build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Виртуелна Македонија
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Исцртување-мапирање на МКД во google/maps

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 8>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
gorco View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Google Maps: Regional Expert

Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
  Quote gorco Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 11-May-2011 at 14:21
Originally posted by my Macedonia

Zar nema nekoja moznost da stoi i na albanski barem vo tie mesta kade ima golem broj albanci.So toa kje se namalat zloupotrebta na mak jazik i stavenje albanski ili drugi verzi kako prv jazik...primer Skopje: <h1>Скопје</h1>(Skopje, Shkupi)

А за злоупотребата на Македонскиот јазик, не се секирајте, јас и уште 10-20 луѓе се грижиме за тоа.
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3681
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 11-May-2011 at 14:24
A za drugoto?
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4392
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 11-May-2011 at 14:28
Не знам дали знаете, ама сите градови се достапни на многу јазици. Пример напишете Солун и ќе ве одведе во Солун. Исто и Истанбул, и така (значи на македонски, а може и на руски, па чак и кинески). Значи напиши ти Shkup или Kërçova и ќе те однесе без проблем. А ако сакаш да ти излегуваат на албански, почекај да излезе Google Earth на албански. Инсталирај на хрватски, и ќе ти излегуваат на хрватски.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2286
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 11-May-2011 at 18:53
   Дали мапирањето важи и за wikimapia.org, со оглед дека таму гледам помалку грешки во оденос на Google Earth? Па така на wikimapia.org, кумановските населени места Долно и Горно Којнаре се напишани правилно, а не како Долно и Горно Коњаре (неправилно) на Google Earth. Исто така салата Панко Брашнаров не е таа што е обележана (градската сала), туку таа сала се наоѓа во Карпош,веднаш до училиштето Магдалена Антова (источно, зградата со црвен кров). Исто така на Google Earth се јавуваат два топонима Тромеѓа. Тој западниот не ја обележува Тромеѓа, туку ја обележува населбата Иго Тричковиќ, неофицијално позната како Пуковско. Официјалното име за населбата Бабин Дол е Јане Сандански. Ве молам, ако може некој од мапирачите да го исправи горенаведеното.
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
gorco View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Google Maps: Regional Expert

Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
  Quote gorco Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 11-May-2011 at 20:51
Originally posted by phenomenon

Google maps и Wikimapia.org се две различни работи, а многу работи се тотално погрешни посебно на Wikimapia.

Тие КОЈНАРИЊАТА, ја грешно сум ги пишал. Кажи како треба ќе дотераме.
Инаку на македонскава мапа се уште има погрешни имиња, до пред некое време покрај с. ГАРИ имаше GAIRE, покрај Миладиновци (Скопско) го пишуваше старото име Adzarlar.

Позз,
Back to Top
gorco View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Google Maps: Regional Expert

Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
  Quote gorco Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 26-May-2011 at 09:41
Дечки ај ќе Ве замолам сите за што е можно повеќе одговори.

Ми треба Вашето мислење за официјалната употреба на латинично писмо.
Дали за имиња на населениве места би требало да се користат карактери како CH, SH, ZH или Č, Š, Ž.

http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A2%D1%80%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B5%D1%80%D0%B0%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%BE%D1%82%D0%BE_%D0%BF%D0%B8%D1%81%D0%BC%D0%BE
http://en.wikipedia.org/wiki/Romanisation_of_Macedonian

Ќе Ве замолам за објективност.

Edited by gorco - 26-May-2011 at 09:48
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4392
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 26-May-2011 at 11:07
Јас имам друго прашање за тебе, зошто македонската латиница е на второ место, а англискиот на трето?

Така за многу работи низ google maps се прикажува македонското кирилично име, па оддолу македонското латинично, наместо англиското име. На пример:

Црква „Пресвета Богородица“, и наместо да пишува под тоа Church "Holy Mother of God", пишува Crkva "Presveta Bogorodica". Кога одам во map editor да видам дали воопшто го има англиското име, го има, ама на трето место. Инаку google не ги прифаќа неанглиските букви за англиските имиња (барем досега ми рекле да ги сменам во англиско писмо), на пример Štip би ти рекле да го промениш во Shtip. Не знам за Š, ама за Ç кога ги правев џамиите низ Битола имав проблем на англиски.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4392
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 26-May-2011 at 11:08
P.S. Државата во пасошите веќе не користи Č, Š, Ž, туку користи CH, SH, ZH, па така би требало и на мапите.
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2286
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 26-May-2011 at 13:48
Погледни ги населените места во: Србија,Чешка,Полска, Литванија.
Гледаш дека тие си го чуваат своето писмо. А ние, бидејќи сме најпаметни за Š ќе пишуваме SH, за Ž ќе пишуваме ZH итн, што според мене е идиотизам. Единствен јазик во Европа без дијакритички знаци се англискиот и холандскиот. Погледнете колку дијакритични знаци има чешкиот, францускиот, полскиот, виетнамскиот...
Во пасошите порано не беше проблем да се пишува правилната латинска транскрипција на македонската азбука, кога имаше машини за пишување, а има проблем сега со компјутерите и стотици фонтови. Еј, глупост, имаш ли граници? Имаш и грчко и грузиско и ерменско писмо и деванагари и хангул, кинеско, јапонско, арапско, хебрејско...
   А ако се раководиш според пасошите, таму ќе ја откриеш и генијалната реченична конструкција "Улица Булевар Кочо Рацин" и сл.
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
gorco View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Google Maps: Regional Expert

Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
  Quote gorco Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 26-May-2011 at 14:33
Баш заради тоа и пишав - нашава влада направи мешаница со ова, посебно откако почна да ги пишува местата и имињата со новиве латинични карактери.

Овој пат се работи буквално за стандардизација на топонимите (градови, села, реки, езера).

Еден помлад дечко прв пат го видов како внесува карактери со CH, SH, ZH. Иако можеби до некаде и не греши, англичанец на пример вака би го прочитал точниот назив на топонимот, но сепак јас колку што знам сите патокази, знаци за населени места, реки и езера се со дијакритичните симболи.

Јас ги внесував со Š, Č, Ž, притоа водејки се по следниот редослед.

1. Доколку има од тие карактерите Ч, Ш
пр. варијанти KICHEVO / КИЧЕВО / KIČEVO / KICEVO
*Kičevo - English / Preferred* - вака предложувам да се покаже Горно име, * ова е за Macedonian Latin name
*Кичево - Macedonian / Official* - вака предложувам да се прикаже името под горното во загради, т.е. кириличното.
*Kichevo - ENGLISH / Obscure * - без разлика дали е English/Macedonian
поентата да го има записот, бидејки би се срчувал на латиница.
*Kicevo - Macedonian / Obscure* - овие карактери ги вадам од Српско-Хрватската тастатура, бидејки ја сум генерација 1984, во основно не учеа ваква македонска латиница, верувам и сите пред тоа - незнам како е со денешниве генерации.

2. Доколку нема карактери како Ч, Ш
пр. варијанти BITOLA / БИТОЛА
*Bitola - ENGLISH / Preferred* - вака предложувам да се покаже Горно име
*Битола - Macedonian / Official* - вака предложувам да се прикаже името под
горното во загради.
Сметам дека доколку ги нема и тие карактерите Ч, Ш, дека не е потребно да се
наведува Macedonian Latin name, бидејки англиското е исто.

@phenomenon - остај што да ти расправам шо би рекле Кавадарчани
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 26-May-2011 at 14:55
Originally posted by phenomenon

   Погледни ги населените места во: Србија,Чешка,Полска, Литванија.
Гледаш дека тие си го чуваат своето писмо. А ние, бидејќи сме најпаметни за Š ќе пишуваме SH, за Ž ќе пишуваме ZH итн, што според мене е идиотизам. Единствен јазик во Европа без дијакритички знаци се англискиот и холандскиот. Погледнете колку дијакритични знаци има чешкиот, францускиот, полскиот, виетнамскиот...
Во пасошите порано не беше проблем да се пишува правилната латинска транскрипција на македонската азбука, кога имаше машини за пишување, а има проблем сега со компјутерите и стотици фонтови. Еј, глупост, имаш ли граници? Имаш и грчко и грузиско и ерменско писмо и деванагари и хангул, кинеско, јапонско, арапско, хебрејско...
   А ако се раководиш според пасошите, таму ќе ја откриеш и генијалната реченична конструкција "Улица Булевар Кочо Рацин" и сл.

Буквите во латиница што користат дијакритични знаци, не се македонски букви, туку српски/хрватски. Зошто да не користиме за Ч на пример со ченгеле надоле, а не нагоре? Зошто по српска, а не по турска транскрипција?

Значи македонскиот НЕМА латиница, па затоа се користи најблиската транскрипција на јазикот на којшто е битно да се знае - во случајов англискиот.
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2286
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 26-May-2011 at 15:01
    Лично, јас не гледам никаква причина да пишувам SH, ZH, GJ, KJ. По таа логика и регистрацијата за Штип треба да е SH.
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 26-May-2011 at 15:13
Originally posted by phenomenon

     Лично, јас не гледам никаква причина да пишувам SH, ZH, GJ, KJ. По таа логика и регистрацијата за Штип треба да е SH.

Не. Регистрацијата на Штип треба да е Ш.

Само што по некоја инерција од ЈУстандард, никогаш не се променила во МК.
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1967
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 26-May-2011 at 15:13
Originally posted by krale

Originally posted by phenomenon

   Погледни ги населените места во: Србија,Чешка,Полска, Литванија.
Гледаш дека тие си го чуваат своето писмо. А ние, бидејќи сме најпаметни за Š ќе пишуваме SH, за Ž ќе пишуваме ZH итн, што според мене е идиотизам. Единствен јазик во Европа без дијакритички знаци се англискиот и холандскиот. Погледнете колку дијакритични знаци има чешкиот, францускиот, полскиот, виетнамскиот...
Во пасошите порано не беше проблем да се пишува правилната латинска транскрипција на македонската азбука, кога имаше машини за пишување, а има проблем сега со компјутерите и стотици фонтови. Еј, глупост, имаш ли граници? Имаш и грчко и грузиско и ерменско писмо и деванагари и хангул, кинеско, јапонско, арапско, хебрејско...
   А ако се раководиш според пасошите, таму ќе ја откриеш и генијалната реченична конструкција "Улица Булевар Кочо Рацин" и сл.

Буквите во латиница што користат дијакритични знаци, не се македонски букви, туку српски/хрватски. Зошто да не користиме за Ч на пример со ченгеле надоле, а не нагоре? Зошто по српска, а не по турска транскрипција?

Значи македонскиот НЕМА латиница, па затоа се користи најблиската транскрипција на јазикот на којшто е битно да се знае - во случајов англискиот.

Јас колку што знам, македонскиот јазик ИМА официјална латинична транскрипција, и таа не е само копија на хрватската. Всушност, буквите ќ и ѓ ги има во латиничната транскрипција како карактери во широката латиница уникатни за македонскиот јазик.

Види што пишува за романизација на ѓ и ќ, соодветно:

ǵ http://en.wikipedia.org/wiki/%D0%83
http://en.wikipedia.org/wiki/Kje

Сметам дека треба да си ги користиме.
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4392
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 26-May-2011 at 15:17
Originally posted by phenomenon

   Погледни ги населените места во: Србија,Чешка,Полска, Литванија.
Гледаш дека тие си го чуваат своето писмо.

Извини, не сакам да бидам груб, те почитувам како член, меѓутоа кажа многу голема глупост. Најискрено, извини, веројатно не си лингвист, па не си запознат, меѓутоа тотална бесмислица кажа.

Ред со ред:

Како прво, Литванија, Чешка и Полска имаат официјално латинично писмо, па кај нив нема ни потреба од романизација. Може да има потреба од англизација за Google Earth, но на англиски топонимите за овие земји се прифатени како изворните имиња, и затоа сретнуваш „чудни букви“ во нивните имиња и на англиски.

Originally posted by phenomenon

А ние, бидејќи сме најпаметни за Š ќе пишуваме SH, за Ž ќе пишуваме ZH итн, што според мене е идиотизам. Единствен јазик во Европа без дијакритички знаци се англискиот и холандскиот.

Холандскиот има дијакритици, тука е ë. И англискиот имал графеми како æ до скоро, а некои уште ја користат во научни изданија.

Originally posted by phenomenon

Погледнете колку дијакритични знаци има чешкиот, францускиот, полскиот, виетнамскиот...

Тоа е така бидејќи имаат неверојатно комплицирани фонолошки табели. Знаеш колку звуци, колку начини на изговор на една буква има во тие јазици? Тоа не е случајот со македонскиот јазик.

Во пасошите порано не беше проблем да се пишува правилната латинска транскрипција на македонската азбука, кога имаше машини за пишување, а има проблем сега со компјутерите и стотици фонтови.

Не, тоа беше југословенска унифицирана политика.

Originally posted by phenomenon

Еј, глупост, имаш ли граници? Имаш и грчко и грузиско и ерменско писмо и деванагари и хангул, кинеско, јапонско, арапско, хебрејско...

И најважното од сите за нас, КИРИЛИЦАТА! Не знам каде си видел транскрипција на грчки, ерменски, грузиски, хангул, катакана и хирагана со дијакритици (освен за должината на самогласките во последните две). Како може да се идентификувате со латиницата, никогаш нема да сфатам!

Жити сè која е таа правилна транскрипција на македонскиот? Српско-хрватските букви Š и Ž? Дали бугарската, руската, украинската и белоруската романизација ја имаат било која од овие букви во официјалната транскрипција? Знаеш ли која е воопшто поентата на романизацијата? Да биде разбирливо за тие што не го знаат изворното писмо! Од каде, и од кога, и зошто употребата на Š и Ž е чување на македонското писмо?

Навистина многу се разочарувам секогаш кога ќе дискутираме за употребата на кирилицата. Немам видено држава кој толку не се грижи за своето писмо. Со сето ова речено и извадено од мојот систем, се надевам ќе продолжиме малку посмирено...
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4392
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 26-May-2011 at 15:19
Originally posted by alexgizh

Originally posted by krale

Буквите во латиница што користат дијакритични знаци, не се македонски букви, туку српски/хрватски. Зошто да не користиме за Ч на пример со ченгеле надоле, а не нагоре? Зошто по српска, а не по турска транскрипција?

Значи македонскиот НЕМА латиница, па затоа се користи најблиската транскрипција на јазикот на којшто е битно да се знае - во случајов англискиот.
Јас колку што знам, македонскиот јазик ИМА официјална латинична транскрипција, и таа не е само копија на хрватската. Всушност, буквите ќ и ѓ ги има во латиничната транскрипција како карактери во широката латиница уникатни за македонскиот јазик.Види што пишува за романизација на ѓ и ќ, соодветно:ǵ http://en.wikipedia.org/wiki/%D0%83http://en.wikipedia.org/wiki/KjeСметам дека треба да си ги користиме.

Сте пишале во меѓувреме. Не alexgizh, krale е во право. Македонскиот нема латинично писмо, ами има систем за романизација на неговото официјално писмо - кирилицата. И ǵ и ḱ не се користат повеќе. Се користат диграфите gj и kj, што е многу точно. Нема ние што да измислуваме топла вода и дијакритици. Тргнете од најкомплицираните писма на светот, деванагари, кана, канџи, арапското, и други, никој не си измислил свои букви за романизација.
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 26-May-2011 at 15:33

Јас не сум експерт за јазици, иако говорам и разбирам неколку, но ми смета неунифицираноста. Значи ако сме се одлучиле дека Ш=SH, Ж=ZH, Ќ=kj и слично, тоа треба да се озваничи во македонија, и од сега па натаму и на патокази, и на натписи на улици и на пасоши, таблици да стои така. Ми се чини дека имаме огромно шаренило кое само внесува конфузија како на пример ш=sh=š=s или џ=dž=dz=dzh. Друго што приметив а ме чуди доколку веќе романизацијата на македонската кирилица се базира на англискиот јазик, од каде па њ=nj или па ж=zh или џ=dzh??

Мислам дека на ова прашање треба самите наши стручњаци по македонисктика, академици, професори, научници да го дадат одговорот. Дури и линкот на википедија кој го посочи Горчо е крајно неконзистентен: http://en.wikipedia.org/wiki/Romanisation_of_Macedonian
 
Погледнете како пишуваме во пасошите Џ. За чудо dj. Ова којлку што јас знам во словенските јазици одговара на српско-hrvatsko đ или наше ѓ, никако на џ.
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 414
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 26-May-2011 at 15:53
Гитардемон е во право целосно. Но според мене постоечкава романизација не е најсјајна. Треба целосно да се оди на „англизација“, барем на топонимите. На пример: Strumitsa, Kichevo итн. Тие може да бидат дополнување на романизацијата само за патокази и слично. А во документи да се користат замени само за буквите што ги нема во латиница: њ - ny, ѕ - dz, џ - dzh и др.
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1967
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 26-May-2011 at 15:58
Се сложувам за тоа да се оди со стандардна латиница. Само неможам да се сложам Струмица да се романизира како Strumitsa. Дали Скопје, за да не биде читано Скопџе, треба да се романизира како Skopye?
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 26-May-2011 at 16:34
Originally posted by UrbanFreak

Погледнете како пишуваме во пасошите Џ. За чудо dj. Ова којлку што јас знам во словенските јазици одговара на српско-hrvatsko đ или наше ѓ, никако на џ.

Џ си е добро dj (иако има и варијанти dzh или dz).
Ѓ се транскриптува gj.

Проблемот е што кај нас во пасоши S го транскриптуваат dz.

Edited by krale - 26-May-2011 at 16:36
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 8>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down

This page was generated in 0.078 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.