каков отпад. Некаква симболична субвенција за нефрлање отпад во диви депонии. Да видите како одеднаш ќе се расчистат депонииве.

А за да се расчисти од тука 1 кубик отпад, сигурен сум дека градот го чинат многу повеќе од 100 денара. Камиони, работници, време, буџет, све се тоа залудно потрошени ресурси за расчистување. Затоа е добро навреме превентивно да се "плати рекет" према фрлачите, ете така грубо да се изразам. Едноставно поефтино е! Инаку нема како да спореведеме закон, за казнена репресирачка полтика не не бива, сме виделе до сега. Вака барем проактивна мотивирачка да пробаме.

Џабе се финансирање било какви проекти, министерства, ЕУ фондови, грантови, невладини здруженија, кревање јавна свест. Све е тоа џабе фрлени пари, а ефектот е никаков. Сите средства наменети за овакви проекти да се пренаменат за субвенционирање носење отпад во легална депонија, да видите како одма ќе се видат резултати.

Edited by user8642 - 06-May-2021 at 17:17
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 06-May-2021 at 23:38



Интересна идеја.

Факт е дека не се баш занемарливи сумите што одат за расчистување на диви депонии и слично, а ефектот е најчесто само привремен. Не гледам зошто оваа идеја не би постигнала далкеу подобри резултати за истите пари. И секако бонус е превентивниот момент што автоматски е опфатен.

Системот цена по кубик треба да се допрецизира, затоа што остава премногу простор за манипулации. Има видови отпад кај кои од од еден кубик може лесно да се направат пет, од истата количина материјал
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2016
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 07-May-2021 at 20:05
Originally posted by Cloverstack

Има видови отпад кај кои од од еден кубик може лесно да се направат пет, од истата количина материјал
Стварно неможе да ми текне на што мислиш?! Затоа, све што би доаѓало, прво на преса.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 29-Jun-2021 at 15:16
На 13 јули ќе започне постапката за чистење на линданот од малата депонија во ОХИС

Министерството за животна средина и просторно планирање на денешниот брифинг со новинарите информираше дека на 13 јули ќе започне постапката за подготовка на теренот за чистење на малата депонија со линдан во ОХИС. Постапката за дислокација на линданот треба да се заврши во период од 12 месеци, при што овој дел од ремедијацијата на малата депонија во ОХИС е финансиран од Глобалниот еколошки фонд (GEF), Норвешка, Делегацијата на ЕУ и Владата.

Малата депонија има вкупно 6,661 тони отпад од кои 1,601 тони се од HCH, 4,060 тони се загадена почва и 1.000 тони контаминиран бетон. „Мета.мк“ веќе пишуваше дека малата депонија со линдан во ОХИС ќе биде покриена со шатор во кој ќе се инсталираат и филтри за прочистување на воздухот, за да се озбезбеди заштита на околината при чистењето на опасната хемикалија.

Пред започнувањето на чистењето на малата депонија ќе бидат остварени контакти со локалното население, кое ќе биде информирано за сите мерки кои се преземени за безбедно чистење.

Мониторинг на чистењето на малата депонија со линдан во ОХИС и следењето на можните емисии на загадувачки супстанци во воздухот и во почвата, ќе се врши со новата опрема на лабораторијата за хроматографски анализи на Институтот за хемија на ПМФ, донација од Норвешка.

Инаку, линданот од малата депонија во ОХИС ќе го чисти грчката компанија „Полиеко“. Транспортот на линданот ќе се врши преку Солунското пристаниште, а од таму со брод до Франција, до компанијата за горење на отпадот „Фос Сур Мер“. Контаминираната почва, пак, исто така ќе се носи до Солун, преку граничниот премин „Богородица“, а оттаму со брод до пристаништето во Ротердам во Холандија, каде ќе се преработи во компанијата „АТМ“.

https://meta.mk/na-13-juli-kje-zapochne-postapkata-za-chistenje-na-lindanot-od-malata-deponija-vo-ohis/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 13-Jul-2021 at 12:20
Започна чистењето на линданот од малата депонија во „ОХИС“

Во кругот на поранешната фабрика „ОХИС” денеска започна чистењето на малата депонија контаминирана со линдан и неговите изомери.

-Со оваа активност започнува елиминацијата на една еколошка жешка точка во нашата држава, истакна денеска министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини на стартот на отстранувањето на линданот од малата депонија во „ОХИС”.

Од депонијата ќе бидат исчистени 700.000 тони контаминирана почва.

Претставниците на изведувачот „Полиеко” информираа дека проектот ќе биде имплементиран со најновите достапни технологии и секако во согласност со највисоките стандарди.

Од техничка гледна точка, ќе биде подигнат специјализиран шатор на самата локација. Целата работа ќе се одвива во затворен простор за да се заштити јавноста и околината од какви можни ризици. Ќе има специјални единици за филтрација, за негативна филтрација на самата локација. Посебна респираторна заштита ќе им биде обезбедена на сите работници и сите овие технологии ќе бидат имплементирани во согласност со највисоките стандарди.

Нема да има третирање на отпадот или на загадената почва на самата локација. Загадената почва ќе биде спакувана во посебни непропустливи контејнери кои се одобрени од ОН и ќе бидат извезени во согласност со Конвенцијата од Базел и националните регулативи и ЕУ-регулативите, ќе бидат извезени во Франција и во Холандија за конечно отстранување на отпадот и уништување на истиот.

Во текот на активностите ќе има и програма за континуирано следење на животната средина.

Нуредини нагласи дека особено му е драго што во овие две години откако е министер, покажале решеност да ги елиминирааат историските жешки точки во земјава и што прво биле безбедно отстранети и уништени огромни количини на опасните хемикалии со децении складирани во ОХИС.

– Денес присуствуваме на почетокот на чистењето и на депонирањето на линданот. Би сакал да истакнам дека подготвителниот процес траеше долго, но справувањето со овие жаришта бара детални истражувања на самите депонии, проценка на ризикот, реализација на обуки за професионално инволвираните, обезбедување на дополнителна лабораториска опрема за следење на влијанието врз животната средина во текот на процесот, која ја промовиравме неодамна на Институтот за хемија на ПМФ и други неопходни анализи за што е потребно многу време и големи финансиски средства, истакна министерот за животна средина и просторно планирање.

Планот е, додаде Нуредини, во Франција да се извезе линданот, а во Холандија да биде извезена контиминарата земја под линданот.

За чистањето на малата депонија Министерството воспостави соработка со две агенции УНИДО и УНОПС.

– Првично за реализација на проектот Министерството преку Канцеларијата за ХОПС во соработка со УНИДО како имплементациона агенција обезбеди финансиски средства во висина од 3,1 милион долари од Глобалниот еколошки фонд ЏФ кој за првпат финансира ваков проект во регионот на ЈИЕ. Остатокот од средствата за завршувањето на чистењето на малата депонија ќе ги обезбедиме од повеќепартнерскиот фонд за животна средина, а ќе се имплементираат со УНОПС, наведе Нуредини.

Министерот се заблагодари на на Кралството Норвешка што како партнер на Владата даде несебична поддршка во формирањето на повеќепартнерскиот фонд за животна средина како и за финансиската поддршка од 1,5 милиони евра со кои ја помогнаа реализацијата на овие активности.

– Во овој Фонд Владата на РСМ учествува со 1,7 милиони евра, а се очекува на обезбедување на дополнителни 2,5 милиони евра од ИПА 3 Програмата. Упатувам честитка на сите вклучени во реализацијата на овој проект уште од самиот почеток што докажува дека упорноста дава резултати, изјави Нуредини.

Тој му посака успешна работа на изведувачот „Полиеко” кој со доставениот план за ремедијација потврди дека сите фази во чистењето ќе бидат изведени на најсоодветен професионален начин, безбедно за сите професионални работници кои ќе работат на теренот, безбедна животна средина во пошироката околина и на населението кое гравитира во овој реон и пошироко. Ние, рече министерот, ќе бидеме постојано присутни и будно ќе го следиме текот на работите тука на теренот.

Првиот секретар на Амбасадата на Норвешка Стефан Сандста истакна дека навистина станувало збор за напорна работа, потенцирајќи дека се среќни што успеале да го изреализираат проектот со помош на нивните партнери.

– Се надеваме дека и во иднина преку повеќепартнерскиот фонд за заштита на животната средина ќе успееме да привлечеме и други партнери и организации да ни се приклучат, а ние навистина сме среќни што еве денеска конечно започнуваме со расчистувањето на малата депонија. Со нетрпение очекуваме да се вратиме повторно тука кога проектот ќе биде завршен и кога граѓаните ќе имаат безбедна животна средина и секако со среќа на Полиеко којшто ќе треба да го спроведат целиот овој процес, нагласи Сандста.

Микела Телатин, шеф на Канцеларијата на УНОПС за Северна Македонија, рече дека станува збор за навистина многу сложена процедура и операција и, како што истакна, навистина сме многу благодарни за целата поддршка што ја добивме од МЖСПП, Владата на РСМ. Упати благодарност и за соработката со Амбасадата на Кралството Норвешка, другите организации на ОН како УНИДО коишто ја поддржаа Владата во нејзините напори за справување со оваа криза.

– Во ова партнерство УНОПС е одговорен и раководи со повеќепартнерскиот фонд за заштита на животната средина којшто дава поддршка во мобилизацијата на националните и интернационалните ресурси. УНОПС исто така ќе соработува со УНИДО на самиот терен, почнувајќи со селекцијата на компанијата Полиеко која што ќе биде задолжена за овие активности. Полиеко беше избран токму поради следењето на навистина високи стандарди и тоа зборуваме за национални и меѓународни стандарди, рече Телатин.

https://mk.tv21.tv/zapochna-chisteneto-na-lindanot-od-malata-deponija-vo-ohis/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 13-Jul-2021 at 13:40
ПОЧНА ЧИСТЕЊЕТО НА ЛИНДАНОТ ОД МАЛАТА ДЕПОНИЈА ВО СКОПСКИ „ОХИС“, ЌЕ СЕ НОСИ ВО ФРАНЦИЈА И ХОЛАНДИЈА



Министерството за животна средина и просторно планирање денеска почна со чистење на малата депонија во фабриката „Охис“ во Скопје. Во кругот на фабриката фирмата „Полиеко“ која ќе го отстранува линданот почна со подготвителни активности што подразбираат расчистување на теренот, обезбедување и поставување на потребната опрема и механизација околу малата депонија.

Како што кажа министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, на чистењето на опасниот отпад ќе се работи една година, а ќе се извезе во Франција и во Холанија.

„Со овој проект ја потврдивме нашата решеност да ги елиминираме жешките точки во земјава. Во изминатиот период беа безбедно отстранети и уништени огромни количини на екстремно опасни хемикалии што со децении беа складирани во кругот на ‘Охис’, а денес присуствуваме на почетокот на чистење и на линданот, како историски проблем на чие што решавање посветивме многу внимание и енергија“, изјави министерот Нуредини, најавувајќи дека Владата и Министерството за животна средина прават напори да се обезбедат средства од повеќе извори за чистење и на големата депонија, како и за чистење на погонот за електролиза контаминиран со жива.

Во наредниот месец ќе се постави специјализиран шатор под кој ќе се одвиваат работи за отстранување на линдатот. Откако ќе се фрли горниот слој на нафрлена земја со која е покриен, линданот е на длабочина од 1,70 метри. Потоа ќе се исчисти и ќе се направи истражување дали пенетрирал подлабоко во почвата. Ќе се третираат околу 7.000 тони опасен отпад.

„Проектот ќе се имплементира со најновите технологии и според највисоките стандарди. Ќе има специјални единици за филтрација, со опрема за заштита за сите работници. Нема да има третирање на отпадот или загадената почва на самата локација туку ќе се пакува во специјални контејнери и ќе бидат извезени според Базелската конвенција“, рекоа претставниците на фирмата „Полиеко‘.

Во текот на целиот процес ќе се мери загадувањето не само на почвата туку и на воздухот за што, како што кажа Нуредини, набавени се спрецијални инструменти за да не се загрози животната средина и јавното здравје.

За чистењето на малата депонија, Министерството воспостави соработка со две агенции на Обединетите Нации, УНИДО и УНОПС. Проценетата вредност на комплетното чистење и уништување на линданот и неговите изомери од малата депонија во „Охис“ изнесува приближно 8 милиони евра. Процесот се одвива со финансиска помош на Кралството Норвешка.

https://sdk.mk/index.php/makedonija/pochna-chisteneto-na-lindanot-od-malata-deponija-vo-skopski-ohis-ke-se-nosi-vo-frantsija-i-holandija/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 14-Jul-2021 at 07:14
За една година ќе се исчисти малата депонија со линдан во ОХИС, другите ќе почекаат

За една година треба да биде исчистена малата депонија со линдан во ОХИС. Денеска и официјално започнаа активностите во кои ќе се дислоцираат околу 7.000 тони од опасната хемикалија и контаминирана земја, што повеќе децении стојат во дворот на некогашниот хемиски капацитет. Тие ќе бидат спакувани во специјализирани буриња и веднаш ќе се транспортираат на безбедно уништување во Франција и Холандија.

Избраната компанија „Полиеко“ од Грција до септември ќе треба да ги заврши подготвителните работи и да започне со ископувањето. Самата локација ќе биде покриена со шатор обезбеден со филтри, со што ќе се оневозможи било какво загадување на воздухот или почвата додека трае чистењето.

Министерот за животна средина Насер Нуредини информира дека во јули идната година малата депонија ќе биде чиста. Што се однесува до големата, што се наоѓа веднаш до неа и има околу 52.000 тони, дополнително ќе се бараат средства. Сепак, смета тој, тоа што ќе ја имаме експертизата и знаењето, по искуството со малата депонија, ќе го олесни процесот линданот целосно да замине од ОХИС.

„Со овој проект ја потврдивме нашата решеност да ги елиминираме жешките точки во земјава. Во изминатиот период беа безбедно отстранети и уништени огромни количини на екстремно опасни хемикалии што со децении беа складирани во кругот на ОХИС, а денес присуствуваме на почетокот на чистење и на линданот, како историски проблем на чие што решавање посветивме многу внимание и енергија“, изјави министерот Нуредини. Тој информира дека за целото времетраење на чистењето на малата депонија лабараторијата на Институтот за хемија на ПМФ континуирано ќе го следи квалитетот на воздухот и почвата во околината и ќе ја информира јавноста.

Од грчката компанија „Полиеко“ велат дека проектот ќе биде реализиран со најновите достапни технологии и во согласност со светските стандарди за третман на ваков вид отпад. Шаторот со кој што ќе се загради локацијата, во моментов се подготвува во Италија и ќе биде монтиран до септември. Тој ќе биде обезбеден со посебни единици за филтрација, а работниците ќе имаат и посебна респираторна заштита.

„Сите активности ќе се одвиваат во затворен простор за да се заштити околината и жителите на околните населби. Линданот и контаминираната почва нема да бидат на никој начин третирани тука, туку само спакувани и транспортирани. Очекуваме откако ќе се тргне првиот слој од нафрлена земја да ископаме уште 1,7 метри во длабина, каде што е закопан линданот во бетонски базен. По чистењето ќе се извади и бетонот и ќе се направи дополнително истражување дали хемикалијата пенетрирала и подлабоко во почвата. Тогаш ископувањето ќе продолжи сè додека има потреба“, велат од „Полиеко“ и нагласуваат дека сè додека траат работите на терен тие ќе имаат континуирано следење на состојбата со животната средина.

За чистењето на малата депонија Министерството воспостави соработка со две агенции на Обединетите Нации, УНИДО и УНОПС. Првично, за реализација на проектот Канцеларијата за РOPs во соработка со УНИДО обезбеди 3,1 милиони долари од ГЕФ. Дополнителните средства, потребни за завршување на чистењето на малата депонија, се обезбедени од повеќе-партнерскиот Фонд за животна средина, а се имплементираат од страна на УНОПС. Партнер во проектот е и Норвешка, која во изминатите три години обезбеди 1,5 милиони евра како поддршка на чистењето на депонијата во ОХИС. Се проценува дека целиот проект ќе чини околу 8 милиони евра.

Решавањето на проблемот со линданот во ОХИС, како една од најголемите закани за животната средина во главниот град е тема која „Мета.мк“ ја обработува повеќе години наназад. Како што веќе пишувавме, во ОХИС, покрај малата и големата, има и уште една, трета депонија, а благодарение на истражувањата на „Мета“, четврта депонија беше откриена и надвор од границите на фабриката во месноста Пеленица, близу Драчево.

Во овие депонии, можеме само да претпоставуваме колкави количини на линдан лежат. Експерти и тогаш, а и сега предупредуваат дека опасноста од токсичната хемикалија ќе го демне градот сè додека не се исчисти и последната количина на линдан од почвата и подземните води. Активностите за чистење на малата депонија започнаа во 2019 година, кога беше објавен тендерот за избор на компанијата. Иако беше најавено дека чистењето ќе започне во 2020 година, а ќе заврши до крајот на оваа година, пандемијата на ковид-19 го забавија процесот и ги изместија роковите.

Мета.мк“ на почетокот од 2019 година објави и видео сторија за закопаните над 50.000 тони канцероген отров, кој повеќе од половина век го уништува здравјето на скопјани и ја загадува почвата, водата и воздухот

https://meta.mk/za-edna-godina-kje-se-ischisti-malata-deponija-so-lindan-vo-ohis-drugite-kje-pochekaat/

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 24-Aug-2021 at 17:06
Чистењето на малата депонија со линдан во ОХИС се одложи за еден месец

Се одложува стартот на чистењето на малата депонија со линдан во ОХИС. Монтирањето на заштитниот шатор, под кој ќе се извршува ископот на земјата и линданот, ќе се монтира до крајот на идниот месец, иако беше највено дека работите ќе започнат на почетокот на септември. Според првичниот план, деловите од шаторот требаше да стигнат во земјава од Италија до средината на август, а експерти на производителот требаше да ги монтираат на лице место над малата депонија до крајот на месецов. За почетокот на септември беше најавен и старт на ископот на првите количини земја.

Од Министерството за животна средина информираат дека производителот на шаторот од Италија пред десетина дена ги информирал дека испораката и монтажата ќе се одложат за не повеќе од еден месец. Тоа, велат им оди во прилог, бидејќи е подобро работите да се изведуваат на пониски температури.

„Роковите кои беа првично најавени се малку поместени првенствено заради високите температури во Скопје во овој период од годината. Еден месец не менува многу во динамиката, но температурите секако повеќе ќе одговараат на крајот на септември, да не се создава страв кај населението дека заради топлината може да има испарувања. Исто така и производителот на шаторот ни испрати нов рок за испорака и монтирање, кој сега е крајот на септември. Очекуваме дека се ќе помине во ред со транспортот и дека ќе се испочитува рокот. Во постојана комуникација сме со производителот и на сите ни е од интерес работата да биде навремено завршена и да започне ископот од малата депонија“, вели Сузана Андонова, координатор на проектот од Министерството за животна средина.

Малата депонија на линдан во ОХИС има околу 7.000 тони од опасната хемикалија и контаминирана земја, што повеќе децении стојат во дворот на некогашниот хемиски капацитет. Тие треба да бидат спакувани во специјализирани буриња и веднаш ќе се транспортираат на безбедно уништување во Франција и Холандија. Ископот ќе се врши под специјализираниот шатор кој ќе има посебни единици за филтрација, а работниците ќе имаат и посебна респираторна заштита. Сите активности ќе се одвиваат во затворен простор за да се третирани тука, туку само спакувани и транспортирани.

Летово, министерот за животна средина Насер Нуредини најави дека во јули идната година, малата депонија ќе биде чиста. Што се однесува до големата, што се наоѓа веднаш до неа и има околу 52.000 тони, дополнително ќе се бараат средства. ОХИС има и уште две депонии кои засега не се испитани и количините кои се складирани тука само се претпоставуваат. Едната се наоѓа во дворот на фабриката, а другата во месноста Пеленица, близу Драчево. Експерти и тогаш, а и сега предупредуваа дека опасноста од токсичната хемикалија ќе го демне градот се додека не се исчисти и последната количина на линдан од почвата и подземните води. Линданот е халогенирано органско соединение. Производството и земјоделската употреба на овој инсектицид било забрането според Стокхолмската конвенција за перзистентни органски полутанти бидејќи негативно влијае на нервниот систем, црниот дроб и бубрезите и може да биде канцероген.

https://meta.mk/chistenjeto-na-malata-deponija-so-lindan-vo-ohis-se-odlozhi-za-eden-mesec/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 04-Oct-2021 at 17:14
Во ОХИС се копаат темели за шаторот под кој ќе се чисти линданот од малата депонија

Чистењето на малата депонија со линдан во кругот на фабриката ОХИС ќе започне штом стигне заштитниот шатор од Италија, најави денеска министерот за животна средина Насер Нуредини, на заедничка прес конференција со премиерот Зоран Заев. Нуредини информира дека во рамките на проектот за расчистување на првата од четирите депонии на линдан во Скопје, веќе се почнати подготвителните работи на терен.

„Во однос на проектот за линданот во малата депонија добив информација од компанијата што го доби тендерот кои се причините за доцнењето на работите. Во моментов се работи и се чека да стигне шаторот од Италија и што побрзо да се постави. Мораме да бидеме внимателни и да се грижиме за здравјето на нашите граѓани, заради што и работиме на тоа што побрзо да го експортираме линданот“, рече Нуредини.

Во моментов, како што информираат од Министерството за животна средина, околу депонијата се вршат градежни работи за подготовка на темелите на металната конструкција заштитниот шатор, кој ќе има околу 3.000 квадратни метри. Во меѓувреме се земаат и примероци од почвата и се анализираат за присуство на линдан. Минатата недела била извршена и контрола од компанијата за супервизија од Холандија.

„Сукцесивно се носи опремата која е потребна за да се намести шаторот. Дојдена е дел од конструкцијата, поточно деловите за основата за која се прави подготовката во моментов. Донесени се и над 1.000 буриња за транспорт на линданот, заштитна опрема, компресори за негативен притисок, опрема за анализи и слично“, велат од министерството.

Посочуваат дека застој во работата нема и дека работите на терен постојано течат, а поставувањето на конструкцијата на шаторот подоцна од првичниот рок што беше најавен не е доцнење, туку потемелна и побезбедна подготовка на теренот. Повеќе ќе одговара и започнување на ископот во услови на пониски температури.

Чистењето на малата депонија со линдан во ОХИС е најавено дека ќе трае околу една година. Во неа има околу 7.000 тони од опасната хемикалија и контаминирана земја, што повеќе децении стојат во дворот на некогашниот хемиски капацитет. Тие ќе бидат спакувани во специјализирани буриња и веднаш ќе се транспортираат на безбедно уништување во Франција и Холандија.

Заради поголема безбедност од испарувања и разнесување на прашина целиот ископ ќе се работи под специјализираниот шатор кој ќе има посебни единици за филтрација, а работниците ќе имаат и посебна респираторна заштита.

Веднаш до малата, во кругот на ОХИС се наоѓа и поголемата депонија со линдан, за која се претпоставува дека има околу 52.000 тони канцероген линдан. За нејзиното чистење дополнително ќе се бараат средства. ОХИС има и уште две депонии кои засега не се испитани и количините кои се складирани тука само се претпоставуваат. Едната се наоѓа во дворот на фабриката, а другата во месноста Пеленица, близу Драчево.

https://meta.mk/vo-ohis-se-kopaat-temeli-za-shatorot-pod-koj-kje-se-chisti-lindanot-od-malata-deponija/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 09-Nov-2021 at 10:12
ВИДЕО РЕПОРТАЖА: Шествалентниот хром од Југохром и натаму го демне Рашче



Во педесеттите години на минатиот век во кругот на „Југохром“ имало погон за производство на натриум бихромат, баран производ на некогашниот југословенски пазар, но не се знаеле еколошките опасности што со себе ги носи ова производство, раскажува Борче Антовски, кој ја одржува пречистителната станица.

Сликата што ја затекнавме беше едвај нешто поинаква во однос на минатиот октомври – земјиштето под патот и натаму е загадено со отровна кал, а помал поток на загадена вода и натаму го наоѓа својот пат до Вардар. Сепак, во забележливо помало количество во однос на лани. Поточињата што поминуваат низ депонијата го испираат јаловиштето, а со него истекува и шествалентниот хром.

Поголем дел се зафаќа и третира во пречистителната станица во кругот на фабриката, но еден дел сепак продолжува да се излева.

Отровот се зафаќа и се третира, но не целосно
Веќе пет години не работат фабричките печки на „Југохром“. Фабриката што се наоѓа во срцето на рамничарското село Јегуновце носи траги од запуштеност и неактивност – искршени прозорци на потемнетите фабрички згради, израснати со трева празни паркинзи и речиси празен фабрички круг. Само неколку десетици вработени се грижат за неопходното одржување на фабриката, а другите одамна се заминати во потрага по егзистенција.

Во кругот на „Југохром“ е сместена пречистителната станица, која врши третман на загадени води со шестовалентен хром. Почнала да работи во 1991 година, најпрвин зафаќајќи ги отпадните води од кругот на фабриката, а од 2004 година почнала да ги прифаќа и третира загадените води од индустриската депонија.

Шествалентниот хром во неколку научни студии е наведен како една од најголемите еколошки закани за водоснабдувањето на Скопје, бидејќи индустриската депонија на „Југохром“ е во првата заштитна зона на изворот Рашче, а од планината Жеден, во чиишто пазуви се наоѓа подземниот резервоар со вода од кој се храни Рашче, ја делат само водите на Вардар.

– Овие две години работиме со намален капацитет од причини што не работи таложникот, кој треба да ја прими пречистената вода. Дојде до протекување и додека не се санира техничкиот проблем, капацитетот на преработката на отпадните води ќе биде намален. Министерството за животна средина има објавено тендер за санација и реконструкција на таложникот. „Југохром“ нема средства самата да се грижи за одржувањето и функционирањето на пречистителната станица, па работите ги презеде државата – вели Светлана Бошкоска, раководителка на пречистителната станица.

Откако медиумите објавија за проблемот кој со децении се провлекува низ лавиринтите на надлежните институции, но никако не се решава, од Министерството за животна средина изјавија дека преземаат мерки за итна санација на проблемот. Но, на терен се гледа дека и покрај напорите што ги вложуваат вработените на затворената фабрика да го одржат заштитниот систем на отпадните води во живот, неговото функционирање е само делумно и недоволно за да го запре опасното загадување со шествалентниот хром, кој и натаму ги загадува подземните, но и површинските води. Единствено решение е дислокација на депонијата.

Раководителката на пречистителната станица ни ги покажува новите резервоари за неопходните хемикалии, со кои се неутрализираат отровите од депонијата. Шествалентниот хром по третманот во пречистителната станица станува тривалентен хром и ова соединение повеќе не е опасно за животната средина. Водите по третманот ги задоволуваат максимално дозволените концентрации за води од втора категорија и како такви се испуштаат во реципиентот, реката Бистрица, притока на Вардар, која исто така е од втора категорија.

Од каде шествалентен хром во депонијата
Во педесеттите години на минатиот век во кругот на денешен „Југохром“ имало погон за производство на натриум бихромат, баран производ на некогашниот југословенски пазар и пошироко, но не се знаеле еколошките опасности што со себе ги носи ова производство, раскажува Борче Антовски, кој ја одржува пречистителната станица.

Со престанокот на работата на погонот, јаловината од ова производство, заедно со протекувањето на хемикалиите од некогашната фабрика за натриум бихромат, станале еколошки проблем, кој до денешен ден не е решен. Во почвите на просторот на сегашниот индустриски комплекс Југохром има висока концентрација на канцероген шествалентен хром. До 2016 година, додека работеше Југохром, работната единица во чијшто склоп е и пречистителната станица, го контролирала квалитетот на подземните води, но по затворањето на фабриката, повеќе нема пари да врши контрола.

https://www.slobodenpecat.mk/video-reportazha-shestvalentniot-hrom-od-jugohrom-i-natamu-go-demne-rashche/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 06-Dec-2021 at 18:09
Поради бел прав во почвата доцни чистењето на линданот во ОХИС

Бел прав во почвата е причината за доцнење на чистењето на малата депонија на линдан во ОХИС. Грчката компанија „Полиеко“ веќе ги започна подготвителните работи за поставување на шаторот над малата депонија, под кој треба да започне ископувањето на канцерогениот пестицид. Шаторот е со големина од 3.000 квадратни метри, а во моментов се копаат темелите за поставување на метална конструкција околу депонијата на која ќе треба да биде монтиран. Специјализираниот шатор ќе биде опремен и со посебни единици за филтрација, а работниците ќе мора да носат и посебна респираторна заштита.

Испитувањето на почвата околу депонијата, во која било откриено присуство на прашкаста бела материја, е причината што градежните зафати на терен го одложија првично зацртаниот термин за поставување на шаторот. Примероци од почвата биле испратени на анализа во Институтот за хемија на Природно математичкиот Факултет со цел да се утврди хемискиот состав, а дополнително и во чешката лабораторија ALS.

„После двојната проверка и официјална верификација на резултатите беше утврден протокол на сепарирање на почвата на различни категории, според тоа дали има присуство на белиот прашок и присуство на контаминација во некои од точките на земање на мострите. Ископот на темелите е веќе започнат, а согласно овој протокол и сите безбедносни правила, се врши складирање и препакување на ископаната почва. Поставувањето на шаторот ќе се случи откако ќе се завршат темелите и поставувањето на металната конструкција“, велат во Министерството.

Изведувачот „Полиеко“ е обврзан да доставува редовни дневни и неделни извештаи за сработеното до Министерството за животна средина, поткрепени со фото документација. Од компанијата велат дека и покрај пролонгирањето на подготвителните работи, по монтирањето на шаторот, ископот на контаминираната земја и закопаниот пестицид на депонијата ќе се одвиваат многу побрзо.

Бидејќи се работи за екстремно специфичен и контаминиран материјал, претпазливоста и безбедноста мора да биде на највисоко можно ниво, па од тие причини сите подготвителни работи се изведуваат со исклучително внимание, можеби на штета на времето, но секако во корист на безбедноста“, велат од Министерството.

Чистењето на малата депонија со линдан во ОХИС е најавено дека ќе трае околу една година. Во неа има околу 7.000 тони од опасната хемикалија и контаминирана земја, што пет децении стојат во дворот на некогашниот хемиски гигант. Тие ќе бидат спакувани во специјализирани буриња и веднаш ќе се транспортираат на безбедно уништување во Франција и во Холандија.

Веднаш до малата, во кругот на ОХИС се наоѓа и поголемата депонија со линдан, за која се претпоставува дека има околу 52.000 тони канцероген линдан. За нејзиното чистење дополнително ќе се бараат средства. ОХИС има и уште две депонии кои засега не се испитани и количините кои се складирани тука само се претпоставуваат. Едната се наоѓа во дворот на фабриката, а другата во месноста Пеленица, близу Драчево.

https://meta.mk/poradi-bel-prav-vo-pochvata-docni-chistenjeto-na-lindanot-vo-ohis
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <123>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.