build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Мост Сарај

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 07-Dec-2009 at 01:28

Нов мост во Сарај ќе има, но не брзо

За следната година во градскиот буџет се предвидени пари само за идеен проект

Сања Наумовска


Железниот мост на Вардар уште најмалку една година ќе биде најважна сообраќајна врска на жителите на општина Сарај со останатиот дел од Скопје. Иако се наоѓа во исклучително лоша состојба и, според мислењето на стручните лица, е крајно небезбеден за минување, сепак, овој мост наскоро нема да добие замена. По пропаѓањето на двата обида мостот да го изгради општината Сарај со пари од Министерството за транспорт и врски, градските власти најавуваат дека сами ќе се зафатат со реализација на проектот.

По препорака на стручњаците, поради лошата состојба на објектот, Градот пред неколку години се откажа и од идејата за санација на мостот. Беше поправена само една дупка што се отвори откако дел од коловозот пропадна во Вардар. И покрај тоа, по него секојдневно сообраќаат илјадници возила, камиони и автобусите од јавниот градски превоз.

Во иднина, по изградбата на новата сообраќајна врска со општината, овој мост се планира да биде пешачка зона. За следната година, пак, во градскиот буџет се предвидени пари само за идеен проект, а реализацијата е неизвесна. Дополнително ќе треба да се одлучува за местоположбата на новиот мост и за сообраќајните врски со постојните улици. Додека не се направи идејниот проект не може да се знае и дали изградбата на новиот мост ќе ја попречуваат имотно-правни проблеми. Според првичните идеи, новиот мост би требало да биде на педесетина метри од сегашниот.

„Градот Скопје смета дека треба да се изгради нов сообраќаен мост во Сарај. Сепак, пред да се пристапи кон реализација на овој важен проект треба да се изработат идејни решенија што ќе покажат колку треба да чини изградбата и дали има имотно-правни проблеми, како и да се дефинира останатата инфраструктура за поврзување околу новиот мост“, информираат од Градот.

Заради побрза реализација, веројатно е дека Градот и Општина Сарај повторно ќе побараат помош од Владата, поточно од Министерството за транспорт и врски. Пред неколку години преку Министерството беа обезбедени десет милиони денари за почнување на проектот. Парите пропаднаа, а не се направи ниту идејно решение.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=9009952C34F4F34DBACAD11600B25E07

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 07-Dec-2009 at 01:43
Кловер ја дури сега ја анализирав твојата размисла за пошироката област и мислам дека имаш направено неколку грешки (вероватно скицата беше ах-хок). Го имаш изоставено од план оној регионален пат (изи народски кажано стариот пат за Јегуновце). Друга рабопта ѓто не ми е јасна е дали правецот Црногорска-Сарајго замислуваш како вторкласен у споредба со другуов, односно со раскрници две. Според тоа што кажа паркло, така ми изгледа, ама имаш дуплирано некои рампи па не ми беше докрај јасно. Инаку јас не би ја изоставувал Црногорска како примарна за влез/излез долгорочно, со тоа што би направил модификации во Влае за Црногорска да биде продолжение на Партизанска или па би ја споил партизанска со клучка на црногорска со тоа што Л.Геров би го ставил да биде продолжение на македонска војска и евентуално данема контакт со клучката или па некој алтернативна спојка нстарана, или па како во ГУП-от што е сега. Ај може ќе скицирам, ама главната идеја ми беше дека не иби менувал она што е во гуп-от околу делот за кај мостов.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 07-Dec-2009 at 04:09
Originally posted by lslcrew

Кловер ја дури сега ја анализирав твојата размисла за пошироката област и мислам дека имаш направено неколку грешки (вероватно скицата беше ах-хок). Го имаш изоставено од план оној регионален пат (изи народски кажано стариот пат за Јегуновце).
Не бе добро си е, нема грешки

Регионалниот пат накај Јегуновце (Р-403) е поврзан каде што е поврзан и сега (баш намерно сум оставил цртка, за да се примети каде). Во ГУП-от токму предложеното поврзување на овој пат прави проблем - на вкрстувањата кај дијамантот веднаш се надоврзува ново вкрстување. Навистина, тоа патчето што се приклучува од исток е некое минорно, ама сепак е проблем. А бидејќи Р-403 е второстепен во однос на другиве сообраќајници, мислам најдобро е тој да се држи настрана и да си остане споен каде што е сега, да не прави дополнителна гужва у решението.


Originally posted by lslcrew

Друга рабопта ѓто не ми е јасна е дали правецот Црногорска-Сарајго замислуваш како вторкласен у споредба со другуов, односно со раскрници две. Според тоа што кажа паркло, така ми изгледа, ама имаш дуплирано некои рампи па не ми беше докрај јасно.
Не си видел убаво, правецот Црногорска <-> Сарај е  без вкрстувања. Исто така и правецот Сарај <-> Ѓ.Петров, и најважно правецот Црногорска <-> Автопат. Го имам изоставено непотребниот правец Црногорска <-> Ѓ.Петров (за да се отстрани едно вкрстување долж Бул. Ѓорче Петров), па веројатно тоа те збунило во скицава... нема дуплирано рампи.


Originally posted by lslcrew

Инаку јас не би ја изоставувал Црногорска како примарна за влез/излез долгорочно
Ни јас, затоа и ја имам оставено како таква


Originally posted by lslcrew

со тоа што би направил модификации во Влае за Црногорска да биде продолжение на Партизанска или па би ја споил партизанска со клучка на црногорска со тоа што Л.Геров би го ставил да биде продолжение на македонска војска и евентуално данема контакт со клучката или па некој алтернативна спојка нстарана, или па како во ГУП-от што е сега.
Партизанска да се спои со Црногорска со клучка е убава идеја, ама тешко изводлива. Како и да погледнам испаѓаат 5 правци за спојување, или две вкрстувања во голема близина.
А алтернативното решение што го предлагаш, да се изолира оската Лука Геров - Македонска Војска од евентуалното поврзување на Партизанска и Црногорска, мислам е тотален промашај. Тоа прилично ќе им го загорчи животот на огромен број граѓани и плус ќе прелее гужва на други места. Али можда пропуштам нешто, скицирај ако имаш време.

Сепак мислам дека не мора да има толкав акцент на такво поврзување на Партизанска, бидејќи во крајна линија не е трагедија ако не биде апла проточно од Партизанска кон излез од Скопје, затоа што улогата треба да ја превземат Црногорска и Јужен Булевар.


Originally posted by lslcrew

ама главната идеја ми беше дека не иби менувал она што е во гуп-от околу делот за кај мостов.
И јас не би менувал. Спомнав дека е само идеја, доколку веќе ГУП-от се модифицира и на оваа локација, тоа да не биде само некаква импровизација ради мостот. Кога веќе имаат проблеми со трасата за мостот предвидена според важечкиот ГУП, таа да се измени на коректен начин, уз пат да се реши и она проблематичното вкрстување на Р-403 што го спомнав, а трасата на Бул. Ѓорче Петров би можела да не се ремети и да си остане поврзана како што е и сега. Ама во крајна линија, важечкиот ГУП ми е помил.
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 26-May-2010 at 22:15

И годинава нема нов мост во Сарај

Откако пропаднаа два обида на Општина Сарај да направи проект и да го изгради мостот, со работата сега се нафатија градските власти, кои за таа намена во буџетот предвиделе околу 490.000 евра

И годинава нема да биде изграден новиот мост кон Општина Сарај, иако тој одамна требаше да го замени постојниот, кој поради дотраеноста е прогласен за старо железо. Новиот мост на Вардар е предвидено да се гради на педесетина метри од стариот, кој после тоа ќе се употребува како пешачки.

Иако повеќе години се зборува за неопходноста од нов мост, на терен возилата и натаму возат по тесниот дотраен коловоз. Особена опасност за стабилноста на мостот претставуваат тешките камиони и автобуси, кои и понатаму возат по него, оти нема друга алтернатива.

Откако пропаднаа два обида на Општина Сарај да се изработи проект за новиот мост и да почне да го гради, за што имаше и пари од Министерството за транспорт и врски, Градот Скопје реши работите да ги преземе во свои раце. Градските власти информираат дека сега се работи на идејното решение, а за изградбата на мостот во буџетот за 2010 година се предвидени 30 милиони денари, односно околу 490.000 евра.

- Се' уште се работи на планско-урбанистичката документација што треба да ги дефинира сите аспекти за реализација на проектот. По изработката на идејните решенија ќе се распише тендер за изработка на изведбени решенија - велат од Одделението за односи со јавноста во Градот.

Оттаму образлагаат дека засега не можат да се изјаснат за тоа колку ќе чини изведбата, бидејќи ориентационата цена ќе се утврди врз основа на изработен проект. Тие потенцираат дека динамиката и начинот на изградбата на мостот ќе зависат од спроведувањето на набавките.

Од Општина Сарај изразија уверување дека со изградбата на мостот ќе се почне годинава.

- Длабоко сме убедени дека оваа година ќе почне изградбата, но дека ќе трае и во наредната. Имаме најави од Владата и лично од премиерот Никола Груевски дека ќе помогнат во реализацијата на овој проект - вели градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети.

Тој вели дека Општината за годинава нема издвоено средства од буџетот за изградба на мостот, но додаде дека, ако е потребно, тоа може да го направат со ребаланс.

- Досега немавме соодветен проект и не можевме да претпоставиме колку да издвоиме - образложи Беџети.

Од Министерството за транспорт и врски информираат дека во нивната Програма за годинава не е предвидена реализација на проект за изградба на мост во Сарај.

Општината Сарај во два наврата се обиде да го изгради мостот. Министерството за транспорт пред неколку години обезбеди 10 милиони денари (163.000 евра) за започнување на проектот, но идејно решение не беше направено, а парите пропаднаа.

Уште пред пет години експерти од Градежниот факултет препорачаа стариот мост итно да се санира оти може да се урне. Оттогаш мостот се' повеќе пропаѓа, а ниту еден градоначалник не успеа да го реши проблемот. Единствено во февруари годинава екипи „Улици и патишта“ ги санираа ударните дупки на коловозот и поставија две метални плочи што ги швајсуваа за конструкцијата на мостот.

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 06-Jul-2010 at 19:15
За камионите забрането, а автобусите во Вардар!



 
Забраната за движење на тешки моторни возила над 10 тони не важи за автобусите на ЈСП  
 
%20  
Со најновиот ребаланс на буџетот на градот, од предвидените 15 милиони денари за реконструкција на мостот во Сарај, останаа само 5 милиони. Овие средства, според градежните инженери, не се доволни ни да се удрат темелите на мостот. Мостот е во очајна состојба и е опасен за движење како на моторните возила, така и за пешаците. Патем, мостот е изграден за време на Втората светска војна или веднаш по неа. Се претпоставува дека го граделе заробени германски војници.

Сé уште е актуелна забраната за движење на тешките моторни возила над 10 тони. Иако неколку пати површински е саниран, мостот и понатаму останува ризична точка во тој дел од градот.

- Кога ќе помине автобус, па дури и помало камионче, целиот мост се тресе. Страшно е да се движите по него. Најдобро е овој мост да се сруши и да се изгради нов - вели Џемаил, жител на селото Сарај.
Надлежните од општината Сарај велат дека се свесни за ваквата состојба, но знаат дека ќе мора да се почека до следната година, кога од градската каса ќе им се обезбеди, неколку пати, најавуваната сума.

- Во моментов се поготвува техничката документација за мостот. Законскиот рок за сите овие работи и усвојувањето на локалниот урбанистичкиот план за овој дел од Сарај е до септември, по што ќе размислуваме за изградба на нов објект. А тоа ќе се случи идната година. Свесни сме дека сега градот нема пари, а и нема време се да помине низ процедурите на општинските, градските и државните институции и плус знаејќи дека зимно време не се гради, секако ќе ја почекаме 2011 година - ни изјави Бекир Мухамети, советник на градоначалникот на општината Сарај.

Тој појасни дека планот предвидува изградба на еден нов мост и реконструкција на стариот. Стариот ќе служи за влегување во Сарај, а новиот за излез, кон населбата Ѓорче Петров и градот. Во септември се очекува и реализација на тендерот за избор на изведувач, кој ќе го гради мостот. До Нова година можеби ќе се удрат и темелите на новиот мост, но и тоа не е сигурно, сé зависи од парите што ќе се обезбедат за оваа намена. Градот во овој проект најави дека ќе учествува со 26,32 проценти од вкупните средства, дел ќе даде Сарај, а најавени се и средства од Министерството за транспорт и врски, Агенцијата за магистрални и регионални патишта. Од градот ги потврдуваат информациите и додаваат дека дефинитивно мостот останува за идната година.


%20


- Процедурите за изградба на нов мост во Сарај се почнати и се во фаза на проектирање. Финансиските средства се намалени, бидејќи во текот на оваа година треба да биде комплетирана техничката документација за новиот мост, со што голем дел од трошоците за неговата изградбаќе бидат оставени за наредната година - информираат од секторот за односи со јавноста на градот.

Сите анализи на мостот, и оние од 1995/1996 и оние што ги направи стручниот тим на Градежниот факултет во 2006/2007 година, покажаа дека тој не ги исполнува безбедносните услови за по него да се движат тешки возила, со маса над 10 тони.





И автобусите тежат

Еден обичен единечен автобус на ЈСП „Скопје“ е долг 12 метри и без патници тежи од 11 до 11.300 тони. Со патници ќе тежи околу 18 тони. Зглобните или „дуплите“ автобуси се долги 18 метри, а само автобусот тежи 14 тони. Доколку се наполни со патници, тој ќе тежи 28 тони.
 
   
Автор: Жарко Василевски
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=75101558461&id=14&setIzdanie=22026

Edited by Cloverstack - 06-Jul-2010 at 19:15
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 02-Sep-2010 at 01:32

Се подготвува проект за мостот во Сарај

Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, се надева дека до крајот на годинава ќе биде поставен камен- темелник на новиот мост на влезот во Сарај, кој треба да го замени стариот и веќе дотраен железен мост.

„Фирма-проектант веќе е во фаза на проектирање на мостот на влезот во Сарај. Се надеваме дека проектот ќе биде готов во септември или евентуално во октомври. Веднаш потоа ќе распишеме тендер за изведувач и се надеваме дека ако се помине во најдобар ред до крајот на оваа година ќе ставиме и камен-темелник на новиот мост“, рече Трајановски.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=20FAAA5ACCB96141BAC582F442B08139
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 11-Sep-2010 at 10:44

Нов мост во Сарај сепак ќе се гради

Од Градот тврдат дека камен-темелникот ќе биде поставен до крајот на годинава, а мостот ќе биде бетонски со две коловозни ленти, широки по 3,5 метри и со велосипедско-пешачки патеки од двете страни

До крајот на годината ќе се постави камен-темелник на новиот мост на влезот во Сарај, најави скопскиот градоначалник Коце Трајановски. Мостот ќе биде изграден паралелно до постојниот Железен мост, кој со години не е реновиран, а по него сообраќаат и автобуси на јавниот градски превоз, како и тешки товарни возила иако не е препорачливо.

И покрај тоа што изградбата на нов мост требаше да биде врвен приоритет поради итноста на проблемот, почетокот на градежните работи со години беше неизвесен. Откако Општина Сарај не успеа да го изгради мостот, работата ја превзедоа градските власти, кои планираа да го градат в година. Сепак, последните информации од Градот се дека веќе е избрана фирмата проектант, „Прима инженеринг“, која треба да го израбпоти проектот за мостот.

Мостот ќе биде бетонски со две коловозни ленти, широки по 3,5 метри, а од двете страни ќе има пешачко-велосипедска патека, широка 2 метра.

Општинските власти во Сарај објаснуваат дека стариот мост ќе си остане и дека ќе се користи за влез, додека новиот за излез на возилата.

- Идејното решение е во фаза на завршување, а и локалниот урбанистички план за локацијата каде што треба да биде новиот мост помина. Со тоа се создадоа сите предуслови за почеток на проектирањето на мостот - нагласи Бекир Муамети, советник на градоначалникот на Општина Сарај.

Тој додаде дека новиот мост многу ќе наликува на оној во населбата Хром. Ниту Градот ниту Општината Сарај не прецизираат колку ќе чини изградбата.

Бекир вели дека и да нема доволно пари, и Градот и Општината Сарај ќе побараат помош од Агенцијата за државни патишта, која функционира во рамките на Министерството за транспорт и врски, бидејќи железниот мост и стариот пат за Тетово се дел од регионалниот пат 402, од каде што, како што рече, е планирано да издвојат пари за реализирање на овој проект.

Уште пред пет години експерти од Градежниот факултет предупредија дека стариот железен мост треба итно да се санира оти може да се урне.

Изградбата на нов мост, на само 50 метри оддалеченост од стариот, се најавува неколку години, но досега проблемот не го реши ниту еден градоначалник. Граѓаните секојдневно се изложуваат на опасност минувајќи по него, бидејќи алтернативниот приод до десетината населени места во Општина Сарај е предалеку. (А.П.)

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=CF146A0547F8E848A3BAF393CE245A2E
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 11-Sep-2010 at 13:51
Не дај боже, треба сериозно да се оштети мостов па да биде некој притисок за да се реновира. Само незнам што планираат тоа со едниот мост а влез, другиот за излез. Ако мостов е неподобен за јавен превоз и за тешки товарни возила, како ќе биде подобен во еден правец? Dunno Нека направат добар широк цврст нов мост и стариов нека остане чисто пешачки.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 06-Oct-2010 at 14:59
Пак нешто измешале новинариве...

ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАВА

Мостот во Сарај со две ленти

Штом ќе се решат проблемите со проектот за градба, ќе се удрат темелите за новиот проширен мост, најавуваат од Градот

Мостот во Сарај ќе почне да се проширува на крајот од годинава. Реконструкцијата на мостот, кој со години се додржува да не падне, конечно е испланирана како приоритет во Градот.
Според планираните активности, мостот, освен што ќе се асфалтира и ќе се зацврсти, ќе се прошири со две ленти.
Пари за реконструкцијата треба да даде Владата, и тоа околу 30 милиони денари, додека остатокот ќе го даде Градот.
"Имаме мали проблеми со проектот за градба, но нив треба да ги решиме во текот на неделава. Планираме во ноември да објавиме тендер за избор на изведувач, па веднаш по тоа ќе удриме и камен-темелник за новиот мост", вели градоначалникот на Скопје Коце Трајановски.
Мостот кај Сарај со години е крш и е сериозен проблем за тамошните жители. Иако е единствен пат до сите села во Сарај, како и до излетничкото место Матка, постојано е изрешетан со огромни дупки низ кои се гледа реката Вардар. За да не пропаднат, жителите секојдневно ги затрупуваат дупките со камења.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=B6AB4A0E277AE643820A3A06A2C7D84D
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 03-Feb-2011 at 14:16
ПОРАДИ ОЧАЈНАТА СОСТОБА НА СТАРИОТ ПРЕМИН

Нов мост во Сарај пролетва

Според проектот се превидува мостот да се гради од армиранобетонска конс­трук­ци­ја, да биде со две коловозни ленти, односно по една за двете насоки, и со пе­шач­ки патеки од двете страни

Гра­дот, конечно, пролетва ќе почне да гради нов мост во Сарај. Деновиве е завршен про­ек­тот за изгледот на мостот, по што ќе биде распишан тендер за избор на фир­ма која ќе ги изведува градежните работи. Според проектот, се превидува мостот да се гради од армиранобетонска конструкција, да биде со две коловозни ленти. од­нос­но по една за двете насоки и со пешачки патеки од двете страни.
"Оче­ку­ва­ме пролетва да почнеме со градбата на мостот во Сарај. Бидејќи стариот е во очајна состојба, решивме да градиме нов. Стариот нема да се урива туку, по из­град­ба на новиот премин, стариот ќе се користи како пешачки", велат од Град Скоп­је.
Кол­ку точно ќе чини новиот мост, од Градот не кажуваат, велат дека тоа ќе го зна­е­ле откако ќе заврши тендерот за изведувач.
Мос­тот во Сарај е небезбеден веќе шест години. Тогаш експерти од Градежниот фа­кул­тет препорачаа дека итно мора да се санира оти може да се урне. Полн со ог­ром­ни дупки низ кои се гледа реката, па граѓаните секојдневно ги затрупуваат со ка­ме­ња, за да не пропаѓаат возилата. (А.А.)

http://vest.com.mk/?ItemID=87E078176F1B4848918259AD8E76C132
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 28-Feb-2011 at 14:35

Градот избира фирма за нов мост во Сарај

По две години, административни проблеми и одлагања на изградбата, градските власти конечно распишаа јавен оглас за изведувач на нов мост во Сарај, на реката Вардар. Тој ќе биде сообраќајница меѓу Сарај и Ѓорче Петров, додека стариот железен мост во иднина ќе биде затворен за возила и преку него ќе може да се движат само пешаци.

Од Градот за сега не откриваат колку ќе чини реализација на овој проект.

- По завршувањето на јавната набавка за изведувач, ќе се знае и точната цена на чинење - одговорија од Одделението за односи со јавноста.

Потребата од изградба на нов мост е актуелна околу шест години, откако експерти од Градежниот факултет предупредија за неговата небезбедност. Препорачаа итни мерки за негова реконструкција, затворање за тешки товарни возила и за автобусите на ЈСП или во краен случај изградба на нов мост, но апелите со години не ги засегаа надлежните локални власти.

Оправдувањата беа разновидни: дека мостот е предвиден во урбанистичкиот план, но дека Општина Сарај нема средства. Потоа се вклучи Градот во намерата за изградба, но излезе проблем околу ревизијата на проектот.

Сепак, при кроење на буџетот, проекцијата за приближната цена на чинење на овој мост, ја кажаа стручните служби, беше околу милион евра. Сега за сега, рече портпаролот Неделчо Крстевски, парите целосно ќе ги обезбеди Градот. Но, не исклучи во меѓувреме да се вклучат и други институции.

Според изведбениот проект, мостот во Сарај ќе биде од армирано-бетонска конструкција со две коловозни ленти и пешачко-велосипедски патеки.

Мостот е на погодна локација, а според урбанистичкиот план, во негова близина се предвидува и изградба на средно училиште, универзитет, како и болница, информираа од Општина Сарај.

Должината на новиот мост ќе биде 50 метри, а ширината 12,5 метри. Новина ќе биде тоа што сообраќајот ќе биде регулиран со семафоризирана раскрсница.

Се предвидува изградбата на мостот да почне по изборот на изведувач. Се очекува да биде по три месеци. По завршување на градежните работи, како што велат од Градот, ќе биде ставен крај на секојдневните проблеми што ги имаат учесниците во сообраќајот, возачите и пешаците. Според договорот, предвидено е изведбата да трае една година. Проектот за новиот армирано-бетонски мост е на фирмата „Прима инженеринг“.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=90696EAD1EFDB44094E450939EA03098
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 01-Jun-2011 at 15:11
ПОКАНА

Градот Скопје Ве поканува на почетокот на градежните работи на новиот мост на реката Вардар во Сарај што е закажан за утре /02.06.2011 година, четврток/ во 14 часот кај постоечкиот железен мост во Сарај.

Почетокот на градежните работи на новиот мост во Сарај ќе го означи градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.


http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=4278&mid=482&tabId=1&tabindex=0
Back to Top
Djole88 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 611
  Quote Djole88 Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 01-Jun-2011 at 17:42
Wow Am I dreaming RockRockRock

Конечно нека се среди еден од најголемите проблеми во патната инфраструктура во Скопје

Туку има некој инфо за изгледот на мостот, фирмата изведувач, рокот?
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 01-Jun-2011 at 17:50
од информации за најбаналните работи врзани за проектов абер нема...
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4077
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 02-Jun-2011 at 16:44
ПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА НОВИОТ МОСТ НА РЕКАТА ВАРДАР ВО САРАЈ

Градот Скопје денеска /02.06.2011 година/ ја почна изградбата на новиот мост на реката Вардар што ќе ги поврзе населбите Ѓорче Петров и Сарај. Почетокот на градежните работи на новиот мост го означија градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, вицепремиерот Абдулаким Адеми, претседателот на Собранието на РМ, Трајко Велјановски, министерот за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска и градоначалниците на општините Сарај, Ѓорче Петров и Чаир, Блерим Беџети, Сокол Митровски и Изет Меџити.

-  Ми претставува особено задоволство што денеска го почнуваме новиот мост на реката Вардар во Сарај, мост што ќе претставува безбедна сообраќајна врска меѓу населбите Ѓорче Петров и Сарај и ќе овозможи поголем проток на возила. Потребата од изградба на новиот мост се јави поради дотраеност на стариот железен мост на оваа локација. Новиот мост во Сарај ќе биде армирано-бетонски, со вкупна должина од 50 метри, во три распони. Тој ќе биде паралелно поставен на постоечкиот железен мост на реката Вардар во Сарај, на растојание од 1,5 метри. На мостот ќе биде изграден коловоз со две сообраќајни ленти (по една во двете насоки) со ширина од по 3,5 метри, а ќе биде формирана и велосипедска патека со ширина од 2,5 метри. Од двете страни на коловозот ќе се изградат пешачки патеки со ширина од по еден метар. На терен ќе работат екипите на градежната компанија „Гранит АД“ – Скопје. Вредноста на овој капитален проект е околу 96,8 милиони денари, средства обезбедени од страна на Градот Скопје, општината Сарај и Владата на Република Македонија. Рокот на изградба на новиот мост на реката Вардар во Сарај е една година – рече градоначалникот Трајановски, на почетокот на градежните работи на новиот мост.

Градоначалниците на општините Сарај и Ѓорче Петров, Блерим Беџети и Сокол Митровски, ја нагласија добрата соработка со Градот Скопје и со Владата на Република Македонија за реализација на капиталните проекти што се од суштинско значење за развој на двете општини и на градот Скопје.

Заштитната ограда на новиот мост на реката Вардар во Сарај ќе се состои од челични столбчиња поврзани со профилиран лим.

Новиот мост ќе биде осветлен со челични канделабри.

http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=4280&mid=482&tabId=1&tabindex=0
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1304
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 03-Jun-2011 at 02:33
Многу ми се допаѓаше мостов, меѓу ретките со ваква структурна конструкција, како од амерички филм

Oд новиот нема ли рендери...?
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 03-Jun-2011 at 09:48
Originally posted by HugoGoulding

Многу ми се допаѓаше мостов, меѓу ретките со ваква структурна конструкција, како од амерички филм

Oд новиот нема ли рендери...?


Нема потреба од минато време, стариот мост ќе остане како пешачки Cheers
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 03-Jun-2011 at 10:26
Состојбата со Стариот мост во Сарај можете да ја забележите само ако поминете пешки или со велосипед, има огромни дупки, доволно големи за помало животинче да го фрлиш директно во Вардар.

Јас само се надевам дека мостов нема да се гради 5-6 години, како што е случај со мнозинството на вакви проекти кај нас.
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2599
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 05-Jun-2011 at 21:19
Originally posted by BOJAN

Состојбата со Стариот мост во Сарај можете да ја забележите само ако поминете пешки или со велосипед, има огромни дупки, доволно големи за помало животинче да го фрлиш директно во Вардар.

Јас само се надевам дека мостов нема да се гради 5-6 години, како што е случај со мнозинството на вакви проекти кај нас.

А ти што фрли? Маче или куче?  мала шала. 

Мило ми е што конечно ќе се прави нов мост бидејќи често поминувам од тука, само да не остане како предизборна лопата работава. 



Edited by fichot - 05-Jun-2011 at 21:20
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 15-Aug-2011 at 22:18

НА КЕЈОТ НА ВАРДАР СЕ РАБОТИ ТУРБО


Тампонирани темелите на новиот мост во Сарај


Изградбата на новиот мост во Сарај тече со предвидената динамика, информираат градските власти. Во моментов се копаат и тампонираат темелите од двете страни на Вардар, каде шТО ќе се инсталираат и бетонираат држачите на мостот.
- Досега екипите беа ангажирани на дислокација на целокупната инфраструктурна мрежа на теренот каде што ќе се гради мостот, а изградена се нова канализациска, водоводна, гасоводна и електрична мрежа. Тоа беше дел од проектот кој бара и најмногу време. Сепак, работите се одвиваат по предвидената динамика и се надеваме дека изведувачот ќе заврши како и што вети за 12 месеци, информираше Неделчо Крстевски од Одделението за односи со јавност на Град Скопје.

Изградбата на новиот мост Беше повеќе од неопходна поради стариот и дотраен мост полн со дупки низ кои мораат да поминуваат жителите од Сарај и околните села, бидејќи тој им е единствената врска со градот. Новата сообраќајна врска преку Вардар почна да се гради во јуни годинава и ќе чини околу 96,8 милиони денари, средства обезбедени од страна на Градот Скопје, Општината Сарај и Владата на Република Македонија.

Според проектот новиот коловоз ќе има две сообраќајни ленти широки од по 3,5 метри, своја лента ќе добијат и велосипедистите кои ќе можат да возат по патека широка 2,5 метри, а пешаците ќе газат по тротоари широки еден метар. Заштитната ограда ќе се изработи од челични столпчиња поврзани со профилиран лим, а по целата должина ќе биде осветлен со челични канделабри. По изградбата на новиот мост Железниот ќе се користи како пешачки.

изворна вест
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.063 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.