build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Административни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Реконструкција на Собранието

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 32>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8957
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Реконструкција на Собранието
    Posted: 27-Oct-2007 at 18:34
Како и секогаш, елегантно решение BashBash
 
На зградата на македонското собрание ќе никнат три куполи
Трите куполи кои ќе никнат на парламентарниот дом предизвикаа раздор во собраниската комисија за доградба и адаптација на собранието. Од неа се повлекоа претседателот на асоцијацијата на архитекти, членот на управата за заштита на културно наследство и двајца членови од опозицијата. Протестираат зошто не се прифати нивниот став оти со куполите собранието ќе ја изгуби автентичноста.
 
Дури откако бил избран главниот проект ,собраниската комисија побарала да се вметнат и три куполи во проектот.
 
„Ние реагиравме на не еснафското однесување и не професионализам во проект програмата која требаше да се усвои. Таму беа предвидени елементи кои претходната програма не ги предвидуваше елементи заради кои ние во претходниот круг дисквалификувавме идејни решенија а во вториот круг тоа го претвораат во програма што е многу не професионално“ – вели Кокан Брчев, претседател на Асоцијацијата на архитекти.
 
„Тоа не им пречеше без кворум тие да си донесат решение по нивни вкус“ – вели Роза Топузовска Каревска.
 
Нарачателот во овој случај собранието има право да побара измена на идејното решение меѓутоа нелогично е да оди спротивно сите сугестии – коментираат експертите. Според првите процени оваа идеја ќе чини и многу повеќе од првичната - надградбата да се врши во внатрешноста на собранието. Наспроти тврдењата на архитектите и опозицијата претседателот на комисијата пратеникот Горан Петров вели дека уште во првата фаза се размислувало во насока да се постават куполи. Пет од шесте наградени идејни решение предвидувале куполи. Тогаш било спорно што тие не биле предвидени во деталниот урбанистички план. А сега од кога планот на општина центар бил изменет немало простор за негодување.
 
Извор: Канал 5
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11998
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 31-Oct-2007 at 00:03
Нема да коментирам работи кои не ми се баш познати (а кои намерно се кријат како и обично)

Ама од вкупното однесување на група самобендисани глупаци во целава работа ми се гади. Добивам впечаток дека целата поента на проектов е да насадат куполи врз собранието. Ни помалку ни повеќе туку баш 3! И тоа треба да се постигне по секоја цена. Како да опстанокот на планетава зависи од тоа.


Edited by Cloverstack - 31-Oct-2007 at 00:04
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8957
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 31-Oct-2007 at 18:14

Не сакам да мешам политика во се ова, но веројатно се работи за истиот оној менталитет што организираше Виенски балови за да би изгледал "поевропски".

Back to Top
shyes View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 259
  Quote shyes Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 04-Nov-2007 at 18:03
Што е тоа "куполи" ShiftyPoke нешто како антички диреци, или нешто како прозорци на покривот.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11998
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 04-Nov-2007 at 18:07
купола на изглед е полутопка
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11998
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 04-Nov-2007 at 18:08
што би рекле вие во австралијa - "dome"
Back to Top
shyes View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 259
  Quote shyes Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 04-Nov-2007 at 18:11
ааааааааа да, фала за објаснувањето 
Back to Top
gotsomekicks View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 305
  Quote gotsomekicks Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 05-Nov-2007 at 14:29
Originally posted by Cloverstack

што би рекле вие во австралијa - "dome"


LOLLOL


Edited by gotsomekicks - 05-Nov-2007 at 14:29
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8957
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 10-Dec-2007 at 00:15
има надеж. Нов објект спрема мене е најдоброто можно решение. Актуелнава влада и онака тргна со инвестиции во јавни објекти. Плус очигледно сака да биде запамтена во историјата. Нова зграда на парламентот би била одлична шанса на тоа.

Архитектите предлагаат изградба на нова зграда на Собранието

Стручната јавност потсетува на поранешната идеја за изградба на објект на левиот брег на Вардар

ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА

Наместо реконструкција на собраниската зграда со која објектот треба да добие три куполи, од Асоцијација на архитектите на Македонија препорачуваат да се размисли за изградба на сосема нов објект на нова локација. Стручната јавност има разбирање за просторните проблеми на пратениците, но повикува на зголемена претпазливост и потсетува на поранешната идеја за изградба на објект на Собранието на левиот брег на Вардар.

Комисијата, пак, која треба да ја истурка надградбата на парламентот докрај, е преполовена откако од нејзината работа се иззедоа претставниците на Управата за заштита на културното наследство, Асоцијацијата на архитектите на Македонија (ААМ), како и пратениците Роза Топузова-Каревска од ЛДП и Влатко Серафимов од СДСМ. Тие се убедени дека со доградбата и надградбата на собраниската зграда комплетно ќе се наруши сегашниот автентичен лик на парламентот.


Кокан Грчев, претседател на Асоцијацијата на архитектите

Претседателот на ААМ, архитект Кокан Грчев, кој ја напушти Комисијата за реконструкција на Собранието, смета дека треба да има нов конкурс на кој архитектите ќе дадат максимален придонес и ќе ги покажат своите дизајнерски и проектантски способности. „Најдобро е зградата да не се чепка, туку да се направи современа градба приспособена на технолошки услови на новото време, на сосема нова локација. Треба да создадеме објект кој ќе остане во историјата, а не да си играме со објектите од историјата“, вели Грчев.

Инженер Коле Јордановски, кој своевремено бил дел од тимот за обнова на Скопје, им порачува на младите креативци дека во главниот град некогаш поинаку се планирало. Јордановски не се сомнева дека проектантите на реконструкцијата на парламентот вложуваат голем труд, но вели дека архитектонските вредности на зградата ќе се променат.

„Мислам дека новозамислените елементи- куполи не ќе може да се скријат, па реконструкцијата ќе биде изнасилена и на крајот тоа, сепак, ќе биде крпено и лепено дело“, вели Јордановски во писмото во „Утрински весник“. Тој потсетува дека во ноември 1966 година, тогашното Собрание на Скопје го усвоило предложениот урбанистички план, на кој работеле домашни и странски експерти. „Според тој план, предвидено е да се изгради ново републичко собрание и тоа на левата страна на Вардар, на површините помеѓу МАНУ и Македонскиот народен театар. Наедно, беше замислено постојната зграда на Собранието да се отстапи на Собранието на Град Скопје. Планот го поддржа и предложи Меѓународниот одбор на консултанти за обнова и изградба на Скопје. Изработката на планот беше финансирана и се работеше под покровителство на Обединетите нации и на владата на СФРЈ. Директори на тој проект бевме Адолф Циборовски, од страната на ООН, и јас, од името на владата на СФРЈ“, пишува Јордановски.

Инаку, членовите кои ја напуштија Комисијата сметаат дека грубо е прекршен Законот за заштита на спомениците на културата и не е испочитувано претходно донесеното мислење од страна на Управата за заштита на културното наследство, со што целата процедура е надвор од сегашните законски рамки. Управата за заштита на културното наследство се согласи Собранието да се надградува со уште еден кат и рамен покрив, така што нема да се зафаќа надворешниот габарит на зградата, која е во форма на петтоаголник. Катот ќе биде вовлечен во внатрешноста на објектот, а неговата фасада и прозорците да го задржат сегашниот стил. Првичниот став на одговорните во оваа институција беше дека Собранието не може да се надградува, бидејќи Законот не дозволува градежни зафати брз објекти што се споменици на културата од прва категорија.



Извор: Утрински весник
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11998
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 10-Dec-2007 at 01:19
Наедно, беше замислено постојната зграда на Собранието да се отстапи на Собранието на Град Скопје.


И мене оваа комбинација ми е нај логична. Доколку има вишок простор во постоечкиов објект, би можеле да се сместат и други институции, со што би имало дополнителна заштеда.

Нова собраниска зграда би била замашна инвестиција. Мислам дека тоа е најголемиот проблем. Но подобро тоа, отколку сепак да фрлиме многу пари во масакрирање на постојниот собраниски објект и правење кичерај од него. Во тој случај и проблемот со градско собрание би останал нерешан и за него би требало комплетна инвестиција...

Интересна е локацијата што се предлага. Мене лично највеќе ми фаќа око локацијата точно спроти МАНУ, иако црквата можеби не дава комплетна просторна и естетска слобода... Најважно би било добро архитектонско решение, кое меѓудругото добро ќе се справи и со тие пречки.

Ме чуди што како можна локација не се споменува просторот помеѓу ГТЦ и Бул. Кочо Рацин (Ново Маало и големиот паркинг спроти Холидеј Ин). Мислам дека тој простор на времето исто бил предвидуван како административен кварт. Но јас лично преферирам тој простор да се зачува за одење во висина, како што од неодамна најави владава.

Од мене потполна подршка за изградба на нов парламент, симбол на новото Скопје и независна Македонија

Applause


Edited by Cloverstack - 10-Dec-2007 at 01:20
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8957
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 10-Dec-2007 at 01:43


и да не се реализира планот со висококатниците карши Холидеј ин, барем за време на мандатот на оваа влада рачунај дека тој простор нема да се чачка за ништо друго.

Што се однесува до локацијата кај МАНУ. Тука црквата на Трифун почнува да претставува очигледно проблем. Независно дали тука ќе се гради нов парламент или некои други објекти нејзината поставеност на локацијата е за никаде. Bash Најубаво ќе беше доколку можеше да се направи еден убав парламент во линија на кејот. Но поради црквата ова  е невозможно освен ако тој не биде долгнавест и ставен во теснец помеѓу кејот и црквата што значи дека не би имало простор за некое плато пред/позади него, сервисни улици итн.

Останува да се гради или во линија со улицата што води накај Турска чаршија (што не ми се свиѓа мислам дека парламентот дефинитивно треба да е отворен кон реката) или да се работи во онаа коцка која ја обележав која е од прилике 90x90m. За илустрација сегашниот парламент има дијаметар од прилике 100м доколку би опишале круг околу него што значи дека коцката повторно не е некој згоден простор освен ако не се оди во висина.


Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11998
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 10-Dec-2007 at 02:13


Таа беше втора локација што ми падна на памет. Некоја трета погодна и онака нема... Предноста на „твојата“ локација дефинитивно е отвореноста кон Вардар. А за простор мислам дека има сосема доволно... Нема зошто да не би се одело во висина. Потребен е простор колку за собраниска сала и една или евентуално две навистина репрезентативни страни што ќе му дадат „лице“ на објектот. Мана на оваа локација е што сообраќајните врски бии биле по оскудни, што можеби би се преточило во безбедносен проблем.

Црквата Св. Богородица беше јасно дека е промашај и просторно и естетски, уште пред да почне да се гради... Ама тоа е тоа, таа работа е завршена. Можеме само да плукаме по тие што дозволија да се гради. А на Трифун можеме единствено да му бидеме благодарни што беше донатор - тој својата работа си ја заврши и не треба него да му ја префрламе вината за тоа како се вклопува црквата. Сега дај боже да решат да градат нов парламент, па како што реков, добро архитектонско решение лесно би се справило со нејзе.

Размислував околу финансискиот и политичкиот аспект. Нов парламент би бил веројатно најголема инвестиција која ќе ги направи помали сите други најавени инвестиции во градов. Исто така, ако го покренат проектов ќе покренат и муабети од типот дека само за себе мислат додека народот гладува. Но ако можат да даваат толкави пари за проекти како:

- доизградба на општинската зграда во Дебар, чија општинска администрација јавно покажува дека не ја почитува македонската држава
- музеј на ВМРО и жртвите на комунизмот, проект кој што јавноста уште го нема ниту видено
- спомен куќа на Мајка Тереза, очигледно наместена работа само за да победи еден одвратен франкенштајн проект (се надевам дека барем ова ќе биде спречено поради општиот консензус на стручната и пошироката јавност во тоа колку се згрозени од избраниот „труд“ на квази архитектот Вангел Божиновски)

...тогаш нека покажат малку вистинска државничка и национална свест, па нека најдат начин, средства и воља да направат нешто со вакво значение. Не мора ни да се заврши брзо, битно да се реши и да се почне...Сега за сега најбитно ми е да ги напуштат глупостите што сакаат да ги насадат врз постојниот собраниски објект.

Исто така од финансиски аспект треба да се земат во предвид и средствата што би биле потребни за „доградба“ на постоечкото собрание и средствата потребни за изградба на градско собрание. Заштедата од овие два проекти не е воопшто мала и е уште еден адут за изградба на нова собраниска зграда.

Градење на собрание од левата страна на Вардар исто така би имало и големо симболично значење - и за градот и за државата.

Кога се ќе се собере, мислам дека ново собрание е очигледно најдоброто решение и тоа токму на една од двете локации што ги спомнавме.


Edited by Cloverstack - 26-Dec-2007 at 17:49
Back to Top
shyes View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 259
  Quote shyes Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 10-Dec-2007 at 14:12
Можеби не е лоша идеја ако се изгради ново собраније да биде слично како протест дизајнот на офицерскиот дом или мешавина вклучувајќи стара со модерена аркитектура.  Yes
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8957
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 10-Dec-2007 at 14:19
jas sum za skroz moderno resenie.... kako sto rece Cloverstack
simbol na novo Skopje
 
na um mi ide nesto vakvo. Ne vo smisla na arhitektonskiot izgled (iako ova sto go postiram mnogu mi se svigja) tuku povekje go postiram ova vo odnos na otvorenosta kon rekata. OK kaj nas nemoze da bide bas vaka bidejki tuka e kejot no moze da se dobie nesto slicno... Ako hipoteticki od ednata strana imame administrativen centar (znaci sobranie + nekoi drugi objekti) a od drugata deloven (visokokatnici) i tie gi spoime so nekoj moderen most preku Vardar toa bi bilo sovrseno...
 
Eve poglednete nesto od Berlin ova e novata gradska bibilioteka
 

 

 

 

 


Edited by pbanks - 10-Dec-2007 at 14:20
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11998
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 10-Dec-2007 at 14:24


Твојов предлог има еден недостаток... нема куполи Crazy

Ај да се кладиме дека и ако решат да градат нов објект, од петни жили ќе запнат да биде со куполи... Така ти е кога некои политичарчиња имаат архитектонска фикс идеја Roll%20eyes
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 10-Dec-2007 at 17:59


Зградата на градското собрание, Москва. Русите очигледно не патат од комплексот „стара архитектура“. Ни од куполи.

Треба безкомпромисно да се залагаме за модерни градби какви што му доликува на град со европски аспирации. Како и да е, едвај чекам да видам како вакви нешта никнуваат низ Скопје.



Smile

Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 10-Dec-2007 at 18:35
Инаку, втората слика застрашувачки многу потсеќа на проектот за Македонската филхармонија, т.е. обратно. Да не станува збор за некаков плагијат? Question

Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8957
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 10-Dec-2007 at 22:42


од прва, мислев дека си го постирал тој проект. Московскиот проект е исто супер.


Edited by pbanks - 10-Dec-2007 at 22:42
Back to Top
dejan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 673
  Quote dejan Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 11-Dec-2007 at 02:55
Originally posted by La Linea



Smile


ooohDrool od kade ti e ova?
Back to Top
gotsomekicks View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 305
  Quote gotsomekicks Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 11-Dec-2007 at 21:32
Стар Трек! Smile
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 32>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.